„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
corinna-slusser-is-missing-from-ny-sep-2017-620x350-1

(ВИДЕО) Ристески: Наместо пониски сметки за вода од 20% како што вети градоначалникот, ќе имаме сметки повисоки за 70%

Денеска во партиските простории на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, се одржа предновогодишно дружење каде присутни беа голем број членови и симпатизери на партијата.Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески во изјава за медиумите потенцираше дека изминатата 2018 година беше една од најтешките во историјата на Македонија и Прилеп.„Зад нас е година која ни донесе многу црнила, сиромаштија и економска криза. Во оваа година видовме зголемување на цените на сите производи, се зголеми цената на лебот, на горивата... Во Прилеп наместо да имаме пониски сметки за вода од 20% како што вети градоначалникот, ќе имаме сметки повисоки за 70%. Видовме земјоделци како ги фрлаат своите производи, во оваа година сме газени, понижувани, ни се газеше врз честа, гордоста и достоинството.Со странски и домашни, со сите сили, ни се одзема она вековното, ни се одзема името Македонија и се распродава македонската култура и историја. Но, пред нас следува нова година, година на недежи, година на одлуки и промени. Во следната година ќе имаме шанса да ги промениме и да ги победиме овие црнила и да ги сместиме во старата година како спомен на едно темно, мрачно минато.Почитувани сограѓани, ви ја честитам новата година, ви посакувам здравје пред се, среќа, љубов вас и на вашите најблиски, благосостојба и мир на вашите семејства. Да ни се за многу години празниците", изјави Ристески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
boemska

Продавачи на балони тепале гости во локал на „Боемска улица“

Три лица во текот на вчерашната вечер, го нарушиле редот и мирот во угостителски објект на „Боемска“. Тие на гостите им понудиле балони, но откако им било кажано дека присутните не се заинтересирани, се изнервирале и го оштетиле објектот, фрлајќи кон гостите со столици.„Вчера околу 20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Боемска“  бил нарушен јавниот ред и мир од страна на три лица кои нуделе балони. Откако гостите И.В. (29), А. Б. (43) и А. Х. (42) им кажале на лицата дека не се заинтересирани, побарале од персоналот во објектот да ги отстрани лицата, што и било направено. Но, по кусо време лицата се вратиле, при што едно од нив влегло во објектот и со секира ја оштетило вратата од објектот, а потоа почнале со столици да фрлаат кон гостите. Напаѓачите по кратко време го напуштиле објектот, но по интервенција на полициските службеници биле приведени двајца од тројцата напаѓачи во Полициската станица Центар. Притоа, констатирано е дека се работи за лицата Д. Д. (25) и С. Д. (43), двајцата од Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот“,

Скопје | пред 7 години

7 год.
corinna-slusser-is-missing-from-ny-sep-2017-620x350

Мајката ја барала ќерката повеќе од една година, а потоа се појавила фотографија на Инстаграм

Сабина Туорто уште од септември 2017 година не знае каде е незината ќерка Корина Сласер (20) за која верува дека е жртва на трговија со бело робје. Корина исчезнала во 2017 година во Њујорк и оттогаш нема комуникација со семејството.Неодамна на Инстаграм се појавила фотографија од маж кој е обвинет за сексуална трговија со луѓе, кој е заедно со две девојки. Една од нив личи на Корина. На сликата изгледа малку поинаку бидејќи има потемна боја на косата и е многу послаба.https://www.facebook.com/missingcorinnaslusser/posts/326393104845092Мајката смета дека тие ја натерале таа да го промени изгледот со цел ни најблиските членови на семејството да не можат да ја препознаат.„Јас сум нејзина мајка. Знам како таа изгледа и можам да ја препознаам. Ја облекле поинаку и и го промениле изгледот. Тоа не е нејзин стил на облекување, секогаш внимаваше на нејзината коса и шминка“, вели Сабина.Минатиот месец ФБИ го уапси Ишиј Вониј, момчето од фотографијата за кој има сомнение дека преку интернет нудел сексуални услуги „посебна ноќ со две девојки“.„Да може сигурно би ми се јавила. Некој ја контролира. Не знам што и направиле, дали ја дрогирале или е психички нестабилна. Само знам дека не е своја“, вели нејзината мајка. 

Свет | пред 7 години

7 год.
kunovdks

Куновска: Грев е да се нарече оваа владеачка структура СДСМ

Актерката и поранешна пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска на својот Фејсбук прфил објави статус во кој вели дека рзликата помеѓу СДСМ и ВМРО е тоа што тие се спремни да упатат јавна критика дури и кога партијата е на власт.„Разликата помеѓу нас од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што за среќа, меѓу нас од СДСМ има и такви кои се спремни да упатат јавна критика и кога партијата е на власт. Без разлика на политичкиот зијан за нас поединечно. Нашиот личен зијан е ќар за дежавата.Во ВМРО има задоцнета памет колку сакаш но не само кога се уверени дека нивните конта и политички кариери нема да бидат зијан туку и кога критиката е влог во идна политичка кариера..Но можеби е грев воопшто и да се нарече оваа владеачка структура СДСМ.Обично теговско друштво“, напиша Куновска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
katica-janeva

Јанева: Спасовски не е компетентен да ја коментира нашата работа – нека си го гледа МВР

Специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да си ја гледа неговата работа и да не се меша во обвинителството.Јанева, во интервју за Канал 5,  порача дека Спасовски е не е компетентен и дека треба да се грижи за својата работа бидејќи МВР е помошен орган на обвинителството.Оваа изјава на Јанева следи откако Спасовски ги нарече нивните одлуки за „несреќни“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nina1

Нина има новогодишна желба – да застане на нозе

Уште само 5% фалат oд потребната сума за да ја исполниме желбата на Нина.Како и секое дете и Нина се радува на пакетче и Дедо Мраз… Но овој пат Нина има една желба – да може да застане на нозе. За да и се исполни оваа желба потребни сме сите заедно да и ја исполниме.Наместо пакетче за Нина, да донираме 100 денари на отворените броеви за донации.Нина треба да замине на операција во САД која чини 65000 долари. До сега е собрано 95% од потребната сума, недостигаат уште 5% од оваа сума. Уште само 5%!!!Во новата година да застане на нозе и да се радува и игра заедно со сите деца.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar2

Деца со пиротехнички средства предизвикале пожар во Охрид

Деца кои играле со приотехнички средства синоќа предизвикале пожар во близина на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а поголем проблем бил избегнат со брза интервнеција на пожарната.Денес во станбена зграда во Охрид на улицата Карпош Војвода се запали оџак , па повторно интервенираа пожарникарите кои го локализирале огнот и е спречено ширење на пожарот во зградата. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: По години апатија и уназадување на економијата, денес се бележи економски раст

Економско цунами беше 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое ја опустоши економијата и државата, парите од Буџетот ги трошеше на криминални тендери, лажен барок, споменици, додека граѓаните тонеа во сиромаштија, долгови и неизвесност, велат од СДСМ.„Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ денес предводено од неспособниот Христијан Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните, нема никаков план, нема идеја или програма и затоа постојано шири лажни вести.Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно излажа, соопшти дека ќе се зголемуваат платите на замениците на претседателот на Владата, иако Владата јавно ги демантира овие наводи.Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економските успеси на Владата предводена од СДСМ која преку суштински реформи ја стабилизира економијата и ја поставува на вистински колосек.По години апатија и уназадување на економијата, денес економијата е придвижена во вистинска насока, се бележи економски раст, зголемено индустриско производство и извоз, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.Најновите податоци објавени од Државниот завод за статиските кадешто во ноември 2018 година е нотиран раст на индустриското производство од 4,9 отсто во однос на ноември 2017 и раст на бројот на работници во индустријата од 3,5 отсто, се само последните во низата економски показатели што ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.СДСМ продолжува да работи домаќински, отчетно одговорно и во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на лажни вести и деструкција“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Исчезна малолетник од „Ранка Милановиќ“

На 28.12.2018 година во 16,10  часот во Полициската станица Гази Баба Р.С.  социјален работник во ЈЗУ “Ранка Милановиќ“, пријавила дека истиот ден околу 12,00 часот од домот во непознат правец самоволно се оддалечил 17 годишен штитеник.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Охриѓанец кршел во казино, а потоа физички го нападнал работникот на обезбедувањето

Утрово во 02,45 часот во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир од страна на Љ.Т.(25) од охридското село Лескоец, кој со рака скршил еден електронски апарат, по што физички го нападнал Г.Д.(41), работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите.Сторителот на нарушувањето е приведен и против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

По силниот земјотрес на Филипини, издадено предупредување за цунами

Предупредување за цунами е издадено на некои делови од Филипини и Индонезија по земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтер.Потресот се случил во јужните делови на Филипини, а целата обала во должина од 300 километри е под опасност од цунами.Сеизмолозите ги советуваат луѓето да бидат подалеку од плажата.Иако постои опасност, според првите предвидувања брановите треба да бидат помали од еден метар над вообичаеното ниво.

Свет | пред 7 години

7 год.
latas

Со измените на Кривичен законик ќе се спаси и Латас

Филип Стојановски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека измените на член 279-а од Кривичниот законик ќе влијаат врз делата чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ на СЈО.„Според анализи од правници, измените на член 279-a од Кривичен законик што денес се предложени во Собрание директно влијаат на дела чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ на СЈО во кој е обвинет Д.П. Латас..Ако се направат измените бидејќи за тоа дело е предвидена казна од 3 години, ќе застари на 6 години од сторувањето“, напиша Стојановски на Фејсбук.Според други, Латас не го опфаќаат промените на Кривичниот законик.„Латас е обвинет според 279 за даночно затајување, а со измените на Кривичниот законик се воведуваат нови членови, 279-а даночна измама и 279-б за избегнување на плаќање акцизи.Овие две кривични дела немаат никаква поврзаност со предметите на СЈО бидејќи се нови“, се вели во јавноста.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3303530-1300

(ВИДЕО) Суад стана хит на Балканот додека учеше да скија

Корисниците на социјалните мрежи вчера ги одушеви видео во кое малиот Суад учи да скија.Како што може да се забележи на видеото суда има проблем со управувањето, а позади него иде постар скијач кој пробува да му даде инструкции.https://www.instagram.com/p/Br8DRt0lomI/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Магазин | пред 7 години

7 год.
6b14dbe4-97ff-47d0-815c-6ab448afce8e-2

(ВИДЕО) Стоилковски: Тоа што Македонија паѓа на светските рејтинг листи е доказ за општата состојба

Црнилата, девастацијата на Република Македонија, ова економско цунами, коруптивност и криминал заради безидејноста на октроираната власт за една намена добија потврда и од ценетиот „Форбс“. Сега Република Македонија е на 68 место, додека за споредба 2014 била рангирана 31 место, како најдобра во регионот! И сега доживуваме огромен пад!, изјави Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.„Тешко стекнатиот меѓународен рејтинг на Република Македонија, оваа власт го топи како воопшто да не и е грижа за утре! Па и не и’ е. Само од минатата година според оваа листа на „Форбс“ има пад од 5 позиции на листата на држави за водење бизнис.Корупцијата на оваа влада, која наместо да се бори со корупцијата, дури и предизборно ја поттикнуваше, ја однесе Република Македонија дури на 97-мото место! Најмногу забелешки „Форбс“ има за владеењето на правото, нееднаквото спроведување на законите. Дури и она што не задржало да не пропаднеме на повеќе на оваа листа како Република Македонија, ниските даноци, оваа црна власт се погрижи да тоа биде урнато следната година! Забелешките за големата застапеност на сивата економија, догодина со даночната политика и политиката само кон зелените пазари ќе бидат дополнително страшни!Оценката на „Форбс“ е потврда на сите стравувања и укажувања од опозицијата, на сите забелешки за оваа кои црната власт остана глува и продолжи со тендери во 4 очи, со милионски коруптивни договори во секој владин сектор и ресор.Но затоа пак вицепремиерите вчера добија покачување на платата. Од оние за одбрана и безбедност, Шекеринска и Спасовски, преку Османи за евроинтеграциите, до вицепремиерот за економски прашања иновативниот Кочо Анѓушев. Покачена плата од 8.000 денари месечно, покачувања додека сиромаштијата зема замав, а спиралата на поскапувања врти. Поскапувања „на поевтиниот леб“ како што оцени иновативниот Кочо Анѓушев“, изјави СтоилковскиТој додаде дека додека Република Македонија паѓа на светските рејтинг листи за тоа како треба да се води бизнис е доказ за општата состојба во Република Македонија.„На сила се турка закон со кој секое јавно претпријатие во Република Македонија, секое државно, но и секое општинско јавно претпријатие треба дополнително да се донаполни со партиски функционери, со заменици директори, кои би ги менувале директорите кога тие би биле отсутни! Па се поставува прашањето колку може да отсуствуваат директорите, за да мора да бидат назначени нивни заменици, функционери со свои кабинети, секретарки, советници, шофери и секако можност за апанажа!?Почитувани, вакво расипништво, вакво самоволие, ваква однароденост, е неприфатлива во Република Македонија! Си покачуваат плати, ја партизираат секоја пора на општеството, сега се измислуваат функционери за да се цица буџетот, за кој што раката на оваа власт се подлабоко ја вовлекуваат во и така испразнетите џебови на народот! И уште дополнително ќе велат дека се срамат од македонскиот народ, со навреди „искомплексирана нација“.И потоа уште се наметнува идеја, поткрепена и од Талат Џафери, дека пратениците морало да бидат згрижени за потоа, цитирам, „да не буричкале во контејнери“!?Почитувани, ова нема поинаков опис освен тотална бесрамност и негрижа на власта и владејачкото мнозинство за државата и за сите нејзини граѓани! Ова црнило предизвикана од натурените криминогени ликови во власта мора да сопре, а тие мора итно да заминат. И ќе одговараат, за сите дела, пред правото и правдата, пред суд кој што нема да е прислушуван и во пупката на Зоран Заев“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Schermata-2018-07-03-alle-11.17.16-650x359-2

Википедија го исфрли црногорскиот јазик, смета дека 3 јазика се доволни за 4 народи

Википедија на црногорски јазик не може да биде одобрена бидејќи јазичниот комитет дал негативно мислење и смета дека црногорскиот јазик, како српскиот, хрватскиот и бошњачкиот се гранка на српско-хрватскиот јазик.Оваа информација ја соопшти Слободан Јовановиќ, кој е дел од три члениот тим задолжен за Википедија на црногосрки јазик. Тој истакна дека станува збор за не фер однос.„За нас ова е дискриминација“, вели ЈовановиќИсто така тој додава дека црногорскиот тим директно ќе се обрати на основачите на Википедија со силна аргументација повикувајќи се на стандартите кои ги поставиле.  

Свет | пред 7 години

7 год.
48425156_2029625463784717_7455382336100630528_o

Колективно палење на маичките со лого на СЈО на плоштад

На социјалната мрежа Фејсбук се појави настан со име „Колективно палење на СЈО маичките на плоштад“. Настанот започна на 27 декември и ќе трае до понеделник во 15 часот. Организаторите поради зголеменото ниво на слобода кај обвинетите на СЈО предлагаат маичките да се запалат.„Поради зголеменото ниво на слобода кај обвинетите во предметите на СЈО предлагаме да се собереме сите заеднички и да ги спалиме маичките со логото од СЈО.Врвни научници потврдија дека чадот од истите нема дополнително да го загади воздухот“, стои во описот на настанот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО гони Скопјанец поради две разбојништва во аптеки

Осомничен за разбојништво на 4 декември годинава во аптека на Зегин Фарм ДООЕЛ Скопје која се наоѓа на Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопј околу 18.45 часот влегол со црна маска на лицето и полн шприц во раката, се заканил на вработената по што одзел 9790,00 денари. Второто разбојништво го сторил на 12 декември во 18.25 часот, во  ПЗУ Моја Аптека Зегин. На ист начин, со маска на главата и скалпел во рацете се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1500,00 денари.„Со овие дејствија осомничениот сторил две кривични дела Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, за што Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка.Поради постоење на околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомниченото лице ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомниченото лице.“, велат од обвинителството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Музичка забова со Дарио и „New Blue Trio“ во „Винтерленд“

Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.„Во пресрет на новогодишните празници, овој викенд е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.Програмскиот дел денеска почнува во 12 часот со детската претстава „Земја во која не се стигнува“, како и со улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со Дарио, а продолжува во 22 часот со настапот на „New Blue Trio““, велат од Град Скопје. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
klup-voda-zastitena

Хулигани продолжуваат да уништуваат јавни добра

Секој викенд иста песна...Агресивни поединци повторно својата вишок сила ја истураат врз јавните добра низ Охрид. Денеска клупа заврши во езерските води. Иако надлежните институции постојано реагираат и испраќаат апел до граѓаните, многумина го поставуваат прашањето, зошто овие проблеми со децении се провлекуваат низ охридските улици?Ова не е прв случај како хулигани си поигруваат со јавните добра. За потсетување пред само една недела вандали ја уништиле урбаната опрема која е поставена од страна на Охридски комуналец. Оттаму кажаа дека ова ги надминува сите граници на цивилизирано однесување.Неодамна беа демолирани јавни тоалети кај Горна порта, а корпите за отпад, како да се навикнавме поради вакви дивеења да звршуваат во езеро.Апел... Вразумете се, ова сепак е од интерес за сите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ljubco_georgievski

ВМРО-Народна партија со поддршка на идејата за промена на членот 353 од Кривичниот законик

ВМРО-Народна партија упатува поддршка на идејата за промена на членот 353 од Кривичниот законик.„Сметаме дека начинот на кој што е претставен е премногу ригиден и дава огромен простор за реваншизам помеѓу политичките партии кои се менуваат при промена на власта во државата.Исто така потсетуваме дека во 1998 година, во време на сомнителната приватизација овој член од законот воопшто и не постоеше од проста причина што со се дава простор за манипулација помеѓу политичките чинители.ВМРО-Народна партија предлага, Владата како добар пример во предвид да го земе примерот на Велика Британија за кој нема да има потреба од многу промени и одлично би се вклопил во Казнениот законик на Република Македонија“, се наведува во соопштението од партијата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања