7 год.
mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не понуди ниту едно решение за загадувањето на воздухот

Криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Зоран Заев продолжува со расипничкото и несовесно трошење на парите на граѓаните. Во новиот најраспичнички и најмегаломански буџет во историјата на државата нема простор за потребите на граѓаните, нема простор за здравјето на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.„Власта троши милиони за луксузирање, 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милиони евра за лубриканти, а само 1,5 милиони евра за борба против загадувањето. Аерозагадувањето е еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Според Светската здравствена организација над 3 илјади животи годишно прерано згаснуваат како директен резултат на енормно загадениот воздух. Скопје е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, а за жал го носи приматот во Европа. Енормното загадување на воздухот ги наполни клиниките, а на удар се децата, бремените жени, возрасните луѓе над 65 години и хронично болните. Загадувањето на воздухот го оштетува мозокот, а високото количество на ПМ 10 честички во воздухот предизвикуваат и респираторни и кардиоваскуларни проблеми“, велат од партијата.Криминалниот картел на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потроши половина од својот мандат без да понуди едно решение за проблемот со загадениот воздух.„Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема простор за политиканство, власта мора веднаш да ги прифати итните мерки за борба против загадувањето. Мерките ќе ја подобрат состојбата со амбиенталниот воздух, овие мерки ќе спасат 100-тици ако не и илјадници животи. Крајно време е власта да почне да ги решава проблемите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: 160 милиони евра за земјоделците

Предлог буџетот за 2019 година предложен од Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците и силна поддршка за земјоделството. Земјоделците добиваат 10.5 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Најголем дел од овие средства, 8.5 милијарди денари, се за директна финансиска помош на земјоделите, соопшти СДСМ.Според партијата, над 6,6 милијарди денари земјоделците добиваат за целосна, навремена и неселективна исплата на субвeнциите.,,За мерките од Програмата за рурален развој во 2019 од Буџетот земјоделците добиваат 1,7 милијарди денари, односно, 148 милиони денари повеќе отколку парите за оваа година.За наредната година, земјоделците добиваат 290 милиони денари или близу 5 милиони евра повеќе за капитални проекти, за водостопанството.Во 2019 година за првпат во историјата ќе се реализира и ветената мерка „зелена нафта“ односно поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација, што ќе ги намали трошоците за производство.Ова се само дел од мерките преку кои ќе се обезбедат повеќе пари и поддршка за земјоделците, сигурен пласман и унапредување на земјоделството”, се додава во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поради дефект без вода дел од Тафталиџе и Козле

Од ЈП „Водовод и канализација“ е добиено известување дека поради санирање на уличен дефект од ф-300 мм на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов бр.112 во населба Тафталиџе, општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица згр.92,94 и 96 и околните куќи, фабриката „Реплек“ и дел од населба Козле од 9 часот до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
skopje-5

Илир Мета во Скопје ќе го слави Денот на албанската азбука

Во Македонија денеска се одбележува 22 ноември, Денот на албанската азбука. На централната прослава вечерва ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери. Претходно е планирана заедничка прошетка во 14 часот низ Старата скопска чаршија на претседателот на Република Албанија, Илир Мета и претседателот на ДУИ, Али Ахмети во придружба на претседателот на Собранието, Талат Џафери и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.Прошетката по Старата чаршија во Скопје, ќе заврши пред мозаикот (Муралот) на плоштадот на Скендербег.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-dimitrov

Димитров на министерски состанок во Солун

Денеска во Солун ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија.Станува збор за четврта средба на која ќе учествува шефот на дипломатијата Никола Димитров, а на која ќе се разговара за зајакнување на соработката во регионот. Првиот ваков состанок беше во април 2016, а последен пат шефовите на дипломатиите на четирите земји во Солун се сретнаа во мај годинава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_0186

Македонска вечер во Австрискиот филмски архив

Австрискиот филмски архив, со ретроспективата „Времињата се менуваат 1918 – Падот на Австро-Унгарската империја“, го одбележува крајот на Првата светска војна и 100-годишнината на Републиката.На ретроспективата со свои филмови беа претставени филмските архиви од дел од земјите кои, директно или индиректно, биле поврзани со Австро-Унгарската империја и со Првата светска војна: Австрија, Унгарија, Италија, Чешка, Полска, Русија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Проекциите се одржуваа во киното на Австрискиот филмски архив, инаку зграда стара 100 години, од 10 ноември до 6 декември.Македонската вечер беше посветена на пионерите на филмот на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки. За значењето на овие филмски остварувања, како и за нивното чување, заштита, реставрирање, дигитализирање, истражување и презентирање, зборуваше Игор Старделов, раководител на филмскиот архив во Кинотеката на Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд во северните делови на земјава. По одделни котлини ќе има појава магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. Максималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, но и со услови за краткотраен слаб дожд. Температурата ќе достигне до 13 степени.До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со услови за снег на планините.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pandi

Пандите добиваат резерват од милијарда и пол долари

Кина наскоро ќе стане побогата со резерват за панди, која ќе биде двојно поголем од националниот парк Јелоустоун во САД.Во неговата изградба ќе бидат вложени милијарда и пол долари, а резерватот треба да обезбеди заштита за пандите во југозападната провинција Сечуан.Овој проект ќе ја зајакне економијата на Сечуан и ќе ги подобри условите за живот на пандите во овој планински регион. Покрај тоа, паркот ќе биде место каде што сите обожаватели на овие животни ќе можат да уживаат во текот на целиот ден.Се очекува дека резерватот ќе привлекува скоро по 20 милиони посетители годишно, пренесоа тамошните медиуми.Џиновската панда се смета за неофицијална маскота на Кина, а овие животни некогаш живееле во јужните и источните предели на земјата, а сега ги има само во шест планински венци во провинциите Сечуан, Шанси и Гансу.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Преговорите за идните односи Брисел-Лондон продолжуваат в сабота

Британската премиерка Тереза Меј синоќа најави дека в сабота одново ќе отпатува за Брисел на преговори за финализирање на предлог-документот за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит.Меј, по враќањето од Брисел, каде за ова прашање разговараше со претседателот на Европската комисја, Жан-Клод Јунекр, истакна дека на преговорите не успеале да ги надминат сите разлики околу предлог-документот.– Остана некои прашања за кои се уште разговараме. В сабота ќе се вратам во Брисел на дополнителни средби, вклучително и со претседателот Јункер, со цел да се обидеме да го финализираме овој процес, изјави Меј.Претходно, како што јави МИА, портпарол на ЕУ синоќа соопшти дека Меј и Јункер на средбата во Брисел постигнале напредок во врска со планот за идните односи, но дека се уште нема конечен договор.– Постигнат е многу добар напредок. Работата продолжува, истакна портпаролот по завршување на средбата што траеше околу час и половина, без да соопшти детали.Меј се обидува да постигне договор за идните односи на Велика Британија со ЕУ, со цел да обезбеди поддршка во Долниот дом на британскиот Парламент за Предлог-договорот за Брегзит, што беше постигнат минатата среда.Брисел и Лондон се надеваат дека ќе го усогласат планот за идните односи пред Самитот на ЕУ посветен на договорот за Брегзит, закажан за в недела.Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека очекува планот да биде договорен пред Самитот, бидејќи, како што рече, в недела не сака да дојде во Брисел на нови преговори.

Свет | пред 7 години

7 год.
voz

До Нова Година ќе затруби возот од Битола кон Лерин

Пругата од Битола кон граничниот премин Меџитлија е целосно изградена и до крајот на годинава ќе се работи на инсталација на системот за сигнализација и другата техничка опрема и на довршувањето на железничката станица и постојки долж трасата од 17 километри. Вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и битолската градоначалничка Наташа Петровска денеска извршија увид во градежните работи на оваа пруга.Министерот Горан Сугарески појасни дека по цели 32 години ќе има железничко поврзување на Пелагонискиот регион со соседна Грција. Првиот воз на пругата од Битола кон грчката граница би можело да тргне до 31 декември. „Со оваа пруга ќе обезбедиме ново поврзување со Солунското пристаниште и брз и поевтин транспорт на стоки и услуги, не само за домашните, туку и за странските компании што ги користат нашите железници“ изјави министерот Сугарески. Проектот вреден 17,1 милиони евра го гради STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. На новоизградената пруга има 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mijlkov

На две сметки, под други имиња, Мијалков поседувал 11 милиони евра

Бившиот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор, на две сметки кои се воделе на други имиња, поседувал вкупна сума од 11 милиони евра за кои се докажало дека се негова сопственост.Ова е дел од решението за притворот што му беше определен на Мијалков, а се темели на допис од Управата за финансиско разузнавање.Од СЈО пак, побарале притвор бидејќи имало индиции дека Мијалков презема активности кои укажуваат на бегство.Притворот е побаран за еден од клучните предмети на СЈО, „Таргет – тврдина“ односно за масовното прислушување и уништување на опремата и снимките.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Не можам да одговорам дали Груевски ќе лежи во затвор

Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека во унгарските закони постои основ за повлекување на одобрениот азил и ги негира тврдењата на Унгарија дека барањето за екстрадиција е напразно поднесено.Според Дескоска барањето за екстрадиција не е задоцнето, затоа што во секоја земја, вели таа, кога има паралелно барање за азил, прво се разгледува барањето за азил.-Не можам да одговорам дали Груевски ќе лежи затвор или не, можам само да кажам дека ние како Влада ќе направиме напор да го вратиме. Ако се оди по правна процедура тој треба да биде екстрадиран. Владата ќе побара повлекување на одлуката за азил, затоа што нема причина да му биде одобрен азил. Должни сме да ги направиме сите напори и да ги искористиме сите правни средства. Товарот ќе остане на Унгарија – изјави Дескоска во вечерашното интервју на ТВ24.Како што рече таа образложението да му се додели азил на Груевски поради состојбата во затворите и судството не е издржана. Според неа само во 2017 година Унгарија одговорила позитивно на 5 барања за екстрадиција од Македонија.-Очигледно дека Груевски не го направил ова сам, чекорите преземени од страна на Унгарија се во координација со него. Очигледно политички се мотивите Унгарија да влезе во процесот, да даде азил и да го заштити – додаде таа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46519555_1879600305491558_4463405175930880000_o

Општина Карпош: „AUDI-Q7“ е продадено легално - парите се пренаменија за јавна хигиена

 Општина Карпош целосно ги демантира информациите за нерегуларности во постапката за продажба на општинското возило AUDI Q7, објавени на некои од порталите.„Лицето кое го купи возилото, ниту е другар, ниту пак е познаник на градоначалникот Стефан Богоев.Во интерес на вистината и врз основа на фактите, возилото AUDI Q7 е оттуѓено врз основа на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.Оттуѓувањето се вршеше и преку електронскиот систем на ЗЕЛС  за оттуѓување на движни ствари (e-stvari.mk), а преку електронската аукција се избра најповолниот понудувач.Сакаме да ја потсетиме јавноста, дека Општина Карпош на седницата на Советот во февруари, донесе Одлука за оттуѓување на дел од општинскиот движен имот, со цел да се обезбедат повеќе средства за набавка на возило за одржување на јавната хигиена.Целта на локалната самоуправа е да се минимизираат непродуктивните трошоци и средствата да се пренаменат за набавка на посоодветна механизација за одржување на чистота.Постапката за продажба на возилото е транспарентна и прописна, а непотпишаните текстови на дел од порталите говорат за лагите и несериозноста на нивните обвинувања.Сите портали кои ја имаат објавено лажната вест, без претходно да побараат став од Општина Карпош, бараме во интерес на професионалното информирање во целост да го објават овој демант“, стои во соопштението од општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Неколку булевари во Скопје вечерва без струја

Дел од булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва е без струја.Жителите револтирани објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Тие велат дека од населбата Драчево па се до фабриката Цементара булеварот е без улично осветлување, а не работат ниту семафорите.Од ЕВН Македонија нема информација за исклучување на електричното напојување во овој дел од градот.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2070278236349015&set=gm.1448818818582877&type=3&theater&ifg=1Исто така без улично осветлување денес беше и дел од булеварот „Кочо Рацин“ во општина Центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
46503853_1986078985022829_2959607408999006208_n

(ФОТО) Мијалков со лисици

Фотографијата објавена од Александар Дојранлиев е хит на социјалните мрежи. Тој долго време ги засмева корисниците на социјалните мрежи со фотографии обработени на “фотошоп”.Последно негово дело е “Мијалков со лисици”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
anketa2-696x394

ВМРО-ДПМНЕ водечка партија кај Македонците, СДСМ водечка партија кај Албанците

Анкетата на телевизија Телма и МЦМС, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има најголема доверба кај Македонците, додека Албанците најмногу доверба даваат на владеачката СДСМ.На прашањето: Доколку утре се одржуваат Парламентарни избори, за која политичка партија ќе го дадете својот глас?Македонците 30.4% одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 25.5%. Албанското население во Македонија, пак, најмногу би гласале за СДСМ (27.5%), додека за ДУИ 27%. За ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснил никој.Интересно е дека Македонците со „нема да гласам“ одговориле нешто повеќе од 25%

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-1

Груевски пред да избега извадил над 200.000 евра од македонските банки

Пред да избега, експремиерот Груевски од неговите сметки извадил над 180 илјади евра, тврдат извори од една од банките каде експремиерот имал над 15 сметки. Тој експресно ги затворил истите, по што, ден потоа почна драмата за негово наоѓање со цел да му се врачи поканата да се пријави во затворот “Шутка” каде требаше да одлежи 2 години.Но, Груевски со се парите избега во Унгарија. Гласно се шпекулира дека експремиерот во Унгарија има банкарски сметки уште од времето кога беше прв човек во владата на Македонија, а на нив илјадици евра кои низ годините ги префрлал на различни начини.Груевски ги испразнил банкарските сметки во Македонија, за да истите не му бидат конфискувани од судот поради неговото бегство.Никола Груесвки според имотниот лист доставен во Антикорупциска комисија не поседува никаков движен и недвижен имот. Тој има само кредитни и дебитни картички, како и девизни сметки заштеди. Во имотниот лист не е впишан ниту станот на “Павел Шатев” каде пратеникот живееше. Иако на еден од протестите на ВМРО-ДПМНЕ тој возеше автомобил “пунто”, во имотниот лист не е заведен.Од 2007-мата кога Груевски за прв пат како премиер пријавил што поседува во Антикорупциската комисија до последната пријава, имотот му се зголемил седум пати. Последно, според официјалните податоци, тој има 200 илјади евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски поминувал граници со пропусница издадена од Македонија

Експремиерот Никола Груевски ја напуштил Србија и влегол во Црна Гора со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, соопшти српскиот премиер Александар Вучиќ. Таа пропусница, на Груевски можат да му ја издаде само државата чиј државјанин е тој, во конкретниот случај Македонија, дознава „Скопје 1“ а потврдуваат правни експерти.„Доколку тој е државјанин на Македонија, тогаш само таа држава може да му издаде таква пропусница, која служи за едно влегување или излегување од одредена држава. Доколку тој е државјанин на Унгарија, тогаш и тие би можеле да му издадат ваква пропусница. Но, во никој случај, пропусницата не може да му биде издадена од држава на која Груевски не е државјанин“, велат правните експерти.Ова ја отвора дилемата, кој ја издал пропусницата на Груевски со која минувал граници за да стигне до Унгарија. Вучиќ во интервјуто, кажа дека таа е издадена во Тирана, Албанија, но не и од кој орган таа е издадена. Сите државни низ кои поминал Груевски, велат дека постапувале според правните процедури.Според ова, постојат сомневања дека пропусницата му била издадена во Македонија или македонската амбасада во Тирана. Во спротивно, истата е неважечка. Легитимацијата на границите се правела со лична карта и пропусницата, со оглед на тоа, Груевски не ќе можал да го помине границите доколку пропусницата била изадена од унгарската амбасада, а тој поседува македонска лична карта.Од МВР се уште молк. Тие велат дека истрагата е во тек, откако ќе се комплетира доказите ќе бидат доставени до Обвинителството, кое отвори истрага за бегството на Груевски. Не е познато дали предмет на истрагата е и македонската амбасада во Тирана, исто како што не се знае кој и дали воопшто некој ќе сноси одговорнсот. Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се оградија и велат дека запазени се сите процедури за влез и излез од нивните држави, со тоа, тврдат дека испочитувани се сите процедури.(„Скопје 1“ - www.skopje1.mk) 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kamcev-Mijalkov

ФОТО: Мијалков е лошо расположен и спие во креветот на Верушевски?

Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на порталот “Буре весник” на социјалните мрежи пишува дека Мијалков е во лошо расположение откако е притворен во затворот “Шутка”.Според Божиновски, тој денеска е преместен во “хашка соба”, дел од затворот кој има подобро услови, а причина била големата бучава која му сметала на Мијалков.Тој сега, практично се наоѓал во собата каде лежел и Зоран Верушевски за време на одлежување на казната.Статусот ви го пренесуваме во целост:

Македонија | пред 7 години

7 год.
Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

(DW) Бундестаг: случајот Груевски „смрди до небо“

Случајот Груевски станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија, се реагира од Бундестагот на бегството на експремиерот. Се вели и дека Орбан го поставил личното пријателство над правосилна одлука, пишува ДОЈЧЕ ВЕЛЕ.Унгарија да не се претвора во продолжена рака на автократот Груевски, а Македонија да разјасни дали бегството уследило по дозвола од тамошните власти, бараат пратениците во Бундестагот. На барање на ДВ да ја коментираат ситуацијата околу Груевски и неговиот азил во Унгарија, тие се прилично јасни во своите оценки и очекувања.Торстен Фрај, ЦДУ-ЦСУТорстен Фрај, член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот од пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), која е дел од семејството на Европски народни партии како и партијата на Орбан, Фидес, непосредно пред да биде одобрен азилот за Груевски, за ДВ оцени дека од Унгарија очекува примена на еднакви критериуми за азил:„Се разбира, многу е тешко од германска перспектива да се проценуваат постапките околу можниот азил кој Никоја Груевски го побара во Унгарија. Шпекулациите околу тоа и во Македонија се многу разнолики. Меѓутоа, во најмала рака очекувам ваква една постапка во Унгарија да се одвива според јасни принципи на владење на правото и да се применат еднакви мерки и критериуми, кои се вообичаени при постапката за азил таму“, оцени Фрај.Јосип Јуратовиќ, СПДНеговиот колега од Комисијата за надворешна политика, социјалдемократот Јосип Јуратовиќ, има многу поостра оценка за случувањата околу Груевски. Тој во изјавата за ДВ вели:„Ако работата се погледне подобро, таа смрди до небо. 'Системот Груевски' се служи со демократски средства. И тоа е она што е навистина вознемирувачко во овој синџир на случувања - како демократски сомнителни сили злоупотребуваат демократски средства. Можам само да се надевам дека Унгарија во случајов постапувала еднакво како во случаите на сите останати баратели на азил. Случајот Груевски со тоа станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија.“Александер Граф Ламбсдорф, ФДПЗаменикот шеф на пратеничката група на Либералите во германскиот парламент, Александер Граф Ламбсдорф, во чија надлежност се прашања од надворешната и безбедносната политика, за ДВ оцени дека „Виктор Орбан, со својата одлука да му даде азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, го постави личното пријателство со поранешниот премиер над правосилната одлука“:„Зашто, Груевски во Македонија беше осуден на две години затвор поради корупција. Истовремено во тек се други постапки поради изборни манипулации и илегално прислушување на македонските граѓани од страна на тајните служби на земјата. Никола Груевски, наместо да бара засолниште во Унгарија, треба да се соочи со овие обвинувања во законска постапка во Македонија. Однесувањето на Виктор Орбан е натамошна индиција за тоа дека унгарскиот премиер е наклонет кон низок степен на почитување на правната држава и кон толкување на правото на азил според сопствен маштап.“

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања