Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
lindan-slika1-860x680

„О2 иницијатива“: Во месноста Пеленица има 8000 тони токсичен отпад, а таму се организираат училишни екскурзии

Од граѓанската иницијатив О2 алармираат дека во околината на Драчево, во месноста Пеленица, постои илегална депонија на која се наоѓаат околу 8,000 тони токсичен отпад линдан, а во Пеленица се организираат многу училишни екскурзии.„Депонијата е необележана, неоградена и не постои знак кој информира дека на тоа место се наоѓа токсичен канцероген отпад кој влијае и на животната средина, но и на човековото здравје.Од таму треба да се извадат неколку примероци, да се направи идентификација што има во почвата и потоа соодветно да се обележи и да се огради таа територија со знак за опасност за луѓе, за да не се пристапува таму.Треба да се формира екипа составена од повеќе институции и да излезе на терен. Има стручни екипи од министерство за одбрана, од МВР кои работат со хемиско, биолошко оружје, опасен материјал кои можат да помогнат во тој дел.Порано биле научени да го користат линданот како средство против вошки и болви.Линданот е класифициран во група 1 канцерогени супстанци со доволно докази дека предизвикува не-Хочкин лимфом.Тој е перзистентна хемикалија која долг временски период не се распаѓа во животната средина. Бидејќи е испарлива супстанца, се расејува од контаминираната почва и се содржи и во ПМ честичките.Се наоѓа и во подземните води во Лисиче, што значи дека бунарската вода е контаминирана. Најден е во зголемена концентрација и во најновите анализи на земјоделски продукти од Лисиче .Изложеноста на линдан може да се појави од консумирање на контаминирана храна или преку дишење на воздух загаден со линдан. Хроничната (долготрајна) изложеност на линдан со вдишување кај луѓето се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.Линданот се таложи во мастите на организмот, се акумулира и се пренесува преку мајчиното млеко на доенчињата. Ја преминуваат плацентата и го оштетува плодот во развој“, се вели во објавата на Фејсбук. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
ujp

За две недели истекува рокот за регистрација во системот на УЈП

Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември).Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, Управата за јавни приходи потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во:општина Ѓорче Петров – во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и општина Аеродром – во општинската зграда на втори кат.Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година со работно време од 08.00 до 18.00 часотво општина Кисела Вода – барака број 4, општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и  општина Чаир.Даночните шалтери во овие три општини се отворени секој работен ден до 31 Декември со работно време од 08.00 до 16.00 часот.Ве известуваме дека и Регионални дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола работат од 07.00 ч. до 21. 30 ч. Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 Декември 2018 година, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12.2018 и 29.12. 2018 со работно време од 08.00 до 14.00 часот.На следниот линк е и распоредот на вонредниот возен ред на “Мобилен даночен шалтер” којшто ги посетува населените места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mon

„Со внимание ги следиме барањата на студентите“, велат од МОН

Министерството за образование и наука континуирано работи на унапредување на квалитетот на националниот образовен систем на сите нивоа, како и на стандардите за ученички и студентски стандард, соопшти МОН по денешниот протест во Тетово на студенти од неколку универзитети незадоволни од состојбите во високото образование во Македонија.-Во тој контекст, институциите на системот се во постојана комуникација со сите засегнати чинители, вклучувајќи ги и самите студенти и учениците кои се дел од процесите за креирање на младинските политики, економските политики, креирањето на законските решенија и дел од управувањето и одлучувањето во институциите на системот, соопшти МОН.Министерството додава дека со внимание ги следи барањата на студентите искажани на протестот кој денеска го организираа во Тетово, а кои досега, како што посочува, не биле официјално доставени до Министерството за образование и наука.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во СУГС „Зеф Љуш Марку“ се поставија прочистувачи за воздух во сите училници

Акцијата за поставување прочистувачи на воздухот во сите средни училишта на Град Скопје денеска продолжува во СУГС „Зеф Љуш Марку“.- Денеска во СУГС “Зеф Љуш Марку” се поставуваат прочистувачи за воздух. Во сите училници на школото се поставуваат 33 прочистувачи, а за околу 1.700 средношколци од ова училиште се обезбедува почист воздух за време на престојот тука. Зеф Љуш Марку е едно од 23- те средни училишта на Град Скопје кои оваа зима се опремуваат со прочистувачи за воздух. Знаејќи дека учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории, сакам да потенцирам дека за вкупно 21.783 средношколци овозможуваме почист воздух и поздрава животна средина - рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште и за секој средношколец.- Наша должност е да се грижиме за здравјето и квалитетот на живеење на нашите ученици бидејќи тие се иднината на нашето општество. Грижата за здравјето на децата е нужна за градење на здрава иднина. Затоа, здравјето секогаш мора да претставува приоритет за секој од нас – рече Салиху.Градската администрација перманентно работи на создавање услови за здраво живеење, на намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и на унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Slika-Frosina-18-12

Нема да бидат амнестирани организаторите и насилниците од 27 април, тврди Ременски

Интерпартиската парламентарна група за реформа, помирување и интеграција на денешната седница го усвои и усогласи нацрт-текстот на Законот, за кој се расправаше во изминатите денови, во рамки на процесот за помирување, соопшти копретседавачката на Интерпартиската парламентарна група, потпретседателката на СДСМ и Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски на заедничка прес конференција со пратеничката Емилија Александрова.Во изјава за медиумите по состанокот на телото, Ременски истакна дека при изработката на Нацрт предлогот за законот појдовна основа бил опфатот, односно што не може да подлежи на амнестија за настаните од 27 ми април.- Целта на дебатата по овој предлог не се однесуваше на конкретни кривични дела, не се водевме персонално кон никој, туку дававме опис на делата и на дејствијата и делата што не можат да бидат амнестирани. Со амнестија не се опфатени организаторите и подготвувачите на настаните од 27 април, не се опфатени лицата кои извршиле физичко насилство, лицата со фантомки кои извршиле насилство, лицата кои носеле оружје, службените лица кои ги пречекориле службените овластувања, посочи Ременски.Одговарајќи на новинарски прашања, Ременски посочи дека предлог законското решение било донесено со консензуз од членовите на Интерпартиската парламентарна група и истиот не претставува мешање во одлуките на судот и Обвинителството односно не се врши квалификација на кривичните дела од страна на Интерпартиската парламентарна група.Правото за добивање амнестија за настаните од 27 април ќе се остварува индивидуално. Тоа значи дека се поденсува барање до надлежен обвинител и надлежен суд. Судот го носи решението по претходно мислење на надлежниот јавен обвинител што го води случајот и оттука, ние како собраниско тело не се ни обидуваме ниту сакаме да вршиме каков било ограничување на правото и надлежноста на обвинителството и судот, самите да ценат за тоа со какви докази располагаат за лицата кои ќе побараат иднивидуално барање согласно со овој Закон. Затоа не навлегувавме во прецизирање на кривичните дела, не правиме квалификација на делата, истакна Ременски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
5-3

Македонската амбасада во Канбера меѓу најголемите должници за погрешно паркирање

Австралискиот весник „Канбера Tајмс“ објави листа на амбасадите во Канбера со најголем број сообраќајни прекршоци, кои се истовремено и најголеми должници за погрешно паркирање.Македонската амбасада е на 12 место од листата должници со 15 сообраќајни прекршоци за лошо паркирање оваа година и треба да плати казни во износ од 2.144 австралиски долари.Најнедисциплирана во Австралија е руската амбасада.Египетската адо 2015 година ги плаќала сите казни на своите вработени, но отогаш само на службените дипломатски возила, а службениците со свои возила со дипломатски таблички се должни сами да ги подмират казните.Законот беше променет пред две години, па за првпат дипломатите кои прекршиле сообраќајно право или не почитувале правила за паркирање, доколку одбијат да ги платат казните, може да ја изгубат возачката дозвола.

Македонија | пред 7 години

7 год.
milososki-antonijo

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира измените на Уставот, за нив тоа е фарса

На денешната прес-конференција Антонијо Милошоски изјави дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени.„Сметаме дека за едно вакво сензититивно решение како Уставот на Република Македонија посебно кога истиот е во согласност со волјата на народот, ние како пратеници нема да дадеме легитимитет на оваа фарса. Оние кои ветиле да го направат тоа го кршат Уставот. Ние нема да бидеме дел од неа“ , рече Милошоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Експресно изгласан Законот за амнестија, селективно се ослободуваат лица осомничени за 27 април

Едногласно со 95 гласа „За“ e изгласан Законот за амнестија во Собранието.Пред гласањето, пратеникот Илија Димовски од собраниската говорница изјави дека тој ќе го поддржи законот заедно со пратеникот Панчо Минов.За време на гласањето не пристуствуваа пратениците од Алијанса на Албанците.Со овој закон ќе бидат осолободени од вина дел од осомничените, обвинетите за настаните на 27 април. Амнестијата нема да ги опфати организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.   

Македонија | пред 7 години

7 год.
2-9

Џафери-Чиамба: Односите меѓу Македонија и Романија засновани на партнерство и заемно почитување

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес оствари средба г. Џеорџе Чиамба, министер делегиран за европски прашања во Владата на Романија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија по повод преземањето на претседавањето со Советот на Европската унија од јануари идната година.„Претседателот на Собранието, г. Џафери, на почетокот на средбата изрази задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Романија, кои ги карактеризира висок степен на пријателство со конструктивен и отворен политички дијалог, заснован врз партнерски однос и взаемно почитување. Тој нагласи дека оваа средба претставува поттик за понатамошен развој на меѓупарламентарната соработка меѓу двете пријателски земји на сите парламентарни нивоа, како на ниво на претседатели на парламенти (за што веќе се упатени покани до романските колеги), така и меѓу Групите за соработка во двата парламента.Претседателот Џафери нагласи дека, билатералните односи и соработка на двете земји на мултилатерален план континуирано се унапредуваат и збогатуваат, при што високо се цени ангажманот и посветеноста на Романија за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската унија. Во таа насока, го информираше соговорникот за актуелниот процес на уставните измени како финализација на имплементацијата на Преспанскиот договор.Министерот Чиамба ја поздрави успешната работа на Собранието на Република Македонија во целокупниот процес сврзан со Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција како клучен сегмент во пошироката цел - Република Македонија како земја - членка на НАТО и Европската унија. Информираше за подготовките на Романија за преземањето на претседавањето со Советот на Европската унија од јануари 2019-та година, нагласувајќи притоа дека проширувањето на ЕУ и натаму останува високо на агендата на Романското претседавање. Планирани се голем број конференции, меѓународни форуми и други придружни настани, при што ќе се обрне големо внимание и на парламентарната димензија, а за поттик на визијата на младата генерација ќе се организира една помирувачка конференција која треба да даде пример на државите од Западен Балкан, според германско - францускиот помирувачки процес. Господин Чиамба упати отворена покана за учество на сите парламентарни настани, кои заедно со сите останати активности, ќе го сочинуваат Романското претседавање со Советот на Европската унија. Тој исто така информираше дека има еден пратеник со македонско потекло во Романскиот парламент, а највисоките државни институции на Романија неодамна донеле одлука 8-ми декември пригодно да се одбележува како Ден на македонскиот јазик во Романија.Двајцата соговорници споделија позитивни видувања за Договорот за соработка во областа на образованието, науката, културата, медиумите, младите и спортот, кој е потпишан меѓу двете влади во 2013-та година и веќе е ратификуван од страна на Романскиот парламент, при што претседателот Џафери изрази заложба за негова скорешна ратификација во Собранието на Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

18-годишник го удрила струја на работно место

На 17.12.2018 година во 23,15 часот во ПС Штип било пријавено дека во Клиничката Болница Штип бил донесен С.Ј.(18) од село Парналија, Општина Карбинци кој истиот ден околу 22,45 часот додека бил на работа во фабрика во индустриската зона ,,Македонка,, во  Штип , во близина на работната машина во мрежата за напојување со струја бил зафатен од струен удар.На С.Ј. му била укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Штип.

Македонија | пред 7 години

7 год.
IMG-5fc8b470515d9d3401f628cd0923809f-V

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ донираше новогодишни пакетчиња за пациентите на Клиниката за детски болести

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, во празничните денови не ги заборави оние на коишто вниманието и грижата им се најпотребни и преку своја лична донација им подари новогодишни пакетчиња на сите пациенти од Kлиниката за детски болести во Скопје. Шабани денеска ги посети овие дечиња, во друштво на претседателката на УО на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Маја Шајновска Андова.„Во Kлиниката за детски болести дојдов со надеж дека овие мали јунаци ќе успеам да ги израдувам и да го разубавам нивното секојдневие. Најискрено им посакав брзо оздравување, многу радост и среќа во новата 2019 година. Во текот на целата година ќе бидам тука за нивните желби и потреби.“- изјави директорот Шабани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
koncert-violoncela-768x1024

Концерт на “Twins cellos” во Македонска филхармонија

Во камерната сала на Македонската филхармонија, утревечер (19 декември) со почеток во 20 часот, ќе настапи дуото виолончела, Маја и Марија Михајловски кои ќе оддржат концерт насловен “Twins cellos”. На програмата ќе бидат изведени дела од Червето, Бариери, Офенбах и преработки од модерни теми.Марија и Маја Михајловски, родени во Скопје 1989 година, започнуваат да свират виолончело на 12 годишна возраст, нижото музичко образование го започнуваат кај проф.Марија Кочарова, а средното во класата на проф.Паскал Краповски. Дипломираат со највисока оцена Cum Laude на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Живко Фирфов.Добитници се на бројни домашни и меѓународни награди.Марија и Маја долгогодишно членуваат во оркестарот на Музичката младина, и се вработени во Македонската филхармонија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Protest-studenti-tetovo

„Ги сакаме нашите права“ – Протест на студентите во Тетово, имаат 14 барања

Студенти од Тетово денеска излегоа на протест на градскиот плоштад со цел исполнување на нивните барања, кои ги изнесоа минатата недела. Десетици студенти во рацете носеа транспаренти на кои беа испишани нивните пораки до раководствата на универзитетите и до властите.- Ние живееме во демократија, но не гледаме дека има демократија во оваа држава бидејќи студентите немаат право да кренат глас - истакна еден студент.Тетовските студенти велат дека протестите ќе продолжат сѐ до исполнување на нивните барања.Според одредени медиуми на албански јазик, се очекува протестите наскоро да се прошират и во Скопје. Дел од нив истакнаа дека се соочувале со притисоци. Неколку пати им беше хакирана и страницата на „Фејсбук“ .Еве ги 14 те барања на студентите:1. Прекин на условувањата за купување книги за потпис од страна на професорите;2. Субвенционирање или отстранување на плаќањето на 8-неделната пракса од страна на универзитетот (50 евра);3. Субвенционирање на плаќањето на професионалната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет;4. Намалување на тарифата за странските студенти (50%);5. Објавување на статутот на универзитетот и извештајот за евалуација кој студентите го прават за професорите да биде на страницата на универзитетот;6. Подобрување на основните услови во лабораториите и предавалните;7. Прегледување на академските титули и верификација на плагијатурите;8. Ревизија на земањето академски титули на секој професор на раководна позиција. Дали бил почитуван законот, времето кое треба да помине од една титула до друга и научните трудови на приватните и државните универзитети?9. Департизација на универзитетот (отстранување на политичките партии од универзитетите);10. Кој е статусот на Студентскиот парламент? Дали тој функционира како независна организација или е под ингеренции на универзитетот?11. Годишните плаќања од страна на студентите за студентските сојузи, колку од тие средства во една година им се враќаат на студентите?!12. Исто однесување од страна на професорите кон сите студенти, независно од роднинските (пријателските, фамилијарните) врски;

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_1161

Со Литија низ улиците на Битола одбележан Св.Нектариј

По повод одбележувањето на заштитникот на градот Битола – Св. Нектариј Битолски, утринава во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ се одржа литургија, на која чиноначалствуваше неговото високо преосвештенство, Владиката Петар, во присуство на голем број верници, меѓу кои и градоначалничката Наташа Петровска.„Денес е празникот Св. Нектариј Битолски, заштитникот на нашиот град, ден кога треба да чествуваме и да се потсетиме дека само љубовта е онаа која што може да не води и само со неа може да успееме сите заедно. На таков начин може да направиме да е подобро за сите нас. Нека тоа биде водилка во следните 365 дена“, рече Петровска.Владиката Петар ја истакна улогата на младите во денешното време на одржување на традициите и вредностите на христијанската православна вера.„Св. Нектариј во најмладата возраст го напуштил светот и ја напуштил Битола, не за да ја заборави, туку за да и се посвети, да се моли за битолчани, па еве и до денешни дни, седум векови се моли за спасение на Битола. Мојата порака до младите е да ги запазиме христијанските вредности, вредностите на нашата света православна црква, или поточно, да направиме превреднување на вредностите, затоа што денес се измешаа работите до таа мера, што лагата стана вистина, клеветата стана поткрепа, злобата стана на некој начин зависност кај луѓето. Сите пороци се се поприсутни“, посочи г. Петар.По одржаната литургија, се одржа литија низ битолските улици. Поворката, од храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ се упати по улицата „Кирил и Методиј“, покрај Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, до хотелот Епинал. Потоа, поворката продолжи по Широк Сокак и се врати во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“. На пладне, во кабинетот на градоначалничката Петровска, се одржа средба со Владиката Петар и протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, на која разговараа за актуелната состојба во Преспанско-Пелагониската епархија и МПЦ-ОА.

Магазин | пред 7 години

7 год.
1467378558_95285784_1_585x461_profesionalni-oranzherii-za-fermeri-gr-varna_1

Над 6,2 милиона евра за исплата на субвенции за органско производство, млеко и други мерки

Владата на денешната седница обезбеди 385 милиони денари или над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година.„Конкретно, со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година.По објавувањето на владината одлука во Службен весник, односно до крајот на оваа недела ќе започне исплатата на овие субвенции.Досега Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има исплатено близу 200 милиони евра, сума во која што спаѓаат субвенции по основ на заостанати долгови од 2013,2014, 2015, 2016 година, како и за мерките од актуелните Програми за 2017 година“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_1428-1

Средба Заев - Чомба: Поддршка од Романија за успешна реализација на Договорот од Преспа и за интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Џорџе Чомба, министер делегиран за европски прашања на Република Романија, кој е во работна посета на Република Македонија.Романскиот министер Чомба ја пренесе определеноста на неговата земја, којашто од јуни 2019 година го презема претседателството со Советот на ЕУ, за продолжување на проширувањето на ЕУ, како еден од приоритетите за време на претседавањето.Поздравен е текот на реализацијата на Договорот од Преспа и е констатирано како важно негово целосно заокружување во последната фаза на гласањето во Парламентот. На средбата е посочено дека за една држава е важно што ќе направи, но и што ќе ѝ даде на Европската Унија, а дека Македонија, со начинот на решавањето на билатералниот спор со јужниот сосед, даде вредност на Европа.Романскиот министер Чобма, најави дека Романија ќе продолжи да ги поддржува позитивните промени во Македонија, како и дека нашата земја може да смета на Република Романија во позитивните евро-атлантски интеграциски процеси. При тоа, тој ги охрабри и реформските чекори во земјава и изрази надеж за позититивен исход од состанокот на Советот на ЕУ во јуни 2019 година.Премиерот Заев се заблагодари за искреното пријателство од Романија, премиерот и Владата, кон Македонија и повика Република Романија да го задржи фокусот кон интегрирањето на Македонија и на Западниот Балкан кон ЕУ, бидејки тоа ќе значи стабилност и безбедност за граѓаните, но и позитивна промена во квалитетот на живот.-Се гордееме со Договорот од Преспа, што денес го поддржуваат и големо мнозинство од граѓаните на Македонија, бидејки е модел на решение на билатерално прашање, употреблив и за регионот, ЕУ и светот. Очекуваме околу средината на јануари да биде изгласан во Парламентот со поголем број пратеници и од потребното двотретинско мнозинство. Инклузивно ги носиме и реформските закони, така што очекуваме со двотретинско мнозинство да помине во Собранието и пакетот закони за судството, што треба да овозможат целосно владеење на правото и транспарентно судство.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela

Села: На 27 април скоро ме убија, сега ме убиваат по втор пат

На 27 април имаше обид за убиство, скоро ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по втор пат, изјави Зијадин Села на денешната прес-конференција.Според него нема потреба од помирување, бидејќи оние кои го спасувале се во затвор, а оние кои ги отвориле вратите се на слобода.„Ова е срамно, злосторниците се во сала и гласаа. Тие го изготвија законот.Оние кои ги отворија вратите треба да одговараат а не да шетаат слободно. Ова ли е правна држава што градиме“, изјави Села.Исто така тој додаде дека Алијанса на Албанците нема да биде дел од тој срам. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
pat-magla

Магла на планинскиот премин Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.„На некои повисоки места и на автопатот Демир Капија - Гевгелија има остатоци на кашаст снег. Исто така има магла на планинскиот премин Плетвар со видливост до 50м. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_3801

Финансиска поддршка за подобрување на состојбата на Ромите

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски, со градоначалниците на 12 општини кои што имаат подготвено локални акциски планови за имплементацијата на Стратегијата, денеска потпишаа договори за финансиска поддршка на конкретни активности, со средства од централниот буџет за 2018 година.- Социјалната инклузија е еден од најважните услови за градење на мирно, стабилно и демократско општество, општество во кое што ќе се обезбеди соодветна претставеност и остварување на правата на сите заедници и целни групи. Очекувам дека општините со поддршка од Владата, но и самостојно, со помош на донаторската заедница ќе ги реализираат акциските планови и реално ќе влијаат на подобрување на состојбата на Ромите во локалната заедница, а примерот на дванаесетте ќе го следат и другите општини, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.- Средствата не се големи, но треба да бидат поттик за општините. Република Македонија е лидер во креирањето на јавни политики за Ромите, но потребно е уште многу работа секој Ром да може да живее достоинствен живот. Со поддршка на Владата, на надлежните министерства, општините и другите институции верувам дека ќе се подобрува состојбата на Ромите во Република Македонија, рече министерот Аксел Ахмедовски.-Приоритет за општина Шуто Оризари беше да се подготви локален акциски план за подобрување на состојбата на Ромите. Сега имаме Влада која ни е партнер и сериозен поддржувач на нашите активности. Се надевам дека соработката ќе продолжи, рече градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш.Согласно Одлука на Владата, со 3 милиони денари општините Шуто Оризари, Пехчево, Берово, Делчево, Виница, Кочани, Штип, Куманово, Чаир, Тетово, Битола и Прилеп, финансиски се поттикнати да пристапат кон имплементација на локалните акциски планови за подобрување на состојбата на Ромите во локалните заедници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vladikata-petar-35wpdbzw0dvgice8mzz56o

Кој не сака да се жени нека оди во манастир, им препорача Владиката Петар на младите

Митополитот преспанско-пелагониски Петар  ги повика младите или рано да се женат и мажат и да формираат здрави семејства, пред сѐ духовно и физички и интелектуално, а потоа ако некој „не е да се жени или да се мажи, имаме сто манастири во епархијава да го наполниме барем нив“. Владиката, познат по радикално конзервативни и често дискриминирачки ставови и противник на женските права, ова го кажа на денешното одбележување на заштитникот на Битола Свети Нектариј, пишува СДК.„Инаку животот е бесцелен ако луѓето не ја постигнат целта, а таа е спасение на душите, а спасението се постигнува на два начина – преку заедницата брачна или преку посветувањето на бога како монаси или монахињи“, рече владиката Петар.Тој апелираше до младите да го следат примерот на заштитникот на Битола Нектариј, кој бил побожен и се замонашил, да се запазат христијанските вредности во услови кога семејствата се распаѓаат, има сѐ повеќе разводи на браковите, како и немажени, неженети возрасни луѓе.Владиката уште рече да не кукаме по младите кои заминаа, туку тука да им создадеме услови да останат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Средба Димитров – Чиамба: Романското претседателство е гласен поддржувач на политиката на приближување на регионот кон ЕУ

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров, денес, оствари средба со романскиот министер-делегиран за европски прашања, Џорџе Чиамба.„На средбата се разговараше за европските перспективи на Република Македонија и очекувањата од претстојното Романско претседавање со Советот на Европската Унија.Димитров упати благодарност до министерот Чиамба за заложбата Романското претседателство да биде гласен поддржувач на политиката на приближување на Регионот кон ЕУ и изрази надеж дека во јуни 2019 година ќе споделиме заеднички успех – Романија како земја претседавач, а Македонија како земја преговарач со Унијата. Притоа, Министерот Димитров потенцираше дека Република Македонија посветено работи на постигнување конкретни и видливи резултати во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ и брифираше за текот на спроведување на дел од клучните реформски политики на Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението од МНР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dete-padobran

(ВИДЕО) 15 годишно момче полетало во смрт од 14 кат, додека мајка му го бодрела

Петнаесет годишно момче од Украина починало откако се фрлило од зграда со падобран кој тој сам го направил. Застрашувачката снимка го прикажува Богдан Фирсов на врвот од зградата како се подготвува за скок од 14-ти спрат, додека куп луѓе стоеле и гледале. Меѓу набљудувачите кои го охрабрувале да скокне, била и неговата мајка.Еден од сведоците вели дека никој од набљудувачите не се обидел да го одврати од намерата или да повика полиција да го спречи да скокне, туку само стоеле и снимале.Момчето стоело на работ на покривот на зградата неколку минути, а потоа ги раширило рацете и скокнало. Падобранот не се отворил целосно и од висина од 50 метри паднало на грбот и останало мртово на самото место и тоа пред очите на шокираната мајка.Експертите велат дека ова била самоубиствена акција, бидејќи и падобранот да се отворел, момчето немало да преживее.

Свет | пред 7 години

7 год.
mvr

Кривична пријава против двајца полициски службеници - ја злоупотребиле службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници во Надворешна канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија.Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ по член 140 став 4 вв став 1 и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичникот законик на Република Македонија.„Пријавените во својство на овластени службени лица со полициски овластувања ја злоупотребиле службената положба и овластување со пречекорување на границите на нивното службено овластување при што во центарот на Гевгелија без наредба од суд противправно лишиле од слобода две лица и ги однеле во полициската станица од општа надлежност во Гевгелија каде им била ограничена слободата на движење по што над лицата и возилото извршиле претрес и за превземените дејствија не изготвиле службени материјали за евидентирање на настанот.Против полициските службеници поведена е и постапка за дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ученик нападнат со нож во средното училиште „Арсениј Јовков“

18-годишно момче вчера во претпладневни часови во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на три најверојатно, сите малолетни деца, било нападнато со нож, соопшти полицијата. По ова тројцата напаѓачи физички нападнале и други уште тројца ученици, додаваат од МВР.„Во 11 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на Е.Џ. на возраст од 17 години, 16-годишниот А.Б. и уште едно лице со употреба на нож бил нападнат 18-годишниот С.Р. од Скопје, а потоа физички нападнале уште тројца ученици на возраст од 17 и 18 години, по што го напуштиле местото на настанот“, се наведува во соопштението на полицијата.С.Р., велат од полицијата по нападот веднаш бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
mukovski-arnaudov

Обвинетите пратеници спокојно ќе гласаат за уставните измени

Амнестијата најверојатно ќе го претрка гласањето на уставните измени кое треба да се случи кон средината на јануари 2019-та. Предлог-законот е готов, до пладне тој сѐ уште не беше заведен во собраниската архива информираа од кабинетот на Талат Џафери, но од телото за помирување, пак, не ја исклучуваат можноста тој уште денеска да влезе во собраниска процедура. Обвинетите пратеници, пак, сѐ уште се воздржани. Речиси сите кои ги контакриравме дали ќе побараат амнестија одбија да се произнесат со објаснување дека законот прво треба да биде донесен, објави Плусинфо.мк.Според одредбите во предлогот, веднаш штом ќе биде донесен законот целиот процес на амнестирањето би можел да се случи уште пред Нова Година или Божиќ. Имено, откако ќе биде донесен законот сите обвинети ќе имаат можност од пет дена да побараат амнестија, а судот врз основа на мислење од јавното обвинителство и врз доказите, за пет дена од добивање на барањето ќе одлучи дали ги следува амнестија или не.Кажано народски, за спас од кривичен прогон, формален амин ќе треба да дадат прво обвинителката Вилма Рускоска, а потоа и судечкиот совет на чело со Добрила Кацарска.Сепак, контурите за тоа кој ќе се амнестира, а кој не, ги исцрта телото за помирување кое го скоцкало законот водејќи се од тоа кој нема да биде опфатен.Детали од предлог-законот синоќа објави „360 степени“.„Одредбите од овој член не се однесуваат на лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат затворска казна за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на РМ од 27.04.2017 година,… кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност од член 324 ст.1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила или лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик, убиство по чл.123, насилство по член 386 од Кривичниот законик“, пишува во еден од ставовите на член 1.Ако обвинителката Вилма Рускоска остане на тоа, како што најавуваше и досега, дека нема да прави прекфалификација на делото (терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста) значи дека од актуелниот случај за „27 април“, кој е во тек нема да се спасат вработените во МВР, меѓу кои и тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков, како и тие кои влегоа во Собрание со фантомки, со оружје, вршеа насилство… Во оваа група, според она што се посочуваше во текот на судскиот процес, би можеле да се сместат и Игор Југ, Јане Ченто, Горан Ангеловски Ќосето, Никола Митревски Кољо и др. Тука се и седумината осудени со првостепена пресуда за обидот за убиство на Зијадин Села кои добија од 10,5 до 13,5 години затвор, како и „кубачот“ на Радмила Шекеринска кој е осуден на четири години затвор за насилство.Од друга страна, според првичните толкувања на сѐ уште необјавениот во целост закон, засега најизвесно е дека амнестија ако побараат ќе добијат петмината пратеници: Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, како и водачите на протестите „За заедничка Македонија“: Владо Јовановски, Игор Дурловски, Богдан Илиевски Бетмет и Борис Дамовски. Тука се и десетина лица кои уште пред околу шест месеци беа осудени за учество во толпа.извор: Плусинфо.мк

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања