7 год.
Нема фотографија

Нема во ЕУ со судии од тефтерчето и без Договорот од Преспа

Утре во Брисел патува тим од четириесетина луѓе предводени од министерот за евроинтеграции Бујар Османи, министерката за правда Рената Дескоска и техничкиот преговарач Бојан Марушиќ. На овие состаноци претставниците на ЕУ ќе ни соопштат кои закони и во кои области треба да се хармонизираме со европската регулатива од поглавјето 23 кое се однесува на правосудството во целина и фундаменталните права. Потоа, нашата страна треба да направи анализа на состојбата и да изготви акциски план во кој ќе биде наведено тоа што ќе се преземе и роковите во кои тоа треба да се направи.Кои поглавја први ќе се отвараат и дали Владата е целосно подготвена прочитајте во утрешниот број на „Слободен печат“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski1-02

Мицкоски уверува дека Македонија ќе стане бинационална

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски стравува дека со најавените уставни измени, покрај менувањето на името, ќе дојде и до редефинирање на државата со што Македонија ќе стане бинационална творба.– Знаете ли што во овој момент е вистински важно, покрај договорот со Грција и референдумот? Тоа се уставните амандмани кои власта ги наметнува, но ги крие од јавноста, и јас би бил навистина среќен кога медиумите повеќе би се позанимавале со нивната содржина, бидејќи таму се крие пандорина кутија не само на промена на Уставот со цел преименување, туку и редефинирање на државата. Треба Заев и власта да одговорат дали има нешто плус што се крие во нив и дали практично власта ќе ги чести соседите со нешто дополнително што сега не го соопштува. Бидејќи станува збор за Уставот, еве нека кажат дали можеби ќе има и некоја дополнителна измена која ќе биде исполнување на уште некое барање кон втората по големина заедница во пресрет на претседателските избори во државата. Дали покрај менување на името следува редефинирање на државата во бинационална творба, вели Мицкоски во интервјуто дадено за Независен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zetvarska

Во Кочани ќе се бира жетварска убавица

Со изборот на жетварска убавица што ќе се одржи утре во градскиот парк во Кочани, почнува дваесет и седмото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.Годинава во конкуренција се 14 девојки на возраст од 15 до 20 години, при што изборот на жетварска убавица ќе го изврши жири комисија од пет члена, од кои четворица се стилисти, а еден е претставник на општина Кочани.Покрај изборот, ќе се одржи и перформанс во режија на артистката Кристина Атанасова Арсова.Девојката која ќе биде прогласена за жетварска убавица, ќе го ожнее првиот сноп ориз во рамки на обичајот зажнејување. Со тоа и официјално ќе биде означен почетокот на овогодишната жетва на оризовата култура во Кочанско.Најавено е дека настанот ќе се одржи во Земјоделскиот институт во Кочани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
134178336-172353

Британецот кој ја уби сопствената баба: Сигурен сум дека вработените во домот ќе го ценат мојот чин

Британецот, 33-годишниот Антони Џенингс од Илфорд, влегол во старскиот дом во лондонскиот Букхрст Хил и си ја убил својата баба, 94-годишната Руби Вилсон, со кујнски нож. Вработените во старскиот дом, по убиството, изјавија дека Британецот само кусо рекол: „Јас, едноставно, веќе не можев да го поднесам ова!“Пред убиството во ноември 2017 година, Џенингс лежерно влегол во домот и пиел чај со својата баба. Кратко потоа, тој повторно се вратил и со кујнскиот нож ѝ го пресекол вратот. Вработените во домот рекле дека бабата била пресреќна што нејзиниот внук дошол во посета.Џенингс, по убиството, ѝ се приближил на медицинската сестра, ја допрел по рамото и со тивок глас ѝ рекол: „Многу ми е жал. Ја убив баба ми“, а шокираната медицинска сестра го прашала дали се шегува, на што тој одговорил дека е многу сериозен.„Сигурен сум дека луѓето и вработените во домот ќе го ценат мојот чин. На персоналот му беше тешко да се справи со таков дементен човек“, рече Џенингс.Веднаш по немилиот настан, пристигнала полицијата, која ја повикал персоналот, и жената била пронајдена во својата соба мртва во фотелјата.Психијатрискиот профил на убиецот покажал дека страда од шизофренија и психоза. Тој веднаш е уапсен и неговото судење е во тек, а конечната пресуда се очекува на почетокот на октомври.

Свет | пред 7 години

7 год.
mogerini

Могерини ќе прави вечера за премиерите

Шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ќе организира вечера за премиерите од Западен Балкан. Вечерата која ја организира треба да одржи во Њујорк, објави Европската комисија.Како што посочија од комисијата, а пренесуваат српските медиуми на вечерата ќе присуствува и српската премиерка, Ана Брнабиќ.Европската комисија вели дека вечерата ќе се одржи вечерва во рамки на Генералното собрание на ОН во Њујорк, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ќе организира заедничка вечера за премиерите на Западен Балкан.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кучиња искасале три лица во Скопје

Тројца скопјани вчера пријавиле во полиција дека биле искасани од кучиња скитници, и тоа на три локации во градот.Според информациите на МВР, ноќеска Н.К. (22) од Скопје пријавил во полиција дека вчера околу 23.30 часот на улицата Пролет бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на левата нога.Исто така, и М.В.(54) од Скопје пријавил дека вчера околу 18.50 часот на улица Пехчевска бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на десната подколеница.И педесет и осумгодишнниот Д.К. вчера пријавил дека во саботата во 20 часот бил каснат од куче на улицата Благоја Стевковски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

МВР ќе издава лични карти по итна постапка за референдумот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела.Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (29. 9. 2018 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи.На денот на референдумот одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzaferi

Џафери-Баздникин: Продлабочување на меѓусебната соработка меѓу Русија и Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.Џафери му посака на новоименуваниот амбасадор Баздникин успех во извршувањето на оваа одговорна функција, а за време на средбата нагласи и дека стратешки приоритет на Македонија со одлука на граѓаните се евроатлантските интеграции на земјата, но големо значење се придава и на унапредувањето на билатералните односи со Руската Федерација, а особено на парламентарната и економската соработка.Амбасадорот, Сергеј Баздникин истакна дека негова цел во рамките на мандатот ќе биде продлабочувањето на меѓусебната соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија во бројни полиња од заеднички интерес. Тој укажа на потребата за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји.Двајцата оцениле дека интензивирањето на меѓупарламентарната соработка може да се реализира преку взаемни посети на Групите за пријателство, а со оглед на тоа што таква група во Собранието на Република Македонија веќе постои, амбасадорот се заложил за забрзување на основањето на соодветна група и во Федералното собрание на Руската Федерација и тоа би бил одличен начин на размена на идеи, мислења и искуства.На средбата меѓудругото станало збор и за текот на референдумската кампања чијшто овластен носител е Собранието.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи

Постојат сериозни индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за претстојниот референдум, само за некој глас повеќе за поддршка на капитулантскиот договор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името. Целата операција чини поприлично и затоа гледаме секој ден нови задолжувања. Денес Министерството за финансии ќе објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра. Ова е само едно во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци“, изјави Арсовски.Дека парите се трошат сомнително и завршуваат во нечии џебови говори и фактот што капиталните инвестиции се на историски најниско ниво до сега, додаде Арсовски и потенцираше дека нивото на реализација е најниско за изминативе 20 години, имено од почетокот на годината заклучно со месец август реализацијата на капитални инвестиции е само 23.3%.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ohid

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе ги испратат во модна агенција во Србија. Но, наместо тоа, девојките си ги виделе своите фотографии објавени на странска веб-страница за интимни односи со девојки.Според информациите на МВР, против К.К. (29) од Свети Николе и Н.Ц. (31) од Охрид е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo продолжено кривично дело злоупотреба на лични податоци.Двајцата на 23 јули минатата година на плажа во Охрид фотографирале девојки и им ветувале дека фотографиите ќе бидат доставени до модна агенција во Република Србија, а за услугата барале и зеле по 600 денари. Во текот на оваа година пријавените фотографиите и личните податоци од лицата, без нивно знаење и согласност, ги поставиле на веб-страницата anastasiadate.com, намената за остварување контакти и интимни средби со девојки.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kostadinov-1068x601

СДСМ: Го одржaвме зборот, ги намаливме трошоците за нотари и извршители

Костадин Костадинов, пратеникот на СДСМ и коалицијата, денеска изјави дека Владата го одржала зборот и ги намалила нотарските трошоци и трошоците за извршителите.„Владата предводена од СДСМ ги усвои измените на Законот за нотаријат и Законот за извршување со што значително се намалуваат трошоците на граѓаните кај извршителите и нотарите. Трошоците за нотарските и услугите на извршителите за намалуваат за 50 до 90 отсто, а 16 различни ставки со новите тарифници целосно ќе бидат укинати.Ова ќе значи намалување на трошоците за граѓаните кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најсиромашните граѓани кои не можат да ги платат сметките за комуналии или земале мал потрошувачки кредит.Со ова се остварува уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата за работа на Владата – олеснување на животот на сите граѓани во Република Македонија и намалување на трошоците“, изјави Костадинов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Полицијата фатила скопјанец како продава дрога

Педесет и две годишен маж е уапсен поради сомнение за продажба на дрога во Скопје.Против лицето Ќ.Ј. е поднесена пријава поради сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори и на истиот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.На 24 септември од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, извршен е претрес во неговиот дом на улица „Лазар Танев“ во Скопје, каде пријавениот престојувал со својот 28 годишен внук. При извршениот претрес во домот се пронајдени 126 грама хероин, 47 грама кокаин и 470 грама мешавина од кофеин и парацетамол.

Скопје | пред 7 години

7 год.
42640656_562758944144168_2859654620848848896_n

ФОТО) Мајка и дете прегазени на Партизанска, возачот го бараат преку Фејсбук

Вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“ такси возач удрил во мајка и дете кои поминувале на пешачки премин. Мајката и детето поминале со полесни повреди, а со возило на Брза помош биле пренесени во болница.„Со жена ми и ќерка ми бевме на клиника цела вечер. Во полиција не ми дадоа податоци за возилото и возачот. Ќе ми помогнете да го најдам?“, пишува таткото Александар Малевски во групата Ѕид на сообраќајниот срам.Некои од очевидците велат дека таксистот застанал и бил со мајката и детето, па чекал да дојде и Брза Помош. Други пак, велат дека мајката и детето удриле во задната врата на таксистот. Останува нејасно, зошто таткото го бара возачот преку социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Груевски и Заев завршија на порно сајт

Фолк-пејачките Сузана Спасовска и Благица Павловска, сосе актерот Васил  Зафирчев, па и дамите од СЈО, до Заев, Димитров, Велија и многу други познати личности завршија како порно-ѕвезди. На социјалните мрежи деновиве се споделуваат монтирани фотографии од јавните личности, политичари, пејачи и глумци, сапкувани во „Мак-тјуб“ и на корисниците на креираниот сајт им велат да ја изберат омилената секс категорија.Во понудата има сe и сешто, од Благица која е во категоријата „див и луд секс“, Сузе Спасовска за „фтиши“,  до Маријан Стојановски кој залутал во „аматерски секс видеа“, па и Велевска за „секс на јавно место“. Во „геј варијантата“ ги ставиле Кајмакоски и Јоксимовиќ, Тамара е понуда за „големи гради“, а Елена Ристеска заврши во „лизбиски секс“. Освен естрдата, на измислениот порно канал завршија и македонските политичари - Груевски бил за „тинејџерски секс“, Заев и Севернина за „фантазија“, а во категоријата „милфици“ се трите од СЈО.

Магазин | пред 7 години

7 год.
42503921_2169132503376399_1395712277818114048_o

Почина бездомникот чичко Цобе кој беше претепан, се собираат донации за погреб

По два месеци од претепувањето на Слободан Минциковски, познат како чичко Цобе, тој им подлегна на повредите. Тој продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво декор“. Тој спиеше и се хранеше на истата локација.Претепувањето на Минциковски се случи пред еден месец. Тој веќе три дена е во капела, бидејќи нема кој да го погреба.„Не беше евидентиран како бездомник, затоа што имаше куќа на негово име во едно скопско село, не примаше социјална помош, има син и ќерка кои не се во можност да ги покријат во целост трошоците. Во изминатиов период се потрудивме да ја решиме оваа ситуација и стапивме во контакт со институции, погребалното Бутел и неколку други Здруженија. Останаа уште 4.000 ден кои се потребни за да може конечно Чичко Цобе да се погреба. Доколку сте во можност да помогнете ве молиме да не контактирате, за да ве насочиме каде да го извршите плаќањето“, се вели во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Прво рели со олдтајмери во Скопје

 Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмер возила и моторцикли, во кој учество ќе земат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени во два периоди до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата ќе бидат оценети и наградени од стручна техничка комисија.Вториот дел е олдтајмер рели кое за прв пат се организира во Скопје. Стартот (12 часот) и целта е пред Општина Центар, по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга. Возилата ќе бидат поделени во две класи, а победниците наградени.Возилата ќе бидат поделени во две класи:Класа 1 возила произведени до 1970 годинаКласа 2 возила произведени од 1971 до 1984 годинаОрганизаторите ќе ги прогласат најдобрите во категориите за најстаро возило, најоригинално реновирано и на кабриолет возила. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
brod

Укината забраната за работа на Македонци на најголемите бродови

По четиригодишна забрана за работа на Македонците на најголемите бродови во Светот кој пловат под името на компанијата „Royal Caribbean Cruise Line”, конечно, забраната е одстранета прку континуирано и максималното ангажирање на агенцијата „Коузон“ од Скопје.Повеќе од 20 години оваа компанија вработуваше Македонци и тоа на различни работни позиции.Вработувањата на бродските компании се значајни за македонската заедница од причина што истите се можност младите од Македонија да се стекнат со квалификации од областа на угостителството, и добро да заработат.„Коузон“ е главен представник за вработување на брод на сите Балкански држави, и најавуваат можност за вработување на најмалку 500 Македонци на годишно ниво.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шилегов: Загадениот воздухот е од споредните улици и запуштените приватни имоти

Силниот ветер кој го зафати Скопје направи големи оштетувања низ градот.20-тина пожари, искинати електрични кабли, паднати дрвја, однесени лимени покриви и зголемена концентрација на прашина во воздухот што доведе до неколкукратно зголемување на загадувањето е билансот од вчерашниот ветер. Паднатите дрвја направија штета врз неколку автомобили, но дали градот ја покрива штетата не се знае.Градоначалникот Шилегов рече дека има правила кои треба да се разгледаат, а граѓаните доколку се оштетени треба да поведат соодветна постапка пред градот или пред осигурителните компании во кои се осигурани.Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, прашан за тоа како резултат на што се појави таа прашина, тој рече дека е од неисчистени споредни улици кои се под надлежност на општината, како и од запуштени приватни земјишта кои продуцираат прашина и несоодветно одржувани градилишта. Тој рече дека очекува заедно со општините да разработат нов систем на градот, бидејќи обврска на градот е одржување на хигиената на главните сообраќајници, а општините на споредните, но општините немаат ниту доволно средства, ниту механизација за тоа.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(СКОПЈЕ1.мк анкета) Гласајте: Ќе излезете на референдумот или ќе бојкотирате?

За да гласате, морате да се логирате со вашиот Фејсбук профил.Доколку не можете да гласате директно, притиснете тука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев: Четири работи ќе се променат во нашиот Устав

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Телма, на поставено прашање од страна на публиката рече дека Уставот ќе претрпи четири промени, а тоа би поминало во Собрани со еден амандман.Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее, ги потенцираше Заев:Додавање на географската одредницаПреамбула за зајакнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМЧлен 3 – Зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, односно неповредливоста на границите. Да биде како во уставите на сите земји членки на ЕУЧлен 49 – Останува грижата за дијаспората комплетно, но по стандарди на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања