Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
goran-koseto

Ќосето бара амнестија за 27 април

Обвинетите од „крвавиот четврток“ Горанчо Ангеловски и Иван Цветановски ќе поднесат барање за амнестија. Ова денеска го соопшти адвокатот Драган Пешевски на денешното рочиште за овој процес.Адвокатот Пешевски се надева дека обвинетите Ангеловски и Цветановски ќе бидат амнестирани согласно Законот за амнестија.Од денеска започнува да тече рокот од 5 дена за поднесување на барање за амнестија од страна на обвинетите.

пред 7 години

7 год.
voz-avtobus-2

(ВИДЕО) Расте бројот на загинати и повредени во страшната несреќа кај Ниш

Најмалку пет лица загинаа утринава, а 30 се повредени во судирот на воз и автобус на железнички премин во Доње Меѓурово кај Ниш во Србија.Според официјалните информации што ги соопшти директорот на српската полиција Владимир Ребиќ, бројот на жртвите пораснал на пет. Триесет лица се повредени, од кои пет се моментално во операциони сали, а две лица се во тешка состојба.Несреќата се случила кога воз удрил во автобус, при што од силината на ударот возот излетал од шините, а автобусот бил преполовен.Докторот Миодраг Лазиќ, директор на Ургентниот центар во Ниш, кој работел и како воен хирург, за српските медиуми рекол дека Ова е како да има војна. Во рок од 15 минути примивме 30 пациенти, а на 10 до 12 животот им е во опасност. Имаме десетина деца со повеќекратни повреди, тоа се тешки повреди и тие се на интензивна нега. Имавме вонредна ситуација, во рок од 10 минути пет пациенти влегоа во операциска сала. Операциите се во тек, а исходот е неизвесен“, изјавил докторот.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Германија со највисок раст по однос на плата - просечната заработка во оваа земја од 3 до 4 илјади евра

Според Државниот завод за статистика на Германија ,платите во оваа земја во третиот квартал од годинава пораснале за 1,5 отсто, што е најсилен раст во последните две години.Најголем пораст на платите е забележан во секторите недвижности, култура и забава, а платите во образованието и другите услуги пораснале послабо од просекот.Според државниот завод за статистика просечната бруто-плата во сојузните земји на западот на Германија во ноември изнесувала 4.000 евра, а на истокот на земјата 3.170 евра.

Свет | пред 7 години

7 год.
ukraina-tepacka-parlament

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент

Нова тепачка во украинскиот парламент. Укранските медиуми јавуваат дека пратениците почнале да се туркаат и тепаат со тупаници поради плаката на која се наоѓал украински политичар наречен „Путинов агент“.Најпрво физички започнала пресметка помеѓу двајца пратеници која многу брзо преминала во општа тепачка.Седницата експресно била прекината.Инку ова не е прв пат во Украинкиот парламент да има тепачка.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Германија ги отвора вратите за работна сила и за Македонците

Новиот германски закон за вработување на граѓани од држави надвор од ЕУ во оваа земја носи неколку значителни промени. Оваа промена ќе им ја олесни постапката за наоѓање работа на работниците кои сакаат да работат во најсилната економија во Европа.Како што се наведува на сајтот на Владата на Германија, изразот „квалификуван работник“ ќе се користи и за работниците со висока стручна подготовка и за оние со пониска стручна подготовка, што на вторите ќе им го олесни патот до наоѓање работа.Новиот закон предвидува граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, а имаат квалификации потребни за Германија, да добијат дозвола за престој од шест месеци за да најдат работа. Во овој период, тие мора да имаат свои средства за живот и да покажат доволно ниво на познавање на германскиот јазик.Ова значи дека Германија ги отвора вратите и за работна сила и од Македонија.Еден од главните услови, покрај квалификацијата е познавање германски јазик, поради полесна адаптација, а тоа не смее да биде под ниво А2. Овозможено е задржување во Германија поради пронаоѓање работа, а ќе биде овозможено и дошколување, таму каде што е потребно, поради различноста во образовниот систем на Германија и земјите надвор од ЕУ.

Свет | пред 7 години

7 год.
sluzben-vesnik-zakon-amnestja

Иванов потпиша, Службен весник го објави - Амнестијата експресно стапува на сила

Законот за амнестија од денеска од објавен во Службен весник на РМ, којшто веќе го потпишал претседателот Иванов.Од денеска тече рокот од пет дена за обвинетите во предметот за 27 април во собранието од минатата година, во кој тие може да поднесуваат барање за амнестија.Во предметот, обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.Според овој Закон секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија. Последниот збор ќе го дадат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Неверојатно - како успеа да го преживее?!

Вчера рано утрото, во пет часот, во словачкиот патен тунел Борик се случи стравична сообраќајна несреќа која беше снимена на безбедносна камера.Брз BMW автомобил пред влезот на тунелот полета во висина, буквално како авион, удри во горниот дел на тунелот , потоа се изврти веколку пати во воздух и внатре во тунелот падна на тркала.Иако по ваква несреќа секој би помислил дека возачот ќе биде барем повреден , 44-годишниот Словак излегол од BMW–то без никакви повреди и поминал само со оштетен автомобил. Резултатите од алкотестот на кој бил подложен покажале дека возачот бил трезен и немал консумирано алкохол.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Магла на планинскиот премин Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози,освен на осојничавите места.„Намалена видливост до 100м. поради појава на магла на планинскиот премин Ѓавато.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски: Ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук најави дека во Собранието ќе поднесат интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за како што вели, нерасчистение убиства, „црниот Вотергејт на Заев“, односно прислушувањето на обвибителството и судството.„Нерасчистени убиства! Криминал во подем, држава со најголем раст на индексот за перцепцијата за корупција, сомнителни тендери во МВР!Тепање на сопствениот народ и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски претреси по домовите на луѓе кои протестираат.Црниот Вотергејт на Заев со кој се прислушкувало обвинителството и судството, за да се клекне на колена и уценува, е црно петно за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И поради сето ова, и многу повеќе работи кои ќе бидат образложени во Собранието ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски. Оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

7 год.
4713156

Грчкиот премиер во посета на Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе допатува во посета на Србија, при што е предвидена негова средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.Како што соопшти Кабиентот на српскиот претседател, по средбата, Вучиќ и Ципрас ќе присуствуваат на втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција.На Вучиќ и Ципрас утре во Белград ќе им се придружат и премиерите на Бугарија и на Романија, Бојко Борисов и Виорика Данчила, на средба во рамки на квадритералната регионална соработка.

Свет | пред 7 години

7 год.
48413203_2751723508386939_89829627542896640_n

„Јас сум актер човек премиерно“ во Галерија Колектив

На 22 декември со почеток од 20 часот во Галеријата Колектив, премиерно ќе се изведе новата претстава на режисерката Теа Беговска, а а во изведба на Никола Кузелов, Надица Петрова, Елизабета Стефановскка, Даријан Петров. Автор на Музиката е Енес Беговски.Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене. Толку се сакам себе. Лажам. Се сакам себе толку колку да се рече дека се сакам себе. Лажам. Дека се сакам себе. Лажам. Човек ли сум? Актер ли сум? Актер- човек или човек- актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Сè она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. Интерактивен театрски перформанс кој говори за тоа дека ништото доволно, дека тоа ништо е сепак нешто што нè прави посебни секој сам за себе. – истакна БеговскаКој сум јас? Што сум јас? Сам, самиот со себе сум. Тој сум јас. А крајот за сите е ист...Секој човек ќе живее само за времетраењето на една тетарска претстава.Претставата ќе има и своја реприза на 24.12.2018 со почеток во 21:00 во Галеријата Колектив.

Магазин | пред 7 години

7 год.
prepodoben-patapij-1-660x330

Од календарот на МПЦ - Денеска е Преподобен Патапиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 декември.Преподобен Патапиј се роди во градот Тива, покрај реката Нил, во Египет. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште додека беше млад, тој го засака монаштвото и се повлече во една од египетските пустини. Неговиот свет живот им го сврте вниманието на луѓето, а тој, сакајќи да избега од почестите, побегна во Цариград и се насели во една колипка. Некое време остана непознат, а потоа Господ им го покажа на луѓето, на кои им служеше до крајот на својот добродетелен живот, особено со дарот на чудотворство.Близу дo црквата “Влахeрна” вo Цариград си направил кoлиба и oвдe, затвoрeн и нeпoзнат, гo прoдoлжил свoјoт прeкинат испoснички пoдвиг. Нo свeтлината нe мoжe да сe скриe. Нeкoe мoмчe, слeпo oд раѓањe, вoдeнo сo Бoжјата прoмисла, дoшлo кај св. Патапиј и гo замoлилo за мoлитва кoн Бoга за да прoглeда и да ги види Бoжјитe сoзданија, та уштe пoвeќe да Гo прoслави Бoга.Сe смилувал св. Патапиј над страдалникoт, сe пoмoлил на Бoга и мoмчeтo прoглeдалo.Тoа чудo гo oткрилo бoгoугoдникoт на цeлата прeстoлнина и луѓeтo тргналe кoн нeгo за лeк, утeха или за пoука. Патапиј исцeлил нeкoј пoзнат чoвeк oд вoдeна бoлeст прeкрстувајќи гo сo крстoт и пoмазувајќи гo сo eлeј. Eднo мoмчe гo oслoбoдил oд нeчистиoт дух штo лутo гo мачeл, правeјќи крст сo раката вo вoздухoт.И лoшиoт дух излeгoл oд Бoжјoтo сoзданиe какo чад сo гoлeмo викањe. Нeкoја жeна, кoја имала рана на градитe испoлнeта сo црви, ја прeкрстил и ја oздравeл.И мнoгу други чуда прoјавил св. Патапиј сè сo мoлитва, сo имeтo Христoвo и сo крсниoт знак. Вo длабoка старoст сe упoкoил и прeминал вo нeбeснoтo царствo, вo VII вeк.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Drekselmaer

Шапуриќ: Зголемување на соработката со домашните добавувачи е заедничка цел на Владата и Дрекселмаер

Вчера попладне министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари работна средба со менаџментот на копманијата ДММ Дрекселмаер Мануфактуринг предводен од директорот Лукас Мурингер.На почетокот на средбата директорот на Дрекселмаер изрази задоволство од соработката со Владата на Република Македонија и најави дека нивната цел е да произведуваат во Македонија на подолг период и најавија нови инвестиции во државата. Овој странски инвеститор во 2018 година оствари раст и го зголеми своето производството за околу 13 проценти.Набавките на Дрекселмаер од македонските компании оваа година ќе достигнат рекордни 12 милиони евра во денарска противвредност и планираат во иднина да ги зголемат за што ќе го развиваат и надоградуваат веќе востановениот едукативен и тренинг центар. Оваа компанија која вработува 6.000 работници со новите инвестиции ќе вработи уште околу 800 работници.Шапуриќ истакна дека определбата на Владата на Република Македонија е да ги поддржува странските инестиции и дека е посебно заинтересирана за инвестиции кои ќе доведуваат до производство на производи со повисока додадена вредност, воведување на нови развиени технологии, подобро платени работни места и особено за зголемување на соработката на странските инвеститори со домашните копмании. Тој истакна, дека со мерките за економскиот раст на Владата годинава отпочна да се реализира и финасиската подршка за инвестции и за домашните компании.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Врачување на државната награда „Јасмин“

Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда  „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2018 година, за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.За остварување во областа на публицистиката наградата годинава ѝ се доделува на Марина Костова, публицист; а за остварување во областа на новинарството  на новинарот Емин Аземи.Одлуката неодамна ја соопшти Одборот за доделување на наградата „Јасмин“, под претседателство на Катерина Блажевска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

СВР - Охрид - Стоп за петардите

Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства.Со приближувањето на Новогодишните и Божиќните празници, станува актуелна употребата на пиротехнички средства, најчесто петарди, па поради тоа, полициски службеници вршат, контроли на тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје. Полициските службеници, во текот на наредната недела уште повеќе ќе ги интезивираат теренските активности но и ќе вршат контроли во сообраќајот, односно ќе ги контролираат патничките и другите моторни возила.Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, пиротехнички производи се средства што се употребуваат за огномети, како и предмети што содржат прскави состојки кои со дејство на експлозив или други состојки служат за постигнување ефекти на оган, чад, светлина и пукање и се класифицирани како експлозивни материи. Пиротехничките средства, во Законот за заштита од пиротехнички средства, се кфалификуваат како експлозивни материи, со кои промет единствено можат да вршат правните субјекти кои се регистрирани за таква дејност. Во согласност со истиот закон, промет со експлозивни материи можат да вршат трговски друштва кои се регистрирани за таква дејност во централниот регистар на РМ и имаат одобрение за дејноста од МВР на Република Македонија. Против сите граѓани кај кои ќе бидат пронајдени петарди и други пиротехнички средства ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pazar

Партијата на пензионери: За три месеци да се одложи предлог законот за трговија на зелените пазари

Партијата на пензионери (ПП), иако ја подржува основната цел во законска рамка да се уредат сите прашања со кои се прецизираат условите и начинот на вршење на трговијата на зелените пазари во Република Македонија, правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари,  искажува загриженост и резерви во врска со Член 7 став 2 од Предлог законот за трговија на зелените пазари, со кој помеѓу субјектите кои не може да вршат трговија како „трговец на зелени пазари“  се опфатени и физички лица кои остваруваат приходи по основ на пензија„Имено, во Предлог законот, не е предвидена законска можност, дури и пензионери кои имаат сопствено земјоделско или друго производство, да можат вишоците да ги продаваат, со што истите се оневозможени и со плаќање на другите давачки и даноци, да го подобрат својот и семејниот стандард.Поаѓајќи од фактот дека со примена на овој член од законот можат да бидат засегнати поголем број на граѓани, како и дека тоа може да предизвика загрозување на нивниот материјален и социјален статус, Партијата на пензионери смета дека е потребно да се одложи неговата примена за најмалку три (3) месеци, со цел да се изнајде решение кое нема да ги загрози основните цели на Законот, а истовремено ќе ги обезбеди и нивните права.Поткрепа и основа на ваквиот став Партијата на пензионери наоѓа во Уставот на Република Македонија во кој е регулирано правото на секој граѓанин да работи и под еднакви услови да му е достапно секое работно место, во врска со што, а со цел законско уредување на правото на работа по остварување на право на пензија, претставник на партијата ќе поднесе иницијатива за изменување на членот 148 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Од Аеродром Скопје , сакале да патуваат со туѓи патни исправи, лицата се приведени

На 20.12.2018 година во 17.40 часот на Граничен премин - Аеродром Скопје на излез од РМ, се пријавил да патува Л.Д.(27) од Косово и при извршена проверка утврдено било дека француската лична карта која ја поседува лицето била фалсификувана. Лицето е приведено за понатамошна постапка.На 20.12.2018 година во 17.10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје на излез од РМ се пријавила да патува B.A.(26) од Р.Aлбанија и при проверка констатирано било дека истата користи туѓа патна исправа. Подоцна кажала дека се вика С.П.(21) од Косово. Приведена е за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Capture-3

МВР: За 24 часа во Скопје, девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (20.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 57 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: четири затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и шест возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување во зона на кратосница, четворица поради неносење пропишана зимска опрема, осум возачи поради неносење сигурносен појас и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во однос на пешаците санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
kafasan

Двајца албански државјани барани со меѓународна потерница фатени на "Ќафасан"

На 20.12.2018 година околу 18.30 часот на Граничен премин "Ќафасан" лишени од слобода и задржани се С.Л.(34) и Ф.Б.(39), двајцата од Р.Албанија поради распишана меѓународна потерница.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gjorcev-1

Според Ѓорчев има две варијнти за бегството на Груевски, или во договор со власта или да си поднесат оставка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев, во интервју за ТВ21 може да има две варијанти како објаснување за бегството на осудениот екс премиер, Никола Груевски. Според него најверојатно се работи за договор со власта. Во спротивно, вели, првите функционери на МВР треба да си поднесат одговорност затоа што не успеале да го спречат тоа.-Во врска со тоа бегство има две варијанти. Или се работи за неспособност на МВР предводена од Оливер Спасовски, а со доверба од Зоран Заев, или се работи за договор со власта на Заев, кој што е во моментов е главен трговец со правдата во Република Македонија. Или треба да има одговорност, а тоа би значело оставка на Спасовски и структурите во МВР, или се работи за политички договор и тоа граѓаните во Република Македонија треба да го знаат. Огромното мнозинство од граѓанте, а особено поддржувачите на Заев и СДСМ сметаат дека станува збор за политички договор – изјави Ѓорчев во интервју за ТВ21.Во дебатата на ТВ 21 биле поканети и претставници од СДСМ, но од таму не одговориле на поканата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mvr1

Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно девет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден. Во три сообраќајки полесно биле повредени шест лица, а во пет била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 57 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четворица возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, осум возачи за не носење појас и 23 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.Санкционирани биле и осум пешаци кои поминале крстосница на црвено светло.Од сообраќај биле исклучени вкупно 11 возачи, од кои четри возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и шест нерегистрирани возила.Затекнати биле 85 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 71 возило.МИА

Скопје | пред 7 години

7 год.
valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Економскиот директор на Гинекологија, Ваљон Беља, кој беше затрелан синоќа , земал плата и од Општина Чаир

МВР сѐ уште официјално не ги објави причините за вчерашниот инцидент во општина Чаир, кога три лица пукаа во економскиот директор на Гинекологија, Ваљон Беља, но според некои медиуми се работи за расправија меѓу него и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.Како што објави ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и побарал да остварат средба во Топанско поле, кај маркетот Принц.Наводно, економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, сакал да го праша градоначалникот зошто му била стопирана платата која што ја примал од општината. По ова, градоначалникот повикал на помош други луѓе, по што настанала тепачка која завршила со пукање.Од МВР потврдија дека на ул. „Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница.Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н..В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски и опрериран.Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 година ја основаше партијата Албански сојуз. Партијата подоцна се припои кон ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Набрзо избија несогласувања помеѓу него и Тачи и лидерот на ДПА го исклучи од партијата. Беља пак бараше смена на Тачи од лидерската позиција.Беља по ова премина во владејачката ДУИ. Во јавноста остана запаметен настанот кога во 2016 година, Беља преку закана со куршум во салфетка, кој го остави во канцеларијата на тогашниот градоначалник на Чаир Изет Меџити, бараше за себе подобра функција.Општина Чаир тогаш го пријави инцидентот во МВР, но до денеска тој нема разрешница.Во времето кога беше потпретседател на Демократската партија на Албанците, Ваљон Беља, физички го нападна пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу на закажаната прес-конференција од ДПА, во Скопје.Неколку минути пред прес-конференцијата, Беља огорчен што Фазлиу се подготвува за прес-конференција, неповикан дошол пред просториите на партијата во Скопје.Тој почнал да вика „предавник, што има да зборуваш сега тука “, „ми работиш зад грб, а јас те направив претседател“.„Беља му се приближи на Фазлиу и замавна накај него, па му удри шлаканица, што дополнително ја отежна ситуацијата, а други членови на партијата кои беа на местото на настанот се обидоа да ги разделат. Беља продолжи со гневното викање, но Беким Фазлиу и членовите на ДПА кои дојдоа да одржат прес-конференција, влегоа во автомобилот и заминаа“ информираа тогаш медиумите.Инаку, оваа Влада ветуваше дека повеќе нема да има економски директори на клиниките, затоа што не се исплатливи и немаат добри резултати, но до денес ништо не е променето.извор: ако.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
germanija-avtobuska

Во Германија автомобил удри во автобуска станица - загина жена, има повредени

Една жена го загуби животот, а девет други лица беа повредени откако автомобил удри во автобуска станица во западниот германски град Реклингхаузен, објавија германските медиуми повиувајќи се на извори од полицијата.Според „Ројтерс“ полицијата која веднаш по несреќата излегла на терен ја испитува причината за несреќата. меѓу другото се истражува и дали овој случај е поврзан со тероризам .

Свет | пред 7 години

7 год.
han

Хан за германскиот весник за финансии Handelsblatt: Македонија ќе фати приклучок со Србија и Црна Гора

Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската унија, во последното интервјку за германскиот весник за финансии Handelsblatt вели дека Македонија може да фати приклучок со Србија и Црна Гора, кои на патот кон евроинтеграциите веќе добија датум за преговори и ги отвораат поглавјата.Акцент на интервјуто со Еврокомесарот беше балканскиот регион, а тој забележува дека проширување на ЕУ мора да продолжи да биде со помош за овие земји од регионот и да ги поддржи во економски раст и зајакнувањето на владеењето на правото.„Во Западен Балкан земјите се уште се кревки и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирно стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат во Унијата не можам да дадам точен година. Во однос на исполнувањето на условите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но по решавањето на спорот со Грција, Македонија има добри шанси да се движи напред“, рече Хан на едно од прашањата.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Владата на Заев до сега потроши повеќе од 5 милијарди евра и не направи ништо

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во вечерашното издание на дебатната емисија „Клик Плус“ на тв21, рече дека владата на Зоран Заев потрошила повеќе од 5 милијарди евра и при тоа не направила ништо.-Нема влада на Македонија во историјата која што повеќе пари исцедила од граѓаните и народот и која што повеќе исцедила од претпријатијата, од стопанството, од економијата. Што е направено луѓе, што е направено!? Пет и нешто милијарди евра се потрошени, на што се отидени тие пари?, истакна Ѓорчев.Ѓорчев меѓу другото зборуваше и за автопатот Кичево- Охрид, при што вели дека СДСМ ја обвинуваа Владата Предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека автопатот бил прескап, за сега СДСМ да потроши плус уште 200 милиони евра за истиот тој автопат и тоа без тендер.-За автопатот од Кичево до Охрид, пет години СДСМ збореа дека е прескап, дека тоа е премногу, тоа е корупција, не смее да биде толку скап. А сега пред месец дена, оваа Влада вели дека истиот тој автопат нема да ги гради по старата цена од претходната Влада, туку ќе го гради за плус 200 милиони евра. За 200 милиони евра ја зголемуваат цената на автопатот и тие 200 милиони евра ќе ги трошат без тендер. 200 милиони евра на народот и на граѓаните му се трошат, тоа се 100 евра по човек во Македонија. Тоа значи дека секое семејство четиричлено, кое што не гледа во Македонија, неговото семејство таа екскурзија на Владата на Зоран Заев ќе го чини 25 илјади денари со камати, рече Владимир ЃорчевИнаку на вечерашната дебата беа поканети и претставници од Власта, но до почетокот на емисијата не се одѕва на покана на што Ѓорчев додаде дека оваа Влада нема што да каже, затоа СДСМ бега од дебата.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања