7 год.
policija-3-640x382

Пронајдени автоматска пушка и пиштол при претрес во Гостивар

На 19.11.2018 година во периодот од 14.00 до 16.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во работилница на улица „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.Г.(68). Притоа, во работилницата бил затекнат Р.К.(30)  од Република Албанија, кој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомение за  извршени повеќе кривични дела кражба и поседување огнено оружје, како и други кривични дела.При претресот биле пронајдени една автоматска пушка без рамка, една рамка за автоматска пушка со 24 куршуми калибар  7.62 мм, една рамка за пиштол со четири куршуми, еден пиштол без рамка, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“ и тоа: девет мобилни телефони, две дигитални камери, осум рачни часовници, бижутерија и други предмети. Сите пронајдени предмети биле одземени и дадени на вештачење. Р.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Исто така, поради сомнение дека заедно со Р.К. ги извршувал кражбите, во Полициската станица Гостивар бил приведен И.А.(26) од Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-1

Пристигна првата празнична реклама

Да бидеме искрени – колку и да сакаме празниците да бидат совршени, често се далеку од тоа. Целата организација изгледа како маратон. Поради сето тоа, Божиќ често ја губи својата магија. Но, не треба да го дозволиме тоа.Компанијата Orange верува дека со вистинските подароци, магијата може повторно да се врати.Ова е убава реклама која ќе ви стопли срцето и ќе ве насмее.

Магазин | пред 7 години

7 год.
holidej-in-parking

На паркингот кај скопски „Холидеј ин“ ќе има згради

На паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје ќе има згради, само нема да бидат 60-катници, како што предвидува постојниот Детален урбанистички план (ДУП), кој во моментов е под мораториум.Изминативе десетина дена, просторот на паркингот и околу него се расчистува од времените објекти, а не работи ниту паркингот со кој стопанисуваше  АД за Стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Рампите за влез и излез од паркингот се кренати и поставен е натпис слободен влез.Неделава метежот на овој паркинг, кој е меѓу најомилените на скопјани поради местоположбата во строг центар и бидејќи е од отворен тип, беше вообичаена, а голем дел од граѓаните и не знаеја дека на ова место повеќе нема да постои паркиралиште.Планот кој сега е под мораториум и се ревидира беше донесен на Советот на Општина Центар на 21 јуни 2007, со кој се предвидува максималната висина на објектите да е до 300 метри. Планот беше донесен по барање на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за да може да го реализираат таканаречениот проект „Менхетн“.-Деталниот урбанистички план што предвидува изградба на 60 катници на местото на паркингот спроти “Холидеј ин“ е се уште под мораториум. Откако ќе се донесе новиот ревидиран план на овој простор ќе има згради, но Богдановиќ вели дека уште не знае колку објекти ќе има и колкава ќе биде нивната висина, бидејќи планот уште се изготвува., изјави  градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.Инаку, вкупниот број на паркинг места на паркингот кај “Холидеј ин” изнесуваше 524 места за лесни коли и 10 за автобуси. Покрај месечни карти, дел од корисниците на овој паркинг имаат и годишни билети. Овој паркинг беше еден од најпрофитабилните во градот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Тетовчанец излетал од патот и починал на лице место

Вчера околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, Н.И.(52) од село Милетино, управувајки патничко возило „Хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво.Од здобиените повреди Н.И. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Охриѓанец удри велосипедист, итно пренесен во Скопје

На 20.11.2018 година во 00.35 часот на крстосница на улица „7-ми Ноември“ и булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.М.(41) од Охрид удрило во велосипед управуван од А.Х.(48) од Охрид.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.Х. и тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Автомобил удри пешак, итно пренесен во болница

На 19.11.2018 година во 18.00 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(28) од село Порој удрило во пешакот А.И.(30) од село Мала Речица.Од ударот А.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Тетово.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
COBD

Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на 21-ви ноември во Капитол мол

По повод светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест - ХОББ, 21-ви ноември, кој се одбележува под мотото ,,Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна", Институтот  за белодробни заболувања и туберкулоза - Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите за граѓаните, ќе организираат бесплатни прегледи за мерење на дишната функција. Прегледите ќе се изведат на  21.11.2018 година (среда) во период од 11.00 до 14.00 часот во Капитол мол во Аеродром, Скопје.„Овој настан е од особена важност за да се испрати  порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на лицата кои страдаат од ХОББ.“, велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и од Здружението на пневмофтизиолозите на МакедонијаТие додаваат дека еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, но дека поради разни причини како начин на живеење или самата срединам, препорачливо е сите кои се во можност да се проверат на бесплатните прегледи на 21-ви.

Скопје | пред 7 години

7 год.
DSC_0086__resize

Министерката Шекеринска меѓу војниците на АРМ во Авганистан: Вие сте нашите амбасадори, горди сме на вашите постигнувања

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Кабул, Авганистан, е во посета на припадниците на македонскиот контингент во мисијата на НАТО – Алијансата за обука, советување и асистенција на авганистанските вооружени сили „Одлучна поддршка“.Ова е прва посета на министер за одбрана на македонскиот контингент во Авганистан од 2013 година.„Шекеринска утрово во Кабул се сретна со македонскиот контингент кој е дел од Командата за обука, советување и асистенција (КОСА) како и со најстариот национален претставник на Република Македонија, полковникот Кенан Рахиќ. На средбата припадниците на македонскиот контингент ги презентираа пред министерката своите активности во Авганистан, а таа им се заблагодари на македонските мировници за покажаниот професионализам и посветеноста на задачите со што како припадници на АРМ се докажале како посветен и способен партнер на НАТО сојузниците и како амбасадори кои во голема мерка и помагаат на својата земја да стане 30-та рамноправна земја членка на Алијансата.Министерката во Кабул се сретна и со Командантот на КОСА, бригадниот генерал Јашар Дилбер, а преку видео-конференциска врска разговараше и со командантот на командата за обука, советување и асистенција - Север, германскиот бригаден генерал Герхард Ернст Петер Клафус.  Министерката се заблагодари за поддршката на македонските мировници, а генералите изразија задоволство од професионалноста и способностите на припадниците на АРМ во извршувањето на задачите, чија главна цел се обука и асистенција на авганистанските сили. Шекеринска имаше средба и со бригадниот генерал Хусеин Канбур, командант на меѓународниот аеродром во Кабул, „Хамид Карзаи“.Во текот на денов министерката ќе се сретне со македонските војници кои се одговорни за безбедноста на главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, со командантот на мисијата, генерал Остин Скот Милер, со највисокиот цивилен претставник на НАТО Корнелиус Цимерман и ќе има уште една неформална средба со македонските мировници во Кабул.Во Авганистан заедно со министерката Шекеринска, во посета на македонскиот контингет се и заменикот началник на генералштабот на АРМ, Азим Нуредин, како и тројца пратеници – Фросина Ременски, Трајчо Димков и Реџаил Исмаили.Придонесот во меѓународни операции за поддршка на мирот е стратешка определба и висок приоритет на Владата на Република Македонија. Македонија е дел од мисијата на НАТО во Авганистан од 2002 година. Во рамките на тогашната мисија ИСАФ, а од 2015 во рамките на „Одлучна поддршка“,Армијата на Република Македонија учествувала со над 3.000 припадници. Во моментов во „Одлучна поддршка“ се распоредени 49 припадници на АРМ, и тоа во рамките на командата на главниот град Кабул во соработка со вооружените сили на Турција, во единицата за обезбедување на главната команда на мисијата во Кабул во соработка со вооружените сили на САД, во тимот за советување и асистенција во командата Север под германскиот контингент и во рамките на придонесот САД – Јадранска повелба“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода дел од Долно Лисиче, Тафталиџе, Жданец, Трнодол и Нерези

Поради дефект на приклучна цевка од Ф-1“ на ул.Хелсинки бр.59 во населбата Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Хелсинки и Нобелова до санирање на дефектот.Исто така поради уличен дефект од Ф 80мм на ул.2 бб с.Долно Лисиче прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од с.Долно Лисиче до завршување.Поради изведување на водоводен приклучок од ф100мм на ул.Теодосиј Синаитски 29 ( Жданец ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Висока Зона на населбите Жданец, Трнодол и Нерези од 09:00 часот до завршување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski_1904_g111_3-640x437

ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски доби азил во Унгарија

Република Унгарија донесе одлука да му даде политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој пребега во оваа земја, брифираат за „Скопје 1“ блиски извори на Груевски.Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан пред неколку дена соопшти дека поранешниот македонски премиер изразил желба да аплицира за азил во унгарска амбасада надвор од Македонија. Намерата да поднесе барање за азил во Унгарија, експремиерот Никола Груевски ја изјавил во унгарска амбасада надвор од Македонија.Ѓулијаш пред неколку дена изјави дека Унгарија сѐ уште не добила официјално барање за екстрадиција на Груевски од македонските власти.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја делови на Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа во село Батинци, Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров.Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци (општина Студеничани), од 8:30 до 12 часот корисниците од улицата Кресна (Аврора) непарни броеви (9а-19а), ул. Илија Димовски Гоче бр. 11б и 13а/б (општина Аеродром), а во периодот од 9 до 15 часот корисниците од детска градинка „13 Ноември“, дел од ул. Елисие Поповски Марко, детски дом „11 Октомври“, дел од ул. Козара (општина Центар).Без струја во периодот од 9:30 до 13:30 часот ќе бидат корисниците од дел улиците од Пролетерска, дел од Корушка, како и дел од Франце Прешерн (општина Карпош), од 9 до 15 часот корисниците од с. Волково под ул. 102, ул. 35, ул. 37 и околните под улици (општина Ѓорче Петров), од 11 до 12:30 часот корисниците од поголем дел од с. Волково кај игралиште, амбуланта и сред село (општина Ѓорче Петров) и од 9 до 15 часот корисниците од ул. Страшо Пинџур бр. 4, 6, 8, 10, 12, бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 4, 6 и 8, кафеана „Лезет“, пералница „М“, кафеана „Кај Злате“, како и хотел АМИГО (општина Центар).

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Аерозагадување: Невладините предлагаат бесплатен автобуски превоз за сите, општините садат дрвја и мапираат загадувачи

Бесплатен автобуски превоз за сите граѓаните во текот на наредните три месеци, субвенционирање на меѓуградскиот автобуски превоз, воведување на 24-часовен зајакнат инспекциски надзор, итна детекција на загадувачите… се дел од мерките кои вчера беа предложени до Градот Скопје и останатите аеро-загадени општини во Македонија, од страна на  четири Здруженија кои покренаа петиција „Нула толеранција за (аеро)загадување и загрозување на животот“Здружението за социјални иновации и одржлив развој „РАДАР“, Новинари за човекови права, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и Зелениот институт, упатија апел до сите граѓани на Македонија да ја потпишат петицијата, а ја повикаа и државата да ги исполни обврските во однос на почитувањето на основното право, правото на живот, воведувајќи итни мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на луѓето и нивниот живот.Според нив, инспекциските служби веќе не треба само да опоменуваат, туку веднаш да ги затвораат оние објекти кои се идентификувани како најголеми загадувачи.Во рамки на активностите за намалување на загадувањето, општините и Градот Скопје почнаа да преземаат мерки кои се однесуваа на субвениционирање на печки за пелети, мапирање на загадувачите како и засадување на листопадни садници.Општина Аеродром вчера објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за граѓаните на нејзината територија. Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Целта на овој пилот-проект, како што соопштија од Општината, е да се премине кон еколошки систем на загревање со стимулирање на жителите на Аеродром, поточно домаќинствата, да користат почист огревен материјал и поквалитетни печки за затоплување на своите домови ‒ за повисока енергетска ефикасност и помалку штетни емисии во воздухот, како дел од мерките против загадувањето.Град Скопје викендов  го почна 3Д мапирањето на критичните точки за загадувањето на воздухот во градот со беспилотно летало. Како прва локација беше избрана депонијата „Вардариште“, а мапирањето ќе продолжи и на други локации, најавуваат од Градот.Од градот сметаат дека жителите на Аеродром и на Гази Баба веќе подолг период се задушуваат од непријатна миризба што се шири покрај кејот на Вардар и дека мерните станици на овие локации покажуваат најголема концентрација на ПМ10 честички. Најавуваат дека со ова мапирање инспекторатот на Град Скопје ќе добие прецизни податоци, со што полесно ќе може да ги извршува задачите. Потсетуваат дека е активна и кампањата за пријавување огнови на отворено на телефонскиот број 193.Градот Скопје вчера ја започна и есенската акција во која ќе бидат засадени 3.500 листопадни садници во сите скопски општини. Оваа есен, информираат од градот, приоритет е обновување на сите постојни дрвореди во градот и подигнување нови во Ѓорче Петров и на Бит-пазар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
elka

Пристигна новогодишната елка во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска ја добија официјалната новогодишна елка за Белата куќа.Претседателот и прва дама на САД ја добија елката, висока шест метри, која била подигната во фармата на Лари Смит во Њуланд, град во Северна Каролина.Празничната песна „За божикното дрво” се слушаше додека коњите ја влечеа запрежната кола, во која се наоѓаше елката.

Свет | пред 7 години

7 год.
rocista-1

Нови рочишта за „Тортура“, „Тендери“, „Тарифа“ и „Титаник 3“

 Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тортура“, „Тендери“, „Тарифа“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.Случајот „Тортура” се однесува за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година и се наоѓа во доказна постапка.За мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, при апсењето на Бошковски, обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и екс првиот човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки, како и петтмината припадници на „Алфите“.На денешното рочиште за случајот „Тендери“, каде првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“, треба да бидат сослушани тројца сведоци.На обвинителна клупа  денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети  во случајот „Тарифа“.Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudenje-4

Продолжува судењето за убиството на Никола Саздовски

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски.Јавниот обвинител Ангел Фидовски на минатото рочиште рече дека ќе докаже дека двајцата обвинетите заедно со третообвинетиот, кој е во бегство, со умисла го лишиле од живот Никола Саздовски на начин што на 29 јуни годинава на автобуската кај „Алкалоид“ го претепале нанесувајќи му смртни повреди.Во воведен говор адвокатот Насер Руфи рече дека обвинетиот Беља немал никаква намера, ниту умисла да го лиши од живот Саздовски и додаде дека ќе докажат дека единствена причина за смртта која настапила е поради ударот во метална кутија на ЕВН што се наоѓа на автобуската постојка.Бранителот на Скендер Демири, Асмир Исмаиловиќ рече дека ќе докажат дека ваквото обвинение не може да опстане, бидејќи ако обвинетите му побарале лична карта и почнале да го тепаат…зошто Обвинителството не навело кој и какви дејствија презел. Според него, не е споменато дали делото е извршено со умисла или кој е мотивот.Адвокатите посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.Доказната постапка почна со сведочење на Тони Саздовски, татко на убиениот Никола. Тој пред судот рече дека се приклучува кон кривичниот прогон. По него, без присуство на јавноста, сведочеше и малолетната девојка на Никола.Адвокатот на семејството на починатиот Никола, Ванчо Шехтански, по завршувањето на минатото рочиште изјави дека се задоволни од исказот на сведокот. – Со оглед на тоа ги демантираме изјавите на одбраната дека смртта настанала поради железен предмет што бил поставен на автобуската, а не од ударите на напаѓачите. Исто така со исказот на сведокот се демантира и изјавата дека нападот траел само една минута, рече Шехтански.Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.Тие му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако им ја покажал неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите, нанесувајќи му тешки телесни повред, од што паднал во кома.Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули годинава почина на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски, откако првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста. Па така наместо за кривично дело „насилство“ против тројцата осомничени се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Путин разгледува одговор на можното излегување на САД од спогодбата за вооружување

Рускиот претседател Владимир Путин ги собра водечките руски воени претставници да разгледаат каков би бил можниот одговор на Русија на планираното американско повлекување од клучната спогодба за вооружувањето. Американскиот претседател Доналд Трамп во минатиот месец рече дека планира да излезе од Спогодбата за нуклеарните сили со среден дострел од 1987 година поради руското кршење на таа спогодба. Русија тоа го демантира. Путин изјави дека Русија одговорила на американската програма за ракетна одбрана развивајќи ново оружје кое, според него, може да го пробие секој ракетен штит.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Хрватска црвен и портокалов метео аларм поради снег, дожд и бура

Во Хрватска попладнево е издадено црвено предупредување од Државниот хидрометеоролошки завод за следните два дена, кога се очекуваат вистински зимски услови и на копно и на море.Метеролозите најавуваат пороен дожд, со силна бура, а на северот на земјата можен е и снег. Потопло време се очекува од четврток.Црвениот аларм посебно се однесува на утрешниот ден за подрачјето на Лика и Горски Котор, каде се очекува снег и поледица, а за Истра и Јадранското Море објавен е портокалов аларм. За јужниот дел на Хрватска издадено е портокалово предупредување поради можен пороен дожд.

Свет | пред 7 години

7 год.
mmf-1

ММФ: Економијата се стабилизира, невработеноста останува висока

Монетарната политика е соодветно присобена, а банкарскиот систем и натаму е здрав, но ризиците треба се уште внимателно да се следат. Ова како што информираат од Народната банка на Република Македонија (НБРМ) го оцени тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Завршното соопштение за редовниот годишен преглед на македонската економија.Од НБРМ нагласуваат дека според ММФ, во иднина, доколку се влоши надворешното опкружување, Централната банка треба да биде подготвена да ја заостри монетарната политика, како што беше соодветно направено и во изминатите периоди. Врз основа на умерената економска активност, ниската инфлација и поволните девизни пазари, НБРМ двапати ја намали каматната стапка во 2018 година.ММФ оценува дека банките се добро капитализирани, ликвидни и профитабилни. Учеството на нефункционалните кредити е намалено, а кредитните ризици се добро обезбедени. Според ММФ, натамошните напори за  постепено зголемување на денаризацијата на депозитите и внимателно калибрираните макропрудентни мерки за намалување на кредитирањето во странска  валута на домаќинствата ќе помогнат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.Во Програмата за детална проценка на финансискиот сектор (FSAP), што во моментов се финализира од страна на ММФ и Светската банка се констатира дека банкарската супервизија и прописите значително се подобрија во текот на изминатата деценија, но се идентификува и потребата од натамошно зајакнување, особено во делот на супервизијата на системски значајните банки и макропрудентната регулатива и модернизација на управување со кризи.Во Соопштението на тимот на ММФ се наведува дека враќањето на политичката стабилност и напредокот кон решавањето на проблемот со името значително ги подобриле перспективите за отворање на преговорите за членство во ЕУ, повеќе од 12 години по добивањето на кандидатскиот статус. За да се искористи оваа можност и да се осигури посветла иднина преку повисока продуктивност и побрза конвергенција на доходот, клучни се структурните реформи за надминување на долгопостоечките слабости на пазарот на труд, правосудството и јавната администрација.Реалниот БДП во 2018 година е проектиран на 2 отсто, при поволни макроекономски услови, односно ниска инфлација, опаѓачки дефицит на тековната сметка и позитивни трендови на девизниот пазар. Со закрепнувањето на инвестициите, се очекува забрзување на растот на БДП на 2,8 проценти во 2019 година и понатамошно засилување на 3,5 отсто, на среден рок, во услови на инфраструктурни вложувања и силен извоз.На завршниот состанок со тимот на ММФ, кој престојуваше во земјата заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија, присуствуваa гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и тим на Министерството за финансии, предводен од министерот Драган Тевдовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zakon

Се подготвува нов закон за амнестија за „27 април“, можно е да се усвои веќе во декември

По најавата на премиерот Зоран Заев за донесување на закон за амнестија на дел од обвинетите за собраниските настани на 27 април минатата година, засилено почна да се промовира оваа идеја за помирување, а веќе се споменува и терминот декември за донесување на ваков закон.Пратениците од владејачкото мнозинство се убедени во тоа дека за иднината на државата неопходно е да има амнестија за дел од учесниците во настаните од 27 април и дека е ова една хумана идеја. Опозициските пратеници сметаат дека тоа ќе биде селективна правда и изјавуваат дека не сакаат да учествуваат во работата на новоформираното собраниско координативно тело кое ќе треба да го изготви законот. ВМРО-ДПМНЕ е за целосно ослободување на сите обвинети во овој случај. За предлог законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ ќе се расправа на собраниска седница на 26 ноември.И партијата на Зијадин Села, Алијансата на Албанците е против оваа идеја.Од собраниското Координатовно тело за помирување велат дека законот ќе се донесе до средината на декември и дека со законот треба да бидат опфатени сите оние кои не извршиле насилство и не биле организатори.Пред 19 октомври, кога власта успеа да обезбеди собраниско 2/3 мнозинство во Собранието за пристапување кон уставни измени, само опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараше амнестија за сите учесници во минатогодишните случувања во законодавниот дом на 27 април минатата година. Откако неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети во случајот „27 април“, гласаа за уставни измени, владеачката СДСМ почна да ја промовира идејата за помирување. Претходно, претставници на СДСМ и премиерот Заев изјавуваа дека „амнестија за крвавиот четврток никогаш нема да се случи“.Сега премиерот Зоран Заев е убеден дека помирувањето за настаните на 27 април минатата година во Собранието може да се постигне само преку простување. Тој во емисијата 360 степени на ТВ Алсат рече дека е подготвен да им прости на сите оние кои директно не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите на случувања, оставајќи ја отворена можноста за амнестија на лицата кои се обвинети за „крвавиот четврток".Тој рече дека со овој предлог не врши притисок врз правосудните органи, бидејќи простувањето, според неговите замисли, треба да се спроведе преку кооординативното тело за помирување во Собранието. Тој не ги негираше политичките пазарења за постигнување на 80 гласови во Парламентот за отворање на Уставот.Заев истакна дека е свесен за реакцијата на јавноста за селективната правда, но според него, ова е единствениот начин со кој може да се постигне поскауваната интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ.„Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето и помилувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Знам дека не сум подготвен да разговарам ништо за учесниците во насилството, затоа што не сакам да оставам можност да се повтори нешто“, рече Заев.Во однос на тоа дека со отворање на вратите од Собранието, обвинетите пратеници овозможиле да се случи насилството, Заев рече дека тоа треба да се докаже низ судскиот процес и дека и тие имаат право да ги кажат своите аргументи. Запрашан за тоа дали има некаков политички пазар за гласање за уставните измени во замена за амнестија, Заев рече дека е нормално да разговара со луѓето.Ако се усвои овој закон, амнестија ќе добијат и тројцата обвинети пратеници кои ги поддржаа уставните измени, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sijarto

Сијарто: Ниту една земја на ЕУ не го покрена прашањето за Груевски, ова е правно, а не политичко прашање

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по вчерашниот состанок на министрите во ЕУ порача дека ниту еден колега не го покренал прашањето за азилот на Груевски.Како одговор на новинарско прашање, Сијарто рече дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада, но владата на Унгарија немала никаква улога во неговото доаѓање.Тој рече дека унгарските власти првпат разбрале за случајот во една од соседните земји во Македонија и дека Груевски „целосно законски дојде во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони, а сите премини (на граници) беа легитимни”.Унгарските власти, врз основа на безбедносни мерки, одлучиле да го сослушаат неговото барање за азил и тоа во централната канцеларија на Бирото за имиграција и азил во Будимпешта.Како што рече, ниту еден колега од ЕУ не го покренал случајот во понеделникот. Тој, со македонскиот министер за надворешни работи, ќе одржи билатерални разговори на маргините на Самитот на НАТО во Брисел на почетокот од декември.„За Унгарија, поддршката на Македонија не е прашање на партиска или владина симпатија“, рече Сијарто.Тој, исто така, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека тоа не е политичко, туку правно прашање.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања