ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
Нема фотографија

Изречени 227 казни за непочитување на забраната за дотур на стока

За една година откако Градот Скопје ја воведе забраната за дотур на стока во центарот на градот, Министерството за внатрешни работи изрекло 227 казни. До Градот секојдневно стигнуваат поплаки од граѓани кои упатуваат на непочитување на Одлуката за забрана за вршење дотур на стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.„Градот Скопје апелира до дистрибутерите да ја почитуваат Одлуката, за да се намали сообраќајниот метеж во овие делови од градот, а со тоа да се намали и загаденоста.Изминатиов период Градот Скопје и општината Центар заедно со МВР спроведоа акции за санкционирање на дистрибутерите што не ја почитуваат забраната, со цел расчистување на сообраќајниот метеж и застоите во централното градско подрачје и ослободување на тротоарите за пешаците.Надлежноста за контрола и казнување на овој вид сообраќај ја има Министерството за внатрешни работи.Советот на Град Скопје  годинава  донесе одлука  за трајна забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот. Измените на Одлуката претставуваат дел од препораките на Владата на Република Македонија, со цел намалување на загадувањето.Забраната во согласност со Одлуката на Град Скопје важи за центарот на градот, односно за потегот од улицата Франклин Рузвелт до Транспортниот центар, од булеварот Илинден до крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов до Јужен булевар, додека забраната согласно со Одлуката на Општина Центар важи за сите сервисни улици на територијата на општината“, велат од Град Скопје.Возилата за дотур на стока можат да се движат низ центарот да градот, а стока да носат во дуќаните само ако се паркираат на паркинзи, но не смеат да ја истовараат стоката застанувајќи на улица и на тротоарите.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Avtobus-nesrekja-Leskovac

Почина уште една Македонка повредена во тешкaта несреќа кај Лесковац

Македонската државјанка С.Т. која патуваше со автобусот кој излета од коловозот кај Лесковац, е четврта жртва. Таа почина синоќа во клиничкиот центар во Ниш.Патничката С.Т. имала скршеница на карличните коски кои довеле до руптура на мокрачната бешика, поради што беше оперирана во Клиничкиот центар во Ниш.Во несреќата 6 лица беа тешко повредени, а 32 полесно. Три жртви починаа на лице место.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Најмалку 168 загинати при налет на цунами во Индонезија, бројот се зголемува

Најмалку 168 лица загинаа, а над 745 се повредени во цунамито кое ги погоди индонезиските острови Јава и Суматра.Како што соопшти утрово портпаролот на индонезиската Агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо Пурво Нигрохо, најтешко е погодена провницијата Бантен, каде загинале најмалку 126 лица.Индонезиската агенција за метеорологија и геофизика соопшти дека цунамито не е предизвикано од земјотрес, туку најверојатно од активностите на вулканот Анак Каракатау. Вулканот се наоѓа помеѓу островите Јава и Џакарта.https://twitter.com/NewsBreaking/status/1076686105645219840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1076686105645219840&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3017975-slike-uzasa-par-sati-posle-razornog-cunamija-u-indoneziji-broj-poginulih-raste-iz-minuta-u-minut-leseve-izvlace-iz-rusevina-traze-se-nestali-foto-videoСпоред сведоците бранот бил висок три метри. Индонезиските власти потведија дека најмалку 430 куќи се уништени или тешко оштетени, како и 9 хотела.Надлежите апелираа до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде на сила до 25 декември.https://twitter.com/Sutopo_PN/status/1076614699322490882?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1076614699322490882&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3017975-slike-uzasa-par-sati-posle-razornog-cunamija-u-indoneziji-broj-poginulih-raste-iz-minuta-u-minut-leseve-izvlace-iz-rusevina-traze-se-nestali-foto-videoЦунамито откорнало и голем број дрва кои ги блокираа патиштата, што го отежува пристапот на спасувачките екипи до настраданите.

Свет | пред 7 години

7 год.
causesku

Годишнината од бунтот против Чаушеску - Ромнците ј одбележа со протест

Со романски знамиња во рацете, свеќи и скандирања „Не сакаме да не управуваат крадци“ Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на протесна прошетка низ улиците на Букурешт, одбележувајќи ја на тој начин годишнината од почетокот на бунтот против последниот романски комунистчки лидер Николае Чаушеску во 1989 година. Тие меѓу другото има и пароли против владејачката Социјалдемократска партија. Тие повикаа на „повеќе демократија“ и побараа од романската Влада да се откаже од плановите за амнестија на лица осудени за корупција.За време на протестnата прошетка, насловена „22 декември – Нашата револуција“, демонстрантите на кусо застанаа на Унверзитетскиот плоштад, каде со минута молчење им оддаоа почит на над 1.100-те загинати за време на бунтот во 1989 година.Бунтот против режимот во Романија почна на 22 декември 1989 година и заврши со уривањето на власт на тогашниот лидер Чаушеску, кој по краток судиски процес беше ликвидиран три дена подоцна, заедно со неговата сопруга Елена.

Свет | пред 7 години

7 год.
belgrad

Српскта опозицијата синоќа повторно протестираше

Српската опозиција синоќа во Белградодржа нов протест против насилието под слоганот „Еден од петте милиони“.Според организаторите на собирот, на ова трета по ред протестна прошетка низ улиците на Белград учествувале околу 40.000 „незадоволни граѓани“, носејќи го транспрентот „Стоп на крвавите кошули“.Како што јави дописникот на МИА од Белград, колоната на граѓани кои протестираа беше долга речиси еден километар. Тие се движеа по централните улици на Белград, од „Студенсткиот плоштад“, минувајќи пред Владата на Србија, па се до плоштадот „Славија“.Демонстрантите кусо се задржаа пред зградата на РТС, создавајќи „пет минути бучава“ во знак на протест против информирањето на државната телевизија за искажаното незадоволство на протестите од актуелната состојба во Србија..Вучиќ и синоќа го прокометира собирот, изјавувајќи дека „нема проблем со протестите, бидејќи секогаш излегувал посилен, а организаторите послаби“.Организаторите најавија нови протести и наредната сабота, како и ширење на протестите во Нови Сад и во други градови.

Свет | пред 7 години

7 год.
42576122_1157758107740790_8808418367166742528_n

Традиционална дедомразовска трка во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град.Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи.Стартот и финишот на трката се на плоштадот „Македонија“, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, хотел „Холидеј Ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Здружението на сексуални работнички им понуди 120 работни места на пратениците по истекување на мандатот?

„Здружението на сексуални работнички го поздрави Законот за вработување на пратениците по истекот на мандатот.Здружението обезбедило 120 работни места за нивно вработување согласно нивните квалификации.Најголем број работни места се околу МАНУ, МТВ, МКЦ, судовите, факултетите и скопски сае“, напиша Горан Момироски на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/goran.momiroski.12/posts/10218055188434062

Македонија | пред 7 години

7 год.
VodaciProtesti

Бетмен, Дурловски, Јовановски и Дамовски ќе добијат амнестија заедно со пратениците

Остануваат уште два дена за обвинетите во случајот 27 април да поднесат барања за амнестија. Покрај пратениците кои сигурно ќе бидат ослободени од вина, нема да се гонат ниту организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски, велат извори за „Скопје 1“.Според истите извори, законот ги опфаќа и нив, па со тоа, тие ќе поднесат барање за амнестија кое обвинителството ќе го разгледа и за истото ќе даде мислење до судот.Обвинителката Вилма Рускоска смета дека Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија, но во интервју за „360 степени“ вели дека сепак последниот збор на крај ќе го има Јавното обвинителство.Законот за амнестија во четвртокот беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него беше ставен потпис од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.Секој од обвинетите за „27 април“ има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Земјотрес утрово во Србија

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во Србија во регионот на Вршац.Епицентарот бил на 14 километри од местото Локве кај Алибунар.Според информациите, земјотресот бил во 7:33 часот. За сега нема информации за евентуални штети. 

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски ја поскапe струјата за 100 отсто, и ги принуди граѓаните на нееколошко греење

Цели 11 години, погубните и игноратнски политики на ВМРО-ДПМНЕ кое беше фокусирано само на нивно лично богатеење, придонесоа директно на уништување на зеленилото со што проблемот со аерозагадувањето зазема се поголем размер, велат од СДСМ.„Дополнително, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога и Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100%. Поради скапата струја, Семејствата беа принудени да преминуваат на поевтини и помалку еколошки начини на греење.Тоа беше директна причина за зголемување на загадувањето на воздухот.Мицкоски ја поскапе струјата, граѓаните се префрлија на загревање со огев, со што тој носи голема одговорност за зголеменото загадување“, велат од СДСМ.Од партијата додаваат дека за разлика од црните 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, денес се преземаат заеднички напори со сите надлежни институции, како на локално, така и на национално ниво преку сет на мерки на краток, среден и долг рок за решавање на проблемот со аерозагадувањето.„Интезивно се спроведува проектот за гасификација кој што покрај помали сметки за граѓаните ќе допринесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип, се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, долг 92 километри. Интензивно се работи на гасификација на Скопје, делницата од Тетово до Гостивар но и во другите градови.Паралално се спроведуваат низа мерки согласно планот за чист воздух, интезивно зазеленување, контрола на депониите и загадувачите, набавка на еколошки автобуси, субвенции за еколошко греење на граѓаните, замена на нееколошките енергенси, еколошки мерки во сообраќајот...Мицкоски ја поскапи струјата за 100 отсто, ги принуди граѓаните на поевтино и нееколошко греење, СДСМ системски го решава проблемот со загадениот воздух“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку убиства треба да стори егзекуторот што го ликвидираше Мартин Јанушев пред да биде затворен?

СДСМ дозволи со улиците да царуваат криминалците, лихварите и насилниците. Црнило го зафати МВР. Граѓаните не се безбедни ниту надвор, ниту во своите домови. Стотици криминалци беа пуштени од затворите и затоа сме сведоци на огромен број грабежи, убиства, вооружени пресметки, запалени автомобили, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Оливер Спасовски наместо со ред и мир се занимава со матни зделки и сомнителни тендери. Затоа криминалците чувствуваат закрила и дивеат во Македонија. Секој обичен човек во Македонија се плаши за својот живот, за животот на своите деца и своите најблиски. Чесниот граѓанин се плаши не биде застрелан како обичен минувач или ограбен на улица или дома“, велат од партијата,Оттаму додаваат дека Оливер Спасовски со својата неспособност и некомпетентност дозволил министерството за внатрешни работи да се претвори во институција за прогон на неистомислениците на власт, а нем сведок и заштитник на криминалот.„Уште колку убиства треба да стори егзекуторот што го ликвидираше Мартин Јанушев пред да биде затворен? Уште колку автомобили треба да изрешетаат бандитите кои среде Скопје крвнички погубија две лица, пред да бидат најдени и приведени од Оливер Спасовски?Ова мора да престане, затоа што се работи за животите на луѓето, за безбедноста на децата, за иднината на нашата земја. ВМРО-ДПМНЕ го бара тоа што го бараат граѓаните, Оливер Спасовски да си поднесе оставка и да се тргне од министерската позиција. Секој поминат ден значи ново насилство, нов изгубен живот, поголем криминал, поголема корупција, нов грабеж, уште поголемо црнило“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Македонија-Блокира“ ќе го блокира патот Кичево – Охрид кај село Другово

„Македонија-Блокира“ најави дека денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе го блокира патниот правец Кичево-Охрид кај село Другово.„Македонија- Блокира“ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, соопштија од таму.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тројца уапсени, еден во бегство за пукањето во економскиот директор на гинекологија Валон Беља

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од чл.386  ст.6  во врска со ст.3 и во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Тројцата се осомничени дека на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, извршиле грубо насилство со кое предизвикале тешка телесна повреда кај едно оштетено лице, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда.Тројцата осомничени се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а непознатото лице инволвирано во настанот е во бегство.Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи, како и забрана да му се приближуваат на оштетениот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сончево со умерена облачност, од утре се очекува снег

Денес времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините претпладне ќе биде магливо и студено, а попладне се можни кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а дневната од 4 до 12 степени.Во Скопје ќе биде магливо и студено со температура од -2 до 4 степени.Утре кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и во вторник претпладне, а поради спуштање на студена маса од север, ќе преминат во снег и на некои поиски места, особено во северните делови. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно со ниски утрински температури 

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Пронајдени двете малолетни девојчиња

По преземени мерки од страна на полициски службеници се пронајдени С.К(14) и Т.К. (13), кои во петокот (21.12.2018) во Полициската станица Бит Пазар нивниот татко М.К(36) пријави дека се оддалечиле во непознат правец.  

Скопје | пред 7 години

7 год.
pat-magla

Магла во Тетово и Штип, се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.„Намалена видливост (50 – 100 м ) поради магла има во Тетово и Штип.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pavle-bogoevski

Богоевски: Очекував одвратност и противење од моите поранешни соборци за Законот за амнестија

„Очекувано“. Вака пратеникот и еден од предлагачите на Законот за амнестија за 27 април, Павле Богоевски ги коментира реакциите и критиките упатени кон него по изгласувањето на законското решение.Во интервју за Пресинг Тв тој вели дека законот за амнестија е внимателно и прецизно утврдување на тоа чии постапки од 27 април можат да бидат амнестирани, а за чии постапки не може да има простување. Целта на процесот е отворање на вратите на евроатланските процеси, потенцира Богоевски.„На долг рок мир без правда не е можен. Свесен сум дека законот кој јас самиот го предложив задира во правната држава, владеењето на правото, па дури и во работата на судовите, но не е противправен. Јас верувам дека ова нема биде тренд кој ќе води до тоа да води до тоа да нема правда во Република Македонија. На крајот на денот, овој закон, според моите првични пресметки ќе опфати 10 до 12 луѓе, но тоа е цената која треба да се плати за нашето евроинтегрирање. Ги сфаќам реакциите од јавноста. Очекував противење, критикување и одвратност од мои поранешни соборци, активисти за човекови права и членови на „Шарената револуција“, но како ќе поминува времето ќе се види дека овој чекор е исплатлив. Се работи за стратешки интереси“, вели Богоевски.Тој потенцира Законот за амнестија е плод на работата на Телото за помирување.„Телото за помирување и работата беше барање на осуммината пратеници кои што ја дадоа поддршката за уставни измени. Дали ќе го употребите зборот пазар, дали ќе го употребите зборот политички преговори тоа е. Нема заобиколување на вистината. Осумте луѓе кога одлучија да гласаат за Уставот имаа барања кои ги објавија во медиумите. Тоа беше доаѓање до заедничка средина со цел Република Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО“, додава Богоевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoskiprilep1

ВМРО ДПМНЕ со оглас ќе бира кандидат за претседател на Македонија

Секој граѓанин на Република Македонија што сака да биде претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ ќе може да аплицира на оглас што партијата ќе објави најдоцна до 11 јануари. Вака е решено на денешниот состанок на Извршниот комитет (ИК), пишува НоваТВОгласот ќе биде отворен десетина дена по што ќе следува констатирање на листата и образложување на пријавените низ двонеделни активности. Изборната конвенција во партијата е предвидена за 16 февруари кога ќе биде позната личноста со која ВМРО ДПМНЕ ќе влезе во претседателската трка.По денешниот состанок на ИК, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски изрази голема самодоверба и очекување за сериозна победа на изборите за претседател на Македонија како најава и победнички вовед за наредните парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски: Во Европа не се оди со амнестија на криминалци

Нема интеграција на Македонија во ЕУ, бидејќи во ЕУ не се оди со амнестирање на криминалци, туку со чесни реформи, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестниот марш во Прилеп. Тој ги критикуваше владините политики и го обвини Заев дека ги урнал економијата и судството и дека не направил ништо за образованието и за здравството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grubi

Прекоманди во ДУИ: Реџепи на местото на Груби, Груби на местото на Лика

Атила Реџепи е назначен за нов генерален секретар на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Именувањето дојде на вечерашната седница на Советот на партијата и Централното Собрание на политичкиот субјект со седиште во Мала Речица и коалициски партнер на Владата на Република Македонија.Артан Груби, пак, во иднина ќе дејствува од позицијата организационен секретар на ДУИ, функција што досега му беше доверена на Хазби Лика. Неговото отсуство дополнително ги подгреа гласините за нарушени односи меѓу министерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и врвот на партијата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања