Новинарката Јоци раскажа за средба со Катица Јанева: Некогаш луѓето ве сакаа
СЈО се погребаа.Фотографијава е од пред некои 2 години. На неа сум јас, Катица Јанева, Ана Костовска.Сликана е од далеку, во стилот на,,папараци".Боемска улица, една вечер. Ја здогледавме Јанева и решивме да ја поздравиме, напиша на својот фејсбук профил новинарката Јоци, и додаде:Пријатна е за муабет, се сеќавам, дента и` беше роденден.Ни кажа и дури дека колегите и' подариле велосипед, кој стоеше зад неа. Скап и убав.Во тие 2 минути, колку што траеше средбата, таа веднаш му го подаде мобилниот на колегата за да се слика со нас. Ние прифативме. Дури и ми направи некој муабет дека не и` се допаднал некој мој статус дента. (Како да ви кажам, добив впечаток дека врло сериозно и ревносно ме следи, се нервира од мене, а притоа уште никако да и` ја сфатам потребата да коментира статус во 2-минутна средба )Не можам да се сетам во кој момент на Катица Јанева и` дојде да ми направи ,,да пукне", но тоа е овековечено на фотографијава.Некогаш ,,трите" беа херои. Прави народни ѕвезди. Луѓето имаа верба во нив. И јас.Некогаш.Дечки, изневеривте. Разочаравте. Се погазивте.Љубов беше, луѓето ве сакаа искрено.А бе, љубов, еј. Со големо ,,Љ".И ја па.Збогум, напиша Јоци на својот ФБ профил.
Скопје | пред 7 години