„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
44141322_2286927191325513_7708147500841959424_n

Ќе се помируваме од како Талат ќе се врати од Чешка

Помирување во Собранието ќе има, но процесот треба да почне под диригентската палка на собранискиот претседател Талат Џафери, откако тој ќе се врати од Чешка каде што е во официјална посета заедно со пратеничките Јагода Шахпаска, Владанка Авировиќ и Теута Билали, велат извори од Собранието.Ова прашање се очекува да биде поставено во среда кога ќе има и кооринација на пратеничките групи со собранискиот спикер во врска со продолжението на 60. седница закажана за 24 октомври. Засега ни контурите на парламентарното тело за помирување не се исцртани.Парламентарците немаат ништо конкретно на хартија, освен барањата на пратениците од опозицијата кои гласаа за уставни измени, а меѓу кои е и барањето да се прифати предогот на премиерот Зоран Заев за помирување и простување на крвавите настани од 27 април.Освен од тројцата обвинети пратеници за настаните на 27 април, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски кои гласаа за потребата од уставни измени според Преспанскиот договор, потребата од собраниското тело за помирување доби поддршка и од останатите пратеници што кренаа „за“ измените во македонскиот Устав, но не и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Според пратеничката Дафина Стојаноска, неприфатлив и задоцнет е предлогот за  помирување зашто сега тоа има цел да се смени Уставот и уставното името на државата. Таа смета дека ваков предлог требало да биде инициран во периодот кога се гласало за одземање на пратеничкиот имунитет на обвинетите пратеници и пред  нивните колеги да завршат во затворските ќелии.Наспроти ваквиот став на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во групата нивни колеги кои ја прифатија поддадената рака на премиерот ваквиот потег го оценуваат како добронамерен и како што вели за Плусинфо пратеничката Емилија Александрова,  очекуваат неделава да се прецизираат деталите.Очекувања да бидат дел од работната група за помирување имаат и во Беса на Билал Касами. Пратеникот Фадил Зендели вели дека сакаат да помогнат во процесот на помирување што го понуди премиерот Заев и очекуваат покана за учество во формирањето на собраниското тело.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ilija-dimovski-7-670x437

Илија Димовски: ВМРО-ДПМНЕ се води во погрешен правец

Пратеникот Илија Димовски, излезе со свое видување за целата ситуација во неговата матична партија, ВМРО ДПМНЕ. Тој јавно објави дека нема да учествува во внатрепартиската пресметак:„Останувам на мојот принципиелен став за тоа дека договорот од Преспа има штетна содржина во себе, дека власта погрешно го водеше целиот процес и дека не смееше да биде исклучива спрема опозицијата од самиот почеток.Останувам и на ставот дека јас како пратеник немам право и легитимитет да гласам за промените во Уставот. Како што постапив во првата фаза, така ќе постапувам и во иднина.Но, останувам и на мојот добро познат став дека ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време, и пред и после валандовскиот Конгрес, се води во погрешен правец, што се гледа низ неостварените политички цели на партијата.За жал, сега веќе е видливо, дека партијата се движи кон изолација, и спрема надвор, и спрема сите други политички фактори во државата, но и спрема сите свои членови кои за едни, други или трети теми имаат различно мислење од претходното и од сегашното раководство.ВМРО-ДПМНЕ сама се доведе во ситуација да го изгуби капацитетот да влијае на било кој сериозен политички процес во земјата и државните одлуки повеќе, за жал, не зависат во ништо од ставот на мојата партијата.Партијата веќе подолго време не успева да оствари ниту една од своите политики и заложби токму заради оваа изолација. Така и нашите поддржувачи губат верба дека било што и да е став и заложба на ВМРО-ДПМНЕ тоа некогаш може да стане реалност и да се ефектуира. Штета е и што внатрешно во себе, наместо да се шири, развива и расте, да прибира повеќе луѓе и идеи околу себе, партијата континуирано се занимава со бркање т.н. предавници, непријатели и нелојални членови.Сѐ додека не се воведе принципот на почит и поддршка за различно мислење од официјалниот став на партијата по однос на политиките, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да напредува.Во тој контекст размислувам и дека нападите, разрешувањата и исклучувањето на луѓе во последниот период се избрзани и резултат на некорисни емоции и сериозен афект од состојбата. ВМРО-ДПМНЕ растела секогаш кога прибирала луѓе околу себе. Сакам да подвлечам дека нема да учествувам во ниту една нова фингирана битка, игра и пресметка во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи почнувајќи со Конгресот во Валандово па се до ден денес сите се такви, фингирани.На ВМРО-ДПМНЕ во овој момент му требаат неколку работи.Прво и неодложно мора да се направи темелна, а не козметичка реформа на партискиот Статут, со целосна демократизација на процесот на носење на политички одлуки, но и целосна демократизација на процесот на избор на партиските тела и органи почнувајќи од местните комитети па се до највисоките органи.Второ и суштинско е да се напушти принципот дека партијата мора да се води по правилото за градење на култ на личност.Трето, ВМРО- ДПМНЕ има обврска да направи дисконтинуитет со грешките од минатото.И четврто, партијата мора да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние кои до сега го има. Овие чекори се единствен начин како партијата може да дојде повторно на сериозно ниво да влијае на политиките во државата, а и еден ден да се надева дека ќе се врати на одговорноста да ја предводи Македонија“, пишува пратеникот Илија Димовски.

Коментари | пред 7 години

7 год.
oprema

Нови униформи за припадниците на ЕСЗ

Денескa, во касарната „Илинден“, припадниците на Единицата за специјални задачи добија нови униформи и делови што припаѓаат покрај униформата за извршување посебни и специјални задачи. Набавени се 200 комплет униформи за специјална полиција за урбана средина и 200 комплет униформи за специјална полиција за рурална средина во склоп на активности за овозможување соодветни услови за работа на припадниците на МВР, посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во својата изјава за време на настанот.Министерот Спасовски потенцира дека секојдневните ангажмани на актуелното раководство на МВР јасно ја докажуваат цврстата решеност полицијата да се трансформира во кредибилна институција, во реален сервис на граѓаните, во достоинствена и репсектирана професија.Опременоста на полициските службеници, нешто што сосема беше занемарено цела деценија, не може и не смее да се игнорира. Тоа е прашање од круцијално значење, потенцира Спасовски.Спасовски на крајот од својата изјава исто така потенцира дека Министерството ќе продложи со истото темпо и во наредниот период и дека ќе продолжат да се реновираат полициските станици, да се набавуваат униформи и опрема за полициските службеници, и тоа, како што посочи тој, сè со цел да се овозможат сите потребни услови за работа, што носи подобри резултати во работењето, односно поголема сигурност за граѓаните.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ДПА ќе продолжи да ги поддржува уставните измени, рече Тачи на средбата со Палмер

 Претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, денеска во Скопје во резиденцијата на американскиот амбасадор Бејли се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер.Како што пренесуваат од службата за информирање на ДПА, на средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за реформскиот процес.Тачи на средбата истакнал дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.За време на состанокот Палмер ја потврдил целосната поддршка од САД за Преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и во ЕУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44536020_326230291576407_4405705837952106496_n

БЕСА ќе ги условува уставните измени: Прво унапредување на правата на Албанците, потоа договорот со Грција

Пратеникот Фадил Зендели вели дека во процесот на уставни измени, тие ќе поднесат нивни амандмани за унапредување на правата на Албанците. Тој вели дека според дебатата за нивните амднамни, ќе одлучат дали ќе поддржат усвојување на амандманите поврзани со договорот со Грција.Како политичка партија, навестивме дека ќе бидеме дел од процесот за донесување на уставните измени, а ќе интервенираме со уставни амандмани за да унапредување на правата на Албанците. Не можеме да прифатиме, по 27 години, овие права да бидат за едни поубави времиња. Сметаме дека во овој момент се отвораат овие прашања, бидејќи ги засегаат Албанците. Треба овие прашања да се решат“, вели пратеникот Зендели.Пратеникот вели дека прашањата за правата на Албанците кои тие ќе бараат да се унапредат, не произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, туку од самостојноста на Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
29872766_293548667844323_4027015339996360799_o

Граѓанско Демократска Унија: Бројчаникот треба конечно да почне да врти

„Помирување и простување е неопходно за да продолжиме напред, но и враќање на украдените пари. Бројчаникот треба конечно да почне да врти. И секој што се огрешил пред законот мора да одговара. Правда мора да има“, велат од Грашанско Демократската Унија.Според нив, правдата мора да го стигне секој, не смее да има отстапки без разлика дали станува збор за осуден син на пратеничка која даде поддршка за уставните амандмани или обвинета поранешна министерка, која исто така го поддржа вашиот предлог. Во спротивно, само поцврсто ќе не убедите дека судските одлуки се ваши, а не на судиите.„Бараме паралелно со расправата во Собранието за уставни измени, целосно посветување и на реформскиот процес.Реформите не смее да се дозволи да бидат заложници на големите политички прашања. Тие се приоритет за приближување на земјата кон Европската Унија. Судски реформи, истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, првенствено на највисоко ниво, во спротвно џабе е се.Да ги потсетиме пратениците и нивните лидери, дека Европската комисија не следи и подготвува извештај. Врз основа на тие извештаи ќе се носат одлуките“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев со порака до пратениците

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10156970449527932/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ е поразено

,,Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствените кои се против членството во ЕУ и НАТО, против напредокот, против иднината“, велат од владејачката СДСМ.Според нив, граѓаните и мнозинството од пратениците ги победија Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ги спречија нивните намери да ја закочат македонската иднина.„Гласот на 80 те пратеници за уставните измени истовремено е и глас против изолацијата, против поделбите и неизвесноста во која Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја вратат Македонија.Колку и тоа да не му се допаѓа на ова антизападно раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се помирува, се обединува околу стратешките интереси и незапирливо чекори кон интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudenje

Обвинет на судењето 27 април изрази поддршка до обвинетите пратениците кои гласаа за уставни измени и ги нарече храбри

Обвинетиот Вилијам Михајловски на почетокот на денешното судење за 27 април рече дека ги поддржува пратениците кои гласале за уставните измени, пренесува Мкд.мк Пред судот обвинетиот Михајловски стана и рече: „Сакаме да им изразиме поддршка на храбрите пратеници кои гласаа за уставните измени“. На ова тој доби опомена од судијката Добрила Кацарска која му го одзеде правото на збор.Во судница присутни се сите обвинети, меѓу кои и обвинетите пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои гласаа за уставните измени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
milososki-antonijo

(ФОТО) Милошоски се поклонува пред Мицкоски

Пратеникот Антонио Милошоски со фејсбук статусhttps://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2308206205875312

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Оперираниот адвокат на еден од обвинетите го одложи судењето на Јанакиески

Отсуството на адвокатот Часлав Станоевиќ на обвинетиот Томе Ѓурчилов го одложи денешното рочиште за предметот „Топлик“ за 2 ноември.Станоевиќ, како што беше речено на судењето бил опериран пред неколку дена и поради тоа не можел да присуствува на рочиштето.Судијата Осман Шабани побара да му се достави медицинска документација за Станоевиќ во рок од три дена, а доколку тоа не биде сторено на Ѓурчилов ќе му биде определен адвокат по службена должност.На денешното рочиште исказ требаше да даваат сведоците Емилија Путилин, Малинка Матевска, Лиле Начева и Василка Поп Ѓорѓиева.Сведокот Мирко Андовски не беше дојден  во Судот, иако уредно бил поканет, поради што судијата Шабани нареди негово приведување за наредното рочиште.Во случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Операта „Боеми“ во среда во МОБ

На 24 октомври 2018 (среда) со почеток во 20 часот, на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини.Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на “Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер.Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, а без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски.Улогите ги толкуваат: Сандра Митровска,  Ѓорѓи Цуцковски,Марјан Јованоски, Андреа Ѕаупа (Италија), Владимир Саздовски, Билјана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Димитар Кожухаров,  Диме Петров.Во претставата учествуваат  хорот и оркестарот на МОБ.Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими  ќе се изведе под диригентската палка на Енрико Довико од Италија, во режија на Дејан Прошев, претставата е доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од ЈСП-Скопје информираат дека поради државниот празник 23 Октомври-Ден на Македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.Истовремено, од ЈСП информираат дека од среда (24.10.2018 година) до недела (28.10.2018 година), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени и две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“.„Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. И двете линии се воведуваат по барање на Скопски саем, за полесен пристап на посетителите на саемите „Технома“, Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции „Реалекспо“. Возениот ред на автобусот со број 100, е следниот, односно од Ново Лисиче автобусот ќе тргнува во 11 часот , 12:20 часот , 13:40 часот, 15:00 часот, 16:20 часот, 17:40 часот, додека од СЦ „Борис Трајковски“ ќе тргнува во 11:40 часот, 13 часот, 14:20 часот, 15:40 часот, 17 часот и 18:20 часот. Возениот ред на автобусот со број 200 (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“), пак е следнава од Дексион автобус ќе има во 11:20 часот, 12:40 часот, 14 часот, 15:20 часот, 16:40 часот и 18 часот, додека од СЦ „Борис Трајковски“ автобусот со број 200 ќе тргнува во 12 часот, 13:20 часот, 14:40 часот, 16 часот, 17:20 часот, 18:40 часот“, стои во соопштението на ЈСП.Оттаму исто така информираат и за трасата на движење на двете приверемени линии, или авобусот со број 100 ќе сообраќа по улица „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булулевар „Кочо Рацин“, улица „11-ти Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса. Додека траса на движење на автобусот со број 200 ќе се одвива по улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Санкционирани 142 возачи поради возење со поголема брзина

Во текот на изминатите денови (19, 20 и 21.10.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 32 сообраќајни незгоди од кои четири со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 15 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со тешки телесни повреди и 33 лица се здобиле со телесни повреди.„Од преземените мерки и активности констатирано е дека 142 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 65 возачи од кои: 25 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 37 возила бидејќи 35 биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет поради неправилно престројување и еден возач поради неносење заштитен шлем (кацига). Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 164 мандатни платни налози и 120 возила се подигнати со специјално возило "пајак"“, информираат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Татко и син приведени поради нелегален пиштол

Тетовски полицајци со судска наредба во утринските часови на 21.октомври извршиле претрес во домот и помошните простории на 26-годишен тетовец.При претресот, во собата на неговиот 54-годишен татко бил пронајден пиштол марка „екол-туна“ модел 635 и рамка за истиот, кои ги поседувал без одобрение.Пронајдениот пиштол и рамката биле одземени и предадени за понатамошна постапка, а таткото и синот биле приведени во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobr1

39-годишна тетовка со автомобил се забила во бетонски ѕид

На автопатот Тетово – Скопје, на излез од Тетово, во утринските часови на 21. октомври, автомобил „хјундаи“ со тетовски регистерски таблици удрил во метална ограда, па во бетонски ѕид од канал за наводнување и се превртел.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 39-годишна тетовка која го управувала возилото. Таа со брза помош била пренесена во Клиничката болница во Тетово, а потоа била префрлена во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Обвинение за Французин за шверц на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, со двојно косовско и француско државјанство, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.„Лицето беше задржано на 14.10.2018 година, при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, откако при царинска проверка кај него беа пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата ја пронашле царинските службеници, во црна торба која осомничениот ја пријавил како багаж и тоа спакувана во три одделни пакувања“ се наведува во соопштението.Надлежниот јавен обвинител, заедно со Обвинителниот акт, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице, со оглед на тоа што се уште постојат причините заради кои оваа мерка беше првично определена, односно постои опасност од бегство на лицето доколку се брани од слобода.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG_5061

Македонскиот народен театар со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница

Комедијата „Кец на десетка“ во продукција на Македонскиот народен театар на 24 октомври ќе биде изведена на меѓународниот фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“, кој се одржува во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.Во комедијата „Кец на десетка“ играат: Александар Микиќ (Таткото Доксе), Тања Кочовска (Мајката Грациела), Нина Деан (Ќерката Ана) и Ивица Димитријевиќ (Тоше). Премиерата на претставата „Кец на десетка“ според текстот на Митко Бојаџиски, a во режија на Драган Спасов―Дац и Јордан Симонов се одржа на 17 ноември 2017 година.„Кец на десетка“ е комедија со спонтан и природен хумор што брзо ја освојува и лесно комуницира со публиката. Текстот на претставата има едноставна мисија – да ја воведе публиката во ситуацијата на едно сосема нормално семејство кое ќе се собере за да се запознае со идниот зет. Во желбата секој од семејството да остави максимален впечаток и да го покаже најдоброто од себе работите тргнуваат во поинаков правец.Претставата трае 75 минути, а можете да ја погледнете и на репертоарот на Македонскиот народен театар.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Skopje-Wine-Expo-2

Skopje Wine Expo jа продолжува традициjата на Вино-скоп

Годинава традиционалниот „Фестивалот на виното – Вино Скоп“ со нов концепт, ново интернационално име „Skopje Wine Expo“, како и нови содржини за љубителите на виното.„Skopje Wine Expo“ ќе се одржи од 24 до 27 октомври на „Плоштад Македонија“, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.„Skopje Wine Expo“ има за цел промоција и афирмација на македонските вина и оваа година на посетителите ќе им понуди различни видови врвни црвени, бели или розе вина, вкусни закуски и богата музичка програма.На годинешниов „ Skopje Wine Expo“, љубителите на вино ќе имаат можност и да се запознаат и разговараат за сè она што ги интересира за виното со некои од најдобрите енолози од регионот додека уживаат во најквалитетни вина и вкусните специјалитети како прилог со виното.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мијалков во центарот на кавгите во ВМРО-ДПМНЕ

Членови на ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за две сценарија: според едно, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, според друго „ крилото на Мијалков“ ќе барало оставка од МицкоскиЧленови на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи пласираат разни „сценарија“ што би можеле да се случат на седница на партискиот Централен Комитет, која како што најавуваат, била закажана за вечерва во 19 часот. Размената на ставови покажува дека постои огромна поделност меѓу членството и дека главната дебата е фокусирана на Сашо Мијалков, поранешниот долгогодишен директор на УБК и братучед на бившиот премиер Никола Груевски (двајцата на насловната фотографија).Кои се сценаријата?Според едни, партијата размислувала да го исклучи од членство Сашо Мијалков, според други „крилото на Мијалков“ ќе барало оставка од партискиот претседател Христијан Мицкоски. Во реакциите кои ја бранат политиката на Мицкоски, Мијалков е идентификуван како главен виновник за исходот од гласањето за предлогот за пристапување кон уставни измени, односно „оркестратор на црниот петок“. Најчестите обвинувања се дека „тој директно влијаел на исходот кој се случил во Собранието и дека преку седумте пратеници се спасувал исклучиво себеси и своите бизниси, а на штета на Македонија“.Притоа, партиски членови предупредуваат дека за да се сокрие „неговото шурување со СДСМ“, ќе се предизвикало сценарио за барање оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и за закажување вонреден конгрес за избор на нов партиски претседател“.Други, пак, реплицираат дека „исходот во Собранието е резултат токму на фактот што Мицкоски не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата, и дека токму тој дозволил да биде раководен од Груевски, Мијалков и Мартин Протогер“.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања