„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Проект „Повеќе пари кај граѓаните“ според Заев во 2020 година државата на граѓаните ќе им враќа по 500 евра

Од идната година Владата планира да воведе нов систем таканаречен „Повеќе пари кај граѓаните“ со кои ќе се овожможи поврат на ДДВ на граѓаните при купување на стока од широка потрошувачка.Премиерот на Владата на РМ, Зоран Заев, на оваа тема најави дека проектот за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ за потрошувачка до 30.000 денари, кој требаше да стартува од 1 февруари 2019 година, ќе започне да се реализира од 1 јули 2019 година. Првите шест месеци од проектот ќе биде експериментален, а реално тој би стартувал од 1 јануари 2020 година.Пилот-проектот е замислен да биде наменет за посиромашните граѓани во државата и затоа нема да се однесува за купување на луксузни производи. Првично тој треба да стартува во неколку општини во земјава, но засега не се открива кои ќе бидат тие.Инаку во Македонија ДДВ од 18 проценти плаќа секој граѓанин при секое пазарување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
z5

Учество на македонски автори на стрип-фестивал во Пожаревац

На Фестивалот на стрип и карикатура, или скратено „Стрика фест 2018“, кој вчера (21 декември) се одржа во српскиот град Пожаревац, покрај домашните стрип-творци, не изостанаа и такви од Македонија. Меѓу мноштвото изложени дела, на изложбата поставена во холот на Центарот за култура во Пожаревац, посетителите имаа можност да се запознаат и со анти-воениот стрип од 12 табли – „Надежта е нешто пердушесто“, кој по сценарио на Александар Стеванов го илустрира  дипломираниот ликовен уметник Дарко Богданов.„Стрика фест“, кој годинава се одржува по вторпат, е во организација на здружението „Креативна оштрица“, а е реализиран со финансиската поддршка на Градот Пожаревац. Освен изложбата, во склоп на фестивалот одржани беа и работилници за карикатура и стрип, а на берзата составена од неколку штандови, вљубениците во деветтата уметност имаа можност да се запознаат и со најновите стрип-публикации.Од организаторот порачуваат дека фестивалот и годинава успеа „на едно место да ги собере љубителите на стриповите и карикатурите, нивните издавачи, колекционерите и уметниците кои ги создаваат овие дела.“ А што се однесува до македонските стрипаџии, по учествата на фестивалите во Крагујевац, Лесковац, Белград, Нови Сад, Велес, Ваљево, а сега и Пожаревац, особено имајќи ги предвид неколкуте освоени награди, слободно би можело да се каже дека успешно ја завршуваат и оваа стриповска година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
strast

Ова се три најстрасни хороскопски знаци – проверете дали сте меѓу нив

РибиРибите се многу срамежливи. Тие сакаат да знаат дека се љубени и посакувани. Личностите родени во овој знак би сонувале за љубов со вас, наместо истата да ви ја покажат. Рибите се полни со страст за насочување на своите страсти, тие се во состојба да ги изразат своите чувства на опиплив начин. Повеќето Риби љубат длабоко, но многу од нив не се сосема уверени дека се вредни за љубов.ЛавЛавовите се страсни во нивните односи и со нивните идеи. Тие мора да имаат сѐ најдобро, а дури и нивниот партнер мора да биде најдобар, па затоа и би го заобиколиле целиот свет за да се чувствувате важно, само со цел да бидете со нив. Личностите родени во знакот Лав сакаат со голема страст и ентузијазам, а ве оставаат во постојана потреба и желба за поголема доза. Тие се топли и верни, но кога станува збор за нивните потреби, може да станат доминантни и да имаат големи барања. Ако сакате личност родена во знакот Лав, тоа ве става во потчинета положба во секој момент. Повеќето Лавови исто така се и големи авантуристи. Доколку сакате подолго да задржите личност родена во знакот Лав, овозможете ѝ да презема водство, па така нема да бидете разочарани.ВагаВагите се прекрасни суштества кои бараат рамнотежа. Тие сакаат да даваат, но поради нивната дипломатска природа, очекуваат и нешто за возврат. Вагите се страсни во љубовта, но не на агресивен начин. Љубовта со нив вклучува шетање по плажа, вечерање со свеќи, убави подароци и средби полни со флерт кои ја хранат нивната потреба за романтика и поврзување со другите. Ако сакате да имате мирен и полн со љубов, но не премногу експресивен однос, тогаш Вагата е знак за вас.РибиРибите се многу срамежливи. Тие сакаат да знаат дека се љубени и посакувани. Личностите родени во овој знак би сонувале за љубов со вас, наместо истата да ви ја покажат. Рибите се полни со страст за насочување на своите страсти, тие се во состојба да ги изразат своите чувства на опиплив начин. Повеќето Риби љубат длабоко, но многу од нив не се сосема уверени дека се вредни за љубов.ЛавЛавовите се страсни во нивните односи и со нивните идеи. Тие мора да имаат сѐ најдобро, а дури и нивниот партнер мора да биде најдобар, па затоа и би го заобиколиле целиот свет за да се чувствувате важно, само со цел да бидете со нив. Личностите родени во знакот Лав сакаат со голема страст и ентузијазам, а ве оставаат во постојана потреба и желба за поголема доза. Тие се топли и верни, но кога станува збор за нивните потреби, може да станат доминантни и да имаат големи барања. Ако сакате личност родена во знакот Лав, тоа ве става во потчинета положба во секој момент. Повеќето Лавови исто така се и големи авантуристи. Доколку сакате подолго да задржите личност родена во знакот Лав, овозможете ѝ да презема водство, па така нема да бидете разочарани.ВагаВагите се прекрасни суштества кои бараат рамнотежа. Тие сакаат да даваат, но поради нивната дипломатска природа, очекуваат и нешто за возврат. Вагите се страсни во љубовта, но не на агресивен начин. Љубовта со нив вклучува шетање по плажа, вечерање со свеќи, убави подароци и средби полни со флерт кои ја хранат нивната потреба за романтика и поврзување со другите. Ако сакате да имате мирен и полн со љубов, но не премногу експресивен однос, тогаш Вагата е знак за вас.

Магазин | пред 7 години

7 год.
kiracovski

(Видео) Кирацовски: Пратениците се доволно привилегирани

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека дополнителни привилегии за пратениците не се прифатливи. Од партијата наведуваат дека во овој момент пратениците се доволно привилегирани.„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека привилегиите треба да се движат кон граѓаните, а помалку кон пратениците. Пратениците во Собранието на Република Македонија согласно Деловникот којшто важи во овој момент се доволно привилегирани. Сега дојде време граѓаните да го добијат она што го заслужуваат, вработувања, нови инвестиции, нови работни места и подобро платени работни места“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.Не смееме, додаде тој, да размислуваме во тој правец, оној којшто бил избран и именуван функционер, избран од граѓаните, утре да биде попривилегиран повеќе од граѓаните и да оди на работно место кое што впрочем можеби го заслужува некој од граѓаните.Од СДСМ, исто така, велат дека повластен статус за вработување не смее да има само затоа што некој бил избран или именуван функционер.Од партијата велат дека очекуваат од секој пратеник, секој избран или именуван функционер да покаже одговорност, особено во контекст на актуелните стратешки текови и да даде позитивен пример во интегративниот процес.Едно од барањата на пратениците е гаранција за можност на вработување во државни институции по истекувањето на нивниот мандат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

Три лица повредени во сообраќајка кај „Александар Палас“

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во близина на хотелот „Александар Палас“ во Скопје.Според информациите на МВР, несреќата се случила во 17 и 30 часот, меѓу два автомобили „опел корса“ и „рено“ со скопски регистарски ознаки. А.И. ,Ш.И,. и В.И се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Ургентен центар –Скопје.Причинета е материјална штета од околу 150.000 денари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Музичка забава вечерва со Гоце САФ и Лозано на „Винтерленд“

Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.„Во пресрет на новогодишните празници, овој викенд е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.Програмскиот дел денеска почна во 12 часот со детската претстава „Земја во која не се стигнува“, како и со улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти, а во 13 часот е настапот на „Златно славејче“.Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со Гоце САФ, а продолжува во 22 часот со настапот на Влатко Лозаноски – Лозано.Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД““, се вели во соопштението. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Притвор за крадецот кој ограби пошта во Прилеп

Судот му определи 30-дневен притвор на крадецот кој на 13 овој месец ја ограби поштата во Прилеп.Полицијата го приведе А.В.(35) од Прилеп и против него е поднесена кривична пријава заради извршено кривично дело разбојништво. Тој на 13. месецов околу 08.10 часот украде 35 600 денари во пошта на булевар ,,Гоце Делчев“ во Прилеп.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pametni

Ова е златната петорка на најпаметни хороскопски знаци

ШкорпијаШкорпиите се чувствителни личности кои делуваат мошне студено, а всушност се обземени со бурни емоции. Секојдневно и себе си и на другите им поставуваат интелектуални прашања, а сакаат и долги разговори со луѓето кои се слични на нив.ВодолијаВодолиите се поврзани со филозофијата и длабокото размислување. Тие често ја одушевуваат околината со иновативниот пристап на решавање на проблемите, а низ животот чекорат со тврдењето дека сите нешта можат да се оствараат.БлизнациБлизнаците повеќе поседуваат емоционална интелигенција и ги разбираат луѓето, а тоа им помага да бидат мудри и да успеат во општеството. Размислуваат за милион прашања во исто време. Освен тоа што изгледаат како личности кои сакаат да трачарат, сепак тие се оние со кои можете да водите долги, интелектуални разговори.РакРаковите се најчувствителните личности во хороскопот, а факт е дека постојано размислуваат за многу животни прашања. Често го забележуваат тоа што другите не го гледаат, а во хаотичните ситуации реагираат многу мудро и подобро од останатите.ВагаВагите се интересираат за правда, како и различни социолошки и политички прашања. Нивната извонредна проникливост и моќ на расудување им помагаат да бидат успешни во многу сфери.

Магазин | пред 7 години

7 год.
gasovod-1

Сугарески: Завршена е изградбата на гасоводот од Штип до Неготино

Денеска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи извршија увид во финализирањето на градежните работи на гасоводната делница од Штип до Неготино.Министерот Сугарески информираше дека оваа делница од гасоводната мрежа е веќе во завршна фаза, изградбата ќе заврши во најскоро време и веднаш потоа ќе се пушти во употреба. Tоа ќе значи голем бенефит за сите граѓани и компании од овој регион.Исто така, министерот истакна дека изградбата на гасоводната мрежа низ Република Македонија започна да се одвива со забрзана динамика, надминати се речиси сите проблеми и со финализирање на процесот на експропријација на земјишта, од следната година градежните работи ќе се интензивираат.Гасификацијата е приоритетен проект на Владата, за кој за следната година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 1 милијарда и 557 милиони денари, со цел да се заврши изградбата во најбрз можен рок и сите граѓани и компании да ги почувствуваат неколкукратните придобивки од гасот.За граѓаните, гасификацијата ќе значи поевтин енергенс и заштеди во нивните буџети со намалување на трошоците за електрична енергија, додека за компаниите ќе се овозможат пониски трошоци и поконкурентни производи.Исто така, во време кога започнуваме силна борба против аерозагадувањето, изградбата на гасоводот и неговото користење ќе придонесе до значително намалување на загадувањето во градските средини, истакна министерот Сугарески.Дополнително, министерот Сугарески информираше дека на претпоследната седница на Влада, министерството за економија се задолжи да формира работна група која ќе одлучува за најефикасниот модел за развој на системи за дистрибуција на природниот гас во Македонија. Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините за да може паралелно да ги градат општинските дистрибутивни мрежи, за што побрзо гасот да го донесеме до домовите и компаниите.Директорот на МЕР, Реџепи информираше дека должината на оваа делница во завршна фаза е 36 километри, а инвестицијата е вредна 15, 8 милиони евра.Паралелно се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, во должина од 92 километри. На овој потег веќе има околу 40 % реализација на градежните работи. Со инвестиција од 29 милиони евра, интензивно се работи и на делницата од Тетово до Гостивар, со околу 35% реализација на градежните работи.Дополнително, директорот Реџепи информираше дека преговорите за апликацијата за финансирање на интерконекциското поврзување со Грција преку ВБИФ се исто така во завршна фаза.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikola-sazdovski

Семејствата на лицата кои се обвинуваат за убиството на младиот Никола Саздовски, незадоволни од судскиот процес

Семејствата и роднините на лицата кои се обвинуваат за убиството на младиот Никола Саздовски, незадоволни од судскиот процес, најавуваат дека ќе протестираат и повикуваат граѓани да им се придружат на нивниот, како што го викаат, протест за правда, пренесува порталот на албански јазик “Алмакос“.Длабоко огорчени со преквалификација на предметот за случајот “Саздовски”, ние семејствата на Бесир Бела и Скендер Демири, ја известуваме јавноста дека на 25.12.2018 (вторник) во 10:30 часот – за време на седницата ќе протестираме пред Основен суд Скопје1. Ве повикуваме сите граѓани да ни се приклучите на нашиот протест за правда, бидејќи базирани на сите докази на обвинителството што ги поседува судот, нашите момчиња не можат да се класифицираат како свирепи убијци.Бараме судот да биде ист за сите граѓани, а не за некои мајка за некои маќеа. Да се засноваат на факти и да не бидат под влијание на политички притисоци и да нема реванш против некои “граѓани кои припаѓаат на други етнички групи”.

пред 7 години

7 год.
MZSV

(ВИДЕО) Доделени вкупно 30 милиони денари за подобра рурална патна инфраструктура

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава за првпат доделува средства преку Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој. Се работи за финансиска поддршка во вкупен износ од 30 милиони денари, за која денеска се потпишаа договорите со пет Центри за развој на планските региони на територијта на Република Македонија, корисници на оваа програма.„Оваа поддршка е дел од нашите капитални вложувања директно во земјоделството, од што бенефит ќе имаат земјоделците. Наша цел е со средствата кои ги доделуваме денеска да ја подобриме руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Овие средства ќе се користат за изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја на интензивна земјоделска дејност. На овој начин ќе се олесни пристапот до обработливи површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.На јавниот повик кој беше распишан конкурираа 10 апликанти, од кои по евалуацијата, критериумите ги исполнија пет Центри за развој на планските региони. Висината на финансиската поддршка што ќе ја добијат Центрите зависи од двата критериума-минимум 40 отсто обработливо земјоделско земјиште во регионите за кои аплицираат и бројот на општини опфатени со проектите за кои аплицираат Центрите.Од јануари следната година ќе започнат постапките за јавна набавка за избор на најповолен изведувач и надзор на работите предвидени во приложените проекти. Одобрените проекти треба да се реализираат во рок од 12 месеци од денот на потпишување на договорите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vinarii

Ќе се менува Законот за вино ова е можност за развој на малите семејни винарии

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на работен состанок со претставници од лозаро-винарскиот сектор на кој што се дискутираше за подготовка на Законот за изменување и дополнување на законот за вино. На состанокот присуствуваа претставници од сите засегнати страни од областа на производството на грозје и вино, односно винарски визби и здруженија на производители на вино, здруженија на лозари и производители на грозје, Националната федерација на фармери и здруженија на физички лица производители на грозје.На состанокот, се презентираа и разгледаа предлозите кои се тековно вметнати во предлог текстот на Законот за изменување и дополнување на законот за виното, како и сите поединечни прашања кои дополнително треба да се договорат и вметнат во текстот на законот и правилниците кои ќе произлезат од истиот. Дел од позначајните измени на Законот се однесуваат на прашања со кои се предвидува воведувањето на правила за производство и промет со органско вино и специјализирани напитоци на база на вино (ароматизирано вино, ароматизиран пијалак на база на вино, ароматизиран вински коктел). Со изменетите законски решенија значително ќе се олеснат условите за производство на вино во мали винарии и за физички лица производители на вино, конкретно ќе се овозможи развој и отворање на нови мали семејни винарии. Поточно, со измените се овозможува полесно регистрирање на капацитети и производството на вино кое ќе може да се продава од самата винарија. Развојот на малите семејни винарии ќе придонесе и за зголемување на туристичкиот потенцијал на познатите лозарски региони во државата, а воедно и за поголем развој на пазарот на грозје и вино.Исто така, со измените делот за класификација на вина, производство, означување и заштита на вина со географски назив ќе претрпи најголеми промени, со цел негово целосно усогласување со Регулативите на Европската унија.Воедно на состанокот присутните се договорија да се формираат работни групи за поединечни прашања кои ќе бидат обработени со предлог законот, во кои ќе учествуваат претставници од сите засегнати страни, како и динамика за работа на секоја поединечна работна група. Предвидено е секоја поединечна работна група да биде изготвен до крајот на месец јануари 2019 година, по што ќе започне официјалната постапка за усвојување на предлог Законот за изменување и дополнување на законот за виното, која се очекува да биде финализирана во текот на март и април следната година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
crven-krst-ohrid

Црвен крст организира хуманитарни продажни акции за време на Новогодишните празници

Традиционално и оваа година волонтерите од сите возрасти на охридскиот Црвен крст, изработија голем број новогодишни украси и сувенири кои во рамки на бројни хуманитарни продажни акции пред и за време на Новогодишните празници ќе бидат достапни на нашите сограѓани.– Започнуваме денес на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, каде од 12:00 часот волонтерите од Клубот на млади и од Програмата на грижа за стари лица при Црвен крст Охрид ќе ги продаваат прекрасните новогодишни уникатни, рачно изработени креации. Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства. Декември е месец на дарување. Бидете хумани и дарувајте. Купете новогодишен украс, а не петарди, порачуваат од Црвен крст Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Скопјанец пријавил во МВР дека му исчезнале двете малолетни ќерки

Според информациите на МВР, вчера во Полициската станица Бит Пазар М.К. (36) пријавил дека неговите ќерки С.К. (14) и Т.К. (13) се оддалечиле во непознат правец. Од МВР велат дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mickovski-prilep

Мицковски од Прилеп: Заев ќе биде жестоко поразен и испратен на темната страна на историјата

Оставка од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, побара ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протестен марш во Прилеп.–Да му порачаме на најнеспособниот градоначалник во цела Македонија кој кога го чествуваше Св. Климент, положуваше цвеќе на споменикот на Ченто, оставка веднаш да поднесе. Еден друг функционер на Зоран Заев, во Собранието на Република Македонија гордо ќе застане на говорницата и ќе каже „Ова е искомплексирана нација“. Јас гледам горди Македонци, луѓе кои ја сакаат татковината и нацијата, рече партискиот лидер Христијан Мицкоски во Прилеп.Тој нагласи дека патот кој треба да го изодат нема да биде краток.–Ќе има многу предизвици, но ние заедно ќе го одиме и во овие декемвриски денови. На крајот од тој пат ќе биде победата, заедно ќе победиме и чекориме и во јануари и февруари и во март, потоа ќе дојде април кога ќе дојде првата победа на претседателските избори. Победа која ќе ги најави предвремените парламентрани избори кога народот во Македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него. Народот кој го лажеше, кој се чувствува изневерен, опљачкан, излажан, омаловажен и понижен од сите овие политики што скоро две години оваа ненародна и криминална влада ги води во Македонија. Па, уште дрско преку своите гласноговорници ќе им каже дека се искомплекцирана нација, нагласи Мицкоски.Тој порача дека Заев ќе биде жестоко поразен и испратен на темната страна на историјата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

И Мукоски поднел барање за амнестија

Пратеникот Крсто Мукоски е еден од 5-мината обвинети кои во петокот поднеле лично барање за амнестија во кривичниот суд. Покрај него барање за амнестија уште поднеле и Никола Митревски-Кољо, Оливер Радулов, вработен во УБК и ги изнесувал хард дисковите со собраниските безбедносни снимки, како и Младен Додевски.Адвокатите пк на обвинетите Сашо Василевски и Александар Василевски- Нинџа потврдија дека нивните клиенти во понеделник ќе поднесат барања за амнестија.Крајниот рок да се побара амнестија е вторник.

пред 7 години

7 год.
delegacija-vo-albanija-1

Делегација од Владата на Република Македонија на средби со стопанственици од Албанија

Делегација од Владата на Македонија, предводена од министерот за странски инвестиции, Бардул Даути, советничката за земјоделство на Претседателот на Владата, Ленче Николовска и советникот во кабинетот на министерот за земјоделство, Никица Бачовски, неодамна беа во Тирана, на средби со стопанственици од Албанија.Целта на посетата беше развивање на соработка меѓу двете држави во областа на бизнисот и земјоделското производство, а во организација на Фатос Мустафа-Претседател и CEO на Меѓународната Канцеларија “ФМ Консалтинг”.- Се сретнавме и разговаравме со сопственици на компании кои веќе инвестираат во Македонија но и со бизнисмени и консултански куќи кои покажаа голем интерес за проширување на бизнисите кај нас, како можност за регионален развој на компании од различни сектори. Овие средби се добра прилика да ги запознаеме потенцијалните инвеститори со предностите кои ги нуди нашата Влада во делот на привлекување на странски инвестиции. Охрабрува позитивното искуство на компаниите кои веќе инвестираат, како фармацевската компанија „Саген“, прв инвеститор од Албанија во ТИРЗ Скопје 1. Г-дин Исуф Бербери кој не го криеше задоволството од правилната одлука да инвестира во Македонија. Се надевам дека неговиот пример ќе го следат и други бизнисмени - вели Даути.Делегацијата од Македонија оствари средба и со Стопанската комора на Тирана на која што Претседателот на комората Николин Јака, ја истакна потребата од заедничко делување на двете земји како можност за полесен пристап на светските пазари.-Македонија и Албанија не треба да бидат конкуренти на пазарите, туку заеднички да се бориме со квалитет и квантитет да ги освоиме странските пазари. Имаме можности за тоа, поволни климатски услови за поголем развој на земјоделското производство и искористеност на ИПАРД фондовите кои ќе придонесат за поголема модернизација на производството. Потребно е само да се организираме и да ги здружиме капацитетите- истакна тој.-Идејата е одлична и треба да се реализира во интерес на развојот на стопанствата на двете држави, рече Николовска и додаде дека во најскоро време во Владата ќе се реализира средба на која ќе присуствуваат бизнисмени од Албанија, Македонија и претставници на институциите задолжени за одредени сектори со цел започнување на долгорочна соработка и стратегија за развој.Во текот на дводневната посета на Тирана, делегацијата од Македонија ја посети и компанијата „Агна груп“, која е во завршна фаза околу подготовките за изградба на фабрика за кондиторски производи во Македонија но имаат размислувања и желба за нови инвестиции во повеќе области, од градежништво до инвестиции во агросекторот.-За инвестиции во агрокомплексот, како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги создаваме сите потребни услови за потенцијалните инвеститори. Во тек е оглас за државно земјоделско земјиште кое е наменето за инвестиции, а исто така компаниите имаат можност да користат средства од ИПАРД фондови како и субвенциите кои се од буџетот на РМ - потенцираше Бачовски.Организаторот и домаќин, Фатос Мустафа ја искористи оваа прилика да ги информира албанските бизнисмени за предностите кои ги нуди Република Македонија за инвеститорите.-Во тек се преговори со Компанијата „Дони Фруитс“, кои скоро инвестираа во Албанија, да го прошират својот бизнис и во Македонија. Се работи за сериозна компанија која се занимава со откуп и дистрибиција на земјоделски производи, преку сопствена дистрибутвна мрежа. Тоа е она што им е потребно на македонските земјоделци, поддршка на пласманот. Посетата беше вистински погодок бидејќи интересот на бизнисмените е голем, а веќе следната година очекувам да се интензивира соработката меѓу бизнис заедницата, со поддршка на владите на двете држави - изјави Мустафа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maz-elka

(ВИДЕО) Маж повеќе од еден час бил качен на божикната елка пред Белата куќа

Маж бил качен на Националната елка во близина на Белата куќа, повеќе од еден час .Мжот бил уапсен од полицијата откако сам решил да се симне, по што бил пренесен во психијатрисаката болница во Вашингтон.

Свет | пред 7 години

7 год.
putin-cveka-1

Путин вистински џентелмен - со букет во раце изненади една дама

Рускиот претседател Владимир Путин и честиташе роденден на Галена Волчек, уметничката директорка на Современиот театар во Москва. Путин на Галена и донесе букет цвеќе, што ова неа посебно ја воодушеви.- Ова е прилика да се сумираат реазултатите и на Вас да ви упатиме зборови на благодарност за Вашиот допринос на националната култура и светскиот театар, рекол Путин.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

И тие настапуваат на MAC: Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина го потврдија доаѓањето на музичките признанија

После Бајага, Петар Грашо и Сергеј Ќетковиќ настапите на првата регионална церемонија на доделувањето на музичките признанија MAC (Music Awards Ceremony) на 29 јануари во Штарк Арената ги потврдија уште три големи ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина Гочева.Една од несомнено најголемите ѕвезди во регионот, музичарот Жељко Јоксимовиќ, кој веќе има успех на најголемите европски музички настани, за своето доаѓање на MAC вели:„Драго ми е што ќе настапам на Music Awards Ceremony, затоа што верувам дека ваква манифестација е неопходна и значајна за регионот, како и за поврзување на регионалната музичка сцена. Сигурен сум дека атмосферата и енергијата ќе бидат одлични, ќе има многу добра музика, продукција и придружните елементи ќе бидат на врвно ниво, и затоа ги поканувам сите да ни се придружат во Арена на 29 јануари. Се гледаме!“Освен поп нумери публиката на MAC ќе има можност да слушне и други жанрови, па и малку потврд звук, а за тоа сигурно ќе се погрижи групата Ванг Гог, чиј фронтмен Ѓуле во свој стил го најави доаѓањето на манифестацијата.Поддршката за MAC од Македонија досега стигна од раперите Панчо ДНК и поп музичарите Влатко Лозаноски Лозано и Димитар Андоновски, а првата потврдена учесничка од Македонија, која дефинитивно ќе настапи на бината на Штарк Арена на 29 јануари е Каролина Гочева.Организацијата и продукцијата на MAC ја потпишува Skymusic од каде најавуваат дека во наредните денови ќе бидат објавени и имињата на останатите изведувачи од Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои ќе настапат на свеченото доделување на музичките признанија.Со почит,Александра и Скајмјузик

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања