7 год.
policija-2-1

Сопственик на угостителски објект претепа гостин

38-годишниот К.Ј. од село Просениково, струмичко, пријавил дека истиот ден околу 04.00 часот во угостителски објект во село Сарај, општина Босилово, физички бил нападнат од сопственикот.Се работи за 43-годишниот Ѓ.М. од село Просениково.Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Студенти нападнати во студентски дом во Скопје

Во Полициската станица Гази Баба ноќеска во 04:00 часот, А.Б.(21) од Берово пријавил дека истиот ден околу 03:30 часот во студентски дом „Стив Наумов“, тој и неговиот другар Д.И.(22) од Скопје биле физички нападнато од М.Н. и уште неколку лица.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

20-годишник нападнал полицаец

Ноќеска околу 01:45 часот на паркинг просторот кај црквата „Свети Констанин и Елена“ во населба Илинден – Скопје, при преземање мерки за спречување на нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица, полициски службеник бил физички нападнат од Р.Г.(20) од село Марино, скопско. Р.Г. бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
aerodrom-andonovski

Општина Аеродром: Ќе се градат 4 нови паркови, 3 од нив во Стар Аеродром

Општина Аеродром распиша јавен повик за изработка на проекти за 4 нови паркови, кои во наредниот период ќе се градат на повеќе различни локации.„Три од парковите се планира да се подигнат во Стар Аеродром. Еден од нив ќе биде лоциран во должина на улицата „Методија Шаторов Шарло“ на површина од 3.200 квадратни метри, вториот покрај улицата „Новопроектирана 1“ на површина од 4.600 квадратни метри, а парк ќе се гради и на раскрсницата меѓу улиците „Пандил Шишков“ и „Фрањо Клуз“ на површина од 1.000 квадратни метри.Изградба на нов парк со површина од 2.500 квадратни метри е планирана и меѓу зградите во Индустриска зона УЕБ, кои се протегаат покрај булеварот „Трета македонска брогада“.Исто така, во тек е тендерска постапка за избор на фирма за изведба на новиот парк во населбата Мичурин, чија изградба треба да започне во наредниот период.Општина Аеродром останува посветена на своите заложби за заштита и подигнување нови зелени површини на својата територија. Во таа насока има набавено околу 1.800 високоизраснати дрвја што ќе се садат на повеќе локации во општината“, стои во соопштението на општината.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од Кичево до Охрид за 600 милиони евра

Владата денеска соопшти дека постигнала договор со кинеската Синохидро за продолжување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Претходно проектот беше сопрен откако беа утврдени низа пропусти и грешки.Од првично предвидените околу 400 милиони евра, цената на изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе порасне за уште најмалку 187 милиони евра. Доколку на оваа цена се додадат и евентуалните непредвидени трошоци, 57-те километри автопат во Македонија би можеле да достигнат и цена близу 600 милиони евра, или околу 10 милиони по километар автопат.Владата денеска на седница усвоила анекс на договорот со кинеската фирма Синохидро која, согласно договорот со претходната влада, останува главен изведувач на работите.Вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека е постигнат добар договор со Кинезите со кој се заштедуваат околу 95 милиони евра од буџетот.„Бевме соочени со веќе потпишан договор, кој беше со потешкотии во своето функционирање. Имавме две можности, едната да се прекине изградбата, со што ќе бевме приморани да ги вратиме средствата кои веќе беа потрошени за проектот, да останеме без автопат, како и да платиме сериозни пенали поради лошиот проект кој беше усвоен од претходната Влада. Втората можност беше да се продолжи со изградбата на автопатот, но претходно да се доведе во технички и финансиски исправна состојба, за која се одлучивме како Влада", рече Анѓушев.Според него, согласно основниот договор, владата ќе морала да доплати 282 милиони евра за санирање на грешките во проектот, но успеала во процесот на преговори да постигне пониски цени, односно, да доплати 187 милиони евра.Санација на грешките ќе чини скапоСпоред Анѓушев, само за санирање на главниот проблем- промашените косини на автопатот- потребни се дополнителни 70 милиони евра. Дополнителни 30 милиони евра ќе се потрошат за изградба на 9 нови клучки кои не биле планирани со оригиналниот проект, а остатокот веројатно ќе се инвестира во изградба на тунелот Пресека, кој бил испланиран во проблематичен терен.Анексот прво треба да се усвои во Собранието, а потоа ќе се бара кредит од кинеската Ексим банка, а за истиот, откако ќе биде одобрен, парламентот повторно ќе треба да го потврди задолжувањето. Како што објасни министерот за финансии Драган Тевдовски, и претходниот кредит бил земен од Ексим банка, со фиксна камата од 2 проценти, со 20 години рок на плаќање и пет години грејс период.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека актуелната влада само „вади костени од оган“, затоа што ниту ја договарала изградбата, не го избрала изведувачот и не ја згрешила проектната документација.Специјалното јавно обвинителство ги гони поранешниот премиер Никола Груевски,вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за транспорт Миле Јанакиески и други функционери на поранешната влада во случајот „Траекторија“, токму поради договорот за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Штип-Миладиновци. Според СЈО, тие потпишале штетен договор со Синохидро со кој го оштетиле буџетот за околу 150 милиони евра.пишува Дојче веле

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Завршува мораториумот на градби во Охрид

Во Охрид ќе продолжи да се гради и урбанизира- градоначалникот уверува со умерен тек. Една година градот е под мораториум и тоа мора да се смени оти е  неопходен развој вели Стојаноски откако советниците на последната седница го одбија неговиот предлог за измени во Деталниот урбанистички план кој требаше да одобри изградба на  две нови висококатници во центарот на градот.„Оваа цела година оди во мораториум, не беше донесен ниту еден урбанистички план, но тоа не значи дека имаме и урбанистички прогрес. Урбанистички планови мора да се носат и тие ќе бидат приоритетот на локалната самоуправа, но тоа не значи забрзана урбанизација.“ - вели Јован Стојаноски градоначалник Општина Охрид.Урбанизацијата треба да продолжи, но со поголема контрола и не по секоја цена - едногласни се градските советници.„Во центарот на градот е банално да се прави ваква урбанизација и деградација која беше пример за Охрид во минатото.“ - вели Кирил Пецаков советник ВМРО-ДПМНЕ.„Охрид треба да се развива и урбанизира во законски рамки согласно со препораките на УНЕСКО.“ - вели Константин Георгиевски советник СДСМ.Од една страна урбанистичките планови  години наназад се кочница и за хотелиерите кои алармираат на недостигот од нови сместувачки капацитети кои можат да го стагнираат туризмот но од друга страна пак експертите и УНЕСКО постојано предупредуваат туризмот да се развива внимателно со примена на светските стандарди за одржлив развој.Како ќе се избори Општината со неколкуте спротивставени страни и ставови е непознато, но најавува дека во иднина пред донесувањето урбанистички планови ќе претстои јавна расправа во која меѓу другото ќе се слуша и гласот на граѓаните.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Криминалите на Груевски и Јанакиески нанесоа огромни штети на Македонија

На денешните „напади“ од ВМРО-ДПМНЕ, вратија и од владеачката СДСМ. Тие истакнаа дека работат за санирање на штетите на поранешниот премиер Никола Груевски, кој според нив, нанел огромни штети на државата, заедно со Миле Јанакиески, притоа мислејќи единствено за свои провизии и проценти.„Ало Миле ми текна, и носителот на криминалот, Никола Груевски, мислеа само на провизии и процени од нив. Затоа 11 години во Македонија не се градеа патишта а она што беше почнато беше единствено криминална шема на штета на граѓаните и буџетот.Само заради остварување на криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти кои резултираа со дополнителни трошоци за негова изградба.Само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра, за што предмети отворија независни правосудни органи и се водат судски постапки.Тоа е истиот Никола Груевски, кој е ментор на Христијан Мицкоски, кој му доделува 33 илјади метри квадратни земјиште на фирмите на Мицкоски за хидроцентрали. Тоа е истиот Миле Јанакиески чии најблиски соработници, Димовски и Јанушев, се дел од шемите со фирмите на Мицкоски и дел од антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.Владата на СДСМ ги санираше штетите, ги реши наследените проблеми на автопатот создадени токму од неодговорното и криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ и заштеди 95 милиони евра. Останува надлежните правосудни органи да одлучат за одговороноста.Залудни се обидите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да ги сокријат штетите врз Буџетoт создадени од криминалното владеење на Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески.“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45313817_295330954417777_6788453651099680768_n

АХВ: Нема законски пречки здруженија да раководат со прифатилишта за животни

Агенцијата за храна и ветеринарство, како одговорна институција за здравствената заштита и благосостојбата на животните, информира дека прифатилиштата се одобруваат во зависност од тоа дали и колку ги исполнуваат законски пропишаните услови, согласно кои не постојат законски пречки едно прифатилиште да биде раководено од здружение за заштита на животните, доколку тоа ги исполнува сите законски услови.Ова се наведува како одговор на барањата изнесени од здруженијата за заштита на животните кои денеска излегоа на протест во Скопје.Од АХВ велат дека согласно Законот за благосостојба на животните, контролата на популацијата на кучиња е надлежност на општините, односно Градот Скопје, но дека Законот не обврзува секоја општина самостојно да воспостави прифатилиште за бездомни животни, односно заедничко прифатилиште можат да основаат и повеќе локални самоуправи.Во однос на барањето за комплетирање на Регистарот на сопственици на миленици, од АХВ, информираат дека во рамки на Ветеринарно-информативниот систем на Агенцијата функционира модул за регистрирање на домашни миленици каде досега се евидентирани 20.500 миленици. Од септември годинава, како што се наведува во соопштението од АХВ, е реализирана и кампања за бесплатно микрочипирање на домашните миленици – кучиња и мачки, за што се набавени 100 илјади микрочипови.„Во реализацијата на оваа кампања вклучени се 147 ветеринарни друштва. Услугата е прв пријавен, прв услужен, а краен рок за користење на овие микрочипови е 31 март 2019 година, информираат од АХВ“.Во однос на барањето за комплетирање на Правилник за одгледувачи, АХВ информира дека активно работат на подготовка на нацрт правилник за одгледувачници за домашни миленици и условите кои треба да ги исполнуваат продавниците за домашни миленици, по што ќе биде формиран и Регистер на одгледувачи кои ќе плаќаат уредно данок.За барањето Градот или општината преку Советот да усвои одука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик, од АХВ посочуваат дека во рамки на соработката која ја имаат со ЗЕЛС, испратено е известување до сите општини за законските обврски кои локалните самоуправи ги имаат во поглед на промовирањето на одговорно сопствеништво на домашните миленици.Во одговорот на барањата на здруженијата за заштита на животните, АХВ наведува дека од своето формирање во 2011 година досега, самостојно и во соработка со други институции и невладиниот сектор, има организирано повеќе кампањи за промоција на одговорното сопствеништво, почнувајќи од децата во градинките и нижите одделенија во основните училишта.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1111-1

Спасовски: Голема мигрантска криза нема, но зголемени се илегалните обиди

Дебарската полиција открила двајца илегални мигранти од Палестина во возило со скопски регистарски таблички, при рутинска контрола во три часот по полноќ. Лицата се приведени и се превземаат мерки за целосно расветлување на случајот, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.Според него приведените лица со себе немале документи за идентификација и незаконски престојувале во Република Македонија. Двајцата Палестинци,повеќе од сигурно е дека преку Дебар минувале само транзит. Нивната цел била да ја минат македонско-албанската граница и трнзит преку Албанија да заминат кон некоја од западно европските земји.– Голема мигрантска криза како изминатите години нема повеќе ниту во Македонија, ниту во регионот, но за сметка на тоа е зголемена илегалната миграција. Споредено со минатата година и оваа имаме зголемување на обидите за илегален премин на границата на Република Македонија со Грција, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Посочи дека се појавил и обратен правец на миграција од Србија во Македонија, првенствено на државјани од Иран.– Македонската полиција работи заедно со полициски службеници од другите партнерски држави, коишто работат на обезбедувањето на македонско-грчката граница, а имаме формирано и посебни сили коишто ќе работат на спречување на илегалната миграција и трговија со луѓе. Тие започнаа со работа во сите региони на Македонија и веќе имаме конкретни акции спроведени врз основа на оваа стратегија, изјави Спасовски.Нагласи дека миграцијата ќе биде еден од перманентните проблеми не само за Македонија, туку и за регионот, а заедно со тероризмот и сајбер безбедноста се следните предизвици на глобално ниво.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Павлопулос: Не се признава македонската нација, туку само државјанството

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, се спротивставил на членот 36, кој ги содржи референците за македонскиот “народ и идентитет” и потребата да се заштити македонскиот “народ” што живее надвор од земјата, пишува грчкиот весник Екатимерини.Павлопулос, се спротивставил на членот 36, кој ги содржи референците за македонскиот “народ и идентитет” и потребата да се заштити македонскиот “народ” што живее надвор од земјата.Павлопулос инсистира на тоа дека ПЈРМ мора да даде писмена обврска дека договорот за името потпишан во јуни не ја признава македонската нација, туку државјанството.Според весникот, премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, го претставил предлогот на прес-конференција по состанокот на неговиот кабинет и кажал дека нема ништо спорно во четирите предложени измени кои биле во согласност со меѓународните стандарди.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44149956_308171456676666_2823516525502136320_n

Рамковниот договор во Уставот – изненадување или прагматизам?

Ќе се задржи ли двотретинското мнозинство во Собранието и кои делови од амандманите се најголемо изненадување за јавноста. Ова се најпоставуваните прашања по објавувањето на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија кои на пленарна седница ќе се најдат на 1 декември. Собраниската Комисија за уставни прашања, пак ќе ја започне својата работа уште в среда, неделава.Два од нацрт-амандманите се однесуваат на замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во членот 36 каде има историски аспект, а во Преамбулата на Уставот се заменуваат одлуките на АСНОМ со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата. Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, додека во четвртиот амандман, покрај потврдување на македонскиот идентитет, стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека вградувањето на Охридскиот рамковен договор во преамбулата е најголемото изненадување.-Овие две измени можеме да ги толкуваме како политички прагматизам, неопходни за владиниот партнер за да се обезбеди 2/3 мнозинство. Има критични точки кај албанските партнери како БЕСА или Алијансата на Албанците, но тоа е мал ризик кој верувам дека нема да си го дозволи ниту една партија од албанскиот блок. Не верувам дека никоја партија нема да дозволи таа да биде единствената која би го попречила влезот на Македонија во НАТО, изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски.Според текстот на вториот нацрт амандман на Уставот, усвоен од Владата согласно Договорот од Преспа и заклучоците на Собранието, во Преамбулата на Уставот се заменуваат зборовите „одлуките на АСНОМ“ со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“. Тоа, како што кажа премиерот Зоран Заев, се прави за да се избегнат проблеми во иднина со Грција. Во манифестот се повикува на обединување на Македонците под Бугарија и Грција и бришење на границите кои разделиле брат од брат.„Заради тоа што би предизвикало одредени проблеми тоа ако остане во одредени можни идни времиња на соработката помеѓу Македонија и Грција. Зошто е тоа така? Дел од одлуките на АСНОМ велат Македонци од Грција и Бугарија обединете се. Тоа не е пријателство. Прогласот го нема тој дел“, изјави Заев.Професорот Јове Кекеновски, на својот фејсбук профил објави дека Сојузот на борци во 2014 година по повод 70 години од одржување на АСНОМ запиша: ,,На Првото заседание на АСНОМ се донесени историски државотворни решенија од големо значење и со трајна вредност за Република Македонија – Документи што трајно обврзуваат”.И професорката Јасна Котеска која беше предводник на Шарената револуција на социјалните мрежи напиша дека премиерот некому должи и затоа се решил да ја носи Македонија кон федерализација.“Најискрено не ми е јасно во какви должничко-доверителски односи се ставил тековниот премиер и зошто става олкави чипови за земјата, за што ниту бил гласан, ниту понудил во програмата за гласање. По многу месеци размислување, ова сигурно знам: нешто овде не е во ред, вели Котеска.Котеска сега нема никакви дилеми дека Македонија со промена на името и Уставот ја губи својата државотворност.“По Преспа и по анулирање на две заседанија на АСНОМ од Уставот, крајно време е некој да алармира дека ова не е спас на Републиката, туку создавање мини федерација. Како стручњак за 19 век мене ми е јасно, ова е губење државотворност. Не сум десничар и ова не е ФУД. Само сведоштво”, пишува професорката Котеска.Таа смета дека ова што се случува не е создавање Четврта македонска држава, туку де факто губење на македонската државотворност.Премиерот Зоран Заев, пак, на презентацијата на четирите амандмани, истакна дека верува оти на крајот сите ќе се одважат и ќе ја понесат одговорноста за на граѓаните да им се обезбеди подобар и квалитетен живот.Нацрт-амандманите, според Заев, се донесени низ инклузивен процес и во нив се вградени и предлозите од новата Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, а низ дебата ќе може да се подобри текстот на нацрт-амандманите.И од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека во нацрт-амандманите се вградени нивните предлози. Координаторката на групата Елизабета Канческа-Милевска изјави дека се прифатени нивниот предлог во однос на гарантирањето на идентитетот, како и барањето за безусловно поништување на сите амандмани доколку Република Грција не го ратификува Договорот и повторно ги попречува евроатланските интеграции кои произлегуваат од имплементацијата на Договорот од Преспа.Утврдувањето на нацрт амандманите на Уставот од страна на Собранието е втора фаза од постапката за измена на Уставот. Тие се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас, а третата и последна фаза е нивното усвојување за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници. По усвојувањето на нацрт-амандманите во Собранието, тие одат на јавна расправа чие времетраење го утврдува Парламентот.Собранискиот Деловник предвидува од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.Претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но може да биде завршено и побрзо од максималните рокови.Делот од Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, кој е спорен за Грција:Македонци под Бугарија и Грција,Обидението на целиот македонски народ зависи од вашето участие во гигантскиот антифашистички фронт. Само со борба против подлиот фашиски окупатор ќе го спечалите правото на самоопределуење и обединение на целиот македонски народ под покровот на Титова Југославија, која стана слободна заедница на слободни и равноправни народи. Нека борбата на македонскиот пиемонт ве одушеви за посмела борба против фашискиот поробувач! Нека патот на овој дел на Македонија стане и ваш пат, оти само тој води кон слободата и обидението на целиот македонски народ! Нека вашето участие во свеопштата антифашиска борба им даде живот на принципите прокламирани на првото македонско Народно Собрание и нека ги збрише искуствените граници који разделија брат од брат, Македонец од Македонец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Протести во Бугарија против цената на горивото

Протести се одржаа викендов во неколку градови во Бугарија, на кои што граѓаните на најсиромашната земја-членки на ЕУ се спротивставија на зголемувањето на цените на горивото, објави Радио БНР.Околу 200 демонстранти еден час го блокираа патот што ги поврзува Бугарија и Грција на југозапад. Демонстрантите носејќи црни знамиња протестираа пред бензиските пумпи и во другите делови на земјата.Движењето за цената на горивото, исто така, ќе зависи од санкциите на САД за Иран, кои ќе стапат на сила утре, а ќе го погодат и енергетскиот сектор, велат аналитичарите. Цените на нафтата се зголемија од август до октомври за пет отсто во ЕУ.Демонстрантите изјавија дека цените на горивото – 1,2 евра за литар дизел и 1,9 евра за литар бензин, не се многу во согласност со просечната плата од 575 евра во Бугарија.

Свет | пред 7 години

7 год.
mitko-janev

Јанчев: Немаме обезбедување, сопругата и децата излегуваат со мене

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека неговото семејство започнало да се смирува по заканите по живот, упатени кон него и неговата сопруга Веселка, пред неколку дена.Во разговор за ,,Фокус” Јанчев открива дека по сите вознемирувачки настани, тие се движат без обезбедување низ градот, и како е задоволен од работата на МВР во врска со случајот.-Сите дома сме потсмирени сега. Сопругата и децата се движат слободно низ градот, немаме обезбедување, излегуваат заедно со мене, кога имам слободно време – вели Јанчев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebinja-37aztxcizx5mcibr5rdclc

Има ли трговија со бебиња во Македонија?

Мртво или исчезнато? Три децении семејството Илиевски се во потрага по своето дете за кое родилиштето им кажало дека починало 4 дена по раѓањето . Но тие никогаш не добиле доказ. Се сомневаат дека се жртва на трговија со бебиња. КОД  истражува дали ваквите случаи кои се најчести кон крајот на 70- тите и почетокот на 80- тите години се резултат на мафија во бели мантили како што е констатирана во Србија, или се само пропуст на институциите. Дали државата ќе најде механизам да ги демантира сомнежите на родителите кои своите деца се уште ги бараат и меѓу живите ?

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски: Во Собрание ќе има жестока критика за штетниот договор кој сакаат да го протуркаат на сила

Во интервју за Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека одлуките кои стигнуваат во Собрание ги добиваат сосема неочекувано. Како пример тој го посочи вметнувањето на Охридскиот договор во амандманите каде што претходно не ни било во предвид да се дискутира на оваа тема за подоцна да се види дека тоа не е точно. Според Мицкоски ваквото несериозно однесување од страна на Владата автоматски повлекува и промена на стратегијата за тоа како треба да се делува.-„Јас очекувам една жестока критика на сето она кое што ќе биде предложено од страна на владејачкото мнозинство и од страна на Владата и во рамките на комисиската расправа а потоа и во рамките на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за Подобра Македонија. Сето она кое што претходно го излажаа од страна на владеачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред македонската јавност да види со какви политичари има работа по кој знае кој пат, кои што едно зборуваа претходно, а друго всушност имплементираат на дело“ рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Hazbi_Lika_VP

Илјадници евра народни пари, министрите од Владата потрошиле на јадење, хотели и превоз

Во првите пет месеци од годинава, Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор потрошил над 4000 евра државни пари за смеки по ресторани, покажува алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции. Најмногу пари или 240.000 денари Хазби Лика потрошил во мензи и ресторани во рамки на институциите, а над 130 000 денари во ресторани надвор од држваните институции. Овие трошоци се направени до мај годинава, а оттогаш наваму нема податоци ни дали Лика се појавува на работа.Според записниците објавени на веб страницата,  последна владина седница на која е евидентирано присуството на Лика е на 8 мај. Оттогаш името на вицепремиерот стои во извештајот на функционери кои отсуствуваат од седниците.Ваквите јавно достапни податоци се целосно спротивни од тврдењата на владините портпароли, кои во јули годинава убедуваа дека Лика редовно ги извршува своите работни обврски.Според алатката за отчетност, рекордер во трошењето државни пари е министерот за надворешни работи. Во првите пет месеци од годината Димитров има потрошено речиси еден милион и 500 000 денари во најголем дел за авионски карти и хотелско смествување во странство. Веднаш зад него е вицепремиерот за европски прашања со потрошени 935.000 денари. До мај Бујар Осамни најмногу пари, или над 3000 евра има потрошено на ресторани надвор од држваните институции, по што следуваат холетско смествување во странство и авионски карти. Трета на листата е вицепремиерката и министерка за одбрана. За пет месеци Шеќеринска има потрошено нешто повеќе од 10 000 евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cvetan-tripunovski

(ВИДЕО) Трипуновски: Поради ниските откупни цени, производителите во Ресен сечат повеќегодишни јаболкници

СДСМ го доведе земјоделството во целосен хаос, а проиводителите на јаболко во Ресен и ресенско се понижени, рече денеска на прес-конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.Тој обвини дека откупот на јаболкото се одвива по очајно ниски цени.„Еден килограм индустриско јаболко се продава по цена од половина до еден денар. Цена од половина денар до денар не само што е потценување на земјоделецот, туку и е мизерно. Цена од половина денар за килограм јаболко ни од далеку не ги задоволува основните потреби ниту за одржување на овоштарниците, а не за живот и егзистенција на земјоделците“, истакна Трипуновски.Како што рече тој, според пресметките, една јаболкница дава род од отприлика 100 килограми, со што по цена од половина денар за килограм се доаѓа до сума од 50 денари од едно родно дрво.„Почитувани господа од власта 50 денари не се доволни ни за еден литар нафта, а не пак за одржување на насадот. Мерките на власта не даваат никакви резултат на терен. Земјоделците во очај ги фрлаат својот род. Производителите соочени со очајно ниските цени не гледаат рентабилност поради ниските откупни цени, а во револт сечат повеќегодишни јаболкници“, рече членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.На крајот тој подвлече дека илјадници семејства во Ресен и ресенско годинава ќе останат без основни средства за егзистенција, поради лошите политики на владата предводена од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Два земјотреса регистрирани во близина на Закинтос

Два нови помали земјотреси ја потресоа областа во близина на островot Закинтос, но истите не предизвикале никаква штета, соопштија грчките геолошки експерти.Институтот за геодинамика во Атина информира дека земјотресите се случиле во рок од седум минути, објави агенцијата АП.Првиот, со јачина од 4,4 степени, бил регистриран во 5:11 по локално време, a епицентарот бил на 78 километри јужно од Закинтос, на длабочина од 10 километри.Седум минути подоцна, земјотрес од 5,0 степени бил забележан 59 километри југозападно од островот на длабочина од седум километри.На 26. октомври, Закинтос беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,4 степени, а оттогаш се регистрирани 21 нови земјотреси во интервал од 4,0 до 5,5 степени.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: 84 организации потпишаа Повелба за соработка против уставни измени

Осумдесет и четири организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори. Кризниот штаб ќе организира сенародни протести пред Собранието, пред домовите на одметнатите и уценети пратениции, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат, соопшти Единствена Македонија.,,Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или ќе победиме за да останеме свои на своето, трето нема. До таму е дојдено. или тие или ние. Целта на сенародниот отпор е со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер – беше истакнато меѓудругото на потпишувањето на Повелбата за стратешка соработка”, се додава во соопштението.Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори ќе настапува под слоганот „Македонија-Блокира”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Тигрица намамена со машки парфем на Келвин Клајн

Во Индија убиена е тигрица која наводно убила 13 луѓе. Таа не можела да одолее на машкиот парфем на Келвин Клајн, „Обсешн“, јави Би-Би-Си.Би-Би-Си објаснува дека во составот на парфем „Обсешн“ меѓу останатите се наоѓа и феромон цибетка, мачколико животно од среден раст.Индиските ловци одлучиле да се послужат со тој парфем за да ја намамат откако американски научници го користеле тој парфем за да намамат јагуари.Ловот на тигрицата траел скоро две години. Во последните две години таа убила 10 луѓе и повеќе од 5.000 жители од тие подрачја во кои се движела живееле во страв. Во ловот на тигрицата биле користени повеќе од 100 стапици со камери.

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања