Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Најнови вести

7 год.
Capture-2

Изградбата на пругата Битола-Кременица ќе заврши до крајот на годинава

Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот, информира Министерството за финансии.Досега 90 проценти од градежните работи се завршени. Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина“, информира Министерството.Оттаму наведуваат дека до крајот на годината изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на 8 патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.Градежните работи на пругата од Битола до Кременица, започнаа во февруари 2018 година. Изведувач на проектот е STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 17.1 милиони евра. Договорот со претходниот изведувач од Бугарија беше прекинат во 2016 година поради, како што беше посочено, слаба реализација на проектот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

19-годишно момче го загуби животот на патот Горобинци-Свети Николе

На 20.10.2018 година околу 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво.„Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski-1

ВМРО-ДПМНЕ: Народот секогаш знаел како да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари, кои за грст пари ја газеле неговата волја

„Тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел. Зоран Заев и криминалниот картел на власт покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и  волјата на народот  и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ.„Македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како соодветно да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари кои за грст пари ја газеле неговата волја и да ги фрли на буништето на својата национална историја.Македонија ќе победи, затоа што секогаш победува правдата и вистината“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Train-Accident

Најмалку 61 загинат во железничка несреќа во Индија

Најмалку 61 лице загина, а 72 се повредени во инцидентот во северозопадния индиска држава Пенџаб, каде вчера воз удри во група луѓе, собрални заради религиозен празник.Меѓу жртвите има жени и деца, соопштија властите.Помеѓу 300 и 700 лица се собраа на железничката линија крај градот Амратсар синоќа, кога воз удри во толпата. Според очевидци, возот се движел со голема брзина во темница, а луѓето не го чуле поради огномет.Денеска е ден на жалост во индиската држава Панџаб.

Свет | пред 7 години

7 год.
idiot-3

Ципрас: Направивте голем чекор напред кон заедничкиот успех

Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев откако македонското Собрание вечерва со 80 гласови „За“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.https://twitter.com/PrimeministerGR/status/1053393259660230657– Честитки до мојот пријател Зоран Заев. Вечерашното гласање е голем чекор кон заедничкиот успех, мошне важен чекор за мирна и просперитетна иднина на нашите народи, напиша грчкиот премиер на својот налог на Твитер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idiotka-1

Бугарското МНР ја поздрави одлуката за уставните измени

Ја поздравуваме одлуката на Собранието во Скопје, со која се отвора процесот на европска и евроатлантска интеграција на земјата, наведе бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, пренесе новинската агенција „Фокус“.„Веруваме дека ова е вистинското и единственото одговорно решение кое дава шанса за просперитет на сите граѓани во регионот. Му честитаме на секој пратеник кој го даде гласот во корист на заедничката иднина во ЕУ и НАТО. Ќе продолжиме да бидеме најискрениот и близок пријател во овој процес“, вели Захариева.Синоќа во Собранието со 80 гласа „за“ беше изгласана одлуката за пристапување кон уставните измени, што е голем чекор кон реализација на договорот со Грција за промена на името. „За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвнети за настаните од 27 април.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, но според премиерот Зоран Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.На синоќешната собраниската седница 80 пратеници го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија.Во понатамошната процедура се очекува секој од четирите амандмани, со кои ќе се интервенира во македонскиот Устав, кои ќе ги подготви Владата да поминат низ претрес во две комисии во Собранието, а расправата по нив може да трае до три дена.Откако Собранието ќе утврди нацрт на секој амандман се отвора јавна дискусија во која  пратениците може да поднесат амандмани на амандманите.Претрес на амандманите на уставните амандмани исто така се врши во две комисии, по што Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани и следува конечната седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство.Премиерот Зоран Заев очекува пратениците на опозицијата во уште поголем број да се приклучат во следната фаза на процесот.Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, но според Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлукатa.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно со појава на дожд, од утре се очекува снег

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на локален дожд претежно на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, а максималните од 17 до 24 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени.Од  утре попладне ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: 80 херои презедоа одговорност за иднината на Македонија

„Собранието донесе историска одлука со која Македонија избра иднина наместо изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80те пратеници во Собранието на Република Македонија кои низ демократска постапка им кажаа стоп на поделбите и ја поведоа Македонија кон национално обединување. Мицкоски, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, криминал и сиромаштија. Граѓаните и огромното мнозинство во парламентот му свртеа грб на злото предводено од Мицкоски“, велат од СДСМ.Според нив Македонија одбра да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. 80 пратеници слободно и по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО.„Поразениот Мицкоски сега ќе мора да престане со притисоците и сеењето страв и ќе мора да ги тргне своите режимски раце од сите пратеници во Собранието. Сега се создадени услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот кој Македонија го избра, а тоа е спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Овој пат заслужува поддршка од сите пратеници во Собранието зашто подразбира економски просперитет, држава по европски правила и национално помирување помеѓу политичките фактори и помеѓу граѓаните.Тие додаваат дека надлежните институции имаат обврска да ги заштитат пратениците од сите закани и притисоци кои ги прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните го препознаат и поздравуваат овој историскиот чекор на 80те пратеници што обезбедува помирување и национално обединување околу врвните државни интереси. Македонија се помирува, Македонија се обединува надпартиски и надетнички, 80 херои ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на земјата, време е сите да се приклучат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
dimitrov-1

Димитров: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот профил на „Фејсбук“ по синоќешното гласање во Собранието за уставните измени напиша дека сме далеку од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот.https://www.facebook.com/dimitrovnikola/posts/10161037153155451„Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ќе не биде. И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме“, гласи пораката на Димитров.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Рама: Честитки до Заев и до сите оние што се бореа за овој историски момент

По завршувањето на собраниската седница каде со 80 гласа „За“ се изгласа одлуката за пристапување кон уставните измени, албанскиот премиер Еди Рама напиша статус на својот твитер-профил.https://twitter.com/ediramaal/status/1053394401790251008?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1053394401790251008&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25b0-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b4%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25b5%25d0%25b2-%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b5-%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25b8-%25d1%2581%2F„Среќен роденден, Република Северна Македонија. Честитки до Зоран Заев и до сите оние што се бореа за овој историски момент“, напиша Рама на својот твитер-профил.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Столтенберг: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за  уставни измени.https://twitter.com/jensstoltenberg/status/1053397270182481921?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1053397270182481921&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25bb%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b1%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b3-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2582%25d0%25b2%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2580-%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b4%2F„Го поздравувам гласањето во парламентот во Скопје за предложените уставни измени. На владините и политичките лидери останува да ги завршат националните процедури за спогодбата за името и да ја искористат оваа историска можност да ја доведат земјата во НАТО“, напиша Столтенберг во својата порака.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-640x351

АМСМ: Сообраќајот по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.Од вторникот, ЈП Македонијапат изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на патниот правец А2 Тетово – Гостивар крак – село Неготино, од 8 до 16 часот, од понеделник до сабота, во период од 20 дена. Додека се изведуваат градежните работи, тешките товарни возила не можат да го користат овој патен правец. На местото на изведување на градежните работи е  поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот се одвива наизменично во двата правци.Од ЕВН е најaвено дека од 3 октомври, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија е исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mickoski

Мицкоски ги исклучи од ВМРО-ДПМНЕ пратениците кои гласаа „за“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција соопшти дека партијата одржала вондредна седница на Извршниот комитет на кој едногласно по негов предлог биле разрешени седумтте пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за потребата од уставни измени.-Волјата на граѓаните беше погазена од две третини од пратениците од СОбранието, но и од осум пранитеици од опцозцијата кои тргнаа против болјата граѓани. Се говори дека им било понудено ослободување од обвинетнијата. Велат дека биле и понудени пари. Сакам да изразам благадорност до пранитниците кои успеаја да одолеат на заканите и притисоците. Но, не сите издржаа на таквите притисоци. На сите оние осум пратеници, јас како човек не можам да ги оправдам, ниту можам да ја оправдам нивната постапка. Самите одбираме како ќе живееме, со каква углед и каква чест. Обврската кон граѓаните е поважна од било каков притисок и закана. Има и пратеници кои беа опфатени од политичкиот прогон, но гласаа согласно партискиот став. Оние кои постапија спротивно од партискиот став и против волјата на народот, ме разочараа мене, но тоа и не толку важно, затоа што пред се ја разочараа партијата и татковината. Затоа вечерва на ИК и едногласно се усвои исклучување на овие пратеници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idioti-3

Група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се за уставните промени, но со одредени услови

„Со верба во Македонија и нејзината иднина“ е насловот на соопштението на група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ што велат дека го прифаќаат предлогот на Владата за пристапување кон уставни промени, но под одредени услови.„Ова не е конечна фаза во однос на уставните промени. Бараме уставен амандман со гаранција за македонскиот идентитет. Бараме уставен амандман што ќе се важи ако Грција не го ратификува договорот за промена на името, што ќе значи безусловно поништување на сите уставни промени и на Договорот од Преспа.Името за внатрешна употреба да се менува постепено, во зависност од тоа како ќе се реализира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Прифаќање на иницијативата за простување на сите обвинети за настаните на 27 април и основање собраниско тело со план за национално помирување во рок од 30 дена“, се вели во соопштението на група пратеници дистрибуирано непосредно пред почетокот на собраниската седница на која со 80 гласа „за“ се усвои пристапувањето кон промена на Уставот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sobranie-2

Собранието донесе одлука да се пристапи кон уставни измени

Со 80 гласа ЗА Собранието вечерва донесе одлука да се пристапи кон уставни измени.Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ побара пратениците да се изјаснат и поединечно. 39 пратеници гласаа против.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44149956_308171456676666_2823516525502136320_n

Со 80 гласа „За“ Собранието донесе одлука за менување на Уставот

Со 80 гласа „За“ и 39 гласа „Против“ Собранието вечерва донесе одлука за менување на Уставот.Гласањето се вршеше зад заклучени врати, со поединечно именување на пратениците и нивно јавно гласање, по барање на Драган Данев.Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За“ уставни измени гласаа Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милеска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Панче Иванов, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајловска и Зеќир Рамчиловиќ.Пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски се обвинети во случајот во собранието од 27 април, а поранешната министерка за култура е обвинета во случајот „Тендери“. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kostadin-Kostadinov

(ВИДЕО) Костадинов: Лагите за поткуп, уцени и притисок ВМРО-ДПМНЕ нека ги докаже на суд

„Антизападното, антинародното, антимакедонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува голема, огромна нервоза и безочно лаже. Најостро ги демантираме изнесените лаги, дека претставници од мнозинството вршеле некаков притисок или пак на било кој пратеник дека му се нудени пари, дека некој им се заканувал, или ги уценувал. За изнесените невистини ќе поднесеме и соодветни тужби пред надлежните органи“, вели Костадинов.Според него, овие огромни лаги, измислени од антинордното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во клучни моменти за иднината на државата и истите ќе мора да ги докажат на суд.„Ваквото однесување на Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги помина сите граници. Ова е нездраво, ненормално, особено за човек кој е генерален секретар на политичка партија. Очигледно е дека антизападното раководство не бира средства преку кои ќе се обиде да ја блокира иднината на Македонија и нејзините граѓани.Одовде, од храмот на демократијата уште еднаш им порачуваме дека нема да успеат. Мицкоски и Груевски немаат љубов кон Македонија, тие љубат криминал. Тие се за сиромаштија, конфликт и криминал, ние со граѓаните сме за Македонија, иднина, просперитет и економија. Ги повикувам колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата. Ниту едно лажно обвинување, ниту една лажна вест на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО. Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44083350_279194462712542_491826012259090432_n

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја претвори Македонија во држава од третиот свет каде важи само силата

Специјалците и борбените коли кои цел ден во полна борбена готовност седат пред Собранието ги праќаат Зоран Заев и Оливер Спасовски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов.Оттаму додаваат дека сомнителни карактери постојано кружат околу највисокиот законодавен дом, а седницата постојано се откажува, како што велат, се додека не вродат со плод „убедувањата“ на пратениците.„Никаде во демократскиот свет пратеници не одлучуваат под толкав силен притисок. Македонија е единствената земја на тлото во Европа во која што опозициски пратеници се обвинуваат за тероризам и се ослободуваат од притвор во очи на најважното гласање во Собранието. Заканите, уцените и поткупот не се одлика на демократско општество, туку на тоталитарен систем. Република Македонија под власт на Заев се претвори во држава од третиот свет каде законите не важат, туку силата“, се наведува во партиската реакција.Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека токму Зоран Заев е човекот кој ги има сите полуги на власта во свои раце и тој е единствениот кој може да врши било каков притисок.„Го повикуваме јавното обвинителство да поведе истрага за сите закани и притисоци насочени кон пратениците, а кои оневозможуваат непречено изјаснување. Ниедна прес-конференција на збунетиот портпарол на СДСМ нема да ја смени тажната денешна слика од Собранието која што ја гледа целиот македонски народ“, велат од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Janusev

(ВИДЕО) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра за да гласаат

ВМРО-ДПМНЕ одбра борба против неодоговорна власт, рече вечерва на прес-конференција генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев.Тој нагласи дека структури на власт и нивни одработници вршат притисок врз пратеници.„Собранието стана пазар и арена за уцени. Се апси поради полициски прогон и тргуваат со слободата, ветуваат награди за послушните, заплашување врз семејства на пратеници за да гласаат. Парламентот е  опкружен со ликови со бричени глави кои се познати во подземјето. На еден пратеник му понудија милион евра за да гласа, на друг 250 илјади евра, а на трет 2 милиони евра. Сето ова е одбиено“, истакна Јанушев.Тој до пермиерот Заев упати прашање дали има алал во ваквите постапки.„Свесен ли сте во каков амбис ја водите државата? Ова е преседан, не е ова за европска Македонија, ова е диктатура и насилие. Да им подадам признание на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не потклекнаа“, истакна генералниот секретар на партијата.Тој сепак не сакаше да открие на кои пратеници им се нуделе пари и побара обвинителството да истражи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
44141322_2286927191325513_7708147500841959424_n

ВМРО-ДПМНЕ: Според Деловникот расправите траат до 18 часот, денешната седница ја сметаме за завршена

Согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку, стои во соопштението до јавноста упатено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат дека до 18:30 часот, не добиле никакво известување и поради тоа сметаат дека денешната седница е завршена.„Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на Уставните измени“, се наведува во партиското соопштение.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воедно потенцира дека никој во Собранието, ниту надвор не смее да врши притисоци врз пратениците.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BEST-IMI-770x470

БЕСТ Скопје потпиша Меморандум за соработка со Асоцијацијата на здруженија на инженери

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка.“Голема чест претставува почетокот на една голема и значајна соработка, воедно една од најзначајните во целото постоење на БЕСТ Скопје како организација. Потпишувањето на овој меморандум ќе ги поврзе квалификуваните инженерски кадри со нивните наследници – младите студенти, идни инженери. Покрај тоа, со меморандумот се стремиме кон поголема вклученост на студентите на настани на кои ќе можат да го кажат својот став или прогресивна идеја за актуелното образование, да воспостават контакт со искусни инженери и најважно од сé, да се надградат себеси. Се надевам на успешна соработка со Инженерската Институција на Македонија и големи успеси во иднина за двете организации“, вели Марија Хорват од БЕСТ Скопје.И за претседателот на ИМИ, меморандумот ќе овозможи заеднички активности и простор за искажување на потребите на младите инженери – студенти.“Меморандумот за соработка ќе овожможи да се воспостават заеднички активности за искажување на потребите на младите инженери – студенти за градење на успешна кариера. Со оглед на големиот одлив на овие кадри, очекуваме дека ќе бидеме нивниот глас за подобрување на условите за образование и нивното понатамошно усовршување преку дијалог со релевантните институции. БЕСТ Скопје е организација во која членуваат прогресивни студенти од сите струки и дејствуваат на национално и на меѓународно ниво. Оваа соработката ќе помогне Инженерската институција на Македонија да ја етаблира организацијата на Млади инженери, нејзините цели и задачи, која што само пред една недела во Малта се стекна со рамноправно членство во Европската ферерација на млади инженери”, потврдува професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.Меморандумот за соработка е резултат на стратешката соработка помеѓу европските организации во кои членуваат – Европската федерација на инженерски асоцијации и Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
4-1

Венецијанската комисија: Позитивно мислење за измените на Законот за Судски совет и Законот за судови, потребни се натамошни измени и дополнувања

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска и утре во Венеција учествува на 116. пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку правото (Венециска комисија).Дескоска се сретна со членовите на Венециската комисија и се обрати на пленарната сесија, на која е разгледано и усвоено мислењето на Комисијата за Законот за изменување и дополнување на законите за Судскиот совет и за судовите, соопшти Министерството за правда.Според мислењето на Венециската комисија, кое неодамна е доставено до Министерството за правда, последните измени и дополнувања на законите за Судскиот совет и за судовите се оценети позитивно, но се укажува и на потребата од понатамошно подобрување на текстовите на законите. Во ова мислење е наведено дека новите институционални аранжмани и процедурални правила се поедноставени и упростени и ја заштитуваат судската независност.„Во мислењето истакнато е дека двата закона поставуваат цврсти темели за добро функционирање на судството. Воедно, се препорачува и дополнително изменување и дополнување на законите со цел нивно појаснување, па во таа насока Венециската комисија препорачува во Законот за Судскиот совет да се наведе кој ја има функцијата на филтрирање во новиот систем за дисциплински постапки, треба да се допрецизираат дисциплинската постапка и постапката за одговорност на судиите, треба да се прецизира разликата направена меѓу нестручно и несовесно вршење на судиската функција и тоа што претставува сериозен дисциплински престап. Законот мора да нагласи дека разрешувањето судија за професионална грешка е можно само ако се исполнат два предуслова: вината на засегнатиот судија (водејќи сметка за намерата на дејството или очигледноста на небрежноста) и тежината на грешката и нејзините последици“, посочуваат од ресорното Министерство.Венециската комисија препорачала и укинување на основот за разрешување на судиите доколку се утврди повреда на Европската конвенција за човековите права. Министерката Дескоска изразила подготвеност на Владата за имплементација на сите препораки на Венециската комисија за подобрување на законските текстови и укажала на потребата од двотретинско мнозинство во Собранието за усвојување на понатамошните измени на Законот за судовите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
42465215_1995261163853419_3550302108123136000_o

Привремен сообраќаен режим на улицата Антон Попов

Град Скопје информира дека поради извршување градежни работи во рамките на реконструкцијата на улицата Антон Попов, од денеска, па сè до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим.„Привремениот сообраќаен режим се воведува на потегот од крстосницата со улицата Павел Шатев до крстосницата со улицата Димо Хаџи Димов (кај „Шампионче“). За време на извршувањето на градежните работи на оваа траса ќе биде забранет сообраќајот за тешките товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз, кои ќе се пренасочат и ќе се движат по булеварот Борис Трајковски“, стои во соопштението на Град Скопје.Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Следува богат спортски викенд во Кисела Вода

Во сабота и недела во спортската сала „Независна Македонија“, девојките од ЖКК Бадел 1862 од Кисела Вода ќе одиграат три кошаркарски натпревари.Имено, во рамки на второто коло од првата лига - жени, сениорската екипа на ЖКК Бадел 1862 ќе игра против екипата на ЖКК Гостивар. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток во 15:00 часот. Истиот ден во рамки на првото коло од јуниорската лига М16 со почеток во 13:00 часот ЖКК Бадел 1862 ќе и се спротивстави на екипата на ЖКК Спортисимо од Гостивар.Додека, во недела во рамките на првото коло од младинската лига М18, со почеток во 13:00 девојките од ЖКК Бадел силите на теренот ќе ги одмерат со екипата на ЖКК Вардар. За посетителите влезот на овие натпревари е бесплатен.

Спорт | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања