Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
6-2

Се разрешуват министрите Ахмедовски и Ќахил - ќе се избираат нови

Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово место да го избере Музафер Бајрам.Собранието, исто така на предлог на Владата, треба да го разреши Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, а на негово место да избере Елвин Хасан.На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоците, Предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог законот за управни спорови, Предлог законот за извршување на санкциите, сите во прво читање.

Скопје | пред 7 години

7 год.
video

Видео од вооружениот грабеж во Прилеп

Tри, засега се уште непознати и недостапни лица за Полицијата, вчера околу 8.30 ч. извршиле вооружен грабеж во Златарница во срцето на Старата прилепска чаршија.Го скршиле стаклото испукувајќи куршуми, се заканиле и успеале за неколку минути да ги соберат сите пари од сефот.Видеото го објави новинарката Каролина Дурло.https://www.facebook.com/karolina.durlo.5/videos/10212503565599606/

Македонија | пред 7 години

7 год.
tenzii

ВИДЕО: Тензии во Бања Лука по протестите „Правда за Давид“

Тензиите се зголемија во босанскиот град Бања Лука, откако полицијата уапси човек чии барања за одговор за смртта на неговиот син поттикнаа неколку месечни антивладини протести. За денеска се најавени нови протести.Демонстрациите во Бања Лука продолжија во текот на измината ноќ, додека полицијата опремена за немири беше распоредена со цел да ги спречи и задржи демонстрантите.Неколку стотици луѓе се собраа во паркот во близина на централниот плоштад во градот, но потоа беа принудени да заминат од таму по што се собраа пред црквата „Христос спасител“.Притоа дојде до блиски средби меѓу демонстрантите и полицијата која соопшти дека еден нејзин припадник бил повреден.Тензиите пораснаа во градот откако полицијата во вторникот уапси маж чија потрага по вистината за смртта на неговиот син предизвика неколку месечни протести против властите.Полицијата соопшти дека го уапсила Давор Драгичевиќ бидејќи тој не се појавил на сослушување.Повеќе на слободнаевропа.мк

Свет | пред 7 години

7 год.
47680811_322446588594440_7055429234830868480_n

Влада: Втори јануари-неработен ден

Владата го враќа Втори јануари како неработен ден за јавната администрација со препорака тоа да го направи и приватниот сектор, неочекувано со одлука синоќа на владина седница.Засега 2 јануари не се враќа како празник на календарот, туку само како владина одлука.До 2006 како официјални празници се водеа 2 јануари и 2 мај како екстра-денови за славење на Нова Година и Денот на трудот, но тогашната нова владина гарнитура ги укина, воведувајќи нови на нивното место.Граѓаните колективно се уште ги паметат овие два празници.Во соопштението на владата, по седницата, нема образложение за ваквата одлука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 100% ја поскапе струјата што ги поттикна граѓаните на нееколошки начини за загревање

Погубните и криминални политики што цела деценија ги водеше ВМРО-ДПМНЕ преку кои го уништуваше зеленилото и животната срединa и ја поскапе струјата за 100%, резултираа со енормно загадување кое и денес се чувствува, обвинуваат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ и ја укина евтината тарифа на струјата и за 100 отсто ја покачи цената на електричната енергија и примора стотици илјади граѓани да се префрлат на други нееколошки начини за загревање на домовите, што придонесе за зголемено загадување“, стои во соопштението на владејачката партија во кое се додава дека Христијан Мицкоски како лева рака на Груевски, директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика е исто така одговорен за тоа.Се истакнува и дека наспроти неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон животната средина и здравјето на граѓаните, владата предводена од СДСМ и надлежните институции со голема сериозност му пристапиле на проблемот со загадувањето и преку низа мерки работат на негово намалување.„Се реализира проектот за гасификација кој покрај помали сметки за граѓаните ќе придонесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип. Интензивно се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци и Прилеп до Битола, во должина од 92 километри“, се наведува во соопштението во кое од СДСМ потсетуваат дека и градските власти во Скопје пристапиле кон сериозна акција за зазеленување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Џафери може да стане претседател на Македонија

Шпекулациите присутни во јавноста извесен период, дека е можен некаков бојкот на престојните претседателски избори, во „стилот“ на референдумот за името, стигнале и до Владата, а од таму извори велат дека не се исклучува можноста за нови уставни измени за избор на претседател, доколку тоа се случи.Нема детали дали во тој случај на маса ќе биде идејата претседател да се бира во Собрание, интервенција во потребната излезност или некое друго решение.За да изборите бидат успешни на истите да треба да излезат околу 720 илјади граѓани или 40% од гласачите.Во случај изборите да бидат неуспешни, привремен претседател на Македонија ќе биде претседателот на Собранието, Талат Џафери.еМагазин пред неколку дена во анализа за претседателските избори, предвиди и вакво сценарио.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-hrvtska-2

Заев: Треба да се осигураат уште четири гласа за уставните измени

Премиерот Зоран Заев не е сѐ уште сигурен дека ќе има двотретинско мнозинство за донесување на уставните амандмани. Моментно се сигурни 76 пратеници, но не и 80 гласа колку што се неопходни на финишот на процесот за промена на Уставот. извори.Заев вечерва во емисијата „Отворено“ на 24 Вести изјави дека, врз основа на сите информации што ги има, постои основа за сомневање дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е вмешан во бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Бегството на Груевски било помогнато од однадвор, но со оглед на тоа што тој бил премиер долг временски период имал доволно луѓе да му помогнат и од одвнатре.Премиерот нагласи дека Мицкоски имал средби и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан и со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, но по средбите не објавил за што зборувале. Нагласи дека тој не може да тврди дека на тие средби и се разговарало нешто за бегството на Груевски, но додаде дека врз основа на информациите со кои располага има основа за такво сомнвеање.Рече дека се сомневал оти Груевски ќе побегне, дека имало такви индиции, дека бил следен и обезбедуван, но дека немало конкретни информации како сето тоа би се реализирало.-Имам потреба да кажам и повеќе, ама не смеам затоа што истрагата се уште трае. Не е номално што тој побегна од државата, но ќе видиме кој е виновен, ако има некој истрагата ќе покаже и тој ќе си понесе одговорност, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
27-mi-april-sudenje

Нов проблем: Никој не сака да одлучува за амнестијата

Законот за амнестија што го изгласаа пратениците во Собранието минатата недела и треба да го спроведат судот и обвинителството, го затече неспремен Кривичниот суд. Иако најголем број од обвинетите веќе испратија барања да бидат помилувани, судот уште не знае кој ќе ја донесе конечната одлука и ќе реши кој ќе биде амнестиран. Претседателот Џолев до денеска треба да одлучи дали за барањата ќе пресече кривичниот совет или судечкиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска.На вчерашниот брифинг со новинарите Џолев оцени дека надлежен за предметите за кои веќе има пресуда е кривичниот совет, а за предметите што се во тек, како што е судењето за 27 април, надлежност има судечкиот совет, односно Кацарска.„Во спротивно би се извршил упад во независноста при носењето на мериторна одлука“, вели претседателот Џолев, кој призна дека има отпор кај Кацарска да одлучува за амнестијата и дека Тој вели дека судиите се претпазливи во однос на надлежноста, но сепак тој ќе пресече кој ќе одлучува за амнестијата.Но, судијката, која речиси секојдневно од август го води предметот, во изјава за „Независен весник“ вели дека во нејзината 32-годишна кариера никогаш не давала отпор и секогаш ги почитувала законите. Таа е децидна дека одлуките треба да ги носи кривичниот совет.„Овие одлуки треба да се носат надвор од главна расправа, а за тоа исклучиво е надлежен кривичниот совет, согласно член 25 став 5 од Законот за кривична постапка. Втора работа што е многу битна е тоа што јас како судечки судија ако одлучувам по тие барања, значи дека прејудицирам моја одлука за оние барања што ќе ги одбијам, односно за оние обвинети што нема да добијат позитивна одлука од мене. Што ако некоја моја одлука повисокиот суд ја укине, а јас имам изградено став веќе за тој обвинет, а треба да го судам? Отпор не давам јас, отпорот треба да се бара на друга страна“, вели Кацарска.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

7 год.
libija-terorizam

Исламската држава презеде одговорност за уште еден напад

Исламската држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз зградата на либиското Министерство за надворешни работи во Триполи.Во самоубиствен напад во либискиот главен град Триполи загинаа три лица, објавија официјални претставници на безбедносните сили. Според Ројтерс, Исламската држава објави дека тројца нејзини членови извршиле напад во Триполи во вторникот. Покрај првиот напаѓач, уште еден бомбаш самоубиец се обидел да се разнесе со експлозив, но бил убиен пред да успее во својата намера, објави агенцијата АП. Властите соопштија дека најмалку седум лица се повредени.Во самоубиствен напад во либискиот главен град Триполи загинаа три лица, објавија официјални претставници на безбедносните сили. Покрај првиот напаѓач, уште еден бомбаш самоубиец се обидел да се разнесе со експлозив, но бил убиен пред да успее во својата намера, објави агенцијата АП. Властите соопштија дека најмалку седум лица се повредени. Засега никој не презел одговорност за нападот, а агенцијата АП забележува дека нападот има многу сличности со оние кои ги вршат припадниците на Исламска држава.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Канализационата мрежа од неколку стотина метри која Заев ја претстави како капитална инвестиција

Зоран Заев уште еднаш покажа зошто СДСМ не треба да управува со Владата на Република Македонија.На Заев му требаа неколку минути за да наброи три капитални инвестиции кои се направени од оваа влада, збунето гледајќи во новинарот во првите неколку секунди го даде одговорот, дека оваа влада нема направено ништо, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, канализационата мрежа од неколку стотина метри која Заев ја претстави како капитална инвестиција по долго размислување е срам од невиде и размери. Наместо нови патишта и пруги, премиерот како капитални инвестиции претставува канализациони мрежи.,,Заев не спомна ништо за 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои ги ветуваше пред изборите од пред две години. Не спомна зошто ништо не направи.Заев уште еднаш покажа дека нема сработено ништо, се фалеше со проекти на ВМРО-ДПМНЕ како пругата од коридор 8 од Куманово до границата со Р. Бугарија.Закукулено замумулено Заев вели дека за него не е непотизам вработувањето на роднини на функционери од власта, патем признавајќи дека во изминатиов период распишал над 15.000 огласи во јавната администрација. Каде и кој се е вработен во јавната администрација, за која додека беа опозиција велеа дека е превработена.Како сега државниот апарат кој беше гломазен стана место за вдомување на партиски подобните.Заев многу зборуваше, но малку кажа, но едно потврди, дека ниту тој ниту СДСМ можат да ја водат државата. Црнилата мора да станат минато. Оваа власт мора да си замине”, се додава во соопштението.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kina

Уапсен напаѓачот кој со автобус прегази осум луѓе во Кина

Полицијата го уапси напаѓачот кој вчера во југоисточна Кина прегази и усмрти осум луѓе, јавија кинеските медиуми. Тој со закана со нож насилно одзеде автобус, по што се залета во мотоциклист и автомобили на улицата.Како што пренесе кинеската агенција „Синхуа“, се работи за 48-годишен маж. Првите резултатите од истрагата покажуваат дека пред нападот осомничениот дошол во судир со еден од локалните власти, со кој веќе подолго време бил во лоши односи.Во вчерашниот напад повредени се 22 лица, меѓу кои едно е во критична состојба, пренесе Ројтерс.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силен земјотрес во Сицилија: Има повредени и голема штета

Доцна синоќа Сицилија ја стресе силен земјотред од 5 степени. повредени се 5 лица. Епицентарот на потресот се наоѓал 170 километри источно од градот Палермо, на длабочина од два километра под површина на земјата, соопшти Европско-Средоземноморскиот сеизмолошки центар.За среќа, никој од повредените не е во животна опасност, а неколку куќи биле разурнати.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во Струмица - работнилница за новата европска перспектива на македонската индустрија за преработка на храна

Денеска во Струмица ќе се одржи работнилница за новата европска перспектива на македонската индустрија за преработка на храна овозможена од ИПАРД програмата. Работилницата ќе ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а ќе се обрати и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.На работилницата, меѓудругото, ќе се разговара за мерките вклучени во ИПАРД Програмата 2014 – 2020, како што се за примарно земјоделско производство, за преработка и маркетинг на земјоделски производи, и за диверзификација и развој на рурални бизниси.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Началникот на ГШ на АРМ ќе реферира пред врховниот командант претседателот Иванов

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска пред претседателот и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов и во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе реферира за состојбата со борбената готовност на АРМ во текот на годината.На брифингот ќе бидат презентираат состојбите во АРМ за функционалните области како што се персонален менаџмент, морал, операции, обука и вежби, логистичко обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воената соработка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vreme

Времето денеска: променливо облачно и студено

Во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен северозападен ветер најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од минус два до седум.Дневните температури денеска во Скопје ќе бидат 4 Целзиусови степени, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 4, Маврово -2, Охрид 2, Битола 3, Дојран 7 степени.Утре ќе имаме сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат повисоки: Скопје 5, Маврово -1, Охрид 3, Битола 3, Кавадарци 6, Крива Паланка 3, Берово 1, Гевгелија 8 степени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Еден загинат во вечерашната сообраќајка кај Катланово

Вечерва на автопатот Скопје- Велес на приклучокот кај Катланово од стариот пат, возило Хонда со скопски таблици излетало од патот во каналот покрај патот, дознава Centar.mk.Пореталот пренесува дека во несреќата има еден загинат.Констатирана е смрт кај возачот на возраст од 72 години неофицијално дознава Centar.mk.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mldivi-nslovna-6

(ФОТО и ВИДЕО) Охридската гордост Дамјан Пејчиноски за Божиќните и Новогодишните празници на Малдиви

Дамјан Пејчиноски со својот квартет за Божиќните и Новогодишните празници на покана на Армандо Краензлин, главниот менаџер на „Four Seasons Resorts Maldives“, од одржат неколку концерти на Млдивите.Во моментов се на островот Ланда Гиравару, и со задоволство споделуваат дел од убавините на рајскиот остров со читателите на скопје1.мк.Дамјан вели дека слободното време го уживаат максимално.Инаку, Дамјан е роден е во Охрид 25 Октомври 1984.Гитара започнува да свири на 14години.Во 2002 со својот бенд настапува на Рок Фестивалот за млади таленти и ја освојува наградата за најдобар гитарист.Во 2003 се запишува на Националната Музичка Академија Панчо Владигеров отсек џез и ја добива најголемата стипендија.Во 2004 формира нов бенд Jump Start.Во 2008 свирел со браќата Тавитјан во Универзална.Во 2009 Мај влегува во финалето на Guitar Idol(најголемото гитарско натпреварување во светот). Триото на Дамјан Пејчиноски ја доби наградата „Извонредност во изведбата“ во Ланжоу, НР Кина за нивните концерти одржани на фестивалот „China Cultural Season 2017“.Во периодот од 6 до 12 јули 2017, по концертот во Њујорк – САД, Дамјан Пејчиноски Трио гостуваше на фестивалот “China Cultural Season 2017“ организиран од Министерството за култура на НР Кина и Џез Асоцијацијата на Кина. Во рамките на овој интернационален фестивал, Триото на Дамјан Пејчиноски имаше четири концерти на кои, пред масовна публика, изведуваше македонски евергрини во џез аранжмани, класични композиции, џез стандарди и авторски композиции, аранжирани од Пејчиноски. Наградата, по свечена церемонија, им ја врачи градоначалникот на Ланжоу.

Магазин | пред 7 години

7 год.
zaev-gruevski

Заев се сомнева дека Мицкоски е вмешан во бегството на Груевски

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во емисијата Отворено на ТВ24, експлицитно изјави дека се сомнева во вмешаноста на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, во бегството на Груевски во Будимпешта.„Политичка умисла намера или слабост, Аме имале можности да се договараме со Груевски. Внатрешната истрага и истрагата на обвинителството ќе покаже дали има вина за бегството. Ние знаеме кои ни се службите во Македонија. Ако ги гледаме закониите што требало МВР да направи, тоа и се постапило. Груевски беше во судовите и во Парламентот, никој не му се закануваше, имаше државно обезбедување. За детали не можам да зборувам. Капацитетот за МВР да постапат така, а да не ги нарушат човековите права се тие. Истрагата ќе објасни како побегнал.“ изјави Заев во вечерашното издание на емисијата Отворено.Тој своето сомневање го темели на нејаснотиите и тајноста на средбите на Мицкоски со премиерот на Унгарија , Виктор Орбан, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, непосредно пред бегството на Никола Груевски. Како што е познато Груевски преку Албанија, Црна Гора, Србија избега во Унгарија, вели тој.Заев вели дека Мицкоски бил на средби кај едниот, па кај другиот, а притоа не објавил за што разговарал со нив.Но, потоа на прашање дали Мицкоски ќе биде дел од истрагата за бегството на Груевски, Заев одговори дека не верува и дека тој зборува за политичка одговорност затоа што покрај сомнежите за неговата улога во целата оваа ситуација, сега опозицискиот лидер се обидува и да профитира политички на таа тема.Заев смета дека министерот Оливер Спасовски нема никаква одговорност за бегството на поранешниот премиер и рече дека на два пати одбил да ги прифати неговите оставки.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Премиерот, министерот и претставниците од Синдикатот на Клинички разговараа за можностите за покачување на платите на здравствените работници

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска имаа средба со претставници на Синдикатот на Клиничкиот центар, на која разговараа за можностите за покачување на платите на здравствените работници.На средбата, разговарано беше дека после првиот квартал, со ребаланс на буџетот може да се планира и дополнително зголемување на платите на здравствените работници, зависно од можностите, за што разговорите ќе продолжат.Премиерот Заев и министерот Филипче објаснија дека Буџетот е изгласан во Собранието, но дека постои разбирање за здравствениот персонал, согласно ветувањата во програмата за кои се вложуваат сите напори да бидат реализирани до 2020 година.До сега здравствените работници добија зголемување на платите за 5 отсто во септември 2018 година, зголемување на надоместот за дежурствата, а специјализантите за првпат земаат надоместок и се платени за својата работа. Во јануари 2019 следи зголемување за дополнителни 10% за докторите специјалисти, 5% за општите лекари, 5% за медицинските сестри, а во септември месец 2019 година за останатите административни работници во здравството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran_Zaev

Заев: Точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени

Премиерот Зоран Заев во вечрашното гостување во емисијата „24 Отворено“ рече дека е точно дека Законот за амнестија е донесен и со цел за да успее процесот на уставните измени, но и за помирување кое и било потребно на државата, објави Фокус.-Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Од Мицкоски имаме неодговорен однос, зарем не треба да се носат одговорни одлуки. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Дурловски, влезе и ја пееше химната. Тој треба да се суди на 20 години затвор? Но, законот е и за да се постигне помирување, рече Заев.извор: Фокус.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
kalendar

2 јануари ќе биде неработен ден за јавната администрација

На денешната седница Владата одлучи 2 јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.Владата денеска го прифати усогласениот текст на Меморандумот за соработка меѓу Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Владата на Република Македонија за реализација на Проект „Носење промени – добро управување и ефективност во јавната администрација”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
saso-tasevski

Сашо Тасевски распали: СДСМ ќе загуби на претседателски избори- нема да им помогнат ниту Моника Белучи и Хари Потер

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил објави статус во кој пишува дека СДСМ на претседателски избори ќе загуби и наброја осум начини како кандидат од власта би можел да победи на изборите.„На претседателските избори постојат барем ОСУМ начини да победи кандидатот на власта.:1. Да го воскреснат и номинираат Ганди или ТИТО за нивни кандидат. Може и Моника Белучи. Па и Хорхе.2. Со хипноза да ги убедат опозиционерите гласачи и оние кои ги свртеа против себе да извршат колективно самоубиство.3. Сите немажени и неженети непослушни гласачи да ги пратат во манастир.4. Да ги покачат сите плати за 500 евра. Ако на некој сега му е 200 да му биде 700 евра.5. Да го вратат Грујо и да го замолат заедно со Миле Ми Текна, да ги украдат изборите за нив.6. На Бојко да му порачаат Македонија до Варна и Несебер, а на Грците да им скандираат: И зима и лето Атина е скопско гето.7. Да го викнат Хари Потер да направи магија за победа.8. Иван Исцелител да им бае против уроци.Значи сепак не се без шанси“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-sponzor

Комитите на ФБ: Владата на Република Македонија, Официјален Спонзор на Анти Македонската навивачка група Балисти - Тетово

„. Влада, Култура, Балисти, се на куп заедно, со народни пари, пропагандно Анти Македонско видео (во коментар) со иредентистичка порака (фото)!Македонијо, кој е татко на копилето???, напишаа на својот ФБ профил од навивачката група Комити.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kamion-i-avtobus

(ВИДЕО) Повторно сообраќајна несреќа во Србија - се судрија камион и автобус, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа во Србија. Се судрија камион и автобуе. Еден човек загина, а 12 се повредени, меѓу кои и дете. На самото место загинал возачот на камионот, а повредените се од автобусот. Повредените, меѓу кои и седумгодишно дете, се пренесени на Ургентниот центар при Општата болница во Крушевац.Камионот се движел од Крушевац, а автобусот од Варварина. Несреќата се случила околу 15 часот.Во тек е увид на местото на инцидентот, а таму е и истражен судија, екипи од пожарникари со две возила и полиција.Патниот правец Крушевац-Варварин е затворен за сообраќај.

Свет | пред 7 години

7 год.
morbili

По прогласената епидемија на морбили во Радишани, вакцинирани 220 деца, се проверуваат уште 100.000

Повеќе од 220 деца биле вакцинирани против морбили за 4 дена по прогласувањето епидемија во Радишани. Немале примено ниту една доза МРП. Во моментов се проверуваат уште околу 100.000 деца до 14 годишна возраст за да утврдат колку од нив не се заштитени од мали сипаници. Надлежните претпоставуваат дека околу 10 проценти од нив не се вакцинирани.- Доволно вакцини секогаш има во диспанзерите. Комуникацијата со Министерството за здравство, кое е главен снабдувач на вакцини е одлична. Проблемот е во тоа што има тешки антивакцинални кампањи кои пред се ги демотивираат граѓаните односно родителите да ги вакцинираат своите деца, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања