Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Забрана за камиони на патните правци Маврово-Дебар и Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.„Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.Забрана за сообраќај за автобуси има на патниот правец Тетово – П.Шапка.Од превентивни причини во 16.30 ч вчера е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
proslava-po-glasanjeto

(ФОТО) Џафери пуши, но се е дозволено кога се слави нели?

На прослава се дозволува се, па дури и во законодавниот дом. Оние кои ги носат законите и кои први треба да ги почитуваат, очигледно прават отстапки.На денешната прослава по собраниската седница на која беа изглесани уставните имени, покрај пијалок се запали и цигарче но и пура.Само за потсетување Владата во 2017 правеше измани во закон за пушење. Според новиот закон , не смее да се пуши во локалите каде се служи храна, а дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители. Тие одлучуваат да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.Така е во кафулињата. А како е во законодавниот дом. Сега засега знаеме дека има налепници насекаде дека НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПУШИ. Но, за кого важат овие предупредувања?

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Столтенберг со честитка до Заев за успешното гласање во Собранието

Генералниот сектретар на НАТО Јенс Столтенберг, преку Твитер му честиташе на Заев за успешното гласање во Собранието.„Му честитам на премиерот Зоран Заев за собраниското финално гласање на Договорот од Преспа. НАТО силно го поддржува целосното имплементирање на Договорот, што важно допринесува до стабилен и просперитетен регион – напиша Столтенберг на Твитер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
proslava-po-glasanjeto

(ФОТО) Заев, Џафери, Ахмети и останатите слават за Северна Македонија

По завршивањето на собраниската седница прослава за успешно завршената работа.Инаку со 81 глас „за“ вечерва беа изгласaни амандманите за промена на Уставот. Со тоа од македонска страна нема пречка за имплементација на Договорот од Преспа. Сега следува негово гласање во грчкиот парламент.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Курц: Ова е охрабрувачки и голем чекор напред за пристапување на Северна Македонија во ЕУ

Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц, преку својот Твитер профил го поздрави изгласувањето на уставните измени.„Усвојувањето на уставните измени од Парламентот во Скопје денеска е многу охрабрувачки и голем чекор напред во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Се надеваме дека со ова се создава позитивен импулс во целиот регион. ЕУ е комплетна кога сите земји од Западен Балкан се приклучија“, напиша Курц.https://twitter.com/sebastiankurz/status/1083795568009318407?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1083795568009318407&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fpolitika%2Fkurc-ova-e-chekor-napred-za-pristapuvanje-na-severna-makedonija-vo-eu

Македонија | пред 7 години

7 год.
stojnce-stoilov

Стоилов: За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!

Стојанче Стоилов не издржа, објави емотивен коментар на својот профил на социјалната мрежа фејсбук. Тој напиша:„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!Срам да ни е на сите….За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ !!!https://www.facebook.com/stole.stoilov/posts/10217947473019683Инаку македонскиот пикер Стојанче Стоилов, денеска беше прогласен за најдобар играч на средбата каде Македонија ја совлада Јапонија на светското првенство во ракомет.Стоилов е мошне емотивен кога ќе се спомене Македонија и македонскиот идентитет. На крајот од месец декември македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ затоа што за прв пат годнава на оваа манифестација се боруваше и на албански јазик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
8fe0aef5abc446d46994a4ffd519dbff

Албански министер: Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор

По изгласувањето на уставните амандмани во Собранието, Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати на Твитер напиша дека придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.„Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки“, напиша Бушати. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
pogreb-makedonija

IN MEMORIAM: Република Македонија

Лавина од коментари на социјалните мрежи предизвикаја денешната седница на која беа изгласани уставните измени. Клетви, неверување од една страна и среќа и задовлство од друга страна. За едните Македонија почина денеска, за другите земјава конечно тргна да го оди вистинскиот пат.Проклети да сте предавници е најчестиот пост кој се постира вечерва, или пак оној каде тагува за починатата земја.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Горд сум што сум на вистинската страна од историјата

По изгласувањето на уставните амандмани во Собранието, Министерот за надворешни работи, Никола Димитров се огласи на Твитер.”Испишуваме историја со отворање на нашата иднина. Докажавме дека чуда се можни. Покажавме дека сме Европејци, не само географски, туку и според европските вредности. Горд сум што сум на вистинската страна од историјата”, напиша Димитров на Твитер.https://twitter.com/Dimitrov_Nikola/status/1083795451793551360

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

СДСМ: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја

Засекогаш ќе остане запаметено: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја, велат од СДСМ.„Победи сигурната иднина наспроти темното минато.Победи напредокот наспроти кочењето и блокадите.Победи вистинскиот патриотизам наспроти служењето за туѓи антизападни интереси.Граѓаните се горди на сите пратеници кои го поддржаа членството во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет.Кога ќе има избори не зависи од Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.А портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски, може да се спрема само за нов пораз на кои било избори.Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени токму од граѓаните на следните парламентарни избори, без разлика кога тие ќе се одржат.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов,ниту нов Груевски.ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Мицкоски и Груевски ќе се соочат со пораз на претседателските избори годинава“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49614633_2010774012562955_2459227316534902784_n

(ФОТО) Министерот Филипче ја вакцинира својата внука со игла со капаче

Веќе одреден период Министерството за здравство преку прес-конференции и кампањи на социјалните мрежи повикува родителите да ги вакцинираат своите деца со вакцината МРП.Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку дена на Фејсбук објави дека ја вакцинирал внуката Илина, во обид да ја охрабри македонската јавност, а особено скептиците и заговорниците против имунизацијата.„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на Фејсбук.Но, денес на социјалните мрежи се појави истата фотографија од блиску, па многумина ја наметнаа идејата дека всушност станува збор за игла со капаче.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
dzes-bejli12-620x336

Честитки и од Бејли: Македонија донесе историска одлука

Македонија донесе историска одлука, вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција, истакна американскиот амбасадор Џес Бејли во неговото обраќање по усвојувањето на уставните измени.https://www.facebook.com/USEmbassyMacedonia/videos/317392068890376/

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

(ВМРО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските

„Денес ИК  на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеничката група беше во постојано заседавање и ги донесе следните заклучоци:ВМРО-ДПМНЕ не ја подржува промената на Уставот со цел промена на името, идентитетот, културата и историјата и тој став е непроменет и се темели на партиската идеологија и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8 септември 1991 и 30 септември 2018.ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, кутурата и историјата се направи на насилен и криминален начин по пат на притисоци закани и пазарење. Одлуката за промена на името е одлука на 81 пратеник, не е одлука на Македонските граѓани. Со ова се суспендира волјата на граѓаните. Ова е чин на предавство.Со овој договор се нанесува штета на македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправенаДенес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ останат на власт Македонија ќе продлжи да губи и на ова и на сите други полиња. Ова мора да престане да се промени, а ќе се промени доколку овие луѓе си заминат од власт. Поради ова ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни избори заедно со претседателските.Почитувани граѓани, вие давате и земате власт затоа избори се потребни на кои народот ке има глас да каже каква Македонија сака: Северна Македонија на Зоран Заев или Македонија на народот .Овие црнила на Заев ќе бидат поразени, а Македонија ќе победи и зората ќе изгрее“, изјави Мицкоски на денешната прес-конференција. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
6-2

Комитите на ФБ: Пpeдaвcтвo не пpocтувaме! Сега ќе се насмевнете, затоа што се чувствувате безбедни, но ќе се смени се наскоро

Комитите се огласија на социјалната мрежа фејсбук. Тие напишаа:Нашата мајка штотуку беше силувана од 81 манијак, силувањето беше координирано од 1 организатор плус 1 директен помагач за надворешна употреба, плус 39 воајери, нејзини синови и ќерки, неми посматрачи на овој гнасен чин на групен инцест.Сите ќе одговараат пред судот на народот! Ни во гробовите нема да имаат мир, нивните имиња и презимиња ќе бидат погрдни зборови од најпоган вид, клетви од најстрашен вид, нивните ликови ќе бидат користени како карикатури, како црни ликови во човечката историја кои го продадоа својот род, калаштури врз чие тело е исфрлан секретот на најгнасното што постои и што го гази ова наше парче земја, секрет на душмани...Во продолжение лик од статусот на комитите на ФБ....https://www.facebook.com/KomitiZapad87/posts/2003535683034040

Македонија | пред 7 години

7 год.
mogerini-han

Честитки од Могерини и Хан за изгласаните уставни измени

Пристигнаа честитки за денешните уставни измени. Некој како само да чекаше за да ги испрати. Првите честитки до Владата пристигнаа од високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан.Според нив “ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа”.“Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој создава пример за помирување за регионот и за Европа како целина.Во очекување на завршувањето на следните чекори што ќе доведат до целосна имплементација на Преспанскиот договор, Европската унија останува цврсто решена да продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата кон заедничката стратешка цел за интеграција во ЕУ”, изјавија Могерини и Хан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
makedonija-rakomet

Убедлива победа на Македонија против Јапонија на СП во ракомет

Македонија триумфално го почна СП во Германија и во Данска, откако во првата средба убедливо ја совлада Јапонија. Македонија победи со резултат 38:29 (18:13), што е наш највисок триумф во првите натпревари на светските првенства, и на своето конто ги запиша првите два бода.Нашите избраници одиграа одиграа одличен натпревар, особено во нападот, но ќе мораат да ја подобрат својата игра во одбраната, која денеска прими 29 голови и тоа при еден перфектен учинок на Борко Ристовски, кој одбрани 20 удари.Македонија имаше контрола во текот на целата средба. Првиот гол го постигна Дејан Манасков, а многу брзо стекнавме и водство од два гола, 1:3.Одличен беше и Борко Ристовски, кој во 20. минута ја забележа својата 10-та победа, а првото полувреме го заврши со цели 14. Првото полувреме заврши со резултат 13:18, во полза на Македонија.На почеток на второто полувреме Јапонија го направи својот последен обид да дојде до резултатски пресврт. Јапонците ја искористија својата брзина и во неколку наврати ја намалија нашата предност на три гола. Но, Македонија брзо го скроти овој порив на противникот и повторно ја презеде комплетната контрола врз натпреварот. Конечниот резултат е 29:38 и тој означи сигурна и целосно заслужена победа на нашиот национален тим.За најдобар играч на средбата е прогласен македонскиот пикер Стојанче Стоилов.Следниот натпревар на ова светско првенство ќе го одиграме в недела, а наш следен противник ќе биде селекцијата на Бахреин.

Спорт | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Со возило го однеле во „Камник“ и физички го нападнале

На 10.01.2019 во 12.34 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен И.А.(30) од село Арачиново, кој пријавил дека бил физички нападнат од лицата О.Н. и Х.Н..Според пријавата, во населба Ченто тие насилно го ставиле во возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и го однеле во близина на стрелиштето „Камник“, каде физички го нападнале.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Владата им честита на сите граѓани и пратеници за преземената одговорност со која се отвораат вратите за НАТО и ЕУ

Граѓаните на Република Македонија, преку нивните претставници во Собранието, вечерва, со прифаќањето на уставните измени, напишаа ново, историско поглавје на нашата државност, велат од Владата на Република Македонија.„Тоа е чин кој оддава државничка одговорност и силен патриотизам зашто ги прави апсолутно остварливи двата најголеми државни интереси – членството во НАТО и ЕУ. Пратениците, имајќи го предвид врвниот интерес на граѓаните, гласаа за договор кој овозможува меѓународно интегрирање и признавање на нашата земја како суверена држава, со целосно потврдување на идентитетските посебности на Македонците и на сите граѓани на земјата.Остварувањето на овие придобивки дојде преку прецизирање на името на нашата држава со географската одредница – Република Северна Македонија.При тоа, македонскиот јазик ќе биде меѓународно признат во сите сојузи. Нашата химна, нашето знаме - остануваат исти и заштитени. Нашето државјанство ќе биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија.Денеска отворивме нова, светла перспективна иднина за сите граѓани на нашата земја, за доброто на нашите деца. За мирна, безбедна земја, каде што Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други етнички заедници ќе живеат подобар и просперитетен живот.Владата на Република Македонија изразува благодарност до сите граѓани и до сите поддржувачи и партнери на земјата, за големата и значајна поддршка низ целиот процес на прифаќање на Договорот од Преспа, со кој се обезбедува иднината на државата како рамноправна членка на НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Mickoski-pres

Мицкоски со порака до Заев: Ех Зоране... ќе остане запишано

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави видео на својот Фејсбук профил, со кое му порачува на Заев дека сето ова што го прави го прави за пари, моќ и функции„Кога не знаеш зошто се случува ова синко, да знаеш за пусти пари го продаде својот народ.За власт, за моќ, за функции.И затоа денес ги нема парите, ниту во народот, ниту во фирмите."Ех Зоране... ќе остане запишано“, напиша Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/324949361458012/

Македонија | пред 7 години

7 год.
bankari

(ФОТО) Во пресрет на Василица банкарите вртат колбаси со паричка

Во банкарските гругови парите се вртат на секакви начини, па дури и во колбаси.Традицијата да се врти паричка за среќа пред Православна Нова Година во Охрид се чува со години, а од година во година поедини граѓани си прават и сопствени ритуали и на различни начини „вртат“ парички за среќа.Така вработените во „Охридска Банка“ место лепче веќе 5 години вртат колбаси, па дури се потрудиле да направат бренд „ Вртење колбаси“ кое има и свои основачи, и во овие ритуали учествуваат само мажи.Тие традицијата која сами ја воспоставиле ја негуваат, па дури и брендираат, па така годинава покрај колбаси со паричка биле поделени и брендирани чаши со „ тајфата банкарски работници“ која секоја година учествува во ритуалот на вртење колбаси.Вртењето паричка за Православна Нова Година е традиција која на овие простори опстанала од времето на Византија кога византиските цареви во Цариград ( денешен Истанбул ) на народот за Нова година му раздавале леб со паричка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
deskoska-1

Дескоска: Министерството за правда, клучен услов за евроинтеграциите

На денешниот брифинг за медиумите, министерката за правда, Рената Дескоска истакна дека очекува оваа година Собранието да се посвети на реформскиот пакет од Министерството за правда, како клучен услов за евроинтеграциите.Во собраниска процедура се влезени неколку значајни закони од областа на правосудството, но и Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.Министерката Дескоска апелираше до пратениците опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да истакнат свесност за значајноста на овој закон и да се откажат од одредени барања кои се штетни за законот и ќе го загрозат квалитетот на законот.- Она што е реално проблем во амандманите е барањето за бришење на условот за забрана за политизација на членовите, односно спречувањето одредени членови што биле политички активни или биле донатори во изминатиот период да не бидат членови на ДКСК. Понатаму, барањето да се тргне надлежноста на ДКСК да врши увид во банкарските сметки на функционерите, како и контролата врз финансирањето на политичките партии да не постои. Сметам дека ова се барања коишто не можат да бидат удоволени, или доколку бидат удоволени, тоа нема да биде во согласност со препораките на Европската комисија, што е неприфатливо за нас како Влада, потенцираше Дескоска.Поради позитивната оценка од Венецијанската комисија за Законот за судовите, министерката Дескоска очекува поддршка од сите пратеници во Собранието, но и поддршка за Законот за прекршоците со коишто се намалуваат казните и глобите за граѓаните и фирмите, како и поддршка за Законот за Управни спорови, чии измени претпоставуваат ефикасни судски спорови пред Управните судови.Следен закон кој ќе влезе во собраниска процедура е законот со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство.- Во овој момент се водат дебати и се разгледуваат опции околу дефинирање на надлежноста на СЈО и тоа надлежноста околу прислушкуваните материјали и секако разграничување на нивната надлежност со Обвинителството за организиран криминал, истакна министерката Дескоска.Барањата и очекувањата на министерката се да се искористат капацитетите на СЈО, во кои е вложено многу изминатите години.

Скопје | пред 7 години

7 год.
49721928_353393875477702_3728138725117394944_n

Со 81 глас “за” изгласани сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа

Пратениците со 81 глас “за” донесоја одлука за прогласување на сите амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа. Тие ги изгласаа уставните измени, кои ќе бидат составен дел од Уставот.Амандманите 33, 34,35 и 36 влегуваат во сила.Пратениците го прифатија и видоизменетиот амандман за дијаспората, еден од предлог амандманите кој беше пречка на сопнување во преговорите помеѓу Заев и Касими. Прифатениот амандман гласи: „Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ , албанскиот, турскиот…“Премиерот Заев рече дека со вака видоизменет амандман се праќа порака дека државата се грижи за сите во дијаспората.Гласањето беше обезбедено по неколку дневно натегање и политички договарања меѓу лидерите на СДСМ и на БЕСА, кои условуваа со четири нивни барања.На гласањето не присуствуваше најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која го напушти  законодавниот дом поради како што рекоа нема да учествуваат во договор кој што ја разнебитувал Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49914655_230917804508441_932845288710733824_n

Канческа-Милевска: ВМРО-ДПМНЕ да сакаше да го блокира договорот, ќе го направеше тоа, но избра да биде нем набљудувач

Еден од амандманите предложен од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Владата не го прифати, по што свое обраќање имаше Елизабета Канческа Милевска.„Сакам да го изразам моето жалење што ВМРО-ДПМНЕ го избра погрешнииот пат кон решавање на ова прашање. Ќе кажам уште еднаш на дело ја потврдија лажната политика и лажниот патриотизам.Уште еднаш потврдија дека сакаат ова брзо да се заврши и да кажат на прес-конференција и да ги набројат со име и презиме кои се предавниците. Да им порачам дека предавници не се чувствуваме во ниту еден момент. Предавници се оние кои бегаат од реалните проблеми и личните цели ги ставаат над државните.Иако сме мал број од оние кои се заложивме да успее овој процес преку амандмани, дебати, со цел да го подобриме овој договор, да го потврдиме и сочуваме Македонскиот идентитет и Македонскиот јазик на кој сме сите ние горди.Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да сакаше да го блокира договорот, ќе го направеше тоа и ќе понудеше повеќе амандмани. ВМРО-ДПМНЕ длабоко верува дека ова е последна шанса и избра да биде нем набљудувач, со цел некој друг да биде крив само не раководството на партијата. Ако мислеше дека ќе направи подобар догобор ќе го направеше тоа. Ако мислеше дека ќе се уназади се со овој процес, ќе беа гласно протиб. Но тие знаат дека нема друго решение. За мене не е прифатливо да се заложува некој за еу и нато а да не вложи во истиот процесНема простор за манипулација ниту е време да е игра со чувствата на граѓаните. Одговорноста е многу голема кај секој од нас, ние имаме историска одговорност да бидеме дел од овој процес. Поцесот не е лесен, многу е сериозен и истиот не завршува овде во Собранието“, изјави Елизабета Канческа Милеска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49400041_1836833746443994_4151677673652879360_n

Заев: Менувањето на ставови носи прогрес, точно е јас го променив мојот став

Премиерот Зоран Заев и се обрати на пратеничката Елизабета Кнческа Милевска и изјави дека уште од почетокот на преговорите секоја информација ја споделувал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Најлесно е да го избегнете овој процес и да се скриете. Вашата партија ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО. Вашата партија знае дека подобар договор не може да се постигне.Во април 2018 повеќе Мицкоски не сакаше да дискутира на таа тема. Иако знае што ни се случува во регионот, иако и тој се родил пораснал и е тука сите овие гоодини кога Македонија се мачи, тој го избегна целиот процес.Имавте храброст да се вклучите во овој процес. Менувањето на ставови носи прогрес. Точно е јас го променив. Едно решение за внатре едно за внатре, носи нови проблеми. Ако имавме споено име можеби ќе постигневме друго решение. Законикот и Уставот се подобрени, а вие се боревте за да се сочува тоа што е важно а тоа е државјанство македонско”, изјави Зоран Заев. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
8-mi-septemvri

Затворена хируршка сала во болницата „8 септември“ - нема анестезиолози и медицински сестри

Градската општа болница „8-ми Септември“ минатата недела затвори една од двете хируршки сали на ново отворениот Оддел за трауматологија, бидејќи има недостиг од медицински сестри и анестезиолози.„Во моментов работиме со 9 анестезиолози, бидејќи 3 заминаа во пензија. Ни недостигаат и 40 медицински сестри за да можеме нормално да работиме. Освен на Oдделот за трауматологија, не работи и уште една од другите сали, така што од вкупно седум сали сега работат само пет“ – вели Костов, директорот на Градската општа болница за порталот Сдк.мк.Имено само да потсетиме дека новиот Оддел за трауматологија во ГОБ „8-ми Септември“ беше отворен на 7 септември 2018, кој е сместен во просториите што претходно ги користеше приватната болница „Филип Втори“.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања