Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Најнови вести

7 год.
kanada

Последни подготовки за историската легализација на канабисот во Канада

Во Канада се спроведуваат последни подготовки по повод усвојување закон за легализација на канабис, а на провинциите им е оставено до среда да утврдат правни детали за неговото спроведување.– Со тоа, Канада ќе стане втора држава во светот што ќе легализира канабис, а нејзиното искуство одблизу ќе го следи Западот, најави либералниот премиер Џастин Трудо.Локални медиуми јавуваат дека во одделни покраини легализацијата  логистички можеби ќе создаде многу проблеми.Канаѓаните во иднина ќе може да одгледуваат, поседуваат и конзумираат марихуана во рекреативни цели.Пред пет години Уругвај стана прва држава во светот што легализира канабис.Деривати како производи за конзумирање, козметика и електронски цигари што содржат канабис нема да бидат легални до 2019 година.Се очекува тој потег на економијата да и генерира од 816 милиони до 1,1 милијарда долари во четвртиот квартал.

Свет | пред 7 години

7 год.
eu-1

Денеска министрите на ЕУ ќе разговараат и за референдумот во Македонија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе имаат состанок во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во меѓународните односи, вклучително и резултатите од 73-то Генерално собрание на ОН.Министрите ќе разговараат за референдумот што неодамна се одржа во Македонија, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7. октомври.На дневен ред ќе бидат и миграцијата и ситуацијата во Либија.Руски медиуми објавија дека министрите од ЕУ официјално ќе ги одобрат и новите санкции кон Русија за наводно користење хемиско оружје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bavarski

Поразот на баварските избори – нов удар за владата на Меркел

Конзервативниот Христијанско социјалната унија (ЦСУ) – еден од сојузниците на германската канцеларка Ангела Меркел, загуби на регионалните избори во Баварија. Според резултатите, ЦСУ го загуби апсолутното мнозинство во јужната германска покраина, освојувајќи само 37,2% од гласовите. Зелените станаа втората најголема политичка сила со освоени 17,7% од гласовите. Зад нив, со 11,7% освоени гласови се Слободните избирачи и десно популистичката Алтернатива за Германија (АфД) со 10,3%. Продолжува падот на поддршката за Социјалдемократската партија (СПД) која освои помалку од 10% од гласовите. И ФДП ја надмина потребната минимална граница од 5% за влез во парламентот.„Секако не е лесно да се изолираме од она што се случува на национално ниво”, изјави премиерот на Баварија, Маркус Зедер по објавувањето на резултатите. „Наш приоритет е што е можно побргу да се формира стабилна влада во Баварија, и ние ја прифаќаме таа задача”, додаде тој.Според изборните резултати, на ЦСУ ќе ѝ треба коалициски партнер ако сака да продолжи да владее со најголемата германска покраина. Зедер има можност да влезе во партнерство со лево ориенитираните Зелени, иако двете страни отворено изразија резервираност во однос на ваков договор. Поконзервативна опција би била коалиција со Слободните избирачи, за која Зедер силно наговести дека ја преферира. ЦСУ отфрла било какво партнерство со АфД.

Свет | пред 7 години

7 год.
limaj

Косовскиот вицепремиер Лимај: Косово ќе има армија до крајот на ноември

Косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај, изјави дека оваа година со закон ќе биде формирана косовска армија, додавајќи дека тоа може да се случи до крајот на ноември, соопшти косовската телевизија РТК.– Има три работи, кои ги очекуваме – визна либерализација, формирање на армија и членство во Интерпол-рече Лимај.Косовската Влада на почетокот на месецот поднесе три законски проекти до Парламентот, поврзани со Силите за безбедност на Косово, од кои едниот се однесува на трансформацијата на лесно вооружените сили за безбедност во комплетена армија.Косовскиот вицепремиер Лимај очекува законот да биде изгласан до крајот на ноември, што, пак, беше потврдено и од страна на пратеникот од владејачката Демократска партија Мергим Луштаку, кој, како краен рок , го кажа датумот 28 ноември, кога се слави Денот на албанското знаме.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Меморандуми за соработка за реформите во секторот енергетика

Меморандуми за соработка ќе бидат потпишани денеска меѓу Владата на Република Македонија, Министерството за економија и УСАИД, како и меѓу Регулаторната комисија за енергетика и УСАИД, а во врска со „Проектот за поддршка на реформите во секторот енергетика во Македонија“.На свеченоста планирано е да се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на САД, Џес Бејли и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
guvernerka

Гувернерката на НБРМ се сретна со високи претставници на ММФ и Светската банка

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), се сретна со извршниот директор на ММФ, Ентони де Ланој.Ангеловска-Бежоска се сретна и со директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен, извршниот директор на СБ, Франк Хемскирк, потпретстедателот на СБ, Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, Џорџина Бејкер и Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници.Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како што информираат од НБРМ, одржала состаноци и со раководителите на неколку дирекции на ММФ, вклучувајќи ги дирекциите за статистика, за монетарни и капитални пазари и за фискални работи. За време на овие состаноци се разговарало за постигнатите резултати од досегашната успешна соработка со ММФ и можностите за дополнително унапредување на работата на НБРМ, преку техничка и советодавна соработка во областите на стандардите за статистичко известување и унапредување на моделите за економско проектирање.Заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на НБРМ ја предводеше делегацијата на Република Македонија на годишните средби на ММФ и Светската банка, кои годинава се одржаа во Индонезија. На настанот учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии на земјите членки на ММФ и СБ. Дискусиите беа поврзани со одржливиот раст на економијата на светско, регионално и државно ниво, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето инклузивен развој за сите целни групи во општеството, посочуваат од НБРМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
poplava

Регионална средба за намалување на ризици од катастрофи

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Центарот за развој на Југоисточниот регион организират Втора регионална средба за соработка на земјите од регионот во намалувањето на ризици од катастрофи и изградба на урбана отпорност.Средбата ќе се одржи денеска и утре во Скопје, а најавено еучество на над 120 претставници од повеќе земји од Југоисточна Европа, претставници на УНДП од земјите од Југоисточна Европа, регионални организации за справување со кризи и кризен менаџмент и служби за цивилна заштита.Присутните ќе  споделат најдобри искуства за намалување на ризицитете од катастрофи и добри примери на регионална соработка во изградбата на јурбана отпорност

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд за „Поштенска банка“

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба на одлуката на Основен суд Скопје 1 - Скопје за одредување мерка претпазливост за тројцата осмничени од новиот предмет „Поштенска банка“. Специјалното јавно обвинителство претходно побара определување мерка притвор за три лица од предметот „Поштенска банка“. Трите лица беа спроведени и по сослушувањата и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои им определи мерки за претпазливост. На осомничениот К.С. му е изречена мерката привремено одземање на патната исправа и обврска повремено да се јавува на овластено лице во судот, а на Р.Д. и Т.Г. изречена им е мерката – обврска повремено да се јавуваат во судот во Кочани, односно судот во Гевгелија. Станува збор за Коле Смилевски директор на банката, и бизнисмените Томе Главчев и Ратко Димитровски кои се товарат за прибавување имотна корист од пет милиони евра за кривични дела сторени од 2001-вата до 2010 година. Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите вчера ја отвори истрагата со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор за финансиска истрага со која се осомничени вкупно девет лица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Воена вежба „Македонски блесок 14“, оценување според НАТО стандардите

На армискиот полигон Кривлак од денеска до 20-ти октомври ќе се одржи воената вежба „Македонски блесок 4".Целта на вежбата е преку самооценување, согласно НАТО оперативните способности, да се демонстрира нивото на борбена готовност на дел од декларираните единици на АРМ - декларирана чета на воена полиција и капацитетите за поддршка на операциите водени од НАТО.Во рамки на „Македонски блесок 14“ ќе се изврши увид во армиските можности за структурирање, функционирање и оспособеност на декларираната Копнена маневарска болница (КМБ), да одговори на побарувањата за претстојното НАТО медицинско оценување.На вежбата „Македонски блесок 14“ треба да се изврши НАТО преоценување на „ниво 2“ на декларираната чета на Воената полиција, како и за првпат внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената Маневарска Болница со улога 2.Декларираната чета на воената полиција е дел од силите на Концептот на оперативна способност на НАТО, и како негов составен дел подлежи на валоризација на своите персонални и материјални капацитети согласно НАТО стандардите.Во 2015 година, единицата ја потврди оспособеноста за рамноправно учество во операции за поддршка на мирот, а на оваа вежба ќе се стреми да ја потврди  борбената готовност и со тоа по вторпат да го покаже професионализмот, што е неодвоив дел од функционирањето на единицата, појаснуваат армиски претставници.Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок 14“ на Криволак на 18 октомври ќе се реализира Отворен ден, додека на 19-ти ќе има Ден за високи гости, на кој ќе бидат присутни високи национални воено-политички претставници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почнува грејната сезона за корисниците на централниот систем на топлинска енергија

  Од денеска почнува грејната сезона на корисниците на компанијата БЕГ. Корисниците поврзани на централниот систем на топлинска енергија ќе добиваат топлинска енергија се до 15 април 2019 година.Во овој период испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.Доколку надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. При одредени атмосферски услови на доволно топло време, кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците, појаснуваат од БЕГ.Информираат дека годинава споредено со минатата година бројот на нови потрошувачи е зголемен, а трендот на повторно приклучување се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди.Како резултат на континуираната модернизација на системот за централно греење, квалитетот на услугата е значително подобрена.Потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој Сервис“. Стручните екипи на „Мој Сервис“ досега направиле преку 4.000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите, интервенција во ормарче, прочистување и увид во внатрешната инсталација итн., наведуваат од БЕГ

Скопје | пред 7 години

7 год.
C7FA5110-76AE-4D35-BEB6-E9A8DBE1AF80_w800_h450

Бучковски заминува за амбасадор во САД

Според неформалниот список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на избрканиот член на СДСМ, Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД, објави Магазин.Поранешниот премиер и претседател на СДСМ според тоа е потенцијалниот кандидат за амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави.Бучковски, кој е познат и по аферата „Маѓар Телеком“ и „Тенковски делови“, беше исклучен од партијата во 2012-та, но во последно време односите се затоплуваат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
BUJAR-OSMANI

(ВИДЕО) Османи: Ја предадов документацијата во СЈО

Вицепремиерот за евроитеграции Бујар Османи информираше дека ја предал целата документација во СЈО, кое што отвори истрага за него во која се јавува како осомничен во истрагата со кодно име ,,Пациент".,,Веќе неколку дена откако, во рамките на нивната истрага од страна на СЈО го спомнаа моето име, постојано до мене пристигнуваат бројни прашања, како од мои блиски луѓе - роднини, пријатели, така и од новинари, заинтересирани страни, соработници итн. Во најголем дел, оние кои добро ме познаваат, ме контактираат за да ја изразат својата поддршка и доверба, но севкупно, сите покажуваат интерес за овој случај.Сакам да повторам дека шпекулациите за овој случај ги имаше и претходно во медиумите, истите веќе неколку пати се појавија во јавноста и беа насочени директно да ја оцрнат мојата политичка кариера. Свесен за политичкиот ризик, јавно барав, во повеќе наврати, СЈО да отвори истрага и целосно да го расчисти овој случај, затоа што сум сигурен во чесноста на своите постапки, и не сакав шпекулациите да доминираат со јавниот дискурс. Во таа смисла очекував, уште во предистражната постапка, да бидам повикан од страна на СЈО, и да ги претставам фактите со кои располагам, секако, по можност, пред моето име да биде пласирано преку соопштение до сите медиуми како дел од истрагата", изјави Османи на прес-конференција.Тој вели дека изминативе денови собрал голем дел од документација, преку која смета дека се расчистува фактичката ситуација и јасно се гледа дека нема ниту индиции кои укажуваат на некакво незаконско работење, напротив, јасно се гледа дека одлуките се донесени законски и во интерес на сите граѓани.,,Сакам да ве известам дека денес целата оваа документација е предадена во СЈО, а во наредниот период, дополнително ќе бидат доставени и останатите потребни и пробарани документи, со што, што се однесува до мене, овој случај е расчистен и набргу очекувам да биде и завршен. Од страна на претставниците на СЈО, добив уверување и позитивен пристап дека добиените материјали претставуваат значаен инпут за истрагата, и добив уверување дека, во соодветен рок, истрагата ќе биде заокружена, со што, пак, јас сум убеден, ќе се потврди дека нема никакво незаконско работење и што ќе помогне конечно и да запрат сите шпекулации кои се појавија во јавноста уште пред истрагата.Владеењето на правото претставува еден од врвните вредности и принципи кои претставува и еден од најважните политички предизвици на кои сум посветен изминативе две години, период во кој, како заменик претседател на Владата го предводам Секретаријатот за Европски прашања. Сега веќе како главен преговарач со Европската Унија, уште повеќе сум посветен на имплементацијата на овие вредности и принципи во нашето општество, и моја намера е со сиот жар тоа да продолжам да го правам и во иднина. Дозволете во истата насока да порачам дека улогата на СЈО е од исклучителна важност за остварување на овие принципи, и без разлика на оваа условно, новонастаната ситуација, сакам да ве уверам дека мојата поддршка и охрабрувањето за оваа институција останува непроменета, напротив, денес уште повеќе верувам во нивната професионалност и неутралност.А принципот на владеење на правото останува празен и бесполезен доколку не го почитуваме и принципот на пресумпција на невиност, а уште повеќе, во предистражните и истражните фази како оваа, т.е. додека сè уште не е ниту покренато обвинение, а каде јас очекувам истрагата да резултира со заклучок дека нема ниту основа за истото. Моето директно посочување, со име и презиме, од страна на обвинителството уште во оваа фаза претстава предизвик за мојата политичка кариера, но јас ќе дадам сè од себе да го зачувам принципот на пресумпција на невиност, да ги отстранам сомнежите за моето работење, и со тоа да докажам дека секогаш сум работел според законот и во интерес на граѓаните", изјави Османи.

Македонија | пред 7 години

7 год.
43952542_2051304424933683_5048733274763952128_o

Готвачи со Мишелин ѕвезди креираа нови локални специјалитети во Охрид

Со локални продукти готвачи со Мишелин ѕвезди вчера во Охрид приготвуваа исклучителни специјалитети кои ќе се најдат во менијата на охридските угостителски објекти и ќе носат уникатни имиња специфични за Охрид и регионот.На „Кеј Македонија“ во Охрид беше поставен посебен штанд на кој готвачите приготвуваа специјалитети од локални продукти по избор на случајните минувачи.Потоа беше организирана гала вечера на која гостите ги вкусија специјалитетите подготвени од готвачи со „Мишелин ѕвезди“.Настанот „Taste Ohrid 2018“ е организиран од Општина Охрид и ЕДЕН – туристички кластер за југозападна Македонија, а поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајна несреќа кај Оровник во близина на Охрид

Три возила учествуваа во сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец кој ги поврзува Охри и Кичево, во близина на селото Оровник.Мерцедес, Тојота и Фијат учествувале во сообраќајната несреќа во која има и повредени лица, а интервенирала и Брза Помош која повредените ги пренесе во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

Маја Морачанин е кандидат за претседател на ДОМ

Кадровата комисија на ДОМ ја поддржа дoктор Маја Морачанин за кандидат за претседател на партијата, како предлог од општински организации, МОДОМ, Форумот на жените и Извршниот одбор.Како што информираат од партијата, предлогот ќе оди на конечно утврдување пред Централниот одбор, последен пред Конгресот закажан за 28. месецов.„Морачанин има дваесет годишно работно искуство во приватниот здравствен сектор. Како специјалист физијатар, води сопствена ординација за физикална медицина и рехабилитација. Морачанин е пратеничка од зелената партија ДОМ во изминатите две години. Во ДОМ е од самиот почеток, каде со голем ентузијазам и искрена посветеност помина повеќе скалила – од активистка и потпретседателка на општинската организација во Карпош, преку потпретседателка и претседателка на Форумот на жени, се до портпарол и член на Извршниот одбор на партијата“, се наведува во партиското соопштение.Морачанин учествувала и на голем број домашни и меѓународни обуки и конференции од областа на демократијата, човековите права, родовата еднаквост и заштитата на животната средина. Таа е активна и на меѓународен план во семејството на Европските Зелени, каде е и делегат, заедно со досегашната претседателка, Лилјана Поповска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали шверцерското носење на ребаланс на бучетот значи прикривање на матните зделки на Владата?

Владата која лажно се преставува за транспарентна, на шверцерски начин далеку од очите на јавноста, на нетранспарентен начин скрои ребаланс на буџет кој преставува покривање на матните бизниси и нерентабилната презадолжена економија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат дека ни огромното задолжување веќе не може да ги покрие криминалите на владата.„Владата треба да одговори зошто на шверцерски начин турка ребаланс на буџетот, дали ова значи дека прикриваат траги од незаконско работење, дали поради катастрофалното работење на владата во опасност се доведени редовните исплати на пензии и социјални трансфери? Дали економијата е пред банкрот?“, прашуваат од опозициската партија.Од ВМРО-ДПMНЕ велат дека владата на СДСМ нема ниту едно остварено ветување.„Да потсетиме ние сме економија со капитални инвестиции од енормно ниски само 23.3 отсто за повеќе од половина година, со пад на градежништвото од минус триесет отсто, без нови странски инвестиции, и со девизен прилив на странските инвестиции донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ со енормно задолжена економија од 5.14 милијарди евра“, се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gorcev-vasington

Ѓорчев во Вашингтон: ВМРО-ДПМНЕ силно ќе соработува со САД и Републиканската партија

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во Вашингтон оствари средба со Јан Ерик Суротчак, новиот директор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за трансатлантска стратегија и досегашен директор на ИРИ за Европа.Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев го информирал соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија, по завршувањето на референдумот од 30. септември, што го оценил како неуспешен.„Граѓаните го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и ЕУ, но очигледно дека меѓу народот има голема недоверба кон политиките на Зоран Заев“, истакнал Ѓорчев и додал дека економските индикатори се влошуваат, заедно со политичкиот прогон и слободата на медиумите, како и општото назадување на Македонија во повеќе области.Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарил за долгогодишната соработка и помош од ИРИ за неговата политичка партија која трае веќе 25 години.„ВМРО-ДПМНЕ силно ќе продолжи да соработува со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и со Републиканската партија, како дел од стратешкото партнерство на Македонија со САД. Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги негува односите и соработката со НДИ и Демократската партија, затоа што политичките односи со САД ги надминуваат партиските рамки и се одржуваат без разлика кој е власт или опозиција во двете земји“, рекол Ѓорчев и додал дека токму владата на ВМРО-ДПМНЕ го иницирала и го потпишала Договорот за стратешко партнерство на Македонија со САД во 2008 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
turcija-kamion-migranti

(ВИДЕО) Се превртел камион во Турција, 15 мртви вклучувајќи и деца

Во сообраќајна несреќа што денес се случи во Турција, загинаа 15 лица, вклучувајќи и деца, објави турската агенција „Анадолија“.Според „Ројтерс“, несреќата се случила кога камион со мигранти излетал од патот и се превртел.Засега нема извештаи за идентитетот на мигрантите, објави агенцијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
balkon

Во обид да направи селфи фотографија, падна од балкон на 27 кат

Сандра Мануела Да Коста Мачедо (27) починала како последица на пад од балкон на 27. кат од зграда во Панама Сити. Нејзиниот пад од зградата „Луксор Тауер“ бил снимен од работници кои работеле на зграда во билизина, пишува италијанскот весник „Кориере дела сера“.Мечедо која била учителка и мајка на две деца, седeла на оградата на балконот затоа што сакала да направи селфи фотографија со помош на стап за издолжување, но притоа загубила рамнотежа и паднала од балконот. Работниците веднаш повикале брза помош, но за жената немало спас. Теоријата на полицијата, засега, е дека Португалката загубила рамнотежата, бидејќи почнал да дува силен ветер.На снимката што се прошири на интернет, се гледа жена која седи на оградата свртена со грб и изгледа како во еден момент да сака да се задржи за оградата, по што следи нејзиниот пад. И додека паѓа, таа во раката го држи стапот за селфи фотографии. На видеото се слуша и глас на работник кој вели дека жената е луда што седи на ограда толку високо, а потоа панично почнува да вика дека жената паѓа.Според една неодамнешна студија, од 2011. до 2017. година, дури 259 лица загинале во обид да направат селфи фотографии на екстремни места, како високи карпи или железнички пруги.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Во текот на ноќта кај 25 возачи е утврдено присуство на алкохол

Од страна на одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 23.00 часот на 13.10.2018 година до 05.00 часот на 14.10.2018 година е спроведена акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 188 возачи. Кај 25 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно 113 мерки. Исклучени се 25 возачи од сообраќај, времено се одземени 19 возачки дозволи, издадени се 39 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози“, велат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдена граната од Првата светска војна во Битолa

На 13.10.2018 година во 13.22 часот во СВР Битола било пријавено дека  во село Гермијан, битолско, при изведување на градежни работи во близина на мостот, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од 105мм со потекло од Првата светска војна.Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Товарно возило удрило во тригодишно девојче

На 13.10.2018 година во 12.25 часот на улица „7-ми Јули“ во Битола, товарно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Прилеп, а управувано од И.Г.(38) од село Селце, прилепско, удрило  тригодишно девојче од Битола.Притоа, со тешки телесни повреди се здобило детето и било пренесено во Клиничката болница Битола.  Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Македонија | пред 7 години

7 год.
44091310_2019585168087685_8228533035574755328_o

Затворен дел од Партизанска во правец од Карпош кон Ѓорче Петров

Поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и поради извршување на градежни работи на топловодната мрежа од страна на БЕГ, и денеска дел од оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај.Поради затворање на сообраќајната делница поради асфалтирање во правец од Карпош кон Ѓорче Петров, на потегот од мостот Влајко до кружниот тек кај Порта Влае, сообраќајот за возилата кои се движат во правец од Ѓорче Петров кон Карпош ќе се одвива од другата, новосфалтирана страна на булеварот Партизански одреди.

Скопје | пред 7 години

7 год.
velevska

Откако го обвини за насилство, Елена Велевска се смири со сопругот

-По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање – открива за ,,Фокус” Елена Велевска, една од најангажираните фолк пејачки кај нас.Веста дека решила да покрене бракоразводна парница, таа ја сподели на социјалните мрежи кон средината на месец август. Тогаш појасни дека сметала како секој проблем во бракот може да се реши, но со тек на годините семејното насилство станувало неподносливо. Со сопругот Марјан тие имаат две ќерки и еден син. Околу тоа, дали денес проблемите се зад неа и нејзиниот сопруг, вели дека се надева како се на вистинскиот пат, бидејќи сепак, за децата е вредна секоја жртва, и таа и Марјан решиле да започнат од почеток.

Македонија | пред 7 години

7 год.
idioti-2

Владата одлучи до Собранието да достави предлог за ребаланс на буџетот

Владата на Република Македонија, на вчерашната вонредна седница го разгледа и усвои Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2018 година со кој се предвидува дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.Со измените и дополнувањата што ги предлага Владата да бидат усвоени од страна на Собранието, извршено е ревидирање на приходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година за незначителни 0,5 отсто надолу, односно за 1 милијарда денари.Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, Владата ја иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ до 15. ноември, во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори“, соопшти владината прес-служба.Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, се вели во соопштението, се планирани на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 210,5 милијарди денари. Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот е незначително понизок (18,1 наспроти иницијално планираните 18,2 милијарди денари). Притоа, во однос на БДП, буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 отсто од БДП.„Оваа одлука Владата ја донесе врз основа на фискалните движења кои ја создадоа потреба од минимално прилагодување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, како на приходната, така и на расходната страна на Буџетот“, се потенцира во соопштението.На вчерашната седница Владата констатирала дека, во услови на непроменети приходи на основниот буџет, ревидирањето на иницијално планираните проекции кај приходната страна на Буџетот на Република Македонија е резултат на намалување на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки. Согласноостварувањето во деветте месеци од годината, благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од околу 1,5 отсто, односно се ревидирани на ниво од 56,2 милијарди денари.„Имајќи го тоа предвид, Владата на седницата за ребаланс на буџетот го усвои предлогот на Министерството за финансии, расходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година да се коригира надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 отсто“, велат од Владата и нагласуваат дека се предвидува реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани сокредити, намалување на каматните расходи за 897 милиони денари, зајакнување на фискалниот капацитет на општините.Покрај тоа, предвидено е алоцирање на дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедување на дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства за Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот по основ на невработеност.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања