„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
PS-STRUGA

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случила на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко помеѓу камион “ВМЦ“ и автомобил „Фиат Панда“.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката од автомобилот. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.Полициската станица Струга работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
voz-avtobus-2

Почина и шестата жртва од автобуската несреќа во Србија

Г.С. (78) е шестата жртва која беше повредена на 21 декември кога воз удри во автобус.Според информациите старицата имала повреди на карлицата и скршеница на бутната коска.16-годишната Л.И. која беше тешко повредена во истата несреќа, се разбуди од кома. Нејзината состојба и понатаму е сериозна, но покажува знаци на подобрување, велат од болницата во Ниш. 

Свет | пред 7 години

7 год.
svr

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа, автомобилот се забил во бандера

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа во која автомобил „Фолсваген голф“ излетал од патот и удрил во бандера, ноќеска во 3.25 часот по полноќ, на регионалниот пат во близина на село Мороишта.Во полицијата било пријавено дека моторно возило „Фолсваген голф“ со струшки регистерски таблици управувано од Х.В.(30) од с.Ливада-струшко излетало од коловозот и удрило во бандера.Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото Х.Ш.(26) од с.Ливада-струшко, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата „Свети Еразмо-Охрид“.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-al

Во Елбасан убиени три лица во автомобил во движење, еден од нив странски државјанин

Во вооружен напад врз возило во движење во албанскиот град Елбасан, убиени се три лица. Еден од нив странец, јавуваат албанските медиуми.Инцидентот се случил синоќа во 21:15 часот, кога три лица со калашњикови пукале во возилото,со италијански регистарск таблички.нНа самото место е убиен државјанин на Турција,кој во Албанија пристигнал во петокот. Другите две лица починале на пат кон градската болница. Тие се Ендрит Алибеај (34) и Арбен Дилѓери (25), кои живееле во странство а во родниот Елбасан биле дојдени за новогодишните празници.Неофицијлно станува збор за конфликт меѓу криминални групи кои се занимавале со шверц на дрога.Полицијата инцидентот го потврди преку сооштение.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Приведено лице кое се барало по телеграма од МВР

Вчера во 23,55 часот во Полициската станица за Граничен премин Табановце на излез од Р.Македонија, при извршена пасошка контрола констатирано било дека лицето Д.М.(34) од Кочани се барало по телеграма од МВР-Одделение за потраги.Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка .

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Италијанските пратеници изгласувајќи доверба на Владата и нов буџет, избегна казни од Брисел

По два часа дискусија на претставниците на разните пратенички групи и меѓусебните обвинувања , изгласана довербата на владата во Итлаија со 327 гласови „за“, 228 гласови „против“ и еден воздржан.Италијанските пратеници го усвоија буџетот што беше договорен со Европската комисија која ја отфрли првата верзија, нешто што за прв пат се случува во историјата на Европската унија.Претходната италијанска влада предводена од левиот центар вети јавен дефицит од 0,8 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2019 година, а новата коалициска влада којашто на власт стапи на 1-ви јуни, предвиде дефицит од 2,4 отсто за следната година, потоа 2,1 процент за 2020 година и 1,8 отсто за 2021 година. Дефицитот од 2,4 отсто од БДП-то е во спротивност со правилата за еврозоната.Новиот ревидиран буџет за 2019 година носи низа измени, но се истакнува ублажувањето на условите за заминување во пензија. Го содржи и клучното движење на Движењето пет ѕвезди (M5S) за месечна плата од 780 евра за 1,7 милиони најсиромашни семејства. Првично за таа цел беа предвидени 9 милијарди евра за 2019 година, а потоа беа намалени на 7,1 милиони евра.Новиот италијански буџет носи и мерка за проштевање за лицата кои не платиле данок,меѓу 2016 и 2017 година, но го пријавиле исправно или пријавиле помалку.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите

Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Република Македонија на секое можно поле. Заради економското цунами на СДСМ, Република Македонија бележи пад на листата за водење бизнис на реномираниот „Форбс“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Како што тоне Република Македонија во корупција така тоне и во економијата, а тоа е една од забелешките на „Форбс“ покрај немањето слобода, невладеење на правото и непочитување на законите од страна на власта.Ако во 2014 година Македонија се наоѓаше на високото 31 место, сега заради криминалната власт на Заев и СДСМ, земјава стигна дури на 68 место. Така наместо да ги привлекуваат инвеститорите тие секојдневно се повеќе и повеќе ги бркаат.Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, но затоа има повисоки плати за функционерите од власта.„Додека власта си ги покачува платите, во исто време ги покачува даноците за граѓаните. ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка сега ќе плаќаат повисоки даноци за да може вицепремиерите да имаат повисоки плати и за да може директорите во сите јавни претпријатија да добијат заменици кои државата ќе ја чинат над 2 милиони евра годишно.Донесоа само живот за своите функционери и партиските послушници, а беда за граѓаните на Република Македонија. Овие црнила кои и ги нанесува СДСМ на Република Македонија мора веднаш да запрат. Многу скоро граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ и ќе ја донесат зората во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
hanover

Човек со автомобил се пробил низ влезната капија и стигнал до пистата на аеродромот во Хановер

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хановер, се врти во нормала, откако беше претходно прекинат по инцидентот во кој човек со автомобил се пробил низ влезната капија на оградената аеродромска зона. Возачот успеал некако да стигне до дел од пистата, каде што веднаш бил уапсен.„Автомобилот има полициски регистарски таблици. Прегледан е од страна на полицијата и превземени се сите потребни мерки. Полицајците успеале да го сопрат возилото и да го уапсат возачот“, изјави полицијата од Хановер.Од полицијата информирале дека автомобилот бил со Полансдски регистарски таблички и дека во внатрешноста немало никава опасност.Полицијата ја отфрл можноста дека станува збор за тероростички напад.Хановер е деветти најголем аеродром во Германија. Во 2017 год, 5.87 милиони патници поминлае преку овој аеродром.Причините за инцидентот, сеуште не се познати.фото:euronews

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прободен со нож сопственик на угостителски објект

Вчера 17,20 ч. телефонски во ПС-Кичево e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул.„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М. С.(64) од Кичево.Смрт е кoнстатирана од Итна медицинска помош. На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49243603_319876125527336_7262369782878437376_o

(ФОТО) 20 години група Камелеон, ноќ која ќе се памети во Охрид

Пред повеќе од 500 посетители во комплетно исполнетата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, групата Камелеон вчера одржа концерт кој долго ќе се памети.Во еден глас со публиката, членовите на групата и бројните гости ги отсвиреа 17-те песни, кои за оваа пригода добија комплетно нови аранжмани.- Прекрасна ноќ. Многу убава музика... Пораснавме со нивната музика, беа само дел од коментарите на охриѓани по настапот.Вчерашниот концерт беше круна на неколку месечните подготовки, се` со цел достојно да се одбележи големиот јубилеј - 20 години од постоењето на групата.Камелеон беа сигурни, точни и прецизни во музицирањето, изградија одличен однос со публиката и сосема го оправдаа слоганот од маркетинг кампањата дека „кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели“. Ѓоко Танески, Жармена и маестралниот Горан Папаз, заедно со градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и другите гости направија оваа вечер да биде вистинско уживање за сите посетители.

Магазин | пред 7 години

7 год.
fo-777x437

Фондација „Славко Јаневски“: Ниту во еден момент не бевме консултирани при донесувањето на одлуката за затворање на читалните

„Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, најблаго речено, е непријатно изненадена од ненадејната вест за одлуката на Општина Центар за затворање на двете нејзини читалници, особено за одлуката за затворање на читалницата „Славко Јаневски“.Напоменуваме дека ниту во еден момент не бевме консултирани при донесувањето на оваа одлука ниту пак бевме во можност да понудиме евентуални решенија за да може да се ублажи евидентната штета што оваа одлука неминовно ја носи со себе. Ова го велиме затоа што читалницата „Славко Јаневски“ поседува квалитетен книжен фонд (а тука се наоѓаат и мошне вредни книги), скулптури и уметнички дела. Најголемиот дел од книжниот фонд и уметничките дела се приватни донации и подароци, меѓу кои најзначајна е донацијата на семејството на Славко Јаневски. Со одлуката за затворање на читалницата останува нејасна судбината на сите овие донации и вредни дела. За жал, немаме информација како ќе се постапува со нив, каде ќе завршат и дали донаторите ќе се сложат со новите ршенија. Без оглед на реакциите на јавноста и нашите обиди, надлежните од Општината сѐ уште не немаат контактирано во обид да пронајдеме заедничко решение. Сепак сме во надеж дека заеднички ќе дојдеме до соодветно издржано решение, со кое ќе се минимализира штетата настаната од оваа ситуација.Како што на јавноста ѝ е познато, Фондацијата „Славко Јаневски“ го организира конкурсот за престижната награда „Роман на годината“, која годинава го слави својот 20-годишен јубилеј. Како и минатата година и годинава, според пропозициите на конкурсот, романите се доставуваа во просториите на читалницата „Славко Јаневски“. Поради новите околности, Фондацијата „Славко Јаневски“ објавува дека до крајот на конкурсот (15 јануари) романите ќе се доставуваат во Културно-информативниот центар на Град Скопје (КИЦ), секој работен ден (одговорно лице: Емилија Михајлова). Останатите услови од конкурсот остануваат исти: се пријавуваат пет примероци од романот или се праќаат по пошта на адреса Фондација „Славко Јаневски“, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 19-40-6, 1000 Скопје“, велат од Фндацијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите

Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Република Македонија на секое можно поле. Заради економското цунами на СДСМ, Република Македонија бележи пад на листата за водење бизнис на реномираниот „Форбс“.Како што тоне Република Македонија во корупција така тоне и во економијата, а тоа е една од забелешките на „Форбс“ покрај немањето слобода, невладеење на правото и непочитување на законите од страна на власта.Ако во 2014 година Македонија се наоѓаше на високото 31 место, сега заради криминалната власт на Заев и СДСМ, земјава стигна дури на 68 место. Така наместо да ги привлекуваат инвеститорите тие секојдневно се повеќе и повеќе ги бркаат.Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, но затоа има повисоки плати за функционерите од власта.Додека власта си ги покачува платите, во исто време ги покачува даноците за граѓаните. ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка сега ќе плаќаат повисоки даноци за да може вицепремиерите да имаат повисоки плати и за да може директорите во сите јавни претпријатија да добијат заменици кои државата ќе ја чинат над 2 милиони евра годишно.Донесоа само живот за своите функционери и партиските послушници, а беда за граѓаните на Република Македонија. Овие црнила кои и ги нанесува СДСМ на Република Македонија мора веднаш да запрат. Многу скоро граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ и ќе ја донесат зората во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vreme

Умерено облачно време, за Нова година снег

Денес во утринските часови ќе има зголемена облачност, преку денот умерено облачно, а кон крајот на денот повторно претежно облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -7 до 2 степени, а дневните од 0 до 10 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а температурата ќе се движи од -1 до 6 степени.Утре во текот на денот променливо облачно, во западните и југозападните делови со слаби локални врнежи од снег. За време на Новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Времето денеска умерено облачно со слаб ветер од северен правец

Времето денеска во утринските часови ќе има со зголемена облачност, преку денот умерено облачно, а кон крајот на денот повторно претежно облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец.За утре 31.12 од управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека преку денот ќе преовладува променливо облачно време, во западните и југозападните делови со слаби локални врнежи од снег. За време на Новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubaavica-pozar

(ВИДЕО) Мис Африка за малку ќе изгореше на сцената

Доркас Касинда - Африканската убавица во моментот кога треблао да ја преземе круната после прогласувањето на победатаи и се запали периката, од пиротехничките средства.За среќа не претрпела повреди.На африканската убавица и честитала минатогодишната победничка Гасеангве Балопи од Боцвана. Во моментот кога тие се прегрнале, влетале исрки во нејзината коса и се запалила.– Добро сум, а мојата коса… и таа е добро Сега се чувствувам добро, порачала таа преку Твитер.

Магазин | пред 7 години

7 год.
dete-isceznato

Мајка моли за помош, 19 ден го нема нејзиниот син - МВР во зимски сон!

„19 дена како се нема трага од моето дете. Излезено од дома 10 декември 2018 год со Шкода Фабија. Снимено последен пат на видео камерата од излез Ѓорче Петров раскрсница Сарај. МВР рботи. Единствено знам. Нема трага од моето дете, нема трага од колата, нема трага од телефоните. Игла да беше на некој министер до сега ќе најдеа. Луѓе ве молам помогнете ми..“ напиш на својот фејсбук профил Маја Трпковска, мајка на детето кое МВР веќе 19 дена го води како исчезнато.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hor-jordan

(ВИДЕО) Како звучи “Македонско девојче” во изведба на Јордански хор...

Хор од Јордан ја отпеа „Македонско девојче“. Настапот бил во Вашингтон, објави Македонската обединете дијаспора.Со истата песна хорот се претставил и во јули оваа година во Аман, Јордан. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
kameleon-11

(ВИДЕО) Ноќ која ќе се памети во Охрид, 20 години група Камелеон

Пред повеќе од 500 посетители во комплетно исполнетата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, групата Камелеон вечерва одржа концерт кој долго ќе се памети.Во еден глас со публиката, членовите на групата и бројните гости ги отсвиреа 17-те песни, кои за оваа пригода добија комплетно нови аранжмани.– Прекрасна ноќ. Многу убава музика… Пораснавме со нивната музика, беа само дел од коментарите на охриѓани по настапот.Вечерашниот концерт беше круна на неколку месечните подготовки, се` со цел достојно да се одбележи големиот јубилеј – 20 години од постоењето на групата.Камелеон беа сигурни, точни и прецизни во музицирањето, изградија одличен однос со публиката и сосема го оправдаа слоганот од маркетинг кампањата дека „кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели“. Ѓоко Танески, Жармена и маестралниот Горан Папаз, заедно со градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ и другите гости направија оваа вечер да биде вистинско уживање за сите посетители.Во рамките на промотивните активности, вечерва на програмата на Супер радио од 17:00 часот и на ТвМ телевизија од 17:30 часот се емитуваа посебно изработените документарни филмови за 20-те години од постоењето на групата.Време е за нови 20 години со Камелеон, исполнети со многу дружба и вистинско музичко уживање… Затоа што знаат што е добра музика, затоа што звучат одлично, затоа што се од Охрид и затоа што во Охрид секогаш се слушала најдобрата музика.

Магазин | пред 7 години

7 год.
49209774_1875354699239607_5986805886566268928_n

Златко Јованоски го праша Тодорв колку илјади евра легнале на сметка на таткому

Кариеристот Нино Тодоров ака Нино Смрт или Тодорoff седнал и пишал писмо дека вака не оди. Не сме проаѓале у Скопје. Па кој беше советник за град Скопје кај Груевски у кабинет а Нинче?Другар ти Ивица со кој заедно влеговте у партија по налог на Мијалков 2003/2004. Ти текнува? Зошто не проаѓаме у Скопје бе фраер? Ради тебе и таквите како тебе што си ги собравте по кабинети и управни одбори. Ради тебе и таквите како тебе што маме и ебавте на партијата. Ти позади тебе немаш ниту еден успешен проект. Ни у Катастар, ни у образование, ни у здравство. Поготово у здравство, бе фраер! Луѓе умираа заради тебе и твојата политика. Министер за сѐ и љубимец на Груевски. Носител на титулата наследник на Груевски! Ти текнува како продолжија да стигаат илјадници евра кај татко ти на сметка од кога отиде у пензија? Ти текнува ли како поим немаше како изгледа структурата на партијата у која што влезе 2003/2004? У кафичот на ул. Македонија кога седевме и ти објаснувавме, тебе и на другар ти Ивица? Ти текнува кога викаше дека била селска химната на партијата и дека сме морале да ја смениме за да привлечеме млади? Ти текнува како се подбиваше со сите кои не мислеа како тебе? Ти текнува ли Нинче како стана министер? А? Преку кого сѐ мораше да поминеш? Има луѓе памтат. Климаше со глава и се сложуваше, ма какви, ги креираше сите лоши политики на партијата. Ти текнува како се дереше по телефони за да се притискале сите што сте ги вработиле да гласаат за тебе? Ти текнува како урлаше по телефон за списоците 1+3 и за оние 25 сигурни гласачи кој требаше секој член на ВМРО да ти ги обезбеди? Ти текнува дека имаше најслаб резултат како носител на листа? Ти не проаѓаш бе фраер, ти и таквите како тебе бевте и уште сте ракот во ВМРО. Кариеристи, материјалисти! Ти текнува ли на твоите кадровски решенија, сите поранешни членови на сдс? Ти текнува ли како зборуваше - мораме да ги придобиеме и нив затоа им даваме. Сега нешто не ти чини? Како сѐ ти беше во ред дур беше министер? Ти текнува на лабораториите за факултетите? Кинески и преплатени? А ти текнува на апаратите кои немаа(т) сеуште соодветни простории да работат? Како можеш да се појавиш у јавност после случајот со Тамара? Сакаше ПР и од неа да правиш. А те браневме со сите сили иако не можевме да те гледаме, затоа што ти беше ликот на партијата, наследникот. Успеа да го скараш ВМРО со сите професори, успеа да го скараш ВМРО со сите доктори! Успеа 10 пати да смениш закон за образование у неколку години и директно да ја заебеш иднината на нашата држава! Ти текнува кога викаше - абе тоа сељаците од по градовиве не разбираат многу, нашите гласачи се прости, што и да им сервираме ќе голтнат? За другарка ти Бришковска да не мислиш кога збориш за луѓе од други партии на позиции во ВМРО? Онаа истата што си ја прибравте у екипа кај Сашо уште кога влеговте у ПУИГ со Ивица 2006 а? Ти текнуваат ли патувањата до Виена за одбрана екипа у Вавилон, а фраер? Демохристијан, десничар, идеолог уште се претставуваш. Кога јас зборев за Тодор Александров ти викаше дека ние требало да ја смениме химната дури и знамето на партијата за да сме привлекле гласачи! Немој да лажеш дека тебе ти е гајле за ВМРО. Не ти е! Гајле ти е за сопствените бизниси (не само кафичот у Капитол и адвокатската куќа која магично брзо расте). Гајле ти е за сопствената слобода. Затоа одработуваш за туѓи бели дворови! Затоа пишуваш небулози и глупости. Зашто се плашиш за сопствената слобода и се ставаш на располагање на кој стигнеш! Засрами се и наведни глава, гробару на ВМРО!Под постот има стотици коментари на граѓани кои сами можете да ги прочитате.Zlatko Jankovskiпред 22 часа · Кариеристот Нино Тодоров ака Нино Смрт или Тодорoff седнал и пишал писмо дека вака не оди. Не сме проаѓале у Скопје. Па кој беше советник за град Скопје кај Груевски у кабинет а Нинче? Другар ти Ивица со кој заедно влеговте у партија по налог на Мијалков 2003/2004. Ти текнува? Зошто не проаѓаме у Скопје бе фраер? Ради тебе и таквите како тебе што си ги собравте по кабинети и управни одбори. Ради тебе и таквите како тебе што маме и ебавте на партијата. Ти позади тебе немаш нит...Продолжи со читање264Saso Donev, Ѓорѓи Влајнкиноски и 262 други69 коментари16 споделувањаМи се допаѓаКоментарСподелиКоментариBlagoja Stavrevski Trebase da kritikuvas dodeka bea na funkcija,togas najdobri vi bea 😁2Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Zlatko Jankovski Тогаш беше твојот ред, сега иде мојот. А мојот ќе биде поопасен од твојот ;)16Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Александар Ристевски Тоа е тоа3Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Алмедин Шаиноски 👏👏👏👏👏👏Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Алмедин Шаиноски Респект Брату ;-)1Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Oliver Arsovski Izdrzan tekst..... bravo Zlatko.3Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Iskra Korovesovska Auuuuu....auuuuu4Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Oliver Arsovski Nikogash ne e docna, site sega treba da ja podrzime tvojata generacija, Normalno BEZ PAGOBRANCI:)))2Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Oliver Arsovski PADOBRANCIСкриј го оваМи се допаѓа · Одговори · Види го преводот · 22 ч.Brane Petrusevski Ја зашто те сакам бе брат. Само директно :)2Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Goran Zdravkovski Меѓу рогови!4Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 22 ч.Mitko Slaninkoski Ova se vika vlaganje ne so klizac...so samari i boksovi2Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 21 ч.Zoran Ilievski 👏👏👏👏👏 Бравоо2Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 21 ч.Коста Дин Не си пишал дека у 2013та буквално ради “фрајерот” го изгубивме центар1Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 21 ч.Активни во моментовЃорѓи Влајнкиноски Брату 👍👍👍👏👏👏!1Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 20 ч.Васко Секуловски 👏👏👏👏2Скриј го оваМи се допаѓа · Одговори · 15 ч.Marjan Dailovski👏👏👏1Скриј го ова

Македонија | пред 7 години

7 год.
joci-111

Новинарката Јоци раскажа за средба со Катица Јанева: Некогаш луѓето ве сакаа

СЈО се погребаа.Фотографијава е од пред некои 2 години. На неа сум јас, Катица Јанева, Ана Костовска.Сликана е од далеку, во стилот на,,папараци".Боемска улица, една вечер. Ја здогледавме Јанева и решивме да ја поздравиме, напиша на својот фејсбук профил новинарката Јоци, и додаде:Пријатна е за муабет, се сеќавам, дента и` беше роденден.Ни кажа и дури дека колегите и' подариле велосипед, кој стоеше зад неа. Скап и убав.Во тие 2 минути, колку што траеше средбата, таа веднаш му го подаде мобилниот на колегата за да се слика со нас. Ние прифативме. Дури и ми направи некој муабет дека не и` се допаднал некој мој статус дента. (Како да ви кажам, добив впечаток дека врло сериозно и ревносно ме следи, се нервира од мене, а притоа уште никако да и` ја сфатам потребата да коментира статус во 2-минутна средба )Не можам да се сетам во кој момент на Катица Јанева и` дојде да ми направи ,,да пукне", но тоа е овековечено на фотографијава.Некогаш ,,трите" беа херои. Прави народни ѕвезди. Луѓето имаа верба во нив. И јас.Некогаш.Дечки, изневеривте. Разочаравте. Се погазивте.Љубов беше, луѓето ве сакаа искрено.А бе, љубов, еј. Со големо ,,Љ".И ја па.Збогум, напиша Јоци на својот ФБ профил.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања