7 год.
mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра

Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра кои никој не знае каде завршуваат. Нема нови проекти, нема нови инвестиции ама затоа трошоците за живот се зголемуваат, стандардот паѓа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста.„Со СДСМ на власт, јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди. Потврда на катастрофата што ја донесе СДСМ е податокот дека капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33 проценти за првите 7 месеци од годината.Граѓаните не знаат каде завршуваат нивните пари, ама затоа Зоран Заев во обидот да го покрие капитуланскиот договор фрла десетици милиони евра народни пари да се служи со лаги и манипулации со цел да го оправда прифаќањето на грчките линии“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата додава дека Заев преку задолжувањата се обидува да им наметне на граѓаните дека подобро би им било ако се самоукинат да ги сменат името, идентитетот, културата, традицијата и историјата кои се наследени од нивните претходници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Принцот Вилијам ги помеша државите, па стана хит на социјалните мрежи

Принцот Вилијам присуствувал на свеченото отворање на јапонскиот дом на културата во Лондон, а за таа прилика учествувал во разни работилници.Токму на отворањето му се случил незапаметен гаф кој брзо станал вирален на социјалните мрежи.Во Лондон во четвртокот беше отворен јапонскиот дом на културата, чии изложби, настани и гастрономски уживања ја претставуваат културата на Далечниот исток во британската метропола. Во склоп на својот кралски аранжман, на свеченото отворање присуствувал и принцот Вилијам.Една од задачите на учениците од интернационалното училиште била да ги покажат своите вештини со јапонските стапчиња за јадење, а на предизвикот им се придружил и добро расположениот принц. Со цел да ја разбие тремата на масата, тој пробал да ги забавува децата поставувајќи им неколку прашања, но потоа му се испуштил гаф поради кој станал предмет на потсмев.„Сакате ли кинеска кујна? Ммм, мислам јапонска храна, јадете ли често јапонска храна?“, брзо се поправил 36-годишниот принц, а децата не биле претерано заинтересирани за разговор.„Не? Не баш… Сакате ли суши? Сушито е вкусно“, продолжил принцот Вилијам.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: ТВ станица евакуирана среде програма

Официјални лица предупредуваат дека обилните дождови од ураганот Флоренс ќе траат со денови и дека жителите на Северна Каролина можеби ќе се соочат со најлошите поплави од почетокот на новиот милениум.Секретарот за сообраќај, Џим Трогдон, рече дека државата ja очекуваaт поплави во областите меѓу крајбрежните градови Вилмингтон и Шарлот.Гувернерот Рој Купер изјави дека во Северна Каролина и натаму не се регистрирани смртни случаи од ураганот Флоренс, но додаде дека е загрижен за безбедноста на луѓето во понатамошното дивеење на бурата.Метеоролозите тврдат дека средиштето на ураганот Флоренс се наоѓа веднаш при влезот на копното, во близина на местото Кејп Фиер во Северна Каролина.Флоренс во овие моменти и натаму е ураган од прва категорија со брзина на ветерот од 130 километри на час, иако на некои места се забележани и посилни ветришта.Надојдената вода поради силните бранови и врнежи од дожд принуди телевизиска станица од Северна Каролина да го евакуира персоналот, среде известувањата за ураганот.Неколку часови пред ураганот Флоренс да пристигне на копното, новинарите на WCTI-TV во местото Њу Берн биле принудени да го напуштат студиото.Портпаролката на оваа телевизија изјави дека патиштата околу зградата на телевизијата почнале да се поплавуваат, поради зголеменото ниво на реката во тој град, во близина на Атлантикот.Градот се наоѓа на околу 145 километри од плажата каде што ураганот Флоренс удрил на копното денес во 7:15 часот по локално време. Реките доаѓаат од северната страна на ураганот Флоренс, кој се движи спротивно од насоката на движењето на стрелките на часовникот и ги внесува брановите од плимата длабоко во копното.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Челзи поради бизарна причина не потпишал договор со Мбапе

Со само 19 години младиот Французин Килиан Мбапе е вистинска ѕвезда, а неговата кариера можеше да се движи и во друга насока ако во 2012 година, како 13-годишен фудбалер потпишал за Челзи. Бил на проба, но поради бизарна причина, англискиот клуб не потпишал договор со него.„Беше на проба, но не нè увери дека може да потпишеме договор, бидејќи дефанзивно беше слаб. Потоа, ја замоливме неговата мајка да дојде уште еднаш на проба, но таа го одби нашето барање. Дефанзивно како да не постоеше. Беше неверојатен со топката, но без неа како да го немаше на теренот. Сега е играч кој сите сакаат да го гледаат, го има тоа што модерниот фудбал го бара и во наредните десетина години ќе биде меѓу најдобрите во светот“, вели некогашниот скаут на Челзи, Даниел Бога.Во тој период, Мбапе играл за Бонди, мал тим од предградието на Париз, а сега е член на ПСЖ, а овој тим му плати на Монако 180 милиони евра за да го доведе на „Паркот на принцовите“.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Познатата плажа на Закинтос затворена за туристи по одронот на камења

Крајбрежната стража на Закинтос, денеска соопшти дека популарната плажа Навагио на овој остров, ќе биде официјално затворена за јавноста од денеска.Тие пренесуваат дека на сите видови на пловни објекти, им е забрането да и приоѓаат на оваа плажа.Одлуката е донесена, откако вчера седум лица заработија повреди поради одрон на камења од карпа на оваа плажа.Помеѓу повредените е и 34-годишна жена од Чешка, која се здоби со повреди на ‘рбетот, како и нејзиниот сопруг и двете деца, кои се хоспитализирани со полесни повреди.Останатите тројца повредени се пуштени од болницата.Локалните медиуми пренесуваат изјави на очевидци, кои тврдат дека голема карпа паднала во морето и создала голем бран, кој ги потопил малите бродови.Според зборовите на сопственикот на приватни бродови, за време на одронот на тоа подрачје се наоѓале три бродови со патници.„Слушнавме звук и мал дел од карпата падна во морето, потоа падна и другиот дел, а на крајот и третиот голем дел, кој предизвика бранови и ги преврте бродовите“, вели неименуван сведок за тамошните медиуми.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Метју Меконахи откри дека го спасил синот од трагедија

Познатиот актер Метју Меконахи е во брак шест години со Камил Алвеш, со која има три деца, синовите Леви и Ливингстон и ќерката Вида. Иако ретко зборува за приватниот живот, 48-годишниот актер откри интересен детаљ од минатото во својот најнов телевизиски настап.Имено, за време на еден излет со својата сопруга и тогаш шестмесечниот Леви, Метју за малку ќе доживеел голема трагедија.„Отидовме на излет во планината Гранд Кањон. Се сместивме на едно место и почнавме семеен пикник. Идилата беше прекината во еден момент. Зад нас имаше голем муфлон. За да го спасам мојот син, морав да ѝ го фрлам тогаш шестмесечниот син на сопругата која стоеше на мал премин 4,5 метри под нас“, го почна своето непријатно искуство, кое, за среќа, заврши без последици.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Топлик“: Тројца сведоци ќе бидат приведени за следното рочиште

Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот Сончев град во Сопиште.Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани, на почетокот кажа дека за денешното рочиште освен двајцата присутни сведоци, биле уредно поканети уште тројца сведоци кои не се присутни и за следното рочиште ќе бидат приведени.Првиот сведок што денеска сведочи била вработена во секторот за управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски и била заменик член на комисијата за јавно надавање за изградба на државно земјиште.На прашања од СЈО кажа дека како заменик член на комисијата учествувала на состанок каде била разгледана доставената документација, која била некомплетна, поради што било донесено решение да не биде објавена. Констатирале дека не е комплетна и не може да се даде на јавно надавање. За тоа бил составен и записник.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Политиките на Заев се колективна несреќа за македонскиoт народ

Претставници на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска остварија средби со граѓани во Валандово.Во однос на овие активности, обраќање имаше членот на извршниот комитет на партијата, Орце Ѓорѓиевски, кој оцени дека од средбите со граѓаните може да се види дека кај народот владее тага.“Од цела оваа политичка, но и економска состојба моментално во државава може слободно да се каже дека Зоран Заев како политичар е колективна несреќа за целиот македонски народ и за Република Македонија. Наоѓаме негодувања кај народот и за економскиот дел на политиката каде што јасно се кажува дека не само што СДСМ не го спречи иселувањето на народот, туку напротив народот уште толку се иселува од Република Македонија. Немаме ниту едно вработување во последниов период, особено во овој регион луѓето се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во нивните семејства и се плашат дека може да ескалира и понатаму“, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.Истакна и дека луѓето сериозно ги мачи и засега, како што рече, срамниот и штетен Договор со Грција.„Може да се види дека сериозно се негодува од страна на нашиот македонски народ за тој договор и дека не го поддржуваат истиот и се исплашени за катастрофалните последици за нашата држава токму од тој договор“, изјави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој порача дека неговата партија нема да дозволи вечно да трае колективната катастрофа што Заев и ја прави на Република Македонија, односно дека заедно со народот ќе се изборат за победа врз, како што рече, режимот кој моментно е на власт.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Screenshot_2

Македонските кошаркари славеа победа на гостувањето кај Косово

Со победа на гости во Приштина, македонската кошаркарска репрезентација го започна вториот круг од предквалификациите за ЕП 2021 година.Во првиот меч од Б групата одигран во Приштина, македонските кошаркари слава победа со 73:76 против Косово со што избраниците на селекторот  Јорданчо Давитков му се реваншираа на овој противник за минатогодишниот пораз во мундијалските квалификацииЦрвено-жолтите одличо го отворија мечот па на самиот почеток имаа предност од 12:2 и највисоки 19:6. Но, сепак во продолжението наместо да продолжиме со нашата игра му дозволивме на противникот на ја намали негативата на 34-29Во третиот период домаќините дури и поведоа (41:39), на што нашите кошаркари брзо возвратија со серија за нова предност од осум поени разлика.И кога сите очекуваа дека лесно ќе го приведеме мечот до самиот крај, домаќините со неколку брзи поени стигнаа и до шанса да се изборат за израмнување.Сепак нивниот најдобар играч Дардан Бериша кој реализира 32 поени, 7 секунди пред крајот, реализира две од трите слободни фрлања, за на спротивната страна нашиот капитен Војдан Стојановски ги погоди двете и да го постави конечниот резултат Македонија – Косово 79-76.Во нашата селекција двајца кошаркари остварија дабл-дабл ефект. Бојан Трајковски постигна 17 поени, а имаше и 11 скока, додека Ричард Хендрикс на 10 поени придодаде 12 скока. Двоцифрен број на поени имаа и Дамјан Стојановски постигна 15 и Стојан Ѓуровски еден помалку (14).Црвено-жолтите нема да имаат многу време за одбор бидејќи веќе во недела, ја пречекуваат селекцијата на Романија против која ќе играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот и 15 минути.

Спорт | пред 7 години

7 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Заев јавно поткупува гласачи, нема кој да го казни

Правдата и законите во Македонија не важат подеднакво за сите! особено не за премиерот  Зоран Заев и неговата клика.Тој може отворено да повикува на криминал, и поткуп на гласачи а нема кој да го казни, обвини денеска повторно ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму велат дека по јавниот повик на заев за поткупување на гласачи за референдумот, молчи и јавното обвинителство, но и ДИК и меѓународните организации. Оод опоизицијата најавувата дека доколку Јавното обвинителство не реагира тие ќе поднесат кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ne-niz-vodno

„Го сакам Водно“ до Шилегов: Каприциозни сме затоа што ја работиме вашата работа и се грижиме за животната средина

Граѓанска иницијатива „Го сакам Водно“ реагира на изјавите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, според кој активистите против изградбата на гасовод низ Водно ги игнорирале фактите и биле каприциозни. Тие му порачуваат: „Каприциозни сме затоа што не дозволуваме да се уништува заштитено подрачје кога има алтернативи? Каприциозни сме затоа што ја работиме Вашата работа, затоа што со активни членови од важечки закони ве демантираме Вас и заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, кога велите дека Водно не е заштитено и со тоа да си ѝ олесните на Вашата совест што ќе дозволите да се уништува парк-шумата Водно и да Ви го загрозат градот? Каприциозни затоа што не дозволуваме опасност за жителите во подножјето на Водно од лизгање на земјиштето? Каприциозни зашто редица процедури, закони, конвенции се прекршени во целата постапка на изградба на овој гасовод и тоа Ви го укажуваме?“Активистите во обраќањето до Шилегов посочуваат дека во изминатите неколку месеци на темата – гасовод низ Водно, стотици аргументи и факти му биле ставени на располагање и на него и на претставниците на другите инволвирани институции.„За да бидеме попрецизни, уште пред неколку месеци, ние како активисти Ви ги дадовме клучните податоци за трасата, нејзината должина и штетата по природата и планината. До тогаш вицепремиерот Анѓушев беше уверен дека се работи за само 600 метри по што се договоривме заедно да се качиме на Водно и го провериме тој податок на самото место. Измената на трасата во потег од 4,3 км се должи токму на тие факти презентирани од наша страна. Факт е дека до ден-денешен не е презентирана компаративната анализа врз која се донела одлука трасата да помине низ Водно. Факт е дека договорот за заемот од 90 милиони евра со Дојче и Ерсте банка за изградба и на овој гасовод не е даден на увид. Факт е дека има низа нерегуларности во целата постапка, некои од нив ги наведовме и доставивме и до Вас и до надлежните инспекторати. Факт е дека Вие во декември и март баравте:– преиспитување на трасата на гасоводот,– изготвување нова оцена на влијание врз животната средина,– повторување на постапката за добивање на потребната документација за изградба на предметната делница на гасоводот,– наведувате дека од 53 документи врз основа на кои е издадено одобрението за градење нема документ со кој е одобрена градба во заштитено подрачје– потенцирате дека не било земено предвид оти трасата на гасоводот минува низ заштитениот локалитет Парк-шума Водно.Интересно, како тогаш парк-шумата Водно била заштитено подрачје, а сега не е. Или тогаш или сега не ја кажувате вистината. Во кој било случај тоа зборува за Вас и Вашиот интегритет и како фактите се менлива категорија по потреба.Господине Шилегов, додека Вие нè убедувавте дека ќе ја глумите кокошката што ќе се сопне по сопствено уверување во најдобриот час за да не се продаде лесно, не најдовте потребно да дојдете на терен со нас, да ги видите фактите оставајќи ги претставниците на другите институции со врелиот костен на погрешни информации, да се печат пред новинарите, цело време, Вие и Вашите советници, на многуте состаноци што ги имавме минативе месеци ни потврдувавте дека сме 95 отсто во право за сега во првиот момент кога се најдовте под притисок на политиката, во јавност да нè навредувате?Конечно, велите сме биле малкумина. Побарајте од Вашите многубројни нови и стари советници во градот да ви направат реална процена на жителите на Скопје кои се против изградбата на гасовод низ Водно. Побарајте, ако можат, да Ви направат анализа за граѓанското незадоволство од уште еден обид да се уништи парк-шумата. Нека Ви ги кажат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, ама нека ги исчистат Вашите партиски ангажирани коментирачи за да можете конечно да добиете чувство за јавноста. Ако ништо друго, нека Ви ги прочитаат здруженијата и иницијативите што стојат зад потписот на „Го сакам Водно“, комплетно обединети зад овој став.Да, знаеме дека ќе најдете контрапротестанти, неколкупати ни беше дадено на знаење, да не кажеме закането со нивно активирање, а еве на последната дебата кај што бевте домаќин, некои од нив беа донесени, веројатно убедени дека играњето на националистичката карта ќе нè поколеба и исплаши.Градоначалниче Шилегов, навредите кон граѓанските активисти никогаш не се добра стратегија за пиар. Во политички контекст многу бргу ќе сфатите дека претворајќи ги граѓаните кои волонтерски работат за општествен бенефит, притоа во добар дел работејќи ја и Вашата работа (грижа за загадувањето, за животната средина, за чистотата, за животните…), во непријатели, најочигледно ќе се рефлектира врз Вашиот углед. Притоа ниту првата година од вашиот четиригодишен мандат не е измината. Што Ве чека допрва ако сега сме каприциозни и малкумина?“, се вели во пораката на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ до скопскиот градоначалник.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kosovo-parlament-2-35wp6vjnb3t34lhe2fy41s

Весели: Ниту промена на граници, ниту размена на територии

Нема да има промена на граници, ниту размена на територии категоричен е претседателот на косовското собрание, Кадри Весели. Во интервју за Дојче веле Весели тврди и дека Приштина нема ниту да дозволи формирање на заедницата на српски општини на северот на Косово.По појавувањето на идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, како еден од можните начини за целосно нормализирање на односите, секојдневно има реакции од двете страни.Косовскиот претседател Хашим Тачи, за кого се верува дека е застапник на идејата од косовска страна, се соочи со низа опструкции и критики, како од владата така и од опозицијата во Приштина.„Верувам во идејата дека Прешевската долина треба да му се приклучи на Косово. Никој не може да убеди поинаку. Овие прашања не можат да бидат употребувани за политички поени или лични добивки“, изјави Тачи по средбата со политичките претставници на Албанците од Прешевската долина.Размената на територии стигна и во Брисел пред минатата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и таму не наиде на одобрување. Помал дел од европските дипломати сметаат дека предлогот има потенцијал да стане идеално решение и дека Белград, за разлика од Приштина сериозно ја разгледува идејата. Но мнозинството тврди дека размената на територии ќе ги отвори старите рани и ќе предизвика нова серија насилства на Балканот.Извор: Телма

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СЈО: Четворица судии работеле по политички нарачки

Специјалното јавно обвинителсто во Посебниот извештај што го објави денеска наведува дека поранешната претседателка, а сега член на Судскиот совет, Александра Зафировска, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката во Вишиот управен суд, Светлана Костова и судијката од скопскиот Кривичен суд, Софија Лаличиќ постапувале несоодветно по директни политички нарачки, што е утврдено врз основа на прислушуваните разговори и смс-комуникаците што ги поседува Обвинителството.– Неовластените прислушувања резимирани во овој извештај покажуваат интеракции помеѓу високи функционери во судството и членови на Владата на Република Македонија кои во основа ја поткопуваат судската власт. Неовластените прислушувања откриваат разговори во кои членовите на судството се откажуваат од својата независност и непристрасност за да ги унапредат интересите на владата или нивните сопствени интереси. Таквата комуникација несомнено дека остава простор за создавање на недоверба кај јавноста во целиот судски систем, стои во Посебниот извештај на СЈО.Целта на поднесувањето на Посебниот извештај, како што велат од СЈО, не е единствено за да се документира минато несоодветно постапување, туку за ваквото несоодветно постапување да не продолжи да го поткопува владеењето на правото во Република Македонија и да ја попречува евроатланската интеграција на нашата земја.–  Од доказите со кои располага СЈО, особено телефонските разговори на Александра Зафировска, во периодот од 2011 година до 2013 година, а од кои дел беа и јавно објавени, произлегува дека додека ја вршела функцијата претседател на Судски совет на Република Македонија, била во постојана координација со извршната власт… Тогашниот претседател на Судскиот совет на Република Македонија, премиерот на Владата на Република Македонија, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање одлучувале за избор на „подобни“ судии и разрешување на „неподобни“ судии, стручните соработници ги бирале според партиски списоци, ја менаџирале работата, интервенирале во судски постапки, се наведува во Посебниот извештај.СЈО  во извештајот го посочува и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој во 2011 и 2012 година во повеќе наврати на своите соговорници им изнсувал информации од судските постапки, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето.На судијката Софија Лаличиќ пак, како што е посочено во извештајот, повеќе од една година пред да биде избрана за судија и била ветена судиската функција.–  Содржината на јавно објавениот телефонски разговор меѓу Софија Лаличиќ и Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој во таа прилика и соопштува дека е избрана за судија претставува само илустрација на спрегата меѓу извршната и судската власт. Нејзните конекции со извршната власт не завршуваат со изборот за судија, туку напротив уште повеќе се интензивираат во насока која претставува флагрантна повреда на независноста на судството и злоупотреба на угледот на судиската функција… За судија Лаличиќ судиската функција значела сѐ освен тоа што е нејзиното вистинско значење – привилегија да се служи на заедницата преку улогата на делење на правдата согласно законите и еднаквоста на сите граѓани вклучително и себе си пред Уставот и законите во Република Македонија, се наведува во Посебниот извештај.Судијката Светлана Костова за која се наведува во извештајот дека паралелно извршувала работни задачи и како судија и во Управата за безбедност и контраразузнавање, со што според СЈО се доведува во прашање нејзиниот личен интегритет, но и институционалната независност на судиската функција.– Телефонски комуникации остварени од страна на судија Светлана Костова во месец септември и октомври 2011 година, односно два до три месеци по нејзиното стапување на функцијата судија на Виш управен суд, покажуваат дека таа продолжила активно да учествува во дневните обврски на Управата за безбедност и контраразузнавање околу организирање и посредување при состаноци и превземање на други работни задачи кои спаѓаат во делокругот на секојдневното работење на УБК, стои во извештајот.Посебниот извештај СЈО го доставило до Собранието на Република Македонија.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Интер го најави кам-бекот во Лигата на шампионите со феноменалниот гол на Пандев

По неколку лоши сезони во домашното првенство, Интер во месец мај во директна пресметка со Лацио за четвртото место обезбеди пласман во Лигата на шампионите, натпреварување чиј старт сега со големо нетрпение го очекуваат големите фанови на клубот од Милано.https://www.facebook.com/Inter/videos/531015694016296/Интер се најде во навистина тешка група и за противници во првата фаза ќе ги има Барселона и Тотенхем, но сепак тоа не го обесхрабрува Италијанците кои сега на навистина интересен начин го најавија новото учество на тимот во најелитното натпреварурвање.Италијанскиот тим во вторник ќе ги одмери силите со Тотенхем, а официјалниот Фејсбук профил на Интер го прослави враќањето во Лигата на шампионите со потсетник на клучниот гол на нашиот Горан Пандев против Баерн Минхен во победата на Италијанците од 2:3.– Назад во Лигата на шампионите! Пандев против Баерн Минхен. Каков кам-бек, – гласи објавата на Интер.Извор: Дерби

Спорт | пред 7 години

7 год.
41644146_596452047436077_5083117391366324224_n

Евровизија ќе се одржи во Тел Авив поради безбедносни причини

Кога израелската пејачка Нета во мај победи на Евровизија со песната „Тоу“, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денес соопшти дека град домаќин на 64. издание на фестивалот ќе биде Тел Авив. По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим поради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18 мај 2018 година, а полуфиналињата се закажани за 14 и 16 мај, во „Експо центарот“ во Тел Авив.„Сакаме да им се заблагодариме на сите израелски градови што се вклучија во трката за домаќин на Евровизија 2019 и на националната телевизија КАН што ни помогна да направиме темелна процена пред да донесеме конечна одлука. Сметаме дека Тел Авив го нуди најдоброто решение за најголемиот музички фестивал. Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната Евровизија најспектакуларна досега“, изјави Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ.Израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џеј Зи за една година заработил 76,5 милиони долари

Раперот Џеј Зи е прогласен за најплатен хип-хоп музичар во 2018 година. Во изминатите 12 месеци заработил 76,5 милиони американски долари.Шон Картер, познат како Џеј Зи, успеал да го помине раперот и продуцент Шон Комб или Паф Деди, кој три години по ред беше на врвот на листата на „Форбс“.Џеј Зи во втората половина на 2017 година го промовира својот последен албум „4.44“, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „Он д ран 2“. Двојката во јуни го објави албумот „Евритинг ис лав“.Паф Деди заработил 64 милиони долари, Кендрик Ламар е трет на листата со годишна заработка од 58 милиони долари. Зад него се наоѓа Дрејк со заработка од 47 милиони долари.

Магазин | пред 7 години

7 год.
mkd-302407

СЈО бара да биде автономна институција

Специјалното јавно обвинтелство го објави извештајот за своето работење во периодот од 15 март 2018 година до 15 септември 2018 година, во кој се наведува дека во овој извештаен период конечно започнаа судските рочишта по сите обвиненија поднесени од страна на ова Јавно обвинителство и одобрени од страна на судот.– Пресудите донесени во текот на шестиот извештаен период против три лица во два различни предмети, како и пресудите донесени од страна на Апелацискиот суд Скопје со кои се потврдени првостепените пресуди против вкупно пет лица ја потврдија оправданоста на поднесените обвиненија во смисла на кривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите, се наведува во извештајот од СЈО.Во извештајот пишува дека СЈО очекува во претстојниот период од надлежните институции да се превземат потребните мерки и законски услови ова обвинителство да се инкорпорира во Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција, која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил.– СЈО е на ставот дека во периодот до истекување на законскиот мандат на ова Јавно обвинителство треба единствено да се направат соодветни подготовки за прилагодување на законските норми со кои би се овозможила интеграција на СЈО во Јавното обвинителство на Република Македонија. Од овие причини сметаме дека по 2020 година со имплементација на соодветни законски решенија кои би се донеле е потребно на ова Јавно обвинителство како самостојна институција во јавнообвинителскиот систем на Република Македонија да му се овозможи автономност во постапувањето, и тоа не само по делата од сегашната негова надлежност, туку да добие надлежност и за гонење на кривични дела на корупција од висок профил, стои во извештајот.Од СЈО посочуваат дека во идниот период судот поинтензивно ќе ги закажува рочиштата по одобрените обвиненија со што ќе се овозможи во соодветни судски постапки да ги докаже кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со поднесените обвиненија.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Додик: Нема скриено руско влијание

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека нема „скриено руско влијание“ во соработката на Република Српска со Русија. Тој вели дека Република Српска е подготвена за соработка со сите држави во регионот и пошироко кои тоа го сакаат, но не сака да се одвои од пријатели како што е Русија и се гордее со таа соработка, пренесуваат „Независнe новинe“.Додик потенцира оти не е добро секој вид на соработка на РС и Русија да се прикажува „на малиген начин со цел да се спречи руското влијание на тој простор“.– Тоа се глупости кои треба да се отфрлат, бидејќи не смееме да бидеме заморче на еден политички пристап, кој зборува дека соработката во областите здравство, култура и економија може да бидат нешто друго, освен за добробит на тие кои во тоа учествуваат, вели Додик, истакнувајќи дека Русија е „ несомнено пријател на РС“.Во текот на обраќањето на форумот за стратешки дијалог за соработка меѓу Санкт Петербург и РС, на кој присуствува гувернерот на тој град Георгиј Полтавченко, Додик рече дека рускиот став кон БиХ не е навивачки за една страна, туку принципиелен во поддршката на Дејтонскиот договор.Полтавченко зборуваше за досегашната и за можностите за идна економска соработка со РС.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Смени во српската војска, Вучиќ именуваше нов Началник на ГШ

Нов началник на Генералштабот на Армијата на Србија е генерал-мајор Милан Мојсиловиќ, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со министерот за одбрана Александар Вулин и претставниците на воениот врв.Како што изјави Вучиќ, според Уставот на Србија и по бројни консултации со министерот за одбрана Александар Вулин и водечките луѓе на армијата, издал неколку налози за назначување, именување и разрешување.Најважна одлука е назначувањето на Милан Мојсиловиќ за шеф на Генералштабот.Досегашниот началник Љубиша Диковиќ поднел барање за пензионирање, што Вучиќ го прифатил и му го доделил на Диковиќ орденот Караѓорѓева ѕвезда од прв степен.Милан Мојсиловиќ беше назначен за помошник министер за одбрана- за одбранбена политика со одлука на владата во јуни оваа година. Пред тоа, од 2013 до 2017 година бил шеф на Военото преставништво во Мисијата на Република Србија во НАТО во Брисел. Дипломирал на Воената академија, Командно-штабната школа и Националната школа за одбрана во Белград.

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ возвраќа: Ќе има дебата кога Мицкоски ќе излезе со став за референдумот

СДСМ веднаш со реакција по повод прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерската партија истакна дека дебата ќе има кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе го искаже својот став за референдумот.„Христијан Мицкоски да каже како може да му се помогне за побрзо да го дефинира својот став. Иднината на државата не смее да биде ризикувана заради нискиот рејтинг на Мицкоски. Во политиката и во дебатата, најлошо е да немаш став. Охрабри се Мицкоски, соопшти став за референдумот и ќе има и дебата и иднина и напредок за европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања