Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
sovet-1

(ВИДЕО) Одржана седница на Националниот совет за одржлив развој

Денес, во Владата на Република Македонија, се одржа седница на Националниот совет за одржлив развој, интересорско тело со кое претседава Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, а чија главна цел е следењето и креирањето на политики за одржлив развој. Во овој Совет, членуваат и вицепремиерот за европски прашања, министрите задолжени за надворешни работи, финансии, економија, труд и социјална политика, транспорт и врски, животна средина и просторно планирање, локална самоуправа, земјоделство, шумарство и водостопанство, образование и наука, здравство, како и претставници на академската и бизнис заедницата.На седницата се реафирмираше заложбата на Владата за имплементација на глобалната „Агенда 2030“ на Организацијата на Обединетите нации и за интегрирање на Целите за одржлив развој во севкупното работење на државата.За време на седницата беше донесен и Деловник за работа на Националниот совет со кој е уредено Советот да обезбеди конзистентност во имплементацијата и следењето на стратешкиот документ „Национална стратегија за одржлив развој“ како и имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, во Република Македонија преку програмите за одржлив развој од пооделните министерства, поставување и координација на институциите за имплементација со цел да се придонесе кон успешно реализирање на целите на одржлив развој преку дефинираните области на делување и конкретните мерки.Пред членовите на Националниот совет за одржлив развој, беа презентирани 17-те глобални цели на ООН и степенот на усогласеност на националните стратешки програмски документи со Целите. Врз основа на направената анализа од техничка работна група, Советот донесе одлука за приоритетна имплементација на 5 цели за 2019 и 2020 година, додека останатите цели ќе бидат во функција на приоритетните цели:- Да се стави крај на сиромаштијата во сите форми, насекаде во земјата (Цел 1 од ООН Целите),- Да се обезбеди инклузивно, правично и квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење (Цел 4 од ООН Целите),- Да се промовира инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и достојни работни места за сите (Цел 8 од ООН Целите),- Да се преземат итни дејствија за борба против климатските промени и нивните влијанија (Цел 13 од ООН Целите),- Да се промовираат мирни и инклузивни општества за одржлив развој, да се обезбеди пристап до правда за сите и да се изградат ефективни, отчетни и инклузивни институции на сите нивоа (Цел 16 од ООН Целите),Советот заклучи дека посветено и одговорно, Владата и институциите ќе работат на постигнување на целите, во насока на повисок и одржлив економски раст, квалитетно образование, крај на сиромаштијата и повисок животен стандард за граѓаните како и здрава животна средина. Дополнително за постигнување на приоретизираните цели, од голема важност е ефикасноста на администрацијата и институциите, како и владеењето на правото, кои се и основа на реформите кои Владата ги спроведува во процесот на евро-атлантските интеграции.

Скопје | пред 7 години

7 год.
kamaj-1-1

Камај ги објави студентските желби

Кои се студенстките желби за 2019?  

Македонија | пред 7 години

7 год.
kladilnici

Се затвараат сите кладилници во Македонија?

Ваквите појави не одат во прилог на градење здрава нација и држава. Затоа бараме да се затворат сите казина и спортски обложувалници кои сега се наоѓаат во огромен број на главните улици низ градовите и селата во Македонија, и блиску до образовните институции.Предлагаме спортското обложување да се одвива само на интернет платформа, а казината да бидат достапни само во хотелите од висока категорија, или во зони на најмала оддалеченост од неколку километри од населените места.“ – стои во соопштението на ЛП.

Македонија | пред 7 години

7 год.
27-april

Пристигнати вкупно 62 барања за Законот за амнестија

Основниот суд Скопје 1 во врска со барањата за амнестија објави дека денес до 15 часот се пристигнати вкупно 62 барања.„Заради зголемен интерес на претставниците на медиумите околу добиените барања согласно Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, ја информираме јавноста дека денеска до 15:00 часот, во судот се пристигнати вкупно 62 барања согласно Законот за амнестија од кои 27 во одделението за Организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни. Напоменуваме дека рокот за поднесување важи и денеска, а секако дека ќе бидат земени во предвид и бараањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до судот по пошта“, велст од Основниот суд Скопје 1.Законот за амнестија во четвртокот вечерта беше објавен во „Службен весник" откако на него стави потпис претседателот Ѓорѓе Иванов. Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

Македонија | пред 7 години

7 год.
6b14dbe4-97ff-47d0-815c-6ab448afce8e

Синдикатот прашува: Кој има интерес стечајот на ФЕНИ да се одолговлекува?

„Годината завршува, а ние сеуште чекаме да заврши стечајот на ФЕНИ. Сега веќе повеќе од една година чекаме да се стави крај на нашата неизвесност, иако постојано бевме убедувани дека постапката ќе биде колку што може побрза и побезболна за нас. А стечајната постапка се оддолжува зашто жалби поднесуваат оние кои го однесоа ФЕНИ во стечај, пишува во отвореното писмо до јавноста на работниците и синдиктот на ФЕНИ.- Ова е веќе срамно и ги надминува сите граници на човечност, морал и етика. Ќе повториме, ние сме луѓе, цели семејства, а не бројки на хартија. Срам е да „лебдиме“ во несигурно, поради нечии игри, игри на оние кои не донесоа до ова дереџе- се вели во писмото потпишано од Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација.Во ситуација кога стечајот уште трае потпишуваме договори секој месец, а и нашиот живот стана месец за месец. Згора на тоа излегоа информации точно како „Кунико“ го планирале стечајот и како планирале да не остават на цедило, сите доверители и нас вработените. Планирале стечај на ФЕНИ, го организирале тоа и на крај обвинуваат други за тоа? Избегаа во странство, оставија пустош и пак некој друг им е виновен, се вели во писмото на Синдикатот на ФЕНИ.- Сакаме јавно да прашаме, кога излегува „Транспарентност Македонија“ во јавност во име на „Кунико“, дали излегува со чиста совест после овие информации? Дали кога се одолговлекува процесот од страна на адвокатскиот тим на „Кунико“, тие адвокати имаат на ум дека некој сакал да наштети на многу компании и нас 800 семејства заради личен интерес?Е па драги господа и госпоѓи, ние исто така имаме личен интерес, а тој е што сакаме сигурна работа и сакаме газда кој ќе не плаќа редовно за нашиот труд. Редовна плата имаме, но немаме сигурност. Најголем дел од нашите работнички права се оневозможени токму заради стечајот- велат синдикалците.Прашуваме отворено, кој има интерес стечајот на ФЕНИ да се одолговлекува? Ние одговорот го знаеме, бидејќи тие таканаречени газди нас ни ветуваа дека работата ќе се среди, а очигледно пред повеќе од една година ја планирале пропаста на ФЕНИ. Срамота е ова што се случува и бараме да се одважат надлежните и да се стави крај на оваа ситуација“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Божиќен гала концерт утре во Велес

На 26 декември, среда, со почеток во 19:30 часот, Македонската опера и балет ќе гостува во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“, а љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт.На овој музички настан ќе учествуват 70 членови на Македонската Опера и Балет, од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Македонската опера и балет во организизација на Општина Велес со поддршка на Националната Установа Центар за култура Народен Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и „Ротари клуб“ –Велес.Настапуваат: Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Ана Ројдева Талевска, Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски, за велешката публика самостојно и во дует ќе изведат арии од најпопуларните светски оперски дела меѓу кои: „Кармен“ од Жорж Бизе, „Риголето“ и „Травијата“ од Џузепе Верди, „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“ од Џакомо Пучини, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно и „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах.Влезот е слободен.Генералниот директор на НУ МОБ Васе Ристов, уметничката раководителка на операта Бисера Чадловска, уметничката раководителка на балетот Олга Панго и градоначалникот на општина Велес Аце коцевски веќе договориле гостување на МОБ во Велес со култната балетската претстава „Либер Танго“ од Астор Пјацола кон средината на фебруари следната година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Kameleon-Proba-1

Се` е подготвено за големиот концерт на групата Камелеон во сабота

На само неколку дена до големиот концерт, секојдневни проби и финални интервенции на аранжманите на песните и програмата со која членовите на групата Камелеон ќе го прослават 20-тиот роденден.– Подготвени сме, пробите течат според планираното. Вежбаме скоро секојдневно, заедно со дел о гостите кои ќе настапат на концертот. Тука се и гостувањата за промоција на медиумите, од кои имаме огромна поддршка, за што од срце им благоадриме. Финализирани се веќе сите детали околу звукот и осветлувањето, а според она што го имаме како информација и продажбата на билетите оди одлично. Се надеваме дека ќе имаме добра забава и ноќ за паметење, велат членовите на групата.Во актуелниот состав на бендот се Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски. Драган, Роберт и Тони се постојани членови во бендот од самиот почеток, а за повеќето песни на бендот, текстот и музиката ги напиша гитаристот Роберт Милески.На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билетите по цена од 250 денари ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top и тезга „Аждер“ во центарот на градот.

Магазин | пред 7 години

7 год.
dzaferi-talad

Претседателските избори ќе се распишат на 2 или 3 ти февруари

„Мислам дека Собранието ги исполни очекувањата за 2018 година и сите битни прашања ги има завршено навреме. Парламентот успеа да си ја оправда својата работа и очекувањата на граѓаните. И анкетите покажуваат дека Собранието има соодветна оценка“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, на денешниот новогодишен брифинг со новинарите.Џафери најави дека претседателските избори ќе ги закаже на 2 или 3 февруари.Во Уставот пишува дека изборот на претседател на државата се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-11

Санкционирани 188 непрописно паркирани возила

Во текот на минатата недела на територија на Општина Центар со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје отстранети се 188 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.„Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 17.12. до 22.12.2018 година, санкционираа 188 непрописно паркирани возила, од кои две (2) возила биле затекнати на паркинг места за лица со посебни потреби.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните одбележани паркинг места со цел да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, велат од Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
levica

Приватизацијата на јавните претпријатија во Куманово ќе биде на штета на граѓаните, оценува Левица

Во пресрет на најавеното јавно-приватно партнерство, односно давање под концесија на јавното осветлување во општината на приватен „инвеститор“ од страна на „Куманово паркинг“, како и најавите за можна приватна докапитализација на ЈП „Куманово-гас“, се чуствуваме должни да ги информираме граѓаните на Куманово за штетноста на овие постапки по долгорочното добро на општината и самите граѓани, велат од Левица.„Давањето под концесија, докапитализацијата или пак приватизацијата на Јавните претпријатија и јавните служби коишто треба да ги извршува општината се коси со самата смисла на нивното постоење - јавните служби се вршат врз основа на принципот на јавен интерес а никако на профитабилност. Затоа, наместо да приватизира, бараме општината и јавните претпријатија да се професионализираат, департизираат со што следствено ќе станат и поефикасни во работењето и ќе ги намалат огромните загуби.Приватните инвеститори имаат единствена цел, а тоа е остварување на профит, што значи дека квалитетот на услугите, колку и да е лош сега, или ќе биде уште послаб или цената која ќе ја плаќаат кумановци ќе биде многу повисока. Штетноста од приватизацијата т.е. докапитализацијата е уште поголема во однос на ЈП Куманово-гас, кое со народните пари ги изгради примарната и голем дел од секундарната, дистрибутивна мрежа, и кое претпријатие по природа на нештата е монопол. Најавената негова „докапитализација“ (читај приватизација или давање под концесија) ќе претставува всушност давање на подарок на приватниот инвеститор, кој со мала инвестиција ќе го „собере кајмакот“ од веќе завршената инвестиција која ја платиле граѓаните на Куманово“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека власта, секако, ги правда ваквите идеи со аргументација дека јавните претпријатија се неефикасни, работат со загуба и се презадолжени, исто како што е и самата општина, а дека приватните компании се поефикасни во менаџирањето.„Но ова не е никакво оправдување, ова е само одраз на неспособната власт, бидејќи тие самите владеат 30 години без престан во Куманово и со своето „успешно“ владеење ја  доведоа општината и јавните претпријатија до ова дереџе (превработени,  целосно партизирани и неефикасни), а со ова дополнително ја признаваат и потврдуваат сопствената неспособност да управуваат, гледајќи го излезот од наталожените проблеми во приватизации, докапитализации и издавање на концесии. Со ова, всушност, се обидуваат да избегаат од одговорноста за сопствената неспособност а цехот повторно да го платат граѓаните на Куманово.Кумановки и кумановци ова не смее да помине!Иако нема пари за вршење на јавните служби, сепак општината од година во година има нови запослувања (таква е состојбата и во јавните претпријатија), па такав 2012 година -24, во 2013 година 5, 2015 година -22, во 2016 година -9 и во 2017 година -22 само привремени вработувања, дополнително оптоварувајќи ги Кумановци, кои и онака веќе ја плаќаат партиската армија во општината“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
velosipedi

Милион евра за велосипедски патеки во Скопје

Градот Скопје потроши околу еден милион евра за изградба и реконструкција на велосипедски патеки. Изградени се над 14 километри вакви патеки за да се намали бројот на автомобили кои сообраќаат.„Изградени се и реконструирани 14,6 километри велосипедски и пешачки патеки во вредност од 56,5 милиони денари. За прв пат се изградија велосипедски патеки на градските улици во општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров. Скопје требаше да биде град на велосипеди од 2015 година, но до 2017 година беа изградени 60% од планираните велосипедски патеки. За една година успеавме да изградиме 20% од овие патеки и достигнавме 80% добра мрежа за поврзување на сите улици“, рече Валон Салиху, портпарол на Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
RSBSP_01-4

Пијан зад волан, апсолутно никогаш! Без изговори, без оправдувања!

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вели дека возачот не смее да управува со возило во сообраќај на пат, ниту да започне да управува со возило, ако е под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол, се смета лице, за кое ќе се утврди дека количината на алкохол во крвта, изнесува повеќе од 0.50 г/кг. Толеранцијата на алкохол за возач-почетник е приближно еднаква на 0-„нула“. Казнените санкции, во зависност од количината на алкохол во крвта, изнесуваат до 375 евра во денарска противвредност, односно до 60 негативни бода во возачката книшка, од максимум 100 и забрана за управување возило до 12 месеци.Законот е прецизен и јасен. Некои сметаат дека казните се високи и нереални. Други дека треба да бидат уште повисоки. Анкетното истражување на РСБСП, покажува дека 85% од возачите, барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол. Реалноста е сурова и загрижувачка: секојдневно, голем број сообраќајни незгоди се предизвикани од пијани возачи.Зошто е тоа така? Затоа што возачите не ја сфаќаат сериозноста на проблемот и постојано бараат изговори како да го оправдат своето неразумно и непромислено однесување во сообраќајот и со тоа да ја помираат својата совест.Управувањето со моторно возило под дејство на алкохол, е чин кој нема никаква смисла и логика за оправдување. Да се вози под дејство на алкохол, не само што значи непочитување на Законот, туку и непочитување на основните хумани и цивилизациски вредности. Да возиш пијан, значи дека не го почитуваш сопствениот живот, дека не го почитуваш животот и здравјето на твоите најблиски, дека не го почитуваш човечкиот живот, без разлика за кој човек станува збор.Судејќи според последиците, можеме да кажеме дека, возењето пијан е исто како да насочиш оружје кон недолжен случаен минувач.Речиси и да нема возач кој не е свесен за штетното влијание на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило. Сепак, истражувањата на РСБСП покажуваат дека дури 85% од возачите во Република Македонија, барем еднаш управувале моторно возило под дејство на алкохол.Се поставува прашањето: Зошто е тоа така, кога скоро сите возачи се свесни за страшните последици од возењето во пијана состојба? Еден од најверојатните одговори е бидејќи никој не верува дека токму него може да му се случи сообраќајна незгода и дека токму тој може да биде потенцијална жртва.Па така, во обид да се помират самите со себе и делумно да ја помират својата совест, неодговорните возачи често пати наоѓаат изговори. Еден вели: „Сум возел и друг пат малку пијан, па ништо не ми се случи.“ Друг вели: „Мене алкохолот не ми влијае, можам да возам и пијан.“ Трет вели: „Од две-три пијачки не си пијан, можеш да возиш без никој да те примети.“  Четврт вели: „Еднаш ако возиш пијан, не значи дека веднаш ќе направиш сообраќајна незгода.“ Некој шести, пак: „Патувам на кратко растојание, не е страшно ако се напијам неколку пијачки.“... и така по ред, до недоглед.Има и такви кои единствено од што се плашат - е сообраќајната полиција. Нив казната повеќе ги боли, а нивните изговори звучат вака: „Нема полиција, нема да ме казнат.“, „Имам луѓе, ќе ми ја ׳скинат׳ казната.“, „Ќе возам по споредни улици, таму нема полиција.“, „И да ме казнат, нема да платам, не сум вработен, немаат можност да ми наплатат.“, „И да ме казнат, татко ми ќе плати, тоа за него не се големи пари.“Вакви изговори, такви изговори и на крај 85% од возачите барем еднаш управувале моторно возило под дејство на алкохол.Изговорите велат едно, фактите и статистиката велат дека алкохолот сериозно ги нарушува возачките способности. Резултат на нарушената психомоторна способност кај возачите, се големиот број загинати и повредени лица на патиштата во Македонија. Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секогаш и секаде и тоа кога најмалку очекувате. Ниеден настрадан во сообраќајна незгода, не ни сонувал дека баш него може да му се случи тоа.Истражувањата покажуваат дека најголем број од сообраќајните незгоди, во кои учествуваат пијани возачи, завршуваат со сериозни и фатални последици. Најголем број од возачите, кои возеле под дејство на алкохол, патувале на кратко растојание до 20 километри. Впрочем, сигурно дека никој под дејство на алкохол, нема да тргне на пат од 1000 километри.Изговорите „велат“ едно, статистиката покажува друго. РСБСП со став: Само една грешка, само еднаш, ама последиците се за секогаш, тие не прават разлика. Тие се фатални, трајни ненадоместливи, без можност за поправка, без можност за оправдување. Затоа, без изговори и без оправдувања. Пијан зад воланот, апсолутно никогаш!

Македонија | пред 7 години

7 год.
gruevski-mala

Груевки доби адвокат на државна сметка

Избеганиот експремиер, Никола Груевски и во предметот за уривањето на „Космос“ познат во јавноста како „Т.Н.Т.“ доби адвокат по службена должност откако тие кои кој ги ангажираше го откажуваат полномошното во предметите каде тој е обвинет.Судијата, Огнен Ставрев соопшти дека Груевски ќе го брани Мехмед Сефери, адвокат кој судот му го додели по службена должностАдвокатот Еленко Миланов, кој го застапуваше експремиерот Никола Груевски во предметот „ТНТ”, вчера поднел барање дека му го откажува полномошното да го застапува пред судот..На Груевски во овој предмет, како и во останатите на СЈО, му се суди во отсуство.

пред 7 години

7 год.
zlatara

Вооружен грабеж во златара во Прилеп

Околу 8:30 часот изутрината во центарот на Прилеп се случил вооружен грабеж, кога тројца вооружени напаѓачи насилно влегле во златарницата која е во старата прилепска чаршија, и се заканиле на продавачката и потоа заминале пленот.Сведоци на разбојништвото биле околните дуќанџии. Полицијата го потврдува настанот, но се уште се прави увид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
znakoven-jazik

(ВИДЕО) Толкување на знаковен јазик на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

За прв пат во Република Македонија, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост е достапна на знаковен јазик за лицата со оштетен слух. Со овој чекор, се почитува правото на пристапност до информации во пристапен формат, назначено во членот 9 - Пристапност и членот 21 – Слобода на изразување и мислење и пристап до информации од истата Конвенција.Видеото е изработено од страна на Националното координативно тело, во соработка со Викторија Волак- сертифициран знаковен преведувач, а со финансиска поддршка од Фондот за население при Обединети нации (UNFPA). Освен интегрирана верзија на Конвенцијата, изработени се и кратки видеа за секој член посебно, со цел полесен пристап до истите.Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија претставува национален механизам за координација на мерките предвидени во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Неговата основна улога е координација на институциите во процесот на спроведувањето на мерките од Конвенцијата на ООН. Во својот делокруг на делување, телото предлага и доставува мислења за законски и подзаконски акти во склад со начелата на Конвенцијата.Со своите активности, Координативното тело директно придонесува за унапредување на сите човекови права и основни слободи на лицата со попреченост.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zena-park-satori

Град Скопје: Отстранети предметите од Жена парк, никој не побарал дозвола да го користи просторот

Од Град Скопје денеска соопштија дека ги отстраниле предметите од Жена паркот, бидејќи никој не побарал дозвола да го користи просторот.Никола Наумовски од Град Скопје рече дека по редовните комунални активности на градот, во паркот Жена борец биле затекнати лом, шут, предмети, кои што не припаѓаат никому.„Според Законот за комунален ред ние имаме обврска парковите и зелените површини да ги држиме чисти и уредни. Со оглед на тоа што никој од нас не побарал дозвола да го користи паркот, а го користи веќе неколку месеци, вчера Град Скопје заедно со другите институции меѓу кои МВР, ги отстранивме не луѓето, туку предметите што ги затекнавме во паркот. Луѓе таму немаше“, изјави Наумовски.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gjoko-carina

Танасоски: Наскоро нов интегриран софтвер за олеснување на царинските процедури

Од наредната година во Царинската управа ќе почне да функционира новиот софтвер за обработка на царински декларации и акцизни документи со кој ќе се скрати времето на чекање на економските оператори и ќе се предизвикаат заштеди од околу 5,2 милиони евра за компаниите. Пилот-проектот за новиот софтвер ќе почне да се применува во почетокот на февруари во одредени царински испостави. Овој систем се планира конечно да биде пуштен во употреба на крајот на вториот квартал од 2019 година.– Наш најголем предизвик во наредната 2019 година е воведување на интегриран софтвер за изработка на царински декларации и акцизни документи. Со имплементацијата на овој софтвер се заменува веќе застарениот модел АСИКУДА кој функционира од 1994 година и кој претставуваше многу застои и проблеми како за економските оператори, така и за царински службеници. Сметаме дека со воведувањето на новиот софтвер во наредната година ќе се скрати доволно просечното време на чекање на економските оператори за четири часа со што ќе се предизвикаат заштеди од околу 5,2 милиони евра за самите компании. Ова од друга страна ќе ја зголеми конкурентноста на економски оператори и ќе придонесе до олеснување на протокот на стоки и патници по граничните премини и терминалите, изјави директорот на Цринската управа Ѓоко Танасоски.Танасоски додаде дека приходите на Царинската управа годинава во однос на 2017 година се натфрлени за 11,1 отсто и до овој момент наплатени се околу 85 милијарда денари. Зголемените приходи, според него се должат на подобрување на царински процедури, подобрување на работата на царинските службеници и на финансиската дисциплина на економските оператори.

Скопје | пред 7 години

7 год.
znm

Новинарите остануваат со ниски плати и со несигурно вработување

И покрај промената на власта во 2018 година нема сериозни промени во медиумската сфера во однос на правната рамка за слободата на медиумите и позицијата на новинарите во редакциите, се оценува во Годишниот извештај на ЗНМ за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија.На денешната презентација на Извештајот, извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски истакна дека Владата не успеа да ја подобри медиумската регулатива што беше долго време најавувана, бидејќи, како што посочи, измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој требаше да создадат подобар амбиент за работата на медиумите се уште не е усвоен во Собранието. Според него, охрабрува тоа што власта и опозицијата се блиску до договор и се очекува законот да биде донесен до крајот на годината.„Во делот на законската медиумска легислатива не само што немаше подобрување, туку имаше и одредено назадување. За време на летните одмори, без никаква дебата и нетранспарентно Владата ги усвои измените на Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии. Овие измени овозможуваат на парламентарните партии да трошат јавни пари за финансирање на медиумска политичка пропаганда за време на изборна кампања, што ќе имаат негативно влијание врз слободата на медиумите“, рече Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ.Освен правната рамка на слободата на медиумите, извештајот анализира уште два индикатори: позицијата на новинарите во редакцијата и безбедноста на новинарите.Просечната плата на новинарите изнесува 18.800 денари, што е околу третина пониска од просечната плата во Македонија, додека кај новинарите од внатрешноста платите се пониски и од 12 илјади денари. Половина од новинарите немаат договор за вработување на неопределено време, а над 55 проценти од новинарите им доцнат платите.Единствен позитивен податок е бројот на напади на новинари, кој е намален за три пати – од 18 случаи во 2017, на 6 оваа година, а донесени се и први судски пресуди против лица кои напаѓале новинари во минатото. Сепак останува политиката на неказнивост, во која од 59 напади решени се само 2 случаи на напади врз новинари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
prets-2

Предновогодишна забава за децата од социјално ранливи категории

Градоначалникот Шилегов и оваа година обезбеди бесплатни билети во Театарот за деца и младинци и организиран бесплатен превоз за децата од „Здружението за заштита на правата на детето кое ги згрижува децата од улица“, децата на корисниците на услуги од ХОПС, децата без родителска грижа од СОС „Детско село“ и од домот „11 Октомври“.Дечињата, денеска, ќе имаат можност да уживаат во претставите на Театарот за деца и младинци во пресрет на новогодишните празници.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Kina

(ВИДЕО) Напаѓач во Кина, со грабнат автобус се заби во толпа луѓе, загинаа петмина

Неименуван маж од Лонгјанг во Кина грабнал денес автобус со кој неколку моменти подоцна се забил во група луѓе убивајќи пет, а повредувајќи 21 лице, пренесуваат агенциите.Тој најпрво почнал да напаѓа луѓе со нож, а кога му се спротивставиле, седнал зад воланот на автобус и се залетал во толпата. Се верува дека еден од убиените е полицаец.Инцидентот се случил во крајбрежната провинција Фуџијан на југоистокот на земјата. Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата го совладала напаѓачот.https://twitter.com/tangyongtao1/status/1077489657917538306https://twitter.com/pZO5xK2Su74DiBW/status/1077492271434481666

Свет | пред 7 години

7 год.
kalendar

1 јануари 2019 година – неработен ден за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2019 година (вторник), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada-1

112-та седница на Влада

На предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница ќе биде разгледана Предлог - програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.Министерството за локална самоуправа за оваа седница предложи повеќе точки меѓу кои и Предлог - програмата за изменување на Програмата за рамномерен регионален развој во 2018 година, Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2018 година, со Предлог – одлука, како и Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2018 година, со Предлог – одлука.На оваа седница на Владата на РМ ќе биде разгледана и Информацијата за усвојување на Национална транспортна стратегија 2018-2030, додека пак на предлог на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на седницата ќе биде презентирана Информацијата за потпишување Меморандум за соработка со Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на проектот „Носење промени - добро управување и ефективност во јавната администрација“.Од Канцеларија на Претседателот на Владата на РМ, за оваа 112-та седница доаѓа Информацијата за формирани работни групи по кластери за подготовка на Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализам.На денешната седница на Владата на РМ ќе се најдат и повеќе други точки од интерес на граѓаните и од Програмата за работа на Владата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
najcevska

Најчевска: Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност

Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност – да брка по контејнери.Она што не смее да се случи е пратеникот да бенефицира од функцијата пратеник.Тој станал пратеник за да ги претставува граѓаните, да биде нивни глас во највисокото законодавно тело, а не да добива било какви бенефиции и лична корист.Пратеник не е вработување туку е претставување.За вработување се потребни квалификации, а за пратеник е доволно група граѓани да мисли дека конкретниот човек може верно да ги застапува нивните интереси.Пратеникот не смее да ја напушти пратеничката функција: со повеќе пари, поголем имот, повисоко образование, од она кое што го имал кога бил избран.Секое зголемување на богатството, образованието, имотот во време на вршење на пратеничката функција е сомнително и треба да биде сериозно истражено.Донесување на закон со кој се гарантираат бенефиции за пратениците кои немаат врска со нивната функција на претставници на граѓаните значи озаконување на корупцијата.Такви пратеници воопшто не ни се потребни.Мирјана Најчевска

Македонија | пред 7 години

7 год.
gGJvC-

Уште еден цариник го посетил Груевски во Будимпешта

Покрај Александар Трајковски, уште едно лице кое исто така било вработено во Царинската управа, поточно во Секторот за контрола и истраги, било во посета на поранешниот премиер Никола Груевски, во Унгарија.Вработениот во Царинската управа бил идентификуван откако на унгарскиот портал „24.ху“ се појави видео во кое Никола Груевски заедно со уште неколку лица седеше во елитен ресторан во Будимпешта.Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски вели дека цариникот користел денови од одмор, а во моментов доаѓа на работа, но и дека тој не може да ги спречи вработените да патуваат. Исто така тој истакна дека за посетата на двајцата счужбеници во Будимпешта се врши истрага.Пред две недели на унгарскиот портал „24.ху“ се појави видео во кое Никола Груевски заедно со уште неколку лице ручаше во познат ресторан во Будимпешта. Екс премиерот не одговори на прашањата кои му беа поставени од новинарот, туку се качи во возилото кое го возеше неговиот личен возач.

Македонија | пред 7 години

7 год.
durlovski

Дурловски: Наместо молба за помилување, одлучив да се борам за докажување на мојата невиност

Оперскиот пејач Игор Дурловски кој е еден од обвинетите за настаните од 27 април, преку социјалнте мрежи порача дека наместо наместо молба за помилување, одлучил да се бори за докажување на неговата невиност.„Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.Да живее Македонија“, напиша Дурловски на Фејсбук

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања