Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
zemjodelci

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите од 1,5 милиони евра

Владата предводена од СДСМ изнајде решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година, велат од СДСМ.„Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион.Со предлог измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои треба да се најдат во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски кон лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје.Веднаш потоа државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за предадено грозје во конкретниот период, за да бидат исплатени во најкус рок.Продолжува вистинската грижа кон лозарите, кон земјоделците. Се решава уште еден наследен проблем од власта на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%

СДСМ наместо живот им донесе беда на македонските граѓани. Со криминалниот картел на власт во континуитет се зголемува сиромаштијата во Република Македонија. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека  функционерите од власта секојдневно  се богатат со нови грантови и тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Откако е СДСМ на власт трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% . Тоа покажува дека власта на граѓаните им донесе поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат директно кај криминалниот картел на аболицираниот Заев.Економијата е закована на дното. За прв државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра,  додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%.Наместо да растат платите на граѓаните, растат платите на вицепремиерите. Растат даноците, растат државниот и јавниот долг , а расте и корупцијата. Власта ја закова Македонија на 93 место на листата на Транспаренси Интернешнл на индексот за корупција, во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама.СДСМ ги урниса институциите во земјава, судството и обвинителството работат по партиска нарачка, здравството е во колапс, образованието во тотален хаос и целото општество е поделено. Власта со насилното и неуставно носење на законот за јазици ја поларизира државата и ги подели граѓаните како никогаш досега.Понижувањата кои ги нанесоа  Заев и СДСМ резултираа со капитулантскиот договор со  Грција кој насилнички го изгласаа и спротивно на волјата на граѓаните го менуваат Уставот и уставното име на Република Македонија.СДСМ донесе уназадувања, порази и црнила на секое можно поле. Токму затоа аболицираниот Зоран Заев бега од предвремени парламентарни избори затоа што се плаши да се соочи со гневот на македонските граѓани.Граѓаните на Република Македонија повеќе не смеат да живеат во оваа беда која ја донесе СДСМ. Тие заслужуваат достоинство, повисок стандард и просперитетна иднина. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори за да се стави крај на црнилата и конечно граѓаните и Република Македонија да почнат да напредуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-borisov-17

Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Софија на 4-ти февруари 2019 година.„Тие ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.Премиерот Заев ќе ја предводи делегацијата во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.Програмата започнува со заедничко положување на венец на пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147 годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија, Боил Баново.За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Церемонија на потпишување на „Програмата за соработка во областа на културата“ меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи во прес салата на Министерскиот совет“, велт од Владата на Република Македонија. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski1

Мицкоски за Димовски: Човек кој безпоштедно се троши за Македонија, човек со кичма и став

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил му даде поддршка на пратеникот Љупчо Димовски, за кого Собраниската комисија за деловнички мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на партеничкиот имунитет.„Човек кој безпоштедно се троши за Македонија! Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон. Љубац до крај заедно, во добро и во лошо“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
25-1

ФОТО: Груевски во Унгарија без венчалната бурма

По објавувањето на интервјуто со екс премиерот Никола Груевски, се анализира секој детал на снимката. Од тоа како изгледа, како седи, што носи, како се однесува, кои гестикулации ги прави, како зборува... и ред други детали. Се отиде до таму што се забележа и еден детал. Тој повеќе не ја носи бурмата која додека беше во Македонија не ја вадеше од прст.Прашање кое се наметнува, дали додека беше премиер протоколот внимаваше до секоја ситница па екс премиерот носејќи бурма на некој начин покажуваше хармоничен брак ( и покрај тоа што бурмата во денешно време не е мерило за тоа) или пак можби Груевски кога бегал од Македонија не успеал да ја земе.Инаку прв пат по десетина години, Никола Груевски во првото интервју по неговото бегство, се појави без венчалната бурма. Експремиерот живее сам во Будимпешта, како што рече во интервјуто згрижен од пријатели. Дома во Скопје, се неговата сопруга Боркица и двете ќерки.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ ја одложи седницата на Извршниот одбор

СДСМ ја одложи седницата на Извршниот одбор која требаше да се одржи денес, поради отсуството а некои министри од државата.. На истата требаше да се расправа за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.Ваквото тактизирање, пак, се повеќе ја оддалечува идејата за двојни избори, од причина што, нема да има време за техничка влада на сто дена пред избори.Но, на крај се`ќе зависи од политичкиот договор меѓу партиите. СДСМ се уште ги крие и кандидатите, за кои финалната одлука треба да ја донесат делегатите на конгресот на трети март.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југозападен ветер. По одделни котлини ќе има слаба магла, особено во утринските часови. Температурата ќе се движи од 7 до 15 степени.Во Скопје променливо облечно време, со сончеви периоди и температура од 2 до 13 степени.В понеделник ќе има локални врнежи од дожд, но со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Од среда се очекува да бидеме под северно воздушно струење, ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе се засилува, а со тоа ќе предизвика расејување на маглата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по наместа влежни коловози, можна е појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski_1904_g111_3-640x437

Груевски: Го направив тоа за да го заштитам мојот живот и да оневозможам оваа власт да се изживува врз мене

Бегалецот Никола Груевски во вечерашното интервју на Сител на прашањето дали стравува од екстрадиција, Груевски одговори дека остава властите да решат за тоа.„Ги имаат сите мои искази, бев во два наврата да даам интервју на кои ми беа поставени стотици прашања поврзани со причините за заминување од Македонија, детали околу тоа. Одговорив на сите прашања, вршеа проверки и потоа донесоа такви одлуки. Го направив тоа ште е најдобро да го направам за да го заштитам мојот живот и да оневозможам оваа власт да се изживува врз мене, да ме става во затвор и да го донесе во прашање мојот живот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tirana-1

Голема полициска акција во Албанија - уапсени 32 лица поради недозволена трговија со луѓе

Во голема полициска акција во повеќе градови во Албанија, уапсени се 32 лица меѓу нив и полициски службеник, кои се занимавале со недозволена трговија со луѓе од Албанија кон западно европските земји и САД.Полицијата соошти дека се запленети и апарати со кои се изработувале фалсификувани документи, поголем износ на пари, автоматска пушка фалсифкувани документи и оти се трага уште по четири лица.– Акцијата „Погрешен пат“ беше спроведена во Тирана, Драч, Елбасан, Корча, Фиер, Валона, Берат и Ѓрокастро а беа вклучени 250 полициски службенци. Членовите на оваа криминална група ги снабдувале заинтересираните лица со фалсификувани патни исправи и други документи за патување во земјите на ЕУ,за што наплатувале од 3 до 5 илјади евра, за САД и Канада по 20.000 долари и за Велика Британија 10.000 фунти, соопшти полицијата.Лицата со фалсификувани пасоши за одредената дестинација тргнувале од Албанија, Црна Гора, Италија, Грција, Франција и Норвешка.Мегаакцијата на албанската полиција, реализирана во соработка со меѓународните партнери, ја поздрави министерот за внатрешни работи Сандер Леши, оценувајќи ја како „силен удар против организираниот кримнал“.– Последователен силен удар против организираниот криминал. Шверцерите ги мамат граѓаните, го поткопуваат слободното движење и нашата европска иднина. Борбата протв органзиранот криминал, мисија во служба на иднината, напиша Леши на Твитер.

Свет | пред 7 години

7 год.
makedonija-NATO

(ФОТО) Под кое име нашата држава ќе го потпише пристапниот документ за НАТО, Северна Македонија или Скопје?

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку неговиот профил на „Твитер“ соопшти дека на 6-ти февруари ќе биде потпишан пристапниот документ за членство на Македонија во Алијансата. Но, под кое име Р Македонија ќе биде? Северна Македонија или Скопје?  https://twitter.com/jensstoltenberg/status/1091622386754093056?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1091622386754093056&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F296672%2Fnato-ke-go-potpise-protokolot-so-makedonija-na-6-ti-fevruariЦеремонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел. По потпишувањето на пристапниот протокол, секоја од земјите членки на НАТО ќе треба да го ратификува членството на Македонија. Се очекува оваа процедура да заврши кон крајот на годинава или почетокот на следната година, со што Македонија официјално ќе стане членка на НАТО откако сите 29 членки ќе го ратификуваат протоколот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Filip-Petrovski-TV-Nova

Филип Петровски го моли Груевски да го поддржи јавно за да биде претседателски кандидат

„Кандидатот за претседател од „Македонија – Блокира„ на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски преку својот Фејсбук прпфил побара од екс премиерот Никола Груевски да застане зад неговата кадидатура.„Го повикувам Груевски јавно да застане зад мојата кандидатура за Претседател на Република Македонија. После се негова негација би бил кандидат на ДПМНЕ од СОРОС кој е во роднински врски со Мицковски. Ајде Груевски осмели се и исправи ја твојата неправда кон мене од Валандовскиот Конгрес“, стои во објавата на Петровски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kontrolori

(ФОТО) Контролори во ЈСП нaпaднaлe патник!

Граѓаните кои се возеле со автобус бр 50 на ЈСП, биле сведоци на инцидент. Имено како што пишуваат на социјалните мрежи патничка која посведочила на настанот, контролорите во ЈСП нacилнo извадиле патник од автобусот, и речиси го нaтeпaлe.Ова не е прв инцидент предизвикан од вработени во ЈСП, за кој сведочат граѓани кои го користат јавниот превоз. Неодамна по социјалните мрежи се пишуваше за контролор на ЈСП кој врескал по патниците со пoгpдни збopoви, нaвpeди и пцoвки.За ваквиот однос на контролорите на ЈСП се уште нема реакција од градските власти.https://www.facebook.com/emi.slave/posts/2078025295652437

Скопје | пред 7 години

7 год.
gruevski-2

СДСМ: Кукавицата Груевски ќе се врател - Да, ама во затвор, Мицкоски е марионетата која мисли дека му го чува местото во ВМРО-ДПМНЕ

Македонија во среда седнува на своето столче во НАТО, а кукавицата и бегалец од правдата Никола Груевски, го чека неговото столче во ќелија. Успехот на Република Македонија е неговиот најголем пораз, велат од СДСМ.„Шефот на Мицкоски од Будимпешта, агентот Груевски глуми жртва и патолошки лаже.Граѓаните, жртвите на Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење кое им одзеде 11 години од животите, одамна го оставија и му кажаа: збогум криминалецу!Во главата на Груевски има само ликвидации и црни сценарија исто како кај Мицкоски.Граѓаните слушнаа дека истите зборови на Никола Груевски излегуваат речиси секојдневно од устата на неговиот пион Христијан Мицкоски.Јасно е, Христијан Мицкоски е марионета која мисли дека му го чува местото на Груевски.Најголемата казна за Груевски е што му пресуди народот, а сега, на изборите истото го чека и неговата марионета Мицкоски.Груевски може да ги почне мемоарите, но ќе ги заврши во затвор.Ќе се врати и ќе одлежи според стандарди, во нашата демократска и напредна земја, членка на НАТО“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tabla-uciliste

(ФОТО) ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ од Кисела Вода ги отстрани таблите на кои пишуваше „Република Македонија“

Таблите на кои беше напишано името на училиштето и н државата „Република Македонија“, отстранети од основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ од Кисела Вода. Одлуката е донесена и спроведена без консултација и известување на советот на родители, велат извори за порталот Скопје инфо.Сеуште е нејасно што е причината за избрзаниот чекор имајќи предвид дека државните институции, граничните премини и дипломатско-конзуларните претставништва ќе имаат рок од седум дена по ратификацијата во Грција на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО да почнат со замена на таблите.Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик.Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.извор: Скопје Инфо

Скопје | пред 7 години

7 год.
foto1-2019

НСДП: Владејачката коалција треба да излезе со единствен кадндат за претседател кој ќе ја добие довербата и ќе ги обедини граѓаните

„Централниот одбор на НСДП денеска во Скопје одржа редовна седница со повеќе точки на дневен ред за актуелни политички теми, помеѓу кои се најдоа и отчет за сработеното и постигнатите резултати на избраните и именуваните функционери во институциите на системот, градење на став на партијата во однос на претстојните претседателски и евентуални предвремени парламентарни избори.Во функција на негување на внатре партиските демократски капацитети на одговорност и отчетност,  повеќе носители на јавни функции од редовите на НСДП, за изминатиот период од година ипол од стапувањето на функциите до денес, пред члановите на Централниот одбор и претставници на општинските организации на партијата дадоа пресек за постигнатите резултати на институциите со кои раководат, како и осврт на прироитети кои ќе бидат во нивното работење до крајот на мандатот.На седницата на Централниот одбор се дискутираше и за можноста за одржување на предвремени парламентарни избори, за што беше изграден став дека на Македонија во овој политички момент тие не и се потребни.НСДП смета дека решавањето на повеќедеценскиот проблем со името и отворањето на евро-атланските перспективи пред државата поставува агенда која бара надминување на партиските и уважување на државните интереси. НСДП е на ставот дека реформите кои ЕУ ги очекува од нас како држава да ги испорачаме, за во јуни годинава да добиеме одлука за почеток на преговори, не дозволува дефокусирање на политичката енергија и блокирање на институциите на системот со брз парламентарен изборен циклус. Во оваа насока, Централниот одбор на партијата  изгради став дека негувањето на демократската политичка култура во земјава бара напуштање на праксата на претходната авторитарна владејачка  гарнитура на одење на брзи предвремени парламентарни избори и воспоставување на нов однос кон чинот на гласање на граѓаните, што ќе значи давање на шанса својата оценка за работењето и исполнувањето на програмските ветувања на Владата да ја дадат на избори по завршување на четиригодишниот мандат.Во однос на претстојните редовни претседателски избори, на денешната седница на Централниот одбор беше оценето дека владејачката коалција треба да излезе со единствен кадндат кој ќе ја добие довербата не само на политичките партии кои се дел од неа, туку со својот интегритет и јасни евро-атлански ставови ќе демонстрира капацитети да ги обедини граѓаните независно од нивната политичка, етничка или религиозна припадност. Имајќи го во предвид ова, конечниот став за конкретен кандидат за претседател на државата органите на  партијата  ќе го донесат по завршувањето на отпочнатите процедури на негово утврдување во рамки на коалицијата“, велат од НСДП.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sneg-u-americi-2-830x0-1

Груевски: Јанкуловска тоа го прави заради вербата дека ќе го намали политичкиот прогон

Екс премиерот и бегалец Никола Груевски во вечарашното интервју на телевизија „Сител“ истакна дека не им се лути на неговите доскорашни блиски соработници за изјавите, со кои го осудуваат неговото бегство.„Тоа само докажува дека луѓето се апсени по политичка одлука, а не по судска. Тие ни криви ни должни беа уапсени. Имав информација дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски биле ставени на список за притвор за предметот Талир, но вака добија притвор десетина дена порано.Луѓето беа во тешка ситуација, тие се под тежок притисок. Власта владее само со уцени, со страв. Не им се лутам, мораат така да кажат и јас ги разбирам. Ја разбирам и Јанкулоска, таа е притисната, во таква ситуација каква што е, не и замерувам. Ги знам нејзините ставови, сме работеле долго време. Секој кој работел со мене можел да даде сугестија, предлог, критика, но тогаш верувале дека тие одлуки се најдобри за државата. Тоа го прават заради вербата дека ќе го намалат политичкиот прогон врз нив“, вели Груевски. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-trajkovski

Груевски: Не никогаш не сум организирал насилство над пратеници, нити сум одобрил такво нешто

Екс премиерот проговори и за обвинувањата упате кон него дека е организатор на насилствата кои се случија на 27 април во собранието на Р Македонија. Тој вели:„Не никогаш не сум организирал такво нешто, ниту преќутно сум одобрил такви нешто.На прашањто дали стравува од екстрадиција? Тој вели:„Ќе оставам на властите. Бев во два наврати да дадам интервју, едното беше 6 часа, другото 2 часа. Тие одлучуваат за тоа прашање. Јас отценив дека го направив она што морав, затоа што нема да дозволам да се изживуваат врз мене.Сепак Груевски и ако е во Унгарија, вели дека има пријатели кои многу често го посетуваат од Македонија.„Можам да кажам дека висок процент проценив дека ми се пријател, но мал прцент од оние на кои им верував не“, вели Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Груевски кажа каде живее, што прави, со кого се среќава...

Од Македонија заминав многу едноставно, заминав во Аалбанија. Таму се пријави во Унгарската амбасада во Тирана и побарав политички азил. И од таму дојдов во Унгарија… Бев транспортиран поради безедносни причини, истакна екс премиерот Никола Груевски во ексклузивното интервју за Сител телевизија.Пред речиси повеќе два месеци имам статус на азилант, го побарав поради политичкиот прогон од власта. Властите го разгледаа тоа и донесоа одлука дека постојат доволно докази и причини државата Унгарија да издаде азил заради политички прогон.Тука немам никакви ограничување и не ми треба обезбедување.Само првите два дена бев во хотел, ми беше помогнато од пријатели, бев поканет кај нив и така го решив тоа прашање.Засега не сум почнал ниту да работам, вклучен сум во многу други активности, имам многу состаноци.Имам многу посети од Македонија. Со луѓе од власта немам контакт. Со сопартијците од раководството немам контакт, но имам со многу пријатели.Имав полициско обезбедување кога се движев, тие не седеа кај мене. Обезбедувањето доаѓаше наутро кога ќе им се јавев и навечер си одеа. Имаше денови кога сум останувал дома, како и секој нормален човек, и тогаш тие не доаѓаа.Јас најпрво бев со намера, доколку власта оди до крај, да влезам во затвор. Иако ненамерно, иако со тотално луди пресуди без законска основа. Во последните денови добив информации за моја ликвидација во затворот и тогаш ја променив одлуката. Ја донесов одуката во самиот крај. Добив информација од лица кои беа добро информирани од состојбите внатре во затворот. Имав сериозни сознанија од сигурни лица.На прашањето како од вашиот дом избегавте , кога знаеме дека ве чуваа , Груевски вели:„Јас имав полициско обезбедување кога се движам. Немавме куќичка пред зграда да ме чуваат 24 часа. А имало денови кога сум останувал дома , така да не беше чудно да не се јавам“На прашањето пак дали власта ви помогна при бегството, екс премиеротв вели:Власта да ми помогне не..Груевски не откри кој му помогнал при бегството. Тој вели:„Јас најпрво бев со намера да влезам со затвор. Иако неправедно бев осуден. Се е тоа политички прогон без права основа. Но последните денови добив сознанија за моја ликвидација во затворот. Затоа ја променив одлуката ... конечната одлука ја променив постепено“, вели Груевски. Тој не откри од кого ги добил информациите дека сакаат да го ликвидираат.„Имав серизони сознанија. Неможам тоа да го кажам сега , затоа то неможам тоа да го докажам. Но имав сериозни сознанија“Зошто унгарија?Проценив дека станга збор членка на НАТО И ЕУ , и сигура земја, вели Груевски.На прашањето дали екс премиерот имал контакт со властите од Угарија,Албанија, Црна Гора, тој вели:„Заминав во Албанија. Од таму во Унгарија со документ од Унгарската амбасада во Тирана. Во Унгарија емигрантските власти да одлучат. Не, не сум разговарал со Орбан. Апслолутно јас еден ден ќе се вратам, јас не сум дојден тука да живеам. Јас ќе се вратам. До полследен момент се борев на суд, но кога видов дека треба да влезам во суд за нешто што не сум виновен, се одлучив да заминм, вели Груевски.Груевски проговори и за статусите кои ги објави на Фејсбук.Првиот на 13 ноември во кој најави дека барате азил, по што следниот ден беа уапсени неговите соработници Јанакиевски и Божиносвки.„Првата изјава беше во време кога се носеше законот за двојазичност тиранската платформа. Тогаш напишав, ако јас сум на мета да бидам. Но, што направи Заев, ниту државата ја оставви, и плус испоапсија луѓе без основа. Да секако ако се откажеше од тиранската платформа,, јас би се пријавил да бидам жртва.Да, тие се ни криви ни должни, а беа уапсени. Власта си испланирала и тие да ги стави во притвор. Списоците за тоа не ги носи судот. Не им се лутам . Луѓето баа во тешка сутуација. Тие се под тежок протисок им се закануваше казна, власта е способна само да врши политички прогон, владеење со страв со уцени.. за дела , реформи, напредок, инвестиции не ги бива.На прашањето дали и Груевски има влијание врз пратениците како што се зборува за неговиот прв братучед Сашо Мијалков, Груевски вели:„Јас не сум имал никакво влијание на пратеници, знаете како јас гласав. Јас гласав онака како што верувам дека траба и она што е најдобро за државата. Се зборува дека Мијалков така постапил, но докази нема. Не се мешам во одлуката на партијата. Се трудам на никој начин да не се мешам во одлуките на партијата“, вели тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bekim-murati-1

(ВИДЕО) Градоначалникот на Сарај, Беким Мурати учествуваше во „пошумување“ на пастрмката во реката Треска

Градоначалникот на Сарај, Беким Мурати, учествуваше во пошумување на пастрмка во реката Треска.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/367115780537277/ 

Скопје | пред 7 години

7 год.
pruga-veles

Безживотно тело на пругата Велес – Градско - го забележал машиновозачот

На пругата Велес – Градско кај железничката станица „Згрополци“ вчера во 18.45 часот машиновозач забележал тело на маж на пругата, информира СВР Велес.Од СВР Велес информираат дека безживотното тело го забележал машиновозачоч и веднаш пријавил во полиција.Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски вели дека по извршениот увид било утврдено дека станува збор за 62-годишниот М.О. жител на Велес.Лекар на медицинска помош консатирал смрт, без траги на насилство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Filip-Petrovski-TV-Nova

Македонија-Блокира: Претседателскиот кандидат Петровски го бара списокот на делегати на Конвенцијата во Струга

„Кандидатот за претседател од „Македонија - Блокира„ на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски,  денеска, сабота, 2 февруари 2019 поднесе барање до Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го добие списокот на делегати на Конвенцијата во Струга на 16 февруари каде ќе се избере кандидатот за претседател на Република Македонија.Исто така, од страна на Петровски е побаран и списокот на претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.Барањето е со цел кандидатот Петровски во непосредни презентации да ги запознае делегатите на Конвенцијата како и членството преку општинските комитети со своите програмски определби како претседателски кандидат“, велат од Македонија Блокира.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП: Нема злоупотреба на деца во мали групни домови и згрижувачки семејства

Министерството за труд и социјална политика нajостро ги демантира невистините што ги шири здружението „5 ДО 12“.„Најодговорно тврдиме дека нема информации за злоупотреба на деца во мали групни домови и згрижувачки семејства. Исто така МТСП до овој момент, нема добиено никаква писмена забелешка од страна на граѓанското здружение "5  ДО 12" поврзани со наводна злоупотреба и негрижа за децата.Секој кој што тврди дека има сознанија и докази, го повикуваме писмено да ги достави и пријави во надлележните институции, во спротивно ќе се сметаат за соучесник во истите.Она што сакаме да потенцираме е дека Центрите за социјална работа имаат евиденција за сите деца без родители и родителска грижа кои се сместени во згрижувачките семејства и малите групни домови. Исто така, има прецизни статистики колку деца има и точно се знае каде е згрижено секое дете. Центрите имаат и евиденција, колку слободни згрижувачи има на располагање во тековниот месец.Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува со поддршка од меѓународните партнери УНИЦЕФ, УНДП и Европска делегација и за истиот постои Акциски план и Национална стратегија. Со системското решение, секое дете без разлика дали е сместено во мал групен дом, или згрижувачко семејство добива континуиран стручен надзор од вработени во Центрите за социјални работи и од вработени во малите групни домови. Згрижувачите се во постојан 24 часовен контакт со социјалните работници, а семејствата се посетуваат и по неколку пати месечно.Исто така, надзор во малите групни домови и кај згрижувачките семејства врши Заводот за социјални дејности и Секторот за инспекциски надзор во Министерството.Апсолутна лага е и дека и тврдењето дека не постои стадарди и систем за избор на згрижувачки семејства како и обуки за згрижувачите. Најодговорно тврдиме дека постои соодветен систем за регрутирање и обука на соодветни згрижувачки семејства и истата ја спроведуваат Центрите за социјална работа по Програма подготвена од страна на ЈУ Завод за социјални дејности. Исто така сите згрижувачи ја поминуваат  ПРАИД обуката која е лицинцирана програма  и се применува во најразвиените европски земји.Со новиот Закон за социјална заштита кој е во собраниска процедура  се придвидува и зајакнување  на оваа поддршка преку  формирање на посебни центри за поддршка на згрижувачките семејства кои  ќе вршат проценка, обука и мониторинг на  згрижувчките семејства“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Мартиновски: Главната улица во Бутел четири месеци е раскопана и по неа не може да се вози

Повеќе дупки по улиците на општина Бутел до сега немало никогаш, но денеска ќе го истакнеме најгорливиот проблем за граѓаните, изјави Тони Мартиновски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Бутелска, главната улица во општина Бутел, четири месеци е раскопана, целата е со дупки и по неа не може да се вози. Бутелчани се револтирани, секој ден ги кршат своите возила, а и секојдневно се соочуваат и со метеж бидејќи на двонасочната улица, возилата се движат само по една коловозна лента , бидејќи возачите ја избегнуваат раскопаната по која има огромни кратери.Жителите на населбите Бутел и Радишани постојано ни се жалат и велат дека секој ден мораат да вртат низ споредни улички за да излезат на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош бидејќи од дупките на главната улица претрпуваат огромни штети на семејниот буџет, за поправка на своите возила.Град Скопје во октомври минатата година ја раскопа едната страна на улица Бутелска за поставување нова цевка за атмосферска канализација. Оттогаш улицата нема асфалт, а до пред неколку дена не беше поставен ни тампон слој.Градоначалникот на Скопје, Шилегов се правда, моли за разбирање на граѓаните, но не кажува зошто повеќе од четири месеци не нашле решение да се оспособи улицата за сообраќај.Според членот 22 од Законот за локалната самоуправа граѓаните имаат право на надомест доколку возилата им се оштетени заради раскопаните улици.Како советничка група на ВМРО ДПМНЕ во општина Бутел бараме од општината лично да се заангажира и да побара од градот Скопје час поскоро да се реши овој горлив проблем на граѓаните, револтот од ден на ден се повеќе расте и трпението се намалува особено затоа што за оваа ситуација немаат слух ниту градот ниту општината“, вели Мартиновски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51112721_399592307266340_6409413819335966720_n

(ВИДЕО) Николовски: Државата ќе го исплати долгот на „Повардарие“ и „Стефанс винарија“

Државата ќе го исплати долгот што винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“ го имаат кон лозарите во најбрз можен рок, ова денеска во Кавадарци им го соопшти на лозарите од тиквешкиот регион, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. При тоа министерот Николовски дека со ваквата одлука на Владата ќе бидат опфатени сите лозари кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои што во тој период биле регистрирани во регистарот на МЗШВ , а обврските не им биле подмирени, односно не добиле пари за предаденото грозје. Николовски посочи дека в понеделник ќе се направи измена на Законот за земјоделство и рурален развој , а во вторник на владина седница ќе се донесе одлука со која државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за грозје предадено пред во посочениот период, за да бидат исплатени во најкус можен рок.„Заокружуваме еден процес во кој што бевме сите, ние како ресорно министерство, ДИЗ, Платежна агенција, градоначалниците  и пратениците од Тиквешкиот регион, лозарите . Државата согласно Законот за земјоделство и рурален развој и итните измени на законот кои пратениците од Тиквешкиот регион ќе ги предложат во понеделник ќе го овозможи правниот основ да државата ги преземе овие обврски и тоа ќе биде за сите оние лозари кои го предале грозјето во периодот 2014-2016 во регистрирани винарници кои биле регистрирани во тој период во МЗШВ но обврските не биле подмирени, а тоа се и винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“.Правна можност постои и со премиерот договоривме во четврток на посебна владина седница, да се измени Програмата и Уредбата за директните плаќања за 2019, со која ќе се создадат услови за исплата на парите. Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, ќе се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра. Ова е вистински пример на грижа на државата за граѓаните  и враќање на парите кај граѓаните“, изјави министерот Николовски.Николовски изјави дека во изминатиот период биле констатирани долговите кон лозарите за грозје откупено во претходните неколку години. Порача дека е недозволиво тоа што го правеле во минатото некои регистрирани субјекти кои откупувале грозје и го ставале под залог, правеле вино и извезувале, а грозјето не го плаќале.Градоначалникот  на Кавадарци, Митко Јанчев посочи дека задоволството е огромно, особено за лозарите од тиквешкиот регион кои егзистираат од оваа земјоделска гранка.„Веќе имаше гнев поради неплатени обврски кон лозарите повеќе од четири години. Добро е што ова сега се реши во така брз период, што за мене претставува гордост. Сите кои учествуваа во овој процес напорно работеа како за свои пари, за да може да се обесштетат лозарите. Добро е кога сите сме задоволни“, изјави градоначалникот Јанчев.Пратеникот Панчо Минов изјави дека има решение и за каматите и судските трошоци на лозарите кои побаруваат пари за грозје продадено пред неколку години.„ По однос на каматите и судските трошоци, побарувањата на лозарите остануваат пред винарниците. Тој проблем нема да биде запоставен и нетретиран. Има решение и за тоа. Има решение и во делот на договорите во кои дваесет проценти мораа да го земаат во пестициди. Голема работа се постигна благодарение на соработката меѓу повеќе субјекти“, изјави Минов.Присутните лозари ја поздравија одлуката. Воедно министерот Николовски им порача на лозарите дека до празникот Свети Трифун ќе ги добијат субвенциите за одржување на лозови насади  за успешно да ја започнат новата производствена сезона.Изминатиов период министерот Николовски одржа повеќе состаноци со лозарите, менаџментот на „Повардарие“, стечајниот управник на „Стефанс винарија“, градоначалниците и пратениците од тиквешкиот регион, се со цел да се најде начин како лозарите да си ги добијат парите за предадениот род.  Паралелно се работи и на соодветни законски измени во новиот Закон за вино,со цел  лозарите ќе бидат заштитени во делот на исплатата за предадениот род.Инаку  откупеното грозје од реколта 2017 година  е целосно исплатено од страна на винарниците. А исплатата на грозјето од реколтата 2018-та е 70 отсто исплатено.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања