7 год.
bugarija-1

Протести ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини

Ширум Бугарија продолжија протестите против превисоките цени на горивото, зголемените трошоци за живот, сиромаштијата и корупцијата.На плоштадот во центарот на Софија се собраа повеќе илјади луѓе. Демонстрантите извикуваа „оставки“ и „референдум“, носеа бугарски знамиња и транспаренти на кои пишува „Народот против партиите“ и „Мораме да ги спречиме демографскиот колапс и геноцид во Бугарија“.Организатор на протестите е граѓанскиот форум „Промена“ под мотото „Да го промениме системот“.Во Софија пристигнаа и луѓе од западниот дел на земјата, кои се пожалија дека полицијата им го попречила патот до главниот град.Собири се одржаа во уште 18 бугарски градови, а демонстрантите блокираа одделни патишта и гранични премини.Медиумите објавија дека се блокирани премините со Турција, Романија и Србија, па поради тоа биле создадени километарски колони од возила.

Свет | пред 7 години

7 год.
srbi

Српски медиуми: Вучиќ добил непристојна понуда од Брисел и ја отфрлил

Српските медиуми утрово пишуваат дека Брисел му упатил на српскиот претседател, Александар Вучиќ, по пат на дипломатски канали непристојна понуда, односно уцена – продолжување на дијалогот со Приштина, во замена за нови поглавја за членството на Србија во ЕУ. Белград категорично го отфрлил предлогот.„Скандалозно барање, проследено преку дипломатски канали, во кое за возврат на Србија и се нуди ЕУ да отвори три преговарачки поглавја“, наведува извор за „Телеграф“.„Новости“ пишуваат дека Белград нема да ги прифати уцените, макар цената да биде замрзнување на процесот за евроинтеграциите на подолго време.Министерката задолжена за ЕУ, Јадранка Јокимовиќ за „Новости“ вели дека Србија во однос на спроведените активности во областа на владеењето на правото, во поглавјата 23 и 24 реално заслужила отворање на најмалку три нови поглавја, од вкупно седум кои во целост ги подготвила.

Свет | пред 7 години

7 год.
vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето

Македонските граѓани буквално се гушат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното аерозагадување. Илјадници граѓани секоја година ги губат своите живот поради загадениот воздух, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.„Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека секоја година 3 илјади граѓани на Македонија починуваат како директен резултат на загадениот воздух.Нема ништо од предизборното ветување за почист воздух, ниту пак од ветувањето за ,,живот за сите’’. Животот во Македонија дојде единствено за оние малкумина кои се дел од криминалниот картел на власта на чело со аболицираниот Заев. Животот дојде за сите оние кои седна во своите фотелји, добија функции и по некој криминален тендер и грант. За жал овие луѓе заборавија на своите ветувања кон граѓаните.Срамен е фактот што за борба против загадувањето, односно за спас на илјадници човечки животи, владата планира наредната година да потроши само 1,6 милиони евра буџетски пари, додека за луксузни автомобили и мебел ќе потроши неверојатни 7 милиони евра.Дали удобството и хедонизмот на државните и партиските фунцкионери е поважно од здравјето на граѓаните?Дали илјадници човечки животи се поважни од тоа во какви автомобили ќе се возат партиските пајташи и во какви фотелји ќе седат?ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира, Владата да го слушне гласот на граѓаните, експертите и докторите и веднаш да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето. Со прифаќањето на овие мерки власта може да спаси илјадници животи, овие мерки се мерки кои живот значат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Виена состанок на премиерите од Западен Балкан

Денеска во Виена, по покана од австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе престојуваат премиерите на Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина. На нивниот заеднички состанок ќе учествува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, како и комесарката за дигитално стопанство Марија Габриел. Австрискиот канцелар кој деновиве престојуваше во Белград и Приштина изјави дека Европската унија ќе биде комплетна дури откако државите од Западен Балкан бидат членки на Унијата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zemjotres

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 5.47 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zabrani

Укинати забраните на патиштата, сообраќајот по влажни коловози

Укинати се сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци. Врнежите од снег се престанати на секаде.Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ утринава соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Облачно со услови за дожд

Преку денот облачноста делумно и краткотрајно ќе се намали, но во вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до 7 степени.Под влијание на потопол влажен бран утре и во среда ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Во западните делови се очекуваат обилни врнежи (локално над 40 л/м2).Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

Македонија | пред 7 години

7 год.
durlovski-vo-sobranie111-162122

Химната во интерпретација на Игор Дурловски ечеше на синоќешниот протест

На синоќешниот протест пред Собранието против уставни измени беше интонирана македонската химна во интерпретација на оперскиот пејач, Игор Дурловски. Химната ечеше од звучниците иако Дурловски не присуствуваше на протестот, бидејќи е во домашен притвор како обвинет за настаните од 27 април.Неговиот соборец кој е исто така обвинет, Богдан Илиевски, напиша на фејсбук дека интерпретацијата на Дурловски треба да биде официјална верзија на државата.„Треба со закон да се усвои химната на Република Македонија во изведба на Игор Дурловски, да биде единствена официјална верзија на химната и да се пушта секогаш и насекаде, сега, секогаш и во вечни векови. Маестрално!“- напиша Бетмен Велит

Македонија | пред 7 години

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Платите растат во сите сектори, обезбедуваме повеќе пари за граѓаните и повисоки плати

Предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува раст на платите во сите сектори.Со Буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, армијата, полицијата, вработените во детските градинки и културните работници.Докторите специјалисти ќе добиваат поголеми плати за 10 отсто, за навистина да се вренува нивниот труд и за да продолжат да работат во јавното здравство.Ќе продолжи и трендот за раст на платите, во приватниот сектор. Државната помош за претпријатијата ќе овозможи услови за зголемување на платите во приватниот сектор и отворање нови работни места. Истовремено, невработеноста ќе опаѓа преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари, што е историски највисок износ, со што се очекува стапката на невработеност да се намали на околу 20 отсто.Со посветено и домаќинско работење и со спроведувањето на зацртаните мерки, владата предводена од СДСМ продолжува да создава реални услови за повисоки плати, нови работни места и подобар живот за граѓаните.Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат, економски раст, мотивирани работници, професионални институции, нови инвестиции и работни места и повисок животен стандард.

Македонија | пред 7 години

7 год.
todor-petrov

Петров: Овој режим од Муртино мора да падне

На вчерашниот протест, од говорницата се обрати и Тодор Петров. Тој побара оставка од Владата и распуштање на Собранието. Како што додаде тој, оваа Влада е нелегитимна.„Не чекајте команда за акција, на секое место пружете отпор кон Владата. Овој режим од Муртино мора да падне. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името и идентитетот“, истакна Петров.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

Владата за загадувањето ќе потроши 1,6 милиони евра, а за луксузни автомобили 7 милиони евра

Македонските граѓани буквално се гушат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното аерозагадување. Илјадници граѓани секоја година ги губат своите живот поради загадениот воздух. Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека секоја година 3 илјади граѓани на Македонија починуваат како директен резултат на загадениот воздух, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:„Нема ништо од предизборното ветување за почист воздух, ниту пак од ветувањето за ,,живот за сите’’. Животот во Македонија дојде единствено за оние малкумина кои се дел од криминалниот картел на власта на чело со аболицираниот Заев. Животот дојде за сите оние кои седна во своите фотелји, добија функции и по некој криминален тендер и грант. За жал овие луѓе заборавија на своите ветувања кон граѓаните. Срамен е фактот што за борба против загадувањето, односно за спас на илјадници човечки животи, владата планира наредната година да потроши само 1,6 милиони евра буџетски пари, додека за луксузни автомобили и мебел ќе потроши неверојатни 7 милиони евра.“Од партијата прашуваат дали удобството и хедонизмот на државните и партиските фунцкионери е поважно од здравјето на граѓаните?Дали илјадници човечки животи се поважни од тоа во какви автомобили ќе се возат партиските пајташи и во какви фотелји ќе седат? ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира, Владата да го слушне гласот на граѓаните, експертите и докторите и веднаш да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето. Со прифаќањето на овие мерки власта може да спаси илјадници животи, овие мерки се мерки кои живот значат, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Маврово 25 сантиметри снег, најмногу дожд во Битола

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Маврово каде е формирана снежна покривка од 25 сантиметри. Снег има и во Крушево и Лазарополе 18, Попова Шапка 17, Тополчани 16, Претор 14, Битола 13, Берово и Ѓуриште 10 сантиметри.Врнежи од дожд имаше во Битола, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следи Гевгелија со 34, Претор со 31, 27 во Демир Капија, 24 во Дојран, 23 во Струмица, 20 во Прилеп, Штип и Виница, 19 во Крушево и Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР.За денеска се најавува делумно и краткотрајно намалување на облачноста,но преку вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи од 5 до 14 степени.Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до седум степени.Од утре под влијание на потопол влажен бран ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на запад се очекува локално да наврнат и 40 литри на метар квадратен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46453216_198877720998252_1610800232797306880_n

Палевски: Путин да му изгради споменик на Заев оти тој е најглупавиот Американец

Путин треба да му изгради споменик на Заев во Москва оти не постои поглупав американец од Зоран Заев, порача Љупчо Палевски од протестот пред Собранието за неменување на името на државата.„Заев спроведува глобалистички политики. Тој е инсталиран од надвор. Зоран Заев е најголемиот предавник што мајка Македонија го родила“, рече Палевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46439088_1025216214343796_685117910154215424_n

Кирацовски заедно со семејството уживаше во снегот

Генералниот секретар на владејачката СДСМ, Александар Кирацовски на својот Фејсбук профил објави фотографија на која тој, заедно со своето семејство уживаше во снежната идила.„Најубавите моменти во животот кои, истиот, го прават среќен и вреден да се живее се оние поминати со семејството, независно каде и кога, без одреден повод, но со силна причина – љубовта!“, напиша генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовскиhttps://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1025216254343792

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се пообединето, посплотено но и помотивирано

Без разлика на нивната нација, без разлика на нивната вера, луѓето некако како да ја изгубија целокупната надеж дека може подобро, дека треба подобро и дека ние заслужуваме подобро, а се разбира сето тоа е последица на сите оние погрешни политики кои Зоран Заев ги води овие повеќе од една ипол година во Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.А, зошто тоа се случува?! Тоа се случува најпрвин затоа што тргуваат со најсветата работа која што ја симболизира државноста која што преставува извод од матичната книга на родените за една држава, а тоа е Уставот. Тргуваат со Уставот само со една цел, да ги спасат, времено да ги поддржат нивните политички кариери, а притоа не се свесни дека многу брзо доаѓа крајот на нивното политичко битисување овдека во Република Македонија. А, после крајот доаѓа и казната, а казната ќе дојде за сето она што и го направија на Република Македонија додека беа власт. И за сето тоа ќе одговараат, ама нема да одговараат пред Кацарска судството, туку пред ново реформирано судство.Мицкоски додаде дека и покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што му ги упатуваат на него и на неговото семејство и покрај сите оние зло дела кои што ги прават, тој и ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се се пообединети, посплотени но и помотивирани и на следните избори жестоко ќе ги поразиат, а првата таква пречка ќе дојде на пролет, за време на претседателските избори.„Се обврзаа за работи кои што не само што ни одблиску не можат да ги исполнат, туку се обврзаа на работи кои што не можат дури и да ги помислат. Ги поткренаа очекувањата кај граѓаните ветувајќи 500-тини евра просечна плата, ветуваа 100-тина илјади денари просечна плата за докторите, ветуваа загарантиран откуп за земјоделците на нивните земјоделски производи, на нивниот труд на нивната мака, ветуваа општество за сите, ветуваа реформиран судски систем, ветуваа раст на БДП од 5%, ветуваа зголемување на директните странски инвестиции, но и заживување на домашните. Ветуваа дека ќе ги вратат сите оние кои што наводно иселени од Македонија поради разочараноста од претходните влади и што ли уште не, ветуваа нови болници, градинки, училишта, автопатишта, 500-тини километри автопат, а што реализираа?!?! Едно празно НУЛА.Ветуваа загарантиран откуп на земјоделски производи, па ќе шеташе ширум Македонија Зоран Заев па ќе ветеше загарантирана берза за јаболката во Ресен, а ги гледаме луѓето како го истураат својот труд на буниште. Ветуваа загарантиран откуп за лозопроизводителите за лозарите па видовме како грозјето завршуваше на буниште. И оние земјоделци во југоистокот на Македонија за нивните производи, за доматите, за краставиците, за зелките, за лубениците видовме дека сето тоа заврши на буниште како револт на сите погрешни политики што оваа ненародна и криминална влада предводена од СДСМ ги правеше изминатиот период.Ветуваа реформирано судство а притоа не прават слепи при очи и глуви при уши. Па наводно не сме гледале дека овој барал евро за црквата и евро за бате па ќе речат не бил виновен, доведен бил во заблуда, демек ние не сме слушале што правел овој, дека нашата меморија е кратка дека не гледаме тоа што гледаме. И за сметка на тоа ќе ни го донесат Кацарска судството. Ќе помине и тоа само не мотивирате се повеќе, само не мотивирате да работиме повеќе од тоа што сме работеле порано, а имаме капацитет да работиме и од ова повеќе. Колку повеќе ќе грешите толку повеќе ние ќе работиме да ве симнеме од тоа каде што се и да ве пратиме таму каде што заслужувате да бидете.Ќе ветат гаранција за младите. Нити гаранција, нити младинска гаранција ниту било каква гаранција видовме. Видовме еден пилот проект, на кои што претпоставувам само децата на овие од врхушката на власт се израдуваа преку стипендии да можат да си дозволат да се школуваат на реномирани универзитети во Европа, за тоа што тоа е привилегија за нив одбраните, ние не сме во тој круг, ние сме обични смртници.Ќе го реформирале судството, како може човек  со проблематично и дискутабилно  криминално минато да го реформира судството? Како може човекот кој што се бркнал со се целата рака во медот да го реформира судството? Возможно ли е тоа? Му се верува ли на некој во оваа држава дека тоа е возможно? Па човекот беше аболиран за сомнеж за сторен криминал од осум милиони евра, зарем некој човек може да поверува дека он може тоа да го направи? Еве јас ќе ви дадам одговор. Не! И не само што нема да направи туку ќе ни остави такви проблеми со овие нереализирани ветувања, што ќе мора да волонтираме за државата како едно време и да ја извадиме на вистинскиот пат.Ако направите анализа и ако сериозно пријдете на проблемот зошто младите луѓе, зошто квалификуваните кадарни млади луѓе на ја напуштаат оваа земја, и оставаат тажни родители, баби и дедовци. Доаѓате до одговор кој што најчесто можете да го сретнете, а тоа е поради егзистенцијални причини. Се разбира младиот човек по природа е пркосен, бунтовен и сака да патува, мобилноста му е исто така значајна, сака network, сака мрежа да прави во животот но пред се тоа го правата од егзистенцијални причини. И ако вие го знаете проблемот, разумно и чесно е, и честито е да го побарате лекот за проблемот. Така што кога ја правевме Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се подготвувавме за предвремени парламентарни избори кои што за жал нашите браќа и сестри ни ги скратија. Но ќе дојдат и тие, и тие ќе дојдат многу скоро. И тие предвремени, и редовните и претседателските  ќе ги победиме нив тогаш. Но важно е дека направивме едно дело и еден проект кој што беше мултидисциплинарен и опфаќаше повеќе области и економија, и образование, и даваше одговор за младите.Ви ветувам дека еден од следните мои обраќања од овдека од Гостивар ќе биде токму презентација од овие мерки кои што предвидовме во таа Програма која што планираме да ја претставиме на македонската јавност многу скоро со одредени проекти. А, пред предвремени или редовни парламентарни избори во целост. Ќе ги презентираме сите ефекти од сето ова бидејќи тогаш ќе бидеме Влада, и тогаш нема да збориме со честицата „Ќе“, него ќе збориме со потврдна форма.Затоа што јас ги разбирам моите сограѓани, зошто секогаш гледаат со недоверба во политичарите, затоа што во безброј пати до сега биле прелажани. Безброј пати им било ветувано, и не биле исполнети тие ветувања. Но ова политичко мочуриште мора да испари, мора да испари со оваа генерација политичари кои што ја водат Владата на СДСМ. Ние мораме да создадеме политичка опција која што ќе понуди нови креативни, иновативни решенија за сите реални проблеми на нашите граѓани кои што ги тиштат, изјави Мицкоски

Македонија | пред 7 години

7 год.
46485518_502328080264793_4066876082719031296_n1-1024x768

ФОТО: Автомобил излета на патот Ресен-Битола

Поради снежните наноси, автомобил на регионалниот пат Ресен - Битола во близина на село Ципари се излизга и падна во провалија. Според информациите, провалијата била повисока од 5 метри, но са среќа нема повредени, а шлеп-службата е на лице место.Исто така, на превојот Плетвар кај Прилеп има многу паркирани камиони и автомобили, кои се заглавени поради снегот, каде се уште нема екипи на „Македонија пат“, а иста слика има и на патот Охрид – Битола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
46445114_1835047236563952_6897350416585981952_o

„Го сакам Водно“ до Анѓушев: Упорно ги користите истите излитени аргументи за заштеда на шуми од сечење за греење

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ преку објава а сцијалната мрежа Фејсбук се обратија до вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во својата објава тие напишаа дека имаат разбирање за гасоводот, но вицепремиерот нема разбирање за Водно и за заштитената парк-шума во него.„Повикувањето, после сите укажувања на огромниот број на нерегуларности и непочитувања на закони и прописи, мерки за заштита, да бидеме партнери во негова реализација, односно заеднички да ги контролираме градбите за да бидеме сигурни дека се изведени добро, за нас е знак на глувоста и слепоста на оваа Влада и терање како да е сè во најдобар ред и ништо од нашите посочувања сиве овие месеци да не се случиле.Повторувањето на податокот дека била издадена градежна дозвола не ве амнестира од сите направени и толерирани пропусти до сега. Престанете да го претставувате целиот проект, во сите негови фази, каде изведбата на терен е само една од фазите, со еден единствен документ, одобрение за градење, како да е тоа документ што покрива секакви грешки и дозволува сè. На страна неговата валидност и сомнителниот процес како е издаден.Веќе не се во прашање дрвјата, туку воопшто анализата на состојбите, како и стручноста на проектантите и изведувачите, а со тоа и оправданоста на самиот проект. Да се изведе гасовод на непристапен терен, во амбис, во најмала рака е несериозно, да не кажеме сулудо. Се размислувало ли воопшто како ќе се испита притисокот во цевката и од каде ќе се земе флуид за тоа? Ќе се носи ли вода во цистерни до врв на планина? Изборот на трасата предизвикува низа проблеми во иднина, дури и во самото одржување. А да не зборуваме дека трасата е и пат кој во иднина можат да го користат дрвокрадци. За свлечиштата кои се неминовни во амбисот каде го градите, кој ќе сноси одговорност? Вие лично? Или тоа го оставате за некој нареден кој ќе дојде на ваше место и ќе каже во ист стил дека проблемот е наследен, како за патот за Сончев град, проектиран од исти фирми, исти лица кои го проектираат и овој гасовод по наклони од 65%, 71%, по амбисот на вашата слепост и глувост и одбивањето да признаете дека гасоводот низ Водно е една огромна грешка.Упорно ги користите истите излитени аргументи, манипулативно, за заштеда на шуми од сечење за греење, иако ви беа дадени противаргументи, не само на тој, туку и на сите други ваши ставови. Па како ќе го објасните гушењето во градов, во Куманово каде десетици и десетици илјади домаќинства се греат на дрва, а гас има донесено пред 20 години? Магистрален гасовод не мешајте со домаќинства кои се греат на гас и се приклучени на градска гасоводна мрежа. Првото не го повлекува автоматски и второто.Зошто упорно одбивата да ги слушнете лошите вести, а ги прифаќате оние кои ви се допаѓаат, макар биле и лажни?Гасоводот низ Водно е грешка и вие тоа добро го знаете и упорно продолжувате со оправдувања за финансиски губитоци, кога десетици пати повеќе средства се фрлени во разни други грешки од минати проекти. Зошто тука не сакате да попуштите? Што е причината други проекти да одложите на неколку години за да се поправат грешките, но тука не?“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
oliver-andonov-1

Јакимовски: Со бегството на Груевски поразени сме сите!

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски смета дека со бегството на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, поразени сме сите: и власта и опозицијата, целото правосудство и самиот тој.Според него, постоеле неколку фактори кои овој случај го направиле политички и монтиран.„Кршењето на човековите права, кршење на процесно право, судење без адвокат, судење во енормно кратки рокови, судење за смешно кривично дело за набавка на ‘мерцедесот’, а не за корупција, инсистирањето да се затвори по секоја цена, погодувајќи го тајмингот кога се расправа за уставните амандмани – го направија овој случај класичен политички монтиран. Жал ми е што Републичкиот судски совет не го сфати сериозно обвинувањето на Груевски дека врз Апелација се врши притисок да се донесе осудителна пресуда. Длабоко сум убеден дека овој случај ќе прави дополнителни штети во Советот на Европа.. Сето тоа ќе оди на штета на сите граѓани, благодарејќи на ‘Кацарска судството’, кое го замени ‘Сваровски судството’. Во моментов имаме судство што се карактериизира со својата бруталност, неприципиелност, осветољубивост и непочитување на законските прописи и пресумпцијата на невиност“, посочува Јакимовски во изјава за „Независен“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филмот за исчезнатиот македонски премиер в недела во кино „Милениум“

Македонскиот филм „Еј!“ во режија на Васил Христов во недела, 18 ноември, премиерно ќе се прикаже во кино Милениум во рамките на гала програмата на фестивалот за европски филм „Синедејс“. Христов, кој е и сценарист, го работел филмот пред 10 години. А како што најавија од „Синедејс“, конечно по една деценија ќе имаме можност да го погледнеме.Дејствието раскажува за група пријатели кои за време на една ноќна забава имаат спиритуална сеанса. На шега се обидуваат да стапат во контакт со духот на Александар Велики. Меѓутоа, наместо духот на античкиот лидер, меѓу нив се материјализира вистинскиот премиер на Македонија.Набрзо, низ целиот свет се шири веста за исчезнувањето на македонскиот шеф на владата. Светските медиуми пренесуваат дека исчезнал од спалната соба, каде што спиел до неговата сопруга. Земјата е во состојба на готовс. Преку ноќ, групата пријатели без намера стануваат грабнувачи на премиерот, а тој нивни несакан заложник.Филмот е во продукција на „Диаболик“, продуценти се Васил Христов и Горан Ацевски, а кинематографер е Душан Кардалевски. Актерската екипа ја сочинуваат Кирил Коруновски, Николина Кујача, Оливер Митковски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Софија Насевска, Александар Микиќ, Јелена Јованова, Гораст Цветковски, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Соња Стамболџиоска, Славиша Кајевски, Јелена Галевска, Кирил Поп Христов.Премиерното прикажување на „Еј!“ е со почеток во 20 часот, а билети може да се набават онлајн на bileti.mkc.mk, како и на билетарницата на кино „Милениум“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Sequence-01.Still015

„Македонија Пат“ и годинава зимата ја почна со блокирани патишта

МАКЕДОНИЈА ПАТ на среде есен и при првиот помал снег кој падна ја остав идржавата со блокирани патишта.Така сообраќајот во моментов е во прекин на патниот правец од Охрид кон Битола, а колони возила стојат и едвај се движат и на патот од Кичево за Гостивар кај превојот Стража каде снегот не е исчистен.Отежнато е движењето и на патот кој ги поврзува Македонски Брод и Прилеп, а снегот не е исчистен ни на Плетвар.Ваквите сцени, кои неретко се претвораа и во драми на патиштата кога се загрозуваа и човечки животи станаа редовна појава последните пет години.Погледнете како изгледа патот од Кичево до Гостивар снимен околу 16 часот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања