Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
kniga-zalost-9

(ФОТО) Последно збогум преку порака - книга на жалост во Општина Охрид

На денешната комеморација во општина Охрид беше отворена книга на жалост. Се потпишаа премиерот на Р Мкедонија, Зоран Заев, министерите присутни на комеморацијата, амбасадори ,пратеници , бивши градоначалници, советници, директори на државни и општински јавни препријатија, граѓани ...

Македонија | пред 7 години

7 год.
lokalni-izbori.wav.Still019

(ФОТО) Што напиша Заев во книгата на жалост ?

Прв во книгата на жалост која беше отворена денес во Општина Охрид се потпиша Премиерот Зоран Заев.Заев напиша:Со заминувањето на Јован, изгуби Охрид и Локалната заедница, изгуби академската заедница, а изгуби и партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес.Јован беше колега, другар, пријател и голем професионалец посветен на својата визија за Охрид.Претседател на Владата на Република МакедонијаЗоран Заев

Македонија | пред 7 години

7 год.
smokvica-pat

(ФОТО) Вака изгледа патот Демир Капија-Смоквица

Снег кој што заврна наместо радост донесе нервози кај граѓани. Снежната покривка која вчера покри делови од Македонија, предизвика проблеми на неколку патни правци во државата. Нервозни граѓани на социјалните мрежи објавија видеа на кои се гледа хаосот на македонските патишта предизвикан од снежните наноси.Вака изгледа патот Демир Капија-Смоквица...Возачите на социјалните мрежи се жалат од состојбата на магистралните матишта.Оние кои патуваат во текот на утрово, велат дека не сите патишта се исчистени. „Македонија пат изненадени од снегов како и секоја година.Да чекаме сонце да огрее или да излезете да поработите малку“, пишува еден од возачите. Според истиот, патот Демир Капија-Смоквица во должина од 30 километри не е исчистен, односно, останал „не пипнат“.Снегот вчера доведе до целосен прекин на сообраќајот на патниот правец Берово- Виница. Белата покривка предизвика целосна блокада и на патот Битола- Ресен. Снежни проблеми имаше и на планинските премини Стража и Плетвар и Ѓавато.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kola-raskrsnica

(ФОТО) Кога заради еден најпаметен стои цела раскрсница

Граѓаните се почесто на социјалните мрежи објавуваат фотографии од прекршување на сообраќајните правила. Денеска објавена е фотографија на која се гледа како поради еден паркиран автомобил на сред раскрсница стои цела колона автомобили.

Скопје | пред 7 години

7 год.
baba-vangja

БАБА ВАНЃА за 2019: Еден моќен претседател ќе се обидат да го убијат

Црни сценарија на Нострадамус и Баба Банѓа за 2019 година. Дали и колку може да веруваме на истите? Може ли да промениме нешто или едноставно да оставиме што ќе донеси времето.Слепата пророчица, Баба Ванѓа, која ја нарекуваат и „Нострадамус на Балканот” и покрај тоа што е мртва повеќе од две децении, сепак теоричарите на заговор веќе долго време длабоко ги почитуваат нејзините пророштва за глобални настани и природни катастрофи.Ванѓа која го предвиде Брегзит, нападот врз кулите близначки и создавањето на ИСИС, нема баш убави предвидувања за следнава 2019 год.Таа предвидела некои клучни околности во следните дванаесет месеци, вклучувајќи го и економскиот колапс во Европа и обидот за атентат врз Владимир Путин. Пред многу години предвидела дека заканата за Путин ќе дојде од неговиот тим за безбедност – но не прецизирала дали рускиот претседател ќе умре. Но, треба да се земе во предвид дека друго предвидување е дека Владимир Путин и Русија ќе владее со светот.„ Сите ќе паднат, како мраз кога се топи, само еден ќе остане недопирлив – Владимирова слава, слава на Русија, рече таа во 1979 година на средба со писателот Валентин Сидоров. Премногу жртви се принесени. Никој не може да ја запре Русија. Таа ќе биде господар на светот“ , додала таа.Но црно сценарио има и за актуелниот американски претседател. Според Ванѓа, Доналд Трамп ќе заболи од мистериозна болест, од која ќе го избуби слухот. Исто така, ќе страда од мозочни нарушувања.Според неа ќе има и природни катастрофи. Во Азија огромно цунами, во Русија ќе падне огромен метеор.Ванѓа инаку родена како Вангелја Гуштерова, почина во 1996 година и веќе ја изгради својата репутација на Балканот како пророчница. Почина на возраст од осумдесет и пет години.Слични се предвидувањата и на најпознатиот пророк Французинот, Нострадамус. Тој не само што не дава надеж за проспериот, туку нпротив пишува за војна.2019 според него ќе ја зафатат страшни полави , Северна Америка ќе биде зафатена од страшни земјотреси. Н блискиот исток пак се очекува раст на тероризмот и религиоскиот екстремизам.Сепак тој смета дека единствено нешто што ќе ги обедини светските лидери, тоа се климатските промени, поради кои ќе мора да седнат на иста маса.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Листа на пратеници кои гласаа за Законот за амнестија

Собранието со 95 гласови  „за“ и без ниеден „против“, го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието на 27 април 2017, откако претходно предложениот закон  беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група.Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и лидерот на ЛДП, Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето. За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е целосната листа на пратениците кои денес гласаа за Законот за амнестија. Со Законот за амнестија нема да може да бидат амнестирани: организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата под фантомки, лица кои носеле оружје и експлозивни материи ислужбени лица кои ги пречекориле своите овластувања.Откако Законот ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pino

ФОТО: Пино е исчезнат веќе 9 дена, неговата мајка бара помош од граѓаните

Веќе една недела младиот Пино е исчезнат, а се уште нема никакви информации за него.Неговата мајка, Маја Трпковска повторно се огласи на социјалните мрежи барајќи помош од граѓаните за синот да го најде и врати дома. Според неа Пино нема никаква причина зошто да избега.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2426461977427760&id=100001919445500-Ве молам помогнете ми да го најдам синчето. Пинета Секондо – Пино, МВР работи, ама веќе 7 дена ништо не откри. Ве молам помогнете ми вие луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето во ова крпче земја. Да го најдеме синчето мое. Не е избегано од дома, нема зошто да бега. Не е лут со мене, како што не е лут со никој од нашата фамилија. Џабе МВР вели дека е избеган од дома (26 години, работи, супер плата, најсакан и почитуван и на работа и дома) Нема зошто да бега!!! Со срце чекаме да го гушнеме. ВЕ МОЛАМ, ПОМОГНЕТЕ МИ, стои во апелот на неговата мајка на социјалните мрежи.Пино на 10 декември бил излезен вечерта и последен пат е виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Доколку имате информација за ова момче контактирајте ја најблиската полициска станица или неговата мајка на социјалните мрежи.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
5-5

(ФОТО) Лавина реакции: По изгласувањето на Законот за амнестија, правниците си ги фрлаат дипломите

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика едногласната одлука на пратениците во Собранието за Законот за амнестија со кој се дефинира кој ќе биде амнестиран, а кој не за собраниските настани од 27 април.Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:

Магазин | пред 7 години

7 год.
48390323_10213042701165753_8228281487930163200_n

(ФОТО) Полицаец загинал во сообраќајката во Маџари

Министерството за внатрешни работи информираше дека загинатото лице во несреќата каде воз удри автомобил е полицаец вработен во Полициска станица Гази Баба. Тој починал на лице место.Несреќата се случила утрово во 5:50 минути, кога воз удрил во возило „фолксваген венто“, сопственост на МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Преспанскиот договор е вреден за Нобелова награда

Договорот од Преспа е единствената добра вест од Европа годинава и ја покажува волјата на двете страни да направат отстапки со цел да се најде решение и да се стави крај на овој долгогодишен конфликт. Сметам дека ќе биде модел за регионот и пример за светот дека дијалогот е можен. Затоа сум тука да го поддржам овој мирен начин на изнаоѓање на решенија, истакнува меѓу другото во интервју за МИА добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи, пренесува Плусинфо.Бушамауи вчера заедно со грчкиот европратеник Стелиос Колуглу ја објави номинацијата на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир во 2019 година. Двајцата од Скопје заминуваат за Атина за и таму да ја претстават номинацијата.Како вашата иницијатива е важна за Договорот од Преспа?– За мене како добитник на Нобеловата награда за мир, заедно со колегите од Туниската четворка за национален дијалог, ја добивме идејата да се справиме со проблемите преку дијалог, да избегнеме конфликт и најдеме решенија. За нас дијалогот претставуваше единствениот начин. Сметам дека тоа што е постигнато тука во Македонија и Грција е исто, претставува дијалог меѓу политичари и влади со цел да се избегнат конфликти и проблеми. Затоа сум тука да го поддржам овој мирен начин на изнаоѓање на решенија.Нели сметате дека иницијативата е прерана, со оглед дека Договорот сѐ уште чека да биде ратификуван од парламентите на двете држави?– Јас сум сигурна дека тоа ќе биде направено, бидејќи се сретнавме со пратениците, претседателот на Собранието на Република Македонија и многу други луѓе, кои се согласни и ја поддржуваат оваа иницијатива. Сметам дека ќе биде модел за регионот и пример дека дијалогот е можен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-germanija

Рација во џамија во Берлин

Германската полиција денеска изврши претрес на неколку објекти во Берлин, меѓу кои и салафистичката џамија Ал-Сахаба. Според сомневањата, имамот финансиски поддржувал терористи во Сирија, објави Дојче Веле.Поради сомневање за давање поддршка и финансирање терористи, берлинската полиција изутринава изврши претрес во салафистичката џамија Ал-Сахаб, во берлинската населба Вединг, и во неколку други објекти.Во фокусот на истрагата е 45-годишниот Ахмад А., кој како имам во џамијата јавно настапува под името Абул Бараа. Обвинителството во Берлин на Твитер соопшти дека постои сомневање дека тој на џихадистички борец во Сирија му „испратил пари за купување оружје и опрема за извршување терористички кривични дела“.Полицијата заплени компјутери, УСБ-стикови, хард-дискови и смартфони. Податоците кои се наоѓаат на нив сега ќе бидат анализирани, изјави портпарол на полицијата.Џамијата Ал-Сахаба е предмет на набљудување на тајната служба поради тоа што е место на средби на радикални салафисти. Агентите на тајната служба во својот извештај за 2017 година пишуваат дека џамијата и здружението „Сопатници“ со години се едни од најпознатите салафистички институции во Берлин.

Свет | пред 7 години

7 год.
Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Мицкоски бара одговори од Димитров оти рекол дека Македонците имаат комплекси

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил соопшти дека поднеле интерпелација за, како што наведува, најнеуспешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.-Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива, пишува Мицскоски.Тој додава дека во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се зборува за фактите кои, како што вели, ќе го разобличат неговото делување. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Времето денеска

Преку ноќта на северозапад и во Пелагонија имаше повремен снег. Утринава снег врне во Битолa, а повремено засилен ветер од северозапад има на повисоко и во Штип и Гевгелија повремено со брзина од 25 км/час.Претпладне времето ќе биде со умерена облачност, а од пладне претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.Во Скопје, претпладне со мала до умерена облачност, а од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степена.Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. Повремено по котлините ќе има услови за појава на магла особено утре и за време на викендот. Утре кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста од запад и во петок претпладне ќе има повремени претежно од дожд на пониските места.

Македонија | пред 7 години

7 год.
grcki-parlament

Грчкиот Парламент го усвои Буџетот за 2019 година

Со 154 гласа „за“ и 143 „против“, грчкиот Парламент доцна синоќа го усвои Буџетот на Грција за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.За време на процесот на гласање, поранешниот шеф на грчката дипломатија и лидер на движењето Прато, Никос Коѕијас, дофрли дека гласа „за“ Буџетот, но не и за законот за тајните фондови кои не поминуваат преку Парламентот.– Побарав од Владата да ја прифати позицијата дека како што тајните фондови на Министерството за надворешни работи поминуваат преку Парламентот, така да поминуваат и сите други преку Парламентот, изјави Коѕијас.Буџетот за 2019 го поддржа и пратеник од опозициската партија Сојуз на централисти.Додека траеше расправата за Буџетот, синдикатите одржаа протести во центарот на Атина.Оној што беше организиран од синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) помина со особено мала посетеност, додека пак, како што е секогаш случај, масовно помина протестот организиран од синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.МИА

Свет | пред 7 години

7 год.
voz-soobrakajka

Воз удри во автомобил на преминот во скопско Маџари, едно лице загина

Едно лице загина кога воз удри во возило на железничкиот премин кај Маџари во Скопје утрово во 5.50 часот.Според првичните информации, товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје удрил во возило „фолксваген венто“ управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се урна рид на патот Делчево – Македонска Каменица

Поради голем одрон и урната земја сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица од синоќа е во прекин.Одронот е пред крстосницата за село Бигла од страната кај Македонска Каменица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
27-april

Пет дена да се поднесат барањата за да се поднесат барањата за амнестија

Собранието вчеравечер по скратена постапка го донесе Законот за амнестија откако претходно вчера  Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување постигна согласност за тоа што ќе биде опфатено со него.Тој е донесен пред да бидат донесени пресудите за насилствата од 27 април минатата година, што е кон крај.Обвинетите имаат рок од пет дена по донесувањето да поднесат индивидуално барање до Судот и јавното обвинителство, кои се надлежни за случајот.Законот беше донесен со 95 гласа „за“, без против и воздржани. Го поддржаа и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и Панчо Минов, кои се придружија на листата предлагачи.Амнестијата за случувањата во Собранието на 27 април 2017 нема да ги опфати организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата со фантомки кои извршиле насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ, се согласија вчера членовите на Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-nobelova-696x464

Заев ја прифати иницијативата за номинација за Нобелова награда: Ова е охрабрување за да се финализира Договорот

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегацијата предводена од Уидад Бушамауи, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, придружувана од пратеникот во Европскиот парламент од Грција Стелиос Колуглу, како и од ректорот на Универзитетот ФОН, Нано Ружин, и од Сефер Цаноски, член на Управниот одбор на овој универзитет, каде што денеска беше објавена официјално иницијативата за номинација на премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир во 2019 година.Премиерот Заев, како што информираат од владината прес-служба, на средбата се заблагодарил и истакнал дека оваа иницијатива е сама по себе доволно признание за него, но и за Република Македонија, за нејзините граѓани, и дека ќе биде дополнително охрабрување целиот процес кој отпочна со преговорите со Грција, и кој потоа се заокружи со решенијата на Договорот од Преспа, за да се финализира во парламентите на двете земји со единствена цел имплементација на договорот за пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, и да обезбеди трајно пријателско и стратешко партнерство со Република Грција.Нобеловката Уидад Бушамауи на средбата во Владата нагласила дека договорот со Република Грција, светот го препозна како една од најуспешните иницијативи на планот на меѓународната политика и добрососедските односи во оваа година, и дека израсна во модел како во дух на пријателство и доверба да се решаваат и најсложени политички прашања.Бушамауи потоа го информираше премиерот Заев за постапката за номинацијата и изрази уверување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од лидерите на меѓународната заедница и организации, и информираше дека од нашата земја, таа и нејзината делегација утре заминуваат за Атина за да го запознаат со оваа иницијатива и премиерот на Грција Алексис Ципрас, се вели во владиното соопштение.– Иницијативата за номинација е мотивација целиот процес меѓу двете земји да заврши со успех и на тој начин да биде признание и за двете држави и за народите во Република Македонија и Република Грција, истакнал на средбата со нобеловката Бушамауи премиерот Заев и изразил уверување дека и неговиот колега и пријател Ципрас ќе ја прифати иницијативата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pavle-bogoevski

Богоевски: Законот за амнестија е за дефинитивно да се отвори патот кон ЕУ и НАТО

Пратеникот Павле Богоевски по изгласувањето на Законот за амнестија за 27 април на својот Фејсбук профил напиша дека иако Законот го донеле за дефинитивно да се отвори патот кон ЕУ и НАТО, сепак тоа било многу тешка одлука.-Влегувајќи во процесот на креирање на законот, за мене беа клучни неколку работи:1. Амнестијата не смее да опфати случаи на СЈО или на злоупотреба на власт;2. Амнестијата не смее да ги опфати тие кои применија насилство врз луѓе и тие кои го организираа упадот во Собранието;3. Амнестијата не смее да биде пречка во утврдувањето на вистината пред нашите Судови, ниту да резултира со ситуација каде сите глумиме дека 27ми воопшто не се случил;4. Законот треба да биде формулиран на начин што најмалку што е можно задира во владеењето на правото и правната држава. Затоа и се одлучив да учествувам во неговото креиање.Овие работи се постигнати со текстот на усвоениот Закон. Реалноста е дека ова е далеку од идеална ситуација. Но, реалност е исто така, дека неправењето на овој чекор премногу ќе ја чинеше државата. Затоа гласав ЗА, напиша Богоевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се асфалтираат три улици во Карпош

Општина Карпош почна со асфалтирањето на три поголеми сервисни улици и тоа улицата Карпошово востание во урбаната заедница Карпош3 , како и улиците Римска и Атинска во урбаната заедница „Владо Тасевски“.Од општината повикуваат доколку имате забелешки околу изведбените работи на улиците благовремено да реагирате и да се обратите на телефоните во Вашата урбана заедница:УЗ Карпош 3 -Телефон за контакт: 078/486-059УЗ „Владо Тасевски“-Телефон за контакт: 078/486-927Целосната реконструкција на улиците се очекува да заврши најдоцна до април 2019 година, зависно од временските прилики.

Скопје | пред 7 години

7 год.
48405812_2262458607371238_7323044760099225600_n

Продолжува акцијата за расчистување на дивите депонии во населба Керамидница

Собрани големи количини на секаков вид отпад.ЈКП "Гази Баба 2007" продолжи со расчистување на дивите сметлишта во населба Керамидница.Во изминатите два дена беше опфатен и кејот на реката Вардар на потегот од МРТВ до Хотел Русија, од страната на населба Керамидница.Ваквите акции на ЈКП "Гази Баба 2007" континуирано ќе продолжат и во иднина.

Скопје | пред 7 години

7 год.
poraka-sl4

Ѓорче Петров во хумана акција - новогодишни подароци за штитениците од ,,Порака-Неготино”

Еднаквоста не поврзува. Среќени сме што сеуште луѓето се радуваат на мали нешта. Како општина остануваме посветени на инклузијата, изјавија денеска од Ѓорче Петров.Вниманието денеска беше насочено кон штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”-Неготино. 43 лица кои живеат во општина Ѓорче Петров добија новогодишни и социјални пакети.Во општината има 9 станбени единици во кои се сместени штитениците од Порака. Станува збор за лица од 18 до 66 годишна возраст. Само 10 проценти од нив имаат семејства, останатите се сами, семејствата се откажале од нив. За штитениците  се грижат 10 вработени, кои даваат се од себе овие луѓе да се вклопат во средината каде престојуваат. Државата месечно издвојува по 300 евра за лица.Хуманоста треба да ја покажаме на дело, не само со подароци туку и со дејствување. Се трудиме да го подобриме животот на сите категории граѓани, додаваат од Општината.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tumb

Општина Гази Баба и ДЗС започнаа акција за намалување на заканите од поплави

Општина Гази Баба заедно со Дирекцијата за заштита и спасување, започнуваме акција за намалување на заканите од поплави. Заеднички ќе работиме на едукација на населението, а особено на младите како да се спречат поплавите во ризичните области, неопходни мерки во состојба на поплава како и однесување по поплави.Општина Гази Баба поучена од водената стихија на 06 август 2016 година, во изминатиот период презема низа превентивни мерки и активности во насока на спречување и намалување на закани од поплави каде најпогодени беа населените места Инџиково, Ченто, Синѓелиќ, Стајковци, Брњарци, Црешево, Страчинци, Виниче, Смилковци.Откако станав градоначалник, преземавме превентивни мерки и активности за уредување на речните корита и суводолиците. Потоа на површина од 3441 хектари во Скопска Црна Гора, општина Гази Баба прогласи ерозивни подрачја кои ќе бидат пошумени и регулирани дождовните води а изработена е  и комплетна студија за разрешување на поројните дождови на Скопска Црна Гора. Покрај ова нарачано е техничко решение за нов одбоден канал на северната обиколница, а целта е да ги собере сите води од Скопска Црна Гора и да ги одведе до одбодниот канал.За овие мерки да бидат ефективни, покрај интервенциите на општината, потребно е и граѓаните да дадат свој придонес со тоа што ќе ја одржуваат животната средина чиста. Да не фрлаат ѓубре во речните корита и во каналите или доколку видат дека постои смет на овие места, да ги информираат надлежните служби. Да не се преградуваат водотеците за да се прават акумулации на вода во летниот период и сл.Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со спроведување на превентивни мерки за спречување од поплави, се со цел никогаш да не се повтори поплавата од 6 август 2016 година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
katboz

25 декември неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 25 декември 2018 година (вторник), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божиќ. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Italija-dogovor-2

АХВ ја зајакнува научната и техничката соработка со Италија

За воспоставување основа за научна соработка и за техничка и административна поддршка во областа на безбедностa на храната и ветеринарното јавно здравство и за зајакнување на контролата на заразните болести на животните, зоонозите и алиментарните интоксикации во Република Македонија и Република Италија, денес,во Рим, Република Италија, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, со генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарно медициснките препарати при Министерството за здравство на Република Италија, г-дин Силвио Борело и г-ѓа Гаетана Фери, директор на Генералниот директорат за хигиена, безбедност на храна и исхрана при Министерство за здравство на Република Италија го потпишаа Договорот за научна и техничка соработка од областа на ветеринарното јавно здравство, здравствената заштита на животните и ветеринарно медицинските препарати.„Со потпишувањето на овој Договор ќе се зајакне долгогодишната успешна соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Италија.Во исто време договорот ќе обезбеди административна и техничка поддршка на АХВ во процесот на унапредување на веќе воспоставените системи за контрола од областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, продлабочување и допрецизирање на соработката меѓу двете земји, со што ќе се придонесе за унапредување на научната и експертската соработка во областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната.Со потпишувањето на договорот ќе се продлабочи и соработката на научните институции со цел спроведување студии и истражувања во насока на зајакнување на системите за контрола на болестите кај животните и безбедноста на храната, соработка помеѓу аналитичките и дијагностичките лаборатории, како и развој на иницијативи и проекти за соработка со вклучување на приватниот сектор, ветеринарните комори и стопанските комори на двете земји итн“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања