7 год.
zaev-7

Завршува кампањата, од полноќ предреферендумски молк

  Јавната пропаганда за референдумот што ќе се одржи во недела завршува вечерва на полноќ. Дотогаш треба да завршат сите активности на учесниците во кампањата.Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците и координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски конгрес ќе одржи прес конференција кое повикува на бојкот на референдумот.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.– Ве известуваме дека АВМУ испрати известување до сите радиодифузери, во кое им посочи дека едукативната и информативна медиумска кампања „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија не се смета за платена јавна пропаганда за Референдумот и од тие причини можат да ја емитуваат и во деновите на референдумот, се вели во одговорот на АВМУ на барањето на ДИК.Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот започнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ivanov

Денеска претседателот Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на 73. Генерално собрание на Обединетите нации кое годинава се одржува на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите. Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества.Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, завчера присуствувал на отворањето на генералната дебата на Генералното собрание на ОН и остварил билатерални средби со јорданскиот крал Абдула Втори, со Владимир Воронков, заменик-генерален секретар на ОН задолжен за контра-тероризам и со надбискуп Пол Ричард Галагер, секретар за надворешни работи на Ватикан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Продолжува периодот на топли денови со студени утра

Времето денеска ќе биде сончево со умерен, повремено и засилен североисточен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи од каде додаваат дека утрото ќе биде студено и ведро.Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од 16 до 24 степени Целзиусови.Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 21 степен.До петок времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат и под нулата. Преку денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури.Од сабота облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе има повремен локален дожд.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Новинар на Алсат-М ја искина новинарската легитимација од Владата затоа што е напишана на македонски јазик

Новинарот на Алсат-М, Адријан Керими, ја искина новинарската легитимација одРепублика Македонија, со која може да присуствува на настани во владата, само заради тоа што е напишана само на македонски јазик. Причина за тоа е дека таа не е напишана на албански јазик.-Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите. Не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите, напиша новинарот на својот профил на „Фејсбук“.Реагираше и Алсат-М.Еднојазичните и непрактични акредитации, според оваа телевизија, отсега ќе бидат единствената дозвола на медиумските работници за да влезат во Влада, министерства и другите институции на централна власт.Запрашани зошто овие документи за легитимирање не се преведени на албански за новинарите и вработените Албанци во медиуми на албански јазик, од Владата само изјавија дека се работи за процес кој ќе се смени и подобри, објави телевизијата.Владата подолго време функционираше без да бара акредитација за медиумите кои ги следат настаните во оваа институција. Сепак, пред неколку години, новинарите и вработените во медиумите имаа документ за легитимирање на нивните активности. Барем зборот „прес“ што значи медиум, се пишуваше на англиски јазик и коректно. Акредитациите на Владата никогаш не беа преведени на албански за новинарите Албанци, велат од Алсат-М.Последните публикации преведени на албански датираат од пред неколку месеци додека соопштенијата на адресата на медиумите на албански јазик ретко стигнуваат и на тој јазик. Законот за употреба на јазиците кој се очекува законски да ги обврзе институциите да го употребуваат и албанскиот јазик при службените и јавните комуникации, сè уште не влезен во сила и целосно е заборавен, констатира Алсат-М.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓуленисти од охридскиот аеродром сакале со лажни дипломатски пасоши да летаат за Лондон

Маж и жена преку охридскиот аеродром се обиделе со фалсификат документи да отпатуваат во Лондон, но неуспешно, бидејќи полициските службеници ги откриле, дознава “Скопје 1”.Тие со дипломатски пасоши се обиделе да ја напуштат земјата, а откако биле откриени, жената гласно викала.Официјална потврда сеуште нема.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ахмети: Ако помине референдумот, ќе се донесе и законот за јазици

Приоритети ни беа НАТО и ЕУ, а приоритет над приоритетите ни беше спроведувањето на Рамковниот договор, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва од плоштадот „Скендербег” во Скопје каде го одржаа централниот собир за референдумот на 30 септември.Се приближуваме до финализирање на овој договор, особено на последниот акт за употреба на јазиците, што е последен негов дел. Чекаме заедно со одлуката за Преспанскиот договор, претседателот на Собранието да потпише две главни решенија – законот за јазиците и Преспанскиот договор за потоа да бидат објавени во Службен весник и да стапат во сила – рече во обраќањето пред граѓаните Ахмети.Според него, 30 септември е неповторлив исторски момент, бидејќи се носи одлука за европската иднина на земјата.– На 30 септември го ставаме камен-темелникот на европската иднина на земјата. Ние донесовме важни, храбри одлуки за да го направиме нашиот народ горд пред овој историски ден пред нас. На 30 септември, се гласа за држава, иднина, економија, инвестиции, иднината на идните генерации и векови што следат. На 30 септември, нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ – истакна Ахмети.Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека сите сме сведоци на една невидена дипломатска активност со бројни пораки за поддршка на договорот меѓу Грција и Македонија.– Договорот е определба за градење мостови на сплотеност, добри соседски односи и ова е единствен начин за развој на земјата. Заслужуваме да живееме во стабилна и деморкатска држава каде владее правдата, правна и прогресивна држава. Сега е моментумот за исторсика одлука, време е да станеме едно со евроатлантското семејство, со европските стандарди и вредности и да ја донесеме вистинската одлука. На 30 септември да излеземе и да одлучиме во каква држава сакаме да живееме и на тој начин да одлучиме за нашата судбина – подвлече Џафери.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Може ли Германија да го преживее Исламот?

Прашањето „Може ли Германија да го преживее Исламот?“ повторно се најде во центарот на вниманието после протестите кои што избија после бруталното убиство на еден Германец од страна на мигранти од Авганистан и Сирија.Во саботата околу 11 илјади луѓе (8 илјади десничари и околу 3 илјади левичари кои што протестираа против Нацизмот) излегоа на улиците на Кемниц каде што се случи убиството. Според германските медиуми, за време на протестите избиле и насилства кои што резултирале со 18 повредени лица.Овие судири не се невообичаени, баш како и дебатата за Исламот, меѓутоа случувањата од минатата седмица ги откриваат размерите на влијанието на бегалците после 2015-та година на државната политика и јакнењето на поддршката на „Алтернатива за Германија“, партија на десничарите – прва таква која што успеа да влезе во Бундестагот после Втората светска војна.Германија всушност ги има сите причини да слави „златна ера“. Невработеноста е на најниско ниво од обединувањето на државата и се бележи одличен економски раст. Се очекува јавниот долг оваа година да биде помал од 60 отсто од БДП, што значи дека Берлин за прв пат после 20 години ќе ги исполни критериумите на Договорот од Мастрихт.Сепак, и покрај големиот економски напредок, германското општество трпи негативни последици од милиони баратели на азил кои што од 2015-та година пристигнаа во земјата. Тило Сарацин, поранешен член на одборот во Бундесбанка, во својата книга „Непријателско освојување: Како Исламот го спречува напредокот и му се заканува на општеството“, го изнесува своето предвидување за иднината на Германија.Иако Германија според меѓународните стандарди е исклучително безбедна земја, низата на насилни злосторства зад кои стојат бегалците ја вознемирува нацијата, па колку и да се обидуваат властите од Берлин да го прикријат тоа.Силувањето и убиството на 14-годишното девојче во јули оваа година кое што го изврши барател на азил од Ирак ја згрози нацијата. На ова грозоморно дело му претходеше и друго брутално злосторство. Во продавница на југозападот на Германија беше убиено 15-годишно девојче од Авганистанец кој што во меѓувреме доби „смешни“ 8 години и шест месеци затворска казна. Авганистанецот го убил девојчето од германска националност затоа што не сакало да му биде девојка.Минатата година бегаците во Германија биле осомничени за 15% од убиствата во оваа земја, иако чинат само 2% од населението.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Беџет Пацоли не се поканети на седница на ОН

Тие официјално не се поканети, причините се познати, и во Њујорк може да бидат само приватно", рекла портпаролката на ОН.Приштинската делегација, Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Беџет Пацоли, не добила покана за седницата на Генералното собрание на ОН и тие во Њујорк престојуваат приватно, изјавила портпаролката на ОН, Ери Канеко."Тие официјално не се поканети, причините се познати, и во Њујорк може да бидат само приватно", рекла Канеко, на тој начин демантирајќи ја информацијата од приштинската телевизија "Кијан Косова", која јавила дека Тачи учествува во работата на Генералното собрание.Како што пренела приштинската "Бота сот", повикувајќи се на "Прешева јон", Канеко објаснила дека во работата на Генералното собрание учествуваат држави членки на ОН по повик, а во расправите на високо ниво можат да зборуваат само претставници од држави членки и постојани набљудувачи.Телевизијата прецизирала дека Приштина нема ни статус на постојан набљудувач во ОН, туку дека тоа го имаат само Ватикан и Палестина.Тоа сега практично објаснува и зошто никој од приштинската делегација не бил на вечерата која за учесниците на Генералното собрание ја организирал американскиот претседател Доналд Трамп.Во Приштина претходно било најавувано дека Тачи, во текот на заседавањето на Генералното собрание, ќе се состане со Трамп, но непосредно пред неговото заминување во Њујорк, од кабинетот на косовскиот претседател било кажано дека таа средба е неизвесна, бидејќи не е потврдена.

Свет | пред 7 години

7 год.
42544782_283013362312856_2491392202060595200_n

Шилегов за украсување на Скопје, огномет и елка ќе плати 220 илјади евра

Град Скопје распиша тендер за новогодишно украсување на градот во износ од 220 илјади евра. Овие пари ќе се платат за изработка на проект за украсување и реализација на истиот.Јавната набавка ќе ја добие фирмата која ќе даде најниска понуда. Според техничката спецификација, со овие пари ќе се украси плоштадот и централното градско подрачје.“Украсувањето треба да е современо и на највиско можно ниво. Треба да се постави и елка од 20 метри, но местото дополнително ќе се утврди. Треба да се обезбеди и огномет за дочек на 2019 со шест минутен огномет”, пишува во техничката спецификација.Останува нејасно зошто Град Скопје набавува нови реквизити за новогодишно украсување на градот и не ги користи ланските. Новата набавка на 20 метарска елка е исто така спорна, бидејќи веќе има постоечка која е променета пред две-три години.Како за споредба, за украсување на Скопје, ексградоначалникот Коце Трајановски во 2016 година потрошил близу 138 илјади евра, а пак минатата година од народното ќесе биле дадени 165 илјади денари. Оваа година, сумата која ќе се потроши е највисока.

Скопје | пред 7 години

7 год.
megan-markl-3-830x0

Со испукани пети и феноменален фустан се појави на изложба

Меган Маркл вчера за прв пат сама, се појави на изложбата „Океанија“ во Кралската академија на уметностите во Лондон.Војвотката заблеска во црн Живанши фустан, а тоа што ги воодушеви присутните, беше нејзиното природно однесување. Таа ги изненади во моментот кога сама ја отвори и затвори вратата од автомобилот со кој пристигна.Но, папараците ги забележаа петите на Меган Маркл, а на фотографиите може да се забележи дека тие се запуштени и испукани, иако таа е позната по тоа што води голема грижа за себе и својот изглед.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

"Ирула" мистериозно племе од Индија чија повеќевековна работа спасува животи

Ирула е едно од најстарите племиња во Индија, а неговите членови живеат преку североисточниот брег на државата Тамил Наду. Ирула на тамилски и малајалмски јазик значи "црни луѓе", а потекнува од зборот "ирул", што значи "темнина". Племето брои 189.621 припадник во регионите Тамил Наду и Керала.Иако многу луѓе се плашат од змии, припадниците на племето Ирула знаат дека ова животно е заинтересирано само за својот опстанок. Тие разбираат дека змиите брзото движење го доживуваат како закана и тогаш може да нападнат. Меѓутоа, а ако стоите мирно, тие често ќе се оддалечат од вас.Речиси 50.000 луѓе годишно во Индија умираат од касање од змија, а единствен достапен третман е правовремена испорака на противотров ширум земјата.Фаќачите на змии од племето Ирула основале индустриско кооперативно друштво во 1978. година во Ваданемлија за да фаќаат змии и да го земат нивниот отров. Шест компании ширум Индија произведуваат околу 1,5 милиони шишенца противотров годишно, а поголем дел од лекот потекнува од отровот кој го извлекле членовите на племето Ирула.Екстракцијата на отровот се одигрува во посебна просторија, каде змиите се чуваат во глинени садови со песок. Секој сад се полни до половина со песок, пред да "вдоми" две змии. Отворот од садот внимателно се затвора со памучна крпа, за змиите да имаат доволно воздух.Кооперативното друштво "Ирула фаќачи на змии" има дозвола за чување на околу 800 змии во исто време.Секоја змија се чува 21 ден, а во текот на тој период отров од неа се извлекува четири пати. После тоа, змиите се пуштаат назад во дивината, а на нивните стомаци се става мала ознака, за да се спречат ловците да ја фатат истата змија два пати. Овој знак е привремен и исчезнува по некое време.Потеклото на племето Ирула и нивната интеракција со змиите се мистерија. Главно божество им е божицата Канијама, која е поврзана со кобрата.Иако, иронично, во голем дел од 20. век десетина илјади Ирулјани ги ловеле змиите поради нивната кожа, не го јаделе нивното месо поради почит кон божицата. Индија во 1972. година забранила лов на низа животни, вклучувајќи и змии.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Монструм од Задар ја силувал ќерка си повеќе од 1500 пати

На монструмот од Задар му е намалена казната за 10 години, на јавната седница во Врховниот суд на 13-ти септември, на која и самиот тој учествувал во Жупанскиот суд во Задар, преку видео линк.Откако е уапсен, "Фрицл" се наоѓа во притвор во затворот во Задар, а сега, после конечната пресуда од 30 години затвор, ќе биде испратен на Одделението за дијагностика и аналитика во друг затвор, за да се процени во кој затвор во Хрватска ќе биде испратен за издржување на затворската казна.Својата најстара ќерка, почнал да ја силува кога имала само 12 години и не престанал сѐ до 2017-та година, кога е однесен во истражен затвор, а таа имала 28 години. Во тој период ја силувал повеќе од 1500 пати."Причината за оваа одлука на Врховниот суд, според образложението кое ни го доставија, тие сметаат дека на обвинетиот треба да му се изрече поблага казна, поради тоа што има измени во законот од 1997-ма до 2017-та година, а тоа е периодот кога е сторено ова кривично дело", рекол портпаролот на Жупански суд во Задар, Хрвое ВисковиќПосле доказите, судијата Борис Радман го осудил 51-годишниот маж во септември минатата година, според сите пет точки кои биле наведени во тужбата.Својата ќерка ја силувал без престан во период од нејзината 12 до 28-ма година, повеќе од 1500 пати. Таа како малолетничка добила дете од својот татко, два пати после тоа намерно абортирала, а еднаш на 15 години се обидела да се самоубие, пренесува "Слободна Далмација".Семејството знаело што ѝ прави таткото на најстарата ќерка, но поради постојаното малтретирање, живееле во страв за своите животи, во случај да го пријават. Тогаш кога ќерката решила да пријави во полиција, а мајката во Центарот за социјална помош, полицајците ѝ рекле дека "некои семејства знаат да се јавуваат по 50 пати", додека социјалните работници на мајката ѝ рекле дека "тие не можат ништо".

Свет | пред 7 години

7 год.
bekvalac250920180005-830x0

Наташа Беклавац ги разорача фановите, па барa да и простат

Наташа Беквалац вчера го прослави 38 роденден, а истиот ден требаше да ја објави нејзината нова песна во „Амиџи шоу“.Но, Наташа се извини и изјави дека ќе и бидат потребни уште неколку дена за да ја објави новата песна.„Денес е мојот 38 роденден. Емоциите ми се многу измешани денес. Сакам да ви се заблагодарам на прекрасните пораки. Реков дека денес ќе искочи мојата нова песна, но не можев днес, се откажав, и емисија, и премиера. Ми треба уште некој ден, ми треба уште време. Ве сакам и извинете“, напиша Беквалац претходниот ден.Иако не гостуваше во емисијата, Наташа го одбележа својот роденден на вечера заедно со својата сестра. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Првите проблеми веќе се појавија со IPHONE XS и XS Max

Новите телефони на Apple веќе се достапни во претпродажба ширум светот, а иако нивната цена надминува илјада евра, сепак во американската компанија уште сега тријат раце поради големата побарувачка.Додека досегашните рецензии донесоа само пофални зборови, неколкумина корисници на Reddit и MacRumors, како и на официјалниот форум за корисничка поддршка на Apple, се жалат дека имаат проблем со Wi-Fi сигналот кај своите нови телефони. Како што пренесува The Verge, се чини дека проблемот и не е така наивен, не е поврзан со ниту еден американски оператор и можно е како што ќе расте продажбата, да растат и поплаките на корисниците.Како што пренесува споменатиот извор, во однос на минатогодишниот iPhone X, трите нови модели на iPhone сега треба да имаат поголема брзина при сурфањето на Wi-Fi и LTE мрежите, посебно затоа што уредите се опремени со уште една дополнителна антена која што треба да го подобри сигналот.Потенцијалниот проблем со сигналот ќе ги потсети многумина на таканаречениот скандал “Antenna-Gate” на iPhone 4 – тогаш корисниците се жалеа на прекинување на повиците и слаб сигнал, а Стив Џобс понуди решение за тој проблем, односно ги повика корисниците поинаку да го држат телефонот во раката.

Свет | пред 7 години

7 год.
ivanov-na-meckin-kamen

НЕЗАВИСЕН: Иванов ќе бојкотира, па ќе се пензионира

Својата, веројатно, последна посета на САД како претседател на Македонија, Ѓорге Иванов ја искористи за оттаму да испрати пораки за бојкот на претстојниот референдум за името, проблем што подолго од две и пол децении го попречуваше остварувањето на стратегиските приоритети на државата. Со сличен тоналитет се очекува да биде и утрешното обраќање на Иванов пред Генералното собрание на ОН, што е своевидна иронија ако се има предвид дека преговорите за спорот за името сите овие години се водеа под покровителство на светската организација.Сè уште е неизвесно дали Иванов воопшто ќе биде во Скопје на 30 септември или од САД ќе го следи развојот на ситуацијата околу референдумот. Затоа, пак, извесно е дека на Иванов му преостанува нешто повеќе од половина година на претседателската функција, со оглед на тоа што неговиот втор мандат завршува околу 10 мај следната година, така што во април треба да се одржат претседателски избори во Македонија.Откако Иванов пред нашите иселеници во САД го искажа својот став за бојкот на референдумот, во домашната јавност се актуелизираа шпекулациите дека македонскиот претседател, по завршувањето на мандатот, нема да остане во државата туку ќе замине во Турција за да предава на некој од тамошните универзитети. За ваквата информација засега нема официјална потврда, ама во нејзина поткрепа се блиските релации на Иванов со владејачки функционери во Анкара, а посебно со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на чија инаугурација присуствуваше летоска. Турција, исто така, беше една од најчестите дестинации за посета на Иванов во текот на неговите претседателски мандати.Повеќе прочитајте тука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Bosna-i-Hercegovina

Изградбата на булеварите во Скопје направија метеж во сообраќајот

Градот Скопје денеска започна со изградба на новиот булевар „Босна и Херцеговина“ на потегот од булеварот„Словенија“ до вкрстувањето со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Истовремено, граѓаните се нервираат поради метежот во сообраќајот.Постојната улица „Босна и Херцеговина“ е изградена пред повеќе од 40 години, со непроменет асфалт, широка само 7 метри. Оваа улица ќе прерасне во еден нов модерен булевар со должина од околу 2 км и ширина од 40 метри. Исто така новиот булевар ќе опфаќа три коловозни ленти во двата правци, петметарски зелен појас во средината, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. За овој проект Градот Скопје ќе издвои 150 милиони денари, соопшти Шилегов.-Нашата заложба е Скопје да го добие целокупниот лик онака како што е замислен во плановите. Ретко се случува градот во исто време да работи на два нови булевари. Моментално се прбива Христијан Тодоровски Карпош, а се врши и реконстукција на Партизанска, изјави Градоначалникот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Македонец со џип паднал во реката По, во Италија

Македонец преживеал пад со неговиот џип во реката По, во Италија, јавуваат тамошните медиуми, пишува Нетпрес.Според медиумите, сообраќајната несреќа се случила во неделата ноќта во близина на паркот Изола Џиарола во регионот Пјаченца. Нашинецот, кој е на возраст од 36 години со својот автомобил паднал во најголемата река во Италија.Македонецот бил на вечера во некој од рестораните со своите пријатели и роднини, па возејќи кон дома по насипот изгубил контрола и паднал во реката од висина од десетина метри. Возачот останал присебен и успеал да излезе од возилото преку отвор на покривот пред џипот да потоне целосно.Нашинецот некако испливал на површината, а во помош му дошол роднина, кој возел друг автомобил и влегол во реката по што го извлекол на брегот. Веднаш била алармирана полицијата, па на местото стигнале пожарникари и нуркачи, кои ја пребарале реката бидејќи во почетокот се сомневале дека има и други луѓе во возилото. Џипот бил извлечен во текот на утрото.

Свет | пред 7 години

7 год.
nbrm

Вредноста на денарот останува, уверува НБРМ

Народната банка на Република Македонија стои на ставот за оптималност на постојниот режим на девизниот курс и смета дека не постојат причини ниту каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот.Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека Народната банка, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на ставот околу оптималноста на постојниот режим на девизниот курс.„Стабилноста на домашната валута е клучното сидро за одржување и на ценовната и на финансиската стабилност. Не постојат причини, ниту пак каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот. Во економијата не постојат нерамнотежи коишто би можеле да создаваат притисок врз домашната валута, ниту пак има индиции за отстапувања на курсот од неговото оптимално ниво. Од голема важност е тоа што оваа година екстерната позиција на економијата е исклучително поволна и силна, а Народната банка интервенира со висок нето-откуп на девизи, што дополнително ги зајакнува девизните резерви кои на континуирана основа се одржуваат на високо ниво и создава простор да се реагира на евентуални притисоци и да се одржува силен капацитет за одржување на стабилноста на домашната валута. Оттука, сметаме дека тековниот контекст во државата воопшто не треба да се поврзува со стабилноста на домашната валута, ниту на домашниот банкарски систем. И едниот и другиот сегмент се исклучително здрави и отпорни, и не постојат рационални причини за разнишување на довербата и на тековно позитивните очекувања“, наведуваат од НБРМ во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Приведени три стриптизерки од кафич во Тетово

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчеравечер ( 25/26 септември ) од 22 до 1 часот, спровеле акциска контрола во угостителскиот објект „Ориентал АС“, лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово, во Жеровјане, сопственост на 28-годишен жител од тетовското село Боговиње.При контролата, во објектот затекнати се шест женски лица ( танчерки ), од кои 3 од Република Србија и 3 македонски државјанки.Трите српски државјанки на возраст од 21 ( две ) и 26 години ( една ), приведени се во Полициската станица Тетово, по што предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
paola-696x490

Белгиската кралица доживеа мозочен удар

Белгиската кралица Паола, доживеа мозочен удар за време на нејзиниот одмор во Венеција со сопругот кралот Алберто.Сето тоа се случило вчера, а кралицата денеска ќе биде префрлена во Белгија. Белгиската кралска палата соопшти дека ситуацијата е стабилна, и дека Паола е надвор од животна опасност.Белгиската кралица имаше здравствени проблеми во последно време, вклучувајќи пореметување на работата на срцето и остеопороза.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања