Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
rocista

Аларм за пожар во новиот Кривичен суд

Aларм за пожар го одложи почетокот на денешните рочишта за случаите „Монструм“ и „27 април“.Од судот соопштија дека станува збор за технички проблем поради што судењата се одложуваат за после 11 часот. Најверојатно станува збор за проблем со алармниот систем во зградата. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
opstina-centar

Општина Центар издаде нови четири решенија за отстранување урбана опрема

Секторот за инспекции на општина Центар во рамки на акцијата за отстранување на диво и нелегално поставената урбана опрема на територија на општината, издаде нови четири решенија на правни лица за отстранување на метални застаклени и незастаклени настрешници и  доградби на објекти, соопшти општина Центар.Со издавањето на овие решенија, општината остава во законски предвидениот рок правните лица сами да ја отстранат диво поставената опрема, во спротивно по истекувањето на рокот, општината ќе ги отстрани.Општина Центар и градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ, упатуваат апел до правните лица кои поставуваат урбана опрема на јавна површина, да ја соберат потребната документација, да се придржуваат до правилата за поставување на урбана опрема и да ги почитуваат одредбите пропишани во Законот за градење.

Скопје | пред 7 години

7 год.
skopje-east-gate-1

Напролет почнува изградбата на Skopje East Gate

Проектот „Скопје Ист Гејт“ напролет ќе почне да се гради преку реализација на првата фаза, која што опфаќа изградба на трговски центар и четири станбени згради. Албанската групација „Балфин“ планира да инвестира 90 милиони евра во нов шопинг мол во Скопје, со вкупна површина за издавање (GLA) од 53.000 метри квадратни. Комплексот ќе се гради на местото на постоечките хали од Скопскиот саем. Трговскиот центар и четирите станбени згради според планот треба да бидат завршени до крајот на 2020 година, објави build.mk.Албанската групација „Балфин“ планира етапно да го гради мултифункционалниот комплекс на локацијата што зазема површина од 155.000 метри квадратни. Очекувањата на инвеститорот се дека во новиот трговски центар ќе функционираат околу 250 продавници и дека ќе привлече неколку брендови кои во моментов не се присутни на македонскиот пазар.Објектот на трговскиот центар ќе има два ката и подземен паркинг. Првата фаза од реализацијата на проектот ја подразбира и изведбата на четирите станбени згради, кои ќе понудат 670 станови на домашниот пазар на недвижности. Изградбата на целокупниот комплекс „Скопје Ист Гејт“ ќе се одвива во период од пет до седум години. Проектот вреден 350 милиони евра ќе овозможи изградба на 10 згради за колективно домување со 1.600 станови, пет бизнис центри со предвидена нето површина од 66.000 метри квадратни и трговски центар со површина за изнајмување од 53.000 метри квадратни.Извор: build.mk 

Скопје | пред 7 години

7 год.
thumbnail_Dunja-Ivanova

Пијанистката Дуња Иванова со музика од Збигњев Прајснер на отворањето на „Winter Apricots“

Третото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“, ќе започне овој четврток во Прилеп, со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова. Во киното „Мис Стон“ со почеток во 21 часот, ќе прозвучи музиката на извонредниот полски композитор Збигњев Прајснер и неговите дела за филмските остварувања - „Абердин“, „Двојниот живот на Вероника“, „Три бои“, како и 10 едноставни пиеси за пијано.Филмската програма на фестивалот „Winter Apricots“ се состои исклучиво од кратки филмови. Во официјалната селекција се 10 финалисти, придружната програма е составена од „Денс“ филмови на италијанскиот „Stories We dance“, додека во тематската селекција публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм.Затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на музичката група „Калевала“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

34 сообраќајки во Скопје, еден починал, двајца со тешки телесни повреди

Во текот на изминатите денови (07, 08 и 09.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 34 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, две со тешки телесни повреди, 16 со телесни повреди и 15 со материјална штета.При сообраќајните незгоди две лица починале, две се здобиле со тешки телесни повреди и 29 со лесни телесни повреди. 180 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 60 возачи бидејќи 21 го управувале возилото под дејство на алкохол, 33 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест биле возачи почетници. 26 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.Исто така санкционирани се и 11 возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и 27 не поседувале зимска опрема во возилата.Исто така во текот на изминатиот викенд санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шест кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 125 мандатни платни налози, додека исто така 74 возила се подигнати со "Пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Исчезна 42-годишен Битолчанец

На 09.12.2018 година во 11,00 часот во СВР Битола, Н.С.(71) од Битола пријавил дека на 07.12.2018 година околу 12,00 часот неговиот син С.С.(42) излегол од домот и не се вратил.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Возило удрило во бандера, двајца со тешки телесни повреди

На 10.12.2018 година во 00,10 часот било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат село Радиовце — село Брвеница со локалниот пат за село Челопек Г.З.(28) од село Непроштено, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистерски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.Д.(24) од село Лешок, М.В.(27) од село Сарачино, а возачот Г.З. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница Тетово.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ubien-grk-vo-alb

Мајката на убиениот Грк: Ќе го убијам Еди Рама

Засилено е обезбедувањето околу домот на албанскиот премиер Еди Рама и ограненичено му е движењето во јавноста, по јавно упатената закана од мајката на Констандинос Кацифас дека ќе ја одмазди крвта на синот, пишува плусинфо.Мајката на Кацифас, кој беше убиен во престрелка со полицијата, на 40-дневниот помен одржан вчера во родното село Буларат, низ лелек пред гробот на синот вети дека ќе одмазди.– Ќе го убијам Еди Рама. Ми го зеде мојот херој. Јас ќе ја наплатам крвта на син ми – порача мајката на Кацифас.Оваа изјава, според весникот „Коха јон“ надлежнте служби ја сфатиле многу сериозно, односно како многу сериозна закана по живот.Министерството за внатрешни работи, албанската тајна служба ШИШ и државната полиција бројно ја зголемија стражаската служба кај куќата на премиерот Рама во Сурел и го ограничија неговото јавно движење, се до друга наредба. Тројно е зголемено обезбедувањето од придружбата на Рама.– Сомневајќи се дека ултранационалистичките грчки кругови можат да помогнат во ова сценарио, албанските тајни служби поставија агенти за контрола на движењето на мајката на Кацифас. Службите се сомневаат дека таа тајно може да дојде до главниот град на некоја активност на премиерот – пишува „Коха јон“.Доверлви извори од Владата за весникот велат дека е зголемена контролата врз секој функционер, особено жените, кои влегуваат во Владата.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Уапсен Скопјанец кој избегал од затвор

Вчера околу 14,30 часот во Скопје од слобода е лишен Ј.С.(30) од Скопје. Лицето се барало за издржување на казна затвор во времетраење од шест години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојништво“.Приведеното лице има одлежано две години од предвидената затворска казна по што од 12.01.2017 година е во бегство. Ј.С. е спроведен во затвор Идризово.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soopstenie-javna-diskusija

Третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени

Третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени се одржа во  Македонската академија на науки и уметности.„На третата јавна дискусија академик Владо Камбовски во обраќањето рече дека Договорот од Преспа е заснован на европски начела, вредности, почитување на трајното пријателство и човековите права, додавајќи дека уставните измени треба да се гледаат во контекст на елементите кои се содржани.Камбовски се задржа и на, како што рече, неколку императивни елементи, набројувајќи ја промената на официјалното име, решение кое го оцени како компромис кој ги балансира интересите на двете држави, а притоа не го оспорува националниот идентитет. Тука Камбовски подвлече дека во историјата, Македонија била и Демократска, Народна, Социјалистичка. Потоа, Академикот во врска со формулацијата за државјанство, ја оцени одредницата „граѓани на Република Северна Македонија“ како исправна формулација за уредување на статусот на граѓаните и особено дефинирањето на македонскиот јазик како официјален јазик.Професорот Камбовски на дебатата ја начна и темата во врска со наоѓање решение, во случај да се јави ситуација како сегашната, кога Претседателот на државата не го потпишува Указот за Законот за ратификација на Договорот, кој веќе два пати е изгласан од пратениците и помина во Собранието на Република Македонија.Професорот Светомир Шкариќ во своето излагање се задржа на предлогот, Договорот од Преспа да се смести во посебен амандман и да биде дел од уставниот поредок на Република Македонија, со што би се обезбедиле импликации врз уставните норми и правниот систем. Дел од сугестиите на Професорот се однесуваа на амандманот 34, предлагајќи одлуките на АСНОМ да останат такви какви што се и да се додадат зборовите „забележани или запишани во Прогласот“.Според Шкариќ, уставните измени се многу полесни од тоа што изгледа и додаде дека тежината е поврзана со политичкиот процес, договорот на двете Влади.На јавната дискусија, беа отворени и прашањата како да се регулираат интересите на македонските државјани во дијаспората, се слушаа различни мислења за тоа дали треба или не треба да се набројуваат другите етнички заедници по однос на дијаспората, како и прашања кои би се отвориле во периодот по стапувањето во сила на Законот за Договорот од Преспа, а кои се однесуваат на истражувања во научната дејност.Дебатите за уставните измени, организирани од Владата како овластен предлагач на истите, продолжуваат во понеделник во Штип и Тетово“, се наведува во соопштението на Владата. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
pomiruvanje

Работната група за помирување денеска ќе го одржи вториот состанок

Работната подгрупа за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи вториот работен состанок.Работната подгрупа за помирување има задача да го подготви законското решение за помилувањата и националното помирување, додека останатите две групи формирани во рамките на Координативното тело за помирување, се за интеграција и реформи.Законско решение е најавено дека ќе биде готово до петок. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
han

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ рече дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори „се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент“.Хан изјави дека со министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска минатата недела разговарале за „патот напред“ за Преспанскиот договор во наредните недели, како и за реформите кои треба да се спроведат за Македонија да добие позитивен извештај од Европската Комисија.

Свет | пред 7 години

7 год.
makraduli

Загадениот воздух ќе се исчисти за две години, оти таков е планот на Макрадули

Планот кој го донесе Владата за чист воздух е програма со дефинирани конкретни мерки и активности кој ќе се справи со аерозагадувањето, изјави Јани Макрадули на денешната прес-конференција.„Планот е кредибилен и истиот е направен врз база на искуства, со помош на експерти. Од Шведска имаат предложено буџет од 2,5 милиони евра кои ќе ги покрие сите оние мерни инструменти кои во моментов не работат, ќе ги аппдејтираат и ќе ги надградат застарените“, изјави Макрадули.Тој додаде и дека во наредните две години се очекува загадениот воздух да се намали за 50% доколку се исполнат мерките.„Замената на нееколошките средства за затоплување најбрзо можат да донесат резултат намалување на загадениот воздух. имаме неколку решенија каде што се заменуваат старите печки на нафта и мазут. Ова не е само еколошко, туку и економско прашање“, додаде Макрадули.Според Макрадули четири различни анализи од различни држави и експерти покажале дека загревањето на домаќинствата учествува со над 40 отсто во загадувањето.Владината програма инаку предвидува со закон да се забрани јагленот како извор на затоплување. Макрадули ги повика невладините еколошки организации да се вклучат во реализирање на владината програма како би се убедиле граѓаните да користат еколошки извори на загревање.„Има примери во Европа каде невладините организации тропале од врата на врата и им укажувале на граѓаните дека јагленот е штетен за нивините деца. Забраната на јаглен е драстична, но корисна мерка, која треба да се искористи за заштита на животната средина“, рече заменик министерот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
monstrum

Лекари од Судска медицина и балистичари ќе даваат исказ за „Монструм“

Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, ќе биде одржано денеска во Кривичниот суд. Вкрстено ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари.Семејствата на убиените момчиња и рибарот најавија дека нема да присуствуваат на денешното рочиште, зошто тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.На претходно рочиште сведочеа вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал. Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.    

Скопје | пред 7 години

7 год.
1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров и Спасовски во посета на Париз

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе реализираат работна посета на Париз, Франција.За време на посетата, министрите ќе земат учество на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, а на покана од францускиот Министер за надворешни работи до министрите за надворешни и внатрешни работи на 6-те земји од Западен Балкан. Состанокот е предвидено да биде воден од страна на МНР на Франција, Жан-Ив Ле Дриан и МНР на Германија, Хајко Мас.Во рамки на работната посета на Париз, предвидени се и други работни активности и средби на Димитров, меѓу кои и средби со претставници на извршната и парламентарната власт на Француската Република, како и обраќање во Фондацијата Роберт Шуман, се додава во соопштението на македонското министерство за надворешни работи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-8

Санкционирани 189 возила во Општина Центар

Со помош на трите специјални возила „пајак“ на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на минатата недела на територија на Општина Центар отстранети се 189 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.„Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 03.12. до 08.12.2018 година, санкционираа 189 непрописно паркирани возила, од кои осум (8) несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби“, велат од Општина Центар.ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Скопје | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Законот за амнестија не ги опфаќа само пратениците

За кои учесници во настаните во Собранието на 27 април ќе важи законот за амнестија составен од подгрупата за помирување?Според најавите, нацрт-текстот предвидува дека насилниците, нарачателите и организаторите на насилството нема да бидат опфатени со амнестијата.Дали, всушност, законот се крои за да бидат амнестирани само пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени? Од СДСМ негираат.„Апсолутно не го стеснуваме кругот. Нашиот став како СДСМ е дека треба да се направи јасна дистинкција помеѓу она што значи нарачатели, она што значи организатори и она што значи извршители“, рече Костадин Костадинов – порпарол на СДСМ.Но, Костадинов не кажа како и во која група би биле сместени пратениците кои ги отворија вратите на Собранието – чин по кој се случи крвавото насилство.„Секако оставаме на телото за помирување да излезе со јасни насоки како ќе се направи таа дистинкција. Мора да внимаваме на таа тенка линија за на ниту еден начин не извршиме упад во одлуките на правосудните органи“, додава Костадинов.Од опозициската ВМРО ДПМНЕ, пак, ќе изградат став откако ќе го видат нацрт-законот.„Лично јас го немам погледнато нацрт-текстот кој произлезе од телото за помирување. Би почекал сите заедно да го видиме текстот па би искоментирал кој ќе биде ставот на ВМРО ДПМНЕ“, рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО ДПМНЕ.Како што дознава Алсат, нацртот ќе биден разгледан утре на состанокот на подгрупата, а потоа и од Интерпартиското парламентарно тело за помирување, интеграција и реформи.Со предвидените одредби, обвинетите ќе имаат можност да се произнесат дали ја прифаќаат амнестијата или сакаат врз основа на принципот на пресумпција на невиност да продолжи нивното кривично гонење.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48145175_1853060911490020_4105520596425637888_n

(ВИДЕО) Полицијата присилно ги тргна демонстрантите кои протестираа на раскрсницата кај Црвен Крст во Скопје

Полицијата присилно ги тргна демонстрантите кои протестираа на раскрсницата кај Црвен Крст во Скопјеhttps://www.facebook.com/1VidiVidi/videos/580420102387929/?t=105 

Скопје | пред 7 години

7 год.
l9Gk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1dVN01EQV8vYjdmNTRhNWI5ODA5NTYxNzRkODE1NGQwMThiNDljZDAuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

(ВИДЕО) Снежна бура во Северна Каролина

Снежно невреме ја погоди Северна Каролина и Вирџинија, а тоа предизвика повеќе од 300.000 луѓе да останат без струја.https://twitter.com/Reuters/status/1071884112343064576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071884112343064576&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fsnezna-oluja-u-svernoj-karloni-gradanima-se-savetuje-da-ne-krecu-na-putu-ostanite-kod%2Ffxb6mw1Невремето исто така предизвика и хаос во сообраќајот. Поради големиот број на сообраќајни незгоди дошло до застој на патиштата, откажани се и стотина летови.Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер апелираше граѓаните да не тргнуваат на пат и да останат дома.https://twitter.com/WeatherNation/status/1071895857639772160?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071895857639772160&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fsnezna-oluja-u-svernoj-karloni-gradanima-se-savetuje-da-ne-krecu-na-putu-ostanite-kod%2Ffxb6mw1Во некои делови паднал повеќе од 30 сантиметри снег. 

Свет | пред 7 години

7 год.
goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Комеморација за Горан Стефановски во Драмски театар Скопје

Драмскиот театар Скопје денеска ќе одржи комеморација за македонскиот драмски писател Горан Стефановски.Покрај ансамблот на НУ Драмски театар Скопје, обраќање за делото на Горан Стефановски ќе имаат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, Факултетот за драмски уметности, Филолошкиот факултет и Друштвото на писатели на Македонија.Горан Стефановски, по кратко боледување почина на 66-годишна возраст во Англија. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е најзагаден град во Европа, а меѓу десетте најзагадени во светот

СДСМ донесе само црнила за државата и граѓаните. Скопје со денови е најзагаден град во Европа, а меѓу десетте најзагадени во светот. Проблем со загадениот воздух имаат и Битола, Струмица, Кочани, Куманово и други градови, но власта ништо не презема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Ветуваа многу, а не реализираа ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.Нивото на загаденост на воздухот е од пет до десет пати над дозволеното. Тоа е опасно за здравјето на луѓето, кои секојдневно ги полнат медицинските установи ширум државата, но и за животната средина во целост.Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов, повеќе сакаат да спијат во собрание и да играат игри, отколку да преземат нешто против енормната загаденост“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека наместо мерки кои ќе влијаат на подобрување на квалитетот на воздухот надлежните како министерот Садула Дураку со ароганција се однесуваат и настапуваат кон граѓаните.„ВМРО-ДПМНЕ предложи сет мерки кои власта треба да ги примени доколку навистина сака да се справува со загадувањето.Дел од мерките кои власта може да ги преземе, а кои ги ВМРО-ДПМНЕ се:Да се обезбедат средства за набавка на печки на пелети и пелети, а тие средства да бидат обезбедени во буџетот за 2019 година, како најинтервентна мерка.Наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена електрична енергија.Да се забрани употреба на петрол, кокс, особено во услови на грејна сезона.Да се овозможи, со поддршка на МВР, пренасочување на движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на загаденост.СДСМ не смее да се однесува игнорантски и наместо за потребите на граѓаните работи за сопствени интереси. Црнилата не смеат да продолжат, полните болници со луѓе кои имаат срцеви или белодробни проблеми причинети од загадениот воздух не смеат да бидат наше секојдневие. Црнилото мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против овие црнила да се приклучат на протесниот марш во среда кој ќе започне од плоштад ВМРО и ќе се движи до владата на Република Македонија. За да им кажеме НЕ на црнилата. Да го испратиме СДСМ во историјата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Поради магла намалена видливост на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.„Врнежи од снег во раните утрински часови се бележат на Попова Шапка, Страцин, планинскиот превој Стража и во Маврово. Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на планинскиот превој Стража. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија Пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
struja

Без струја дел од Аеродром, Центар, Ѓорче и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека за денеска се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа:Во периодот од 08:30 до 12:30 часот корисниците од ул.Илија Димовски Гоче бр.11б, 13 а и б, ул.Кресна (АВРОРА) непарни броеви од 9 а до 19 а во Општина АеродромВо периодот од 08:30 до 10:00 часот корисниците од ул.Димитар Пандилов, објектите осо број 1-10 во Општина Центар.Во периодот од 09:00 до 10:30 часот корисниците од ул.Борис Сарафов раскрсница со ул.Зенполе во Општина Ѓорче Петров.Во периодот од 10:00 до 15:00 часот корисниците на дел од ул.Варшавска, Виенска,Нобелова и Мексичка во Општина Карпош.

Скопје | пред 7 години

7 год.
IMG_1752

Сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа победнички викенд

Изминатиов викенд сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862″ убедливо ги победија противниците.Успешниот победнички викенд за клубот од Кисела Вода започна со триумф на сениорките на гостински терен во СРЦ „Кале”, каде на дерби натпреварот помеѓу двете непоразени екипи од првата женска кошаркарска лига ЖКК „Бадел 1862″ и „Вардар”, „жолто – сините” извојува голема победа, со резултат 71-84 (20:21,19:15, 14:27 и 18:21). За оваа уверлива победа најефикасни на теренот беа Александра Стојановска со постигнати 26 поени и 16 годишната репрезентативка Наталија Секуловска со 17 поени.Додека младинките М18 на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија” ја надиграа екипата на „Про баскет” од Пробиштип, со резултат 73:34. Во рамки на вториот турнир во М14 конкуренција во спортската сала „Шабан Трстена” кадетките на „Бадел” славеа две големи победи. „Баделки” без многу напор триумфираа над екипата на ЖКК „Шкупи”, со резултат 52:18, а лесно го поразија и тимот на „Трокал” од Кавадарци со резултат 41:20. На натпреварот против „Шкупи” најефикасна на теренот беше Ања Даниловска со 13 постигнати поени, а на натпреварот против „Трокал” Милица Николиќ и Мила Ѓуковиќ постигнаа по 12 поени.Имено, „Бадел” е еден од спортските клубови кои оваа година доби материјална поддршка од Општина Кисела Вода. Истата локалната самоуправа почна да ја доделува на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски се со цел за правилно насочување на младите, развивање и омасовување на спортот.

Спорт | пред 7 години

7 год.
Sport.Still006

(ВИДЕО) Какво е загадувањето во Охрид ?

Гасификацијата остана само изборно ветување !Синоќешните податоци за загадувањето на Охрид кои беа измерени на единствената мерна станица која е поставена кај плажата Куба Либре ( која е надвор од урбаната зона на градот во која живее населението и ги грее домовите ) предизвика лавина најразлични коментари, од оние дека воздухот во Охрид навистина го изгубил квалитетот, до такви кои тврдеа дека се работи за лажен податок и сензационализам во пласирањето вести.Охрид1 објавува видео од панорамата на Охрид, на кое се гледа како оџаците од куќите и од зградите чадат и го полнат воздухот со смог и честички.По овие видеа повторно ќе се отвори прашањето : Каков е воздухот во Охрид кој со децении се декларираше како воздушна бања ? !Најголем дел од граѓаните во Охрид се греат на дрва, а последните години се повеќе граѓани преминуваат на греење на пелети.ВИДЕО:

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања