Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Најнови вести

7 год.
Нема фотографија

Ја уценувал бившата дека ќе објави видео со неа ако не му се врати

Тетовец од селото Камењане заработи кривична пријава затоа што ја уценувал бившата дека ќе објави компромитирачка содржина од неа на социјалните мрежи, доколку не ја продолжи врската со него. 46-годишниот Ф.А. ќе одговара за сторено кривично дело „уцена“.„Во текот на септември и октомври 2018 година пријавениот на жена од село Камењане, тетовско, со која претходно бил во љубовна врска, во повеќе наврати и се заканувал дека доколку не ја продолжи љубовната врска, на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии и видео записи со непристојна содржина“, соопштија од полицијата.

пред 7 години

7 год.
bageri-majcin-dom

Зградата кај Мајчин дом ќе се гради

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДУП И10 во Општина Аеродром.Постапката за донесување на ДУП, според Уставен, била спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Уставните судии укажа дека тие ја ценат постапката, а не содржината на планови или нивна усогласеност со други планови. Од апект на Судот, ДУП И10 е согласно закон и Устав.Претставката до Уставен за ДУП-от ја поднеле 12 физички и правни лица во 2017.ДУП И10 јво Општина Аеродром ја опфаќа локацијата кај Мајчин дом каде што треба да се гради деветкатна станбена зграда, на што реагираа локалните жители кои организираа и протести. По реакциите на јавноста, Општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи.Од Општината претходно соопштија дека ги имаат доставено сите потребни документи и оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.– Претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај Мајчин дом. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, на 15-та седница на Советот на Општина Аеродром побараа негова ревизија и мораториум, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.Оттаму посочуваат дека Општината, како што на неколку наврати најави градоначалникот Златко Марин, веќе работи на интерна ревизија на ДУП И10. – Во рамките на овој процес Општината ги прегледа и достави до Уставниот суд сите потребни документи поврзани со овој случај. Општинската администрација до Советот ќе достави писмен извештај за сработеното, додаваат од Општината.Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба.-На сметка на ова Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.Од 10 овој месец, градежните работи се привремено стопирани во рок од 15 дена со одлука на градоначалникот Марин, поради неправилности констатирани од инспектор.-Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом, изјави Марин.Протести на жителитеЖители на населбата Аеродром одржаа неколку протести и го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански во знак на револт, главно насочен кон градоначалникот Марин, поради неговите ветувања дека тоа нема да се дозволи.

Скопје | пред 7 години

7 год.
041

Средба на министерот Оливер Спасовски со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук

Денеска  во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук .„На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на миграцијата, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
kosta-10.20

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека пратеникот Костадин Костадинов е нов портпарол на нивната партија.Костадинов од 2013 до 2016 година бил советник во Советот на Општина Струмица. Во периодот од 2010 до 2018 година бил претседател на подмладокот на СДСМ во Струмица.Во февруари 2017 година Костадинов ја презеде функцијата вршител на должност градоначалник на општина Струмица, којашто ја извршува до ноември 2017 година.Од 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Премиера на театарската претстава „Осамениот запад“ од Мартин МекДона

Премиерата на театарската претстава „Осамениот запад“ од Мартин МекДона ќе се реализира на 2 ноември 2018 во Кино Култура со почеток во 20 часот, а репризното издание на претставата ќе биде во сабота, 3 ноември, со почеток во 20 часот.Театарската претстава е во режија на Јане Спасиќ, а во неа играат Оливер Митковски, Ненад Митевски, Драган Довлев и Матеа ЈанковскаПреку црн ирски хумор „Осамениот запад“ раскажува приказна за двајца браќа кои под влијание на околностите имаат особен начин на гледање на реалноста и специфичен однос. Линејн е мало место кое морално ги корумпира своите жители, дури и Отецот/ Пасторот е немоќен да ги врати работите на „прав пат“. Единствената шанса е можеби во младата Грлин, но тоа останува да видиме.Мартин МекДона, еден од најдобрите автори на Британската современа драма, на пошироката јавност познат и по своите филмови “In Bruges”, “Seven Psychopaths” и “Three billboards outside Ebbing, Missouri“ за кој ја доби наградата за оригинално сценарио на Златен Глобус, а за истото беше номиниран за Оскар во 2018. Kариерата ја започнува како драмски автор и прави бум во Лондон со двете трилогии за земјата од која потекнува - Ирска. Четири негови драми меѓу кои и „Осамениот запад“ се номинирани за најпрестижната театарска награда „ТОНИ“. Тој е првиот драмски автор, по Шекспир, кому во Лондон истовремено му се изведуваат 5 драмски дела. „Осамениот запад“ е своевиден крај на неговата прва трилогија сместена во малото ирско гратче Линејн.Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.

Магазин | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Запленети 46 килограми марихуана

Вчера ( 30 октомври ) во периодот од 12 до 22 часот и 30 минути, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес, најпрво во дом и помошни простории на 54-годишниот тетовец Н.И, лоцирани на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, а потоа и во објект ( мала куќарка ) на улица „29 Ноември“, исто така, негова сопственост.При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите е пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видеодокументирани, и подигнати за вештачење.Во вториот претрес, во малата куќарка, пронајдени се околу 45 килограми марихуана, набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија.Педесет и четиригодишниот тетовец Н.И, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. Во текот на денов ( 31 октомври ) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Комбе и автобус се судрија во Македонска Каменица

Вчера напладне на регионалниот пат Македонска Каменица – село Саса, кај место викано Свлечиште се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус и комбе од Македонска Каменица.Во незгодата возачот на комбето се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип каде што му била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР – Штип.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobr1

Возило удри пешак во Демир Капија

Триесет и деветгодишен пешак со иницијали П.Е. од Демир Капија со тешки телесни повреди бил пренесен на комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје по удар од возило.Со возилото управувал 32-годишниот К.Л., а сообраќајката се случила вчера на улицата Партизанска во Демир Капија, јави полицијата.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија | пред 7 години

7 год.
UaYct-

6,5 килограми марихуана пронајдени во куќа во Гостивар

При претрес во дом во Гостивар пронајдени биле 13 најлонски пакувања со марихуана со вкупна тежина од околу 6,5 килограми и повеќе мобилни телефони, кои биле одземени и дадени на вештачење.Претресот бил извршен во куќата и помошните простории на 48-годишно лице од село Стојаково, со иницијали  М.К., соопшти полицијата.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Од утре жичницата на Водно со зимско работно време

Од ЈСП Скопје информираат дека од утре (01.10.2018). па се до 01 март 2019 година жичницата ќе има зимско работно време.„Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16.45 часот. И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот“, велат оттаму.Исто така воведени се и измени во возниот ред на линијата 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно.„Се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16.20 ч и 17.20 ч, односно поаѓањата во 16.40 ч, 17.40 ч и 18.40 ч од Средно Водно. И понатаму, линијата 25 во понеделник не е во функција.Сакаме да ги потсетиме корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници“, велат од ЈСП. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пред некој ден ми се јавија од пошта да дојдам бидејќи некој ми испратил пари, а јас мислев дека е некоја грешка

Пред некој ден ми се јавија од пошта да дојдам бидејќи некој ми испратил пари, мислев дека е некоја грешка…Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари. Мислев дека е некоја грешка, бидејќи немам никој кој би ми испратил пари, а сум и во тешка финансиска ситуација, па искрено помислив дека некој се шегува со мене.Кога отидов, ми рекоа дека имам писмо и 3.000 долари, а јас не можев да поверувам. Го земав писмото и почнав да го читам.Еден пријател од основно училиште кој сега живее во Америка, порано беше сиромашен како што сум јас сега.Секогаш му давав колку што можев, делев сендвичи на половина, пиевме сокови од исто шише, ми беше како брат.Пред 10 години се отсели во Америка, на печалба, па изгледа успеал во тоа.На крајот од писмото пишуваше: „Брате, кога и да ти биде потребно нешто, само јави ми, знам како ти е сега и знам каков човек си кога имаш. Фала му на Бог, јас сега имам доволно и сметај го тоа како и ти да имаш. Твојот брат…“Ни сега не можам да верувам дека после толку години се сети на мене и дека памти сè.Изгледа дека и во овие тешки времиња се исплати да си човек. Кој би рекол…

Магазин | пред 7 години

7 год.
luka-govor-ums

Кржалоски си поднесе оставка од функцијата во ВМРО-ДПМНЕ

Претседател на Унијата на млади сили Лука Кржаловски денеска на фејсбук објави дека си дава неотповиклива оставка од партиската функција.„Почитувани членови, активисти и симпатизери на Унијата на Млади Сили, како и на другите структури на ВМРО-ДПМНЕ, почитувани пријатели и поширока јавност, ви се обраќам со цел да ве известам за мојата одлука за поднесување на неотповиклива оставка од функцијата Претседател на Унијата на Млади Сили. Во продолжението на овој текст ќе ги наведам и објаснам причините за овој мој потег, за кој што долго и сериозно размислував.Пред се, сакам да кажам дека во ова матно и непредвидливо време за нашата партија и држава, тешко е човек да знае кој е вистинскиот пат. Токму за вакви ситуации постојат вредностите на кои што се базира нашата партија, а со кои што сум израснат преку моето долгогодишно дејствување во Унијата на Млади Сили. Тие вредности беа моја клучна водилка да се одлучам на овој сериозен чекор. За жал, стигнав до заклучок, кој што сум убеден дека го споделува и пошироката јавност, а особено младиот сегмент од популацијата, дека во последниот период партијата е преокупирана со дневна политика, популизам и задоволување на интересите на една мала група луѓе.Покрај тоа што моменталното раководство имаше скоро цела една година да излезе со една сеопфатна стратегија за одговарање на горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе дојде до промена на курсот. Додатно, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори, кои што сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во поширокиот балкански регион. Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот - Европската Народна Партија - каде што лежат нашите вредности и интереси, уште од самото основање на ВМРО-ДПМНЕ. Друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство т.е. воопшто не ја сметаат нашата партија за релевантен фактор.За крај, сакам да подвлечам дека на функцијата од која сега давам оставка се нафатив со силно убедување дека како и во минатото и сега нашата партија има капацитет да еволуира и да биде предводник во отворањето на едно ново поглавје во модерната македонска историја. Никогаш не сум сакал да бидам дел од дворски игри, кои што го одвлекуваат нашето цело внимание од вистинските проблеми. Најодбивно од се ми е грубото поигрување со националните чувства на македонецот, а се со цел бегањето од одговорноста и од носењето на сериозни одлуки во клучни моменти. ВМРО-ДПМНЕ како столб на македонската државност има посебна одговорност, не само спрема своето членство, туку и према нацијата.Без ВМРО, нема Македонија!Борбата продолжува!“, напиша Кржалоски.Вчера од партиската фунција и претседател на Унија на жени на партијата, оставка си поднесе и Даниела Рангелова, а веднаш по неа и Затуровска и Кузмановска. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вулканот Кракатао создаде величествена глетка на молња за време на ерупцијата во Индонезија

Вистински спектакл на мајката природа успеала да забележи една камера. Станува збор за ерупција на вулканот Кракатао, кој е позициониран во Индонезија помеѓу островите Јава и Суматра.Кракатау припаѓа во групата на активни вулкани во така наречениот "Огнен појас на Пацификот", а зголемената активност се покажува од јуни оваа година.Кракатао, инаку, некогаш беше назив за остров со вулканско потекло кој го разнесе силна ерупција на вулканот во 1883 година. Тоа е една од најпознатите експлозии на сите времиња. Денес на тоа место е островот Ракату.Научниците велат дека таа година вулканот ги изложил своите најголеми капацитети и дека шансите се многу мали за повторно да дојде до слична експлозија. 

Свет | пред 7 години

7 год.
stoltenberg-1

Столтенберг: Вежбите на НАТО не се насочени против некоја земја

Во интервју за Евроњуз генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека воените вежби на НАТО кои се одржуваат во Норвешка, на западната граница со Русија, не се насочени против ниедна земја.-Немаме ништо да скриеме, транспарентни сме, вежбите не се насочени против ниту една специфична земја, сакаме да се осигураме дека НАТО може да продолжи да превенира конфликти – изјави Столтенберг, одговарајќи на сомнежите дека со овие најголеми воени вежби по крајот на Студената војна, Алијансата и покажува сила на Русија.-Мораме да бидеме способни да делуваме од југ до север и од исток до запад, не сакаме нова Студена Војна, сакаме да нема сомнеж дека НАТО е способен да ги заштити своите сојузници – изјави шефот на Алијансата.

Свет | пред 7 години

7 год.
helikopter

Се урна хеликоптер на авганистанската војска, 25 мртви

Дваесет и пет лица загинаа откако денеска се урна хеликоптер на авганистанската војска, соопшти Насер Махри, портпарол на гувернерот на покраината Фарах.Тој појасни дека два воени хеликоптери биле на пат кон соседната покраина Херат, кога едниот од нив изгубил контрола, додавајќи дека временските услови биле лоши.Од друга страна, портпаролот на талибанците рече дека милитантите го урнале хеликоптерот.Махри изјави дека хеликоптерот се урнал во 09.30 часот по локално време, а во него, меѓу другите биле и заменикот-командант на западната зона на Авганистан и претседателот на Советот на покраината Фарах.

Свет | пред 7 години

7 год.
katastrofa

Советник на Ердоган: Грција ќе доживее катастрофа ако почне војна со нас

Доколку Грција завојува со Турција, ќе доживее катастрофа за три до четири часа, изјави Јигит Булут, советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.„Тоа би било како мушичка да се тепа со џин“, рече Булут за една локална телевизија, пренесе „Раша тудеј“.Руската агенција коментира дека Булут важи за контроверзна личност во турската политика. Именуван е за советник на Ердоган во 2013 година, а потоа станува и главен економски советник.Булут во 2015 година изјави дека е подготвен да умре за Ердоган, потсетува „Раша тудеј“.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Грчката амбасадорка повикана во албанското МНР

Грчката амбасадорка во Тирана, Елени Сурани е повикана во албанското Министерство за Европа и за надворешни работи, во врска со инцидентот во селото Бралат, кај Ѓирокастро.Според Министерството, на амбасадорката и била соопштена јасната позиција на албанските власти за тоа кој треба да го истражува овој настан.– На амбасадорката Сурани и беше кажано дека за тешкиот настан истрага врши албанското обвинителство. Оваа институција е единствен авторитет кој, врз основа на Уставот  и албанскиот кривичен законик, врши независна истрага за секој вид дело што се случува на територијата на Република Албанија, се наведува во соопштенето од албанското министерство.Министерството побарало „воздржаност и непридавање политички или дипломатски бои на ова прашање. Во исто време гарантирало дека Албанија е безбедна и мирна земја за сите свои граѓани, вклучувајќи ги тука и оние од грчка етничка прпадност“.Претходно, дописникот на тиранската телевизија Ора њуз од Атина јави дека сестрата на убиениот Константинос Кацифас(35)  поднела пријава во Обвинителството по што е предадена до Обвинителството во Атина за натамошна постапка. Семејството бара истрага за убиството да води грчкото обвинителство.Кацифас, албански Грк со грчко државјанство, беше застрелан во престрелката со полицијата кај Бралат од страна на припадниците на специјалната единица „Ренеа“.

Свет | пред 7 години

7 год.
gaber

Габер: Првата средба на заедничкиoт македонско – грчки комитет до крајот на неделава

Во почетокот на ноември се предвидува да се одржи првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти што го формираа Македонија и Грција, како обврска од Договорот од Преспа.Амбасадорот Виктор Габер, кој го предводи македонскиот тим, за МИА изјави дека таа треба да се случи на крајот од оваа недела во Солун, може да трае еден или два дена и на неа треба да се утврди динамиката на средбите, како и да стане збор за рамката на разговорите. Пред оваа, како што рече, прeтстои воведна средба со неговиот грчки пандан, заменик министерот за надворешни работи Маркос Боларис.Предвидено е овој комитет да ги проучи учебниците, а ќе дефинира и временски рамки, за да се осигура дека во секоја од страните од идната година, односно една година од потпишувањето на Договорот, не се користи ниту еден учебник или помошен материјал кој содржи каков било иредентизам.Согласно член 8 став 5 од Преспанскиот договор, работата на Комитетот ќе ја надгледуваат министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција. Комитетот ќе се состанува најмалку два пати годишно, а извештај за својата работа треба да поднесува пред Советот за соработка на високо ниво, ново тело чие формирање е исто така обврска со Договорот, а со кое ќе раководат премиерите на двете земји.Одредбата прецизно дефинира дека Комитетот ќе разгледува и доколку утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. Комитетот, исто така, ќе ги проучува и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали, како што е предвидено во овој член. Ова тело, формирано на паритетна основа, има по седум члена од македонска и од грчка страна, согласно членот осум, став пет од Договорот за името, ќе треба да го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на докази и научно-издржани историски извори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ustaven

Уставниот суд ќе расправа за ДУП И10 во Аеродром

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница треба да расправа за претставките поднесени против ДУП И10 во Општина Аеродром.Од Општината велат дека ги имаат доставено сите потребни документи и  оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.– Претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај Мајчин дом. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, на денешната 15-та седница на Советот на Општина Аеродром побараа негова ревизија и мораториум, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.Оттаму посочуваат дека Општината, како што на неколку наврати најави градоначалникот Златко Марин, веќе работи на интерна ревизија на ДУП И10. – Во рамките на овој процес Општината ги прегледа и достави до Уставниот суд сите потребни документи поврзани со овој случај. Општинската администрација до Советот ќе достави писмен извештај за сработеното, додаваат од Општината.Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба.-На сметка на ова Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.  

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без струја делови на Студеничани, Кисела Вода, Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат делови од Студеничани, Кисела Вода, Карпош, Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба.Во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во с.Батинци (општина Студеничани); а во периодот од 9:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Христо Татарчев подулица бр.11 (општина Кисела Вода).Од 9:00 до 14:00 часот струја ќе немаат корисниците на дело од ул.Мраморец (општина Карпош), во периодот од 9:30 до 11:30 часот корисниците од ул.Донбас, дел од ул.Ѓорѓи Пулевски, дел од улица Орце Николов (поточно кај ресторан ДМ), дел од ул.Алберт Ајнштајн, ул.Андон Дуков (општина Центар), во периодот од 8:30 до 11:00 часот корисниците на дел од ул.Капиштец, дел од ул.Питу Гули, ул.Димитар Пандилов (општина Центар), од 10:00 до 13:00 часот корисниците од ул.Скупи подулица бр.1 а , 3 а, 5 а, 7 а и фирмите кај Рибокомерц, бул. Јадранска магистрала (кај касарната Илинден (општина Карпош).Од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците на дел од ул.Блаже Биринчето (општина Карпош) во периодот од 9:30 до 14:30 часот корисниците на дел од ул.Блаже Биринчето (општина Карпош), од 8:30 до 11:30 часот корисниците на дел од ул.Франц Месеснел (општина Ѓорче Петров), во периодот од 9:15 до 12:30 часот корисниците на дел од ул.Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров), од 12:30 до 14:30 часот корисниците од ул.с.Ласкарци подулица бр.3. (општина Сарај) и во периодот од 9:30 до 13:30 часот корисниците од ул.1 во с.Црешево (општина Гази Баба).

Скопје | пред 7 години

7 год.
idioti-5

Владата не ги прифаќа предлозите за уставни амандмани на Беса

Кога премиерот ќе ги исполни барањата на Албанците, кои датираат уште од 1991 година. Премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отвори Пандорината кутија, реагира во изјава за ТВ 21 пратеникот на Беса Фадиљ Зендели на изјавата на Зоран Заев дека сега не е време да се предлагаат други уставни амандмани, освен оние поврзани со Договорот од Преспа за промена на името.„Доколку мисли дека не треба да се отвори, по 27 години оправдани барања од страна на Албанците, по Охридскиот договор од 2001, тогаш премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отворат барањата на Албанците, можеби во 2035 или 2050“, вели Зендели.Движењето Беса предлага 4 уставни амандмани кои се однесуваат на тоа албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот јазик односно да биде службен на цела територија, државата да се грижи подеднакво за граѓаните од сите етнички заедници кои живеат надвор од нејзините граници, претседателот на државата да не може да го блокира донесувањето на законите со непотпишување и Охридскиот рамковен договор да биде дел од преамбулата на Уставот.Од Беса велат дека досега не добиле ниту една покана за разговор од премиерот за нивните амандмани.Али Ахмети, лидерот на ДУИ неодамна изјави дека предлозите за менување на Уставот на Беса и на Алијансата за Албанците се неприфатливи. „Постапките на Села и Касами не се патриотски. Тие се млади во политиката и не знаат добро како досега се развивале политичките процеси“, изјави Ахмети.За пратеникот на ДУИ Артан Груби Беса е мала партија, која не ги познава собраниските процедури.„Овие пратеници од малите партии, кои што излегоа со овие предлози, гласаа на првото гласање во врска со тоа што ќе се менува во Уставот. Тие и кога гласале не знаеле за што гласаат. Затоа, ова зборува за нивното политичко незнаење во собраниските процедури и уставни измени на РМ“, изјави Груби.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zakani

Смртни закани кон екс потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Јанчев

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, кој неодамна беше разрешен од раководството на партијата синоќа не пристигнал во емисијата „Отворено“ поради смртните закани што ги добиле членовите на неговото семејство. Јанчев телефонски се вклучи во емисијата и појасни дека закани добиваат тој и членови на неговото семејство од пред референдумот, а вечерва закана по телефон добила неговата сопруга. „Сите закани ги имам пријавено во полиција. Пред референдумот имав закана дека ако излезам да гласам наскоро ќе се сретнам со мојот татко, кој е покоен“, рече тој. Заканите преку социјалните мрежи смета дека се од ботови, но за оние преку СМС пораки кажа дека ги пријавил телефонските броеви и се надева дека ќе бидат откриени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
igor-durlovski-2

Продолжува судењето за крвавиот четврток

Во Кривичниот суд денеска ќе продолжи судењето за насилствата во Собранието од 27 април минатата година.Неделава ова е трето рочиште за случајот, кој се наоѓа во доказна постапка, а денес треба да продолжи прегледувањето на видео снимки од безбедносните камери во законодавниот дом.Ннови рочишта се закажани и за утре и задутре.Судијката Добрила Кацарска вчера го одложи рочиштето за крвавиот четврток поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски.По паузата, таа истакна дека медицински лица го прегледале обвинетиот по што бил известен судот дека е потребно тој да биде пренесен во болница, каде што треба да му биде направена рендген-снимка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gjorge-ivanov-1

Емагазин: Ќе биде ли Ѓорѓе Иванов првиот претседател „избркан“ од работа?

По вчерашната иноформација дека Основното јавно обвинителство Скопје почна предистражна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов се наметнува прашањето дали ќе следува постапка за импичмент односно барање на одговорност од претседателот пред Собранието односно Уставниот суд, пишува Емагазин.Како што соопшти ОЈО Скопје, предистажната постапка е покраната постапувајќи по две анонимни пријави и дека веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот, наведуваат од ОЈО.Премиерот Зоран Заев уште во јуни, годинава изјави дека е можно собраниското мнозинство да побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција.За успешна постапка за импичмент според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински мнозинства и во Собранието и во Уставниот суд, пишува Емагазин.Имено, во член 83 од Уставот на Република Македонија пишува дека за одземање на имунитетот на претседателот на државата „одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии“.Во член 87 од Уставот, пак, пишува дека претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.Ако собраниското мнозинство докаже дека Иванов не ги врши должностите во случаите со непотпишувањата на указите за Законот за употреба на јазиците и договорот за промена на името со Грција, тогаш постои можност од Собранието, каде власта веќе обезбеди двотретинско мнозинство пратеници, постапката да се пресели во Уставниот суд, кој не треба да се заборави дека дозволи одржување референдум, пишува Емагазин.Крајниот збор за утврдување евентуална одговорност на претседателот Иванов има Уставниот суд кој по ова прашање треба да одлучи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Рекордна вработеност во Германија

Златен октомври на германскиот пазар на работа - бројот на невработени е паднат на 2,2 милиони, што значи првпат пад под 5 проценти невработеност. Освен тоа, има стотици илјади непополнети работни места.Благодарение на есенскиот полет, бројот на невработени во Германија во октомври паднал на 2,204 милиони. Тоа е најниска стапка на невработеност по обединувањето на Германија. Стапката на невработени првпат од почетокот на пресметувањето од страна на Сојузната агенција за работа е под пет проценти и изнесува - 4,9%.Во споредба со претходниот месец, бројот на невработени во октомври е понизок за 53.000. Во споредба со истиот период лани, тој број е помал за 185.000, соопшти денеска Сојузната агенција за работа. Дури и кога од статистиките ќе се извади бројот на сезонски вработувања, бројот на невработени е најнизок досега.Покрај тоа, од Сојузната агенција за работа се нагласува дека ширум земјата сѐ уште се непополнети 824.000 работни места, односно 44.000 повеќе отколку пред една година.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања