7 год.
Нема фотографија

Костадинов: Просечната плата зголемена 4,8 проценти во однос на лани

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека последните официјални податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека владините економски политики даваат резултат.„Просечната плата во септември оваа 2018 година изнесува 24.355 денари. Тоа е за 4,8 отсто или 1.126 денари повеќе во однос на септември 2017 година. Во споредба со септември 2016 година, во времето на претходната власт, тоа значи зголемување од 2.164 денари повеќе. Растот на просечната плата се должи на серијата позитивни мерки за поттикнување на растот на платите во приватниот и во државниот сектор. Овие мерки доведода до покачување на минималната плата, на платите во образованието, здравствената и социјална заштита, но забележан е значителен раст на платите и во одредени гранки од приватниот сектор“, рече Костадинов.Тој додаде дека со мерките опфатени и во предлог-буџетот за 2019 година вработените во здравството, образованието, одбраната, полицијата, судството, во социјалната и детската заштита добиваат поголеми плати. Вработените во овие сектори ќе добијат покачување на платите од 5 отсто, а докторите специјалисти ќе добијат покачување од 10 отсто.„Со низа мерки предвидени во буџетот за 2019, ќе се засили поддршката од државата кон претпријатијата за платите да растат и во приватниот сектор“, додаде Костадинов. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Arsovski

Арсовски:Секое просечно четиричлено семејство од вчера е задолжено со 200 евра

Неспособната Влада на Заев и министерот за задолжување Тевдовски вчера направија нов долг од 98 милиони евра.Ова значи дека секој човек во Македонија од вчера е задолжен за 50 евра, а секое просечно четиричлено семејство е задолжено со 200 евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, толку од животот кој го ветуваа СДСМ, Заев, Тевдовски пред две години. Сега веќе и стравот дека јавниот долг во 2019 ќе биде 54,2% од БДП со нови 600 милиони евра нов долг почнува да изгледа оптимистичко сценарио.,,Сите психолошки бариери оваа власт ги сруши, а ако се земе предвид дека целата економија крахира и тоне, прогнозите се с’е поцрни и поцрни. Годината според меѓународните финансиски институции ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст во регионот и во Европа. Граѓаните освен со нови долгови кои речиси на неделна основа им ги товари владата на Зоран Заев, ќе бидат натоварени и со зголемени даноци, зголемени акцизи, инфлација на цени, зголемена сиромаштија и пад на стандардот кај граѓаните.Станува јасно дека со оваа власт граѓаните ќе се поделат на две социјални категории, една ќе бидат членовите на криминалниот картел на власт кои се богатат и се блиски до Зоран Заев и СДСМ, а втората сите останати граѓани, вклучувајќи пензионери, работници, млади и сите останати.Оваа власт колку подолго се задржи, толку поголеми последици ќе остави во животот на граѓаните. Тие немаат апсолутно никаква визија, знаење и капацитет да ја подобрат економијата во Република Македонија.Нивниот принцип е купи ден помини, ама за жал го прават со кредити и секој нивен ден на власт граѓаните многу скапо го плаќаат во моментов, но и допрва скапо ќе ги плаќаат каматите во иднина.Што побрзо си заминат, толку подобро за Македонија и толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред!”, додаде тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

Уапсени тројца Албанци што нелегално престојувале во Македонија

Гостиварската полиција на 20. ноември уапсила тројца албански државјани кои илегално влегле во земјава.Како што информираат од МВР, Албанците, двајца на возразат од 35 години и еден 41-годишник, непријавено престојувале на подрачјето на Република Македонија.Откако биле уапсени, торјцата биле предадени за натамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Меланија Трамп потрошила 174 илјади долари за 12 часа

Шестцифрената хотелска сметка на Меланиja Трамп предизвика неверување, а потоа и критики од многу американски официјални претставници.Имено, како што пренесуваат американските медиуми, првата дама на САД минатата година во Торонто престојувала во хотелите Риц Карлтон и Шератон центар заедно со нејзиниот тим, а направената сметка изнесувала 174 илјади долари.Трошоците од ова патување беа објавени минатата недела, а причината за 12-часовната посета на Торонто бил состанок со канадскиот премиер Џастин Трудо и принцот Хари.Портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам, смета дека нема ништо чудно во потрошениот износ и дека тимот ги потрошил парите на неопходни работи.„Кога патува првата дама на Соединетите Американски Држави, има уште многу луѓе кои одат пред неа за да го обезбедат просторот. Тука се и здравствено осигурување, комуникацијата, возилата и целата логистика која чини пари. Меланија дури и води многу помалку луѓе отколку некои нејзини претходнички“, изјавила портпаролката.Сепак, магазинот „Quartz“ објави дека шестцифрената сметка го претставува само трошокот направен од страна на Меланија, додека трошоците на нејзиниот персонал изнесувале дополнителни 18 илјади долари.

Магазин | пред 7 години

7 год.
galaxy-s10

Новиот „самсунг галакси С10“ ќе има верзија и со рамен екран

Корејската компанија „Самсунг“ планира на почетокот од следната година да претстави нови модели на мобилни телефони од серијата „галакси С“. За разлика од актуелните С9 и С9+, моделот С10 ќе има три  верзии, од кои две ќе имаат закривен, а една рамен екран.Големината на екранот не би требало да се разликува од моделите на С9-серијата. Така, помалите модели ќе го задржат екранот од 5,8 инчи, а поголемите ќе имаат дијагонала од 6,2 инчи. Моделот со рамен екран се очекува да има екран од 5,8 инчи.Во однос на екраните, треба да се наведе и дека за новата „галакси С10“ линија, „Самсунг“ подготвува нова генерација на ОЛЕД-екрани за кои се користи работниот назив M9. Според изворите, за изработка на M9-екраните се користат нови форми на органски материјали, од кои некои ќе бидат набавени и од нови фабрики – црвените ќе ги испорача американската Dow Chemical, а сините материјали SFC Chemicals, исто така од САД.Со тоа без ангажман остануваат Duksan Neolux (црвени) и Idemitsu (сини), кои ги обезбедуваа наведените материјали за производство на органски светлосни диоди во М8-екраните користени кај С9, С9+ и ноут 9. Зелениот материјал за изработка на ОЛЕД-екраните ќе продолжат да го обезбедуваат Nippon Steel и Samsung SDI.

Магазин | пред 7 години

7 год.
tramp-misirka

(Видео) Трамп помилува две мисирки за Денот на благодарноста

Американскиот претседател, Доналд Трамп, за време на традиционалната годишна церемонија помилува две мисирки во Белата куќа во пресрет на американскиот празник Денот на благодарноста. Како што пренесуваат американските медиуми, на шега, Трамп ги предупредил мисирките – Грашок и Морков, дека и покрај тоа што ги спасил со претседателски указ да не завршат на празничната трпеза, можеби сепак мораат да им одговараат на демократите.Како што им рекол, демократите од јануари ќе имаат мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, а веќе ветиле дека ќе ги истражат сите негови одлуки и деловни ангажмани.Белата куќа преку интернет организирала натпревар меѓу навивачите на двете мисирки за да се утврди која ќе биде помилувана, а Трамп првин објавил дека среќна птица е Грашок, но подоцна одлучил да ги помилува и двете.Инаку, оваа традиција на помилување мисирки ја воведе поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш Постариот уште во 1989 година кога го поштеди животот на една мисирка, која била тешка околу 23 килограми, потсетува АП.Денот на благодарноста Трамп ќе го помине со семејството на нивниот имот на Флорида.

Магазин | пред 7 години

7 год.
ekoekoekoekoekoe

Како да се издигнете во кариерата побрзо од своите колеги

Ако работите за голема компанија, сигурно понекогаш се чувствувате како мали риби во огромен аквариум.Можеби сте се надевале дека ќе се искачите на корпоративното стебло побрзо или сте разочарани дека вештините и напорите ви се игнорирани. Има, начин меѓутоа како да си помогнете сами.Следете ги овие совети и ќе ги надминете своите колеги на патот кон врвот.Бидете незаборавни. Ако вашиот шеф не знае дека постоите, нема како да очекувате зголемување. Фино потрудете се да го потсетите за себе во соодветни моменти.Внесувајте предизвици. Нема како да се развиете ако тапкате во место. Зафатете се со најтешките проекти - така ќе покажете решителност.Документирајте ги успесите. Сте и помогнале на фирмата да заштеди пари или пак ваша иницијатива донела профит? Зачувајте докази за тоа кои ќе ги искористите кога ќе се тркате за повисока позиција.Изградете пријателски врски со колеги. Нивната поддршка може да е важна. Шефот ќе сака да го издигне повеќе човекот кој се разбира со екипата.Организацијата треба да е на ниво. Работете по план секој ден. Шефот ќе се импресионира од ефикасноста која ја имате.Мислете на долг рок. Ако вашиот шеф има некаков проблем, кој сега ви се чини безначаен, сепак помогнете му да го реши. Овие нешта се паметат и за некое време ќе ви бидат плус.Стојте секогаш на ниво. Избегнувајте канцелариски озборувања, не бидете мрзливи. Нека вашето однесување да е како човек на позицијата за која сонувате.

Магазин | пред 7 години

7 год.
mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголеми сиромаштијата

Владата предводена од СДСМ откога е на власт успеа да ја зголеми сиромаштијата на 22 проценти, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на пратеничката Јагода Шахпаска.„Иако тие ветуваа живот за сите, сепак околу 460.000 граѓани во државата живеат на работ на сиромаштија. СДСМ ветува зголемување на приходот на социјалните случаи, а не излегува со точни информации колку точно ќе изнесува приходот со покачувањето кое го најавуваат. Царовска најави социјална помош во вредност од 12.000 денари, односно изедначување со минималната плата, а сето тоа ќе има катастрофални последици бидејќи со тоа ги обесхрабуваат оние коишто сакаат да работат, а со тоа да стекнат работни навики, квалификации“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата додава и дека Царовска го укина родителскиот додаток за трето дете, што беше проект на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се зголеми наталитетот во државата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

За еден ден од сообраќај исклучени 10 возачи, четворица возеле под дејство на алкохол, а шест без возачка

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои две биле со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета, информираа од полицијата.„Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и три лица телесни повреди. Од преземените мерки и активности, констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 10 возачи, од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и шест возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило“, стои во соопштението на МВР.Исто така, велат од полицијата, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи шест биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни.Од МВР велат дека санкционирани се и двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издадени се и 83 мандатни платни налози и 81 возило се подигнати со специјалното возило „пајак“, велат од полицијата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Дваесет и тригодишна скопјанка со тешки повреди од удар на автомобил заврши на Ургентен

Дваесет и тригодишна скопјанка добила тешки повреди кога била удрена од автомобил на булеварот Никола Карев во текот на попладневните часови на 20 ноември.Автомобилот „голф“, кој удрил во девојката, бил управуван од 57-годишен скопјанец.Дваесет и тригодишната девојка со возило на итната медицинска помош најпрвин била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по што била препратена на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична пријава за стужанка која објавувала голи слики од поранешното момче

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишна жена од струшкото село Горно Татеши поради сомнение дека на социјалните мрежи објавувала компромитирачки фоторафии од своето поранешно момче.Со ваквата постапка таа сторила кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.Како што информираат од МВР, на 17. септември годинава, пријавената на социјалните мрежи „Facebook” и „Instagram”, креирала лажни профили на име на 36-годишен тетовчанец со кого претходно била во љубовна врска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СДСМ: Институциите преку стратешки мерки го решаваат проблемот со загадувањето

„Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорира проблемот со загадувањето на воздухот додека парите на граѓаните ги трошешe на луксуз, лажен барок, скапи возила и криминални тендери преку кои се уништуваше зеленилото и се загрозуваше животната средина. Владата предводена од СДСМ наследи огромни проблеми со аерозагадувањето, но презема низа стратешки мерки со кои системски се решава овој проблем. Во координација со Министерство за животна средина, Град Скопје, општините и надлежните институции, усвоен е план за чист воздух, со кој системски на краток, среден и на долг рок се решава загадувањето. За овој план, покрај редовните средства, одвоени се и дополнителни 1,5 милион евра“, наведе Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во реакцијата.СДСМ додава дека планот за чист воздух овозможува 10 илјади домаќинства да бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас.„Се интензивираат инспекциските надзори и контроли, се санираат и расчистуваат дивите депонии. Истовремено, со субвенционирање набавка на еколошки автомобили и субвенционирање на трошоците за вградување уред на погон на ТНГ во возилата, ќе се пристапи кон намалување на загадувањето од сообраќајот“, додава СДСМ.Со сите мерки што се спроведуваат сега и во иднина, од владејачката партија очекуваат во наредниот период загадувањето двојно да се намали.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mijalkov-1

Мијалков има прво на посети од најблиските и два саати прошетка во затворскиот двор

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушување, вели директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, за „Макфакс“. Мијалков засега е сместен во ќелија со други затвореници и нема посебен третман, како што е случај со Орце Камчев, кој е сместен во т.н. хашки ќелии поради висок холестерол, тврди Котевски.„Самата институција, вработените и секторот за обезбедување ги преземаат сите потребни мерки за безбедност на Сашо Мијалков, исто како и за сите други затвореници. Секако, ќе му бидат обезбедни сите права што му следуваат, а тоа се два часа прошетка на чист воздух, посета од најблиското семејство, адвокат, присуство на рочиштата“, вели директорот Котевски за „Макфакс“.Директорот на затворот „Скопје“ додава дека се завршени здравствените прегледи на Мијалков, но резултатите сè уште не ги знае.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

Заев: Светот е големо село, нема кај да бегаат големите родољуби

Премиерот Зоран Заев е уверен дека постигнатиот договор со Грција и уставните измени се единственото можно решение и единствената можност Македонија да чекори напред кон ЕУ и НАТО, да обезбеди подобар живот за своите граѓани.Договорот, смета тој, го заштитува македонскиот идентитет, ни дава можност да се ословуваме како Македонци, го гарантира македонскиот јазик, ги гарантира употребата на кодовите МК и МКД. Со договорот химната, знамето и грбот, рече остануваат засекогаш. Дека ова е единствено можно решение со кое на Македонија и се отвараат перспективите се согласуваат и членовите на Сојузот на Борци на Македонија.-Договорот е влог во македонската иднина, кој го расчисти патот на Македонија за влез во НАТО и за почеток на преговорите на ЕУ – рече македонскиот премиер на вечерашната дебата за уставните измени организирана од страна на Сојузот на борци на Република Македонија.На ваков начин, рече Заев, Македонија станува држава која не е негирана и држава која е признаена од сите. Тоа беше борбата и на нашите претци, потенцира премиерот, да имаме држава која некој нема да ја оспорува. Ова, потенцира, е модерна борба која ја водиме на модерен начин со трпение подавање рака градење пријателство за да и отвориме перспективи на Македонија и генерациите кои доаѓаат по нас.-Како резултат на тоа се случи некои кои се чукаа во гради како големи патриоти родољуби на својот народ да избегаат. Нема кај да бегаат. Светот е големо село, порано или покасно ќе се вратат назад, затоа што на површина излезе целата ништожност, перфидност, па дури и своите другари и сопартијци да се остават вака на милост и немилост. Па почнаа да зборуваат луѓето и процесот незапирливо се отвара за да на крајот да дојде правдата до крај за се, преку транспарентни и независни судски процеси – рече Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

11-годишно девојче повредено во Скопје

Единаесетгодишно девојче е повредено откако во него удрило возило вчера во 16.40 часот на крстосницата од улиците Кемал Сејфула и Крсте Асенов. Возилото „опел aстра“ било управувано од Н.М.(55) од Скопје.Девојчето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-begstvo

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на Груевски

Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија, изјави денеска унгарскиот министер за правда Ласло Трочани.– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон – кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо“Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orban-gruevski

Владата ќе бара Унгарија да ја отповика одлуката за азил на Груевски

Оваа процедура која досега се спроведува во Унгарија ние ја очекувавме, знаевме дека прво ќе се даде предност на постапката за азил, а потоа ќе се разгледува прашањето за екстрадиција, изјави министерката за правда Рената Дескоска во однос на азилот и барањето за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски.Таа вели дека барањето за екстрадиција е образложено со сите аргументи и доколу се одлучува врз основа на правни процедури треба да биде удоволено.– Сакам да потенцирам дека со Унгарија досега не сме имале проблем околу екстрадицијата во ниту еден случај, никогаш Унгарија не покренала прашање ниту за состојба во затвори ниту за сомневања во делувања на судството за да одбие екстрадиција. Ова не е прва екстрадиција која ја бараме, се надеваме дека нема да отскокне да биде прва која ќе биде одбиени. Сите досега беа удоволени и ние сме немале проблем во процесите со ексрадицаја досега – вели министерката.Таа најави и дека Владата ќе бара отповикување на одлуката за азил. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Бошњаковски: Азилот и екстрадицијата за Груевски не се во корелација

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска соопшти дека дадениот азил од Унгарија на поранешниот премиер и осуден на две години Никола Груевски не е во спротивност на постапката за екстрадиција која вчера ја почна Владата.– Постапката за азил не е во корелација со постапката за екстрадиција. Постапката за екстрадиција е започната. Логично е кога ќе се разгледаат документите за екстрадиција тие докажуваат дека наводите на Никола Груевски за азил се лажни. Очекуваме Унгарија да ја отповика одлуката за азил и да го екстрадираат Груевски во земјава – рече Бошњаковски.Бошнаковски е сигурен дека Груевски ќе биде вратен во земјава бидејќи како што рече Унгарија мора да ги почитува меѓународните обврски.– Груевски ќе се врати во РМ и ќе ја отслужи казната. Кристално јасно е дека наводите во неговото барање за азил се лажни- рече Бошљаковски.Тој појасни дека Груевски не се бара само за отслужување на казната туку и за други случаи за кои се води постапка за него во земјава.Бошњаковски рече дека сѐ уште во МВР се водат постапки за утврдување како Груевски избега од земјата и доколку се утврди одговорност ќе биде понесена.– Се водат две постопки во МВР сите информации кои ќе се утврдат детално ќе дадат одговор на тоа како ибегал Груевски и кој е одговорен за тоа Кога ќе бидат уртврдени сите параметри од истрагата ќе се утврди и одговорноста за бегството на Груевски- рече Бошњаковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nikola-micevski

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот од телото за помирување ако има неселективна правда

Од ВМРО-ДПМНЕ очекувале негативно мислење од Владата за нивниот предлог-закон за амнестија. Сметаат дека тоа е смислено сценарио од власта за да продолжи агонијата на лицата обвинети за настаните од 27 април. Партијата останува на ставот дека нема да учествува во работата на координативното тело за помирување, но, потенцираат, доколку тоа понуди решение за неслективна правда ќе го поддржат. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат и дека има простор низ дебата со власта да се подобри решението за амнестија за кое Владата вчера даде негативно мислење.– Ние очекувавме дека ќе има ваков развој на настаните од причина што и самиот закон во моментот кога го поднесовме согласно собранискиот Деловник не беше ставен на првата седница односно беше одбиен од страна на мнозинството. Така што сето ова води кон еден заклулчок дека целата оваа фарса што се прави и недавањето поддршка за презентација на законот за амнестија е смислено сценарио од само една причина да продолжи агонијата на сите лица вклучени во процесите од 27 април – изјави во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.Тој додава дека доколку мнозинството сака има можност преку дебата со одредени амандмани да го подобри решението што го предлага ВМРО-ДПМНЕ.– Ние не поддржуваме насилство во Собранието никој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа не го поддржува. 27 април е еден немил астан што се случи, но селективноста во правдата и она што ни го нудат со телото за помирување нема да ја долови сликата за тоа што е крајна цел на неговото формирање – рече Мицевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Винтерленд - прва новогодишна населба во Скопје

Новогодишна населба на плоштадот „Македонија“ со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра и смеа и секојдневна програма што ќе биде интересна за граѓаните – ова е само дел од предновогодишната програма што ја подготвува Градот Скопје во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, а која ја најави градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.- Во текот на декември, на плоштадот „Македонија“ за првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. На средината ќе се постави голема новогодишна елка, а просторот околу елката ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички – рече денеска Шилегов.Тој најави дека китењето на градските улици и булевари ќе почне наредната недела.- Очекувам во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера. Конечно е време на скопјани да им понудиме европска новогодишна прослава, нешто што досега во градот не се случувало. Затоа, ги поканувам граѓаните да ја посетат новогодишната населба и со своите најблиски да уживаат во празничниот амбиент – додаде Шилегов.Комплетната програма за новогодишната прослава, која ќе почне на 15 декември, како и за прославата на Новогодишната ноќ на 31 декември, Градот Скопје ќе ја соопшти дополнително.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања