Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
bojan

(ВИДЕО) Стојановски: Александар Наумоски за само година и половина успеа да ја врати Ѓорче Петров во 19 век

Денеска сме во Волково да одбележиме година и половина од владеењето на Александар Наумоски. За само година и половина СДС успеа да ја врати општината Ѓорче Петров во 19 век, изјави Бојан Стојановски на денешната прес-конференција.„Во оваа година и половина наместо да го добиеме ветениот живот и ветените проекти добивме змијарници, кал, неасфалтирани улици и канцероген воздух.Владеењето на Кметот Наумоски го отсликуваат пеење по кафани, танчерки, покачување на сопствената плата и низа други скандали.Го повикуваме Наумоски наместо да размислува во која локална кафана да го помине утрешниот ден да започне да ги реализира ветените проекти за кои жителите на Ѓорче Петров го дадоа својот глас.Волково се уште чека1. Изградба на градинка или адаптација на објектот на поштата во детска градинка во Волково.2. Кружен тек сред село.3. Изградба на помали спортски и детски игралишта.4. Проширување, надградба на уште еден кат на културниот дом.5. Реконструкција на сите раскопани улици и асфалтирање на неасфалтираните улици.6. Реконструкција на тротоарите и изградба на нови на веќе постојните улици.7. Реализација на канализационата мрежа.9. Проширување на патот од Волково до Кучково.10. Трасирање на ридскопланинска велосипедска моунтинбајк патека.11. Модернизација и реконструкција на уличното осветлување.Го повикуваме Наумоски наместо да ја потценува меморијата на жителите на Волковчани да започне со реализација на ветените проекти.Воедно го замолуваме да престане да ги опструира проектите започнати од ВМРО - ДПМНЕ и да ги реализира 33-те улици и да ја доврши канализационата мрежа во Волково, проекти за кои се обезбедени средства уште во 2016 година, од тогашниот министер за транспорт Владо Мисајловски.Наумоски, време е за краj“, вели Стојановски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Груевски: Од Македонија заминав многу едноставно, заминав во Албанија, таму се пријавив во Унгарската амбасада

Од Македонија заминав многу едноставно, заминав во Аалбанија. Таму се пријави во Унгарската амбасада во Тирана и побарав политички азил. И од таму дојдов во Унгарија... Бев транспортиран поради безедносни причини, истакна екс премиерот Никола Груевски во ексклузивното интервју за Сител телевизија.Во неговото прво појавување на медиум по бегството тој одговара како избегал, по која рута, но открива како што кажа само дел, затоа што ќе оставел Власта да ги открие деталите.Тој одбил да одговори дали на легален или на илегален начин, заминал од Македонија, но во краткиот дел од интервјуто Груевски тврди дека од Албанија заминал само со лична карта до граница, а од Унгрската амбасада со како што кажа документ до Унгарија.Н апрашањето дали некој од власта му помогнал при бегството Груевски вели:„Власта да ми помогне НЕ .. да може нешто лошо да ми направи, ама да ми помогне НЕ...Интегралното интервју со екс премиерот ќе се емитува на Сител телевизија во централниот дневник во 18:00 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
toni-mihajlovski

Михајловски: Ние, а богами и вие, ќе им ја платиме струјата на тие

По најавата на премиерот Зоран Заев, дека владата ќе им ги плати долговите за струја на граѓаните, на својот фејсбук профил се огласи актерот Тони Михајловски.Тој напиша:„Ништо нема владата да плати од свој џеб. Ние, а богами и вие, ќе им ја платиме струјата на тие. 110 милиони евра наши пари за нивни долгови – напиша на својот Фејсбук профил Михајловски“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
noz-ubistvo-napad

Битолчанец нападнат со нож

На 02.02.2019 година околу 01.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во ресторан во Битола, П.Т.(25) од Битола со нож бил повреден на левата подлактица од страна на В.К. од Битола. По преземени мерки В.К. бил приведен во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-22

Стружанец упатувал закани по живот на 45-годишна жена

На 01.02.2019 година во Полициската станица Струга е приведен А.А.(39) од село Франгово, струшко затоа што упатувал закани по животот на 45-годишна жена од Струга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Разбојници одзеле 12.000 денари од бензинска пумпа

На 02.02.2019 година околу 03.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека тројца непознати сторители извршиле разбојништво на бензинска пумпа во село Ново Село и одзеле околу 12.000 денари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lagadin-1

Охрид ЅОЅ : Заев ќе носи Закон за чичко Никола?!

На вчерашната трибина во Охрид Бизнисменот Никола Толески инаку познат во јавноста како инвеститор во објектот во Лагадин, против кој реагираа и се организираа протести , се обрати со прашање до премиерот за неговиот проблем. Премиерот Заев му одговори: Неколку пати Транспорт и врски носи позитивна одлука. Разговарав со покоен Јован, сега со другите. Премиерот интервенира оти правото е на ваша страна, министерот интервенира оти правото е на ваша страна.По оваа комуникација во Центарот за култура, на нозе се кренаа Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ.Тие испратија соопштение во кое се вели:На крајот на оваа година македонската влада има обврска да покаже дека ги испочитувала обврзувачките препораки на Комитетот за светско наследство со што ќе покаже способност за управување со ова исклучително ретко светски признато богатство.Но изгледа не само што многу брзо македонските институции со својата склоност кон корупција ќе го префрлат охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност, туку и ќе го озаконат разузданото дивеење на урбаната мафија на штета на сите жители на РМ.На вчерашниот партиски митинг на сдсм во Охрид со парадоксален назив „Силна економија – шанса за сите“ имавме чест да слушнеме како премиерот Заев му ветува на „чичко Никола“ со кого си разменувале приватни смс пораки дека тој лично ќе се погрижел неговиот криминален хотел да си ги добие сите потребни дозволи и да си почне со работа.Го потсетуваме премиерот Заев на решението од здружениот инспекциски надзор во кое беа констатирани низа неправилности кои правниот тим на Охрид ЅОЅ ги утврди. Потсетуваме на целата низа прекршувања:- Прекршување на Законот за управување со светското природно и културно наследство воохридскиот регион (чл. 9, чл. 17 став 1, чл. 23 став 2)- Прекршување на Законот за заштита на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро- Прекршување на Законот за животна средина- Прекршување на Законот за заштита на природата- Прекршување на Законот за води (чл. 131 став 1 алинеи 4, 5 и 7)- Прекршување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (чл. 33 и чл. 35)- Прекршување на Правилникот за начинот на спроведување на постапката за добивање наодобрение за градење на електронски начин (чл. 8)- Прекршување на Законот за градење (чл. 83 став 1 и 3, чл. 84) *Поради нетранспарентност на постапката и неможност за јавен увид во целокупната документација, постои сомнение и за прекршување на чл. 47 став 8, чл. 48 и чл. 56 од истиот Закон - Прекршување на Законот за општа управна постапка - Прекршување на Законот за вработените во јавниот сектор (чл. 8, чл. 9, чл. 10)- Прекршување на Законот за користење на податоци од јавниот сектор (чл. 5)- Прекршување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (чл. 4, чл. 13) -Прекршување на Законот за сопственост и други стварни права (чл. 9, чл. 26, чл. 118, чл. 124, чл. 152)- Прекршување на Уставот на РМ (чл. 26, чл. 30)Понижувачкиот пинг-понг што се одвива меѓу Општината Охрид и Второстепената комисија каде што „инвеститорот“ Никола Толески се жали и „бара правда“ е тежок удар и сериозно уназадување на владеењето на правото во Македонија. А препорака број 9 од Комитетот се однесува токму на тоа: Државата да „Загарантира ригорозна примена на законите и регулативата со цел да оневозможи било какво натамошно нелегално градење во рамките на доброто.“На сомнителниот „бизнисмен“ Никола Толески не му е првпат да гради нелегално. Против него СВР Охрид има поднесено кривична пријава во 2016 г. повторно за нелегална градба во заштитено подрачје, поточно во Националниот парк Галичица.Освен ако премиерот Заев не мисли да го злоупотреби Собранието на РМ за да го задоволи својот сопартиец и да го силува Уставот со носење на lex specialis во урбанизмот кој ќе се вика „Законот за чичко Никола“, незаконскиот чир од градба во Лагадин мора итно да добие решение за отстранување и Општината мора веднаш да пристапи кон спроведување, овојпат без изигрување на правото како кога ја поништија само клаузулата за правосилност на одобрението за незаконската градба, а не го поништија и самото одобрение.Ако премиерот сака жителите на РМ да му веруваат дека тој се залага за и претставува европски вредности, тој веднаш ќе се извини за грубото мешање во надлежности што претставува тешко прекршување на темелните вредности на уставниот поредок во РМ. Не е во надлежност на премиер „да фаќа врски“ за да озаконува криминални градби во УНЕСКО регион. Премиер кој е на ниво на задачата ќе побара да го види решението од мешаниот инспециски надзор и ќе ги извршува доследно своите надлежности според Деловникот за работа на владата. Како на пример, во согласност со чл. 4, став 6 од Деловникот за работа на владата ќе побара одговорност за лицата кои воопшто овозможиле ова криминално одобрение за градба да стане правосилно и лицата од Второстепената комисија што упорно ја уважуваат жалбата за нелегалната градба.Потоа, во согласност со став 10 од истиот член ќе ја насочи реформата во охридската администрација кон декриминализација и долго очекувана професионализација во обезбедувањето на јавните услуги за граѓаните.Од премиерот Заев младите охриѓани очекуваат заложба за одржлив развој, развој кој ќе им донесе достоинствени работни места, развој кој нема да зависи од партија, но ќе биде стратешка определба на професионална администрација на локално и централно ниво. Единствено ова претставува концепт на силна економија во која има шанса за сите. Токму партискиот пазар и неказнивоста на локални шерифи ги доведоа Охрид и Македонија до ова дереџе. А сепак, дури ни Никола Груевски не се осмели вака јавно и отворено да го покажува степенот на корумпираност во македонското општество.До канцеларијата на премиерот се доставени сите релевантни документи со кои располага Охрид ЅОЅ и доколку премиерот и по тие добиени информации остане во заштита на локалниот криминал, ние ќе покренеме соодветни процедури за обезбедување материјална и кривична одговорност, велат Активистите на Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Тешка сообраќајка кај градежен, едно дете итно пренесено во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот Партизанска, во близина на Градежен факултет.Според неофицијални информации автомобил удрил во дете кое веднаш со возило на итната медицинска помош било пренесено во болница.

Скопје | пред 7 години

7 год.
turski-tek

Српски курир дознава - Нема повеќе препреки, Србија се приклучува на Турскиот тек

Како што беше планирано, гасоводот преку кој рускиот гас преку Турција и Бугарија во Србија ќе влегува кај Зајачар, а од Србија во Унгарија кај Хоргош. Градбата на магистралнот гасовод во Србија во должина од 403 километри треба да започне за неколку месеци и да биде завршена до крајот на оваа година, за во функција да биде пуштена во 2020 год.Секретаријатот на Енергетските заедници излезе со свое мислење за исклучоците од правилата на третиот енергетски пакет на ЕУ за идниот гасовод во Србија, кои треба да биде продолжение на турскиот тек, соопштуваат од организацијата. Енергетската заедница е меѓународна организација која ги обединува Европската унија и неколку соседни земји како би се создало обединет европски пазар.Извор : Курир.рс

Свет | пред 7 години

7 год.
jens-stoltenberg-1

Столтенберг: На 6 февруари ќе испишеме историја: Сојузниците на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол со Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека на 6 февруари ќе се одржи церемонијата на потпишување на пристапниот документ за членство на Македонија во Алијансата.„На 6 февруари ќе испишеме историја: Сојузниците на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол со идната Северна Македонија заедно со МНР Димитров“ напиша Столтенберг на Твитер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orce-gjorgjievski1

Ѓораѓиевски: Спасовски место да се грижи за безбедноста, турка кампања за претседател

Во Скопје владее хаос и криминал. Само за 1 месец се пријавени 20 разбојништва. Нема ден да не се вади оружје. Мета се бензински пумпи, обложувалници и пошти. Прашање на време е кога ќе падне првата жртва бидејќи Оливер Спасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат или се во коалиција со криминалот, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.„Оливер Спасовски го интересираат лични амбиции и кариерата. Место да се грижи за безбедноста, турка кампања за претседател и не превзема ништо за намалување на криминалот.На 1 јануари се евидентриани 3 кражби. Во две има закани и употреба на физичка сила. Неколку дена потоа е ограбена бензиска со пиштоли на автопатот Тетово-Скопје. Ограбена е и куќа во Сопиште.Заедничко за сите кримминали е тоа што нипто не се расчитува. МВР крие колку дела се пријавени во Скопје, а колку од криминалите се расчистени. Нема место во Скопје, нема ден кога не е извршено разбоништво. Градот ни е претворен во крвава арена. Полицијата никаде ја нема да ги заштити граѓаните. Оваа власт ја наруши безбедноста и мора да си замине“, изјави Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nesrea-naplatna-srbija

(ВИДЕО) Снимка од страшната несреќа во која загина жена а 4 лица се повредени, меѓу кои и директорот Зоран Бабиќ

Српските медиуми објавија снимка од страшната несреќа која се сличи вчера на наплата рампа и во која загина жена, а 4 лица се повредени, меѓу кои и директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ, кој има тешки повреди - отворени скршеници по телото.Српската полиција денеска го уапси возачот на директорот на Коридорот на Србија, Зоран Бабиќ, Д.С.(35) поради тешка повреда на безбедноста на сообраќајот.Во тешката сообраќајна несреќа на наплатата рампа кај местото Дољевац, во близина на Лесковац, загина Станика Глигоријевиќ(52) од селото Дебелица, а повредени се уште 4 лица, меѓу кои и Зоран Бабиќ.Инку несреќата се случи кај наплатната рампа Дољевац на автопатот Ниш-Лесковац.

Свет | пред 7 години

7 год.
kal-rudari-brazil

(ВИДЕО) Се појави снимка од моментот кога пукна браната во Бразил

На интернет се појави видео снимка од моментот кога пукнала браната во Бразил, при што животот го загубија 99 лица, а 259 се водат како исчезнати.Спасувачките екипи соопштија дека шансите за пронаоѓање преживеани е мали.Бразилскиот рударски гигант „Vale“ соопшти дека на семејствата на погинатите ќе им биде исплатено по 27.000 долари.https://twitter.com/PolitzOficial/status/1091406152666103813?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1091406152666103813&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3029410-brdo-se-pomera-odvaljuje-i-brise-sve-pred-sobom-pojavio-se-snimak-trenutka-u-kome-je-pukla-brana-u-brazilu-koja-je-odnela-sto-zivota-video

Свет | пред 7 години

7 год.
lidija-petkoska

Петкоска: Ги повикуваме сите еколошки друштва и здруженија кои беа многу гласни со грижата за езерото, да се разбудат од зимскиот сон

Продолжува праксата на неодговорно однесување на локалната администрација која се обидува преку Советот да протурка штетни и непримерни одлуки, обвини на прес-конференција Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на УЖ.Таа истакна дека една од точките на дневниот ред е легализацијата на седум бесправно изградени објекти во кампот Градиште.Во продолжение пресс конференцијата на петкоска во целост:Имајќи предвид дека откакo „дојде животот” и „цвета” слободата на информирање многупати останувате неинформирани за значајни случувања во градот, а кои се однесуваат токму на нас жителите на оваа оптштина, во пресрет на следната седница на Советот на општина Охрид би сакале да ви предочиме неколку значајни информации.Продолжува праксата на неодговорно однесување на локалната администрација која се обидува преку Советот да протурка штетни и непримерни одлуки. Имено, на следнта седница една од точките на дневен ред е и Предлог-програмата од област на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид. За помалку информираните, покрај другото, со таа одлука се определуваат и цените на парцели кои се предмет на издавање под краткотраен закуп по пат на јавно наддавање или непосредна спогодба-плажи.Само пред 10 месеци на предлог на господинот Константин Георгиевски како тогашен координатор на советничката група на СДСМ, заедно со нашата советничка група беа усогласени и изгласани почетни цени за надавање кои сметавме дека се реални и во согласност со пазарот.Сега, игнорирајќи ја оваа одлука во потполност, како никогаш да не била донесена се предлагаат износи и повеќе од двапати пониски од претходно донесените, без ниту еден збор образложение. Ова можело да се случи само како резултат на намера, или пак на крајно неодговорно однесување на администрацијата. И во двата случаи некој треба да понесе одговорност.Сакаме да напоменеме дека градот, односно сите ние, веќе трпиме штети заради несклучените досега договори за закуп, а корисниците и натаму ги користат без никаква закупнина. И додека постапката која е започната е заглавена во лавиринтите на Iослободената и најправна државa од било кога досега” истата покажува неверојатна агилност во други случаи. Па така, една од точките на дневен ред е легализација на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште. Замислете, во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации. Повторуваме, во кампот Градиште, веднаш до еден од најубавите езерски брегови воопшто во светот, на едно од најстарите езера во Европа не било никаков проблем да се легализираат бесправно изградени објекти.Ги повикуваме сите еколошки друштва и граѓански здруженија кои до неодамна беа многу гласни со својата грижа за езерото, да се разбудат од зимскиот сон и да продолжат и да се грижат и да се борат за зачувување на езерото. Во спротивно ќе сметаме дека нивните претходни активности биле водени од сомнителни мотиви, истана Петкоска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во ВМРО-ДПМНЕ пристигнати осум кандидатури, меѓу кои Ѓорчев и Силјановска, останатите се чуваат во тајност

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ пристигнати се вкупно осум кандидатури на кандидати за претседател меѓу кои и оние на пратеникот Влатко Ѓорчев, професорката Гордана Силјановска и на Филип Петровски. Останатите кандидати засега се чуваат во тајност.Рокот за поднесување на претседателски кандидатури во ВМРО-ДПМНЕ заврши во четвртокот, но партијата остави простор од 48 часа за апликациите што се пратени по пошта.Кандидатурите ќе бидат разгледани од партиска комисија, која треба да утврди кој од апликантите ги исполнува предвидените услови. Кандидатите потоа добиваат шанса за промоција во општинските ограноци пред, конечно, да побараат доверба и од 530. партиски делегати на најавениот Конгрес во Струга.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski

Груевски за прв пат ќе се појави во медиум по бегството во Унгарија

Екс премиерот Никола Груевски вечерва за прв пат ќе се појави во медиум по бегството во Унгарија.На телевизија „Сител“ оди најава дека во вестите во 16 часот ќе имаат интервју со како што велат, поранешниот премиер и азилант Груевски.Останува да се види дали Груевски ќе открие како избегал од државата и кој му помогнал.Груевски неколку месеци е во Унгарија каде што и доби азил откако во Македонија беше осуден на 2 години затвор за случајот „Тенк".

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_0107

Шахпаска: Со новиот Закон го враќаме правото на жената сама да одлучува и обезбедуваме безбеден абортус

Владата предводена од СДСМ и коалицијата усвои нов Закон за прекин на бременоста. Правото на жената за прекин на бременоста е неприкосновено. Жената сама, свесно носи одлука за раѓање и број на деца, изјави пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска.„Прекинот на бременост мора да е е безбеден, во услови и на начин согласно медицина базирана на докази и од стручни лица.Нема веќе административни процедури: комисии, нема веќе пристрасно советување, нема 3 дена чекање, нема веќе носење одлуки во нејзино име.Прекин на бременост ќе се прави и на примано ниво на здравствена заштита во услови и начин предвидени со закон“, вели Шахпаска.Таа додава дека прекин на бременост ќе се прави по барање и дадена согласност на жената до 12 седмица, а во одредени случаи и до 22 седмица.„Жената ќе знае како се изведува, колку и какви последици носи интервенцијата. Животот на жената е пред се.Минатата власт донесе закон кој го отежна пристапот до безбеден абортус, го ограничи правото на избор, ги стигматизираше и осудуваше жените.Со новиот закон се гарантира нејзиното достоинство, приватност, информираност и доверливост.Со овој закон исполнуваме уште едно изборно ветување. Законот наскоро ќе влезе во собраниска процедура и апелираме до сите пратеници заеднички да го поддржиме во интерес на жените и нивното здравје“, изјави Шахпаска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Америка окована во мраз, Австралија гори – разлика од 100 степени во температурите

Додека Америка се бори со екстремно ниските температури, во Австралија просечната тепмература е 30 степени.Американскиот среден запад го погоди поладна зима отколку на Антартикот, а на некои места беа забележани дури 36 степени под нулата. Бруталните услови за сега однесоа 12 животи, училиштата се и понатаму затворени, а на жителите им се советува да не се задржуваат надвор.Ладниот бран се прошири и на североисточниот дел на САД, додека метеоролозите за викендот прогнозираат потопло време.Од друга страна, во Аврсталија температурите се многу високи.Најмалку пет дена беа со дневна температура од 40 степени. Временските услови предизвикаа пожари и зголемување на бројот на пациенти во болниците. Исто така предизвикаа и смрт на повеќе од 90 диви коњи.https://twitter.com/severeweatherEU/status/1088379687649378305?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1088379687649378305&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3029085-dva-rekorda-na-suprotnim-stranama-sveta-dok-se-u-americi-smrzavaju-gore-nego-na-antarktiku-u-australiji-ne-pamte-ovakve-vrucine-foto

Свет | пред 7 години

7 год.
5

Премиерот Заев во посета на „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и со в.д. градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, вчера беа во посета на германската компанија со подружница во Република Македонија, „Костал Македонија ДООЕЛ Охрид“.По кратката обиколка на фабриката, Премиерот во својата изјава, меѓу другото истакна дека е импресиониран од капацитетот и од условите за работа коишто ги нуди Костал, германска компанија којашто веќе трета година во Република Македонија произведува електронски и мехатронски делови за автомобилската индустрија.Понатаму во својата изјава, Премиерот рече:„Согласно договорот за државна помош, компанијата до крајот на минатата година требаше да инвестира помеѓу 20 и 30 милиони евра и да вработи најмалку 300 луѓе. Но актуелната состојба покажува дека овие бројки не само што се достигнати, туку дека се и многу поголеми од предвидените.Како што ме информираше раководството, компанијата досега инвестирала 29 милиони евра, а во фабриката се вработени околу 350 луѓе. За истакнување е фактот дека просечната бруто плата изнесува повеќе од 730-тини евра или нето платата е 495 евра, што е близу до просекот којшто е амбиција на сите граѓани во Република Македонија.Нивните амбиции продолжуваат и се очекува зголемување на капацитетите и во финансиски ефекти и во нови работни места.Костал Македонија ДООЕЛ Охрид, којашто е директна странска инвестиција, е уште еден доказ дека Владата на Република Македонија е посветена на креирање политики коишто придонесуваат и за рамномерниот регионален развој.Во оваа прилика, би сакал уште еднаш да го повторам ветувањето коешто им го дадовме на моите сограѓани, а тоа е дека 2019-тата ќе биде година на силен економски раст и развој. Ве уверувам дека економски Република Македонија, а наскоро Република Северна Македонија, многу повеќе ќе напредува. Стандардот на граѓаните забрзано ќе расте.Со зачленувањето на Република Македонија во НАТО и со започнувањето на преговори со Европската Унија забрзано се отвораат економските перспективи за развој на земјата. Затоа силно сме фокусираме на креирање на уште по квалитетни економски проекти.„Костал„ претставува добра пример и силна мотивација за следните инвестиции во Република Македонија“.

Македонија | пред 7 години

7 год.
najcevska

Најчевска со нов кандидат за претседател

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил напиша дека според неа претседател на државата треба да биде професорката Ирена Стефоска.„Повторно ме прашаа, кога веќе сум запнала за жена претседател кого би го предложила.И јас повторно велам: Ирена Стефоска.И воопшто не се зафркавам и имам многу добри аргументи.1. Таа е жена.2. Е професор, а не некој пилиштарец кој уште не знае врвците на чевлите правилно да ги врзе или се пијанчи по американските клубови.3. Има повеќе познавање за Македонија и нејзината историја од било кој од тие кои себе си се нарекуваат патриоти.4. Беше дел од Хелсиншкиот комитет и знае што се тоа права на луѓето и како да ги брани.5. Беше дел од Шарената револуција и храбро се спротистави на моќниците.6. Како пратеничка не стана дел од стадото, не се покори на партискиот диктат и прилично брзо ја прележа болеста на власта без да и биде направена неповратна лоботомија.7. Не е корумпирана и има огромни шанси да не стане корумпирана.8. Со двете нозе стои на земјата и знае што може, а што не може да се направи во државата.9. Околку себе има круг на многу паметни луѓе кои во секој момент ќе и ја дадат интелектуалната поддршка која ќе и затреба.10. За разлика од фикусот кој до сега зафаќаше место во претседателската куќа зборува повеќе јазици (меѓу кои и на неколку наши најблиски соседи од несловенско потекло)“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Aleksandar-Pandov

Пандов: Ѓорчев е Тоти, ама ВМРО-ДПМНЕ го има Марадона, затоа тој треба да игра

Аналитичарот Александар Пандов на Фејсбук ја коментира изјавата на Мицкоски дека Влатко Ѓорчев е како Франческо Тоти во фудбалот, и порача дека ВМРО-ДПМНЕ го има и Марадона.„Денес е последниот ден од конкурсот во ВМРО за претседателски кандидат. До сега се поднесени две од Влатко Ѓорчев (Тоти) и од Гордана Силјановска Давкова (goga_soros). Во случај сепак Заев да се охрабри и да излезе на парламентарно соочување со народот, сметам дека ВМРО треба да има претседателски кандидат.Од тука јас се приклучувам на повикот од Миленко Неделковски кон Коце Трајановски да поднесе кандидатура на партиската конвенција. Ако Влатче е Тоти, Коце е Марадона во ВМРО ДПМНЕ. Мојата поддршка важи само и само ако има и парламентарни избори“, напиша Пандов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во среда амбасадорите на земјите членки на НАТО ќе дадат согласност за членство на нашата земја

„Согласно утврдената постапка за прием на нови членки во НАТО, како и според чекорите што произлегуваат од Договорот од Преспа, во среда, на 6 јануари, амбасадорите на земјите членки на НАТО во Северно-атлантскиот совет, ќе го потпишат Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, со новото уставно име Република Северна Македонија.Со овој чин, 29-те земји членки ќе ја изразат својата согласност нашата земја да станеме дел од системот и процедурите на НАТО, и учествува во работата на телата на алијансата како поканета земја членка, без право на глас.Веднаш по согласноста за Протоколот за пристапување во членство на нашата земја во НАТО, ќе започне и почнува процесот на негова ратификација во парламентите на секоја од земјите членки на алијансата. Грција прва ќе го ратификува Протоколот, по што Договорот од Преспа стапува на сила и уставните амандмани влегуваат во сила.Откако ќе заврши процесот на ратификација на Протоколот во сите 29 земји членки, нашата земја, со новото уставно име, ќе стане полноправна членка на НАТО со право на глас за сите одлуки на сојузот“, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51541516_10218566128769419_5264583126876684288_n

Исчезна маж од Скопје, семејството бара помош

Исчезна Алибен Абдул кој последен пат е виден вчера (01.02) во 10 часот како излегува со количка за на пазар со тркалца.„Носи црна монтка, плав џемпер и плава кошула, црни панталони и окер боја чизми со врвки. Носи и црна ташна торбица за преку рамо. Излезен е без сите лични документи, без новчаник и телефон. Висок околу 1.67, тежина околу 68 кг, има зелени очи и проседа коса. Контактибилен е, нема губиток на меморија или ориентација во простор. Случајот е пријавен во полиција. Оние кои можеби ќе го забележат да се јават на некој од следниве броеви: 077602-032; 070814060; 077631120“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=10218566145809845&id=1382330415

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поради дефект без вода улица 166 во Скопје

Поради уличен дефект во ф-3/4“ во ул.166 бр.28, денес прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица до завршување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
51270219_2179564365423097_8018622302893637632_n

Шилегов се сретна со возачот од ЈСП кој пронајде паричник полн со пари и му го врати на сопственикот

Градоначалникот Шилегов се сретна со Мирослав Деспотовиќ, возачот на автобус на ЈСП кој деновиве пронајде паричник полн со пари во автобусот што го возел и му го врати на сопственикот.- Постапката на Мирослав сите не воодушеви. Тоа е вистинскиот начин да се постапи во вакви случаи, да се покаже чесност и хуманост, да му се помогне на оној што е во неволја. Оваа случка е вистинска можност да се потсетиме на вистинските човечки вредности – рече Шилегов.Мирослав Деспотовиќ, возач на автобусот со број 53, што сообраќа од Транспортниот центар до Катлановска бања деновиве пронајде паричник паднат меѓу седиштата. Деспотовиќ веднаш го пријавил случајот во внатрешната контрола на јавното претпријатие. Сопственикот на паричникот, скопјанецот Фериз Шабани, бил контактиран и си ги добил парите и документите назад уште истиот ден.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања