„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Охриѓанец кршел во казино, а потоа физички го нападнал работникот на обезбедувањето

Утрово во 02,45 часот во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир од страна на Љ.Т.(25) од охридското село Лескоец, кој со рака скршил еден електронски апарат, по што физички го нападнал Г.Д.(41), работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите.Сторителот на нарушувањето е приведен и против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

По силниот земјотрес на Филипини, издадено предупредување за цунами

Предупредување за цунами е издадено на некои делови од Филипини и Индонезија по земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтер.Потресот се случил во јужните делови на Филипини, а целата обала во должина од 300 километри е под опасност од цунами.Сеизмолозите ги советуваат луѓето да бидат подалеку од плажата.Иако постои опасност, според првите предвидувања брановите треба да бидат помали од еден метар над вообичаеното ниво.

Свет | пред 7 години

7 год.
latas

Со измените на Кривичен законик ќе се спаси и Латас

Филип Стојановски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека измените на член 279-а од Кривичниот законик ќе влијаат врз делата чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ на СЈО.„Според анализи од правници, измените на член 279-a од Кривичен законик што денес се предложени во Собрание директно влијаат на дела чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ на СЈО во кој е обвинет Д.П. Латас..Ако се направат измените бидејќи за тоа дело е предвидена казна од 3 години, ќе застари на 6 години од сторувањето“, напиша Стојановски на Фејсбук.Според други, Латас не го опфаќаат промените на Кривичниот законик.„Латас е обвинет според 279 за даночно затајување, а со измените на Кривичниот законик се воведуваат нови членови, 279-а даночна измама и 279-б за избегнување на плаќање акцизи.Овие две кривични дела немаат никаква поврзаност со предметите на СЈО бидејќи се нови“, се вели во јавноста.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3303530-1300

(ВИДЕО) Суад стана хит на Балканот додека учеше да скија

Корисниците на социјалните мрежи вчера ги одушеви видео во кое малиот Суад учи да скија.Како што може да се забележи на видеото суда има проблем со управувањето, а позади него иде постар скијач кој пробува да му даде инструкции.https://www.instagram.com/p/Br8DRt0lomI/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Магазин | пред 7 години

7 год.
6b14dbe4-97ff-47d0-815c-6ab448afce8e-2

(ВИДЕО) Стоилковски: Тоа што Македонија паѓа на светските рејтинг листи е доказ за општата состојба

Црнилата, девастацијата на Република Македонија, ова економско цунами, коруптивност и криминал заради безидејноста на октроираната власт за една намена добија потврда и од ценетиот „Форбс“. Сега Република Македонија е на 68 место, додека за споредба 2014 била рангирана 31 место, како најдобра во регионот! И сега доживуваме огромен пад!, изјави Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.„Тешко стекнатиот меѓународен рејтинг на Република Македонија, оваа власт го топи како воопшто да не и е грижа за утре! Па и не и’ е. Само од минатата година според оваа листа на „Форбс“ има пад од 5 позиции на листата на држави за водење бизнис.Корупцијата на оваа влада, која наместо да се бори со корупцијата, дури и предизборно ја поттикнуваше, ја однесе Република Македонија дури на 97-мото место! Најмногу забелешки „Форбс“ има за владеењето на правото, нееднаквото спроведување на законите. Дури и она што не задржало да не пропаднеме на повеќе на оваа листа како Република Македонија, ниските даноци, оваа црна власт се погрижи да тоа биде урнато следната година! Забелешките за големата застапеност на сивата економија, догодина со даночната политика и политиката само кон зелените пазари ќе бидат дополнително страшни!Оценката на „Форбс“ е потврда на сите стравувања и укажувања од опозицијата, на сите забелешки за оваа кои црната власт остана глува и продолжи со тендери во 4 очи, со милионски коруптивни договори во секој владин сектор и ресор.Но затоа пак вицепремиерите вчера добија покачување на платата. Од оние за одбрана и безбедност, Шекеринска и Спасовски, преку Османи за евроинтеграциите, до вицепремиерот за економски прашања иновативниот Кочо Анѓушев. Покачена плата од 8.000 денари месечно, покачувања додека сиромаштијата зема замав, а спиралата на поскапувања врти. Поскапувања „на поевтиниот леб“ како што оцени иновативниот Кочо Анѓушев“, изјави СтоилковскиТој додаде дека додека Република Македонија паѓа на светските рејтинг листи за тоа како треба да се води бизнис е доказ за општата состојба во Република Македонија.„На сила се турка закон со кој секое јавно претпријатие во Република Македонија, секое државно, но и секое општинско јавно претпријатие треба дополнително да се донаполни со партиски функционери, со заменици директори, кои би ги менувале директорите кога тие би биле отсутни! Па се поставува прашањето колку може да отсуствуваат директорите, за да мора да бидат назначени нивни заменици, функционери со свои кабинети, секретарки, советници, шофери и секако можност за апанажа!?Почитувани, вакво расипништво, вакво самоволие, ваква однароденост, е неприфатлива во Република Македонија! Си покачуваат плати, ја партизираат секоја пора на општеството, сега се измислуваат функционери за да се цица буџетот, за кој што раката на оваа власт се подлабоко ја вовлекуваат во и така испразнетите џебови на народот! И уште дополнително ќе велат дека се срамат од македонскиот народ, со навреди „искомплексирана нација“.И потоа уште се наметнува идеја, поткрепена и од Талат Џафери, дека пратениците морало да бидат згрижени за потоа, цитирам, „да не буричкале во контејнери“!?Почитувани, ова нема поинаков опис освен тотална бесрамност и негрижа на власта и владејачкото мнозинство за државата и за сите нејзини граѓани! Ова црнило предизвикана од натурените криминогени ликови во власта мора да сопре, а тие мора итно да заминат. И ќе одговараат, за сите дела, пред правото и правдата, пред суд кој што нема да е прислушуван и во пупката на Зоран Заев“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Schermata-2018-07-03-alle-11.17.16-650x359-2

Википедија го исфрли црногорскиот јазик, смета дека 3 јазика се доволни за 4 народи

Википедија на црногорски јазик не може да биде одобрена бидејќи јазичниот комитет дал негативно мислење и смета дека црногорскиот јазик, како српскиот, хрватскиот и бошњачкиот се гранка на српско-хрватскиот јазик.Оваа информација ја соопшти Слободан Јовановиќ, кој е дел од три члениот тим задолжен за Википедија на црногосрки јазик. Тој истакна дека станува збор за не фер однос.„За нас ова е дискриминација“, вели ЈовановиќИсто така тој додава дека црногорскиот тим директно ќе се обрати на основачите на Википедија со силна аргументација повикувајќи се на стандартите кои ги поставиле.  

Свет | пред 7 години

7 год.
48425156_2029625463784717_7455382336100630528_o

Колективно палење на маичките со лого на СЈО на плоштад

На социјалната мрежа Фејсбук се појави настан со име „Колективно палење на СЈО маичките на плоштад“. Настанот започна на 27 декември и ќе трае до понеделник во 15 часот. Организаторите поради зголеменото ниво на слобода кај обвинетите на СЈО предлагаат маичките да се запалат.„Поради зголеменото ниво на слобода кај обвинетите во предметите на СЈО предлагаме да се собереме сите заеднички и да ги спалиме маичките со логото од СЈО.Врвни научници потврдија дека чадот од истите нема дополнително да го загади воздухот“, стои во описот на настанот. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО гони Скопјанец поради две разбојништва во аптеки

Осомничен за разбојништво на 4 декември годинава во аптека на Зегин Фарм ДООЕЛ Скопје која се наоѓа на Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопј околу 18.45 часот влегол со црна маска на лицето и полн шприц во раката, се заканил на вработената по што одзел 9790,00 денари. Второто разбојништво го сторил на 12 декември во 18.25 часот, во  ПЗУ Моја Аптека Зегин. На ист начин, со маска на главата и скалпел во рацете се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1500,00 денари.„Со овие дејствија осомничениот сторил две кривични дела Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, за што Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка.Поради постоење на околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомниченото лице ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомниченото лице.“, велат од обвинителството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Музичка забова со Дарио и „New Blue Trio“ во „Винтерленд“

Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.„Во пресрет на новогодишните празници, овој викенд е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.Програмскиот дел денеска почнува во 12 часот со детската претстава „Земја во која не се стигнува“, како и со улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со Дарио, а продолжува во 22 часот со настапот на „New Blue Trio““, велат од Град Скопје. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
klup-voda-zastitena

Хулигани продолжуваат да уништуваат јавни добра

Секој викенд иста песна...Агресивни поединци повторно својата вишок сила ја истураат врз јавните добра низ Охрид. Денеска клупа заврши во езерските води. Иако надлежните институции постојано реагираат и испраќаат апел до граѓаните, многумина го поставуваат прашањето, зошто овие проблеми со децении се провлекуваат низ охридските улици?Ова не е прв случај како хулигани си поигруваат со јавните добра. За потсетување пред само една недела вандали ја уништиле урбаната опрема која е поставена од страна на Охридски комуналец. Оттаму кажаа дека ова ги надминува сите граници на цивилизирано однесување.Неодамна беа демолирани јавни тоалети кај Горна порта, а корпите за отпад, како да се навикнавме поради вакви дивеења да звршуваат во езеро.Апел... Вразумете се, ова сепак е од интерес за сите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ljubco_georgievski

ВМРО-Народна партија со поддршка на идејата за промена на членот 353 од Кривичниот законик

ВМРО-Народна партија упатува поддршка на идејата за промена на членот 353 од Кривичниот законик.„Сметаме дека начинот на кој што е претставен е премногу ригиден и дава огромен простор за реваншизам помеѓу политичките партии кои се менуваат при промена на власта во државата.Исто така потсетуваме дека во 1998 година, во време на сомнителната приватизација овој член од законот воопшто и не постоеше од проста причина што со се дава простор за манипулација помеѓу политичките чинители.ВМРО-Народна партија предлага, Владата како добар пример во предвид да го земе примерот на Велика Британија за кој нема да има потреба од многу промени и одлично би се вклопил во Казнениот законик на Република Македонија“, се наведува во соопштението од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49012520_1012812068926920_1289258313636118528_n

(ФОТО) Поставени пароли против уставните измени и промена на името

Утрово активистите на студентското движење „Млади за Македонија" спроведоа герила-акција на влезовите на Скопје.На неколку надвозници закачени се пароли против уставните измени и против промената на името. Од „Млади за Македонија" велат дека ова е почетокот на, како што тие го нарекуваат црвено-жолтиот отпор.Велат дека преку ненасилен отпор и креативни акции ќе се борат против промената на името.

Скопје | пред 7 години

7 год.
RSBSP_01-5

„Без изговори!“ Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници

Новогодишната еуфорија помалку или повеќе се чувствува кај секој од нас. Предновогодишните и новогодишните прослави се во полн ек. Кафеаните и кафулињата се полни, а раздвиженоста се чувствува и на плоштадите и во трговските центри. Тротоарите се преполни со пешаци, а гужвата во сообраќајот е составен дел од празничната атмосфера.Сите сакаат да ги поминат најубавите празници во годината, Нова Година и Божиќ, во позитивна атмосфера, со добра забава, во добро расположение и во друштво на најблиските, најсаканите и најдрагите. Онака како што доликува за Нова Година.Но, за да останете весели и среќни и во добро расположение и во 2019 година, треба да го задржите разумот и свеста во овие весели и празнични денови.Добро познат факт е дека најмногу консумиран, а веројатно неизбежен и „одговорен“ за добра забава на секоја прослава е алкохолот. Некои велат, без алкохол, нема добра забава. Некои велат, консумирај одговорно и помалку и не е страшно, иако, најголем дел од граѓаните, многу добро ги знаат штетните последици од консумирањето алкохол. А за ризикот и за опасноста од возење во пијана состојба, нема кој не знае. И покрај тоа, пијаните возачи сѐ уште се присутни на патиштата и претставуваат сериозна закана за самите себе, но и за останатите учесници во сообраќајот.РСБСП апелира: За добри и весели празници, за среќна и весела 2019 година - не управувај моторно возило под дејство на алкохол! Изборот е едноставен: доколку консумираш алкохол - не возиш, доколку возиш - не консумираш алкохол. Да, тоа е толку едноставно, а во суштина, спасува живот. Изборот е твој, а од твојот избор, зависи дали ќе ги поминеш празниците во добро расположение, ќе добиеш казна од полицијата и одземање на возачката дозвола, или пак ќе завршиш во болница или најстрашното - новогодишната ноќ за некого ќе заврши фатално.Колку и да звучи неубаво, на некого можеби и делумно ќе му се расипе празничното  расположение, сепак таа е вистината, таа е реалноста и секогаш треба да бидете свесни за сериозноста од последиците и за ризикот на кој се изложувате доколку возите под дејство на алкохол.Ако немате некоја голема или неодложна потреба, најдобро е да го оставите возилото и да побарате друга форма на транспорт. Студеното време, ниските температури, замрзнатите и влажни коловози и маглата на патиштата, можат да ви направат проблеми. Затоа, најдобро е да користите такси или друг јавен превоз.И не заборавајте: не му дозволувајте на пијан возач да вози и да ве вози! Не го доверувајте вашиот живот и вашето здравје, како и животот и здравјето на вашите најмили, на вашите најблиски, на човек под дејство на алкохол!Затоа, без изговори. Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници. Фактот дека е период на празници, време на веселби, прослави,  и забави, не ви дава право да управувате моторно возило под дејство на алкохол. Напротив,  ова е период во кој возачите треба да ја покажаат на дело својата свесност и совесност.На сите учесници во сообраќајот, РСБСП им посакува среќна Нова Година, со желба за добро здравје и многу успех на секое поле, воедно повикува на разумно и одговорно учество во сообраќајот.Секој километар во 2019 година, нека ви биде безбеден и исполнет со љубов!

Македонија | пред 7 години

7 год.
6b14dbe4-97ff-47d0-815c-6ab448afce8e-1

(ВИДЕО) Шекеринска: Ова е годината во која ја прекинавме изолацијата и ги отворивме вратите за да станеме рамноправна членка на НАТО

Гледајќи наназад, можеме да бидеме навистина горди на она што заедно го постигнавме во 2018 година. Во историјата ќе остане запишано дека ова е годината во која ја прекинавме изолацијата на нашата татковина и ги отворивме вратите за да станеме рамноправна членка во најмоќниот воено-политички сојуз, изјави Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во своето новогодишно видео обраќање.„За прв пат по 14 години американски секретар за одбрана ја посети Македонија. За прв пат по 6 години имавме средба на највисоко ниво во Пентагон. По повеќе од една декада генерален секретар на НАТО ја посети Македонија и тоа два пати во иста година. За прв пат во нашата историја во една година имавме билатерални средби со министрите за одбрана на Франција, на Германија, на Италија.Клучните политички авторитети на светската сцена допатуваа кај нас да ни порачаат – ве очекуваме, време е да станеме сојузници!Но, крупните достигнувања не нè одвратија од одлучноста да и се оддолжиме на Армијата. Ветивме и сработивме – за прв пат, две години по ред растат и буџетот за одбраната и платите за Армијата на Република Македонија. Тоа е затоа што знаеме кој е столбот на нашата безбедност – тоа се нашите војници и нашите офицери!Долги години само се зборуваше за проблемите со униформи и чизми на припадниците на Армијата на Република Македонија. Оваа година покажавме дека знаеме да ги решаваме проблемите. Обезбедиме чизми за сите припадници на Армијата на Република Македонија и веќе потпишавме договор за 14.000 униформи. Нашите војници и офицери никогаш повеќе нема да се соочуваат со овој проблем.375 млади луѓе оваа 2018 година влегоа во редовите на Армијата. Го реализиравме тоа што го ветивме. 375 млади луѓе добија работа со добри услови и со шанса за напредок.Во 2018 година се фокусиравме на нашата цел - Македонија да биде член на европското семејство. Знаеме дека во 2019 нашиот фокус мора да биде на домашните реформи. Да ги зголемиме шансите за сите граѓани на нашата татковина. Да ја подобриме економијата и да го засилиме животниот стандард. За ова ќе ни треба вашата доверба и вашата поддршка. Ќе работиме напорно и ќе го испорачаме ветеното.Ви посакувам среќна Нова 2019 година и ве повикувам заедно да го кренеме македонското знаме пред НАТО – алијансата и да продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина“, изјави Шекеринска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
noz-ubistvo-napad

Лицето кое ја избоде својата девојка имал повеќе од 2 промили алкохол

Во центарот на Прилеп, во населбата Тризла, синоќа доцна по расправија од живот била лишена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното дете на жртвата.„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Припеп изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Обезбедени се и подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на обдукција на телото на починатата. Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот која е побарана од обвинителството. Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп ги презема сите дејствија за целосно расчистување на предметот.“, велат од обвинителството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанец удрил пешак и избегал

Вчера на улицата “Сараевска“ патничко моторно возило удрило во пешакот Љ.И.(66) од Скопје. Возилото по незгодата го напуштило местото на настанот.Љ.И. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прилепчанец со нож ја усмртил девојката со која бил во љубовна врска

Вчера од слобода е лишен Х.К. (36) од Прилеп затоа што  во периодот од 21.30 до 22 часот во куќа на ул.„Круме Волнарски“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, со неколку убоди со нож во пределот на градниот кош ја усмртил Е. Г. (33) од Прилеп.Х.К. и Е.Г. биле во љубовна врска, а делото е извршено во куќата на Х.К., каде Е.Г. дошла заедно со нејзиниот син.Од страна на полициски службеници на ПС Прилеп, Х.К. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка. По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Г. е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-1

Големиот пожар во Скопје одзеде еден живот

Едно лице почина во големиот пожар кој изби во куќа во центарот на Скопје.Мажот во моментот кога избил пожарот бил во продавницата за гуми која се наоѓала во објектот. И покрај обидите на пожарникарите да го извлечат и спасат, не успеале во тоа.Во пожарот едно лице било полесно повредено и истотот по укажаната помош на Брзата помош било пуштено дома.Пожарот на улицата Јордан Мијалков изби околу 12 часот. Црн чад се ширеше во центарот на градот поради запалените гуми во објектот. Против пожарната служба интервенираше со 8 возила.

Скопје | пред 7 години

7 год.
pozar-1

Експлозија на плинска боца причина за вчерашниот пожар

Вчера на улицата „Јордан Мијалков“ во сервис за моторцикли „Тјунинг“,  експлодирала плинска боца, при што во моментот на експлозијата, А.Ј.(27) и М.Б.(33) и двајцата од Скопје, кои работеле на сервис на мотор, се здобиле со телесни повреди.Со телесни повреди се здобил и сопственикот на сервисот С.П. (38) од Скопје. Вработениот М.С.(25) од Скопје бил пронајден починат, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.На местото на настанот извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Автобус удри во пешак, возачот задржан во ПС Гостивар

Вчера во 18,50 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај Дебрешки надвозник, се случила сообраќајна незгода во која автобус со гостиварски регистерски таблици управуван од А.А.(50) од с.Долна Бањица – гостиварско, удрил во пешакот И.Д. (52) од с.Форино-гостиварско.Од повредите на местото на настанот починал И.Д.. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.По наредба на Јавен обвинител возачот А.А. бил лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања