„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg
7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да критикува изградба на зграда што тие ја одобриле

ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски го создадоа проблемот со изградбата на згради во општина Аеродром, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на денешната изјава на Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој кажа дека градоначалникот Марин ставил потпис на проект што пред изборите го нарекол еколошка катастрофа.Од СДСМ истакнуваат дека токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поранешниот градоначалник Ивица Коневски, го изгласиле и усвоиле спорниот детален урбанистички план.„Спротивно на волјата и потребите на граѓаните, со тој план се предвидува уништување зеленило и никнување згради, карактеристично за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Советничката група на СДСМ во Советот веднаш се спротивстави на оваа одлука. Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ денес да повикува на запирање на спроведување на ДУП И10, план што токму тие го донесоа ненајавено и без никаква јавна дебата“, се наведува во партиското соопштение.Од владејачката пратија велат дека веќе се поднесени иницијативи до надлежните судски органи за спорниот ДУП и се работи на решение. Потсетуваат и дека градоначалникот на општина Аеродром денеска издаде решение за стопирање на градбата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mitevski-1

Митевски: Марин стави потпис на проект што пред изборите го нарече еколошка катастрофа

Спротивно на апелите на граѓаните, шверцерски, во екот на ноќта, во текот на вчерашниот ден, со одобрение издадено од Марин, багери и тешка механизација пристигнаа на локацијата кај „Мајчин дом“ и почнаа со градежни активности, рече во денешната изјава за медиуми, Дејан Митевски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.При обраќањето Митевски потсети дека Марин пред изборите ветувал повлекување на детаљниот урбанистички план и повеќе зелени површини за Аеродром.„Состојбата сега е сосема спротивна. Наместо повлекување на ДУП-от, Марин издал и одобрение за градба, со што ставил потпис, како што велеше пред изборите, на еколошката катастрофа за Аеродром и запирањето на струењето на воздухот во општината“, обвини Митевски и додаде дека работењето на локалната самоуправа спротивно на интересите на граѓаните е недозволиво.Притоа, во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тој поденесе барање за свикување седница на Советот на Општина Аеродром со две точки на дневен ред.Ќе бараме донесување предлог-одлука за запирање на спроведувањето на детаљните урбанистички планови, и тоа – ДУП за градска четврт И10, кај „Мајчин дом“, и ДУП за локалитетот Црква – УЕ Б „Тобако“, како и донесување предлог-одлука за задолжување на Одделението за урбанизам да изврши ревизија на двата горенаведени урбанистички плана и да го информира Советот на Општина Аеродром“, рече Митевски и повика седницата на Советот да биде закажана набргу што може.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ лажеше за наводен економски раст

Единаесетгодишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави долгорочни штети врз економијата и врз квалитетот на живот на граѓаните, обвинува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Преку соопштение од СДСМ велат дека само во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година економијата забележала пад од 1,3 отсто.„По формирањето на Владата предводена од СДСМ, за нешто помалку од една година, преку успешните економски политики во вториот квартал од 2018 година, домашниот бруто-производ бележи раст од 3,1 отсто. Економските политики на Владата предводена од СДСМ ја стабилизираат и придвижуваат економијата, а како што Македонија се доближува до ЕУ и НАТО, така расте и економијата. Наместо вештачко билдање на бројките и веселите математики со кои ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја уништуваше економијата и ги лажеше граѓаните за некаков наводен раст, денеска имаме реален економски раст што се темели на здрави основи“, се вели во соопштението на СДСМ.Владејачката партија во таа насока додава дека расте извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, забележани се рекордни износи на странски инвестиции, повисоки плати, како и раст на индустриското производство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tomi-kepevski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да одговори каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ?

Дали премиерот Зоран Заев и министрите од владата користат лубриканти и за што ги користат е нивна работа. Буџетот и парите на граѓаните се и наша работа. Парите на граѓаните макотрпно заработени не смее да се користат за подмачкување нечие задоволство. Не станува збор за превенција, туку за чист хедонизам и подобро уживање што го препорачуваат Заев и неговите министри, обвини Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека има стотици дечиња на кои им е потреба помош и нивниот живот зависи од донации преку СМС-пораки и донации на хумани луѓе, Владата распишува тендер за набавка на лубриканти. Набавката на овие лубриканти е потпишана лично од премиерот Зоран Заев. Планирано е да се потрошат, верувале или не, 95 милиони денари (или 1,5 милион евра), пари на граѓаните. Како за споредба, минатата година оваа програма се финансирала со 11 милиони денари“, рече тој.Уште побизарно е, додаде Кепевски, објаснувањето на Владата дека лубрикантите се набавени за да се делат заедно со презервативи. Ова е уште еден доказ дека луѓето што се во оваа зграда не знаат кај тераат.„Би сакале од Владата да ни одговорат каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ и како тие ќе спречат ширење на оваа заразна болест? Или обезбедете бесплатно лекување за сите или одете си од власт доколку мислите да им ги расфрлате парите на граѓаните за лубриканти. Македонија веќе не може да ве издржи. Џабе лубриканти“, рече Кепевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Време е пратениците да ги поддржат процесите во Собранието

Граѓаните го кажаа својот став. Осумдесет отсто од сите граѓани и над 90 отсто од оние што гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО, вели Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение испратено до јавноста.„Процесот продолжува понатаму, сега е време пратениците да ја оправдаат довербата што им е дадена токму од граѓаните и одговорноста да ја почитуваат нивната волја, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени“, наведе СДСМ во соопштението.Од владејачката партија го повторија ставот дека со предлог-измените се потврдува оти идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени. Со уставните измени не се губи ништо, туку, напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО, со зајакнат македонски идентитет, кој, конечно, станува признаен од целиот свет.Време е сите пратеници што се за НАТО и ЕУ, вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, порачува Социјалдемократскиот сојуз, да не подлегнуваат на притисоци и да гласаат по сопствено убедување водејќи се и од одговорноста на пратеници избрани од граѓаните да ја почитуваат мнозинската волја на граѓаните што се за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарнтиран македонски идентитет.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Кумановка тешко повредена кога во неа удрил велосипед

Шеесет и осумгодишна кумановка добила тешки повреди кога во текот на вечерните часови на вчерашниот ден во неа удрил велосипед управуван од 18-годишник од село Биљановце.Како што информираат од МВР, инцидентот се случил на кумановската улица Народна револуција, а повредената жена била пренесена на Ургентниот центар во Куманово.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Судир на мотоцикли во Велес

На крстосница во Велес, во попладневните часови на вчерашниот ден, се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикл „тумопар“, управуван од 47-годишен велешанец, и мотоцикл „кимко“, управуван од 22-годишник, исто така од Велес.Од МВР информираат дека во незгодата повреди добил возачот на мотоциклот „тумопар“.Со возило на итната медицинска помош тој бил пренесен во велешката Општа болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Тепачка помеѓу ученици на автобуска постојка

Група ученици нападнале соученик од ЕТУЦ на автобуската постојка пред средното училиште.Според информациите на МВР, вчера околу 11 часот во полиција било пријавено дека на автобуска постојка кај ЕТУЦ „Михајло Пупин“, на улицата Благоја Стефковски во Скопје, имало тепачка помеѓу повеќе лица. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека група од пет до шест ученици од училишптето физички го нападнале Н.С.(18) од Скопје, исто така ученик во училиштето. Еден од напаѓачите бил затекнат на местото и се работи за 16-годишен малолетник од Скопје.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жена искасана од куче во Градски парк

Куче скитник искаса жена на кејот на Вардар во Градскиот парк во Скопје.Според информациите на МВР, вчера во 19.35 часот, С.М. (39) од Скопје пријавила во полиција дека во понеделникот околу 18.20 часот на кејот била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 7 години

7 год.
000_N83S9

Важна е улогата на парламентите во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан, порачаа Соботка и Лемрт

Приближувањето на државите од Западен Балкан е во јасен европски интерес, но пред пристапувањето на земјите од регионот, мораат јасно да се изјаснат за основните вредности на ЕУ и да се спроведат внатрешни реформи, оценуваат претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка, и претседателот на фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Ламерт.Европскиот парламент, како и националниот парламент во тој процес ќе играат важна улога бидејќи мораат да внимаваат да ги исполнат пред пристапните критериуми, рекле Соботка и Ламерт на собир во Виена, под називот „Пристапна перспектива за Западен Балкан – улогата на парламентите“.

Свет | пред 7 години

7 год.
majcin-dom

Инвеститорот на деветкатницата има уште две парцели во близина на „Мајчин дом“

Инвеститорот на деветкатницата кај „Мајчин дом“ е сопственик на уште две локации во близина, кои сега се зеленило. Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги „ЗСФ-ком“, според електронските податоци од Катастарот, е сопственик и на парцелата покрај „Мајчин дом“, која граничи со парцелата за деветкатницата, но оваа компанија се јавува како сопственик и на полјаната меѓу училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ и црвените кули во Аеродром, каде што сопствеништвото го дели со „Еуроактива“.Покрај „Мајчин дом“, „ЗСФ-ком“ има 1.495 квадратни метри, а во близина на „Ѓорѓија Пулевски“ парцелата е 136 квадратни метри поголема од онаа за деветкатницата и има површина од 3.674 квадратни метри.Од Општина Аеродром смируваат и тврдат дека на полјаната не може да се појави објект оти нема маркичка за градење, туку во ДУП просторот е потврден како зеленило и покај тоа што е приватна сопственост.Жителите на Аеродром не веруваат на ваквите тврдења од Општината бидејќи и просторот за деветкатницата до април лани беше зеленило без маркичка за градење, но во приватна сопственост, а годинава веќе се гради деветкатница. Зеленилото меѓу булеварот Јане Сандански и „Мајчин дом“ стана приватна сопственост пред десетина години, а деветкатницата беше предвидена лани.Сопственикот на „ЗСФ-ком“, Фатмир Етеми, е недостапен за коментар, а не одговара ниту на прашањата испратени на официјалната имејл-адреса на компанијата.Жителите на Аеродром очекуваат и овие две парцели да се најдат на дневен ред на вонредната седница на Советот на Општина Аеродром закажана за петок, на која треба да се бара решение за трајно стопирање на деветкатницата.

пред 7 години

7 год.
majkl

Мајкл прерасна во ураган од четврта категорија

Гувернерот на Флорида, Рик Скот на Твитер напиша дека „Помина времето за евакуација долж брегот, ако одлучите да останете во зона на евакуација мора веднаш да побарате засолниште“.Ураганот Мајкл денеска прерасна во ураган од четврта категорија, пред да ја погоди Флорида, поради што 500.000 луѓе се советувани да се евакуираат.– Ураганот Мајкл со себе носи ветер со брзина од 220 километри на час, а може да предизвика и големи бранови со висина од четири метри- предупреди Нациоанлниот центар за урагани.Гувернерот на Флорида, Рик Скот на Твитер напиша дека „Помина времето за евакуација долж брегот, ако одлучите да останете во зона на евакуација мора веднаш да побарате засолниште“.Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во цела Флорида.Градоначалникот на Апалачикол, Ван Џонсон изјави дека градот би можел да биде најмногу погоден и оти евакуацијата е обврзна.

Свет | пред 7 години

7 год.
veljanoski

Продолжете во благопријатна атмосфера, ама немате двотретинско мнозинство, порача Вељаноски и излезе од салата

Менувањето на Уставот е спротивно на мнозинската волја на народот, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, кој веднаш по премиерот Зоран Заев се обрати пред членовите на собраниската Комисија за уставни промени, а по обраќањето ја напушти салата.„Изјавувам дека немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. До сега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех. Продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот“, рече Вељаноски.Според него, Договорот со Грција бил штетен, нелегален и противуставен и бил склучен во тесен владин круг, без да се вклучат опозицијата и експертите, а не е потпишан ниту од претседателот на државата. Вељаноски додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.„Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлегување народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е императив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот“, изјави Вељаноски.Другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ останаа во салата и дел од нив сепријавени за реплики.

Македонија | пред 7 години

7 год.
fetai

Многу сте расположен со оглед на тоа дека ви се ближи времето, му рече Фетаи на Груевски

На денешното судење за насилството во општина Цнетар, поранешниот премиер, Никола Груевски прокоментира дека обвинителката Фатиме Фетаи зборувала без да добие право на збор и се насмеа откако судијата рече дека таа е обвинител и може да зборува во оваа фаза.На тоа Груевски само се насмевна, а Фетаи му се обрати со зборовите „многу сте вие расположени со оглед дека ви се ближи времето".Груевски и рече дека нема потреба да се грижи за неговото расположение, по што Фатиме одговори дека се грижи и за здравјето и за расположението на обвинетите. Потоа почна расправа во судницата, Фетаи стана и рече „помина времето кога не смееше никој да му возвраќа".Судијата повика на мир во судницата, а некои од обвинетите се обратија кон јавноста со зборовите „ајде сега и ова да го објавите".Во случајот „Насилство во Центар" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица.На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
murtino

Заев: Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат уставните измени

Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред, порача денеска премиерот Зоран Заев на  седницата на собраниската Комисија за уставни измени на која на дневен ред е Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со Договорот од Преспа.Заев, образложувајќи го предлогот на Владата, истакна дека од досегашниот увид и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениците да се обединат околу стратешките цели на земјата. За стручната и експертска јавност, рече тој, измените се согласно меѓународните стандарди.– Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки за уставни измени, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по свое убедување и согласно волјата на граѓаните без да подлегнуваат на никаков притисок, рече Заев.Со решението на спорот со Грција, посочи, изградено е пријателство меѓу двете земји, а надминат е и дведецениски спор со што земјата се извлекува од изолацијата и се отвораат евроатлантските перспективи.– Вашата одлука ќе ја испрати во историјата времената референца ФИРОМ. Придобивката е бесценета – зајакнат идентитет и гаранција за безбедност, стабилност, гарантиран економски развој и просперитетна иднина на сите наши граѓани. Македонскиот идентитет е заштитен за век и векопв. Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН – macedonian, без фусноти, признанен и прифатен и од нашиот јужен сосед Република Грција. Нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано македонско име за нашата држава, кое е достоинствено и географски прецизирано – Република Северна Македонија, рече Заев.Потсети дека првите чекори се веќе направени со ратификацијата на Договорот во македонскиот Парламент и писмото кое следеше од грчка страна до Европскиот совет дека се отстранети пречките да добиеме датум за преговори, по што го добивме, како и поканата за членство во НАТО на самитот во јули.– Во јануари не очекува столчето во Советот на НАТО веднаш откако ќе го потпишеме пристапниот протокол. За да го потпишеме ни треба спроведување на иницијативата за уставни измени во Собранието. Со тоа ќе ја оствариме една од највисоките стратешки цели на Македонија од независноста и ќе води кон наше членество во ЕУ, рече Заев.Ова прашање, рече, не е лесно но на него се препознава лидерството и порача дека интеграцијата во НАТО и ЕУ не може да биде попречена од каква било закана или обид за заплашувања, поткуп и сл.– Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред. Сега е време да ја потврдиме заедно одлуката од 1993 година според која членството во ЕУ и НАТО се наши заеднички и врвни стратешки прироритети. сега е време да се ефектуира декларацијата за члнество во НАТО што ова Собрание ја донесе во јули, годинава, со која пратениците покажаа дека е тоа врвен надпартиски интерес и дека за тоа прашање постои највисок граѓански и меѓуетнички и политички консензус. Сега сите пратеници без оглед на која партијата и припаѓаат имаат историска должност и обврска пред граѓаните да го обезбедат патот кон ставбилност безбедност и економски проспритет а тоа е патот кон ЕУ и НАТО кој води преку македонско-грчкиот договор, рече премиерот Заев.Македонија нема веќе генерации за губење, истакна премиерот и ги повика пратениците да се одважат, да го следат интересот на граѓаните и да ја прифатат историската можност, односно да донесат силна одлука што ќе ја поведа земјата напред.

Македонија | пред 7 години

7 год.
arm

Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти

Со неколку истрели во воздух на границата со Грција војници на АРМ спречиле група мигранти нелегално да влезат во наша територија. Еден од мигрантите е уапсен, додека другите се вратиле на територија на нашиот јужен сосед.Од АРМ за МИА информираат дека при редовното извршување на задачите, при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија- село Моин, во реонот на живинарската фарма, од страна на патролата на АРМ е забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.-Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух,  по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка, изјавија од АРМ за МИА.Од македонската армија уверуваат дека АРМ со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвена за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.

Македонија | пред 7 години

7 год.
uragan-1

Ураганот Мајкл преминa во трета категорија, се очекува уште да добие на јачина

Ураганот Мајкл веќе е трета категорија од можни пет според скалата Сафир-Симпсон, соопшти Националниот центар за урагани на САД.Се очекува Мајкл денеска подоцна да стигне до државата Флорида,  но и да се доближи до четврта категорија.Во моментов Мајкл е околу 375 километри југоисточно од Апалачикола, Флорида, а неговите ветрови се со брзина од 195 километри на час.

Свет | пред 7 години

7 год.
eksplozija

Осуммина повредени при експлозија во рафинеријата во БиХ

Осум лица се повредени минатата ноќ при експлозија и пожар во рафинеријата за нафта во Босански Брод, во северна Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска.Пожарот во рафинеријата е изгаснат за неколку часа. Повредените се со лесни повреди, но ќе останат во болница за натамошно следење на состојбата.Властите не соопштија детали за причината за експлозијата.Рафинеријата во Босански Брод е единствена рафинерија во Босна и Херцеговина. Таа е сопственост на руската компанија „Зарубжњефт“ и вработува околу 900 лица.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја делови од Чучер-Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Петровец

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општина Чучер-Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Петровец.Во периодот од 8:00 до 15:00 часот корисниците од делови од селата Бањани, Чучер и Сандево, во општина Чучер-Сандево ќе бидат без електрична енергија.Понатаму, како што посочуваат од ЕВН во своето соопштение, без струја во периодот од 8:40 до 14:00 часот ќе бидат и дел од корисниците од улиците Женичка, Коце Металец, Гемиџиска, Филип Филиповиќ, Ташко Караџа, Бапчор, Лазар Поп Трајков, Киро Глигоров, Габреж и СУГС Панче Арсовски, во општина Гази Баба, додека, пак, во периодот од 8:55 до 14:00 часот во истата општина ќе бидат и дел од корисниците од улиците Гемиџиска, Зеничка, Коце Металец, Душан Тасковиќ, Филип Филиповиќ, Тајмишка и Рударска.Во општина Центар во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од дел од улицата Рајко Жинзифов, а во општина Ѓорче Петров струја ќе нема во периодот од 10:15 до 13:14 часот кај корисниците од викендичките околу село Кучково.Во периодот од 8:50 до 16:00 часот, како што стои во соопштението на ЕВН, без електрична енергија ќе останат и корисниците од село Живиње и село Катлановска Сушица во општина Петровец.

Скопје | пред 7 години

7 год.
hitler

Роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка

Американец, далечен роднина на Хитлер се вљубил во Еврејка, но врската не успеала, кога таа ја дознала семејната историја.Браќата Александер, Брајан и Луис Стјуарт-Хјустон се внуци на Алоис, полубрат на Адолф Хитлер и се последните живи роднини на нацистичкиот лидер. Нивниот дедо се оженил за Ирка, и живееле  во Даблин, откаде што се преселиле во Англија, па во САД.Сето тоа пред Втората светска војна. Нивниот татко Вили Хитлер се вклучил во американската морнарица, и се  борел против Германците, што било популарно наречено Хитлер против Хитлер.Тројцата браќа, кои денес живеат на Лонг Ајленд, имале и четврти брат,  Хауард, кој загинал во сообраќајна несреќа пред 30-на години.Александер за повеќе медиуми има раскажувано дека еден од браќата, што се уште не сака да го именува, бил во врска со Еврејка и сакал да се ожени со неа, но кога таа дознала за неговата семејна лоза, го напуштила.Тој за „Дејли Мејл“ изјави дека тие одлучиле да не се женат и да немаат деца, за „да се прекине крвната линија“ на Хитлер.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања