ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
tepacka1

Тепачка во скопска кафеана

Ноќеска околу 03 часот, Ј.К. (19) од Скопје пријави дека вчера околу 23 часот во угостителски објект на ул. Скупи, бил физички нападнат од С.К. од Скопје додека седеле на иста маса во објектот.По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42576122_1157758107740790_8808418367166742528_n

Најбрз Дедо Мраз - Никола, а најбрза Баба Мразица - Рената

Денеска во Скопје се одржа дедомразовска трка. Во центарот на главниот град, огромен број мали и големи учесници облечени во костими на Дедо Мраз ја истрчаа патеката долга два километра, која покрај забавен имаше и натпреварувачки карактер.За најбрзите – Никола Таневски во машка и Рената Соколовска во женска категорија беа предвидени награди, а најмалите учесници во трката ги добија заслужените пакетчиња.Дедомразовската трка се одржува по јубилеен 5-ти пат, со што Скопје се придружува кон светските метрополи кои одржуваат ваков настан

Скопје | пред 7 години

7 год.
valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Дух во истрагата- ниту Ваљон Беља знае кој пукал во него, ниту соучесниците го познавале

Економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља ги познал тројцата напаѓачи кои со тупаници го претепале на паркингот во Чаир и ги посочил на полицијата, дознава Телма од извори блиски до истрагата. Но не го знаел пиштолџијата кој го застрелал во нога. Не само Беља туку и другите тројца приведени кои биле со него вечерта тврделе дека не го познаваат четвртиот напаѓач, велат изворите на Телма. Тој засега е како дух. Се води како непознато лице кое треба да го открие истрагата, објави Телевизија Телма.Беља е се уште во градската хируршка болница Св Наум Огридски во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Откако ќе излезе, напаѓачите не смеат да му се доближуваат. Тоа е една од мерките што им ги определи судот на предлог на обвинителството доцна нокеска. Останатите мерки се забрана да го напуштаат градот, редовно да се јавувауваат во суд и одземен пасош. Тројцата се осомничени дека на извршиле грубо насилство и тешко го повредлие Беља а со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. За кривчното дело насилство за кое се осомничени предвидена е затворска казна од 3 до 10 години.Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда, велат од ОЈО Сјопје.Мотивот за сега официјално не се соопштува. Медиумите пишуваа дека економскиот директор на Гинекологија имал несогласувања со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу затоа што му била стопирана општинската плата. Од општината негираа вмешаност на градоначалникот. Изјавата на министерот Спасовски дека Ганиу добивал закани од Беља, за што имало и пријава во МВР, укажува дека постоело некакво несогласување мегу двајцата функционери на ДУИ.Од партијата пак тврдат дека инцидентот не е поврзан со ДУИ.Добро информирани партиски членови коментираат дека тупаниците и пукањето во колено било предупредување за Беља дека следниот пат нема да преживее. Овие пресметки упатните ги коментираат и како покажување на моќ но и позиционирање во време кога се прават смени во партиските и државните функции.Се очекува дилемите да се расчистат во истрагата особено по исказите што пред обивнител треба да ги дадат и оштетениот Беља и тројцата осомничени.Беља и е познат на јавноста по повеќе инциденти кои директно или индиректно се поврзуваат со него. Токму затоа неговото именување за економски директор на Гинекологија предизвика реакции во Јавноста.извор: Телма

Скопје | пред 7 години

7 год.
kabaeva-1

Приватниот живот на Путин, најчувана тајна, но која е Алина Кабаева?

Еден од најмоќните политичари Владимир Путин, за својот приватен живот дозволува да се открие само она што сака тој да знаеме. Рускиот политичар веќе 12 години е на водечка позиција и има неверојатно силна контрола врз медиумите во Русија.Во една пригода тој дури изјави: „Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање и тоа треба да биде почитувано.“На годишната конференција за медиуми на рускиот претседател Владимир Путин еден новинар го постави прашањето – кога планира да се жени и со кого? Ова прашање покрена лавина прашања за венчавката на Путин со Алина Кабаева.Шефот на Кремаљ се насмевна на прашањето одговарајќи дека секако во иднина планира повторно да се венча.– Како пристојна личност ќе морам да го сторам тоа кога-тогаш, одговори Путин.По оваа изјава на Путин, медиумите ширум светот започнаа да објавуваат фотографии од прекрасната Русинка која веќе 10 години ја поврзуваат со моќниот руски политичар, од кои 6 тој беше во брак со неговата претходна сопруга Људмила. Се погласни се оние кои јавно говорат дека Пурин и Кабаева се заедно веќе веќе 10 години.А Која е Алина Кабаева (35) ?Таа стекна слава како успешна ритмична танчарка. Има освоено две олимписки златни медали, 14 медали од светски натпревари и 25 медали од европски натпревари. Tокму нејзината кариера на гимнастичарка ја довела до средба со Путин.По нејзината успешна спортска кариера, Кабаева работеше 6 години како пратеник од партијата на Путин.Потоа во 2014 година беше назначена на чело на голема медиумска агенција за промовирање на Кремљ, без претходно искуство во оваа област.Шпекулациите одат до таму што Кабаева можеби и веќе е во брак со Путин и Наводно имаат две деца.Во многу пригоди таа е видена со прстен што наликува на свршенички, а со оглед на тоа што наводно се состануваат 10 години има смисла.Медиумите ја ловат во друштво на две деца, а најверојатно нивен татко е Путин. Кабаева ги криела бременостите и тајно се породила.

Магазин | пред 7 години

7 год.
celik

Производителите на челик и алуминиум од следната година со ограничен извоз во ЕУ, се соочуваат со загуба од 100 милиони евра годишно

ЕУ воведува квоти за извоз на македонскиот челик и алуминиум во траење од три години. Европската комисија во потокот попладне упатила нота до Македонија со која се известува за воведување на заштитни мерки за извоз на овие производи, чие надминување ќе ги чини компаниите 25% царина. Досега овие производи беа извезувани без царина. Ова денеска на брифинг го соопшти вицепремиерот за евроинтеграции, кој додаде дека се прават напори од страна на владата оваа мерка да не биде воведена за Македонија.– Согласно новата формулација, земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година зголемен за пет отсто раст. Сè што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. Тоа ќе значи големи проблеми за нашата индустрија на челик и алуминиум, која сериозно придонесува во БДП на државата. Проценките се дека штетата би можела да биде до 100 милиони евра на годишно ниво на извозот – рече Османи.Привремените мерки ЕУ ги воведе во јули, а наведените конечни мерки треба да траат три години. Од Владата, вели Османи, не се откажуваат од обидите да ја убедат ЕК дека Македонија треба да биде исклучена од овие мерки.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sluzben-vesnik

Законот за јазици до Службен весник без потписот на Иванов

Владата нема да чека потпис за да биде објавен Законот за употреба на јазиците, ниту од актуелниот претседател Ѓорге Иванов, ниту од неговиот наследник. Овој закон и Договорот од Преспа, претседателот на Парламентот, Талат Џафери, ќе ги достави до Службен весник, веднаш по усвојувањето на уставните амандмани, објави Алсат.„Не очекуваме, ниту се надеваме дека ќе имаме договор со претседателот во однос на Законот за јазиците. Мислам дека по завршувањето на процесот на уставни измени ќе биде објавен и договорот со Грција, како предуслов за продолжување на процесот а исто така, ќе биде објавен и Законот за јазиците. Двата закона ќе бидат испратени и објавени во Службен весник со потпис само на претседателот на Собранието. Тоа е во рамки на неговите обврски и е резултат на непочитување на Уставот од страна на Претседателот”, рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.Османи додаде дека Македонија е целосно уверена дека актуелната грчка влада го има потребно парламентарно мнозинство да го ратификува Преспанскиот договор и протоколот за членство во НАТО. Македонските власти не сметаат дека договорот е во опасност и покрај заканите на коалицискиот партнер на Ципрас, Панос Каменос, дека ќе ја напушти власта кога оваа точка ќе дојде на дневен ред во грчкиот парламент.извор: Алсат

Скопје | пред 7 години

7 год.
stapici-5

(ФОТО) Стапици, сајли примки,најсуров метод за мачење на животни на граничен појас помеѓу Р. Македонија и Р.Албанија

„Ова се стапици, сајли примки,најсуров метод за мачење на животни на граничен појас помеѓу Р. Македонија и Р.Албанија попрецизно од 3.до 4 километри длабоко на Македонска територија место викано Војтино, најболната точка на Нац“, напиша на својот ФБ профил Ѓуро Јовчески ренџер од НП Галичица.Во продолжение на својата објава Јовчески пишува:„Парк Галичица, да бидам попрецизен во 2004 година со препорака на Нато стандардите прекинаа да се обезбедуваат границите кои беа под ингеренции на АРМ и преминаа во ингеренции на МВР поточно на Гранична Полиција, се затворија караулите се створија идеални услови за шверц, криволов, дрвокрадство, 12 години сум постојано на горенаведеното место со полицајци од граничен премин Св Наум, за кој ке кажам се најдобро за нивниот ангажман како и за нивните претпоставени, многу пати заеднички се фатени лица на лице место на дело во криволов во бесправна сеча на дрво, во шверц со дрога и друга забранета роба, но потенцирам на крајот сега ке објаснам што е поентата сиот доказен матријал оди во Основен Суд Охрид односно Основно Јавно Обвинителство, но веќе наредниот ден и покрај одредениот притвор лицата експресно се ослободуваат и се праќаат во шиприја како хероји иако со цврсти докази на лице место се фатени на дело во бесправни дејствија, на кого му одговарат отворени граници да качаци пустошат шуми, пустошат животни и шверцаат дрога и ги трујат нашите деца, имам полна архива со доказен материјал за сиве 12 години од на лице место и ке ги објавувам постепено и за скоро пред основниот корумпиран суд охрид пред медиуми, бидејки го штитат криминалот поточно убијци, разбојници, дилери на дрога а судат некој за две векни леб.наскоро ке ги објавувам сите докази и записници од лице место како и кој биле ибвинители и судии во тие процеси, најуредно ве замолувам без политички коментари бидејќи постов нее од таа тема а и проблматикава е стара близу 15 години“, напиша Јовчески.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pelenica

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

Мининистерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС.„Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе им наложиме на општините како основачи на училиштата, таму да не се одржуваат екскурзии“, велат од МОН за „Мета“.Министерството за животна средина, вети дека до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево за кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони токсичен линдан.Државната секретарка во МЖСПП, Ана Петровска, во разговор за „Мета“ рече дека ќе биде испратено укажување до Министерството за образование и наука во Пеленица да не се организираат ученички екскурзии додека не се утврди опасноста.-Алармирано е и до владата и до нас како Министерство и во овој момент ќе се преземе акција согласно член 42 од законот за отпад кој што не овластува нас како надлежен орган, пред да се докаже опасноста, бидејќи уште не е докажана, а за да ја докажеме ќе ни треба и време и ресурси, барем да го оградиме просторот за кој што се претпоставува дека е локација. Таа е во ненаселен простор, но е близу некој манастир, каде што деца одат на екскурзија. Со други зборови, ние како орган, до крајот на годината, имаме обврска да го оградиме тој простор и да поставиме одредена табла – рече Петровска.Линданот на оваа локација потекнува од фабриката ОХИС и таму го фрлале работници пред да се направат големата и малата депонија на територијата на фабриката каде што се проценува дека има помеѓу 40-50.000 тони контаминирана почва со линдан.Мета

Скопје | пред 7 години

7 год.
stojance-keramidi-glava

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов кршеше ќерамиди со глава

Стојанче Ангелов, поранешен полициски генерал, учесник во воениот конфликт 2001, претседател на ,,Достоинство“, сега вработен во М-НАВ, се пофали на ФБ дека на твитерџиска манифестација скршил ќерамиди со глава.,На барање на дел од твитер заедницата на вчерашното доделување на ,,Твитер награди“ скршив две ќерамиди, овојпат со глава. Целото видео од мојот настап, во текот на денот“-напиша Ангелов.

Магазин | пред 7 години

7 год.
zaev

Заев стравува од раздор во СДСМ ако се кандидира за шеф на државата?

Зошто премиерот, по последните анкети кои ја потврдија стратегијата за консензуален кандидат на партнерите во власта- цврсто не демантираше дека нема да го трча претседателскиот натпревар? Практично, премиерот калкулира меѓу наоѓањето соодветна замена за себе, и дилот да се кандидира за претседател, дознава Алфа од високи владини извори, објави Телевизија АЛФА.Истите брифираат дека Заев го држи врелиот костен: од една страна договорот е тој да биде заедничката понуда на двата главни играчи во власта, но од друга, напуштањето на премиерската функција ќе значи внатрепартиски раскол во СДСМ за тоа кој да биде наследникот до крајот на премиерскиот мандат.Во моментот во СДСМ тлеат различни табори, велат нашите извори, и при евентуално напуштање на функцијата на Заев, ќе дојде до внатрепартиско соочување и пресметки за тоа кој да седне на жешкото столче. Темата била повеќепати отворана на состаноците меѓу раководството на „Бихаќка“ и очигледно било дека судирот меѓу доминантните табори може да доведе до сериозни проблеми со последици во однос на егзистенцијата на партијата.Ваквата раскрсница, пак им пречи на помалите коалициони партнери на Заев во власта, оти се незадоволни од игнорантскиот третман на премиерот кон нив- особено во делот на распределбата на функциите и вработувањата. Јавно незадоволството го изнесе ЛДП, а како што дознава Алфа, тие веќе знаат со кого ќе ја трчаат претседателската трка. Екс- пратеничката Ангелка Пеева Лауренчиќ е првото име за кандидат за претседател познато за сега. Иако неофицијално- сепак од ЛДП не ја демантираат оваа информација- инаку првично најавена од говорницата на конгресот на партијата од Милевски, кога нагласи дека многу е веројатно да настапат со сопствен кандидат.Во меѓувреме, најголемата опозициска партија вчера објави дека во февруари ќе го соопштат нивниот кандидат за претседател.Инаку, калкулациите околу амбициите на Заев се врзани и за преспанскиот договор, односно клучниот период што ја чека државава по нова година.-Нема да ја отвораме темата, ниту, пак, нешто ќе разговараме за тоа во политичките кругови пред одлуката на парламентот за уставните измени, изјави премиерот пред 4 дена во врска со неговата перспектива како консензуален претседателски кандидат, а само еден месец откако прво кажа дека нема претседателски амбиции.извор: Телевизија АЛФА

Македонија | пред 7 години

7 год.
lekovi-apteki

(ВИДЕО Нова распределба на квотите на аптеките, Фондот за здравство најавува рамномерна прераспределба на лекови по аптеките

Фондот за здравство крати од големите и им дава повеќе пари на помалите аптеки. Од Нова година стапува на сила нова распределба на квотите за лекови на рецепт. Од Фондот уверуваат дека нема да има фаворизирање ниту недостиг на лекови уште во првите неколку денови од месецот.Околу 500 аптеки од вкупно 778 со кои Фондот има склучено договор ќе добијат рамномерно зголемување на квотите од 20 000 денари месечно. Утврден е и максималниот износ на квота кој изнесува 650 000 денари по аптека.“Сакаме да нагласиме дека сега со новата распределба сите аптеки добиваат фер услови за обезбедување на лекови на целата територијата на Република Македонија, што не беше случај претходно, бидејќи заради начинот на распределба на квотите во претходните години настанале и големи разлики во висината на износите на квотите на аптеките, а едно правно лице добивало и за 40 насто поголема месечна квота од просечната квота на сите останати аптеки во Република Македонија“, изјави директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.Неофицијално, ланецот на аптеки Зегин е правниот субјект на кој ќе му биде намалена сумата за лекови на рецепт. Овој ланец на аптеки, според ФЗОМ, досега располагал со приближно 20 проценти од буџетот за лекови на товар на Фондот.Од ФЗОМ нагласуваат дека ќе има трансферирање на квотите, така што и големите ланци можат да си ги насочуваат квотите во тие аптеки каде што недостасуваат лекови.Заедно со новата распределба на квотите во почетокот на 2019 година ФЗОМ ќе распредели допонителни 120 милиони денари( скоро 2 милиони евра) за лекови на рецепт. Со ова велат од таму, буџетот за лекови ќе се зголеми од 2 милијарди и 900 милиони денари на најмалку 3 милијарди и 20 милиони денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Fotografija-1

(ВИДЕО) Полицијата не дозволи целосна блокада на магистралниот пат Скопје - Охрид , кај Кичево

Според најавата денеска „Македонија-Блокира“ со руски знамиња и жолти елеци на чело со Јанко Бачев го блокираше магистралниот пат Скопје - Охрид , кај Кичево. Блокадите се дел од активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот.Но, кај месноста Другово во Кичево, полицијата не дозволува целосно блокирање на магистралниот пат и покрај најавата.Протестниот марш се одвивше без проблеми со зголемено присуство на полицијата.https://www.facebook.com/EdinstvenaMAKEDONIA/videos/221418745412647/https://www.facebook.com/klime.noveski/videos/10218918136888512/https://www.facebook.com/klime.noveski/videos/10218917919443076/

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaevi

(ФОТО) Сопругата и ќерката на Заев на пред празнично уживање во Германија

Сопругата и ќерката на премиерот Зоран Заев, Зорица и Александра се на пред празнично патување во Германија.Александра ќерката за премиерот на својот Инстаграм профил, објави фотографија со својата мајка, како уживаат во прошетките низ Франкфурт во божиќна атмосфера.Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, кои се родители и на синот Душко.

Магазин | пред 7 години

7 год.
gordana-popsimonova

Гордана Попсимонова: Гордана Попсимонова: Дечки од СДСМ, вие како партија не го урнавте Груевски, го урнавте со „бомбите“ на Заев

“Дечки од СДСМ, за што се боревме? За пратенички патни трошоци од по илјада евра месечно? За едни исти луѓе да запоседнат во по неколку управни и надзорни одбори со паушали од по 200/300 евра? За директорски места по јавни претпријатија наменети за партиски кадри, чија единствена гаранција за компетентност и стручност е партиската книшка?За партиски членови на разни комисии кои си делат дневници и вишоци како ќе им текне? Или, пак, за оние патувања по Јужна Америка со прва класа за да се види како изгледа авантуристички туризам? Или за рекетирањето фирми од разни агенции за обезбедување кои се претставуваат како вам блиски?А тоа се случува, тоа го гледам и го слушам и тоа ме прави гневна. И токму затоа, дечки од СДСМ, имам да ви соопштам неколку битни работи. Нека ве боли колку сака.Прво! Дечки од СДСМ, вие не го симнавте Груевски со ваши програми, идеи и проекти. Да бидеме искрени, ги немавте. Го урнавте со „бомбите“ на Заев. А зад нив, зад снимените разговори, стојат неколку доблесни и храбри мажи кои си ги ризикуваа здравјето и животот за да го изнесат на виделина монструозното лице на претходната власт. Им рековте ли барем „благодарам“? Знаете ли кои се и помисливте ли како да им возвратите?”извор: Независен

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Владиниот координатор Стојанче Ангелов се пофали дека може да крши две ќерамиди со глава

Генералот Стојанче Ангелов кој сега е дел од Владата и ја извршува функцијата национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, на социјалните мрежи се пофали дека вчера кршел керамиди со глава, по барање на твитерџиите.Владиниот координатор скршил дури две керамиди со глава, а си објави и видео на социјалните мрежи. Ангелов всушност имал цел настап на оваа манифестација, кој ќе можеме да го видиме во текот на денот.https://www.facebook.com/stojance.angelov/videos/2187376764682937/

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Автомобил излета од патот, еден загина, двајца со тешки повреди

Вчера околу 13,00 часот на локалниоt пат с.Падалиште-Гостивар, се случила сообраќајна незгода во која А.Б  (21) од с.Падалиште, управувајќи патничко моторно возило „Фиат панда“ со италијанска национална ознака, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.Возачот А.Б. и сопатниците А.А. (25) и А.Т. (23) двајцата од с.Падалиште, биле пренесени во Медицински Центар Гостивар, каде кај возачот  А.Б. е констатирана смрт, А.Т бил префрлен во Ургентен центар Скопје.Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kuba-ustav

Кубанското национално собрание го одобри Предлог-текстот на новиот устав, дозволуват и истополови бракови

Кубанското Национално собрание синоќа го одобри Предлог-тексот за новиот устав на Куба, кој треба да биде одбрен на референдум закажан за 24 февруари идната година.Согласно предложениот текст, Куба и натаму останува држава со централно планирана економија и под управа на Комунистичката партија, но првпат во Револуцијата во 1959 година се дозволува приватна сопственост и се отвора патот за одржување референдум за легализација на истополовите бракови.Со предлог-уставот се воведуваат функцијата премиер и ограничување на возраста и на бројот на мандати на претседатлот на државата.Критичарите на Предлог-уставот посочуваат дека со него не се менуваат основите на кубанскиот систем, па опозициските групи веќе најавија дека ќе водат онлајн кампња за гласање „против“ на референдумот.

Свет | пред 7 години

7 год.
minister-zemjodelstvo-1

Николовски: Договорното производство на сончоглед, одлична можност за земјоделците да имаат сигурен откуп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Ленче Николовска, одржаа работна средба со земјоделци од Свети Николе.Министерот Николовски посочи дека Владата интензивно работи на нови мерки и програми кои ќе значат подобрување на состојбата во вкупниот аграр и ја потенцираше важноста од развојот на договорното производство на земјоделските култури како можност за решавање на пласманот на земјоделските производи. Николовски посочи дека договорното производство на сончоглед е одлична можност за земјоделците да имаат сигурен откуп.„Целосно даваме поддршка на оваа иницијатива за договорно производство. Со оваа идеја и со овој концепт не збориме дека ќе се решат сите проблеми, но збориме за едно прашање, за кое нудиме соодветна поддршка и решение, за тие што ќе се решат да партиципираат, односно да произведуваат да знаат дека тука стои државата, дека има интерес од самите компании, затоа што факт е дека правиме анализа и на сето она што Македонија го увезува“, изјави министерот НиколовскиМинистерот им порача на земјоделците дека ќе се направат анализи во врска со нивните барања за зголемување на субвенциите за сончоглед. Советничката за земјоделство, шумарство и водостопанство на ПВРМ, Ленче Николовска, посочи дека идејата е заедничка со директорот на фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес, а целта е да се зголеми домашното производство на сончоглед преку договорно производство.„На тој начин вие, земјоделци ќе имате сигурен откуп, ќе ви се исплати производството, а откупувачот ќе има домашна суровина. За Владата тоа значи решавање на најголемиот проблем на земјоделците пласманот. Драго ми е дека овде гледам вистински, сериозни земјоделски производители за кои сум сигурна дека со поддршка од страна на министерството за земјоделство ќе имаат успешна реколта на сончоглед. Тука сме да ја потврдиме сигурноста на овој процес преку медијаторска улога од потпишувањето на договорите до предавање на сончогледот кај откупувачот и исплата на истиот“, изјави Николовска.Во Свети Николе има голем интерес од страна на земјоделците за договорното производство на сончоглед. Во општинската сала пред повеќе од педесет сериозни земјоделски производители, беа присутни и претставници од институции кои заедно со директорот на фабриката „Благој Ѓорев“ ја презентираа идејата за сигурно производство и откуп на сончогледот.„Идејата да го зголемиме домашното производство на сончоглед ми е одамна, но за прв пат наидувам на разбирање и соработка од една Влада и Министерство за земјоделство. Знам дека некогаш сме произведувале и до 40 000 тони сончоглед за преработка но последниве години спаднавме на само 2000 тони поради неколку причини кои сега заеднички со земјоделците и владата сакаме да ги надминеме. Ви гарантирам дека секое зрно сончоглед ќе го откупиме и ќе го платиме - изјави Горанчо Лазов, директор на АД „Благој Ѓорев“.Земјоделците беа едногласни дека досегашното мало производство на сончоглед се должи на скапото производство, ниските приноси и субвенции што ги прави неконкурентни на увозниот сончоглед.- Ние земјоделците ја поздравуваме оваа идеја и сигурни сме дека можеме да ги зголемиме површините под оваа култура. Но потребно е да ги зголемиме приносите преку квалитетно семе и други репроматеријали. Исто така сметаме дека е добро да се покачат субвенциите како би можеле да мотивираат и други земјоделци напролет да насеат пченица. Меѓудругото се работи и за одлична култура за плодоред на површините на кои сееме пченица и јачмен - вели Никола Петковски - „Бониер“ кој додаде дека мотивирани од оваа кампања производителите на сончоглед формирале и Асоцијација за да може заеднички да настапуваат и да се едуцираат за добивање на повисоки и поквалитетни приноси.Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Елгафер Јусуфи, им порача на земјоделците дека кога станува збор за едукација, Агенцијата ќе има клучна улога, поради што веќе се екипираат советници од сите региони кои ќе бидат активно вклучени на терен и ќе им помагаат со совети во текот на целиот процес, во извршување на сите агротехнички мерки, од сеидба до собирање на родот.Заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Абдул Селам Селами ја истакна важноста на договорното производство и од аспект на развојната компонента која ќе ја имаат земјоделските субвенции бидејќи на овој начин тие ќе го стимулираат домашното производство.Изминатите недели беа одржани вакви трибини и во други региони во државата, а кампањата за договорно производство на сончоглед ќе продолжи и во следните месеци, во други региони со цел земјоделците изворно да се запознаат со можностите кои ги нуди овој начин на соработка меѓу примарните производители и откупувачот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во изминатата вечер 39 возачи биле под дејство на алкохол

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.12.2018 година во периодот од 00.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 209 возачи,a  кај 38 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 38 мерки . Исклучени се 38 возачи од сообраќај,издадени се 38 мандатни платни налози  и откриени се 23 останати прекршоци.

Скопје | пред 7 години

7 год.
struja

Без струја дел од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче

Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров.Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Козле“ во општина Карпош, а во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од непарните броеви од бр. 173 до 187 на ул. „Антон Димитров“ во нас. Драчево, во општина Кисела Вода.Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од ул. „Нерешка“ во општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања