„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
policija-2-1

Момче од Драчево во полиција: „Извршена е обљуба врз мојата малолетна сестра“

На 20.12.2018 година во 22:30 часот во Полициска станица Драчево, А.А.(21) од Скопје, пријавил дека на 20.12.2018 година околу 20:00 е извршена обљуба врз неговата малолетна сестра.Пријавени се и овозможувачите на делото.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
47796006_506139849793355_2908708760891424768_n

(ВИДЕО) Кучиња од расата Кане корсо оставени да умрат на плац

Злоставени, изгладнети, болни, оставени да умрат – снимки од врвна одгледувачница на расата Kaне корсо во Македонија, oбјави здружението за заштита на животни, Анима мунди.https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/506138903126783/„Зад приказните за врвни легла и одбрани раси, ова е вистината која најчесто нема да ја дознаете и скапата цената која ја плаќаат животните! Снимките се направени на плацот на В.К, кинолошки судија и познат одгледувач на расата Кане корсо, кој неретко се кител со медали за своите примероци. Ова е она што го добиле животните за возврат.Снимките се објавени од руски државјани кои биле на плацот со цел да воспостават соработка со одгледувачот.Измет, мрши, мали кучиња кои дословно умираат пред камера, возрасни примероци, запуштени, изгладнети и болни, услови во кои и лаик би констатирал крајно злоставување и нехуманост, амбиент од кој и на нечовек ќе му се згади.Ваквите приказни не се ислучок туку се почеста реалност и ова се случува тогаш кога животните вредат толку колку им е пазарната вредност. Ветеринарните нспектори наместо да „ловат“ и казнуваат хумани граѓани кои привремено згрижуваат животни (ги казнуваат за немање чипови кај сите – иако знаат дека се згрижени привремено и бараат дом, приказни немате здравствена книшка и слично) со ова треба да се занимаваат, истражуваат; ова треба да го превенираат и спречат, тука треба да наплаќаат казни и изрекуваат забрани за било каква дејност која понатаму би вклучила контакт со животни. За вакви грозоморија во нормални земји се изрекува казна затвор, но ние сме Македонија“-велат од Анима мунди.Оттаму тврдат дека за овој случај знаат кинолози, трговци на раси…, се шушка, никако не се зборува јавно и секако не се превзема ништо. Поради големата љубов кон животните! Одгледувачот си заминал од плацот, животни повеќе таму нема.„Законодавството ни е такво да секој кој има желба може да отвори одгледувачница, заработува многу и пред никого да не одговара. Регистар/евиденција на одгледувачници нема, легла одат и над 1000 евра примерок, женските примероци служат како фабрика за нови и нови, несоодветните репрезенти на расите завршуваат на улица или со смрт. По улиците и стационарите врие од лабрадори, хаски, ротвајлери, шарпланинци, кои за трговците или оние кои ги купиле повеќе не вредат ништо, хумани граѓани и активисти им ги гледаат гревовите.БАРАМЕ ИТНО регулирање на дејноста, дефинирање на условите, настроги контроли и казни за секој кој неовластено размножува и продава кучиња. Доста ни е од злоупотребите и профитот на грб на животните ИНСИСТИРАМЕ НА ТЕМЕЛНА ИСТРАГА НА ОВОЈ СЛУЧАЈ И ОДГОВОРНОСТ ЗА СЕКОЕ ЕДНО МАЧЕНО И УМРЕНО/УБИЕНО КУЧЕ!“-стои во соопштението од Анима мунди.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

(ВИДЕО) МЗШВ додели 30 милиони денари за подобра рурална патна инфраструктура

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава за првпат доделува средства преку Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој. Се работи за финансиска поддршка во вкупен износ од 30 милиони денари, за која денеска се потпишаа договорите со пет Центри за развој на планските региони на територијта на Република Македонија, корисници на оваа програма.„Оваа поддршка е дел од нашите капитални вложувања директно во земјоделството, од што бенефит ќе имаат земјоделците. Наша цел е со средствата кои ги доделуваме денеска да ја подобриме руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Овие средства ќе се користат за изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја на интензивна земјоделска дејност. На овој начин ќе се олесни пристапот до обработливи површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.На јавниот повик кој беше распишан конкурираа 10 апликанти, од кои по евалуацијата, критериумите ги исполнија пет Центри за развој на планските региони.  Висината на финансиската поддршка што ќе ја добијат Центрите зависи од  двата критериума-минимум 40 отсто обработливо земјоделско земјиште во регионите за кои аплицираат и бројот на општини опфатени со проектите за кои аплицираат Центрите.Од јануари следната година ќе започнат постапките за јавна набавка за избор на најповолен изведувач и надзор на работите предвидени во приложените проекти. Одобрените проекти треба да се реализираат во рок од 12 месеци од денот на потпишување на договорите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nis-nesreca-voz-1-830x0

Детали за несреќата во Ниш, починаа две деца

Пет семејства завиени во црно е новиот биланс од сообраќајната незгода што го потресе регионот, а се случила утрово кај Ниш. Воз удрил во автобус кој преминувал преку железничка пруга, а од јачината на ударот, автобусот се преполовил. Едната половина останала од едната, а другата од другата страна на пругата.На самото место загинале три лица, а две им подлегнале на повредите во операциски сали во Клиничкиот центар во Ниш. Најмалку десетмина се во тешка животозагрозувачка состојба.Телеграф ги објави имињата на загинатите: 75-годишен Богомир Лазиќ, 48-годишна Даниела Станковиќ, 42-годишна Наташа Јанковиќ и момче и девојче на 15 години.Вочазот на автобусот e осомничен дека е виновен за несреќата. Тој e во истата болница во која на повредите им подлегнале 15-годишниците. Тој е опериран, а полиција го чува од роднините на настраданите. Лекарите се борат за животот на околу десетина лица.„Сцените се толку ужасни што и полицајците плачат додека ги извлекуваат жртвите. Автобусот буквално е пресечен на два дела“, вели очевидец за Блиц.На лекување се задржани 13 лица, од кои осум се малолетни, а момче и девојче на 16 години се во тешка состојба.Девојчето има тешки повреди на средишниот нервен систем, оперирано е, но е во кома. Момчето има повреда на горниот дел од карлицата. Борбата за нивниот живот продолжува, изјавил српскиот министер за здравство Златибор Лончар кој е во посета на Клиничкиот центар во Ниш.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Стевоски: Јован ни го остави Константин оверен со потпис како аманет во политички тестамент

Политички активниот поранешен кандидат за градоначалник,  Стевоски Стево вели дека лобистите, политичките мешетари и советниците кои деновиве реализираат активности за погазување на вољата на прерано починатиот Градоначалник околу назначувањето на негов заменик треба да се појават сами на избори и да видат колку тежат, или како што вели нетежат и лебдат кај гласачите.„Покојниот Градоначалник назначил свој заменик додека бил жив. Тој ставил своерачен потпис на документ со кој оставил свој заменик. Тоа е своевиден политички тестамент. Тоа е нешто како аманет, оставен со потпис и заверен со печат. Тој тестамент сега група ситни души од СДСМ, ангажирани од канџите на бизнис олигархијата која со децении го закопува Охрид мешетари да го избрише и по секоја цена да стави свој човек кој ќе владее со Градот, па макар тоа да е и само 20 работни дена до 10 февруари.Тоа покажува на кое дереџе сме спаднале со тие кои имаат право да одлучуваат за нас, кога ја газат искажаната воља на Градоначалникот додека бил жив, ја газат вољата на народот кој на изборите го избрал Градоначалникот да одлучува, и уште еднаш ја газат вољата на народот кој на истите избори ја изгласал листата на која носител беше Константин Георгиески со над 15 000 гласа. Зар мислите дека покојниот Стојаноски не зел во предвид колку гласа освоила листата кога се одлучил да го именува Константин за свој заменик ? Ова е жална вистина за нашиот град, за нас како луѓе или нелуѓе. . . Но народот сето ова го гледа и кој мисли дека не знае народот што се случува нека си прави Бајрам на умот на некоја си кадрова комисија. “ - вели Стевоски и ги повикува советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да бидат достоинствени , да покажат морал и почит и да ја исполнат довербата која покојниот Градоначалник Јован Стојаноски ја имал кон Константин Георгиески.Стево Стевоски на последните избори беше независен кандидат кој во дискусиите најмногу ја напаѓаѓе бизнис транзициската олигархија за која тврдеше дека го уништила Охрид, но и партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за кои исто така тврдеше дека се општествени штеточини кои не донеле ништо добро за чесните луѓе.ВМРО ДПМНЕ наскоро ќе обелодени дека нема намера да ја гази вољата на покојниот Градоначалник и дека тие нема да се противат Константин Георгиески да биде в.д. Градоначалник на Охрид до следните избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski-1

Аналитичарите едногласни : Почитувајте ја волјата на народот и покојниот Стојаноски

Политичките аналитичари кои изминатите години ги анализираат политичките процеси во Охрид на „Охрид 1“ се едногласни околу тоа за в.д. Градоначалник да биде избран Константин Георгиески, советникот од СДСМ кој покојниот Градоначалник го избра за свој заменик, а народот му даде доверба на избори со над 15 000 гласа за листата која тој ја предводеше.Васе Врангалоска - СДСМ мора да покаже почит кон починатиот Градоначалник од нивните редови.Политичките превирања, нереалните амбиции на поединци, влијанијата од бизнис лоби групи и раздорите внатре во партија на власт се логични и би рекла очекувани појави во политичкиот живот во еден ваков момент, кога настапува смрт на човекот кој ја имал власта во свои раце.Цела историја ако ја погледнеме ќе најдеме безброј такви примери, на појава на такви апетити и претендирања за „тронот“.Во случајот со процесите кои сега се одвиваат внатре во СДСМ, јас би нагласила дека иако очекувани се неповолни и од тие процеси губи најмногу партијата ( која во овој момент мора да покаже почит кон починатиот Градоначалник од нивните редови ) , а особено штета има градот Охрид. Во СДСМ мора да имаат предвид три работи и тоа :1 Словото на Законот , тоа значи дека мора да се држат единствено до законските одредби и никако не смее да се излезе надвор од нив.2 Волјата на починатиот Градоначалник кој во време на својот живот именувал свој заменик, и сигурно се водел од некои критериуми при именувањето на заменикот.3 Волјата на народот кој на избори го избрал сега за жал покојниот Градоначалник да одлучува во име на народот, а тој со полно право и легитимитет одлучил да именува свој заменик, со што оставил одредено кадровско решение од доверба и за кое сметал дека е најдобро да биде негова замена.Да не заборавиме дека Константин Георгиевски предводеше листа која победи на изборите со над 15 000 освоени гласови. Веројатно овој факт покојниот Градоначалник го имал во предвид кога одлучувал кој да е негов наследник и тоа мора да се има во предвид и денес, кога течат внатрепартиските битки во СДСМ за тоа кој ќе седне на столот од Стојаноски, но да се истисне заменикот кој тој го оставил.Значи мора политичката елита во владејачката партија да остане имуна и да проба да се тргне од игрите на бизнисмените, олигарсите и останатите лоби групи и едноставно да ја испочитува вољата на покојниот Стојаноски и неговото кадровско решение да го избере за в.д. Градоначалник на Охрид.Дотолку повеќе што додека во СДСМ се чека заседание на некоја си партиска комисија, ВМРО ДПМНЕ мудро поентира и покажува голем респект и почит кон починатиот Градоначалник одбивајќи воопшто да дискутира и да разгледува можности околу погазување на вољата на покојниот Градоначалник, но и на народот. Да на народот, кој по своја воља довербата е даде на кандидатот на СДСМ за Градоначалник но и за листата во Советот. Тоа е политичка доблест, политичка големина и покажување голема зрелост и респект пред се кон народот и неговата воља која народот ја кажа на избори. Судбината креира ваква ситуација и сега мораме да продолжиме натаму запазувајќи некој етички и човечки вредности дури и во политиката - анализира политичкиот социолог Васе Врнагалоска. Никола Митровиќ - Заменик ние практично имаме назначен со потпис од покојниот Стојаноски и верификуван со 15 000 гласа од народот !Во тешките мигови за Охрид во кој емоциите на тага од прерано починатиот градоначалник Стојаноски неможат да стивнат и како по градација се повеќе се зголемуваат мораме да бидеме владетели на чувствата и да преминеме понатаму во заедништво и сплотеност без разлика на партиска или било која друга поделба.Но во овој период како да надвладеа желбата за заземање на „престолот“ по секоја цена па дури и по внатрепартиска поделба во СДСМ.Моите искуства покажуваат дека секогаш внатрепартиската борба е полоша и потешка отколку со политичкиот опонент. Но според мене сега во овие мигови на тага и емоции најмалку што е потребно раздор, туку треба да се потсетиме и да согледаме на чекорите кој ги направил преранопочинатиот ни наш градоначалник.На своето заменичко место со свој потпис тој го назначи Константин Георгиевски, кој впрочем беше и носител на листа и кој во самиот изборен циклус на чело на таа листа освои 15 000 гласови. Оттука барем според мене треба да се согледа , волјата на преранопочинатиот градоначалник Стојановски, волјата на народот, па и законските норми. Дури ако сакате со оваа одлука по малку изненадувачки но веќе јавно се поставија и советниците на ВМРО ДПМНЕ од името на партијата.Сметам дека Константин Георгиевски ги има квалитетите но да речам и аманетот со потписот на градоначалникот барем во наредните месеци да ја извршува повеќе би рекол задачата отколку функцијата В. Д. Градоначалник на Охрид. Но како заклучок сакам да наведам дека оној кој и формално правно ќе ја извршува таа функција како водилка треба да ги согледа постулатите на преранопочинатиот градоначалник на Охрид - Стојановски - анализира Митровиќ. Владо Чингоски - Византиските игри во СДСМ Охрид се во полн ек и повторно Охрид и Охриѓани ќе бидат колатерала.Секако дека не очекував, после прераната смрт на Градоначалникот Стојаноски, да одговарам или да дадам анализа за тековните настани околу избор на вршител на должност градоначалник.Искрено очекував акцентот не да се стави на персоналното решение, за кое за воља на вистината мислев дека е акцептирано, туку на скратување на постапката за избор на веќе, барем по мене познатото решение, кое беше и избор на починатиот, за негов заменик.Очигледно дека наместо повеќе од потребното, нормализирање на состојбите и функционирање на општинските служби, повторно на површина излегоа внатрепартиските кадровски, лични интереси.По се изгледа дека воопшто особено во владеачката коалиција или партија,не ги интересира нормалното функционирање на општината кое во овој период треба да биде целосно мобилизирана и посветена на донесување на актите кои се суштествени и кои ги креираат севкупните развојни политики за идната година, туку ги интересира позицирањето на што подобра пол позиција за кандидатура за градоначалник на извесните вонредни избори кои треба да се одржат најкасно со претседателските избори.Византиските игри познати во СДСМ ( до душа не е исклучок нити една партија во РМ), не е ништо ново. Поранешните кандидати за градоначалник не ги имаат смирено своите афинитети, а туку се и некои нови, кои пак сега од позиција која ја имаат во Советот или во државната и партиската структура и тоа како се гледаат на градоначалничката фотеља.Најмалку на сите нив ги интересира дали можат со својот капацитет да ја извршуваат таа функција, битно е да имаат лоби во централата кој ќе ги седне во фотељата. Потоа, потоа е лесно, никој не одговарал за својата работа или не работа, па нема да бидат и тие исклучок.Повторно Охрид и Охриѓани ќе бидат колатерала.Се надевам дека централата на СДСМ нема повторно да се води од бизнис, родбинско, пријателски, банкарски и не знам какви други лоби или односи и ќе замижува на ваквите случувања , туку ќе донесе сериозна одлука со целосна анализа на состојбата и исто толку важно, брза одлука, и на таков начин ќе им даде на знаење на кого кое место му припаѓа.Што се однесува до ДПМНЕ, мудро молчи и го чека исходот од изборот на ВД градоначалникот, кој во овие 4-5 месеци и нема што многу да направи и да ги искорити сите непродуктивни расправии и игри во СДСМ, во своја корист.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5-6

ЈП Службен весник и Врховниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Директорот на ЈП Службен весник на Република Македонија, Мартин Костовски, и претседателот на Врховен суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 20 декември 2018 година, потпишаа Меморандум за соработка, со цел поврзување на информациските системи на двете институции, во делот на доставата на огласите кои судовите ги објавуваат во службеното гласило.„Со потпишувањето на овој Меморандум се зајакнува меѓусебната соработка и се олеснува автоматската размена на податоците во електронска форма помеѓу двете институции, со цел да се овозможи интеграција на АКМИС-системот со информатичкиот систем на јавното претпријатие за подготовка на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“.За ЈП Службен весник на Република Македонија овој меморандум ќе овозможи брза комуникација со која ќе се  елиминира досегашната практика за мануелна обработка и внес на сите огласи и нивно печатење во хартиена верзија, во интерес на зголемена ефикасност и економичност при нивното менаџирање“, се вели во соопштението.На средбата, двете институции изразија задоволство од досегашната соработка и најавија нови заеднички проекти кои би биле од корист за судовите, но и за стручната и за пошироката јавност. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Се реконструира Финскиот парк во населба Ченто

Реконструкцијата и хортикултурното уредување на Финскиот парк во населбата Ченто е во завршна фаза. Увид во активностите за обнова на оваа зелена површина денеска изврши градоначалникот Шилегов.„Деновиве работиме на реконструкција и хортикултурно уредување на зелена површина од околу 13.000 квадратни метри во Финскиот парк во населбата Ченто. Површината е прекопана, исчистен е шутот, донесена е нова плодна хумусна земја и се подига нов тревник. За прв пат во овој парк е поставена хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки. Поставени се 23 шахти и 145 прскалки за наводнување на зелената површина. За обнова на овој парк се одвоени околу 6,5 милиони денари од Буџетот на Град Скопје, а на терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило““, рече денеска градоначалникот Шилегов.За потсетување, оваа година Градот Скопје подигна и реконструираше рекордни 122.838 квадратни метри зелена површина. Оваа есен беа засадени 3.500 висококвалитетни садници на јавните површини, а приоритет беше обновувањето на дрворедите и подигнувањето нови дрвореди.„Го зголемивме буџетот за животна средина за 2019 година за 32 насто. Зголемување има и во делот за подигање паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Зазеленувањето останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Ќе ја искористиме пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации“, нагласи Шилегов. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Од каде толку оружје во Скопје?

Македонија немала полош и понеспособен министер за внатрешни работи. Оливер Спасовски е заинтересиран само за сомнителни набавки, делење на милионски лиценци и целосна партизација на министерството, вели Орце Ѓорѓиевски.„Не поминува месец без вооружена пресметка на улиците во Скопје. Градот стана целосно небезбеден, а Спасовски ги крие срамните статистики за ниската реализација на полицијата на која што и ги врзаа рацете.Вчера 15 минути пред 18 часот од огнено оружје во сред Скопје на фреквентна локација во општина Чаир е рането едно лице, кое со повреди е пренесено во Градската општа болница.Од каде толку оружје и од каде толкава сигурност на бандитите во главниот град за да може да пукаат кога сакаат и каде сакаат? Дали се ова истите оние кои ја прославуваа изборната победа во Чаир со истрели од калашникови, а Спасовски се правеше дека не ги гледа и не презеде ништо? Дали се ова групите за кои што заменик министерот Агим Нухиу кажа дека биле подготвени со оружје да влезат на 27-ми април во Собранието, а Спасовски повторно се правеше дека не ги видел?“, вели Ѓорѓиевски.Според него, Спасовски и СДСМ ја зацрнија полицијата коалицирајќи со криминалот. Жртва може да биде секој еден недолжен минувач, наше дете, брат, сестра, родител или комшија. МВР под раководство на Спасовски не може да си ја исполни својата основна должност, а тоа е зачувување на јавниот ред и мир.„Граѓаните веќе две години се во константен грч. Убиствата, пукањата, запалените автомобили и грабежите станаа наше секојдневие. Родителите се исплашени да ги пуштат своите деца на улица, повозрасните не смеат да излезат до продавница без страв дека некој нема да ги ограби а сето ова е последица на криминалната политика на власта, која пушти над 800 криминалци од затворите на улиците.Спасовски наместо да се шета низ државата продавајќи демагогија, треба да понесе одговорност за сите пропусти и последици врз безбедноста и безбедносниот систем.Црнилата по улиците не смеат да бидат наше секојдневие. Оваа власт мора час поскоро да си замине“, изјави Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grad-sidnej

(ВИДЕО) Град со големина на тениски топчиња во Сиднеј

Сиднеј утрово беше погоден од град со големина на тениски топчиња. Невремео предизвика штета од повеќе десетици милиони долари„До 6:30 часот добивме 15.000 барања за оштета во вредност од 80 милиони австралиски долари“, изјави австралискиот совет за осигурување.Жителите на Сиднеј беспомошно гледаа како ледените топки им ги кршат шофершајбните на автомобилите.Град од ваков обем не е забележан околу дваесетина години, кога вкупната штета била 1,7 милијарди австралиски долари.https://twitter.com/cassieturnbull7/status/1075633713814298624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1075633713814298624&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fsidnej-go-pogodi-grad-so-golemina-na-teniski-topchinja-video

Свет | пред 7 години

7 год.
unnamed

(ВИДЕО) Reminder - нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл Reminder за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот David Lion и претставува храбра комбинација на Balkan Beat звукот со glitch-hop и реге влијанија.Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Reminder“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.Синглот „Reminder“ е премиерно објавен на официјалниот YouTube канал на Џајковски, а е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
teuta

Попови и оџи, но и градоначалничката Теута Арифи во прв ред на протестот против казината во Тетово

Започна протестот во Тетово против казината во Тетово. Стотици граѓани од Тетово се приклучија на протестот. Меѓу присутните граѓани на собирот, во прв ред попови и оџи и градоначалничката Теута Арифи.фото: kurir.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
vodno_taski-1

(ФОТО) Тешка сообраќајна незгода на Водно: Такси-возило удри мотоциклист

Тешка cooбpaќајна нecpeќa се случи попладнево на улицата Тодор Александров која води кон населбата Водно, откако таксист обидувајќи полукружно да заврти на две полни ленти, му го пресече патот на мотоциклист, пренесува Инфомакс.Според првичните информации, мотоциклистот се здобил со тешки тeлecни пoвpeди, но близината на Клиничкиот центар била среќна околност истиот брзо да биде хocпитaлизиpaн.Во тек е увид на местото, а сообраќајот се одвива отежнато во овој дел од градот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soob

ФОТО: Сообраќајка кај Симпо, учествувале две возила

Сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случи попладнево околу 13 часот на крстосницата од улицата „Франклин Рузвелт“ и булевар „Партизански одреди“, објави Курир.мк.Од МВР за Курир потврдуваат дека во несреќата учествувале Џип и Уно.До овој момент нема пријава за повредени лица, а екипи на МВР се на терен и вршат увид.извор: Курир.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
Bojan

Театарски ден во Ресен

Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен беше организатор на две театарски претстави во Кино салата во овој град, кои се одржаа во соработка со театарот Дел Арте од Битола. Првата претстава „Новогодишните играчки на Ема“,  е претстава наменета за претшколска возраст и за деца до 10 години, додека втората, „Љубов или нешто слично“, се однесува на тинејџерската популација.„Нашата цел е секоја година да понудиме што повеќе настани пред новогодишните празници и со тоа да ја дополниме празничната атмосфера. Во еден ден одлучивме да организираме две претстави во соработка со театарот „Дел Арте“ од Битола, во претпладневните часови за најмладите, а во вечерните часови за тинејџерите. Особено беа среќни помалите деца, кои ги имаше во голем број од градинките и училиштата и се радуваа на оживеаните играчки од претставата. Тинејџерите пак, како популација која секогаш има што да праша и да научи, се чини дека најмногу реагираат на темата љубов, што всушност и беше целта на претставата „Љубов или нешто слично““, рече директорот на Домот на културата Драги Тозија, Васко Василевски.Вечерва продолжуваат културните настани во оваа општина. Во Ресенскиот Сарај, во 18 часот ќе се одржи концерт на хорот кој работи под закрила на Македонско-Словенското здружение „Триглав“ од Битола, со што, велат од оваа културна установа, е понудена културно-уметничка програма за сите вкусови. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
mladen-cadikovski

Чадиковски се повлекува од функцијата главен и одговорен уредник во Телевизија 24 , ќе се посвети на ЗНМ

Младен Чадиковски, денеска на својот фејсбук профил напиша дека се повлекува од местото Главен и одговорен уредник , функција која ја обавуваше 2 и пол години.„Денеска, пред сите колеги и соработници во Телевизија 24 соопштив дека се повлекувам од местото Главен и одговорен уредник на телевизијата. Мојата одлука да се повлечам од ова уредничко место ја донесов поодамна, во моментот кога решив да се кандидирам за претседател на ЗНМ.На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер.По 2 и пол прекрасни години во Телевизија 24, чувствувам дека во телевизијата постои простор и за понатамошна професионална надградба. Јас останувам дел од тимот на телевизијата, на располагање на сите колеги и на новиот уредник, кому му посакувам многу успех“, напиша Чадиковски на фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
irena-cvetkovik

Шарените револуционери се во ФИРОМ, разочарани и со трауми

Ирена Цветковиќ, активистка за човекови права и познавач на родовите прашања, дел од Коалиција „Маргини“, на својот фејсбук профил објави статус во кој се запрашува каде се шарените сега?, но и си одговара на своето прашење. Еве го статусот на Цветковиќ во целост:Каде се Шарените сега?Драги заинтересирани,Шарените се тука, уморни и разочарани. Тука сме, во фиром, измрцварени, секој со својата траума. Се справуваме кој како може и знае.10 години од нашите животи посветивме по улици, тротоари, плоштади. Протестиравме, се боревме и сонувавме за промени заедно. Губевме време, нерви, здравје, некои од нас и работа, пријатели, членови на семејство.Се боревме за право на абортус, за човекови права, за универзитетска автономија, против полициска бруталност. Се боревме за слобода и правда, се боревме против режим. Бутнавме власт и добивме нова. Знаеме дека новата не е ни приближно добра како што се надевавме. Не барајте од нас и оваа битка да ја водиме.Една власт симнавме низ протести. Немаме резервни животи за уште една деценија ист пат. Секој човек има сила за една голема битка. И толку.Не ме барајте више за протести. Уморна сум, прегорена, разочарана. Од 10 години борба против режим заработив депресија, анксиозност и пристап до мир единствено преку апатија.Вие сте на ред. Шарена заврши. Еве ви ги улиците, тротоарите, плоштадите. Борете се сега и за нас, напиша Ирена Цветковиќ, на својот фејсбук профил..

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr

Маж пронајден мртов во својот дом во Радовиш

Машко лице утринава било пронајдено починато во својот дом во Радовиш. Од полицијата потврдуваат дека имаат пријава за починато лице, но повеќе детали не се откриваат.Идентитетот на мажот, како и дали смртта е природна или насилна, од полицијата се прецизираат.Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот кој е во тек, а за настанот известен е и Јавен обвинител.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Просечната нето плата исплатена во октомври во земјава - 24.817 денари

Просечната нето-плата исплатена во октомври изнесувала 24.817 денари и била повисока за 6,3 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.Според податоците на ДЗС, зголемувањето се должи пред сѐ на покачувањето на платите во секторот Рударство и вадење на камен, Информации и комуникации и Преработувачка индустрија.Зголемување на просечната нето-плата по вработен во однос на септември е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Административни и помошни услужни дејности и Други услужни дејности.Просечната бруто-плата по вработен во октомври изнесувала 36.488 денари.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

7 год.
nis-dete

Потресно: Се идентификуваат жртвите - дете случајно разбрало дека мајка му е една од нив

Две лица од повредените во страшната железничка несреќа кај Ниш, починаа во болница за време на операција, јавува српски „Блиц“, тоа се М.К. (15) и Н.Ј. (42). Дел од останатите повредени се во многу тешка состојба и не се знае дали ќе преживеат.Бројот на жртвите порасна на пет лица во несреќата во која патнички воз удри во автобус и го преполови.Според српск блиц од ходниците од Клиничкиот центар во Ниш одекнуваат лелеци и плач од семејствата кои дознале дека нивните блиски се починати.Една жена од шок колабирала пред болницата, а на расплакан маж му била пружена лекарска помош во ординација. А дете кое стоело во ходникот сосема случајно дознало дека мајка му е една од починатите во стравичната несреќа.Маж облече во црна јакна се потпрел на еден пулт во болницата. Им пришол човек со наведната глава и со полно сочувство ги прашал: Дали вам некој ви настрaдал?Со нaведната главата мажот одговорил: Да жена ми!Син му тогaш шокирано го погледал и запрашал: Мама настрaда?Тешко тркалајќи ги зборовите низ усните, таткото го прегрнал синот и одговорил: Да сине. Не знаев како да ти кажам…Во момент се стивнало. Мажот и неговиот син стоеле прегрнати и плачеле. Со нив плачеле и сите кои се нашле на тоа место.Им пришол докторот и ги прашал дали нешто им треба.Таткото љубезно одбил, а тогаш држејќи го синот во прегратка, тргнал кон излезот. Во минување кратко рекол: Тој ми е се, што ми остана од жена ми!Полицијата се уште истражува како дошло до стравичната несреќа во селото Долно Меѓурово кај Ниш, кога воз на српската железница преполови автобус кој ја минувал пругата на обележан премин преку пругата. Што и да се испостави како причина, во прашање наверојатно е човечка грешка поради која најмалку пет семејства сега се завиени во црно. Уште седум луѓе се борат за живот со тешки повреди во КЦ Ниш.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања