7 год.
kuzman

Сниран проблемот со греење во студентскиот дом „Кузман“

Од студентскиот дом „Кузман“ информираат дека дефектот со пумпата на мазут и дизните поради што се јави прекин во доставата на топлата вода и парното греење е саниран.„На место на старата пумпа се постави нова со што домот повторно се стави во функција. Вработените од секторот за одржување се сомневаат дека дефектот настанал поради неквалитетен мазут. Државниот студентски центар анализа од примерот мазут ќе испрати на испитување за да ги провери сомневањата на вработените.Директорот на државниот студентски центар Дарио Николовски беше во домот за одблизу да се запознае со причините и сомнежите за настанатиот дефект. Со студентите покрај актуелната состојба разговараа и за други теми кои го засегаат работењето на домот.Државниот студентски центар со сите средства се обидува да ги отстрани ваквите проблеми кои поради дотраената инсталација многу често се повторуваат. Во таа насока неодамна побаравме поголема партиципација од државата. Со тие средства повторно би ги вратиле во функција студентските домови.Ги уверуваме студентите дека проблемите ќе почнат да се решаваат и дека условите за учење во студентските домови ќе бидат подобри“, стои во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
levica

Левица: Охридското езеро не смее да биде уништено за лично богатење на поединци

Левица преку социјалните мрежи реагираа на приватизацијата на струшкото крајбрежје, поради што има катастрофални последици од неконтролираната градежна експанзија."Локалните медиуми во Струга деновиве го објавија предлогот на градоначалникот од ДУИ, Рамиз Мерко, за целосна приватизација на струшкото крајбрежје, каде последиците веќе се катастрофални од неконтролираната градежна експанзија и узурпација. И покрај тоа што овој предлог не поминал во Советот на Општина Струга, струшкиот градоначалник најавил дека овој проект ќе се реализира и без дадена согласност од советниците. Дали со ова Рамиз Мерко сака да најави дека постои договор за уништување на Охридското езеро помеѓу највисоките раководства на СДСМ и ДУИ?Охридското езеро е природно богатство од непроценлива вредност и тоа не сме да заврши во рацете на локални моќници чиј единствен интерес е максимизирање на својот профит. Дали со узурпација и градежна урбанизација која зелените површини и трската ги заменува со приватни објекти и плажи, оваа Влада ќе го штити Унеско статусот на Охридското езеро, продолжувајќи ги погубните политики на претходната власт?Бараме да се произнесат пред целата јавност претседателот на Владата, Зоран Заев и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески дали за да ги заштитат бизнис-интересите на својата коалиција се подготвени да дозволат неповратно уништување и девастирање на едно од нашите најзначајни природни богатства?Охридското езеро претставува монументален споменик на природата и тоа не смее да биде уништено заради задоволување на краткорочните бизнис-интереси и желби за лично богатење на одредени поединци", стои во објавата

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

МВР го има новиот број на Груевски

Адвокатот на Никола Груевски за дел од предметите во кој тој е обвинет, Еленко Миланов во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека Груевски му се јавил откако објави дека е во Унгарија и потоа уште еднаш комуницирале по СМС пораки. Миланов рече дека бројот од кој Груевски го контактира е странски број.Груевски го прашал дали Судот имал право да му одреди притвор, иако имунитетот не му е одземен.-Ви гарантирам дека МВР го има бројот од кој Груевски ми се јави. Верувам дека МВР ги има сите контакти од мојот телефон. А, и верувам дека нашите служби можат да го обезбедат бројот по други канали, рече Миланов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-2

Адвокатот на Груевски: Тој ми се јави откако стигна во Унгарија

Адвокатот на Никола Груевски за дел од предметите во кој тој е обвинет, Еленко Миланов во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој немал сознанија дека неговиот клиент планира да ја напушти Македонија и рече дека Груевски му се јавил откако пристигнал во Унгарија.-Ниту сум имал сознанија, ниту ништо. Десетина дена пред да замине е последниот мој контакт со Груевски и немаше никакви такви најави. После објавувањето на статусот на Фејсбук, тој ми се јави како негов бранител да ми каже дека заминал во Унгарија да бара азил. Немаше сознанија од претходно за такво нешто. Греувски само ми кажа дека од тој број ќе ме бара доколку има потреба и дека јас можам да го барам на тој број. За тој контакт е известен и Судот, рече Миланов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-620x2641

Скопјанец пронајден мртов во стан: Соседот пријавил дека не го видел неколку дена, полицијата го пронашла телото

На 18.11.2018 година во 11.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, К.Ц.(59) пријавил дека неколку дена не го видел неговиот сосед С.Џ.(77).По добиената пријава полициски службеници отишле во станот на С.Џ. и го пронашле починат.По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институт за судска медицина.

Скопје | пред 7 години

7 год.
toni-andreev

Тони Андреев: На настапи најбројни ми се девојките и ми нудат се и сешто

Иако на пошироката публика и се претстави неодамна, младиот пејач Тони Андреев веќе мака мачи со обожавателките. Тони пред извесно време ја промовираше дебитантската „До мене, а толку далечна“, но тој одамна се бави со музика и настапува по ноќните клубови каде врие од девојки на кои им е особено атрактивен заради изгледот. Некои после некоја чашка се ослободуваат, па вели, не само што му се доближуваат туку има и непристојни предлози.„Има се, но засега одлично се снаоѓам и не можам да се пожалам. Ретко сакам да зборувам за мојот приватен живот во јавноста или да споделувам детали по социјалните мрежи, па затоа дел од девојките, кои мислат дека сум слободен дечко, знаат да искоментираат интересни работи, па дури и додека пеам. Неколкупати се случило да имам и непристојни понуди со идеи што да се прави после настап, но тоа не го гледам никако негативно, а и знам дека алкохолот си го прави своето“, вели Тони, и уште додава дека на почетокот по премиерата на неговата песна малку бил збунет и најмалку што очекувал било публиката да ја пее со него песната.„На почетокот искрено бев малку збунет кога на моите настапи ја слушав публиката како заедно со мене ја пеат песната на која максимално и се посветив, и тоа навистина ме радува“, вели Тони.

Магазин | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Најчевска за вчерашниот протест: Џганот кој се откажа од историјата на мојот татко, одеднаш се сети за АСНОМ

Професорката, Мирјана Најчевска, на својот Фејсбук профил го искоментира вчерашниот протест кој се одржа пред Собранието против уставните измени. Организаторите на протестот и демонстрантите ги нарекува сеачи на национализам и омраза.„Не ми се верува, џганот кој го испоплука социјализмот, кој направи хорор музеј за комунизмот, џганот кој се откажа од историјата на мојот татко и неговите соборци, одеднаш се сети за АСНОМ и застана во негова одбрана.Мрш бре кретенчиња неписмени кои сеете национализам и омраза и продуцирате насилство, кои ја вративте државата во 16 век и не закопавте во фекалии од кои не можеме да се извлечеме.Таткоми умре со револуционерните песни на своите загинати соборци и со подигната тупаница за одбрана на овој народец од џганот како вас.И јас немам намера да дозволам националистичко-фашистичката багра на чело на лумпен пролетаријатот кој истиот овој џган го создаде да не влече надоле“, напиша Најчевска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Jane-Cento-696x371

Ченто: Вратете ме во Шутка, во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен

Јане Ченто, еден од обвинетите во случајот за “27 април” пред малку на јавна седница во Апелациониот суд ја образложи својата жалба со која бара укинување на притворот.Ченто истакна дека притворот му бил одредуван со копирани решенија на судовите, без аргументи. Тој посочи дека неговото решение било копија од друг обвинет, односно пишувало дека има болно бебе , и дека дал гаранција од 600.000 евра, што не е точно.Ченто не успеа да ја доврши реченицата, бидејќи судиите го ограничуваа неговиот говор, па по кратка расправа, Ченто рече:-Повеќе од 11 месеци сум во притвор. Не барам куќен притвор или слобода, моите браќа се во Шутка. Знам дека жалбата ќе ми ја одбиете и за тоа сум свесен! Вратете ме во Шутка. Во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен, рече Ченто.Извор: Фокус

Македонија | пред 7 години

7 год.
Image-1

Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи

На 16 ноември 2018 година, Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА, истиот беше подготвуван во изминатите 5 години и претставува почеток на Дигиталната ера на Царинската управа.„Новиот Систем има за цел да ги замени царинските постапки што се базираат на хартија со електронски постапки. На тој начин ќе се создаде поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој. Со него треба да се поврзат сите постоечки дигитални системи во една интегрална целина и воведување на електронска царинска декларација за сите царински постапки во увозот и извозот, како и електронско поднесување и обработка на акцизни документи. Исто така, со овој систем ќе обезбедиме намалени трошоци за трговските трансакции, олеснето спроведување на договорите за слободна трговија, подобро управување и контрола.Новиот Систем претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, правејќи го животот полесен за учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка, за другите гранични агенции што се присутни на граница, како и за царинските службеници.Примената на Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе започне во првиот квартал од 2019 година преку Пилот царински испостави, а негово целосно ставање во функција се очекува во средината на 2019 година.Ова меѓу другото ќе резултира и во поуспешна наплата на приходи, порационално искористување на ресурсите и поефикасна меѓународна трговска размена во која трговците електронски ќе разменуваат информации со Царината и останатите агенции учесници во царинската постапка“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Град Скопје со беспилотно летало ќе ги лоцира изворите на загдување на воздухот

Градот Скопје викендов го почна 3Д мапирањето на критичните точки за загадувањето на воздухот во градот со беспилотно летало. Како прва локација беше избрана депонијата „Вардариште“, а мапирањето ќе продолжи и на други локации. Оваа активност е само една од мерките кои Градот Скопје ги презема за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.-Жителите на Аеродром и на Гази Баба веќе подолг период се задушуваат од непријатна миризба што се шири покрај кејот на Вардар. Мерните станици покажуваат најголема концентрација на ПМ10 честички токму во овие делови од градот. Сега, со 3Д мапирањето на „Вардариште“ ќе се добие целосна слика на опфатот на депонијата, односно во кои делови се пали отпад, особено ако тие делови се наоѓаат на приватни имоти. Инспекторатот на Град Скопје ќе добие прецизни податоци, со што полесно ќе може да ги извршува задачите. Убедени сме дека со вакви акции ќе ги елиминираме причинителите на загадувањето, еден по еден – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.Салиху додаде дека Град Скопје интензивно работи во насока на намалување на загадувањето на воздухот и дека инспекторатот на Град Скопје минатиот месец изрече двојно повеќе казни во однос на октомври 2017 година.-Сите инсталации кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола се проверени и редовно доставуваат мерења со кои се задолжени во самата дозвола. Активна е и кампањата за пријавување огнови на отворено на телефонскиот број 193. Во оваа пригода упатувам апел до сите граѓани огновите на отворено да ги пријавуваат на телефонскиот број 193, а не како што е вообичаената практика да ги пријавуваат на социјалните мрежи. Само заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да ја подобриме животната средина и квалитетот на амбиентниот воздух – нагласи Салиху.Раководителот на Секторот инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски, појасни дека „Вардариште“ е една од црните точки во градот кои во изминатиов период биле предмет на инспекција и каде што се откриени поголем број прекршители.-На оваа локација е забележано палење кабел и друг кабаст отпад. Со ова 3Д мапирање точно ќе ги лоцираме местата каде што тоа се случува – рече Богдановски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Поднесена кривична пријава против Битолчанец поради вршење јавен превоз без лиценца

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.На 20.10.2018 година околу 15.00 часот во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот при истовар на огревни дрва од товарно возило, негова сопственост, при што било утврдено дека со возилото вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka

Автомобил излета од локалниот пат Кадино - Миладиновци

На 18.11.2018 година во 07.00 часот на локалниот пат село Кадино-село Миладиновци, скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(47) од Скопје излетало од коловозот и се превртело.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Т.Т. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, еден со тешки телесни повреди

Вчера во 07.40 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(28) од село Сингелиќ, скопско и патничко возило „Хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(35) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј..Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода ја победија екипата на „Спортисимо“

КК „Ангели“ од Кисела Вода убедливо ја победи екипата на „Спортисимо“ од Кавадарци, со резултат 117:51.Со оваа голема победа сениорите на „Ангели“ се искачија на првото место на табелата во втората кошаркарска лига.На натпреварот предводеше Христијан Ристов со постигнати 20 поени, додека Симеон Митров со 18, Стефан Миловски со 15, а најмладиот играч Марко Спасовски постигна 14 поени.Клубот од Кисела Вода следната недела ќе игра на гости во Тетово со КК „Тетекс“.

Спорт | пред 7 години

7 год.
cinedays-800x430

Доделени наградите на затворањето на Cinedeys

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Еј“ на Васил Христов во киното Милениум е затворен 17-от Меѓународен фестивал за европски филм „Cinedeys“.„Со задоволство ја спуштаме завесата на годинешниов „Cinedeys“, за прв пат како фестивал со акредитација од Меѓународната федерација на асоцијации на филмски продуценти (FIAPF), со која застануваме рамо до рамо со големите фестивали во Кан, Берлин, Сан Себастијан, Венеција и Торонто. FIAPF во „Cinedeys“ препозна фестивал кој има одлична селекција на филмови, квалитетни програми, полни кино сали, фестивалсска атмосфера со која се приближуваме на европскиот филмски шмек. Или во бројки, 17-тото издание го погледнаа повеќе од 18 000 гледачи, имавме 200 странски гости, а вестите за фестивалот покрај домашните новинари ги пренесуваа и десетина акредитирани новинари од регионот“ – изјави Русе Арсов директор на Младинскиот културен центар.Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше меѓународна жири комисија која ги додели следниве награди:Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Само на мојата свадба“од Марта Бергман, БелгијаНаграда „Сребрана ѕвезда“ за најдобра режија за филмот „Кога дрвјата паѓаат“ во режија на Марисја Никитиук, УкраинаНаграда  „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е за Стефан Лукас, сценарист и режисер на филмот  „Полицајци“ Австрија.Специјално признание за филмот „Ана преку ден“ на Андреа Хауриета, ШпанијаВо селекцијата СинеБалкан награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби  филмот „Брак“ во режија на Блерта Зекири, КосовоСпецијално признание за филмот „Мрзливец“ во режија на Алекса Стефан Радуловиќ, Црна ГораНаграда за Најдобра филмска критика на Вероника Камчевска за рецензијата на филмот „Не допирај ме“ од Адина ПинтилиеНаграда за Најдобар студентски филм за филмот „Возење. Поема за татко ми“ во режија на Ирена Гатеј од Универзитетот Нова Горица, СловенијаНаграда Young Cinema Award од жирито на Џифони филм фестивал за филмот „Арада“, на Му Тунч, Турција.„Со вечерашното завршување на фестивалот почнуваат подготовките за идното полнолетно издание на „Cinedeys“, кое ќе ја задржи тенденцијата да носи новитети на домашниот филмски пазар“ – дополни Арсов.Инаку филмот „Еј“ на Васил Христов од четврток е на редовен репертоар на кино Милениум. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Утре без вода населбите Жданец, Трнодол и Нерези

Утре поради изведување на водоводен приклучок од ф100мм на ул.Теодосиј Синаитски 29 ( Жданец ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Висока Зона на населбите Жданец, Трнодол и Нерези од 09:00 часот до завршување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sobranie-206-

Хелсиншки: Притворените за 27 април со денови биле оставени без храна и вода

Повреди на постапката и на правата на обвинетите констатира Хелсиншкиот комитет во судењето за упадот во Собранието од 27 април. Како што стои во октомврискиот месечен извештај за човековите права на Хелсиншки комитет, е забележан нехумен третман кон притворените лица во овој предмет. Во првите неколку дена од судењето, велат од Хелсиншки, тие целосно биле оставени без храна и без вода.-По соодветните реакции на набљудувачите од граѓанските организации и бранителите на обвинетите во притвор, судот реагираше и на притворените им беше овозможена храна и вода. Следното прекршување кое беше нотирано се однесуваше на должината на траење на едно судско рочиште, имено имаше рочишта кои траеја и повеќе од 12 часа. Последното нотирано прекршување на основните начела на постапката беше повредата на начелото на јавност на постапката, кога, и покрај тоа што загрозениот сведок беше заштитен сведок и се испитуваше според одредбите за распит – членови 228, 229, 230 и 338 од ЗКП, судот на барање на Основното јавно обвинителство ја исклучи јавноста од рочиштата кои беа закажани за 16 и 17 октомври на кои се испитуваше заштитениот сведок- велат од Хелсиншки.Во октомврискиот месечен извештај за човековите права во Република Македонија нотирани се и дискриминација врз основа на физичка попреченост во пристап до работно место, како и случај на употреба на прекумерна сила и непрофесионално постапување на полициските службеници.Во извештајот се констатира дека жртвите на семејно и родово базирано насилство се обесхрабруваат од неефикасните механизми за заштита. Во однос на состојбата со работничките права, покрај случаи на мобинг и прекршени одредби од ЗРО, се наведува и случај на пријава за прекршени права со позитивен епилог.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Asaf-Ademi-1

Адеми: Јас не сум Супермен

Деветте комисии кои ќе одлучуваат за финансирање на националните проекти од културата по дејности, задутре ќе почнат да работат. За да не се повторат неправилностите и судирот на интереси при изборот на проекти од минатата година, што  предизвика реакции и резултураше со повлекување на некои проекти, Министерството за култура назначи нови членови во речиси сите комисии и ги соопшти имињата на нивните претседатели. За да нема основани жалби, министрот Асаф Адеми ќе има и директен телефонски број на кој апликантите и секој заинтересиран ќе може да му се јави со сугестија или да укаже на некоја неправилност, пишува ФОКУС.Комисијата за издавачка дејност ќе ја предводи Бертон Сулејмани, за фолклор, музичка и сценска уметност – Плеурат Гаши, за драмска дејност – Петар Арсовски, за интердисциплинарни дејности – Суат Камбери, Трајче Блажевски е претседател на комисијата за визуелна уметност, за недвижно културно наследство – Анета Серафимова, за музејска дејност и нематеријално културно наследство – Мила Шурбановска, за библиотечна дејност – Вилдане Идризи и за инвестиции – Џеладин Локмани.Министерот Адеми на средба со новинарите денеска рече дека очекува добра соработка со претседателите и членовите на комисиите, верува во нивната стручност и дека ќе бидат чесни и ќе постапуваат по закон во одлучувањето кое, како што рече, ќе биде целосно транспарентно.– Јас се потпирам на предлозите што ќе ги добијам од комисиите. Јас не сум Супермен што може да разгледа пет илјади апликации. Затоа имаме девет комисии, некои  се тричлени, а некои каде што има поголем број апликации имаат пет члена. Уверен сум дека сите членови се професионалци и работата ќе ја завршат чесно и успешно. Очекувам на 28 јануари да имам предлози за добри проекти, за кои нема јас да мора да одлучам кои проекти ќе бидат финансиски поддржани од Министерството за култура во 2019 година, истакна Адеми. Соопшти дека новина ќе биде неговата достапност на посебен телефонски број на кој ќе може да му се обратат апликантите и сите заинтересирани кои сметаат дека имаат корисни сугестии.Сите што ќе почувствуваат дека некој ги злоупотребува, ќе може да ми пишат мене директно. Бројот ќе биде специјално само за овој случај и наскоро ќе биде објавен за  и да можат да ме контактираат, рече Адеми.Крајниот рок за објавување на предлозите што ќе добијат поддршка е 45 дена по донесувањето на Буџетот на РМ за 2019. Комисиите, рече, ќе работат од 21 ноември до 10 јануари, а  од 11 јануари до 27 јануари да му достават предлог-решенија. Тие ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството. Заедно со името на проектот ќе биде објавено името на неговиот носител, финансиите што ги побарува апликантот и  сумата со која Министерството одлучило да го поддржи.Буџетот предвиден во секторот култура за 2019. Министерството за култура ќе го соопшти идната недела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kristijan-stefanovski111

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3:50 часот му ја запалиле колата на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која ги организираше концертите на Анстасија, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Марија Шерифовиќ и други.Кристијан за „Репортер“ потврди дека колата со бугарски таблички од марката „Бе-ем-ве“ во задниот дел е скоро целосно изгорена, и рече дека веднаш пријавил во полиција.„Ме разбуди силен звук на пукање, слушав како се топеше и пуцкаше пластиката од колата. Потоа дојде и сосетката да ми каже дека колата гори. Возилото е запалено со бензин, но тој не знам кој и зошто го направил тоа. Не се сомневам во никого, никој претходно не ми се заканувал“, изјави Кристијан.Тој верува дека палењето на колата е поврзано со неговата работа и се надева дека полицијата ќе ги најде виновниците.„Во близина на мојот дом има поставено камери, можеби преку нив ќе откријат кој ја полеа колата со бензин и ја запали. Јас не се плашам, но ова го потресе моето семејство“, додаде Кристијан.Запалена колата на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на повеќето концерти кај нас.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka-1

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во три од вкупно 43 сообраќајки што се случиле во текот на изминатите три дена во Скопје. Во 22 сообраќајки со полесни повреди се здобило 41 лице, а во 18 била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и двајца возачи за неправилно престројување.Од сообраќај биле исклучени вкупно 63 возачи, од кои 31 возач кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 26 пред да се стекнат со право на управување и шест возачи почетници, како и две технички неисправни возила и 24 нерегистрирани возила.Затекнати биле 182 возила непрописно паркирани.Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 110 возила.Денеска Одделението за превенција заедно со членовите на УСЕ од ООУ „Димитар Миладинов“ ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот пред, односно непосредна близина на истоименото училиште.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања