„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
Nagradeni-avtori-na-Madzirmaalski-poetski-branuvanja-2018

Доделени наградите на Маџирмаалските поетски средби

Новата поетска манифестација „Маџирмаалски поетски бранувања“ се одржа неодамна во Даут-пашиниот амам, седиште на Националната галерија на Македонија.На почетокот на манифестацијата се обрати претседателот на Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски средби“, Зоран Панчевски, а потоа од страна на Комисијата беше соопштено дека на Конкурсот што го распишаа организаторите за песни кои содржат мотив поврзан со Маџир Маало и тематско-содржински кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите, пристигнале преку триесет поетски дела од дваесет и четири автори меѓу кои освен маџимаалци и жители на Скопје, има и поети од Прилеп, Велес, Охрид, Тетово, Делчево и од други градови.Комисијата изврши строга и принципиелна селекција и одлучи главната награда „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2018 година да му биде доделена на авторот Томислав Лазаревски за песната „Маџир Маало - едно минато време (хаибун)“, а двете придружни награди да ги добијат Габриела Стојаноска-Станоеска за песната „Духот на Маџир Маало“ и Љубиша Николиќ за песната „Таму јас не можам“.Наградите на поетите им ги додели претседателот на Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски средби“, а потоа тие ги прочитаа своите песни пред публиката. За особен придонес во организацијата на првите „Маџирмаалски поетски бранувања“ му беше доделено посебно признание на поетот, писател и поддржувач на традиционалните „Маџирмаалски средби“, Илко Димитриески, кој ја прочита својата поема „Маџир Маало“.Благодарници од страна на организаторите им беа доделени на поддржувачите и на претставници на медиумите, а манифестацијата продолжи со читање песни од присутните автори.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Цветковиќ: Власта не е ни приближно добра како што се надевавме, ама „шарените“ не мислат повеќе да се борат

Ирена Цветковиќ, која беше дел од Шарената револуција и други протести организирани од СДСМ во периодот додека партијата беше во опозиција, сега гласно го искажува својот револт на социјалните мрежи.„Каде се Шарените сега?Драги заинтересирани,Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно. Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност. Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим. Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас“, напиша Цветковиќ на Фејсбук. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Законот за амнестија е политички пазар, ама гласав „За“

Во емисијата „Топ тема“ на Телма која се одржа во Филозофскиот факултет каде што учествуваа и студентите, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.Тема на дискусија беа повеќе состојби во општеството меѓу кои корупцијата, лошите услови во образованието, како и законот за амнестија.Ѓорчев го критикуваше Законот за амнестија кој според него покажал дека еден човек е и судија и кадија во Македонија.„Гласав за Законот за амнестија зашто не треба да има поигрување со судбините на тие луѓе. Има актери, оперски пејачи обвинети за тероризам. Јасно е дека амнестијата е за оние кои отворија врати и им се закануваа 15 години затвор, да се спасат и да гласаат за уставните измени. Законот е политички пазар“, изјави Ѓорчев.Тој потенцираше дека власта ја злоупотребила довербата на граѓаните и на студентите за да дојде на власт, а потоа ги изневерила нивните очекувања.„Имаме ситуација каде што луѓето масовно се иселуваат од Македонија имаме заробено судство, имаме состојба каде беа ветувани инвестиции од Google, но не се остварија“, изјави Ѓорчев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48396061_2519554041393030_2071057939078053888_n

(ФОТО) Битола се гуши во загаден воздух – 600µg ПМ10 честички во воздухот

Битола вечерва има најзагаден воздух во Македонија, каде концентрацијата на ПМ10 честички изнесува 600 микрограми на метар кубен. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.Битолчани на социјалните мрежи се жалат дека нема никакви информации или итни мерки од надлежните.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2519554038059697&set=a.565727773442343&type=3&theaterНеодамна во Битола се протестираше за загадениот воздух пред општинската зграда.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопје осми најзагаден град во светот

Скопје вечерва е осми најзагаден град во светот, покажуваат резултатите интернет порталот „Ер вижуал“, каде што се претставуваат збирните податоци од мерните станици во целиот свет.Мерните станици покажуваат дека во просек воздухот во главниот град е загаден со ПМ10 честички за три до четири пати повеќе, отколку што е дозволено.Според апликацијата „Мој воздух, најзагаден е воздухот во населбата „11 Октомври“, односно 406 mg/m3, и во Ректорат каде концентрацијата на ПМ10 честички е 405 mg/m3.  Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.   

Скопје | пред 7 години

7 год.
sonja-trajkovska

Новинарката Соња Трајковска на ФБ: „И директорот и градоначалникот што вчера изигруваа каубојци треба да идат у затвор“

Отворено на ФБ, новинарката Трајковска за синоќешната престрелка:„И директорот и градоначалникот што вчера изигруваа каубојци треба да идат у затвор. Едниот, Беља, ко шериф, рекетирал пари од овој, а на претходниот градоначалник му прати куршум во салфета пошто не го ставил директор на пензиско! Другиов, градоначалникот Ганиу, прифатил да оди пред маркет да се пресмета, па место да пријави у полиција, си викнал бараби да се пукаат. И сега да ја прашам власта: Ова ви изгледа нормално, дека вака треба, или ќе ги спакувате двајцата ко куфери?“, напиша на својот ФБ профил новинарката Соња Трајковска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Охрид домаќин на годишна манифестација на Алпинистичката федерација

Вечерва во амфитеатарот на ЈНУ Институт за филм - Филмска академија Охрид во Охрид, се одржа годишната манифестација на МАФ, на која се презентираа презентации за дел од активностите реализирани од членови на федерацијата во текот на годинава.Дел од презентациите беа за меѓународните акции реализирани во Алпите (Словенија, Франција и Италија), Пакленица (Хрватска) и Враца (Бугарија), активностите на локалниот Алпинистички клуб "Патагонија" - Охрид (реновирање на планинската куќа Галичица и проектот за развој на Планинска Спасителна Служба во Охридскот регион)..На презентацијата беа доделени признанијата „Јован Ангелов - Циго“, на најуспешните алпинисти - членови на МАФ.За утре пак на 22-ри (Сабота), Фестивалот на планински филм ЕХО, со почеток во 20 часот ќе одржи проекција на селекција од својата овогодинешна филмска програма - околу 3-часовна програма.Во текот на денот пак (Сабота и Недела), ако условите тоа го дозволуваат, нашите алпинисти ќе прават искачувања на кулоарите на Галичица - насловната фотографија е од искачувањата правени во текот на претходната сезона.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

Стружанец при бегство со "голф" повлекол и полицаец

На 20 декември, во 23 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на струшкото село Враништа, полициски службеници запреле патничко моторно возило марка „Голф“, управувано од М.М.(32) од струшкото село Радолишта. По издадена наредба да излезе, М.М. го стартувал возилото и избегал, при што повлекол еден полициски службеник.Во тој момент, од друг полициски службеник биле испукани два предупредувачки проектили во воздух, но М.М. не застанал.По преземени мерки, возилото „Голф“ е пронајдено во селото Радолишта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sv-joakim-i-ana

Денеска ги славиме светите Јоаким и Ана, родителите на Марија

Денска ги славиме светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог.Jоаким и Ана немале деца цели 50 години. На старост им се јавил архангелот Гаврил, на двајцата поединечно, и им рекол дека нивните молитви се услишани од Бога и дека ќе им се роди ќерка Марија.Тогаш Ана зачнала и по девет месеци навистина родила ќерка благословена од Бога, пресветата Марија Богородица.Во текот на овој ден жените не работат, а некаде бдејат цела ноќ во пресрет на празникот додека не ги слушнат првите петли. Кога ќе ги слушнат, велат: „Слушам слушам, петли, своето го чувам, селското го собирам“.Денешниот ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а пак жените кои имаат проблем со зачнување треба да одат во манастир да се молат. Некои таму остануваат и по три дена.Постои обичај, мајките со женските деца да одат околу куќата и да фрлаат пепел и просо за да ја зачуваат куќата од зли духови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
frosina

Ременски на ФБ: „Никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер“

Никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер, напиша на својот фејсбук профил пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски.Во продолжение на својот статус Ременски додава:„Законите ги регулираат правата и обврските на сите избрани и именувани функционери за време и по завршување на нивниот мандат.Ставањето во привилегирана позицијаза време и по престанок на функцијата е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост.Наместо да се зголемуваат, привилегиите треба да се минимизираат. И тоа веднаш, пред да се уништи јавниот имиџ на функцијата пратеник кој и без тоа е доволно уништен“, напиша Ременски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
vilma

Рускоска: Дамовски, Илиевски и Дурловски не ги исполнуваат условите за амнестија, ќе се спасат Арнаудов, Мукоски, Василевски, Тарчуловски, Димовски

Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија, истакна во обвинителката Вилма Рускоска, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат .Според неа со овој закон че се спасат Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.

пред 7 години

7 год.
dedomraz-arm

Дедо Мраз ќе пристигне со воен хеликоптер

Во касарната „Страшо Пинџур“ утре ќе биде реализирана традиционалната предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“, што е организирана од страна на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија.На церемонијата Дедо Мраз ќе подели новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на воздухопловната бригада, како и на деца на припадници од бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

Македонија | пред 7 години

7 год.
venko-filipce

Филипче продолжува со фалење со донации, а инвестиции нема ни за лек

Денес по медиумите излезе „топ“ вест министерот Филипче на предавање специјално возило на Здравствениот дом Струмица.Имено специјалното возило е донација од Организацијата „Сано“ и со него се зајакнуваат капацитетите на домашната посета на Здравствениот дом во Струмица. Истовремено при предавање на донацијата се заблагодари и Директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, Љубица Митева која истакна дека таа е донирана во вистински момент, бидејќи токму во зимскиот период такво возило е најпотребно за да се врши посета на болните. Ова е една од низата донации со кои секојдневно се фали министерот.-Инвестиции нема никаде ни за лек. Здравствениот систем е на стаклени нозе бидејќи се гради на база на донации наместо на инвестиции од страна на министерството за здравство, велат упатените.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Со туѓа картичка си пазарел од Алиекспрес

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против И.С.(35) од Скопје за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.На 07.09.2017 година во фирма во село Визбегово, скопско, пријавениот, кој бил вработен во истата, при наплата со платежна картичка, прибавил податоци од истата, по што во периодот од 07.09.2017 до 09.09.2018 година од продажното место на интернет www.aliexpress.com, пријавениот, користејќи ги податоците од картичката извршил 47 нелегални трансакции.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Фрлале шишиња и чаши кон обезбедувањето зашто не им дозволиле да влезат во ноќен клуб

На 20.12.2018 година е пријавено дека во катна гаража „Солунски Конгрес“, во која се наоѓа ноќен клуб, на 19.12.2018 година околу 23:00 часот неколку лица, под дејство на алкохол, го нарушиле јавниот ред и мир.На истите не им бил дозволен влез во ноќниот клуб при што започнале да фрлаат шишиња и чаши кон вработените во обезбедувањето на објектот.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„БМВ“, „Порше“ и „Мерцедес“ украдени од авто салон во Кисела Вода

Вчераутро пријавено било дека од авто салон на улица “Сава Ковачевиќ”, Кисела вода, во Скопје од страна на непознат сторител одземени се три патнички моторно возила “мерцедес”, “БМВ” и “порше”.По преземени мерки, возилата се пронајдени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Фатени извршителите на четири разбојништва врз таксисти во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба по целосно документирање ќе поднесе кривична пријава против лицата Д.Р.(18) и А.М.(18) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека извршиле четири кривични дела „разбојништво“.„Пријавените, кривичните дела ги извршиле во месец декември годинава, врз такси возачи од различни такси компании, на идентичен начин, односно се качувале во такси возила барале да се превезат до село Брњарци,скопско и во сите случаи со закана со нож од такси возачите барале пари.По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека извршители на кривичните дела се пријавените лица. По преземени мерки двете лица се лишени од слобода. Со наредба од Основен суд Скопје I Скопје извршени се два претреси во Скопје. На 19.12.2018 година во Полициска станица Гази Баба во присуство на Јавен Обвинител од страна на оштетените извршено е препознавање на пријавените“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ojo

ОЈО отвори предмет за додатоците на платите во Судскиот совет

Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите на медиумите за донесените одлуки на Судскиот буџетски совет за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата. Со донесените одлуки за членовите на Судскиот совет на Република Македонија се определува да се исплатат додатоци на плата во висина од 35 % од основната плата.Обвинителството ќе ја испитува основаноста на донесените одлуки за исплата на додатоци на плата за членовите на Судскиот совет и извршената исплата. Надлежниот јавен обвинител истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

Обвинителството од Монако ги замрзна парите од продажбата на концесијата на центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби официјално известување од Обвинителството на Кнежевството Монако дека постапило по барањето за меѓународна правна помош во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија.На надлежниот јавен обвинител, кој од оформувањето на овој предмет е во постојана комуникација со Обвинителството на Кнежевството Монако, ќе му биде испратена целокупната документација која е поврзана со предметот што се истражува во Македонија.Во исто време, обвинителството од Монако потврди дека судија претседавач на Судот во прва инстанца на Кнежевството Монако постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарска сметка.Имено, во рамките на постапката во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, беше утврдено дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено.Финансиските средства од продажбата во износ од 8.281.000 евра беа префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, додека 3.275.000 евра се замрзнати на сметки во банки во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Лајт џез клуб“, „Дневен престој“ и „Спик изи“ најдобри меѓу угостителските објекти

Секторот за локален економски развој  на Град Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитетот на услугата, избраа „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје. Манифестацијата традиционално се оддржа по 11-ти пат.Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој  на Град Скопје.- Скромните признанија во форма на плакети што сега ги доделуваме, ќе се потрудиме во наредните години да прераснат во награди коишто ќе бидат синоним за квалитет на еден угостителски објект. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот - изјави Марко Тодоров.Тој додаде дека новитет оваа година е тоа што за првпат резултатите од истражувањето ќе бидат дискретно соопштени на сопствениците или менаџерите на угостителските објекти коишто беа предмет на истражувањето, со цел да можат и самите да направат анализа на своето работење и да ги согледаат своите силни и слаби страни.Тодоров се заблагодари на Агенцијата “SWOT Research” за професионалната посветеност и изрази надеж за долгогодишна соработка.Годинава преку тајни купувачи за најдобри три ресторани се оценети:  1.„Лајт џез клуб“, 2.„Стара градска куќа“ и 3.„Скопски мерак“; најдобри три гостилници се: 1. „Дневен престој“, 2. „Гостилница Градска кафеана“ и „Дебар маало“; најдобри во категоријата кафулиња се: 1.„Спик изи“, 2. „Коктел бар“ и  3. „Рок бар Круг“, а во категоријата Lounge и мезе барови: 1. „Дистрикт бар енд кичен“, 2. „Паблик рум“ и третото место го освои „Соул кичен бар“.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања