Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
puska-1

Со ловечка пушка пукал во кучето на соседот

Скопјанец со ловечка пушка пукал во кучето на неговиот сосед во село Трубарево.На 08.12.2018 година околу 16 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.Б.(33) пријавил дека истиот ден околу 15,30 во с.Трубарево соседот Б.С.(76) со ловечка пушка пукал во неговото куче.На местото на настанотизлегле полициски службеници, одземена е пушката“Застава М-70“ и два патрона и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mitko

Јанчев го исчисти воздухот во Кавадарци

Градоначалник на Општина Кавадарци,Митко Јанчев вечерва се пофaли нa својот Фејзбук профил дека Методот на аеросолизацијата кој се применувa во Општината со цел да се исчисти загадувањето, се покажа повеќе од успешен.„Ова се ефектите од методот на аеросолизацијата во Општина Кавадарци. Денес со работа се започна во 17:30 часот и ќе се работи до 23 часот со две машини кои вршат аеросолизација“, напиша Јанчев на ФБ.Инку , овој метод е еден вид на аеросолизација за намалување на загаденоста во воздухот. Истиот з прв пат во Квдарци се примена синоќа. Функционира на тој принцип, што се прска вода под висок притисок, како прав, со атомизер на 20 бари и висина до десет метри. При тоа, се создава прашина од вода, која со неа ги спушта ПМ честичките. Може да се додадат и хемикалии, за поголема ефикасност, на пример калицум и друго. Се влече со возило, атомизерот е приклучен елемент за трактор, или возило за специјална намена – појасна Јанчев за ,,Фокус”.Тој додава дека не се работи за некоја скапа апаратура, и еден примерок кој што носи 1.000 литри вода изнесува околу 2.500 евра.-Јас го имам во семејната компанија, но го отстапив на користење за потребите на градот. Обично се користи за прскање во земјоделие, треба само температурата да не е под нулата, поради мрзнење – раскажува градоначалникот.Околу тоа како дошол на оваа интересна идеја, за која вели дека веднаш ги дала резултатите, додава дека заедно со неговиот тим во општината истражувале на темата.Кавадарци и пред неколку месеци воведе мерки за намалување на загаденоста на воздухот, давајќи им на граѓаните субвенции за енергетско ефикасни грејни тела, односно им надомести дел од трошоците за печки на палети и инвертер клими. Целта беше да се стимулра населението за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Trajko_Veljanoski-golema

Вељановски утре треба да сведочи за 27 април

Од утре во Кривичниот суд треба да започне да се извеудуваат дополнителните листи со докази на одбраната во случајот „27 април“ за кои судскиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска на минатото рочиште реши да ги прифати. Меѓу тие докази има и предложени сведоци.За утре, според планот, треба да се сослушаат двајца сведоци на Митко Чавков, тројца на Душко Лазаров и двајца на шефот на обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски Леви.Меѓу двајцата сведоци кои ги предлага Леви е и Трајко Вељановски. Неговото присуство утре во судница треба да го обезбеди одбраната на обвинетиот.Инаку, Трајко Вељановски на минатото рочиште беше споменат во исказот на Александар Василевски Нинџа кој кажа дека додека на 27 април бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ таму била и поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришкоска Бошковска која телефонски комуницирала со Вељановски и која му дала наредба на него пратениците да ги отворат вратите во Собранието откако не успеало првичното сценарио односно откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не предизвикале тепачки во Парламентот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zaev

Заев: Бугарија не побарала соработка од нас за истрагата за продажба на бугарски пасоши

Бугарија не побарала соработка од македонските власти во однос на истрагата за продажба на бугарски државјанства, рече премиерот Зоран Заев во Лисабон во изјава за бугарски новинари.-Нам ни е јасно дека многу Македонци имаат бугарски пасоши и ние имаме Бугари во Македонија. Ние немаме проблем, но ако нешто е нелегално, Бугарија ќе си го востанови тоа, рече Заев во Лисабон, каде учествуваше на Конгресот на Партијата на европските социјалисти – ПЕС.Премиерот Заев во Лисабон, одговарајќи на новинарски прашања за неколку странски медиуми изрази уверување дека инклузивниот процес во Парламентот и јавните дебати ќе успеат да обезбедат двотертинско мнозинство за усвојување на уставните измени кои се обврска од Договорот од Преспа.-Јавната дебата во Парламентот е многу конструктивна, квалитетна и верувам дека и преку тоа граѓаните ќе дознаат и за сите детали од самиот Договор со Грција, но и Парламентот ќе изнајде начин како да собере сила и да ја гарантира иднината на Република Македонија. Затоа што конечно со овој Договор, а и претходно со Договорот со Бугарија, ние ги затворивме нашите билатерални проблеми, кои што ги имавме со соседите. Стануваме нормална земја, европска земја, каде што заедно со реформите се надеваме, убедени сме дека навистина ќе бидеме следната, триесетта земја-членка на НАТО и во јуни 2019 година, ќе ги отпочнеме преговорите со отворање на поглавјата за ЕУ, рече премиерот Заев, соопшти владината прес-служба.На прашањето на медиумите за бегството и однесувањето на претходниот премиер, Никола Груевски, Заев рече дека согласно меѓународните стандарди и конвенции Груевски треба да биде вратен на издржување на правосилната судска пресуда во Македонија. Тој изрази надеж дека Унгарија ќе ги преиспита одлуките и ќе го врати на издржување на казната.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Четворица повредени во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

Дваесет и седумгодишен тетовец е потешко повреден и пренесен на скопски клиники, а уште три други лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случи попладневно на патот Гостивар-Кичево во близина на отворените каменоломи.Според СВР Тетово сообраќајката се случила околу 18 часот при што дошло до судир на автомобил „опел астра“ со тетовски регистерски ознаки, што ја управувал К.С. (27) од Тетово и џип „киа“ со скопски ознаки што го упраувал С.П. (54).Повредените од несреќата биле  пренесени во гостиварската општа болница, а заради тежината на повредите возачот на опелот бил пренесен на скопските клиники. На останатите три лица им се вршат прегледи и им се утврдува видот и тежината на повредите во гостиварската општа болница.По краткиот прекин на сообраќајот, возилата се пропуштаат наизменично поради увидот што е во тек.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kirk-daglas

На 102 год Кирк Даглас повеќе нема желби, овен светот да стане подобро место

„Имав прекрасен живот и имам неверојатно семејство. Благодарен сум за сето она што ми го даде животот“, истакнал легендарниот Кирк Даглас кој го слави својот 102 роденден.Кога го запрашале дали има нешто коешто му останало неостварено на „списокот желби, Кирк Даглас одговорил дека горе-долу ги исполнил сите свои желби.Најголема желба за 102 роденден му е светот да стане подобро место.„Има толку многу нетрпеливости… Сакам луѓето да бидат љубезни едни со други и да покажуваат повеќе почит“, изјави големата холивудска ѕвезда.Инаку Американскиот филмски институт во 1999 година издаде список на 50 легенди од златната доба на Холивуд. Денес се живи само три: Софија Лорен (84), Сидни Поатје (91) и Кирк Даглас кој го слави својот 102 роденден.

Магазин | пред 7 години

7 год.
straza-111

Тешка сообраќајна несреќа на Стража - сообраќјот во прекин

Поради сообраќајна несреќа во близина на каменоломот „Прогрес 98“ во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-планински превој Стража.Прекинот на сообраќајот е попладнево од 18:10 часот

Македонија | пред 7 години

7 год.
zena-sobranie

(ФОТО) Гладна и измачена живее наспроти Собрание, но за институциите таа е невидлива

Смрзната, гладна, жедна... во строгиот центар на Скопје, наспроти Собранието на Р Македонија, живее жена која очигледно е невидлива за институциите на системот. Покриена со едно ќебе кое очигледно и го поклонал некој добронамерен граѓанин, деновите ги поминува потпрена на студен ѕид, молејќи се некој да и подари нешто за јадење.Сликатава е објавена на социјална мрежа фејзбук. Госпоѓата која ја постави кратко напишала:„Во строгиот центар на градот, спроти Собранието на РМ, веќе подолго време живее на улица една жена..смрзната, гладна, испомочана...чека од институциите помош. Каде сте бре Труд и Социјала?? Очи немате ли, со години женава тука чмае...душа има таа а вие??? Прашањата и се на место и истите не се однесуваат само на овој случај, затоа што сведоци сме дека се повеќе наши сограѓани мака маачат да се прехранат. Скопје 1 и вчера пишуваше за случај на Жена која живее со гангрена на двете нозе и нејзината сестра која е со здробени стопала. Итно им треба помош. Но, и тоа не е се ... само да се прошета низ центарот на Скопје вакви примери има премногу и сите тие „живуркаат“ благодарение на добронмерни граѓани кои двојат парче леб од себе само да им помогнат колку толку.Но, прашање кое се наметнува, каде се институциите? Води ли некој грижа, има ли можност држават да ги згрижи овие лица?И оваа фотографија ја објавуваме со недеж дека ќе допре до надлежните и ќе се најде начин да се згрижи беспомошната бабичка.Да бидеме хумани. Да помогнеме. Кој колку може, затоа што она што го даваме е малку а за некого е се.

Скопје | пред 7 години

7 год.
belicanec-gjorgi

(ФОТО) Директорот на Зоолошка градина за Беличанец: Матер да и е**м на пијаницата

Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски преку социјалните мрежи упати пцости кон ексградоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец. Наспроти ова, изрази поддршка за сегашниот градоначалник Филип Темелковски. Во објавата, директорот на Зоолошка градина пишува дека Беличанец била пијаница, а притоа, и се изнае*ала на општината.„Глупаво изгледа 15 години што сите ќутеле и ниеднаш не и се обратиле од страв на таа пијаницата што беше градоначалничка и мајка што и наеба на општинава. Сега некој што транспарентно и искрено се нафаќа да го реши у прва година проблемот, одма протести? Нејасно, Ама ок е. Кисела вода ќе победи“, пишува Галетановски.Под објава, тој продолжува со „сочната“ пцовка па пишува „Да и е**м матар на таа“, откако негов пријател на социјалните мрежи напиша „Јас ја избркав Беличанец од Центарот за зависници, оти лошо влијаеше и требаше да ја сместиме во него“.Ѓорѓи Галетановски – Чомбе е новиот директор на Зоолошката градина во Скопје, доаѓајќи на местото на Јорданчо Милошевски, а поставен од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.Дискусијата на социјалните мрежи, директорот на Зоолошка градина ја започна како коментар за протестите кои се одржуваат во Кисела Вода, преку кој жителите бараат да се дислоцира Центарот за зависници. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
skopje-vozduh-3

(ФОТО) Загденоста на Скопје од воздух денеска

Скопје синоќа беше петти најзагаден град во светот, а прв во Европа. На листата на СЗО на десетте најзагадени во Европа три града се од Македонија – Скопје Тетово и Битола.Власта вели дека секојдневно се преземаат мерки против загадувањето, а топката ја префрла на претходната власт.Еве како изгледаше денеска Скопје од возух.фото фб: Л.П

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Грците бараат предвремени избори

Поголем дел од Грците, 62 проценти, сакаат во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори, пишува во неделното издание весникот „Етнос”, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена од социолошката агенција „Капа рисрч”.Според резултатите, 44 проценти сакаат парламентарните избори да се одржат пред мај, а 18 отсто – заедно со локалните и европските избори во мај.Опозициската Нова демократија и натаму ужива најголема доверба, со 25 проценти поддршка, додека владејачката СИРИЗА е на второ место со 20,3 проценти. На трето место е екстремно десничарската  Златна зора, која има доверба на 7,9 отсто испитаници, а по неа следува левичарско „Движење за промена“ со 6,4 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5,6 отсто. Другите партии, според истражувањето, нема да влезат во парламентот.Во анкетата е испитан и ставот на Грците кон движењето на „жолтите елеци” во Франција, па 47 отсто декларирале поддршка за движењето.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Случај 27 Април: Обвинетите ќе се изјаснуваат дали сакаат амнестија или да им се суди

Законот за амнестија на обвинетите за 27-ми април ќе им даде можност да се изјаснат дали прифаќаат да бидат ослободени од обвинение или пак сакаат за нив да продолжи судскиот процес и така да докажат дека се невини.Пратеникот Љубен Арнаудов и еден од обвинетите за собраниските настани од 27-ми април за Канал 5 вели дека оваа клаузула во нацрт текстот на законот е вметнат бидејќи дел од обвинетите во случајот досега на социјалните мрежи пишува дека ја бараат правдата и не прифаќаат милостина.Арнаудов на нашето прашање како тој би се изјаснил во однос на амнестија вели дека во овој момент не може да одговори.„Нека заврши целиот процес, не сакам да влијам на судскиот процес, на колегите во телото за помирување бидејќи секој збор има свое влијание“, вели Арнаудов.Рок до кога законот треба да биде изгласан и имплементиран засега нема. Арнаудов вели дека она што е важно е дека процесот е почнат.„27-ми е само еден мал сегмент од процесот на помирување и би сакал сите да се вклучат во него , не само политичките партии, туку и граѓаните и да ги оставиме зад нас сите поделби, да престанат кавгите и повиците дека ’преку нишан ќе се гледаме’, а на крајот местото на национализмот му е во минатото“, вели Арнаудов.Нацрт текстот на законот за амнестија треба да биде разгледуван на средба на групата за помирување која е дел од Интерпартиското собраниско тело за помирување, реформи и интеграција. Откако ќе биде презентирано во телото за помирување и бидат усогласени сите точки се очекува нацрт законот да влезе во собраниска процедура.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mnr-logo

МНР за изјавите на Каракачанов: Ваквите ставови создаваат врзан негативен круг што може да не оддалечи

Изјавата е извонредна прилика за сличен контра - одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не’ оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателство.Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот, се вели во соопштението на МНР кое беше испратено до Канал 5.Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот Договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји, се вели во реакцијата на македонското МНР на ставовите на Каракачанов, кој на „facebook“ објави низа критики на Договорот за добрососедство, Договорот од Преспа и кон премиерот Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
krasimir-karakachanov

Красимир Каракачанов: Македонците да се осветат и да станат нормален народ, да не кажам добри Бугари

Вецепремиерот Красимир Каракачанов со остар став против Зоран Заев. Тој го предупредува да не го злоупотребува македонскиот јазик бидејќи тоа може да ја чини европската иднина на Македонија, јавува бугарската ТВ Нова.Треба да се осветат и да станат нормален народ, да не кажам добри Бугари ,, изјави министерот за одбрана и вицепремиер на Бугарија Красимир Каракачанов емисија на бугарското национално радио пренесуваат бугарските медиум, Објави Канал 5 .Тој за напишаниот статус со кој вчера му се се обраќа на премиерот Заев да не ја злоупотребува темата со македонскиот јазик и дека тоа ќе го чини ЕУ и НАТО вели дека реагирал не само како претседател на ВМРО туку и како човек кој активно работел да се случи договорот меѓу Македонија и Бугарија. Според него Македонија треба да ја коригира својата политика и во однос на историјата која според него е фалшлива , а и тоа што се учи во училиштата за Каракачанов е со антибуграски дух .Тој вчера меѓу другото реагираше и за новото име согласно Преспанскиот договор.,,Северна Македонија е географско именување што вклучува и територии од Република Бугарија. Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација”, вели Каракачанов.Тој, исто така, ја критикуваше работата на македонските претставници во билатералната Комисија за историски прашања. Според вицепремиерот, тие се обиделе да наметнат позиции кои се далеку од историска вистина.извор: Канал 5

Свет | пред 7 години

7 год.
cipras

Анкета: На повидот предвремени избоди во Грција, СИРИЗА на Ципрас го губи мнозинството

Поголем дел од Грците, 62 проценти, сакаат во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори, пишува во неделното издание весникот „Етнос”, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена од социолошката агенција „Капа рисрч”.Според резултатите, 44 проценти сакаат парламентарните избори да се одржат пред мај, а 18 отсто – заедно со локалните и европските избори во мај.Опозициската Нова демократија и натаму ужива најголема доверба, со 25 проценти поддршка, додека владејачката СИРИЗА е на второ место со 20,3 проценти. На трето место е екстремно десничарската Златна зора, која има доверба на 7,9 отсто испитаници, а по неа следува левичарско „Движење за промена“ со 6,4 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5,6 отсто. Другите партии, според истражувањето, нема да влезат во парламентот.Во анкетата е испитан и ставот на Грците кон движењето на „жолтите елеци” во Франција, па 47 отсто декларирале поддршка за движењето.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

МЗ: Министерот Филипче обезбеди лекови за починатот пациент, но тој не дојде да ја прими терапијата

Министерството за здравство соопшти дека преку Здружението „Момент плус“, било информирано за состојбата на пациентот, кој почина пред неколку дена од пулмонална хипертензија. Оттаму велат дека министерот Венко Филипче обезбедил лекови за пациентот, поради неговата претходно влошена здравствена состојба, но како што објаснуваат, тој воопшто не дошол да ја прими терапијата и починал.„Напоменуваме дека пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаме за ретка болест, и за оваа болест министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување, туку таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања.Во моментов во Македонија има 6 (шест) пациенти со ваква ретка болест и  за сите нив се обезбедени терапиите кои им се неопходни. За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа.Но, како што веќе граѓаните се информирани, измените на позитивната листа на лекови е се во тек и се во Собраниска процедура“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
merkel-11

Наследничката на Меркел новоизбраната лидерка на ЦДУ именува 33-годишник за генерален секретар на партијата

33-годишниот Паул Цимјак е нов генерален секретар на владејачката партија ЦДУ.Тој на функцијата ја заменува новоизбраната лидерка на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер и важи за кандидат по нејзина желба. Новата лидерка како знак дека сака да избегне подлабоки поделби во партијата и на конзервативците и на помладите членови да им даде посилен глас за генерален секретар на партијата го предложи Цимјак за шеф на партиското младинско крило.Инаку на изборите на ЦДУ од 1.001 делегат, 517 кренаа рака за Анегрет Крамп-Каренбауер да ја наследи Ангела Меркел на најголема германска партија. Крамп-Каренбауер (56), позната под акронимот АКК, го остави зад себе во вториот круг фаворитот на конзервативното крило Фридрих Мерц, кој доби 482 гласа од делегатите.Во првиот круг Крамп-Каренбауер доби 450, Мерц 392, а третиот противник, министерот за здравство Јенс Шпан, доби 157 гласа.Така за ЦДУ почнува нова ера по цели 18 години, колку што ја водеше партијата Ангела Меркел. Кога таа дојде на чело, ЦДУ уште беше длабоко во опозиција на тогашниот социјалдемократски канцелар Герхард Шредер. Подемот на Меркел тргна токму преку плеќите на Фридрих Мерц, кого во 2002 година практично го истисна од местото шеф на пратеничкиот клуб во Бундестагот.

Свет | пред 7 години

7 год.
koza-poklon-2

Саша Поповиќ на Марија Шерифовиќ за роденден и подари коза

По повод роденденот на Марија Шерифовиќ, таа побарала подарок од директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ. Тој и ја исполни желбата, но со чуден подарок.Саша одлучи на Марија да и подари коза која се вика Бијонсе. Марија кога ја виде го праша што планира да прави со животното, a Саша и објасни на пејачката дека може да ја чува козата пред зграда за да им помага на соседите. Марија констатираше дека овој подарок треба да биде на Јелена бидејќи таа секојдневно се бори за правата на животните.А Карлеуша паак му се закани на Поповиќ доколку нешто и се случи на козата ќе одговара тој лично. 

Магазин | пред 7 години

7 год.
pat-magla

Густа магла на Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на целата територија на државата.„На планинскиот премин Пресека поради  појава на магла, видливоста е намалена до 50 метри. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Исто така оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
belgrad

Во Белград се одржа протест поради нападот на опозициски лидер

Неколку илјади граѓани протестираа во Белград под слоганот „Стоп на крвавите кошули“. Прво се собраа на платото пред Филозофскиот факултет каде им се обрати актерот Бранислав Трифуновиќ, по што без инциденти се прошетоа до Народното Собрание и Радио Телевизија на Србија.Повод за протестот беше нападот на лидерот на српската левица, Борко Стефановиќ, на 23 ноември во Крушевац.На чело на колоната, предводена од лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија беа и актерите Мирјана Карановиќ, Бранислав Трифуновиќ, Никола Којо, како и кошаркашкиот тренер Душко Вујошевиќ.„Драго ми е што сте овде, а не на Твитер и Фејсбук. Важно е што сте сфатиле дека оваа борба не може да се води со палец, туку со нозе, раце и грло“, рече Трифуновиќ во говорот пред присутните.На протестот беа присутни и водачите на поголемиот дел од опозицијата.Стефановиќ беше нападнат пред две недели пред одржување на партиски собир во Крушевац. Поради повредите на главата опозиционерот завршил во болница, а полицијата приведе три лица на кои им е одреден 30-дневен притвор.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Ахмети: Имам немир за уставните измени

Како да имам еден немир за уставните измени, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, вели претседателот на ДУИ Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.Според Ахмети, овој процес се уште е во развој и треба сите државни институции, законодавни институции, институциите кои ги спроведуваат законите, да бидат внимателни.Целото интервју тука.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Изложба по повод 40 години од првите археолошки истражувања во Тумба Маџари

На 11 декември 2018 год. (вторник) во 13.30 часот, во НУ Археолошки музеј на Македонија ќе се одржи отворање на изложбата „40 години од првите археолошки истражувања во неолитската населба Тумба Маџари во Скопје”.Со оваа изложба воедно се одбележуваат три јубилеи кои се поврзани со локалитетот Тумба Маџари: 80 години од раѓањето на Воислав Санев, првиот истражувач и промотор на овој локалитет, 40 години од почетокот на археолошките истражувања во 1978 год. и 10 години постоење на комплексот „Неолитското село”, како прв музеј под отворено небо во рамките на Тумба Маџари.Преку презентираниот археолошки материјал во изложбата, НУ Археолошки музеј на Македонија уште еднаш потсетува на големото научно и културно значење на оваа неолитска населба, стара 8.000 години. Изложбата е посветена на сите истражувачи и учесници во археолошките ископувања кои дадоа свој придонес во афирмацијата и промоцијата на Тумба Маџари и неолитската култура ширум светот.Автор на изложбата е кустос советникот м-р Елена Стојанова Канзурова, a промотор е кустос советникот Ирена Настева Колиштркоска.НУ Археолошки музеј на Македонија ја организира оваа изложба како дел од традиционалната манифестација „Недела на археологијата”, финансирана преку годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
IMG_1828

(ВИДЕО) Костадинов: Расте БДП, растат платите, се намалува невработеноста

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Растот на економијата, растот на БПД од 3 отсто во третиот квартал од оваа година потврдува: економијата е стабилизирана, расте, се движи во вистинска, нагорна линија, изави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.„Граѓаните може да очекуваат дека ова придвижување и обезбеден раст ќе допринесе за дополнително потикнување на економијата, за поголемо производство и отворање на нови и подобро платени работни места.Се намалува и невработеноста. Стапката на невработеност во третиот квартал во 2018 година изнесува 20,8 отсто. (На крајот на 2017 година стапката на невработеност била 22,4 отсто).Третиот економски параметар е растот на платите.За период од две години, просечната плата бележи раст од над 2.000 денари.  Тоа значи повеќе пари за работниците, повеќе пари во семејството, кај граѓаните.Паралелно со растот на платите, растат и пензиите. Просечната пензија во 2018 година е за околу 1.400 денари повисока во однос на просечната пензија во 2016 година“, вели Костадинов.Тој додаде и дека ваквиот тренд на зголемување на расположливиот доход за домаќинствата ќе продолжи и во следната, 2019 година.„За пет отсто повисока плата добиваат вработените во здравството, образованието, судството, детските градинки, одбраната, полицијата, културата. 10 отсто зголемување ќе добијат докторите специјалисти.Со рефрмата на системот за социјална заштита корисниците на соцјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а околу 60.000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток.Обезбедуваме социјална правда за финансиски најзагрозените сограѓни.Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.Преку чесен и домаќински пристап, обезбедуваме економски раст и повеќе пари кај граѓаните. Се грижиме за подобра живејачка на нашите граѓани и социјалната праведност“, изјави Костадинов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
slika-2-1

Ѓорчев во посета на Херитиџ фондацијата и најгледаната ТВ Фокс Њуз

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на својата посета на САД се сретна со Џејмс Карафано, директор на Херитиџ центарот за надворешна политика и заменик директор на Дејвис институтот за надворешна политика.На средбата Ѓорчев го запозна соговорникот со актуелните состојби во Македонија, политичкиот прогон, секојдневните закани врз опозицијата, притисоците врз медиумите, инстументализацијата на судството и влошената економска ситуација.Херитиџ фондацијата ќе продолжи со интерес да ги следи состојбите во Македонија, како и случувањата во поширокиот регион на Балканот и Европа.Херитиџ фондацијата е меѓу водечките тинк тенкови во САД, покривајќи ги областите од внатрешната политика и економијата, до надворешната политика и одбраната.Во Конгресот на САД Ѓорчев се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт. На средбата стана збор за актуелната политичка состојба во Македонија, а конгресменот Адерхолт е долгогодишен пријател на Македонија и познавач на состојбите.Ѓорчев оствари посета на „Фокс Њуз“, најгледаната кабелска телевизија во САД. За време на посетата Ѓорчев имаше можност да се запознае со начинот на нивната работа во Вашингтон и нивното покривање на политичките настани. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
erdogan

Ердоган: Европа падна на испитот за демократија и човекови права и слободи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во врска со протестите на „жолтите елеци“ во Франција, Белгија и Холандија, за време на кои дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, оцени дека Европа падна на испитот за демократија, човекови права и слободи.Ердоган изрази загриженост поради настаните на улиците на европските градови.„Ние сме против хаосот кој го предизвикуваат демонстрантите, но и против насилството кое се врши врз нив“, изјави турскиот претседател вчера во Истанбул.Тој нагласи дека тие се оние кои заради политички популизам поттикнале антисемитизам и антимигрантски ставови.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања