Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Најнови вести

7 год.
img-326182

Возач и пешак загинаа во сообраќајна несреќа

Еден возач и еден пешак го загубија животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а други 12 со лесни, во вкупно 15 сообраќајки што се случиле вчера во Скопје.По преземените активности и мерки на подрачјето на СВР Скопје, информираат денеска од полицијата, исклучени од сообраќај се вкупно 13 возачи. Четворица од нив управувале возило под дејство на алкохол, седум биле без возачка дозвола, додека двајца биле возачи почетници. Исклучени од сообраќај се шест не регистрирани возила.Во текот на вчерашниот ден пајакот подигнал 40 возила.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден  реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која   присуствуваа  граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на  возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

7 год.
rijana-1400227993-35978-890x395_c

Втора кражба во рок од 5 месеци во домот на Ријана

Вечерта на 25 септември, е извршена кражба во домот на познатата пејачка Ријана.Властите отвориле истрага откога било пријавено дека вила вредна 7 милиони долари е обиена, изјавил за USA Today Џеф Ли, службеник на полициската служба за информирање на јавноста во Лос Анџелес.„Пред да дојде полицијата забележани се три црни мажи кои ја напуштиле локацијата“, вели Џеф.Според светските медиуми, на полицијата се уште не и е познат идентитетот на крадците, ниту пак знаат што е украдено од луксузната вила.„Полицијата ќе провери дали може да се види нешто на сигурносните камери. Доколку на камерите се гледаат крадците снимките ке се објават со цел истите да се идентификуваат што е можно побрзо“, рече Ли.Во моментот кога крадците влегле во куќата познатата пејачка не била дома.Ова е втор пат оваа година полицијата поради кражба да дојде во вилата на Ријана. На 9 мај, Едуардо Леон поминал 12 часа во вилата,, откако се прекачил преку оградата, соопши тогаш полицијата.

Магазин | пред 7 години

7 год.
fb9500374b7c5c18e34b-830x0

Луис Хамилтон во врска со Ники Минаж?

Познатата раперка Ники Минаж и возачот на Формула 1, Луис Хамилтон вчера заедно се забавуваа во Дубаи. Од таму објавија селфи со морот додека се возеле, па поради тоа многумина мислат дека тие се заедно.Истиот ден кога тие се забавувале во пустината, се видени како заедно го напуштаат хотелот. Ито така Хамилтон може да се забележи во одразот од огледалото додека ја снимал Ники во „Версаче“ креација.https://www.instagram.com/p/BoFmbPThp9j/?taken-by=nickiminajНекои се прашуваат што бара Хамилтон со Ники, поради тоа што тој е познат по врските со Никол Шерцингер, со манекенката Џиџи Хадид, манекенката Вини Харлоу, а се зборуваше и дека го освоил срцето на Ријана.

Магазин | пред 7 години

7 год.
161753_jelena-karleusa_ff

Јелена Крлеуша за тешката финансиска состојба

Пејачката Јелена Крлеуша е постојано на релација Србија – Кина, затоа што нејзиниот сопруг Душко Тошиќ потпиша милионси договор со тамошниот фудбалски клуб. Тие планираат да купат авион за патувањето да им биде полесно.Но, пејачката се потсети на својот почеток на кариерата кога немала пари. Таа не крие дека на првото гостување отишла без чорапи, затоа што немала пари за да ги купи.„Кога почнав во 1995 година за време на војната, она што јас сакав не можев да го носам, немав од каде да го купам, а немав ниту со што да го купам“, изјави Крлеуша.„Многу често немав пари да купам чорапи. Се сеќавам на моето прво појавување, имав огромна трема, а се појавив во фустан од сребро, од позајмен материјал, немав ниту чорапи. Бев премногу нашминкана за девојче од 16 години и изгледав 10 години постаро“, откри пејачката во една емисија.

Магазин | пред 7 години

7 год.
romuald-kaminski

Свештено лице сексуално вознемирувал деца во католичка црква

Бискупот на Варшава-Прага, една од двете бискупии на полскиот главен град, Ромуалд Камински, се извини поради сексуалното вознемирување деца во полската католичка црква.„Ќе ги заштитиме децата и младите во секој момент и секаде“, рекол тој. „За мене тоа е приоритет. Сакам да се извинам и ќе направам сè за жртвите да можат сигурно да се вратат во црковната заедница и повторно да изградиме доверба во нив“, додал Камински.Тој рекол дека во неговата бискупија во последните 26 години се случиле 12 случаи на силување малолетници. Десет случаи се потврдени, од кои некои се однесуваат на деца на возраст меѓу 15 и 18 години. Во три случаи злоупотребувачите се предадени на правосудните органи. Двајца од нив се осудени.Полската црква пред четири години во Краков на литургија се покајаа поради педофилијата во нејзиното свештенство.Католичката црква доживува голема криза по бројните откритија на силување деца во повеќе земји. Во вторникот Германската црква се извини по објавениот извештај за полови напади врз повеќе од 3 600 малолетници во периодот од 1946 до 2014 година.Папата Франциск во вторникот во Талин рече дека младите со право се гневни на Црквата поради начинот на кој ги решава случаите со свештениците кои силуваат деца.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Два дена ќе се молчи, во чест на референдумот

На полноќ заврши јавната пропаганда и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список. Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Температурите паднаа до -3

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени.Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Анџелина Џоли ја промени фризурата

Глумицата Анџелина Џоли не прекинува да не шокира со својот изглед.Овој пат холивудската ѕвезда ја промени фризурата поради потребите за снимањето на новиот филм „Come Away“.Анџелина за новата улога, наместо долга смеѓа коса има плава кадрава перика која и дава постар изглед, со цел подобро да го долови изгледот од 1900 години.Во новиот филм холивудската актерка ја има главната улога како мајка и сопруга. Покрај неа во филмот глумат и Дјевид Ојелово, како нејзин сопруг, и Мајкл Кејн.

Магазин | пред 7 години

7 год.
nikolapoposki

Никола Попоски се огласи за референдумот

Тој на Фејсбук напиша:Врз основа на изборот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и нашата изборна програма, јасно е дека немам мандат и не учествувам во промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на Уставното Име.

Македонија | пред 7 години

7 год.
maxresdefault

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад сите што се чувствуваат уценети

Уште еднаш сакам да упатам апел до сите оние кои што се чувствуваат заплашени, уценети, дека ние сме тука, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој од вас. Како што веќе кажавме, снимајте ги, документирајте ги, пријавете ги. За многу брзо сите оние што го прават ова ќе дојде крајот, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше во посета на Македонска Каменица и Делчево.„Остваривме средби со голем број на граѓани каде што како и секој ден разговаравме пред се за штетните последици кои што се очекуваат од капитулантскиот договор кој што Заев и Владата предводена од СДСМ го склучија заедно со Република Грција“, рече тој.Она што можам да го кажам при овие средби, додаде тој, е дека во огромен број граѓаните се запознаени со штетните последици од истиот и кој што после сите повици и укажувања од наша страна, средби кои што ги имавме со граѓаните покажуваат отпор и пркост. „Покажуваат достоинство и образ дека на 30-ти септември со своето однесување односно со она како ќе постапат ќе покажат отпор против овој договор. А, нормално со цел зачувување на Република Македонија. Зачувување на македонскиот национален идентитет, нашиот јазик и се она што е македонско. Онакво какво што го имаме денес и онакво какво што сите го знаеме“, рече Јанушев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Enes_Ibrahim

Ибрахим: На 30 септември имаме историска можност што не смееме да ја прокоцкаме

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) вечерва со митинг во Ресен ја заокружи кампањата за претстојниот референдум на 30 септември.На присутните им се обрати претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, кој во своето излагање уште еднаш ги потенцира придобивките од евро-атлантската интеграција, но и позитивните ефекти од добрите односи со соседите.„На 30 септември имаме историска можност што не смееме да ја прокоцкаме. Тоа е влог за иднината на нашите деца, влог за иднината на нашата татковина. Повеќе од сигурен сум дека зрелоста што ја покажавме во 1991 ќе ја повториме и в недела, кога сите Турци од цела Македонија масовно ќе излезат и ќе гласаат за европска и просперитетна Македонија“, истакна Ибрахим.Во текот на референдумската кампања, ТХП преку трибини, средби и митинзи низ повеќе градови и рурални населени места ги информира граѓаните од турската етничка заедница за важноста на референдумот што ќе се одржи в недела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-2

(Видео) Кирацовски: В недела избираме дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад

Референдумот в недела е историска, животна шанса на нашата генерација, преку која ја обезбедуваме нашата иднина, изјави Александар Кирацовски, пратеник  и дел од коалицијата „За европска Македонија“.„В недела не се седи дома. В недела избираме помеѓу за или против. Дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Дали ќе одбереме светлина или темнина, иднина или изолација. Избираме помеѓу европска Македонија или Македонија од која младите ќе се иселуваат во некоја друга европска држава“, рече тој.Според Кирацовски, изборот го прават тие што ќе излезат да гласаат.„Нивниот избор пред гласачката кутија, ќе ја одлучи иднината на Македонија и на сите граѓани што живеат во неа. Почитуван граѓанину, што и да направиш в недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата, трајно ќе влијае врз иднината на твоите деца, на нашите деца“, рече Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
oliver-spasovski-670x367

Спасовски: Недела е ден за историска одлука

Недела е ден за историска одлука, затоа излезете и гласајте за европска Македонија, порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на општина Куманово, каде што се сретна со стечајни работници и со граѓани од повеќе населени места од оваа општина.,,Членството во НАТО и ЕУ е безбедност и стабилност. Но, членството во НАТО и во ЕУ е и нови инвеститори. Инвеститорите сакаат предвидлива клима за инвестирање и стабилност, а не неизвесност. Нови инвеститори значи нови работни места, поголема конкурентност, повисоки плати, подобар животен стандард. Шанси за децата во нашата земја“, порача Спасовски.Тој посочи дека во услови кога ја имаме поддршката од земјите членки на НАТО и на ЕУ, немаме право да им ја скратиме таа поддршка на нашите деца и упати повик до граѓаните в недела слободно, гордо и достоинствено да излезат на референдум бидејќи, како што рече, одлучуваат само оние кои ќе гласаат.„Ние кои имаме право на глас, повикани сме во овој историски важен момент за нас и за Македонија да донесеме нова правилна одлука. Затоа, в недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлука. Одлука со која ќе влијаете на иднината на вашиот живот и животот на идните поколенија. В недела, на 30 септември, излезете и гласајте за европска Македонија“, повика Спасовски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-1

Трипуновски: Народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот

Ова се историски моменти за Република Македонија, за сите граѓани на оваа држава, бидејќи секоја генерација има своја битка, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ ја понижи државата надвор, со договорот со Грција, со кој се направени големи отстапки и трајно се нарушени позициите на Република Македонија, и не е во интересите на државата“, потенцираше Трипуновски.Со овој договор, додаде тој, се губи идентитетот, историјата и културата.„Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања. Народот треба сам и без никакви влијанија да одлучи како ќе постапи на референдумот“, рече тој.

Македонија | пред 7 години

7 год.
42653013_10155947991056158_3821028224800915456_o

Иванов: Никој не може да биде повикуван на одговорност за гласање, односно негласање на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на 73. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк упати порака до македонските граѓани дека гласањето на референдумот е право, а не обврска.„Во овие неколку часа пред референдумскиот молк сакам да упатам порака до сограѓаните – гласањето на референдум е ваше право, а не обврска. Никој не може да биде повикуван на одговорност за гласање, односно негласање на референдумот“, рече Иванов.То додаде дека секој граѓани има право сам да одлучи дали да излезе да гласа или да бојкотира.https://www.facebook.com/macedonianpresident/videos/740094546331332/Според него, овој референдум може да донесе состојба на потчинетост на Македонија под друга држава. „Не само што се менува името на државата туку се формира нова држава со ново име. Ќе бидеме држава само по име, а не по суштина“, рече Иванов.Македонскиот претседател рече дека како граѓанин ја донел својата одлука дека нема да излезе да гласа на 30 септември и рече дека се надева дека и македонските граѓани ќе донесат мудра одлука.Иванов рече дека доколку овој референдум не е успешен, тогаш се отвора нова можност. „Можност да разговараме и да ги разгледаме новите опции за решавање на прашањето во согласност со меѓународното право, преку почитување на нашето фундаментално право на самоопределување. Да го обновиме националниот консензус што го постигнавме на почетокот на независноста“, порача Иванов.Според него, поради грчките блокади ни се одзема правото на просперитет. „Ги повикувам сите држави кои ја признале Република Македонија под уставно име да не ги менуваат своите одлуки. Помогнете ни со тоа што ќе бидете чувари на нашето право на самоопределување“, порача Иванов.Според него, многумина ќе го осудат неговиот говор пред ГС на Обединетите нации.„Можеби додека зборувам се пишуваат изјави кои ќе го осудат мојот говор. Но вистината ослободува. Единствената вистина е дека ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија“, заклучи Иванов.Од правото на самоопределување, рече тој, извира и правото на народот да го одбере своето име и името на државата што ја создал.„Сепак, Грција со конечната спогодба од Преспа ни наметнува ново име и бара истото да се применува erga omnes – и за меѓународна и за домашна употреба. Предвидено е да го промениме Уставот, при што Грција би била конечниот авторитет што ќе ги одобрува уставните измени. Преку оваа спогодба Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како вие, државите-членки на Обединетите нации ќе ни се обраќате нам. Грција се овластува да ги преименува нашите институции, да ја цензурира содржината на учебниците на нашите деца, да го спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет. Се регулира именувањето на нашиот македонски јазик“, рече Иванов.Според него, еден многу важен дел од нашиот начин на живот ќе зависи од волјата на Грција. „Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Во архивите на Обединетите нации постојат илјадници страници документи и сведоштва за тоа што Грчката држава им правела на Македонците во Грција. Сега, со Преспанската спогодба Грчката држава сака да им го направи истото и на Македонците во Република Македонија. Целта е употребата на името Македонци да ја ограничи на најмалиот можен простор – а тоа е просторот меѓу нашите две уши, држејќи ја притоа нашата уста затворена. Тоа е флагрантно кршење на правото на самоопределување“, рече Иванов.Македонскиот претседател рече дека при приемот на Република Македонија во Обединетите нации е прекршено правото на самоопределување. Според него, времената и Преспанската спогодба се донесени за да се оправда тоа кршење. „Мора да знаете дека текстот на таа Преспанска спогодба е изготвен без мое знаење и без моја согласност како претседател на Република Македонија. Спогодбата повредува одредба од внатрешното право од фундаментално значење. Кажано со други зборови, јазолот што започна да се заплеткува со Резолуциите 817 и 845 и со Времената спогодба, сега, со Преспанскиот договор стана јамка за бесење. Од Република Македонија сега се бара да изврши правно и историско самоубиство, за да може правното укинувањето на македонскиот народ да се протолкува како негова сопствена волја. Се прашувам што зборува ова за глобалното лидерство и споделената одговорност на Обединетите нации?“, праша Иванов.Тој упати прашање до високите странски претставници кои ја посетија Македонија во изминатиов период и кои ги повикаа граѓаните да гласаат на референдумот.„Многумина од нив ги убедуваат македонските граѓани да ја прифатат грчката спогодба. Нив ги прашувам, дали тие би прифатиле да го дерогираат право на самоопределување на нивните сопствени народи и држави? Дали тие би прифатиле мешање во нивните внатрешни работи, нарушување на сувереноста и политичката независност? Зошто тогаш од нас се бара да прифатиме нешто што никој во светот не би го прифатил? Не не убедувајте да јадеме од овој отровен плод. Крајно време е отровното стебло, сосе неговиот отровен плод, да бидат отстранети“, истакна Иванов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски го напушти говорот на Иванов во ОН

За време говорот на претседателот Ѓорге Иванов, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја напуштил салата на Обединетите нации.„Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легитимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации“, нагласи Жерновски.„Македонија нема повеќе време за губење! Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина“, додава тој во објавата на својот ФБ профил.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nyR74-1627235-1627227-rita1-edit-copy-ls

Русин на својата ќерка ѝ кренал надгробна плоча во облик на iPhone

На гробиштата во рускиот град Уфа минувачите забележале еден бизарен надгробен споменик, кренат за Рита Шамијева која настрадала во 2016. година во сообраќајна несреќа.Имено, споменикот има облик на iPhone. Го нарачал таткото на Рита, Раис. Освен информациите дека сакала да патува и дека имала пријатели во Германија, се друго за покојничката е мистерија.На предната страна од споменикот со висина од 1,5 метри изграден од базалт стои ликот на загинатото девојче во природна големина, додека од другата страна има камера, како и логото на "iPhone".[embed][/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Град во кој автомобилите се забранети

Со недостигот од густ сообраќај, на улиците се слуша црцорењето на птиците, џагорот на луѓето, а децата слободно се шетаат по улиците бидејќи не постои можност да ги удри некое возило.Мигел Анчо Фернандез Лорес е градоначалник на овој галициски град од 1999 година. Неговата филозофија е едноставна: фактот дека поседувате автомобил не ви дава право да го заземате јавниот простор."Се случува пензионерите или децата да не можат да пешачат на тротоарите од паркираните автомобили. Како е можно еден приватен посед да зазема јавен посед?", вели Лорес.Пред тој да стане градоначалник, секојдевно поминувале над 14 илјади автомобили низ ова гратче. Според неговите зборови, имало повеќе автомобили отколку жители, а поради неговата политика, Мигел бил дури четири пати избран за градоначалник.Загадувањето на воздухот драстично се намалило - 61 отсто од 2013 година, а немало смртни случаи како резултат на сообраќајни несреќи од 2009 година.Откако е воведена забраната во 1999 година, 12 илјади жители се преселиле во центарот, а од друга страна, сообраќајот на периферијата е зголемен.[embed]https://www.facebook.com/worldeconomicforum/videos/266689010625744/?t=0[/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Силно невреме ја погоди Грција: Во планинските подрачја е забележан првиот снег

Во планинските делови на Грција денес падна првиот снег, во областа околу Атина силен ветар корне дрвја, додека крајниот југ на нашиот сосед е погоден од земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер.Поради силниот ветер кој што ја погоди Грција, властите беа приморани да затворат многу училишта, бројни траекти низ земјата не сообраќаат, а исто така забележано е и одложување на бројни летови.Ветерот корнел дрвја кои што паѓале врз далеководи во северните предградија на Атина, а од пожарникарските служби открија дека примиле над 350 повици за нивните екипи да излезат на терен и да ги отстранат паднатите дрвја. Властите во општината Сароник, во близина на Атина, како и на островите Закинтос, Тинос, Андрос и Миконос, наредиле затворање на училиштата.[embed][/embed]На островот Кефалонија училиштата биле евакуирани поради шумски пожар кој бил распламнет од силниот ветер, пренесува новинската агенција „АП“. Грчките власти тврдат дека таквата одлука била донесена од претпазливост, но итните служби се на готовс затоа што се очекува влошување на невремето.Од институтот за геодинамика во меѓувреме соопштија дека земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погодил југот на земјата. Во земјотресот немало жртви и повредени, а не била причинета ниту материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 245 километри југозападно од Атина, соопштија од Медитеранскиот сеизмолошки центар.Грчките медиуми пренесуваат дека додека во планинските подрачја е забележан првиот снег иако е септември, на одредени делови од грчкото приморје се уште е лето и летувалиштата и натаму имаат туристи.[embed][/embed]

Свет | пред 7 години

7 год.
29744887_1822215558085469_411363399085325328_o

Венко Филипче: Не ми недостига операционата сала, уживам во Министерството

Министерот за здравство Венко Филишче вели дека ужива во новата работа во Министерството.„Досега спасував животи и ме исполнуваше таквата работа. Операционата сала во моментов не ми недостига. Сега ме исполнува работата во Министерство, на терен, верувам цврсто дека може да успееме и да направиме промени на подобро за целокупното здравство во Македонија. Цврсто сум убеден дека имаме шанси да го подобриме нашиот здравствен систем, а со влезот на Македонија во ЕУ и НАТО со сигурност ќе обезбедиме европско и квалитетно здравство за сите.“  - вел Филишче во интервју за порталот „Охрид1“Венко Филипче е именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.   

Македонија | пред 7 години

7 год.
people-are-paying-a-lot-of-money-on-ebay-to-get-their-hands-on-a-vladimir-putin-2016-calendar-136403190020603901-160104180149-680x365_c

Русија објави радио-електронска војна во Сирија: Израел во паника

Како што е најавено, Русија во рок од две седмици ќе ја вооружи Сирија со S-300 и ќе почне да ја разбива навигацијата во источниот Медитеран.Која е третата руска мерка, ако за Израел електронската војна е полоша од S-300? Тоа се две од три мерки кои ги најавил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Москва во понеделникот, на 24. септември, како одговор на улогата на Израел во соборувањето на авионот IL-20 на 17. септември и смртта на 15 руски војници.Сириските системи за надгледување на воздушниот простор ќе бидат значително подобрени и ќе гарантираат безбедност на руската војска на земјта. Но, најзначајната мерка која Шојгу ја најавил е дека Русија ќе врши електронско сузбивање на сателитската навигација на бродските радари и состави за врска со борбените авиони кои напаѓаат објекти на сириска територија и во подрачјата на Средоземното море кои се граничат со Сирија.[embed][/embed]Рускиот министер нагласил дека Русија, ако овие мерки не ги оладат жешките глави, а очигледно на ум ги имал тие во Израел, "ќе мора да реагира во склад со развојот на ситуацијата", што значи дека постои и трета мерка, но засега не е објавена.За Израел, најважна мерка не е оружјето, ниту S-300 кои ќе ги добие Сирија, кои Москва не ги испорачала на Дамаск по молба на Израел. Воените експерти за израелскиот портал "DEBKA File" рекол дека најголемата казна е сузбивањето и потиснувањето на навигационите системи. Велат дека ова е прв пат една голема светска сила да најави радио-електронска војна на друга земја.Одбивањето на израелската верзија за рушењето на "IL-20" и смртта на 15-те руски војници, за која Москва вели дека е обична лага, е всушност фрлање ракавица во лице на израелската војска, пишува "DEBKA File" и додава дека судирот е кренат на значително повисоко ниво.До понеделникот Израел уште можел да се извлече од критичниот судир со Москва, но сега е предоцна. Шојгу ја затворил вратата за мирен излез од ситуацијата, тврдат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и началникот на Генералштабот Гади Еизенкот.[embed][/embed]"Сепак, и покрај зголемениот ризик од судир со Русија, Израел уште не може да се откаже од мисијата против Иранците и нивните марионети во Сирија, бидејќи повлекување пред Иран и Хезболах за Израел би било понижување. Меѓутоа, во иднина израелските сили ќе мора да бидат повнимателни и подобро да ги бираат своите цели", порачал воениот и политичкиот врв во Тел Авив.Израел го прифаќа предизвикот на Москва за радио-електронска војна, бидејќи во претходните судири Израел наводно бил подобар, пишува "DEBKA File". Меѓутоа, тука се зборува за 1982. година, кога израелското воено воздухопловство го уништило советскиот систем за противвоздушна одбрана, кој тогаш бил поставен во либанската долина Бека.Тогаш станувало збор за стар советски систем за електронско војување. Од тогаш руските експерти за електронско војување многу напредувале. Израел верува дека на Русија уште ќе и биде тешко да се носи со израелските достигнувања, а на другата страна признаваат дека објавата на радио-електронска војна за израелската војска е полоша од системот S-300, кој ќе го добие сириската одбрана."DEBKA File" признава дека ситуацијата сега се разликува од епизодата во 1982. година. Имено, денешните руски системи можат да ги надминат можностите на израелското воено воздухопловство и морнарицата.Израелската војска нема искуство во работа со такво ниво на радио-електронска борба. Израел тука можеби ќе мора да бара помош од САД. За тоа сега расправаат американскиот претседател Доналд Трамп и Нетанјаху на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации.Во меѓувреме доаѓа и вест дека Русија во Сирија веќе пратила системи за електронско војување. Првите во руската база Хмејмим биле испорачани во понеделникот, на 24. септември. Според уредникот на воениот портал, тоа се веројатно системите "Красуха-4", дизајнирани за борба против авиони. Освен тоа, базата Хмејмим би можела да биде опремена со најсовремен систем "Дивноморје", кој може да спречи радарски сигнали на бродови, како и сателитски комуникации и управувачки и навигациони системи.

Свет | пред 7 години

7 год.
5bacc6529aaaa.image_

Невреме во Грција, затворени училишта и одложени летови

Силен ветер ја погоди денес Грција, па поради тоа властите беа приморани да зтворат многу училишта, траектите не сообраќаа, а летовите беа одложени.Ветерот откорна дрво кое падна на далековод во северното предградие на Атина. Од противпожарната бригада велат дека примиле повеќе од 350 повици.Властите на островите Закинтос, Тинос, Андрос и Миконос наредија училиштата да останат затворени. На островот Кефалонија училиштата се евакуирани поради шумскиот пожар кој го разгори силниот ветер.Властите изјавија дека службите за помош ќе бидат постојано достапни и дека се очекува влошување на времето.

Свет | пред 7 години

7 год.
man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Маж го испуштил летот, па се обидел да го запре авионот

Утрово колу 7 часот дошло до голем пропуст во безбедноста на аердромот во Даблин.Маж успеал да помине низ терминалот и да искочи на авионската писта. Тој доцнел на летот и најпрво почнал да зборува со вработената на терминалот, а потоа почнал да тропа на прозористе со надеж дека пилотот ќе го забележи. Кога сфатил дека тоа нема да помогне, успеал да претрча низ терминалот, да искочи на пистата и почнал да трча по авионот.Човекот успеал да стигне до авионот пред полицијата да го запре. Тој го молел пилотот да го почека, но полицијата го фатила и го уапсила.Од управата на аеродромот велат дека патникот на летот доцнел 21 минута.

Свет | пред 7 години

7 год.
42539902_301971893931420_4003414882903916544_n

Богојески : Го поразивме Груевски, но не “груевизмот” во нас

Петар Богојески, еден од лидерите на т.н. реформатори во ВМРО-ДПМНЕ кои први јавно застанаа против Никола Груевски уште додека тој ја водеше партијата, за „Скопје1.мк“ одговара на неколку актуелни прашања поврзани со референдумот и случувањата во ВМРО-ДПМНЕ.На интернет кружи постер на кој е и поранешниот лидер на партијата. Груевски молчи и не кажува став за референдумот. Иста така не се огласува на повиците на членството и дел од јавноста за да каже како ќе гласа во Собранието кога договорот со Грција ќе стигне на гласање. Зошто оваа група пратеници на чело со Груевски не се придружуваат на кампањата Бојкотирам ?Тој стил на „постери“ е под секое ниво, за да може да си дозволам било кој коментар на темата. За се што сакате да го прашате поранешниот лидер Груевски, ќе се обратите до него. Најмалку ја посакувам улогата да бидат портпарол, а секако уште помалку баш на Никола Груевски.Што говорат вашите анализи, ќе успее ли референдумот и ако не успее , зошто граѓаните би го бојкотирале ? што ги мотивира ?Македонија треба да успее на овој референдум. До сега имам наведено повеќе причини за мотивот за бојкот. Прва е организацијата на тој бојкот од страна на странски центри кои тргнувајќи од своите национални интереси, сакаат да ја спречат интеграцијата на РМ во НАТО. Тие најдоа поволна клима кај екс југословенските оперативци во РМ, кај семејствата погодени со „егејската трагедија“, кај семејствата погодени од „антиквизаторската трагедија“ и сл. Второ граѓаните се исклучително незадоволни од работењето на Владата и својот револт сакаат да го изразат преку бојкот, а не се свесни дека вистински револт може да искажат само преку гласање „против“ на овој референдум. Дел од нив се лица на кои личната агенда им е пред државната, па се налутени на власта или опозицијата поради неостварени лични амбиции. И секако бојкотот најголем сојузник пронајде во ликот и делото на „македонскиот инат“. Делумно е оравдан поради решенијата во „Преспанскиот договор“ и неговата одржливост на подолг рок, но повторно ќе кажам, само со масовно гласање „против“ можеме да го истераме „македонскиот инат“. Бојкот е без никаква вредност. Бојкотот е проект кој дирекно му оди во прилог на СДСМ и Зоран Заев, зашто доколку таа акција навистина успее, целиот терет ќе падне врз ВМРО-ДПМНЕ, а ќе ликуваат нашите политички конкуренти.Вие повикувате на гласање, а се појавувате и на маршовите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Зошто одите на тие маршови ? Каква порака испраќате? Морам да признам дека уживам да присуствувам на митинзи на ВМРО-ДПМНЕ. На нив сум присутен од дете до денес. Таму сретнувам илјадници пријатели со кои сме биле дел од битката за „вмровската вистина“ да биде услишена. Повторно ги обновуваме тие контакти, споделуваме спомени, се храбриме за она што ни претстои, разменуваме идеи и решенија. Ќе сретнам по некој „незадоволен“ од реформите, некој кој е „презадоволен“ од реформите, на првиот ќе му појаснам да разбере што е суштината, на вториот ќе му објаснам дека имаме уште премногу работа пред нас за вистински реформи, и тоа е секојдневна работа во политиката. Комуникација со различни луѓе, секој со своја вистина. Секогаш сум близок со базата, со членовите, чиј дел сум цел живот.Каде се сега т.н реформатори и до каде е реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ ? Се реформира ли ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски ? Реформаторите се тука каде што биле цел живот, во ВМРО-ДПМНЕ, со своите семејства, со своите пријатели, здрави и живи и секогаш подготвени за унапредување на политичкиот живот во Република Македонија и секако за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ. Има многу што да сработиме за да констатираме реформирање на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме идеја која сите нас не обединува и во вакви историски моменти да останеме единствени и фокусирани на нашата борба за подобро утре за сите граѓани на македонската Република.  Во какви односи сте со Христијан Мицкоски ? Тој доаѓа од крилото на поранешниот лидер Груевски, а вие бевте симбо на внатрепартискиот отпор кон неговиот лик и дело. Како функционира сега внатре ВМРО-ДПМНЕ ?Во овој момент односите помеѓу мене и Христијан Мицковски се такви како што може да бидат помеѓу Зам.ген.сек. и Претседател на Партија. Морам да истакнам дека не само што бевме, туку остануваме симбол на демократизацијата, модернизацијата и европеизацијата на ВМРО ДПМНЕ. Неодамна напишав – „Успеавме да го поразиме Груевски, но не и „груевизмот“ во нас“. Во целост останувам на истото. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
zvezdeno-nebo-tose2

Одложен концертот за Тоше

Концертот за Тоше кој требаше да се одржи на 13 октомври во арената „Борис Трајковски“, е одложен за на 2 ноември.На концертот ќе се објават 7 нови песни на англиски јазик, како и три преработки на познати хитови.Овие песни ќе бидат дел од новиот албум насловен „Secret place“.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања