„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
sneg-turcija

Најмалку тројца загинати во снежна бура во Турција

Турската новинска агенција Анадолија објави дека централниот дел на Турција е погоден од невреме, а најпогодена е областа Анкара. Најмалку три лица загинаа, а 55 беа повредени во две автобуски несреќи во централна Турција и Анкара, објавија турските медиуми. Во автобуската несреќа во Кирсехир меѓу жртвите, едно е дете, а повредени се 35 луѓе, од кои шестмина во критична состојба.Во слична несреќа во близина на Анкара, повредени се 20 луѓе.Во главниот град на Турција порди снежната бура затворени се училиштата и поединечни патишта.

Свет | пред 7 години

7 год.
elenko-advokat

И Груевски сака амнестија? Адвокатот поднесе барање од свое лично име

Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапуваше Никола Груевски, а кој е бранител и во постапката за 27 април, поднел до судот барање за амнестија. Тој барањето го поднел од свое лично име, односно за себе, а не за неговиот клиент, бидејќи во законот стоело дека секој граѓанин можел да поднесе барање за амнестија за настаните од 27 април.Судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за поднесеното барање го праша адвокатот Миланов дали можеби таа нешто испуштила, односно дали тој случајно е обвинет, а таа не знае.Инаку според судијката Кацарска , до сега брања за амнестија биле поднесени 29.Барање не поднесоа обвинетите Игор Југ, Јане Ченто, Митко Чавков, Игор Дурловски и Душко Лазаров.

пред 7 години

7 год.
zaev-hrvtska-2

Заев засега не планира поголема реконструкција на Владата, денеска се менуват двајца министри

Премиерот Зоран Заев засега не планирал поголема реконструкција на Владата.„Предлозите за разрешување на двајцата министри во Парламентот се одлуки донесени од страна на раководствата на политичките партиципиенти во власта, кои бараа соодветна замена“, изјави премиерот Зоран Заев.Инаку денеска собранието треба да ги разреши министрите Аксел Ахмедовски, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и Аднан Ќахил, министер без ресор задолжен за странски инвестиции. На местото на Аксел Ахмедовски се предлага да се избере Музафер Бајрам, а функцијта од Аднан Ќахил на треба да ја превземе Елвин Хасан.Инаку премиерот Заев денеска кажа дека двајцата министри кои треба да се разрешат нема да останат без работа. Тој додаде дека веќе утре лично ќе разговара за нивните нови ангажмани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
davor

(ВИДЕО)Тензично во Бања Лука, на улиците антивладини протести

Полицијата на Република Српска интервенираше против демонстрантите кои на улица бараа разјаснување на убиството на момчето Давид Драгичевиќ. Неговиот татко вечерта ја мина во притвор, откако тој побара вистината за смртта на неговиот син и со тоа предизвика неколку месечни протести против властите. Давор ги обвинува највисоките полициски службеници за прикривање на убиството на неговиот син Давид.Адвокатите на Драгичевиќ велат дека тој бил повреден за време на апсењето, но полицијата го негираше тоа.Демонстрациите во Бања Лука продолжија во текот на целата ноќ, а полицијата опремена за немири беше распоредена со цел да ги спречи и задржи демонстрантите. Имло и блиски средби меѓу демонстрантите и полицијата која соопшти дека еден нејзин припадник бил повреден.Движењето на Драгичевиќ „Правда за Давид“ бара информации за смртта на неговиот 21-годишен син Давид Драгичевиќ во март годинава.22 годишниот Давор Драгичевиќ, исчезна во март, а по 6 дена беше пронајден мртов во реката карј Бања Лука. Семејството е убедено дека е убиен и бара правда за него.Полицијата првично соопшти дека е самоубиство, но семејството на момчето и некои активисти инсистираат на тоа дека тој бил убиен.Властите ги негираат обвинувањата.

Свет | пред 7 години

7 год.
sjo

СЈО за ТВ 24: Интенцијата на измени на кривичниот законик е намалување на казните , а не влијание врз постапките

СЈО не го интересираат и не е вклучен со меѓупартиските преговори за измена за членот 353 од кривичниот законик - велат од обвинителството на Катица Јанева за ТВ 24“.„Од она што ние го знаеме интенцијата е поблаго одмерување на казните, а не измени со коишто ќе се влијае на постапките на сјо или застарување на предметите на СЈО коишто се однесуваат на злоупотребна на службената должност.“ - велат од СЈО, за ТВ 24.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ТВ 24: Власта го менува членот 353 во кривичниот законик, ќе паѓаат ли предмети на СЈО?

Владејачкото мнозинство го менува ченот 353 од кривичниот законик,потврдуваат за тв 24 извори од собранието, објави ТВ 24.Според нив, ставот од законот со кој се предвидува одговорнсот за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“, ќе биде преименуван и ќе се бара одговорснот само за оние кои оставриле „имотна корист“. Од власта тврдат дека измената е усогласена со СЈО и дека нема да има влијание на предметите. Дел од обвиненијата на СЈО се по членот 353.Тв 24 побара став од сјо, оттаму ни најавија дека доколку имаат коментар дополнително ќе ни одговорат. Менувањето на членот беше активирано уште летоска, власта тврдеше дека е на барање на опозицијата и дека амнестија нема да има за предметите на СЈО. Опозицијата пак демантираше дека бара некаква амнестија. Според информациите од Собранието, измената ќе влезе со потписи на пратеници, откако прво ќе бидат повлечени измените на кз кој што беше вчера на ставен на седница.извор: ТВ 24

пред 7 години

7 год.
stojan-drugar-premier

Другар на премиерот со државни бизниси

Стојан Иванов, другарот од детството на премиерот Зоран Заев, добил уште еден партнерски бизнис со Владата. Од летоска, возачките испити во струмичкиот регион се полагаат кај Иванов, додека БИРН сега открива оти овој струмичанец на почетокот од годинава зел под закуп и 14 бифеа распоредени по министерствата и во неколку државни институции, објави Призма.мк.Владата го релативизира ова другарство, оттаму ни рекоа дека премиерот има пријателски релации со сите соученици од средно школо, меѓутоа Стојан Иванов беше прилично искрен во разговорот со нас во Струмица.„Како мали игравме фудбал! Учевме во истиот клас во средно и до ден-денес сме пријатели. За мене пријателството е света работа. Си одиме по родендени, слави, си бевме на свадбите и заедно сме биле и на одмори, сето тоа и пред да стане градоначалник.“„Меѓутоа, ниту Заев ми помогнал, ниту имав потреба да помага. Тој не знаеше кога и каде сум конкурирал“, дециден е Иванов.И од кабинетот на премиерот ги отфрлаат сомнежите дека тука постои фаворизирање по пријателска основа или кронизам.Македонија е мала земја, народски кажано, сите се знаеме и затоа кронизмот некогаш може да биде случаен или неизбежен. Сепак, истражувањето на БИРН открива дека Иванов претходно никогаш не конкурирал за бизнис поврзан со државата, меѓутоа годинава тоа го направил во два наврати.Стојан Иванов по професија е „безбедњак“, завршил Факултет за безбедност и работел во полето на своето образование како газда на фирма за обезбедување.Во 2012 ја продал компанијата и наредната година го отворил популарното кафуле „Концепт кафе“ сместено на струмичкото шеталиште во близина на главниот плоштад.Нема искуство со шоферските испити, освен кога самиот полагал.Законот предвидува, во секој од осумте региони во републиката, МВР да одбере само една фирма што ќе ги одржува возачките испити, што практично значи дека таа ќе има монопол.Сега фирмата на Стојан Иванов го има монополот теоретски да испитува, да оценува полигон и градско возење на подрачјето на градовите Струмица, Гевгелија, Валандово и Радовиш.Иванов вели дека идејата за испитниот центар му дошла постепено, по чаршијата слушал како граѓаните се жалат од фирмата што во последнава деценија управуваше со центарот. Плус, со месеци имало застој во полагањето.Токму годинава истекувала лиценцата за испитниот центар и МВР летоска распиша конкурс за да додели нова. Лиценцата ја доби другарот на Заев, а единствена конкуренција му беше фирмата што до тогаш ги спроведувала испитите.Во намерата да покаже дека тој навистина е подобар кандидат од претходниците, Иванов ни откри дека процесот за добивање на испитниот центар е таков што морал прво да инвестира, па потоа да конкурира.Со други зборови, вложил 150.000 евра пред да конкурира зашто едноставно така налагал законот.Морал да има одреден број висококвалификувани работници, кои се дефицитарни во струмичкиот регион, просторија од најмалку 50 квадрати во секој од четирите градови, вкупно 120 компјутери и возила од сите категории.На нашата забелешка дека личи на коцкарски потег некој да вложи толку пари, а да нема сигнал дека ќе го добие испитниот центар, тој коментира:„За коцкарскиот ризик се согласувам до една мера, но исклучиво од бизнис-аспект, како и секоја инвестиција што има ризици. Сепак, направив проценка дека тоа е инвестиција за која вреди да се ризикува, а Струмица е мало место и можев да претпоставам кои ми се конкурентите. Имав внатрешни информации дека претходниците не планираат да доинвестираат, оти беа „залегнати“ и сигурни дека повторно ќе го добијат бизнисот. Јас газев машки и ги победив“, вели Иванов и додава дека во трката за испитниот центар, од можни 30 бодови, тој добил 29, а конкурентите 20.Планира инвестицијата да ја врати за три или за три и пол години, односно речиси да ја удвои до истекот на лиценцата до 2023. Сега лиценците траат пет, наместо 10 години.Угостителството, пак, не му е непозната работа, но документите што ги обезбеди БИРН покажуваат дека Стојан Иванов речиси и да немал конкуренција во обидот да го земе бизнисот со владини бифеа.Владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) прво го раскинала договорот со фирмата што претходно ги услужувала министерствата, зашто уредно не плаќала кирија, па во февруари годинава го одржала јавното наддавање за вкупно 16 бифеа.За дури 14 од нив Иванов немал конкуренција и како единствен заинтересиран го добил правото да ги земе под наем во наредните две години.Тој ја искористил шансата и наддавал минимални суми од еден до девет денари на почетната цена за месечна кирија. Ако стартната цена во МНР била 67.176 денари, тој дал понуда повисока за цели четири денари и бидејќи немал конкуренција, го добил правото за 67.180 денари да го земе под закуп бифето во новата зграда покрај Вардар.На истото јавно наддавање, Стојан Иванов се соочил со конкуренција само за две бифеа и во двата случаи се откажал откако дал само по една понуда.Идејата на јавните наддавања, тоа се еден вид аукции, е државата да извлече максимум од понудувачите, со тоа што ќе ги мотивира фирмите да се натпреваруваат и со тоа сериозно да ја зголеми почетната сума што ќе ја добива за месечна кирија, меѓутоа на ова наддавање тоа очигледно не се случило.Едноставната математика покажува дека за сите 16 бифеа, Владата ќе добива само 156 денари повеќе отколку што била почетната цена.Зошто при доделувањето на бифеата немало конкуренција?СОЗР, на почетокот од февруари, распишала оглас дека ќе има наддавање, и тој траел десет календарски дена, од 2 февруари до 12. Огласот се појавил еден ден во два дневни весника, каде што и Стојан Иванов го забележал.Два дена по завршување на огласот е одржано наддавањето.Првично се пријавиле пет заинтересирани фирми, од кои две биле дисквалификувани бидејќи пријавите им биле неуредни и некомплетни. Тоа значи дека три фирми можеле да наддаваат, меѓутоа една од нив решила да не учествува во наддавањето, иако го поминала првиот круг.Така се отворила шансата Стојан Иванов сам да наддава за 14 бифеа, а со конкуренција се соочил само за бифеата во министерствата за животна средина и за економија.БИРН ја праша СОЗР дали се потрудила да се комплетираат двете понуди што биле одбиени, но оттаму ни одговорија дека би ги фаворизирале компаниите што доставиле уредна документација, доколку би го сториле тоа.СОЗР, исто така, нема информација зошто една од фирмите не наддавала, иако се квалификувала.Стојан Иванов отфрла дека и за овој бизнис му помогнал премиерот-другар.„Не сум нечија сенка, јас сум директор и основач на фирмите. Не сакам да се кријам само зошто премиерот ми е другар.“Извор: Призма.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
ustav

Засега за уставните измени ќе гласаат 76 пратеници, а треба 80 за да помине

Не од 80 туку власта има поддршка за уставните измени од 76 пратеници. Неофицијално „виси“ поддршката за гласањето на измените во јануари од некои пратеници. Оние кои се сметаа за “сигурни“, во меѓу време се разочарале од амнестијата и новите притвори, а некои од пратениците нити негирале нити потврдувале дека ќе гласаат.Премиерот најави дека разговара со пратениците, но времето е кусо. Гласањето се очекува да биде меѓу 9 и 15 јануари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bombradirnje

(ВИДЕО)Израел изврши воздушен напад близу Дамаск

Повеќе израелски ракети паднаа синоќа во близина на Дамаск, а повеќето биле соборени од сириската противвоздушна одбрана, јави сириската државна телевизија повикувајќи се на воени извори. Соопштено е дека тројца војници се повредени во нападот, а погоден е магацин со оружје, пренесува Ројтерс.„Нашата противвоздушна одбрана реагираше против ракетите на израелски борбени авиони испукани од либанскиот воздушен простор и ги собори повеќето од нив пред да ја погодат целта“, соопшти воен извор.Овие напади се први откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека САД ќе ги повлечат своите 2.000 војници од Сирија.

Свет | пред 7 години

7 год.
Mitko-Cavkov

Чавков не поднесе барање за амнестија

Поранешниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Митко Чавков се изјаснил дека ќе ја докаже својата невиност пред судот, токму поради тоа и не поднел барање за амнестија. неговиот адвокат Сашко Дуковски рече дека законот за амнестија е донесен наменски, само за одредени лица.Запрашан како правник како гледа на тоа дека судијката Добрила Кацарска смета дека не треба таа да одлучува по поднесените барања, адвокатот на Чавков рече дека судијката е во право со нејзиниот став по ова прашање.Освен обвинетиот Чавков, барање за амнестија за 27 април не поднесоа обвинетите Јане Ченто, Игор Југ и Душко Лазаров.

пред 7 години

7 год.
popovski

Апелациониот суд ја укина пресудата од 9 години затвор за Ѓоко Поповски

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот на СЈО „Триста“, односно за спорната набавка на МВР со која биле набавени 300 возила, и случајот го врати на повторно судење. Обвинет во овој случај, за злоупотреба на службената положба и овластување, беше помошник министерот во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на 9-годишна казна затвор.Со укинувањето на пресудата се укинува и обврската да му ја надомести штетата на МВР од 28 милиони денари во овој предмет на СЈО познат како „Триста“.Пресудата на 22 мај му ја изрече судијката Добрила Кацарска.

пред 7 години

7 год.
mvr1

За 24 часа во Скопје: 9 сообраќајни несреќи, 17 возачи возеле пребрзо, 12 возачи користеле мобилен телефон, пајакот кренал 72 возила

Во текот на изминатиот ден (25.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинато лице, две со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди и едно лица се здобило со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 17 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи пет биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, девет поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 19 возачи поради неносење сигурносен појас и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Гувернерката на НБРМ: Новинарите се едни од главните афирматори на пораките на монетарната политика

„Комуникацијата е тековен предизвик за централните банки. Веќе е неспорно дека ефективната комуникација на централнобанкарските институции со јавноста секогаш ќе се одликува со одреден степен на флексибилност и приспособливост, во зависност не само од економското опкружување, туку и од интересот на јавноста и трендовите во делот на каналите и медиумите за комуникација и информирање, коишто поради развојот на технологијата и дигитализацијата, секојдневно се менуваат, се развиваат, се унапредуваат. Постојаното јакнење на транспарентноста, односно унапредувањето и развивањето на комуникацијата со јавноста, вклучително и со носителите на јавното информирање е предизвик и за Народната банка на Република Македонија. На редовна основа посветено работиме за да одговориме соодветно на предизвикот, и тоа истовремено посветувајќи внимание на двата пункта на комуникацијата – непосредната комуникација со јавноста и комуникацијата со медиумите. Притоа, настојуваме да не биде зголемен само интензитетот, туку и квалитетот на нашата комуникација.“ – истакна гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска во своето поздравно обраќање на Работилницата за новинари организирана од централната банка вчера во Скопје.Притоа, таа им порача на новинарите, дека за НБРМ, тие се едни од главните афирматори на пораките на монетарната политика пред пошироката јавност. „Не во смисла на наши гласноговорници, туку како индивидуи и професионалци чиј збор има тежина за јавноста, а коишто катадневно ја следат нашата работа“ – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.Годинешново издание на Работилницата на коешто имаше најголем број учесници досега, се одликуваше со различен формат и концепт од досегашните, што е резултат и на обидот на НБРМ да го следи интересот на новинарите, како и нивните препораки искажани во текот на досегашната успешна соработка на централната банка со нив. Меѓу другото, во годинешниот концепт беше предвидено и повеќе време за дискусија и интеракција со учесниците.Работилницата беше фокусирана на две мошне важни теми, често присутни во новинарските текстови, прилози и анализи ‒ Анкетата на НБРМ за кредитната активност на банките и профитабилноста на банкарскиот сектор. Притоа, на овие теми беа одржани презентации од д-р Неда Поповска-Камнар од Дирекцијата за монетарна политика и истражување и м-р Михајло Васков од Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива при НБРМ. По секоја од презентациите се водеше и дискусија со учесниците, при што се одговорија повеќе нивни прашања.Во завршниот дел на настанот, главната економистка на НБРМ, д-р Анета Крстевска, којашто и претседаваше со Работилницата, имаше излагање што претставуваше осврт кон централнобанкарската комуникација во практиката, со одделен акцент на комуникацијата на НБРМ. Меѓу другото, беше посочено дека повеќето извештаи на НБРМ, како и објави на статистички податоци веќе се сумираат во посебни соопштенија, што значително ја олеснува комуникацијата со јавноста. Беа презентирани и податоците за индексот на транспарентност на централните банки, со посебен акцент на НБРМ. Динамички гледано, индексот на транспарентност на НБРМ покажува постојано зајакнување на комуникацијата на НБРМ со јавноста во доменот на монетарната политика, при што меѓу централните банки од регионот, НБРМ е лидер според степенот на транспарентноста. Во рамки на излагањето на главната економистка на НБРМ, одделно внимание им беше посветено и на согледувањата на комуникацијата на медиумите од практиката.На Работилницата, покрај тоа што се разговараше за темите коишто беа во нејзиниот фокус, се водеше дискусија и за искуствата на новинарите во комуникацијата со НБРМ во текот на изминатава година. Притоа беа прибрани и нивни препораки коишто ќе бидат разгледани и ќе бидат земени предвид при натамошното унапредување на односите на централната банка со јавноста.Работилницата заврши со дружење на коешто покрај учесниците, присуствуваа и уредници на средствата за јавно информирање и голем дел од новинарите коишто контактираа со НБРМ во 2018 година, присуствувајќи на организираните конференции за печатот, научни конференции и други настани, како и преку поставување прашања поврзани со централнобанкарското работење.И во натамошниот период, НБРМ ќе го подигнува нивото на својата транспарентност, унапредувајќи ги начинот, формата и каналите на комуникација, при што тимот на централната банка ќе се труди таа секогаш да биде општествено одговорна институција чија комуникација со претставниците на средствата за јавно информирање ќе биде на највисоко и најпрофесионално ниво и ќе биде пример за другите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr

Се повредил додека автобусот бил во движење

На 25.12.2018 година околу 11,00 часот пријавено е дека на улица "Христо Татарчев" во Скопје, И.Т.(84) од Скопје, патник во автобус на ЈСП, додека автобусот бил во движење, се повредил. Со возило на брза помош бил пренесен во комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Холандија ќе им плаќа на граѓаните за возење велосипед

Холандската влада неодамна објави дека ќе инвестира 345 милиони евра во инфраструктура за возење велосипед со цел повеќе од 200.000  луѓе да патуваат со велосипед за период од три години.Петнаесет патеки ќе бидат развиени во “велосипедски автопати” (автопати кои ќе ги задоволат оние на велосипеди), ќе се креираат 25.000 места за паркирање на велосипед и повеќе од 60 објекти за складирање на велосипеди ќе бидат надградени, извести холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство.Со 17 милиони жители и 23 милиони велосипеди, Холандија веќе има повеќе велосипеди отколку жители. Во 2016 година, повеќе од една четвртина од сите патувања направени на холандски жители биле со велосипед, според Холандскиот институт за анализа на транспортната политика.Но, само 25% од овие патувања биле поврзани со работа, во споредба со 37% кои биле направени за одмор. Останатите користеле велосипед за училиште, шопинг или други активности.Холандија во моментов ги наградува велосипедистите со даночни кредити од 0,19 евра по километар. Сепак, овој проект во моментов е малку познат и не е поддржан од многу работодавачи, според Министерството за инфраструктура. Тоа е нешто што холандската владата се надева дека ќе се промени со подобро промовирање и добивање на повеќе компании на нивна странаВо Холандија веќе има 11 големи работодавци кои се залагаат за мерки како што се финансирање на велосипеди на вработените. Владата ги повика работодавците да обезбедат подобри услови за возење на велосипедистите, како што се тушеви во канцеларијата, изјавува министерството.Новите патишта за возење велосипед вклучуваат еден од Амстердам и Амстелвеен, предградие на главниот град. Друг го поврзува северниот универзитетски град Гронинген со Асен, град лоциран во Дренте, познат како “провинција за велосипедизам” од Холандија.Изградбата ќе започне во наредните три години.

Свет | пред 7 години

7 год.
letovi

Одложени 49 авионски летови, а 16 се откажани поради снег

Околу 49 авионски летови се одложени, а 16 се откажани на московските аеродроми Внуково, Домодедово и Шереметјево поради снег. Метеоролозите во текот на ноќта најавија снежни врнежи во регионот на Москва.Се прогнозира дека температурите во рускиот главен град ќе достигнат до минус 12 степени Целзиусови.

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-1

За иселеничка виза во САД аплицирале 80 отсто од помладите албански полицајци

Дури 80 отсто од албанските полициски службеници на возраст под 40 години сакаат да ја напуштат Албанија и да заминат во САД. Тие аплицирале на Лотаријата за американска зелена карта за 2018 година. Податоците во писмо со барања до премиерот Еди Рама ги наведува Синдикатот на полициските работници.– Полицајците помлади од 40 години аплицираа на американска лотарија и во јануари 2019 година очекуваат да ја напуштат Албанија за подобар живот, пишува во писмото на Синдикатот.Во писмото уште се наведува дека главна причина за масовното аплицирање на американската лотарија од страна на младите полициски службеници и оние до 40-годишна возраст се ниските плати или како што стои, најниски плати во Европа. Синдкатот, исто така, бара исплата на 13-та плата, како што е дефинирано во Законот за работни односи, исплата на средства за прекувремена работа за цела 2017 година, пари за храна и осигурување на живот за оние кои се повредени во текот на работното време. Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата на Лотаријата на САД за иселенички визи (Зелена карта). Бројот на апликантите е во постојан раст.

Свет | пред 7 години

7 год.
6-2

Се разрешуват министрите Ахмедовски и Ќахил - ќе се избираат нови

Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово место да го избере Музафер Бајрам.Собранието, исто така на предлог на Владата, треба да го разреши Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, а на негово место да избере Елвин Хасан.На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоците, Предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог законот за управни спорови, Предлог законот за извршување на санкциите, сите во прво читање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
video

Видео од вооружениот грабеж во Прилеп

Tри, засега се уште непознати и недостапни лица за Полицијата, вчера околу 8.30 ч. извршиле вооружен грабеж во Златарница во срцето на Старата прилепска чаршија.Го скршиле стаклото испукувајќи куршуми, се заканиле и успеале за неколку минути да ги соберат сите пари од сефот.Видеото го објави новинарката Каролина Дурло.https://www.facebook.com/karolina.durlo.5/videos/10212503565599606/

Македонија | пред 7 години

7 год.
tenzii

ВИДЕО: Тензии во Бања Лука по протестите „Правда за Давид“

Тензиите се зголемија во босанскиот град Бања Лука, откако полицијата уапси човек чии барања за одговор за смртта на неговиот син поттикнаа неколку месечни антивладини протести. За денеска се најавени нови протести.Демонстрациите во Бања Лука продолжија во текот на измината ноќ, додека полицијата опремена за немири беше распоредена со цел да ги спречи и задржи демонстрантите.Неколку стотици луѓе се собраа во паркот во близина на централниот плоштад во градот, но потоа беа принудени да заминат од таму по што се собраа пред црквата „Христос спасител“.Притоа дојде до блиски средби меѓу демонстрантите и полицијата која соопшти дека еден нејзин припадник бил повреден.Тензиите пораснаа во градот откако полицијата во вторникот уапси маж чија потрага по вистината за смртта на неговиот син предизвика неколку месечни протести против властите.Полицијата соопшти дека го уапсила Давор Драгичевиќ бидејќи тој не се појавил на сослушување.Повеќе на слободнаевропа.мк

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања