„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg
7 год.
DSC_0062

40 години постоење на Здружението на пензионери - Карпош

Здружението на пензионери - Карпош одбележа 40 години од своето постоење. Ова здружение во изминативе децении работи на подобрување на статусот на пензионерите и повозрасните граѓани на Карпош, нивна социјализација и меѓусебна комуникација, организирање на настани и други активности.На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и дел од членовите на Советот.„Дадената доверба значи обврска. Во изминатиов период покажавме дека ќе водиме еднаква грижа за сите пензионери. Тоа што го планираме за следната година е проектот за хумани патроли кој ќе овозможи помош и поддршка на пензионерите на кој им е најпотребно, здравствени прегледи или завршување на некоја секојдневна работа. Исто така, предвидуваме и отворање на повеќе пензионерски клубови“, рече Богоев.Во текот на вчерашниот ден, Одделението за спорт и култура при Општината ги организираше и деветитте по ред „Спортски лиги“ за повозрасните карпошани. Овој настан го поттикнува дружењето меѓу овие лица и овозможува да бидат активни.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Димовски: Македонија нема да стане европска земја со поддршка на антидржавните политики од страна на 80 очајници

Демократска и правна држава во која што се носат одлуки спротивно на уставот и јасно изразената волја на граѓаните на референдум, не постои, ниту пак постои демократска и правна држава во која што се одложува гласање се додека не се соберат гласови на пратеници кои се под закана на политички прогон, обивни денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.На прес-конференцијата, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски ијзави дека сега се гледа која била намерата да се нарачаат политички конструирани обвиненија и притвори за 27 април, да се нарачаат монтирани предмети против деца на пратеници или да се ангажира специјалното јавно обвинителство да гони поранешна министерка за култура која е актуелен пратеник.„Раководството на СДСМ порачуваше дека Крсто Мукоски бил убиец кој морало да си лежи. „Ајде на здравје“ беше честитката од раководството на СДСМ за синот на пратеничката Авировиќ, а истите се радуваа и ликуваа што Елизабета Канчевска Милеска останала без пасош бидејќи таа била зло за Македонија. Истото тоа раководство на СДСМ сега побара и доби поддршка за антидржавните политики токму од овие пратеници кои најжестоко ги напаѓаше. Ова не се европски вредности и демократијата кон која што тежнее Македонија и македонскиот народ“, изјави Димовски.Вчерашниот ден ќе остане запомнат како црн петок, вели Димовски и додава дека секој од нас живее со сопствените одлуки и за тоа сноси одговорност пред сопствениот народ.„Македонија нема да стане европска земја со поддршка на антидржавните и мафијашки политики од страна на 80 очајници,“ додава Димовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бачев: Каква е таа Европа во која платеници – терористи се пуштаат од притвор да гласаат?

„Синоќа во Собранието при гласањето за одлуката за пристапување кон измена на Уставот се случи едно од најподмолните предавства во поновата македонска историја. Единствена Македонија во соопштението до јавноста од 2 октомври, предупреди дека се во игра по 2 милиони евра по пратеник. За жал, поткупот синоќа се потврди. Македонски платеници и изроди како избрани пратеници не издржаа. И не за било што, туку за тргување со највисоките национални и државни интереси“, изјави Јанко Бачев од партијата „Единствена Македонија“ на денешната прес-конференција.На Зоран Заев устата му е полна со евроатлански интеграции, Европа на владеење на правото, Европа на почитување на правната држава. Каква е таа Европа во која се даваат по 2 милиони евра на пратеник за гласање за предавство спрема својата Татковина или одење во затвор ако не се гласа по нарачка на власта. Каква е таа Европа во која платеници - терористи се пуштаат од притвор да гласаат, нели власта на Заев се до вчера ги нарекуваше терористи тројцата пратеници кои синоќа не издржаа и гласаа против македонскиот народ и македонската држава. Каква е таа Европа во која Зоран Заев и врхушката на власт сакаат во НАТО и ЕУ само за да си го заштитат украденото од народот оти НАТО им го гарантира грабежот на народниот имот кој секојдневно го вршат Заев и неговото криминално друштво во власта. НАТО не го интересира грабежот, туку сака само послушни политичари кои му служат верно. Каква е таа Европа во која вчера слушнавме официјална информација од грчките валсти дека во грчкото министерствто за надворешни работи постоел таен фонд од 50 милиони евра за поткуп на политичари, новинари и медиуми во Македонија да го извршат предавството спрема сопствениот македонски народ“, вели Јанко Бачев.Според него, ненародната и пучистичката власт во Скопје, синоќа влезе во опaсна авантура да оди против волјата на својот народ искажана на референдумот на 30 септември. Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на 30 септември јасно порачаа дека не сакаат членство во НАТО и не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Ова што се случи синоќа во Собранието не е одлука на народот. Сега ни е потребно единство и сплотеност како Македонци. Борбата за Македонија и Македонците не е прашање на поединци или на една партија, туку на македонскиот народ.„Борбата не е завршена. Напротив, финалната борба штотуку започна откако синоќа е распослана тажната слика за Татковината од налетот на марионетската власт во Скопје и нивните странски газди подржани сега и од пратеници-платеници да избришат се што е македонско. Оваа борба ќе ја решиме со пораз на марионетската власт во Скопје, нејзините странски газди и домашните платеници и јаничари кои се полакомија за пари да го продаваат светото македонско име. Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ги расчисти целосно националните предавства, согласно законите што ќе произлеат од новиот македонски Устав“, изјави Бачев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдени 73 грама марихуана и 170 семки од канабис кај 37-годишен скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против С.Ф.(37), поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик на РМ.„На 18.10.2018 година е извршен претрес на неговиот дом и други простории кај пријавениот. При претресот пронајденa била поголема количина на непозната растителна и прашкаста материја, за кои по извршеното вештачење утврдено било дека се три стебла со корен и пет гранки од канабис, 73 грама марихуана, 170 семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана и хероин. По завршување на претресот лицето било приведено во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Четворица тинејџери нападнати со цврсти предмети во автобус на ЈСП

Вчера во периодот околу 20,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автобуската постојка пред с.Чучер Сандево, во автобус на ЈСП со бр.81 кој сообраќал на релација Скопје-Долно Блаце неколку лица со цврсти предмети влегле во автобусот и ги нападнале А.Ф. (18) и уште три лица од кои две на 15 годишна возраст и едно 16 годишно лице, сите од с.Долно Блаце.Екипа на Итна медицинска помош им укажала лекарска помош на местото на настанот, а А.Ф. и едно 15-годишно лице биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“.По настанот, повеќе жители од с.Долно Блаце изразиле револт на местото на настанот, но набргу се повлекле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тепачка помеѓу скопјани поради долгови

Синоќа во полиција било пријавено дека на улицата Малешевска дошло до тепачка помеѓу две лица.Полицијата соопшти дека се работи за скопјани на возраст од 24 и 32 години, кои се степале поради должничко доверителни односи.Сочинети се записници за констатиран прекршок.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Стружанец кршел во казино и се заканувал дека ќе активира бомба

Четириесет и петгодишен маж од струшко бил приведен пред казино на улицата Маршал Тито во Струга.Претходно, како што соопшти полицијата, тој влегол во казиното и со закани од благајникот побарал пари, по што почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата. Тој продолжил да се заканува и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале на местото на настанот. Потоа фрлал и со предмети при што го оштетил предното стакло од полициското возило. Во еден момент, приведениот ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека наводно ќе активира бомба. Тој набрзо бил совладан и лишен од слобода.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Маж изгоре во пожар во неговиот дом

Вчера околу 07,00 часот било пријавено дека во с.Узем-Крива Паланка, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Љ.С.(58).Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а при увидот било пронајдено опожареното тело на сопственикот.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG-e948457cf194a1492ffead17cee19b29-V

Македонија го презема претседателствувањето со ICMPD во декември

Македонија го презема претседателствувањето со ИЦМПД во декември, соопшти Министерството за внатрешни работи.„Во рамките на Vienna Migration Conference 2018 што се одржа во Виена претходните два дена, а во организација на ИЦМПД Mеѓународниот центар за развој на миграциски политики, државната секретарка на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска оствари билатерална средба со директорот на ИЦМПД, Михаел Шпенделегер и неговите соработници, во врска со престојното претседателствување на Македонија на организацијата следната година. На средбата присуствуваше и министерот за дијаспора на Република Македонија, Едмонд Адеми“, соопшти МВР.По повод претседателствувањето на средбата од страна на државната секретарка Магдалена Несторовска биле презентирани и аргументирани предлог- приоритетите на земава за престојното претседателствување, од аспект на развојот на имиграционите политики.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kosta-10.20

(ВИДЕО) Костадинов: Осумдесетте пратеници гласаа слободно и по сопствено убедување

„Собранието донесе историска одлука. Македонија избра светла иднина наместо изолација и темно минато. Патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО е отворен а најголема заслуга за тоа имаат граѓаните, но и 80 пратеници во Собранието кои слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО. Историјата долго ќе го памети изборот што пратениците го направија вчера. Донесена е одлука што ја одредува иднината на нашата земја, што ја одредува иднината на секој граѓанин и на генерациите што доаѓаат“, вели пратеникот Костадинов.Според него, Христијан Мицкоски, Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ вчера уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, поделби, криминал и сиромаштија. Но Македонија кажа доста на поделбите создавани од Груевски, неговиот пион Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните и огромното мнозинство во Собранието одбраа Македонија да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. Пратениците се охрабрија, се одважија и донесоа одлука за иднината на државата.  Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието за спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Сега Македонија е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите ние се боревме и сонувавме 27 години“, изјави тој.Тој додава дека сите ние сме дел од еден историски момент. Тој историски момент повикува на обединување. Тоа ни е потребно како никогаш досега. Македонија се помирува, Македонија се обединува натпартиски и надетнички, 80 пратеници ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на државата. Време е сите пратеници да го следат тој чекор и да се приклучат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
solza-770x444

Глас за Македонија: Уценетите глави кои не се спремни да го отслужат тоа што им следува, се обидоа да ја укинат Македонија

Криминогените и кукавички структури, заштитени од ‘големи’ патрони, кои вчера дадоа поддршка за почеток на менување на Уставот, немаат легитимитет да ја кршат волјата на над 1.000.000 граѓани кои не го прифаќаат договорот со Грција, се вели во соопштението на партијата Глас за Македонија на Солза Грчева.„Како резултат на распадот на моралот на едно корумпирано општество се случи срамното гласање во Собранието, замислете на точно 80 пратеници. Уценетите глави, кои не се спремни да го отслужат тоа што евентуално им следува, се обидоа да ја укинат Република Македонија. Тоа е играње со демократијата и со правната држава. Набрзо, ќе дојде до ревизија на целата серија прекршувањата на принципите на меѓународното право, Уставот и законите направени во овој насилнички процес. Наредната власт во Република Македонија која нема да е подјадена од корупција, ќе има морална обврска, но и сила, да ги поправа штетите направени од корумпираните “елити“. Патот е тежок, но мора да се изоди“ велат од Глас за Македонија.Тие порачуваат дека ќе се истражат и наводите за понудени пари, како и за влијанието врз некои медиуми од црни, грчки фондови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Приведен дилер на дрога од Тетово

Приведен е дилер на дрога од Тетово по претрес во неговиот дом, соопшти полицијата.Се работи за 47-годишно лице со иницијали Б.А. во чијшто дом и помошни простории биле пронајдени околу 200 грама наркотична дрога-хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.МВР информира дека пронајдените предмети се фотодокументирани, со потврда одземени и дадени за вештачење.Б.Е. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Завршува асфалтирањето на улиците Коле Неделковски и Стефан Јакимов Дедов

Со заменување на стариот и дотраен асфалт и поставување на нов, со вкупна површина од 685 м2, општина Центар ја завршува реконструкцијата на улиците Коле Неделковски и крак од Стефан Јакимов Дедов, во близина на основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“.„По повеќе од 10 години, на улиците поставен е нов долен строј и нова атмосферска канализација. Извршено е нивелирање на постоечките шахти и пристапите до влезовите на домовите на граѓаните се во целост обновени.Наредни во програмата за реконструкција на улици во општина Центар се улиците Димитар Пандилов, Ѓуро Ѓоновиќ, Ганчо Хаџипанзов и улицата Караорман“, се вели во соопштението од Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Демократски сојуз бара во подготовката на амандманите да се вклучат сите експерти и претставници на партиите

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.„Пратениците и сите граѓани се соочуваме  со сериозни предизвици и сурова реалност, но после драматичниот вчерашен ден, денес веруваме дека сите сме попаметни и помудри, затоа што Македонија ќе чекори напред, како држава на Македонскиот народ и сите грѓани, модерна, европска и држава во која ќе се создадат услови за младите да создаваат и творат во Македонија. Во подготовката на амандманите треба да  се вклучат сите експерти и преставници на партиите, се со цел, да се обезбеди и зацврсти македонскиот национален идентитет, јазикот и другите посебности“, се вели во соопштението.Тие додаваат дека е време и опозицијата да ги преиспита своите ставови и постапки и да се вклучи во процесите кои отвораат перспективи за Македонија и значат мир, стабилност и безбедност, како клучни предуслови за економски развој и достоинствен живот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
q4XlG-emilija-aleksandrova-pres-vrabotuvanja-637x400

Еве што пишуваше на фејс претходно Александрова која гласаше за уставните измени

Емилија Александрова е член на ВМРО-ДПМНЕ, родена во Берово. Има завршено Факултет за безбедност, на Универзитетит „Св.Климент и Наум Охридски“.Таа беше едната од осумте лица од опозицијата кои гласаа за уставните измени во собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ivo-vajgl-vtora

Вајгл: Пратениците кои гласаа „за“ ги зашититија интересите на граѓаните

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, го поздрави гласањето во македонското Собрание за уставните измени.„Несомнено патот на членовите на Собранието беше драматичен, но со одлуката пратениците ги заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија“, истакна Вајгл.Посебно признание, како што рече, оди за претставниците од опозицијата кои преземале одговорност и кои, покрај притисоците и заканите на нивната партија, ја поддржале европската иднина на својата земја.„Во следните недели и месеци ќе биде важно полиитчките лидери во Македонија одлучно да тргнат по патот на помирувањето, a интересите на партиите да и се подредат на заедничката цел, а тоа е членство во евроатлантските сојузи“, заклучи Вајгл.

Македонија | пред 7 години

7 год.
toni-mihajlovski

Михајловски: Уверуваа дека ништо нема да ги скрши, а прифатија непристојна понуда

Актерот Тони Михајловски, кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вчерашното гласање на пратениците на ДПМНЕ и коалицијата за уставни измени го оцени како предавство.„Тој “жиг” сами ќе си го носат на својата кожа. Сами одбраа да прифатат непристојна понуда, иако буквално до вчера уверуваа дека ништо не може да ги “скрши”. И не се скршија. Се распрснаа на иљада парчиња. Џелатот успеа да ги заведе и освои. Си ги повратија во грло сите зборови кажани против него, и голтнаа. Докажаа дека заслужуваат место во први редови до нивниот нов лидер, кој покажа дека има “чудотворни” моќи. Тој може од криминалци да направи херои, па можеби и повторно министри“, напиша Михајловски на фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policisko-kombe-640x853-e1540037714913

Полиција ги чува домовите на Канческа, Мукоски, Василески, Арнаудов...

Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, изјави премиерот Зоран Заев синоќа по прес-конференцијата во Собранието одговарајќи на новинарски прашања, а по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци.За оние пратеници кои се обвинети во судските процеси, Заев рече дека судските инстанци ќе продолжат со процесите и дека нема намера да се меша во работата на судот.-За мене сите пратеници се невини додека не се докаже спротивното, рече Заев кој, меѓу другото објасни дека „кога зборувал за помирување, мислел тој процес да се постигне преку работните групи во Собранието, за ЕУ и НАТО, затоа што тоа се целите кои не обединуваат“.Во текот на вечерта силни полициски сили го чуваа домот на Елизабета Канческа Милевска, а пратеникот Крсто Мукоски до своето родно Вевчани беше испратен со две комбиња полни со специјалци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Akcija-mienje-ulici-oktomvri-2018-4

Град Скопје почна акција за рачно миење на градските улици и булевари

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вчеравечер почнаа генерална акција за рачно миење на градските улици и булевари, сооопшти Град Скопје.„Акцијата се одвиваше во ноќните часови, за да не се попречува одвивањето на сообраќајот, а во текот на изминатата ноќ рачно со автоцистерни беше измиен коловозот на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт кон центарот на градот“, информира прес-службата на Град Скопје.Како што најавија, миењето на градските улици и булевари во централното градско подрачје ќе продолжи во наредните денови, во зависност од временските услови, а потоа акцијата ќе се прошири и во другите скопски општини.Целта на оваа активност на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“ е да се подобри хигиената на јавните градски површини. За акцијата ќе бидат ангажирани три цистерни и едно помало специјално комунално возило ВАП кое ќе послужи за чистење на плоштадот „Македонија“ и на улицата Македонија. Паралелно со акцијата за рачно миење на градските улици и булевари ќе се одвива и редовното машинско миење на коловозите, со цистерни.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20181020_142041-1-678x381

Момче и девојка тешко повредени пожарникари ги извлекувале од автомобилот

Во Скопје на семафорот кај Веро Тафталиџе се случи тешка сообраќајка во која момче и девојка се тешко повредени. Тие се судриле со џип кој завршил во семафорот и од силината на ударот го срушил на асфалтот. Сообраќајката се случила пред станицата на пожарната од каде истрчале пожарникари и им помогнале на повредените. Увидот е во тек полицијата го регулира сообраќајот

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања