Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Министерство за здравство: Сите вакцини се апсолутно безбедни и со важечки рок до мај 2019

Сите дози од МРП вакцината се со добар и проверен квалитет од реномираниот европски производител GlaxoSmithKline од Белгија. МРП вакцината е безбедна и произведена во Европската Унија. Има 2 сертификати, за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. На секоја кутија вакцина и на секое шишенце вакцина има т.н воден жиг на кој стои дека се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година. Ова е единствената потврда дека сите вакцини се апсолутно безбедни и со важечки рок, велат од Министерство за здравство.„Ве информираме дека деновиве е направена внатрешна контрола во сите здравствени домови, при што е утврдено дека во вакциналните пунктови пронајдени се вкупно 635 кутии од МРП вакцината, на кои стојат погрешно залепени декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз, кои бил со важност до месец октомври 2018 година. Истите се пронајдени во ЗД Крушево, ЗД Струга, ЗД Велес, ЗД Демир Хисар, ЗД Крива Паланка, ЗД Вевчани, ЗД Охрид и ЗД Скопје.Направен е и вонреден инспекциски надзор од страна на МАЛМЕД во Скопје. Во текот на утрешниот ден инспектори од МАЛМЕД ќе одат повторно на терен за да ги потврдат наодите каде е детектирано дека има од вакцините со погрешни декларации во вакциналните пунктови во остантите градови. По завршување на инспекцискиот надзор, ќе имаме повторна средба со МАЛМЕД по што ќе следи дополнително известување за медиумите.На денешниот состанок на Комисијата за заразни заболуања, потврдивме дека денеска до 10 часот во Скопје се хоспитализирани 7+1 дете, вкупно 8 деца за едно деноноќие, сите деца се на возраст од 2 години и сите од населбата Ново Лисиче од Скопје и сите оделе во градинката „Сонце“.За овие нови осум пријавени случаи, 5 се потврдени, а за 3 се чека лабаротиска потврда, но имаат јасна клиничка слика за морбили.Досега се заболени вкупно 9 деца од оваа градинка, сите невакцинирани со МРП вакцината. Инаку во групата имало 28 деца сите невакцинирани. Од 16 декември до денеска 11 Јануари, има 23 пациенти хоспитализирани на инфективната Клиника во Скојпе, но за тројца од нив сеуште се чека лабараториска потврда, иако клиничката слика укажува на морбили.Од овие 23 хоспитализирани 9 лица до денес се пуштени на домашно лекување, а 15 се уште се хоспитализирани со клиничка слика за морбили. На клиниката има 120 легла, но треба да се има в предвид, дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија .Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.Најмногу заболени има во населбата Аеродром -Ново Лисиче вкупно 11 деца.Но, има уште 12 пациенти кои биле со полесна клиничка слика, амбулантски прегледани и тие се на домашно лекување, сите од Скопје.Според податоците од Клиниката за инфективнби болести и фебрилни состојби, досега се прегледани околу 40 пациенти за кои имало соменение или се потврдило дека се заболени од морбили.Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот се вакцинирани 1 847 лица, а само денес се вакцинирани се 116 деца.Ги упатуваме сите родители кои се сомневаат дека детето има морбили, или тие самите можеби заболеле, од матичен лекар, да се упатат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Пациентите се прифаќаат таму.Апелираме, сите деца кои не се вакцинирани, тоа да го направат пред да почне училишната година. Штом ќе заврши училишниот распуст, ќе има и теренска вакцинација по училиштата.Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dvorovi

(ФОТО) Охрид ги избра најубаво украсените дворови

Петта година по ред, општина Охрид избира најубаво украсен двор или балкон по претходно распишан конкурс. Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски, денес, ги врачи признанијата и наградите на трите најубаво украсени дворови.Првото место му припадна на Марјан Шапкароски, второто место на Ванчо Кркулески, додека третото на Јована Бандилова. Наградниот фонд за прво место изнесуваше 10.000 денари, за второ место 6.000 денари, а за трето 4.000 денари.Прва наградаВтора наградаТрета награда

Македонија | пред 7 години

7 год.
zarkova

Инцидент или провокација?Откриен идентитетот на девојката која била турната на протестот

Ангелина Заркова од Штип студент на унверзитетот Св. Кирил и Методиј е девојката која дали е „жртва“ или сакаша да направи „инцидент“ на денешниот протест.Имено на денешниот протест пред собранието Заркова се качила на бината и викана „Јас сум за Нато“, ова изреволтирало некои од демонтрантите, по што ја истуркале од бината.Инаку во моментов пред Законодавниот дом се одржува протестот на „Македонија блокира“. Граѓаните кои се против промената на уставното име веќе трети ден паралелно со 75-тата собраниска седница на чии дневен ред се токму уставните измени, се собираат пред Собранието.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kuce-bugarija

(ОБНОВЕНО и ВИДЕО) Кучиња трагачи ги пронашле загинатите во Банско

Девојка и момче загинале денес во Пирин, во регионот на Банско, кај врвот Тодорка откако настанала лавина.Неофицијално, жртвите сами ја предизвикале лавината.На местото работел целиот одред на Планинска спасителска служба – Банско, заедно со кучиња трагачи.Читател до редакцијата на Бугарски 24 часа испратил видео во кои се гледа како со помош на куче вадат еден од затрупаните.Од скијачкиот центар препорачуваат скијачите и сноубордистите да не се оддалечуваат од пистите и да не навлегуваат во опасни зони.Според „Блиц.бг“, загинатите се Бугари.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Демонстрантите пред Собранието малтретираа и буткаа девојка

Пред Собранието денеска беше мирна атмосферата и со мал број денонстранти, се додека не се случи инцидент откако жена се качи на импровизираната бина, пишува ФОКУС.ВИДЕОТО ВИДЕТЕ ГО ТУКА.Демонстрантите ова го сфатија како провокација и еден од нив ја повлече и ја поведе надвор од толпата.Жената извикуваше „Ништо не можете да ми направите“ и повикуваше помош, но никој од полицијата не интервенираше иако пред Собранието има полициски кордон. Таа извикувала дека е за ЕУ и НАТО.Демонстрантите потоа се свртеа кон новинар кој го снимаше настанот и му забрануваа да снима. Ситуацијата се смири откако новинарот се повлече.

Скопје | пред 7 години

7 год.
bansko

Лавина во Банско, загинале двајца скијачи, по две лица се трага

Двајца туристи неофицијално Грчки скијачи загинале од лавина во Банско, објавија бугарските медиуми. Според првичните информации инцидентот се случил околу 12 часот. Телата на загинатите биле пронајдени од планинарските спасувачи.Некои бугарски медиуми објавија дека уштe две лица се водат за исчезнати. Планинската спасителна служба од Банко е на терен.  По нив се уште се трага.

Свет | пред 7 години

7 год.
Janushev

(ВИДЕО) Јанушев: Случајот Талир е директен доказ дека СЈО е само нем извршител на наредбите на Заев

Фабрикуваното обвинение за случајот Талир кое според информациите во медиумите е прифатено од Кривичниот суд е уште еден обид за груб политички притисок за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени за промена на името и идентитетот, изјави Игор Јанушев на денешната прес-конференција.„СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена не се прифатливи.Случајот Талир е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и притисоци.Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните промени се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја критична мисла и сила која се спротивставува на антидржавните политики на СДСМ и Заев, кои одат во спротивност со македонските национални интереси.Промената на името и договорот со Грција не поминаа на референдум, па сега се обидуваат на секој можен начин да дојдат до пратеник плус за да покажат некаков вештачки легитимитет на она што нема никаков легитимитет од народот - промена на името“, вели Јанушев.Тој додава дека случајот Талир е директен доказ дека СЈО и Кацарска судството се само неми извршители на наредбите на Заев и СДСМ кои имаат за цел да ја зацрнат и уништат државата.Кацарска судството е под целосна контрола на власта и се користи за политички притисок против опозиционото делување на ВМРО-ДПМНЕ. Замрзнувањето на партискиот имот како и прогонот на десетици илјади членови на партијата е показател дека власта не сака опозиција, дека власта не сака некој да се спротивставува на нејзините антидржавни политики и и пречи секој елемент со државотворна македонска определба на политичката сцена.Притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ е одраз на стравот на СДСМ, кои соочени со огромното незадоволство на граѓаните гледаат како очајно гледајќи дека им тоне рејтингот, целта е да се осуети опозицијата и нејзиното делување како за уставните измени, така и во пресрет на претстојните претседателските избори. ВМРО-ДПМНЕ ниту промена на име ќе прифати ниту било што друго за што ќе оцени дека е штетно за граѓаните на Република Македонија.Притисоците и заканите кои ги спроведува СДСМ преку СЈО, Кацарска судството и Русковска обвинителството ќе доведе до преиспитување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за нашето понатамошно институционално делување.Заев тргни ги рацете од народот, не можеш да ја спречиш волјата на народот“, вели Јанушев

Македонија | пред 7 години

7 год.
Stoilkovski

(ВИДЕО) Стоилковски: Македонија станува окупирана држава од луѓе кои што се на власт и на сила го менуваат името

Македонија е жртва на личната желба за спас на политичката кариера на Зоран Заев. Тоа значи заштита на криминалот на власта, тендерите и нивните бенефиции. За Македонија, значи погазено достоинство, сменето име, сиромаштија и беда, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Ако минатите месеци бевме сведоци на насилно туркање на уставните измени, денес насилството засилува и кулминира. Изминатите 24 часа власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини и пријатели - за да ги поддржат уставните измени.Имаме неформални сведоштва од луѓе, чиј што идентитет од разбирливи причини нема да го откриеме, за јавувања од посредници кои што се повикуваат на Зоран Заев. Во игра се пари, ветувања за ослободување од политички прогон, за возврат за поддршка на уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија“,изјави Стоилковски.Тој додава дека Македонија станува окупирана држава од луѓе кои што се на власт и на сила го менуваат името!„Според непотврдени информации, дел објавени од медиумите, поранешни функционери од нашата партија, уценети со случаи дел од политичкиот прогон, под закана за нивната слобода, се ставени во функција да убедуваат со јавувања по пратеници нивни роднини и пријатели.Против овие луѓе кои што сега се притиснати да работат за Зоран Заев има конструирани обвиненија и судски случаи. Сега оние кои што не издржаа, на овој начин се борат за свое опстојување на слобода.Но сепак, Македонија е поважна, побитна од било чија лична судбина. Затоа ги повикуваме да не ги прифаќаат насоките и да ги ослободат од притисоци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што веќе донесоа одлука да не учествуваат во насилната промена на Уставот.Да не му се дава ветер во грбот на Зоран Заев кој паѓа во сопствената жива кал! Да ја ставиме Македонија пред личниот интерес. Државниот интерес пред партискиот, да ја ставиме Македонија на прво место!Државата е погазена, институциите се згазени. Заев е уплашен човек кој што почнува да губи“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
MTV

Поплава во МРТВ - вработените вознемирени

Утрово во зградата на Македонска радио телевизија поради поплава настана голема вознемиреност и паника кај вработените, објави magazin.mk.Во зградата работи само еден лифт и настанати се турканици поради тоа што во зградата се сместени повеќе државни институции.Текстот во целост на magazin.mk

Скопје | пред 7 години

7 год.
Capture-6

БЕСА: Остануваме силно посветени на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО

„Сега, кога е актуелна улогата на пратениците за очекуваните уставни измени, а двајца пратеници, дојдени некогаш од една друга партија во Движењето БЕСА му се спротивставуваат на овој процес, бараме од медиумите да имаат разбирање за овие разлики и секогаш кога треба да информираат за ставот ПРОТИВ на тие пратеници, да ги споменуваат преку нивните лични имиња или преку фракцијата која ја претставуваат.Притоа, ние уште еднаш потврдуваме дека Движењето БЕСА со своите три пратеници останува силно посветена на усвојување на уставните измени и членството на земјата во НАТО, убедена дека на тој начин се реализира и еден дел од нашата програма, но и еден висок интерес на Албанците во Македонија, кој воедно е и стратешка цел на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49385902_983580905185258_8481582776259182592_n

Протест во Тетово: Стоп за уништување на Попова Шапка

Во сабота (12 Јануари 2019) со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи протест кај Жичарата Тетово – Попова Шапка против уништувањето на овој туристички центар.„Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше да го има за дванаесет месеци!Да се мобилизираме што повеќе, за да ја изразиме нашата подготвеност да побараме одговорност од Владата, за да ги преземе потребните чекори кон трајното решавање на проблемите на Попова Шапка.Да ја спасиме Попова Шапка“, стои во повикот за протест.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vakcina

Нови вакцини со истечен рок, ќе има санкции за увозникот

Нови вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград, пишува Независен.Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови.„Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок. Планираме денеска да ги имаме резултатите од контролата и да ги обелодениме. Се проверуваат и вакциналните пунктови. Тоа што е направено со декларациите е техничка грешка. Ќе има санкции за компанијата увозник по ваквиот пропуст, тоа во моментов го разгледуваме“, објаснува Ибраими за „Независен весник“.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG-6ddcd6a4ca576df51178a4b7cdce7481-V-01

Спомен обележје во Радовиш за загинатите полициски службеници

„Во темелите на државите се вградени и живототите на хероите, кои со своите дела се пример за сите нас. И Република Македонија е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, наши браќа, синови, татковци“, рече министерот Оливер Спасовски денеска во Радовиш, каде пред Полициската станица беше откриен споменик за загинатите полициски службеници од овој град.„Ова што го имаме им го должиме на нашите херои кои со своето највеличествено дело и залог, сопствениот живот,  оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. И затоа денеска, кога овде во Радовиш ги споменуваме имињата на Ерол Готак, Сашо Соколов и  Коце Крстев, свесни сме за долгот што ни е оставен, за благородната, човечка и доблесна обврска да водиме грижа и да не заборавиме - никогаш, за нив и за нивната жртва“, рече Спасовски.Наша должност пред нив е, рече Спасовски, да го чуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство.Градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов во своето обраќање потенцира дека градот Радовиш секогаш ќе им оддава почит на хероите за нивната храброст, тројцата млади луѓе кои животот го дадоа служејќи и на својата татковина.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Седницата во Собрание презакажана во 15 часот, Мицкоски ги повика пратениците на седница на ИК

Во Собранието денеска продолжува 75-тата седница за уставните амандмани, и истата најверојатно ќе започне во 15 часот.Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција изјави дека се уште се во преговари со партијата Беса на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората, но засега нема официјални информации за текот на преговорите.Исто така лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика сите пратеници на седница на Извршниот комитет на партијата и состанок со пратеничката група.Пред Собранието за денеска е најавен нов протест против промена на името во организација на здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“ на кои им се приклучи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-pres

Мицкоски свика седница на Извршниот комитет

Денес во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет на партијата и состанок со пратеничката група.Исто така во текот на денот ќе се одржуваат состаноци на кои ќе се разговара за состојбата поврзана со уставните измени. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
malta-1

Бездомник искршил излог на Малта бидејќи сакал да го вратат назад во Србија

Бездомник од Србија искршил стаклена врата од продавница на Малта.Миодраг Петровиќ (20) е уапсен под обвинение дека ноќта на 8 јануари оштетил лизгачка врата, со што направил штета од 472 евра.Обвинителот во судот изјавил дека во моментот кога Миодраг бил уапсен изјавил дека пиел пиво, но не бил пијан.„Тој то направил тоа со цел да биде вратен во неговата земја. Бил бездомник и живеел на улица. Сака да се врати во Србија“, изјавил обвинителот.Адвокатката која му е доделена по службена должност вели дека и е жал за клиентот бидејќи е во тешка ситуација без роднини или пријатели.Според судот тоа не е оправдување, но сепак во носењето на пресудата влијание имало и тоа што тој ја признал вината.Петровиќ е прогласен за виновен и осуден е на 18 месеци условна казна затвор, а исто така мора да плати 472 евра за штетата во рок од 6 месеци.Според информациите Миодраг ќе биде вратен во Србија во најкраток можен рок

Свет | пред 7 години

7 год.
Zimska-sluzba-11-3

Град Скопје: Коловозите се целосно чисти, се дорасчистуваат тротоарите и велосипедските патеки

Екипите на зимската служба на Град Скопје продолжуваат со интензивните активности за расчистување на снегот по обилните врнежи.„Коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните.Во текот на изминатава вечер повторно се поминати сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“, пришто беа фрлени 432 тони сол.И изминатово деноноќие екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ работеа на чистење на јавните површини и тротоарите. Снегот го чистеа 60 вработени рачно и со механизација - мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол.Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ со два камиона, четири машини и останата потребна механизација вршеа расчистување на патеките од снег во зелените површини, тротоарите и парковите за олеснето движење на граѓаните.Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите, и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет“, велат од Град Скопје. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Mila_Carovska_Minister

МТСП: Бездомниците се згрижуваат во прифатни центри, дежурните тимови на социјалните центри на терен

Поради екстремно ниските температури Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните доколку забележат бездомно лице да го пријават на дежурните телефонски броеви за да биде сместено во некои од прифатните пунктови коишто се во функција од почетокот на зимскиот период.Пријавувањето може да се прави  на следните телефонски броеви: Скопје: 071 733 171, 071 411 908, 071 261 778; Битола: 070 791 770; 071/397-272; 071/397-875; Струмица: 070 381 660; Струга: 070 317 612 / 046 781 733. По пријавата на овие телефонски броеви мобилните тимови од Центрите за социјална работа и на Црвениот крст излегуваат на терен и ги згрижуваат бездомниците во неколку пунктови во Скопје и низ Македонија каде што добиваат чиста облека, топол оброк, греење и лекарска помош. На лицата коишто одбиваат да се сместат во некој од пунктовите им се дистрибуира вреќа за спиење, ќебе, облека, храна.МТСП во соработка со Црвен крст во Скопје од пред еден месец го стави во функција интервентниот центар за бездомници „Момин поток“ каде што има 32 легла. Во периодот од 16.12.2018 до 09.01.2019 година реализирани беа 226 преспивања.Покрај овој интервентен центар во функција се уште три регионални прифатни центри во Битола, Струмица и Струга. Исто така, МТСП ги задолжи сите Центри за социјални работи низ Македонија на своите веб страници да објават дежурни телефонски броеви за пријавување на  бездомниците и другите семејства без соодветни услови за живеење.За лицата и за семејствата кои од најразлични причини се доведени во состојба да немаат дом, како една од формите за вонинституционална социјална заштита на бездомни лица, воспоставен е Центар за бездомни лица Чичино село кој функционира согласно Законот за социјална заштита.Со цел да ги заштити од ниските температури семејствата со деца коишто живет во импровизирани живеалишта под Кале, Министерството за труд и социјална политика уште во текот на ноември минатата година обезбеди сместување за дел од нив. Околу 15 семејства се преселија во привремената монтажна населба во Визбегово, а дел  85 лица, од кои 49 се деца се сместени во во установата „Ранка Милановиќ“.Вакви активности беа преземени и во текот на зимата 2017/2018, кога околу 120 лица без сместени во објекти на установа за социјална заштита, со тоа што истите беа вклучени во пилот Програма за поддржано живеење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja-1

Без струја дел од општина Гази Баба

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека на ден 11.01.2019 година, поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа денес , без напојување со електрична енергија ќе останат од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од нас.Сингелиќ - ул.Фуштанска од бр.37 до 39, 41, 53, 55, 57 и 59 (опш.Гази Баба - Скопје).

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Единствена Македонија: Измеќарот Заев опиен од власт и профит не може да разбере што значи сплотеност за национален интерес

„Откако дојде до сплотеност и единство во одбрана на името и од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, и од Единствена Македонија и големиот број организации кои членуваат во „Македонија-Блокира“ и воопшто од сите сите национални и патриотски сили во земјата и дијаспората, странскиот измеќар Зоран Заев е во паника и затоа секојдневно по налог на своите странски газди плука против сплотениот македонски народ кој се бори да го спречи Заев да избрише се што е македонско.Борбата за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ  не е битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа!За жал на македонскиот народ, измеќарот Зоран Заев опиен од својата поданичка улога спрема своите странски газди и болните амбиции за власт и ненормално трупење на профит од позиција на власт не може да разбере што значи национален и државен интерес на Република Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48960127_2164643993787910_1272792542894620672_n

„Самсон и Далила“ во Македонската опера и балет

Во вторник, 15 јануари, 2019 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс.„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска),  додека во насловните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија),  Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Мицкоски и Бачев работат против државните интереси, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ

Откако се сведе на портпарол на Јанко Бачев, антизападниот пион Христијан Мицкоски, јавно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО, велат од СДСМ.„Занесени во спроведувањето на антизападните и антидржавни наредби од нивниот шеф, кукавицата-бегалец Никола Груевски, Мицкоски и Бачев заборавија колку граѓаните и Македонија се поголеми од нив.Граѓаните се поголеми од нивната омраза, од нивната желба за поделби, од нивните црнила.Македонија е поголема од антизападните маргиналци Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа Никола Груевски многу добро го знае.Граѓаните ги поразија деструктивните политики на Мицкоски и Груевски, го поразија режимот. Граѓаните не сакаат да се вратат во темното минато туку одбраа светла иднина во ЕУ и НАТО.Македонија и граѓаните нема да дозволат да бидат блокирани, заглавени. Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО колку и тоа да не му се допаѓа на портпаролот Мицкоски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-1

ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува

Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот која беше јасно изразена на 30 септември. Народот јасно кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери.Државниот апарат 2 години е нефункционален, наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси.Образованието е во хаос, здравството на колена, земјоделието во очај. Буквално црнила на секое поле.Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името.Зоран Заев е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија.Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Зората мора да изгрее за Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kalendar

Празникот Богојавление неработен за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2019 година (сабота), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсен Косовар кој се барал со меѓународна потерница

На 10.01.1019 година во 15.10 часот на Граничен премин Долно Блаце од слобода бил лишен А.С.(26) од Косово врз основа на меѓународна потерница.Во 17.45 часот лицето е предадено на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања