„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
7 год.
ahmeti

Али Ахмети: Референдумот е консултативен, одлуката да ја донесе Собранието

„Ова е важен ден за сите граѓани, за нашите институции, за демократијата во државата. Ние денеска демонстриравме демократија, неопходен процес за влез во НАТО Алијансата и Европската унија. Станува збор за процес за затворање на прашањето со Грција“, изјави Ахмети и додаде:„Сакаме да кажеме дека Собранието треба да ја донесе важната одлука за Договорот со Грција. Ние ќе гласаме ЗА. Кога беа изборите во 2016-та година кажавме дека сме за НАТО. Затоа го добивме мандатот, ние немаме друга алтернатива. Референдумот е консултативен“, изјави Али Ахмети.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Заев најави и итни предвремени избори доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ не ја поддржат волјата на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев предмалку го нарече денешниот ден како успех за демократијата и успех за европска Македонија.Сега е следна волјата на граѓаните да биде испочитувана од страна на пратениците од ВМРО ДПМНЕ.Премиерот Зоран Заев го обвини ВМРО ДПМНЕ за организиран бојкот.Заев најави и итни предвремени избори доколку пратениците на ВМРО ДПМНЕ не сакаат да ја поддржат волјата на граѓаните.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Богдан Илиевски-Бетмен по референдумот: Оган да го гори тој што ќе те прекрстува

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски, кој е во домашен притвор поради инцидентите во Собранието на 27 април се огласи на социјалните мрежи по референдумот.Тој сподели композиција од Гоце Николовски и порача „Оган да го гори тој што ќе ми збори да те оставам, да заборавам, Македонијо“Оган да гори Тој што ќе ми збори Да те оставам Оган да го гори Тој што ќе ми збори Да заборавам, Македонијо Каде да сум таков сум Не се давам никому Каде да сум таков сум Не се давам никому Да те крсти прекрстува Нека тепа отепува Македонијо Еееееј, жива да си Македонијо

Македонија | пред 7 години

7 год.
42787990_1844226749026303_6748405211368259584_n

„Бојкотирам“ се собираат пред Собрание, позади нив силно обезбедување

Големо полициско обезбедување позади Собранието, во пресрет на протестот на „Бојкотирам“. Поддржувачите веќе се собираат, а ќе има и обраќања. На булеверот пред македонскиот парламент веќе е наместена бина за говорници, поради што е блокиран сообраќајот, а може да се забележи и големо полициско обезбедувбање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
derkovski

До 18:30 часот излегле вкупно 519,435 граѓани, односно 34,09%

Од Државната изборна комисија соопштија дека до 18:30 часот гласале 519:435  гласач или 34,09 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список, а од обработените 84,83проценти од гласачките места. Дерковски рече дека сликата од референдумот е добра и апелира да не се дозволи да биде нарушена.Вкупно во МВР до 18 часот се регистрирани 26 инциденти. Во Гостивар е приведена сестра на пратеничка, која заедно со уште едно лице сликала гласачи.Најмногу од нерегуларностите отпаѓаат на навредување на избирачи, нивно фотографирање и нелегално снимање. Во шест случаи гласачи го фотографирале или скинале ливчето, жена во општина Центар за снимање користела пенкало со вградена камера.„Пристигнаа уште неколку приговори до ДИК, Комисијата ги разгледа и сите беа едногласно одбиени бидејќи нема законит основ да бидат прифатени“, рече претседателот Дерковски.Се работи за луѓе што не се нашле на Избирачкиот список, менувале лични документи или не ги поседувале или, пак, не го искористиле правото да бидат запишани во Избирачкиот список, додаде Дерковски.Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето, како што потенцираа од ДИК, се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување на Референдумот 2018 и доследно да ги применат законските прописи кои произлегуваат од Кодексот.Набљудувачите се должни да ги познаваат и почитуваат одредбите на Изборниот законик, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Кодексот за набљудување на референдумот и да се придржуваат кон одредбите со кои се уредува постапката за спроведување на референдумот, да се непристрасни во извршувањето на своите должности при што не смеат да изразат пристрасност кон изборните органи, да носат на видно место овластување – беџ издаден од ДИК, како и лична исправа и своите заклучоци треба да ги засноваат на документирани и во потврдени факти.Од ДИК, исто така, потенцираат дека акредитираните набљудувачи при спроведување на процедурата за референдумот не смеат да влијаат на кој било начин во постапката на денот на изјаснувањето на референдумот, како и во постапката при броење на гласовите, не смеат да носат партиски симболи и ознаки, да им даваат упатства на гласачите, изборните органи, овластените претставници и овластените службени лица и да влијаат на работата и одлуките на изборните органи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
42787990_1844226749026303_6748405211368259584_n

“Бојкотирам” подготвени за прослава пред Собрание

Граѓанската иницијатива “Бојкотирам” веќе се подготвува за прослава пред Собрание. Според ДИК излезеноста на референдумот е нешто повеќе од 29% . За да се исполни цензусот на референдумот треба на гласање да излезат повеќе од педесет проценти од запишаните гласачи. Според нашите информации ќе се слави пред Влада во организација на владеачката СДСМ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Три нови референдумски инциденти: Девојка фотографирала со камера поставена на пенкало

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случај во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје, откако добиле пријава од Општинската изборна комисија дека во основното училиште во Скопје дека девојка гласала со пенкало, на кое имало камера, и при тоа таа како што се наведува во соопштението, го сликала гласачкото ливче или присутните во просторијата, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.МВР добила пријава дека во околината на основното училиште „Песталоци“ во Скопје се попречувале граѓаните кои оделе на гласање и биле фотографирани, полициски службеници излегле на местото на настанот и по преземени мерки било утврдено дека се работи за 28-годишен скопјанка, таа била приведена во полициската станица во Центар за понатамошна постапка.Од полицијата велат дека по добиена пријава на гласачкото место 2664 во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, две лица се повикани во полициска станица. Имено, како што информираат од МВР во 13:05 часот едно непознато лице фотографирало ливче на друго лице, по што го напуштило гласачкото место преземени се мерки и активности и лицата кои биле на возраст од 28 и 36 години се повикани во полициска станица.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Катимерини“: Слаб одзив на референдумот во Македонија

Шест часа по отворањето на гласачките места одзивот на граѓаните е слаб, коментира „катимерини“. Весникот ја споделува информацијата од Државната изборна комисија на Македонија која покажува дека до 13 часот на гласачките места се појавиле само 16 проценти од гласачите запишани во избирачкиот список.Катимерини потсетува дека на парламентарните избори во 2016 година излезноста во првите шест часа од гласањето била безмалку 35 проценти.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Меѓународните медиуми го најавуваат пропаѓањето на референдумот

Светските медиуми пишуваат дека на референдумот за договорот меѓу Македонија и Грција, со кој се предвидува промена на уставното име и Уставот на Република Македонија, му се заканува пропаѓање, пишува Курир.мк„Fox News“ пишува дека од ДИК соопштиле дека излезеноста на референдумот за промена на името на Македонија, е 16 проценти на шест часа пред затворањето на избирачките места.Македонците гласаат за тоа дали да го прифатат договорот со соседна Грција, според кој ќе го променат името на нивната земја во Северна Македонија и Грција ќе ги избрка своите приговори за пристапувањето на земјата во НАТО, се вели во текстот на „Fox News“.Во текстот се вели дека Владата, која го распишала референдумот, го стави како необврзувачки, со што резултатот може да се земе како точен одраз на јавното мислење без оглед на одзивот.Во текстот на „Emerging Europe“ се објаснува за што денеска гласаат граѓаните на Република Македонија, а и се вели дека она што го прави овој референдум уште поважен е фактот што излезноста ќе одлучи за валидноста на резултатот.-Илезноста на повеќе од 50 проценти би го направил резултатот законски валиден и ќе обезбеди подобра  имплементација на договорот од Преспа. За ова да се случи, од 1.806.000 запишани гласачи, повеќе од 903.000 илјади треба да излезат и да гласаат, се вели во текстот.Таму се вели дека во еден часот излезноста е помала од очекувањата- само 15,78 проценти. Исто така, потенцираат дека тој период највисока излезност имало во центарот на Скопје, со 26,29 проценти, потоа во Карпош со 23,97 проценти и Крива Паланка во близина на границата со Бугарија, со 22, 36 проценти.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка на Стража

Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајка на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во моментов се одвива по една коловозна лента.МВР е на местото на настанот и прави увид во овој случај, и се очекува побрзо расчистување на сообраќајот и нормализирање на истиот на овој патен правец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Малолетник фотографирал во избирачка просторија

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во селото Визбегово, семејство дошло на гласање со малолетниот син кој фотографирал во просторијата.Жител од селото Брвеница пријавил дека кога одел на гласање со неговата сопруга, од страна на В.С. му биле упатувани навредливи зборови. Во кординација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во СВР Тетово пријавено е дека во близина на училиштето "Гоце Делчев" во Тетово повеќе лица вршеле снимање и фотографирање на гласачи. Во ОУ „Братство" во Скопје Б.С. заменик член на избирачкиот одбор, омаловажувал полициски службеник.Во СВР Струмица било пријавено дека во близина на училиштето „Кирил и Методиј" во радовишко село Ораовица, пронајдени се летоци со содржина поврзана со референдумот.Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ во Скопје, З.Ј.(42), кој имал беџ на наблудувач и Г.Ж.(38), го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебно карање, викање и непристојно однесување. По преземени мерки, двајцата биле приведени во ПС Чаир и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
apasiev

Апасиев: Нема да има цензус, излезноста ќе биде од 32% до 35%

Професорот и член на презедиумот на партијата Левица, Димитар Апасиев, на социјланите мрежи напиша дека според нивниот аналитички центар, нема да биде исполнет цензусот на референдумот. Според него, излезноста ќе биде од 32% до 35%.Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 информираше дека излезноста до 15 часот е 22,56, односно гласале околу 334 илјади граѓани.Просекот на излезност е од 90% од гласачките места.Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dik-1

До 15 часот излезени се 334,075 избирачи односно 22,56%

Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 информираше дека излезноста до 15 часот е 22,56, односно гласале околу 334 илјади граѓани.Просекот на излезност е од 90% од гласачките места.Државната изборна комисија (ДИК) апелираше до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето, како што потенцираа од ДИК, се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување на Референдумот 2018 и доследно да ги применат законските прописи кои произлегуваат од Кодексот.Набљудувачите се должни да ги познаваат и почитуваат одредбите на Изборниот законик, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Кодексот за набљудување на референдумот и да се придржуваат кон одредбите со кои се уредува постапката за спроведување на референдумот, да се непристрасни во извршувањето на своите должности при што не смеат да изразат пристрасност кон изборните органи, да носат на видно место овластување – беџ издаден од ДИК, како и лична исправа и своите заклучоци треба да ги засноваат на документирани и во потврдени факти.Од ДИК, исто така, потенцираат дека акредитираните набљудувачи при спроведување на процедурата за референдумот не смеат да влијаат на кој било начин во постапката на денот на изјаснувањето на референдумот, како и во постапката при броење на гласовите, не смеат да носат партиски симболи и ознаки, да им даваат упатства на гласачите, изборните органи, овластените претставници и овластените службени лица и да влијаат на работата и одлуките на изборните органи.Според најновите податоци од ДИК, највисок одѕив има во општините Сарај 36,57 проценти, Центар – 34,51 отсто, Карпош – 32,24 проценти, Липково – 30,42 отсто.Најнизок одѕив има во Ново село 9,97 отсто, Илинден – 10,49 проценти и Босилово – 11,44 отсто.Најголем дел од пријавите, како што рече претседателот на ДИК, се однесуваат на лица на кои им истекла важноста на личните карти или некои во меѓувреме станале полнолетни и извадиле нови лични карти, поради што, системот ги нема евидентирано и неможат да гласаат. Дерковски рече дека овие пријави се одбиени, бидејќи системот е затворен и нема рок за да може да се интервенира.Тој им се заблагодари на граганите за демократскиот пристап и почитување на законите при изразувањето на нивното гласачко право, но и на институциите во справувањето со малите инциденти за време на гласачкиот ден. Им порача на оние кои го нарушуваат редот и мирот, дека за нив ќе следат санкции.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Жаклина Пешевска: Не е точно дека сум гласала на референдумот!

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска ги демантираше информациите дека гласала на денешниот референдум.Во одредени медиуми се појави вест дека пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска гласала денеска на референдумот. Овие информации таа ги демантира во изјава за Курир.-На одредени портали прочитав дека сум гласала на референдумот, тие информации не се точни. Ги демантирам овие информации кои беа објавени во одредени медиуми, изјави за Курир пратеничката Пешевска.Информацијата дека Пешевска гласала на денешниот референдум ја пренесе истражувачот од „Евротинк“, Андреја Стојковски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
42686408_237159766953508_3423442157317390336_n

Откриени причините за двојното убиство на Рузвелтова

Нерасчистени должничко-доверителски односи и меѓусебни закани меѓу довчерашни ортаци во нелегални бизниси се можна причина за класичната ликвидација во петокот ноќта во центарот на Скопје, сметаат запознаени извори, пренесе Вечер.Првата жртва што почина во синоќешната гангсетрска бркотница со автомобили престрелка на „Рузвелтова” е Наим Ајети, кој е брат на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој беше, исто така, ликвидиран изрешетан во својата чајџилница во населбата Ченто пред пет години.Според соговорниците сега убиениот Наим Ајети го наследил својот брат на чело на криминална група, којашто се нарекувала „Беланоча” и продолжил со криминалите за кои претходно бил гонет и осомничен неговиот брат.Еден од можните мотиви според сомневањата на лица запознаени со функционирањето на скопското подземје, е можеби пресметка за превласт во подземјето меѓу неколку криминални групации.Меѓутоа, постојат и мислења дека станува збор за нарачана ликвидација на Наим Ајети, од негов поранешен ортак во „бизнисот” кој му должел 75.000 евра, кои сега убиениот ги барал со закани по животот на должникот, на што исто така му било возвраќано со смртни закани. Извор Курир мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Бојкотирачите ги фотографираат граѓаните на гласачко место

На социјалната мрежа Твитер, членовите на иницијативата „Бојкотирам“ се „пофалија“ дека само од Скопје имаат фотографии од 450 граѓани, кои ги нарекуваат предавници и дека нивните фотографии ќе ги објавуваат од 17 часот.Ова е уште еден доказ дека се прекшува тајноста на гласањето, и е груб обид да се заплашат и етикетираат граѓанките и граѓаните кои излегуваат на гласање.ЦИВИЛ апелира до надлежните институции да реагираат на секој обид да се спречи демократското право, правото на глас.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-3

МВР: Пријавени три нови инциденти за време на референдумот

На избирачко место бр.2539/1 во Основното училиште „Његош“ во Колонија пријавено е дека едно лице го фотографирало своето гласачко ливче, информираа од МВР.За инцидентот бил известен Јавен обвинител, a 55-годишното лице е во полициска станица за расчистување на случајот, додаваат од МВР.Од МВР додаваат дека во СВР Тетово, пак, набљудувач од невладина организација пријавил дека наспроти ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар повеќе лица вршеле неовластено снимање и фотографирање на гласачи, и за овој настан, велат, известен е Јавен обвинител, а две лица се приведени во врска со овој случај. Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.Инцидент бил пријавен и во полициската станица во Кочани, 54-годишен жител од Кочани пријавил дека пред гласачко место број 852, пред Домот на културата во Кочани, бил навредуван од страна на непознато лице бидејќи одел да гласа. По преземени мерки, утврдено е дека се работи за лице од Кочани и тој бил повикан на разговор во полициската станица, соопштија од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro-poraki

Со лажни пораки се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдумот, тврди потпаролот

Од телефонски броеви кои се регистрирани на Бихачка се праќани лажни пораки до членови на ВМРО-ДПМНЕ, за да искочат да гласаат бидејќи бил постигнат договор меѓу власта и опозицијата.Потпаролот обвини дека се врши агитација и сторен криминал од страна на СДСМ, вели потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, СДСМ врши притисок на граѓани.ПОВИКУВАЧ: „Се јавуваме од централниот штаб на СДСМ, ако сеуште не сте излегле да гласате, ве повикуваме на гласате“ГЛАСАЧ: „Без разлика дали сме гласале ние не сме добиле ништо од партијата“ПОВИКУВАЧ: „Добро“Потпаролот Наум Стоилковски повтори дека партијата има став, секој граѓанин да постапи како што мисли. Телефонските броеви од каде се праќани пораките биле регистрирани во седиштето на СДСМ, вели тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
komisija

Комисијата за следење на противправности будно ги следи настаните околу референдумот

Комисијата за следење евентуални противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот во континуитет ги следи случувањата поврзани со референдумот.Комисијата има за задача да ги следи сите настани поврзани со процесот на спроведувањето на референдумот. Таму каде што има индиции за извршени нерегуларности, веднаш известувањата се проследуваат до соодветното Основно јавно обвинителство. Дадени се задолженија до Основните јавни обвинителства за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.Комуникацијата и координацијата со обвинителствата и со Министерството за внатрешни работи се одвива перманентно. Целта е прибирање на сите докази за гонење на сторители на кривични дела поврзани со референдумот. До 14.30 минути има само едно известување за сторена противправност кое е поднесено во Основното јавно обвинителство Скопје. Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје го извести обвинителството за извршено кривично дело, денеска во 9,20 часот во дворот на ОУ ” Лазо Ангеловски” во Скопје на гласачко место број 2708. Делото е извршено од едно лице кое нападнало тројца униформирани полициски службеници. Осомничениот е задржан во полициска станица.Во координација на Основното јавно обвинителство Скопје, СВР Скопје постапува за целосно документирање на настанот по што ќе ја достави целата документација со кривична пријава против осомничениот за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик.Со овој настан не е нарушен процесот на гласање, ниту пак имало некакво влијание кон гласачите во остварување во гласачкото право. Други пријавени незаконитости на територијата на надлежност на Вишото јавно обвинителство Скопје нема. Сериозни неправилности нема на гласачките места на територија на Вишото јавно обвинителство Штип. Имаме сознанија за мал инцидент во Радовиш каде едно лице фрлало летоци. Надлежното обвинителство информира дека со ова дејствие е сторен прекршок.Во Кочани, во 11.30 минути, надвор од избирачко место по завршено гласање биле упатени закани од едно на друго лице, но истите немале влијание врз процесот на гласање.Во Штип има случај на неовластено фотографирање. Фотографирано било лице кое носело храна на избирачко место. Лицето кое неовластено фотографирало е задржано во полиција на разговор. На територија на надлежност на Вишото јавно обвинителство Гостивар до 14.30 минути не се пријавени неправилности поврзани со процесот на гласање, ниту посериозен инцидент кој би го попречил референдумскиот процес. Мирно се одвива и процесот на гласање на територијата на Вишото јавно обвинителство Битола.Јавното обвинителство преку формираната Комисија ја известува јавноста дека јавните обвинители работат на терен. Целосно се посветени на борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето преку придонес кон нивно сузбивање и превенирање. Може да се констатира дека до овој момент има релативно мирно спроведување на референдумот, односно нема индиции за поголем број противправности опфатени со Глава 16 од Кривичниот законик. Иако обвинителството е подготвено да постапува, сепак се надеваме дека во оваа атмосфера ќе се спроведе референдумот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
42763930_1980938121965369_2457954657595555840_o

(Видео) Премиерот Заев го оствари своето гласачко право на референдумот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утрово во Струмица го оствари своето избирачко право.„Денеска е убав ден, нов празник за Република Македонија. Денеска граѓаните излегуваат и одлучуваат за иднината на нашата земја. Денеска со одлуката граѓаните прават исто како во минатото, во сите пресудни моменти за Република Македонија носејќи сериозни, важни одлуки, со што го трасираат патот на нашата земја за иднината на наредните генерации кои што доаѓаат после нас“, рече Заев„Денеска навистина е вистински празник. Јас, денеска очекувам, преку масовноста во гласањето, со големиот одзив уште еднаш да се потврди и мултиетничкото единство на нашите граѓани и севкупното политичко единство на граѓаните надвор од било која политичка партија или политички определби. Очекувам Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која што денеска ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја. Секако очекувам после овие одлуки, Македонија конечно да ги постигне своите стратешки цели, да биде членка на најмоќниот воен сојуз во светот – НАТО, и да биде членка на најсилната економска унија во светот Европската Унија. Нека ни е со среќа почитувани граѓани на Република Македонија, нека е со среќа на нашата земја“, додаде премиерот

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања