Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
policija-22

Албанец со фалсификувана исправа фатен на Аеродромот во Скопје

На 24.12.2018 година во 13.00 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, на излез од РМ, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“, приведен е  С.Р.(43) од Дибар, Р.Албанија.При извршениот преглед, кај него била пронајдена британска возачка дозвола, банкарска картичка на име T.P.  и албанската патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
SAM_6035

Тетовец вршел ископ и утовар на песок без дозвола, па добил кривична

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против ТД “Голец Транс“ ДООЕЛ село Желино и А.Љ.(65) од село Желино за сторено кривично дело “незаконита експлоатација на минерални суровини“.На  27.11.2018 година во атар на село Сиричино, тетовско, на место викано “Леске”, на имот сопственост на второпријавениот, кој е управител на првопријавеното правно лице, од страна на полициски службеници, биле затекнати работна машина и товарно возило, сопственост на првопријавеното правно лице, при ископ и утовар на минерална суровина - песок, за што првопријавеното правно лице не поседувало соодветна концесија издадена од Министерство за економија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petardi

И Неготино остана без петарди, запленети 3.200 парчиња

Во текот на вчерашниот ден (24.12.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес кај две лица се пронајдени и одземени пиротехнички средства. Од Б.С.(52) од село Тимјаник, неготинско и Љ.Ѓ.(57) од село Долни Дисан, неготинско се одземени повеќе од 3,200 петарди и огномети.По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49055064_2124722477573953_3485600500278099968_n

(ФОТО) Продолжува менувањето на оштетената урбана опрема

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активностите за менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници. Изминатите денови се отстрануваше оштетена урбана опрема од булеварите Илинден, Гоце Делчев, како и на улиците 11 Октомври и Кочо Рацин.„На терен се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките, сообраќајни знаци и рабници од тротоарите. На истите локации ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана.Оваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период на повеќе градски сообраќајници“, велат од ЈП „Улици и патишта“.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Capture-8

(ВИДЕО) Константин Георгиевски изгласан за в.д. градоначалник на Охрид

Со 15 гласа „За“ изгласан Константин Георгиевски за вршител на должност градоначалник на Општина Охрид.Георгиевски го предложи советникот од СДСМ Ристе Буловски и тој беше единствениот кандидаст за вршител на должност до избори.„Ни најмалку не сум среќен што на овој начин треба да ја извршувам оваа функција“, со солзи во очите рече Георгиевски, и вети дека во целост ќе ја испочитува желбата на градоначалникот Стојановски и сите негови планови за Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски за католичкиот Божик: Поделбите да ги замениме со толеранција и соживот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати божикна честитка до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.„Празнувањето на овој голем чин во историјата на човештвото претставува најинтимен и најрадосен момент во душата на секој еден верник и следбеник на Христовото учење. Божик е најсветиот христијански празник кој го празнува раѓањето Христово, најсветол ден во животот на секој христијанин, празник кога се негуваат убавите мисли и дела. Почитувањето на традиционалните вредности, толеранцијата на различностите е нашиот заеднички идеал, кон кој сите ние се стремиме“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додава дека се наоѓаме во период преполн со предизвици за државата и сериозни пречки во нашето општество, па потребно е обединување.„Повеќе до кога било во минатото, денес потребно е обединување, да ставиме крај на проблемите кои со децении се провлекуваат во нашата земја, поделбите и омразата, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка татковина. Потребно е враќање на спокојот и сигурноста, прогонот, притисоците и поделбите да ги замениме со толеранција, вистински соживот и враќање на вербата во луѓето. Неправдата да биде замената со правда, а вредностите и принципите да бидат составен дел од нашите животи“, додава Мицкоски во божикната честитка.Ваквите празнични моменти, вели тој, носат светлост во секој дом, но и служат како потсетување дека божиќната радост треба да биде споделена со ближните, пријателите и соседите. Овие празнични моменти, како што додава Мицкоски, носат порака за мир и разбирање помеѓу луѓето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

12 сообраќајки во Скопје во изминатиот ден

Во текот на изминатиoт ден (24.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и седум со материјална штета.При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди. 12 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 13 возачи бидејќи осум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и тројца управувале под дејство на алкохол. Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи пет биле нерегистрирани и три технички неисправни.Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица неправилно се престроиле, седум не поседувале пропишана зимска опрема, седум не користеле сигурносен појас и 21 користеле мобилен телефон додека го управувале возилото. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози,  додека исто така 74 возила се подигнати со "Пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кирацовски: Божиќниот дух на добри дела, мир и спокој нека владее во годината што доаѓа

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски  по повод големиот празник Рождество Христово Божиќ во свое, и во име на СДСМ, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар.„До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Рождество Христово Божиќ, упатувам срдечни честитки со искрена желба за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат.Прославувајќи го Христовото раѓање, го славиме животот, љубовта, мирот меѓу  луѓето, толеранцијата, солидарноста,  меѓусебното помагање и почитување.Во годината што доаѓа уште попосветено да ги негуваме овие универзални човекови вредности, затоа што тие се предуслов за спокоен живот на сите граѓани во Република Македонија.Нека божиќниот дух на добра мисла, добри дела и топлина владее не само овој ден, туку преку целата година.Нека ви е честит големиот празник Рождество Христово Божиќ“

Македонија | пред 7 години

7 год.
tevdovski-1-777x437

Тевдовски: Сет од 10 крупни реформи ги подобрија јавните финансии во 2018

Преку реформи на даночниот, пензискиот, социјалниот систем, системот на јавни набавки, фискалната транспарентност, спречување на перење пари, како и менаџирањето на јавниот долг, во 2018 година има значително подобрување во јавните финансии во земјава. Станува збор за сет од 10 крупни реформи направени годинава. Тие ќе придонесат за постепено намалување на буџетскиот дефицит, контрола над јавниот долг, намалување на дефицитот во ПИОМ, сервисирање на наследените обврски и спречување на создавање нови, подобро насочување на социјалните трансфери до оние на кои им се потребни и поголема фискална транспарентност.Со даночната реформа, направена годинава ќе се обезбеди фер даночен систем и постепена фискална консолидација. Пензиската реформа пак, ќе го стабилизира ПИОМ и ќе го намали дефицитот во Фондот. Направена е и реформа на социјалниот систем. Таа ќе овозможи гарантиран минимален приход, подобро таргетирање на социјалните трансфери, како и повеќе средства за најранливите категории.-Јавниот долг е ставен под контрола. Ако во 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8%, денес тој изнесува 48,2%. Зголемена е довербата на инвеститорите, што влијаеше на намалување на каматната стапка и зголемување на рочноста на инструментите. Годинава е 30 годишна обврзница, како и најуспешната еврообврзница досега со историски најниска каматна стапка од 2,75%. Фискалната консолидација се спроведува постепено во насока на одржливост на јавниот долг. И следната година дефицитот во Буџетот е проектиран на пониско ниво во однос на годинава - како процент од БДП, но и во апсолутен износ понизок - истакна во изјава за медиумите министерот за финансии Драган Тевдовски.Тевдовски посочи и дека системски е пристапено кон решавање на заостанатите обврски од претходната власт. Прво, како што рече, направен е закон и платформа за задолжителна евиденција на заостанатите обврски од страна на институциите, општините, фондовите. Потоа, пристапено е кон решавање на проблемот – голем дел од обврските се сервисирани. Министерот Тевдовски истакна дека направени се и законски механизми кои ќе спречат натрупување на нови обврски.Годинава преку новиот Закон за јавни набавки, системот за јавни набавки е усогласен со европските стандарди. Со тоа ќе се овозможи поголема ефикасност и транспарентност во јавните набавки.Борбата против корупцијата се спроведува преку донесените мерки за спречување перење пари. Направен е нов закон, како и стратегија со НБРМ за безготовински плаќања.Подобрена е и функционалноста на системот за јавни финансии. Воведена е претпополнета годишна пријава, електронски систем за царинско работење и многу други мерки од кој директен бенефит ќе имаат граѓаните и фирмите.Континуирано се работи на подобрување на фискалната транспарентност, како најдобар механизам за контрола на управувањето на јавните финансии. „Граѓанскиот буџет“ доби веб-платформа, континуирано се објавуваат голем број на извештаи кои имаат и квалитативно подобри податоци. Наскоро и исплатите од трезорот ќе бидат достапни до широката јавност преку веб-платформа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода неколку улици во Карпош

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека поради двоење во шахта на водоводна мрежа со пречник 1 цол на ул.Варшавска бр.38, денес без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица и од улиците Хелсинки, Мексичка и Ташкентска. (Опш.Карпош).

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 7 милијарди буџет, а не презема ништо против загадувањето

Македонија се гуши во смог. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички во текот на ноќта во градовите низ државата изнесуваше и до десет пати над дозволеното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев ја зацрни државата. Ветуваше почист воздух откако ќе ја преземе власта, за две години потоа тој и неговите министри и градоначалници да спијат во собраниските клупи, играат игри на телефон, но и да даваат изјави дека не ги интересираат граѓаните.Потрошија 7 милијарди буџет, а не преземаа ништо против загадувањето. Две години од животот на граѓаните поминаа, а власта не спроведе ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека, наместо решенија се вадат на излитени фрази дека не е можно решение веднаш, сосема спротивно на она што го говореа од опозиција.„И додека власта не презема ништо, болниците низ државата се полнат со пациенти со срцеви и белодробни проблеми, настанати како последица на загадувањето.Граѓаните се директна жртва на негрижата на власта. Ова не смее да продолжи потребни се итни мерки кои ќе го намалат задувањето. Потребно е итно и забрзано отпочнување на проектот гасификација ма целата територија на државата.Граѓаните имаат право на чист воздух, а тоа е обврска за власта.СДСМ нема веќе простор за поправање. Со секој поминат ден со оваа власт, штетите по државата се се поголеми. Токму затоа СДСМ мора да си замине. Црнилото мора да биде победено! Зората ќе изгрее за Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја дел од Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Ѓорче

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на ден 25.12.2018 година, без електрична енергија ќе останат:Од 13:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Првомајска, подулица 18 (опш.Кисела Вода – Скопје);Од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов, поулица 52 во нас.Лисиче; Од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од ул.Ѓорѓи Капчев, подулица 1 (опш.Аеродром – Скопје);Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Скупи бр.3А – позади Олимпико (опш.Карпош – Скопје);Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.52 во Стопански Двор (опш.Ѓорче Петров – Скопје);

Скопје | пред 7 години

7 год.
sobranie-2

Отстранет кампот на ,,Македонија блокира“ од паркот спроти Собрание

Утрината комунални служби ги чистеа остатоците од кампот на групата која под покровителство на ,,Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, неколку месеци кампираше во ,,Жена парк“, спроти Собранието на РМ, пишува Ако.мк.Импровизираните камп куќарки, шаторите и другите реквизити се отстранети во текот на ноќта. Демонстрантите што престојуваа тука повеќе месеци ги нема.Тие во текот на изминатиот период, секој ден попладне ја блокираа сообраќајницата пред македонскиот Парламент, поради промената на името и уставните измени.Но, тоа предизвикуваше голем револт кај граѓаните, бидејќи се работеше за неколку демонстарнти, а често улицата беше блокирана само со неколку пластични гајби или клупи од блискиот парк.

Скопје | пред 7 години

7 год.
20181225094346

Заев: Да ги дочекаме идните денови исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар

Премиерот Зоран Заев, присуствуваше на црковната служба со која по повод празникот Христово раѓање – Божик, во храмот „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во Македонија.На мисата во централната католичка црква во Скопје, присуствуваа и членовите на Владата – заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи, и заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев.По повод празникот Христово раѓање – Божик премиерот Заев упати писмо со честитки до сите припадници на Католичката црква и до сите Христијани што денеска го слават Христовото раѓање, во кое се вели:„Убавината и топлината на пораката за Божик – Христос се роди, нека ги исполни уште еднаш со радост и топлина срцата на сите верници од Католичката црква и православните Христијани кои денеска го слават големиот празник – Христовото раѓање. Нека се исполнат со духот на Божик домовите на сите со мир во душите и со радоста на живеењето, и нека не поттикне таа радост со љубов да ја споделиме со најблиските, со пријателите и со секој добронамерник. Да му помогнеме на секој обесхрабрен и неутешен.Така ќе ја шириме и пораката на Богомладенецот кој стана човек за да го види светот со нашите очи, но постојано да не потсетува дека во милосрдието и солидарноста со другиот се остваруваме во личности според неговиот образ. Радоста за време на празникот на Христовото раѓање нека ги поврзе сите граѓани на нашата земја и нашите сограѓани во светот. Со благословот на овој голем христијански празник да ги дочекаме идните денови во нашите домови и заедници исполнети со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар“, пишува во писмото по повод празникот Христово раѓање – Божик, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
htrrrr

Кекеновски: На Македонија и треба претседател кој нема да го потпише Преспанскиот договор

На Македонија и треба кандидат за претседател кој нема да го потпише Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од неуспешниот референдум, смета професорот и лидер на движењето ФРОДЕМ, Јове Кекеновски. Според него, потребен е консезус на целата опозиција околу еден кандидат кој треба да потекнува од народот и да е близок на народот.„Кандидатот треба да е човек кој е чесен, храбар, достоинствен, спремен во секој момент да се соочи со предизвиците како и да ја понесе одговорноста, човек кој ќе се бори правдата да ги стигне сите сторители на криминални дејанија и сторени зла без разлика на која партија и припаѓаат како и конфискација на нелегално стекнатиот имот,кандидат кој по своето убедување е легалист и легитимист, кој ќе бара доследно почитување на Уставот и законите, симболите на државата и почитување на институциите на системот, кандидат кој нема да ги потпише донесените неуставни закони и Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од консултативниот (неуспешен) референдум, човек кој во иднина со својата чесност, правдољубивост, барањето за еднаквост на сите пред законите како и почитување на различитостите ќе го симболизира државното единство, кандидат кој ќе побара морална и кривична одговорност за сите оние кои во името на славољубието и личните интереси го обезличуваат, понижуваат и делат сопствениот народ, кандидат кој ќе побара под итно истрага за сите високи функционери кои одработуваат за странски служби и интереси“, смета Кекеновски

Македонија | пред 7 години

7 год.
voz-avtobus-2

Машиновозачот на возот кој преполови автобус кај Ниш побарал психијатриска помош

Погребани петмината патници од „автобусот на смртта“ .Човекот кој управувал со композицијата со судирот со автобусот по трагедијата отворил боледување поради шок и стрес.Како што неофицијално дознава „Блиц“, се работи за помлад човек, на кого состојбата му се влошила по трагедијата и побарал психијатриска помош. Еден од неговите колеги, кој побарал да биде анонимен, во разговор за „Блиц“, вели дека колку и да се машиновозачите во ткот на школувањето подготвени за вакви работи, стресот не може да се изостави.-Кога ќе се одлучиме за овој повик, свесни сме што се може да не чека на пругата. Во овој случај, ќе се осмелам да кажам дека колегата не можел ништо да направи. Страшно е кога одеднаш пред себе ќе видите возило како стои, а уште повеќе кога се работи за полн автобус. Секако дека му е тешко, потресен е, но не можеше ништо да направи, вели за „Блиц“ колегата на машиновозачот.Од „Србија возови“ за „Блиц“ рекле дека вработениот отворил боледување и дека телефонот му е исклучен.Колегата на машиновозачот додава дека ретко кога трагедијата може да се спречи и апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни.

Свет | пред 7 години

7 год.
zemjotres

Земјотреси во Вршац и Закинтос

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во Србија.Според информациите, земјотресот бил во 7:33 часот со епицентар во регионот на Вршац.Земјотрес со интензитет од 4.6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран рано изутринава и во Јонското Море, на 48 километри јужно од грчкиот остров Закинтос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.Меѓутоа, според Европско-медитерански сеизмолошки центар, како што јави дописничката на МИА од Атина, земјотресот, што се случил во 3.41 часот по локално време (2.41 часот по средноевропско време), бил со јачина од 4.8 степени според Рихтер.Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.Закинтос на 26 октомври беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 6.4 степени, што предизвика материјална штета, а оттогаш во Јонското Море често се регистрираат помали потреси.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Охридските советници ќе избираат в.д. градоначалник

Денес со почеток во 11 часот ќе се одржи вонредна седница на советот на општина Охрид каде на дневен ред избор на вршител должност градоначалник на општина Охрид.Се очекува советничкото мнозинство да го даде својот предлог за вршител на оваа должност, по што ќе се побара поддршка и од останатите советници.Од страна на советничкото мнозинство ќе биде предложен актуелниот заменик градоначалник, Константин Георгиевски.Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Честитка од претседателот Иванов до верниците кои го прославуваат католичкиот Божиќ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.-Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божиќ.Рождеството Христово – Божиќ како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството го симболизира новиот живот кој значи нов почеток и нова надеж. На овој важен ден имаме можност да се потсетиме на основните човечки вредности, да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме во хармонија и да шириме радост, љубов и добрина.Да направиме сè и на овие празници различностите да не зближат, а вредностите кои нè обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме.Во духот на долговековната традиција, посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, во кругот на најблиските исполнети со љубов и топлина.Нека ве следи добра мисла, Божиќен и човекољубив дух, се наведува во честитката на претседателот Иванов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48967469_997046760481268_4810095554539290624_n

Премиера на балетот „Ана Каренина“

Македонската опера и балет вечер од 20 часот премиерно ќе го изведе балетот во два чина „Ана Каренина“ според романот на Лав Толстој, на музика на Петар Илич Чајковски. Кореограф е Лео Мујиќ од Хрватска, а диригент Бисера Чадловска.Ликот на Ана Каренина ќе го игра Мими Поп Алексова-Атанасовска, во алтернација со Марија Кичевска-Шокаровска. Во ликот на Вронски ќе настапи Бобан Ковачевски, Каренин ќе биде Васил Чичијашвили… Сценографијата е на Михајло Стојановски и Сашо Стојановски, костимограф е Александар Ношпал. По премиерата вечер, балетот „Ана Каренина“ репризно ќе биде изведен на 29 декември, а потоа на репертоар од февруари.МОБ најави дека симбиозата на два руски великана во класичната литература и музика, Толстој и Чајковски, е преточена во современа претстава од 21 век, која е сепак во класични рамки и со богата балетска лексика.Кореографот Мујиќ,  кој првпат работи во Македонија, за изборот познатото класично дело од крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век да биде основа на претставата, на прес-конференција рече дека покрај нови, балетот мора да опслужува и класични литературни и музички дела.– „Ана Каренина“ припаѓа во опусот на општата култура. Експлоатирана е и во други медиуми – во театар и филм, но може да најде место и во балетот. Она што сè уште ја привлекува  публиката е приказната, односот меѓу ликовите и драмското дејство. А сето тоа  на прекрасна симфониска музика и делници тешки за свирење кои не се изведуваат во балет. Спојот ќе донесе прекрасна претстава, истакна Мујиќ.Чајковски во својот опус често бил инспириран од делата на руската и светска класика, а никогаш не искористил дело од Толстој. Но, за  романтична приказна во „Ана Каренина“, која обработува вечни теми како љубов, прељуба, љубомора, одмазда, трагедија, музиката на Чајковски, според МОБ,  била најсоодветен избор.Диригентката Бисера Чадловска посочи дека во претставата се искористени најубавите и познати делови од симфониите на Чајковски кои, рече, отсекогаш сакала да ги работи и дека со овој балет се исполнува нејзината дамнешна желба. Меѓу делата на Чајковски е и светски популарниот Концерт за виолина кој е многу тежок за изведба и, како што рече, се нафатил да го отсвири нивниот концерт-мајстор Климент Тодоровски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
majka-ubila-kerkata

Мајка монструм - Ја убила ќерката за да му се одмазди на попранешниот сопруг

Мајка ја убила својата ќерка поради одмазда на поранешниот сопруг, во градот Рентон, Вашингтон. Светлана Лаурел (52) ѝ пукала во својата ќерка во главата, додека девојчето, Натали (14) се обидувала да повика полиција бидејќи мајка ѝ ги врзала нејзиниот татко и брат.Лаурел се појавила во домот на поранешниот сопруг, а внатре ѝ дозволил да влезе нејзиниот син (12).Кога момчето ја пуштило внатре, го однела во собата каде што го врзала и му ставила чорапа во устата. Му се заканила дека ќе пука со пиштол ако вреска, а постојано му зборувала дека неговиот татко ѝ го уништил животот.Кога Натали и нејзиниот татко, Мајк, се вратиле во куќата, Светлана држела електрошокер и го употребила врз својот поранешен сопруг, пред да го врзе.https://twitter.com/EMP_newsmedia/status/1075258991859515393?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1075258991859515393&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F292514%2Fvlegla-vo-kukata-na-poranesniot-soprug-i-brutalno-ja-ubila-kerkata-devojceto-14-sakalo-da-im-pomogne-na-tatkoto-i-bratot-a-majkata-ladnokrvno-pukala-vo-glavataНатали наводно отишла на другиот спрат, во својата спална соба и повикала полиција.Тогаш се одиграла крвава драма, после која стигнала полицијата и ја уапсила Лаурел.Одбиена ѝ е кауција, а покрај убиството, ќе одговара и за киднапирање и заробување.

Свет | пред 7 години

7 год.
20374449_1432022750220815_2576309685868234324_n

Мери Николова Буџаку: Заев ти си најголем лажго, на наредни избори јас прва ќе застанам против тебе

Активистката Мери Николова Буџаку преку својот Фејсбук профил му се обрати на премиерот Зоран Заев, со зборовите дека е најголем лажго и дека на наредните избори таа прва ќе застане против него.„Заев ти си за мене најголем лажго. Зошто? Затоа што ме гледаше во очи и ме лажеше. Не си ти тој вистинскиот како што ја покажуваш твојата лажна насмевка во јавноста. Да нема забуна, мојата критика не е за работа, за болест се работи, поточно за ретка болест за која нема лек и ништо од ветеното Зоране. Здравството ти е дно. Многу сум ти лута. Никогаш во иднина нема да те поддржам и запамти, ,,воините никогаш не спијат,,.Поради тој очај и мојата гордост се одјавувам од фб со моја активност на статуси се до наредни избори кога јас прва ќе застанам против тебе. Еднаш човек кога ќе ме повреди никогаш не му простувам. Јас во свој стил ќе ти вратам. А тие што лижат газови ќе се пензионират како лижачи, можете и таков закон по брза постапка да изгласате во собрание“, стои во објавата на Фејсбук

Македонија | пред 7 години

7 год.
sudenje-4

Обвинетите за смртта на Саздо бараат да не одговараат за убиство, нивните семејства на протест

Семејствата и роднините на лицата кои се обвинети за убиството на младиот Никола Саздовски, незадоволни од судскиот процес, најавуваат дека ќе протестираат и повикуваат граѓани да им се придружат на нивниот, како што го викаат, протест за правда, пренесува порталот на албански јазик “Алмакос”.-„Длабоко огорчени со преквалификација на предметот за случајот “Саздовски”, ние семејствата на Бесир Бела и Скендер Демири, ја известуваме јавноста дека на 25.12.2018 (вторник) во 10:30 часот – за време на седницата ќе протестираме пред Основен суд Скопје.Ве повикуваме сите граѓани да ни се приклучите на нашиот протест за правда, бидејќи базирани на сите докази на обвинителството што ги поседува судот, нашите момчиња не можат да се класифицираат како свирепи убијци. Бараме судот да биде ист за сите граѓани, а не за некои мајка за некои маќеа. Да се засноваат на факти и да не бидат под влијание на политички притисоци и да нема реванш против некои “граѓани кои припаѓаат на други етнички групи” соопштуваат семејствата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
meksiko-nesrekja1

ФОТО: Во пад на хеликоптер загинаа гувернерка на Пуебла и нејзиниот сопруг сенатор

Гувернерка на Мексико и нејзиниот сопруг сенатор, загинаа денес во пад на хеликоптер во централно Мексико, јавуваат локалните медиуми.Гувернерката на мексиканската држава Пуебла, Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг Рафаел Морено, кон претходно бил гувернер на истата држава, загинале откако хеликоптерот полетал од хелиодором, пренесува Ројтерс.Мексиканските медиуми објавуваат снимки од лице место, на кои се гледа дека хеликоптерот кој е целосно уништен.За сега не е познато колку лица се наоѓале во леталото.Ерика Алонсо станала гувернерка пред две недели.

Свет | пред 7 години

7 год.
nikola-sazdovski

Продолжува судењето на обвинетите за убиство на Саздовски

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски.Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.Тие му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако им ја покажал неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите, нанесувајќи му тешки телесни повред, од што паднал во кома.Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули годинава почина на КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за смртта на Саздовски, откако првичната квалификација наиде на бурни реакции од јавноста. Па така наместо за кривично дело „насилство“ против тројцата осомничени се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот, распишана е домашна и меѓународна потерница.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања