7 год.
Нема фотографија

Времето денеска над просекот за овој период

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 12 до 25 Целзиусови степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.Следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски се изненадил од Рангелова, таа вели тој ја условил

ВМРО-ДПМНЕ ќе распише оглас за избор на ново раководство на Унијата на жени, по оставката на претседателката Даниела Рангелова. Оставки поднесоа и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска. Од партијата, пак, велат дека кога оставка поднесува претседателката, тогаш автоматски во оставка е и најтесното раководство на Унијата на жени.Според партискиот статут, до избор на нова претседателка на Унијата на жени, со неа раководи претседателот што е во оставка. Но, извори од партијата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека Рангелова не сака да има веќе никаква врска со раководството на партијата, па лидерот Христијан Мицкоски ќе мора веднаш да постави вршител на должноста до избор на нова претседателка.Според истите извори, оставката на Рангелова го изненадила Мицкоски, па тој сега во најкраток рок мора да распише конкурс за избор на нова претседателка. Засега нема имиња кој ќе ја наследи Рангелова.Претходно, досегашниот координатор на сите 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Драган Данев се повлече на свое барање и нема да биде координатор на евентуално формираната една пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално, Данев го има изгубено трпението по последните случувања во партијата и преку глава му дошло од внатрепартиските интриги и подметнувања.Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со кои разговаравме велат дека сѐ уште е рано да се лицитира со имиња за наследник на Данев.ВМРО-ДПМНЕ минатата недела најави дека ќе формира една пратеничка група, бидејќи сегашните 10 не ги исполнуваат условите според собранискиот Деловник.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada

Владата не ги прифаќа предлозите за уставни амандмани на Беса за правата на Албанците

ога премиерот ќе ги исполни барањата на Албанците, кои датираат уште од 1991 година. Премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отвори Пандорината кутија, реагира во изјава за ТВ 21 пратеникот на Беса Фадиљ Зендели на изјавата на Зоран Заев дека сега не е време да се предлагаат други уставни амандмани, освен оние поврзани со Договорот од Преспа за промена на името.„Доколку мисли дека не треба да се отвори, по 27 години оправдани барања од страна на Албанците, по Охридскиот договор од 2001, тогаш премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отворат барањата на Албанците, можеби во 2035 или 2050“, вели Зендели.Движењето Беса предлага 4 уставни амандмани кои се однесуваат на тоа албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот јазик односно да биде службен на цела територија, државата да се грижи подеднакво за граѓаните од сите етнички заедници кои живеат надвор од нејзините граници, претседателот на државата да не може да го блокира донесувањето на законите со непотпишување и Охридскиот рамковен договор да биде дел од преамбулата на Уставот.Од Беса велат дека досега не добиле ниту една покана за разговор од премиерот за нивните амандмани.За пратеникот на ДУИ Артан Груби Беса е мала партија, која не ги познава собраниските процедури.„Овие пратеници од малите партии, кои што излегоа со овие предлози, гласаа на првото гласање во врска со тоа што ќе се менува во Уставот. Тие и кога гласале не знаеле за што гласаат. Затоа, ова зборува за нивното политичко незнаење во собраниските процедури и уставни измени на РМ“, изјави Груби.Премиерот Зоран Заев вчера изјави:„Нема да дозволиме ширење на Пандорина кутија и никој нема право да го условува влезот на Македонија во НАТО и во Европската Унија, рече Заев за пакетот уставни амандмани доставени од Беса на Касами.На оваа изјава на Заев реагираше и Христијан Мицкоски на својот твитер-профил.„Кога Заев веќе се служи со термини произлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека Пандорината кутија не се шири, туку се отвора. Едноставно е. Исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда, или пак помеѓу уценети и неуценети“. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски ја уценил Рангелова: Ќе работиш како што ќе кажам јас или до тука е

Пратеничката Даниела Рангелова во емисијата Отворено 24 изјави дека Мицкоски и рекол дека или ќе продолжи да работи според неговите политики или таа да ја напушти партијата.„Не знам во каква реалција се Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Од тоа што имам информации дека не се во контакт 4-5 месеци. Не е важно чиво е влијанието важно е да го смените правецот. Ако ве критикуваат граѓаните вие треба дас го смените курсот на однесување. Нека биде апел до актуелното раководство да размисли во кој правец ќе се движи.Пред 2-3 дена бев кај Христијан Мицкоски, и тој ми рече „Сакам да продолжиш да ја водиш Унијата на жени да ја водиш, но очигледно имаме различни политички ставови. Или ќе продолжиш да работиш според моите политики или ние не можеме да се најдеме тука“. Јас спремна сум да ја прекинам мојата политичка кариера ако тоа го разбуди актуелното раководство. Можеби не сум во право, но ако дојдат парламентарни избори, ако изгубат и ако немаат коалициски капацитет, тогаш некој треба да се извини на членството и да го смени курсот на однесување. Секој ќе ја плати цената за своето политичко однесување“, изјави пратеничката.Исто така таа изјави дека на своја кожа има почуствувано закани по нејзиниот живот, и животот на нејзиниот син.„Вакви закани има уште од времето на Шарената Револуција, кога СДСМ сакаше да дојде на власт. Така почна и за жал ескалираше. СДСМ дојдоа на власт, тие сега се опуштени, нема закани кон нас. Сега има проблем од нашето членство, а тоа го почувствував на 30 септември. Беа упатени закани кон мене и син ми, но не се плашам. За ова се виновни политичарите, но и ние пратениците. Луѓето чувствуваат потреба да заштитат нешто, идентитетот и државата и затоа упатуваат закани. Обично членовите го имитираат однесувањето на повисоките членови од партијата. Мислам дека овој говор на омраза, треба час поскоро да заврши“, вели Рангелова.На прашањето дали и таа треба да биде амнестирана бидејќи е дел од два случаи на СЈО, „Талир“ и „Шамарите во Општина Центар“ одговори:„Јас кога викам помирување не барам амнестија за себе. Сметам дека немам вина и ќе го докажам тоа. Сметам на друг начин на помирување, да нема поделеност меѓу граѓаните, да испратиме порака до граѓаните, бидејќи иако имаме спротиствени ставови на крај пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пијат кафе и ручаат заедно“, изјави таа.Според неа, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е пред распад. Тоа е силна организациска структура и силна партија. Јас поднесувам оставка поради несогласување со некои политики и поради гласањето. Реков дека се срамам од мојата одлука во СобраниетоТаа не се согласува со неевропските политики на партијата.„Кај мене последно ја прелеа чашата, кога една актуелна функционерка, претсердателка на една комисија изјави дека „Ниту еден документ на ЕУ не забранува друга земја членка да учествува во други унии, организации и слично. Зошто таква хистерија за ЕУ.“ Тогаш јас се запрашав каде се движи партијата? Тоа беше последното кое разви свест дека можеби е време да прекинеме. Јас ако грешам ќе се извинам, но сакам да разбудам свест дека во погрешен правец ја носат партијата“, вели Рангелова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ДОСИЕ: Вработен во Министерство за правда силувал 13 годишно девојче

Обвинителството по краткотрајниот притвор за утврдување идентитет предложи а судија одобри 30 дена притвор за тројца осомничени за силување 13 годишно девојче во гостиварско, пишува Досие. Нивниот идентитет е утвреден. Станува збор за 62-годишен маж А.М., 58 годишен Н.Е. и три години помладиот Б.М.Според извори од истрагата еден од тројцата е матичар во Министерството за правда во Гостивар и заедно со уште две лица против кои се уште се трага ја искористиле малолетничка со ментална заостанатост. Дека девојчето е силувано потврди полцијата и по направена експертиза на судската медицина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
rangelova

Ми се заканува членството на ВМРО-ДПМНЕ, вели Рангелова

Пратеничката Даниела Рангелова во емисијата Отворено 24 изјави дека закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство има почуствувано на своја кожа.„Вакви закани има уште од времето на Шарената Револуција, кога СДСМ сакаше да дојде на власт. Така почна, за жал ескалираше. СДСМ дојдоа на власт, тие сега се опуштени, нема закани кон нас. Сега има проблем од нашето членство, а тоа го почувствував на 30 септември. Беа упатени закани кон мене и син ми, но не се плашам. За ова се виновни политичарите и ние пратениците, луѓето чувствуваст потреба да заштитат нешто, идентитетот и државата и затоа упатуваат закани. Обично членовите го имитираат однесувањето на повисоките членови од партијата. Мислам дека овој говор на омраза, треба час поскоро да заврши.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Rangelova-wide-2000

Рангелова: Се срамам што станав додека се гласаше

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека таа лично се срами од чинот на шиканирање и обележување на пратениците кои гласаа за потребата од уставни измени со тоа што останатите пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на гласање станаа од столчињата.-Нема да си дадам оставка како пратеник, затоа што јас сум добила мандат од граѓаните. Јас ќе функционирам во рамки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нема да гласам за уставните измени. На денот на гласањето на референдумот ние што излеговме да гласаме дочекавме да бидеме масакрирани и тоа од ботови кои се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, најмногу ме загржи што тоа беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Во претходното раководство барем се имало јасен став. Грешка била што во минатото сум ќутела, сега сакам да ги поправиме грешките. Додека Груевски беше на чело, имаше предлог да се исклучат реформаторите, јас и уште неколкумина бевме против и тие не беа исклучени. Јас се срамам од таа моја постапка да станам додека се гласаше за потребата од уставните измени. Во изминатиот период се ширеше една пропаганда и сметав дека ако останам да седам со нив ќе ме обележат уште повеќе. Јас од таа седница заминав со плачење. Тој чин беше нечовечен и јас се срамам од него, рече Рангелова.

Македонија | пред 7 години

7 год.
silegov-1

Шилегов: Двојно поголем број казни за загадувачите

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната дваесетта седница на Советот на Град Скопје ги информира советниците за активностите на градскиот инспекторат во насока на намалување на загадувањето преку интензивираните контроли и дежурства. Тој рече дека во изминатиов период се изречени двојно поголем број  казни во однос на истиот период лани.„Сериозно ги интензивиравме активностите на инспекциските служби и во месец септември изречени се 132 мандатни казни при контрола и надзор на капацитети коишто работат со Б-лиценци и се во наша надлежност, при контролите на градежни објекти, како и на лица кои несоодветно го третирале отпадот. Интензивните активности продолжија и овој месец, и досега во месец октомври изречени се 220 опомени и 137 мандатни казни“, рече градоначалникот Шилегов.Тој додаде дека инспекторите на Град Скопје извршуваат и редовен инспекциски надзор на правни субјекти – инсталации кои подлежат на  Б-интегрирана еколошка дозвола. Согласно со извештаите, правните субјекти редовно доставуваат резултати од мерења со кои се задолжени во самата дозвола, бучава, ПМО-честички, испитување на вода во реципиент. Дополнително, додаде тој, инспекциските служби вршат интензивна контрола на градилиштата во Скопје.„Во периодот на месец октомври на територија на Град Скопје е извршена засилена контрола на градилиштата во сите општини во Скопје. Во овој период извршени се контроли на повеќе од 50 локации каде што се вршат градежни активности, при што на изведувачите им се укажува да не се излегува од градилиштата  на улица со  камиони со  валкани тркала и непокриени со церади. Во периодот што следува ќе продолжат засилените контроли и доколку се констатира прекршување на законот, ќе следуваат соодветни казни за правните и за физичките лица“, додаде градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(Видео) Ослободена снимателката која клоцаше бегалци

Ослободена е снимателката која клоцаше бегалци додека се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон во унгарскиот прифатен центар.Според пресудата на третостепениот суд во Унгарија, снимателката не покажала вандализам.Судот верува дека таа може да биде судена само за нарушување на јавниот ред и мир, но со оглед на тоа што настанот се случил пред три години, прекршокот веќе бил застарен.Претходно, првостепениот и второстепениот суд ја осудија снимателката на тригодишна условна затворска казна.По инцидентот, снимателката доби отказ.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Невреме во Италија, девет мртви и едно исчезнато лице

Девет лица загинаа, а едно се смета за исчезнато по невремето кое ја зафати Италија. Во невремето се уништени голем број патишта во земјата и поплавени се неколку градови и населени места. Во невремето се повредени десетици лица, меѓу кои и неколкумина пожарникари. Италијанските спасувачки служби соопштија дека вчера биле регистрирани околу 7.000 инциденти, на кои одговориле околу 5.800 пожарникари. Поголемиот дел од северна Италија и денеска се под закана, откако два дена беснееше бура, со налети на ветрот до 180 километри на час

Свет | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Исчезната малолетничка од Чаир, во петокот и се губи трагот

Вчера во Полициската станица Чаир, А.А. (44) пријавила дека во петокот од домот во непознат правец се оддалечила нејзината 16 годишна ќерка.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 7 години

7 год.
0

Надзор над изведените работи улицата „Добри даскалов„ и улица „Ферид Мурад„

Во текот на претходните недели Општина Чаир започна со целосно асфалтирање на улицата „Добри даскалов„ во населба Стар Чаир со должина од 400 метри како и изградба на нов тротоар покрај асфалтираната улица со должина од 400м и ширина од 2м.„На улицата „Ферид Мурад„ завршивме со изградба на тротоар покрај главната улица со поставување на 310 м² бекатонски плочки и 90 метри должина на странични плочки“, велат оттаму.Денес Градоначалникот на Општина Чаир г. Висар Ганиу изврши непосреден надзор над изведените работи заедно со раководителите на секторот за урбанизам во Општина Чаир. Целта на овие работи е создавање на безбедност во улиците за сите жители, а особено за учениците, чие движење долж оваа улица во минатото не беше сигурно.

Скопје | пред 7 години

7 год.
KING9375-800x533

Царовска: Со социјалната реформа овозможуваме еднакви можности за самохраните родители

„Еднакви права и можности за самохрани мајки“  беше тема на денешната дебата, организирана од  граѓанската организација „Една може“ на која присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. На дебатата беа презентирани податоци од анализата за состојбата на еднородтелските семејства, на самохраните мајки во Македонија, но и што државата, граѓанските организации и институции прават за подобрување на нивната состoјба.„Материјалната состојба не секогаш треба да се поврзува со еднородителските семејства. Ние имаме мајки што се материјално обезбедени, татковци што исто така се материјално обезбедени. Но, и покрај тоа, со социјалната реформа на самохраните семејства им нудиме коефициент 0,5, што е ист како за семејствата каде што има две возрасни лица, што е еднаква стартна позиција“, истакна министерката Царовска.Министерката Царовска ги повика граѓанските организации во соработка со локалните самоуправи да развиваат сервиси кои ќе им помагаат на самохраните родители нивното дете да стигне и да се врати од училиште додека  родителот е  на работа.Анализата која што беше презентирана денеска треба да даде придонес во создавањето на документ, кој би бил темел за создавање на еднакви стартни позиции на еднородителските семејства.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Општина Сарај одлучи ветераните на УЧК да не плаќаат данок

Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај. Таквата одлука денес ја донесе Општинскиот совет во Сарај.Таквата одлука е ветување на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, каде што беше и дел од изборната програма.Општина Сарај сега ќе формира соодветна комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и да им ја подели одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.Таква одлука каде поранешни војници на ОНА се ослободуваат од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, како што велат со една ваква одлука се почитува славното националното минато на Албанците во Македонија и го институционализира историското минато на локално ниво.На состанокот на Советот на општината, исто така се донесе и ребалансот на буџетот, каде што скратени се некои трошоци, регулирање на Деталниот урбанистички план за производствен комплекс со Г2 лесната индустрија во Кондово, со што општина Сарај, се фокусира на економскиот развој во областа Кондово.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчисти 3060 кубни метри отпад од диви депонии

На територијата на градот Скопје секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни површини од страна на граѓаните. Според Законот за јавна чистота, комуналниот отпад смее да се одлага само во контејнерите и кантите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека Претпријатието им ја нуди можноста на граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електрични апарати) бесплатно да го депонираат во  Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари.„Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работат на расчистување на дивите депонии во сите скопски општини, а во периодот од октомври 2017 до октомври 2018 година,  биле во целост расчистени и подигнати  3060 кубни метри отпад во рамките на овие активности. Овие податоци претставуваат значително зголемување од дури 716% во однос на истиот период минатата година. Апелираме до граѓаните својот отпад да престанат да го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин директно влијаат врз загадувањето на животната средина.“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
44967120_249535495721390_6665676251392376832_n

Започна асфалтирањето на улицата Гемиџиска

Започна асфалтирањето на улица Гемиџиска во населба Железара.„Во следните денови екипите ќе работат за целосно асфалтирање на улицата, при што може во повремени периоди улицата да биде блокирана за движење во одредена насока“, велат Општина Гази Баба.Оттаму апелираат за разбирање од граѓаните.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не прифатија Охрид да даде помош за лекување на Сара - се согласија да се обештетат кафаните

Советот на Општина Охрид денес не ги изгласа предложените измени на дневниот ред со кој требаше од дневен ред да се симне точката за прифаќање на елаборатите за нанесени штети на платформите на рестораните и кафетериите во невремето, и не се согласија на дневен ред да се постави точка за доделување 1 милион денари за помош за лекување на Сара Настоска од Охрид - јави порталот „Охрид1“Како што јавува порталот, Градоначалникот Јован Стојаноски појаснил дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ.Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ гласаа воздржано по оваа точка, а за гласаа само советници од етничките заедници.ПОРТАЛОТ ОБЈАВИ И ВИДЕО ОД МОМЕНТОТ КОГА СОВЕТНИЦИТЕ ОБЕДИНЕТИ ГЛАСАА ПРОТИВ ТОЧКАТА ДА СЕ ДОДЕЛИ ПОМОШ НА САРА И ЗА ТОЧКАТА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ПОМОШ НА КАФАНИТЕ

Македонија | пред 7 години

7 год.
grujo

Груевски бара да не оди во затвор оти пишува книга

Пишува НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК:Поранешниот премиер Никола Груевски пишува книга врз основа на докторската дисертација „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.Ова од адвокатскиот тим го навеле како причина плус за одложување на двегодишната затворска казна на којашто правосилно е осуден експремиерот за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“, дознава „Независен весник“. „Не е вистина дека подготвува нов докторат, одлоложувањето е поврзано со развивање на истиот во книга“, велат извори за „Независен“.Поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски, стана доктор на науки во јули. Докторската дисертација распослана на повеќе од 300 страници околу еден час ја бранеше пред присутните членови од семејството, професори и новинарски екипи.Груевски бара одложување на затворската казна поради обврските како пратеник и поради приватни обврски поврзани со неговиот докторат. Овие две причини се дефинирани во една од точките на Законот за извршување санкции: „Ако осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета најдолго за три месеци“.Судија за извршување санкции има три дена да одлучи дали ќе ги прифати причините на Груевски, ако не, тој има право на жалба.Адвокатите поднеле барање и до Врховниот суд за вонредно преиспитување на пресудата за случајот со луксузниот „мерцедес“ и барање за одложување на издржување на затворската казна.Паралелно, се очекува до крајот на оваа работна седмица да се одржи седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во однос на известувањето од Кривичниот суд за правосилната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк“.

пред 7 години

7 год.
bacev

Приведен е Јанко Бачев

Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев бил приведен и однесен на разговор во полициска станица Беко поради закани на социјалните мрежи.„Во моментов, претседателот Бачев е приведен од страна на полицијата додека одеше во партискиот штаб на Единствена Макеоднија, а пред одржување на редовниот состанок на „Македонија блокира““, пишува на Фејсбук страната на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
liljana-zaturiska

По Рангелова, уште една пратеничка поднесе оставка во ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Лилјана Затуроска поднела оставка од функцијата генерален секретар на Унија на жени во ВМРО-ДПМНЕ. Ова следува откако претходно, пратеничката Даниела Рангелова поднесе оставка од позицијата претседателка на Унија на жени во партијата.„Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата“, пишува пратеничката Затуроска на социјалните мрежи.Таа додава дека стои на располагање во ВМРО-ДПМНЕ, а во натамошниот период, таа ќе ги извршува сите одлуки и активности кои ќе и бидат доверени во иднина.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања