7 год.
Нема фотографија

11 сообраќајки во текот на изминатиот ден, две лица се здобиле со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (20.11.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 10 возачи од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи шест биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози и 81 возило се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Исчезнат 55-годишен Скопјанец

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Л.(34) од Скопје пријавил дека од 08.09.2018 година од 13.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот дедо В.М.(55) од Скопје.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
ubistvo

Автомобил удри 11-годишно девојче

Вчера во 16.40 часот на крстосницата од улица „Кемал Сејфула“ и улица „Крсте Асенов“ патничко возило „Опел aстра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(55) од Скопје удрило во 11-годишно девојче, кое било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Велешанец удрил во пешак па избегал

На 20.11.2018 година околу 17.00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило непозната марка со велешки регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрил во пешакот Б.К.(40) од Велес, која ја преминувал улицата. По незгодата возачот го напуштил местото, а Б.К. била пренесена во Општа Болница - Велес каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Скопјанец удри во пешак

Вчера во 06.30 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ патничко возило „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(60) од Скопје удрило во пешакот Е.П.(48) од Велес. Е.П. се здобила со тешки телесни повреди и со возило наИтна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дел од општина Аеродром денес без вода

Денес поради санирање на уличен дефект од ф-100 мм на ул.Венјамин Манџуковски бр.22 во општина Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица згр.бр.22,24,26 и ОУ “Димитар Влахов“ до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
han

Хан ќе бара објаснувања од Орбан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.https://twitter.com/JHahnEU/status/1065163119734022144„Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа, напиша Хан.https://twitter.com/JHahnEU/status/1065163227720556549

Македонија | пред 7 години

7 год.
20181118_2039351

Борец на клубот „Д Стронгест“ победи во Швајцарија

На силниот Меѓународен турнир во ММА, VOLKETSWIL FIGHT NIGHT, кој се одржа во Волкетсвил, Швајцарија, македонскиот борец Стефан Пецевски од клубот ,,Д Стронгест‘‘ од Кисела Вода, извојува победа. Пецевски се бореше со многу поискусен противник, но сепак успеа да го совлада во третата рунда со зафат гушење (REAR NAKED CHOKE)."Стратегијата што ја поставивме за борбата која ја прифативме пред две недели, се покажа точна и сега нашата школа од Кисела Вода има со што да се пофали. Со само неколку дена припрема, нашиот борец сепак ја доби борбата и ја представи нашата држава и клубот во право светло". изјави Ивица АлексовскиМакедонскиот борец Пецевски моментално има профи скор од 4 борби, 3 победи  и 1 нерешена борба, а аматерскиот скор му е 4 борби со 4 победи.

Спорт | пред 7 години

7 год.
mihail

Славиме Архангел Михаил

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.Се слави наесен на 21 ноември, (утре) а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина денеска светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tek1

Охридските теквондисти викендов на турнир во Бугарија

Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид овај викенд 24-25.11 2018 год, ќе учествува на најјакиот Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир  “Бугарија Опен 2018”, кој ќе се одржи во Пловдив, Бугарија.Нашиот клуб ќе учествува со скратен состав, поради училишни обврски нема да учествуваат сестрите близначки Анастасија и Ангела Велјаноски, кои се редовни освојувачки на медали, истотака и Божидар Димитриевиќ кој е апсолутен првак во своја категорија, додека Стефан Каланоски и Владимир Димитриевиќ , кои истотака се редовни натпреварувачи и освојувачи на доста медали, нема да учесвуваат поради повреди.Боите на нашиот клуб ќе ги бранат Давид Крстески, Марио Крстески, Филип Трифуноски, Елена Јанеска, Антонио Јанески, Христијан Митрески,Јане Димов и Давид Велковски. Се надеваме дека и овај пат нашите натпреварувачи ќе не претстават во најубаво светло и ќе успеат да се закитат со некој медал. Истотака на овај турнир се борат за критериум за учество на наредното Европско првенство , Елена Јанеска, Марио Крстески и Филип Трифуноски, па се надеваме дека некој од нив  ќе успее да обебеди пласман.Претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски црн појас IVдан, користи прилика да изрази најголема благодарност до нивниот генерален  спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој и овој пат е најзаслужен за нивното учетво на овај најпрестижен турнир.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дождливо со температура до 16 степени

Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе имаат пороен карактер, а во југоисточните делови ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени.Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.Во наредните три дена времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините. Нови врежи од дожд се очекуваат од недела попладне.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-begstvo

„Честитки ама парите да ги вратиш, никој ништо не ти може“, „Ај па и нас да не повлечеш“, коментарите за азилот на Груевски

Македонија | пред 7 години

7 год.
sad

САД воведоа нови санкции поради испoраки на нафта во Сирија

САД воведоа нови санкции за шест поединци и три компании поради тоа што испорачувале нафта во Сирија, соопшти Министерството за финансии на САД.Според соопштението, станува збор за двајца Иранци и по едно лице од Русија, Сирија, Ирак и Либија, пренесе „Ројтерс“.Компаниите кои се санкционирани се наоѓаат во Русија и Иран.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Трамп: ЦИА се уште нема конечен заклучок за убиството на Кашоги

Американската Централно разузнавачка агенција ЦИА не успеала со сигурност да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку часа претходно Трамп рече дека не ја исклучува можноста за вмешаност на престолонаследникот, но со забелешка дека тоа нема да влијае врз „беспрекорните односи“ меѓу САД и Саудиска Арабија. 59 годишниот Кашоги, критичар на саудиските власти кој пишувал за Вашингтон пост бил убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжува судењето за „27 април“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.Случајот се наоѓа во доказна постапка и за денешното рочиште е предвидено да се продолжи со читање на вештачењата од СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите.Пред да го одложи вчерашното рочиште судијката Добрила Кацарска констатира дека одбраната повлекла дел од доказите и го утврди текот на работењето на следните рочишта.– Откако одбраната повлече дел од предложените докази, тогаш за рочиштето на 26 ноември може да бидат повикани двајца сведоци предложени од одбраната на Муковски, а потоа да завршиме и со одбраната на Василевски, Арнаудов и Трачуловски, рече судијката Кацарска.За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Скопје шефовите на дипломатиите на Данска и на Црна Гора

Во Македонија денеска ќе престојуваат министрите за надворешни работи на Данска, Андерс Самуелсен и на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ. Тие ќе имаат средби со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на кои, меѓу другото ќе се разговара за зајакнување на билатералната соработка. Предвидено е по средбите да бидат одржани прес конференции.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

Притворените Мијалков и Јанакиески денеска на нови судски рочишта

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочиште за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина -Таргет“ за незаконското следење на комуникациите и за „Топлик“ кој се однесува на изградбата на Сончев град.За првиот предмет во судот од затворот во Шутка треба да биде спроведен Сашо Мијалков, кој синоќа беше уапсен откако му се определи мерка притвор од 30 дена. За другото рочиште, од истиот затвор во Кривичен треба да биде донесен и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој пред една недела доби притвор поради, како што беше соопштено, опасноста од бегство.Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
31600671_363325997520536_892656583937359872_o

ГДУ: Оние кои беа готови да се жртвуваат во затвор за да ја спасат земјава денеска се бегалци во држава членка на ЕУ и НАТО

Многу често во блиското минато споделував со јавноста едно лошо чувство што беше провоцирано од начинот на кој го водат процесот евроатлантска интеграција двете најголеми партии СДСМ како власт и ДПМНЕ како опозиција. Друго е прашањето дали покрај ваквите политики на тие два субјекти, истите заслужуваат да ги именуваме како најголеми, но тоа е прашање на демократијата и на следните парламентарни избори, нашите сограѓани ќе си го кажат мислењето по ова прашање, вели претседателот на ГДУ, Петар Колев.„Но да се вратиме на идејата за европска Македонија како полноправен член на НАТО. Се надевам дека сите ние се сеќаваме на условите поставени од Алијансата како и оној non-paper на земјите членки, особено на Франција по прашањето за ЕУ интеграциите. Се надевам не сме го заборавиле и г-н Рајнхарт Прибе кој заедно со својот тим изгуби доста време и енергија да ги детектира основните проблеми во нашето општество и ги одбележа во своите препораки кон нас. Освен решавањето на добрососедските прашања со соседна Бугарија, како и спорот со името со соседна Грција, некако бегаме од моментот кога генералниот секретар на НАТО, Јан Столтенберг, ни сподели и очекувања во насока на владеење на правото и правната држава. Ја заборавивме и јасно изразената недоверба на Алијансата кон структурите за безбедност како и кон дел од кадрите кои работат таму. Заборавивме и за настојувањата на високите претставници на ЕУ за правна разрешница на случувањата од 27 април во македонското собрание, момент кога некој со сила се обиде да го сруши политичкиот систем во земјава, напаѓајќи го домот на демократијата именуван како Законодавен дом.И до каде стигнавме за овие близу 4 години од објавувањето на таканаречените политички бомби? Започнавме од онаа познатата НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР, минавме преку идејата за европска Македонија и стигнавме до Будимпешта.Почитувани, имаме проблем. Сериозен проблем и тој не е со нашиот културен, верски или национален идентитет, тоа е проблемот со вашиот политички идентитет. Изгубени во овој лавиринт од предизвици, оние кои до вчера зборуваа за владеење на правото, денеска зборуваат за помирување и ослободување од казни. Оние кои беа готови да се жртвуваат во затвор за да ја спасат судбината на земјава денеска се бегалци во држава членка на ЕУ и НАТО, иако до последен момент со дрвја и со камења фрлаа кон идејата за наше членство таму.За даночната политика и буџетските размислувања не би и проговорил, тие зборуваат сами за себе. Економијата е далеку од посакуваното ниво, но важно е дека иновациите ги потпомогнавме. И во оваа насока би можел да одбројувам уште доста, но да се навратам на европската идеја. Ако денеска нашите сограѓани ги запрашате дали она што го направи Унгарија е во духот на европските вредности, голем дел од нив убедливо ќе ви речат- НЕ.Зошто секогаш кога нашиот систем, државност и способност ќе кикснат ние ја бараме вината во другите? Па кој му дозволи на Груевски да ја напушти Македонија? Кој е тој што реши првата пресуда да биде точно за случајот „ТЕНК" , купувањето на службеното возило кое останува во сопственост на МВР? Зошто некој упорно ги форсираше двата случаи„ШАМАРИ ВО ЦЕНТАР" и “ТЕНК"? Каде се реалните и тешки криминали на Груевски, неговото енормно богатење и злоупотребите? Не би навлегувал подлабоко зошто секој еден од нас знае за што станува збор.Каде е сега ЕУ? Каде се европските вредности? Каде е Европската комисија? Ако нашите институции си ја завршеја работата, никој немаше да си ги поставува овие прашања нели?Преку сопствената неспособност, завиена во формата на политиканство и популизам, преку милион компромиси со правичноста, многу сте блиску да ја срушите идејата за европска Македонија, идеја зад која застанaа илјадници наши сограѓани.Доста е со објаснувањата и политичките филмови, публиката ви го разбра сценариото предвреме“, вели Колев

Македонија | пред 7 години

7 год.
35d81fd11160070eaa26e86b196d6b5c

Тадиќ: Фаланга од регионални популисти преку глувчешки канали го пренесоа Груевски

Поранешниот српски претседател, сега лидер на опозициската Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ убеден е дека за време на префрлањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија постоел таен, тивок и организиран договор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерите на Албанија и Унгарија, Еди Рама и Виктор Орбан, пишува Независен.– Зад тоа стои фаланга од регионални популисти кои организираат глувчешки канали за пренесување на осудени криминалци, порача Тадиќ, додавајќи дека не верува во објаснувањето на Вучиќ, бидејќи тој едноставно морал да знае дека неговиот поранешен македонски колега бега низ Србија.Тој на прес-конференција оцени дека станува збор за организиран договор, бидејќи Груевски беше правосилно осуден за кривично дело и неколку часа го делеа од затвор.– А ако не знаел, тогаш тој не знае да ја врши својата работа. Тогаш тој е тотален аматер и неук. Тогаш целиот систем е целосно издупчен и ние сме тогаш многу загрозена земја. Има многу причини зошто мислам дека сме загрозена земја, но во овој случај станува збор за очевидно организиран трансфер на човек за кој Вучиќ, Рама и Ѓукановиќ и Орбан знаеле дека само неколку часа го делат од одење в затвор, рече Тадиќ.Тој тврди дека Вучиќ „намерно лажел“ во интервјуто за ТВ Хепи, обвинувајќи го дека купил „мерцедес” како и Груевски.– Груевски стори кривично дело на нелегална трговија со своето политичко влијание, истакна Тадиќ и потсети дека поранешниот македонски премиер е снимен како бара возило што ќе биде купено за него. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

Сашо Мијалков спроведен во истражниот затвор во Шутка

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков вечерва полицијата со лисици го изнела од скопскиот хотел „Мериот“ и го спровела во истражниот затвор во Шутка.Сашо Мијалков е приведен по барање на Специјалното Јавно Обвинителство поради постоење на опасност од бегство и му е одреден 30 дневен притвор.Од СЈО исто така потврдуваат дека Мијалков е приведен за предметот „Таргет-Тврдина.“По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, уапсени беа Кирил Божиновски и Миле Јанакиески.  

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања