7 год.
ojo-1

ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов

Основното јавно обвинителство Скопје почна предистажна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.Како што соопшти ОЈО Скопје, предистажната постапка е покраната постапувајќи по две анонимни пријави.– Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот, наведуваат од ОЈО.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

30 дена притвор за осомничените за половиот напад во Гостивар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, за определување мерка притвор за осомничените за кои постои сомнение дека во повеќе наврати извршиле кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.Притворот на осомничените е побаран согласно член 165 од Законот за кривична постапка, а поради постоење опасност од бегство, дека ќе влијаат на сведоци, како и дека постојат можности да го повторат кривичното дело. Судот со Решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена.Во предметот се преземаат дејствија за утврдување на фактите и прибирање на доказен материјал против лица кои злоупотребувале дете на возраст од 13 години. Постојат сомненија дека во вршењето на кривичното дело учествувале повеќе лица, од кои за двајца осомничени веќе постои централен распис за нивно пронаоѓање. Во меѓувреме обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи го утврдува идентитетот и на други лица кои биле инволвирани во настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45033148_1127929087357112_816269984987611136_n

Обновена куќичката во Градски парк

Вработените на ЈП "Паркови и зеленило" за кратко време извршија обновување на дрвената декоративна куќичка која викендов беше уништена од несовесни посетители во Градскиот парк.„Вредните раце на нашите ваботени за кратко време извршија обновување на дрвената декоративна куќичка, која викендов беше уништена од несовесни посетители во Градскиот парк, враќајќи го нејзиниот уникатен првобитен изглед“, велат од претпријатието.Инаку екипите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ неодамна направија куќичка од трупецот на едно старо исушено дрво во Градскиот парк. Идејата е во иднина стеблата на сувите или болни дрвја место да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Crkovni-proizvodi-Dojran

20 црковни производи запленети на царина

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  клучеви за моторни возила, рутери, цигари, облека, бижутерија и црковни производи.Задржана е следната стока:Клучеви за патнички возила и рутери- 268 некодирани клучеви за патнички возила и 235 разни чипови за истите, откриени при контрола на косовски автомобил, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во фабрички празнини под предните и пред задното седиште и во рачна торба, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.- 20 рутери и 10 wi-fi антени, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, пронајдени во картонски кутии сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Цигари- 20 штеки цигари RODEO, со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари, пронајдени во специјално подготвено скривалиште во подот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.- 6 штеки цигари Marlboro, без акцизни маркички, и 1.000 метри кант лента, откриени при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во кабината над горниот кревет и во прегради под долниот кревет, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. Облека и бижутерија- 436 парчиња облека и бижутерија откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два македонски автомобили.Во првиот случај, во четири картонски кутии сместени позади предните седишта и на задното седиште на автомобил управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Делчево, биле пронајдени 200 маици.Во вториот случај, во најлонски кеси сместени на задните седишта на автомобил управуван од македонска државјанка, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце, биле пронајдени 115 парчиња бижутерија (алки, синџирчиња, обетки и прстени), 9 парчиња вметоци за коса, 24 парчиња вештачки трепки и 88 разни кутии за накит.Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки. Црковни производи- 20 парчиња разни црковни производи (ѕидни лустери, кандила, пехар, свеќници, црковна книга-Евангелие, врв за жезол, теписи, икони во рамки и еден комплет за причест), 4 килограми метални топчиња, 20 килограми платно за мантии и 41 килограм темјан, откриени при контрола на босански камион, управуван од босански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во кабината во преграда над ветробранското стакло и над горниот кревет, како и во сандакот за сместување палети, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Гугл“ воведува нова опција која ќе го унапреди пребарувањето на интернет

Новата опција во понудата на „Гугл“ наречена Discover feed која технолошкиот гигант ја најави минатиот месец за време на одбележувањето на својата 20-годишнина, постепено почна да пристигнува до корисниците.Функцијата Discover feed е наменета за корисници на мобилни уреди и нуди повеќе кратенки за пребарување.Голем број на кратенки се наменети за пристап до неодамнешни вести, но преку нив може да се добие и моменталната временска прогноза, спортски резултати и други вести.Новата надградба претставува голема промена за најпопуларниот пребарувач во светот, бидејќи „Гугл“ се повеќе почнува да посветува внимание на нови и актуелни информации.Тоа значи дека при пребарувањето, „Гугл“ ќе се обиде да го предвиди терминот што го барате, пред истиот самите да го впишете во прелистувачoт.Инаку, „Гугл хром“ веќе им нуди на корисниците неколку предложени дестинации за пребарување кои се појавуваат веднаш по отворањето на нов таб.Опцијата Discover feed ќе може да се користи со пребарувачите „Хром“ и „Сафари“, како на „Андроид“, така и на „ИОС“ платформи.Засега, е достапна само за корисниците во САД, но наскоро ќе биде овозможенa и во други делови на светот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се судрија автобус и ,,пасат” – две лица се повредени

Две лица се повредени при судар на автобус и ,,пасат” во Скопје. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 18,50 часот на крстосницата од улицата „Кузман Шапкарев“ со улицата „Борис Сарафов“.Во сообраќајната незгода учествувале автобус ,,јутонг“ со скопски регистерски таблици управуван од Г.Н.(47) од Скопје и возило ,,фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици управувано од Р.Р.(42) од село Колари-Кичевско.Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.Ј.(40) од село Зајас, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза“. На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
rangelova

Рангелова поднесе оставка од партиската функција во ВМРО-ДПМНЕ

Даниела Рангелова поднесе оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.-Почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ,Најпрво сакам Вас да Ве информирам дека и покрај предлогот на претседателот Христијан Мицкоски да останам да ја водам Унијата на жени до крајот на мојот мандат кој што изминува за една година, јас сепак донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.Јас неможам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност, сплеткарење и продуцирање на кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза помеѓу македонците но и помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.Не, јас неможам да прифатам да бидал дел од расипани, токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да си го задоволиш сопственото его и желбата за моќ, за мене е неприфатливо.Почитувани членки на Унијата на жени,Моето срце и душа секогаш ќе остане со Вас, искрените и храбри членки на Унијата на жени, жени лидери со кои донесовме многу победи за партијата и со кои придонесувавме за подобро општество. Наметнавме позитивни стандарди во политиката, докажавме дека жените можат да водат и креираат политики. Заедно ја издигнавме Унијата на жени многу високо. Ние жените сме докажале многу пати дека сме храбри и посветени, дека знаеме да се бориме и избориме. Ќе успееме и сега! И ова ќе помине..Да живее ВМРО-ДПМНЕ!Да живее Македонија!, пишува Рангелова на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Жена повредена во ,,голф” кој излетал од патот

Жена е повредена во сообраќајна несреќа која што се случила на регионалниот пат село Крупиште-Пробиштип. Според полицијата, вчера во 10.20 часот било пријавено дека В.П.(46) од село Стрмош, пробиштипско, управувајќи патничко возло „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и се превртел.Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.П.(69) од село Стрмош, а и била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

,,Ауди” удри во 18-годишна девојка

Осумнаесетгодишна девојка е повредена во сообраќајна несреќа во Штип. Како што информира МВР, вчера во 17,10 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата од улицата „Гоце Делчев“ и улицата „Вељко Влаховиќ“ возило ,,aуди А4“ со штипски регистерски таблици управувано од Т.Н. (51) од Штип удрило во пешакот А.Ј.(18) од с.Соколарци.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ј. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ОЈО со исграга против претседателот Иванов поради прекршување на Уставот?

Основното јавно обвинителство ќе поведе истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов поради прекршување на Уставот, пишуваат медиумите.Иванов одби да ги потпише Законот за јазици, како и ратификацијата за Договорот од Преспа, што според Уставот беше обврзан тоа да го стори.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кривична за крадец од Скопје: Девојката која му помогнала во грабежот ја нашле кај него дома

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“ и против Л.А. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело „помагање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 680.000 денари.На 16.10.2018 година околу 07 часот пријавените со мотоцикл дошле пред просториите на фирмата Брза пратка на булевар „Јане Сандански“. Кога пристигнала вработената и ја отклучила влезната врата, А.Р. влегол по неа и со закана со пиштол и ги одзел парите кои таа претходно ги извадила од банка и мобилниот телефон. По добиената пријава, од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.Во саботата врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот А.Р. на улица „Тодор Чангов“, каде била затекната и Л.А.. При претресот бил пронајден пластичен пиштол и предмети поврзани со кривичното дело.Двајцата биле лишени од слобода, а извршено е и препознавање на пријавените од страна на оштетената.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-ohrid-rez

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека граѓаните гледале заштита во Мицкоски

Граѓаните видоа како оваа криминална власт ја ограбува државата, а картелот на единствениот аболициран политичар во Европа, Зоран Заев продолжува да се богати на грбот на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштение на владејачката СДСМ од каде обвинуваат дека Христијан Мицкоски бил вмешан во криминални шеми за изградба на хидроцентрали.„Граѓаните во претседателот Мицкоски и во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат единствената надеж за спас и заштита на националните интереси, токму овој факт ја плаши одродената и криминална власт“, истакнуваат од опозициската партија од каде додаваат дека Македонија не може да се надева на европска иднина без правна држава која, според нив, СДСМ ја укинала.„Ова зло мора што поскоро да си замине, за да се тргне сивилото кое надвисна над Македонија денот кога Зоран Заев стана премиер“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ако ги имате овие симптоми, тогаш сте алергични на секс

Тешко е да се препознаат алергиските реакции за време на сексот, бидејќи некои симптоми, како што се тешко дишење, забрзано срцебиење и зголемено потење, се вбројуваат меѓу нормалните појави во текот на сексуалните игри.Но ако ги занемарите алергиите на секс, тие може да се влошат понатаму и да остават трајни последици на вашиот сексуален живот.Линдзи Доу, клинички сексолог, тврди дека алергиите на секс ги вклучуваат следните симптоми: отежнато дишење, осип, вагинално пецкање, оток, стегање во градниот кош, дури и губење на свест, дијареја и повраќање.Линдзи Доу составила список на знаци на кои треба да обрнете внимание…Најчестиот алергенСпермата е најчестиот алерген. Да, може да бидете алергични на машката сперма, но научниците сè уште не се сигурни дали жените реагираат на спермата генерално или само на одредени мажи. Во основа, протеинот во урината активира алергиска реакција, болка и пецкање.За да одбегнат алергиска реакција, жените што се пречувствителни на сперма треба да инсистираат на употреба на кондом во текот на сексуалниот однос. Но проблем е кога парот сака да зачне бебе. Тогаш, препорачливо е постапно изложување на алергенот, додека телото не се навикне и не развие отпорност или, пак, вештачко оплодување. Инаку, алергиите на спермата најчесто се прогресивни, па симптомите се влошуваат колку почесто личноста е изложена на алергенот.Дали се чувствувате болно по оргазмот?Во ретки случаи, луѓето може лошо да реагираат на сопствената семена течност, што се нарекува „orgasmic illness syndrome“. Симптомите се слични на грип, а се јавуваат непосредно по ејакулација. Растечен нос, отежнато дишење, главоболка, болки во мускулите и грозница се само некои од симптомите, кои медицината многу ретко ги поврзува со сексот.Алергични на контрацепцијаОколу три милиони луѓе во Америка се алергични на латексот од кој се изработени кондомите, но и многу други сексуални производи. Симптоми на алергија на латекс се вагинална иритација, пецкање и чешање. Ако реакцијата се појавува секогаш по сексот со кондом од латекс, обично во рок од еден ден, а трае еден до четири дена, најверојатно се работи за алергија.Проблем е тоа што на декларациите честопати не го пишува составот на производот. Освен тоа, многу кондоми содржат и некакви лубриканти, па алергиската реакција не мора да е предизвикана од латексот, туку од лубрикантот. Глицеринот во лубрикантите, на пример, може покрај алергиска реакција, да поттикне и габична инфекција.Лубрикантите со вкусови или оние кои предизвикуваат ладење и загревање содржат адитиви кои не се добри за женското тело. Состојката во кондомите која ги убива сперматозоидите исто така е еден од најчестите алергени.Многу жени покажуваат симптоми на пречувствителност и на други контрацепциски средства. Забележани се чести алергиски реакции на бојата од контрацепциските пилули и на етилен-винил ацетатот од контрацепцискиот прстен. Проблемот не е во хормоните, туку во „споредните“ состојки на кои честопати не обрнуваме внимание.Понекогаш алергиската реакција што се јавува по сексот, всушност не била предизвикана од самиот чин, туку од нешто друго што сте користеле, консумирале или нанеле во текот на денот.Во некои случаи, болката и непријатноста за време на сексот е физички одговор на психолошко искуство, како што е недостиг на доверба во партнерот или во самиот сексуален чин. Тоа, како и кај секоја друга алергија, може да резултира со осип.Имунолошкиот систем прави сè за да сигнализира дека нешто не е во ред, без разлика дали станува збор за физичко или психичко нарушување.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сите го имаме дома, а ви создава сериозни проблеми: Еве од што ве боли глава и не можете да заспиете

Британската здравствена агенција спровела студија во која се покажало дека тие многу лошо влијаат врз развојот на растенијата, но и врз здравјето на луѓето.Во денешно време тешко е да се замисли животот без Wi-Fi уред.Поради поврзувањето на интернет, нашите безжични уреди – телефоните, таблетите и лаптопите користат уреди – рутери кои емитуваат електромагнетни бранови или WLAN сигнали, кои можат да бидат опасни по здравјето на човекот.Британската здравствена агенција спровела студија во која се покажало дека рутерите многу лошо влијаат врз развојот на растенијата, но и врз здравјето на луѓето.Резултатите од претераната изложеност на Wi-Fi се:» Постојани големи главоболки» Хроничен замор» Несоница» Болка во ушите» ДеконцентрацијаГлавната работа која можеме да ја направиме е на некој начин да се браниме од деструктивното влијание на технологијата. За почеток, обидете се да не спиете во просторија во која има многу уреди.Сајтот Naturalandhealthyworld.com споделува совети со кои сигурно ќе ја намалите штетата:» Исклучете го Wi-Fi уредот кога не го користите» Пред легнување во кревет исклучете го Wi-Fi уредот» Не го поставувајте рутерот во кујната или спалната соба.

Магазин | пред 7 години

7 год.
makraduli

Наместо да најде решение за загадениот воздух, Макрадули бара грешки кај институциите

Тоа е еден проблем што изискува и побарува интегриран пристап и во овој момент тоа е нашиот генерал пристап од политичко ниво“, изјави за Отворено Студио 1 Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.Според него, на оперативно ниво е подигната интер-ресорската работна група која што се грижи и дефинира мерки, за да се избегне и не се живее во илузија дека е чист воздухот и дека се намалени деновите на алармирање и информирање, бидејќи порано беа многу повисоки а сега се скратени во некои европски рамки, се со цел „да не се криеме дека воздухот, за жал, во Скопје и во други градови е загаден“.„Поделивме некои задачи, за жал некои се завршија некои не се завршија. Некои институции потфрлија и тука треба да бидеме искрени да признаеме. Доцни процесот на категоризација на возилата, не сите општини ја исполнија обврската да на Советот донесат план за справување со воздухот. Согласно законот секае каде што има мерни станици, тие тоа мора да го направат. Ние вклучивме две нови станици, фиксни, во Гостивар и во Струмица, една мобилна во Бутел“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Граѓаните дознаа за шемите на Мицкоски со Груевски за хидроцентралите

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Хидро Мицкоски се фатени во лага, граѓаните ги дознаваат шемите со Никола Груевски и дознаваат како се стекнати хидроцентралите.Јавноста вчера дозна дека компанијата “Енерготек ДОО Скопје“ каде дел од сопственоста има Мицкоски, има удел од 99% во конзорциумот „Минка-Енерготек“.Истиот тој конзорциум во 2015 година, додека антизападниот Мицкоски бил советник кај неговиот ментор Груевски, токму од Владата на Груевски добива земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.Очигледна е спрегата на антизападниот пион Мицкоски со криминалите на Груевски и таа секојдневно излегува на површина. Затоа Хидро Мицкоски продолжува да биде заштитник на криминалите на неговиот Груевски.Јавноста ќе ги дознае сите детали за спрегата на Мицкоски со неговиот ментор и носител на криминалот, Груевски“, се наведува во соопштението испратено од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudski-sovet-35wp9tgunr4txhqbrosv0g

Судијката која ја потврди казната за Груевски, одби притвор за Мијалков Судски Совет ќе ја гласа за во Врховен суд?

Судскиот совет ќе избира судии во Врховен и Управен суд. Исходот на избор според извори на dosie.mk ќе биде Цветанка Периќ која ќе замине во Врховен суд и Елизабета Васовска , која ќе оди во Управен суд.Изборот на судијките е скоро 100 проценти сигурен. За изборот на судиите знаат и повисоки структури во власта и тоа преку албанскиот блок во Судскиот совет и повисоката власт.Судијката Периќ беше во совет на Апелациониот суд за случајот Тенк, за кој поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години затвор и веќе има упатен акт. Во оваа фаза на постапката тој јавно реагираше и бараше изземање токму на судијката Периќ изнесувајчи сознанија дека е под жесток притисок да ја потврди пресудата за тој да оди во затвор. Таа одговори дека немала притисоци и нејзиното изземање не беше прифатено.Како причина за барањето за изземање, адвокатот Стерјо Зиков ја наведе постапката во Судскиот совет која се води против Периќ.„Познато е дека против Периќ се води постапка во Судскиот совет за пресуда според нас спротивна на законот. Оваа постапка може да влијае врз одлуката на претседателката на советот и затоа бараме нејзино изземање“, рече Зиков пред да биде одбиен предлогот.Судијката Периќ е и дел од судиите кои определија притвор за Горан Грујевски кој во моментов е во Грција , а Македонија се обидува да добие негова екстрадиција.Судијата Периќ е и судијата која одби жалба на СЈО за барање притвор за Сашо Мијалков. Таа и советот во Апелација потврдија дека нема потреба од притвор туку само задржување на пасошот како мерка дека обвинетиот ќе се појавува на судски рочишта.Вториот кандидат е долгогодишен стручен соработник во Судскиот совет и до сега многу пати конкурирала за избор на судија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44958790_10214818312785721_8845382913005453312_n

(ФОТО) ,,Скопје 2014“ се распаѓа, се одлепува ,,тоа што личи на мермер“ од фасадите

Поголем дел од фасадите на зградите од проектот ,,Скопје 2014“, се направени од малтер што личи на мермер, како што може да се слушне и во една од т.н. бомби.Минувачи фотографирале парчиња од фасада на Агенција за медиуми, која се наоѓа близу хотелот ,,Бристол“.Еден од снимените разговори од прислушувањето, се однесува токму на тоа. Имено, Никола Груевски, премиерот, му се јавува на Миле Јанакиески, министерот, да му каже со каква фасада да се прават зградите:Никола Груевски беше главниот идеолог, архитект, градежен инженер и финансиер, но од народни пари, на преплатениот и неквалитетно изведен проект ,,Скопје 2014“.Сега, владините служби не знаат како да е справат со секојдневните обврски и трошоци за санирање и одржувае на зградите и спомениците. Зградите , како што е оваа на фотографијата, но и сите други , Археолошки музеј на пример, прокиснуваат на секој поголем дожд, подрумите се полни со влага и вида, фасадите се распаѓаат.Проектот ги чинеше граѓаните на Македонија фантастични 800 милиони евра.АКО.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Разбојници украле околу 680.000 денари од Брза пратка

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“ и против Л.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело „помагање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу  680.000 денари.„На 16.10.2018 година околу 07.10 часот пријавените со мотоцикл дошле пред просториите на фирмата Брза пратка на булевар „Јане Сандански“. Кога пристигнала вработената и ја отклучила влезната врата, А.Р. влегол по неа и со закана со пиштол и ги одзел парите кои таа претходно ги извадила од банка и мобилниот телефон. По добиената пријава, од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР.На 27.10.2018 година, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот А.Р. на улица „Тодор Чангов“, каде била затекната и Л.А.. При претресот бил пронајден пластичен пиштол и предмети поврзани со кривичното дело.Двајцата биле лишени од слобода, а извршено е и препознавање на пријавените од страна на оштетената. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
osmani-1

Османи: За некои може да се разговара за помилување, но не и за директните насилници од 27 април

Доколку некои биле колатерална штета во настаните за 27 април, тогаш може да се разговара за нивна амнестија, тие треба да бидат предмет на дискусија на собраниското тело за помирување. Идејата за помирување е благородна, но никако не планираме да промовираме неказнивост", изјави вицепремиерот Бујар Османи на ТВ Телма.Тој вели дека директните насилници не смеат да бидат предмет на помилување, како и нарачателите доколку може да се дефинираат, бидејќи тоа е многу комплицирано, изјави синоќа Османи.Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието најавуваниот предлог-закон за амнестија кој треба да ги опфати сите лица кои се осомничени, обвинети или осудени за кривични дела поврзани со настаните од 27 април и минатогодишните насилства во Собранието. Опозицијата бара законот да се донесе по скратена постапка и дека очекуваат поддршка од сите парламентарни партии. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој предлог закон е подадена рака за помирување и сега е на потег СДСМ да покаже дека стои зад она што го говори.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања