Промени тема
Контакт

Најнови вести

7 год.
zaev-ambasador

Средба на премиерот Заев со амбасадорот Јазбец

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец со кого разговараше за актуелните политички процеси во земјата и за планирани активности на билатерална соработка меѓу двете земји во наредниот период.На средбата, премиерот Заев го информираше амбасадорот Јазбец за постапката и фазите на уставните измени и спроведувањето на Преспанскиот договор изразувајќи очекување за успешно заокружување на процесот

Скопје | пред 7 години

7 год.
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Мицкоски повика на протести

Денес е финалниот акт на еден срамен процес во кој Република Макеоднија е втурната од страна на Зоран Заев и владеачкото мнозинство, во кој до промената на Уставот се доаѓа преку недемокатски пат, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во тој процес и нема да даде легитимитет затоа што таквите измени немаат легитимитет од граѓаните. Тие се штетни и оставаат белег врз македонското достоинство и идентитетот. Имаме процес на промена на Уставот пр

Македонија | пред 7 години

7 год.
protest-1

Протест пред Собранието - во одбрана на македонското име, идентитет, историја и традиција

Протест пред Собранието на Република Македонија додека траеше седницата за уставни измени за договорот од Преспа, која е одложена за во 16 часот.Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.Од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголем

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

При претрес пронајден кокаин

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  С.Џ.(37) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.При претрес на пријавениот бил пронајден кокаин.

Скопје | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Пронајдена марихуана кај 17-годишен скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  17 годишно лице од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
marihuana2

Кривична пријава против 19-годишен скопјанец, при претрес била пронајдена марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против  Ц.М.(19) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-22

Пронајдени уметнички слики и разновиден алат кај гостиварец обвинет за тешки кражби

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, на 8.1.2019 од 15 до 16 часот, извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал 30-годишниот Б.С. од Гостивар.При претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат и други предмети.Б.С. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, поради сомнение д

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Сообраќајка во Виница, едно лице со тешки телесни повреди

На 08.01.2019 година околу 17.25 часот на крстосницата  од улиците  Браќа Миладинови и Тошо Арсов во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило Шеворлет лачети со штипски регистарски ознаки, управувано од А.П.(40) од Виница, и  патничко моторно возило Форд фиеста со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.М.(28) од Виница.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.К.М. и била пренесена за укажување на лекарска помош во Клиничката болница во Штип. Се работи

Македонија | пред 7 години

7 год.
46785137_364377431000623_6746717091652435968_n

ЈКП „Водовод“ апелира да се заштитат водомерите

Ниските температури кои владеат во Битола предизвикаа дефекти во водоводната мрежа во одредени домаќинства, најчесто од пукање на стаклата на водомерите. Од ЈКП „Водовод“ апелираат граѓаните да ги заштитат своите водомери, бидејќи тоа е единственото алтернативно решение, а за сите дефекти и прекини во снабдувањето со вода да се обратат на дежурниот телефонски број 047238200.Од ова јавно претпријатие информираат дека е зголемена потрошувачката на вода за околу 25%, односно во одредени делови од д

Македонија | пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО поднесе обвинителен акт за лице од Турција кое криумчарело накит

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, 27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато. Накитот бил со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 11.106.000,00 денари.Со оглед на оц

пред 7 години

7 год.
sneg-ohrid-za-sajt-1

(ФОТО) Снежен Охрид

Утрово Охриѓани се разбудија во снежен Охрид. Снегот кој започна да врне од запдните делови на земјава, во текот на денов ќе ја зфати целата наша земја. Најавата на метеоролозите е дека снежната покривка во некои места може да достигне и по половина метар.Патноиот правец Охрид - Кичево, каде од утрово од 8 и 55 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци, информира АМСМ.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev-hrvtska-2

СДСМ: Мицкоски како и Груевски ги дели граѓаните на лојални и нелојални

Христијан Мицкоски ги продолжува политиките на поделби што ги промовираше неговиот ментор Никола Груевски, велат од СДСМ.„Криминалецот Груевски со години ги делеше граѓаните на патриоти и предавници. Денес неговиот пион Мицкоски граѓаните ги дели на лојални и нелојални.Очигледно Мицкоски сака да се става во улога на судија кој ќе одлучува кој е лојален а кој е нелојален граѓанин.На граѓаните им е доста од партиски суд кој ги делеше и етикетирше цели 11 години. Македонија ги победи поделбите и ом

Македонија | пред 7 години

7 год.
smokvica-pat-1

Забрана за камиони на повеќе патни правци, а за останатите задолжителна употреба на ланци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.Од 07:15 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан.Од 04:10 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар.Од 08:

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Индексот на трошоците во 2018 година е зголемен за 1,5%, а платите стагираат

Државата и граѓаните со секој поминат ден се се посиромашни. Индексот на трошоците за живот во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 1.5%. Додека трошоците растатат, платите стагнираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на цените на мало во 2018 година во однос на 2017 година е зголемено за 2.7%. Ова значи дека граѓаните со секое пазарување во маркет, бензинска станица, аптека или друга фирма со трговија на мало во просек плаќале повеќе

Македонија | пред 7 години

7 год.
vodomeri

Како да ги заштитете ги водомерите од замрзнување?

Поради падот на температурите треба да ги заштитите водомерните броила од замрзнување.Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропол).

Македонија | пред 7 години

7 год.
bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

Дрон направи хаос на аеродромот Хитроу, сите летови одложени

Сите летови од аеродромот Хитроу се приземјени или одложени додека полицијата истражувала дрон кој е забележан над пистата.Патниците чекале околу два часа на најголемиот аеродром во Велика Британија, на кој секојдневно поминуваат околу 20.000 лица.Портпаролката на аеродромот Хитроу изјави дека во соработка со полицијата работат на спречување на било какви закани врз безбедноста.https://twitter.com/flightradar24/status/1082699509803741189?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E10826

Свет | пред 7 години

7 год.
siljanovska

Силјановска од ТВ Алфа порача: Не може да се толерира тиранијата на 80-те пратеници

-Наместо според членот 30 од законот за референдум и други форми на лично изјаснување во рок од 60 дена да го усогласат своето дејствување и акти со референдумската одлука, а таа беше значи не успеа референдумот, тоа е јасно. Јас сум шокирана од секојдневното папагалско тврдење на еден портпарол дека законот за референдум не содржел одредба за тоа кога е референдумот успешен или неуспешен. Значи си постои одредба која убаво вели дека за да биде референдумот успешен потребно е мнозинство од излез

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Започнува последната фаза од уставните измени

Денес со почеток во 12 часот ќе се одржи 75 пленарна седница на Собранието на Република Македонија на која ќе се утврдуваат предлог-амандманите од Уставот со што треба да се заокружи процесот за спроведување на Договорот со Грција за решавање на спорот за името.На дневен ред на оваа седница е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Australija-australijska-specijalna-policija-2-620x350

Евакуирани странските конзулати во Австралија

Неколку конзулати во Мелбурн и Канбера се евакуирани откако примиле сомнителни пакети.На сајтот на австралиската влада е објавено дека се забележани најмалку 10 инциденти со опасни материи во Малбурн, а полицијата, пожарникарите и екипата за прва помош се пред дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија и Јужна Кореа.Австралискиот јавен сервис соопшти дека сомнителни пакети се пронајдени во конзулатите на САД, Пакистан и Нов Зеланд во Мелбурн, но и во дипломатските претставништва

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Внимателно возење, можна појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.„Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Дебар и Струга граничен премин Ќафасан.Снег врне на П.Шапка, во Маврово,Дебар,Охрид,Струга,Кичево и на планинските премини Стража,Буково,Ѓавато,Плетвар,Пресека и Железнец.Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира

Македонија | пред 7 години

7 год.
49337458_343183169847022_3969789124382031872_n

Утрово до -21 степен, погледнете ја временската прогноза за денес

Под влијание на влажен и студен бран, денеска ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Утринските температури на целата територија ќе бидат под нулата, а во некои делови ќе достигнат и до -21 степен.Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од снег. Температурата во текот на целиот ден ќе биде под нула и ќе се движ

Македонија | пред 7 години

7 год.
Sport.Still016

(ВИДЕО) Волшебни снежни ноќи и лавини во Австрија

Снежните лавини во Австрија кои однесоа најмалку дест животи денес беа светска вест. Некои од најпознатите монденски скијачки центри се евакуирани, како што е Обертаурен.Метеоролозите најавуваат дека во некои делови на Австрија деновиве ќе наврнат и нови три метри снег.Снежните врнежи кои траат со денови и се интензивни ги „побелеа“ дури и австриските автопати кои и покрај тоа што постојано се чистат, сепак останаа прекриени со тенок слој снег.Скопје1.мк објавува видео кое го испратија наши чита

Свет | пред 7 години

7 год.
sv-stefan

На трет ден Божик - цркавата го празнува Св. Стефан

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко...)Стефан бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе .Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други де

Македонија | пред 7 години

7 год.
sela

Официјално: Заев потклекна пред барањата на албанската опозиција, нови измени во Уставот

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со лидерот на Алијансата за Албанците изјави дека го прифатил предлогот на Зијадин Села што се однесува на делот на преамбулата „граѓаните коишто живеат во границите“, посочувајќи дека конечната формулација ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“, пишува Република.„Кога ја читате преамбулата во моментот стои „граѓаните на Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните

Македонија | пред 7 години

7 год.
50027867_2256691881245828_1447743581816094720_o

Се реконструира Качанички пат во Визбегово

Започна реконструкцијата на стар Качанички пат во Визбегово.„Станува збор за дел од патот кој води покрај бензиската пумпа,во должина од 230 метри и широчина од 7 метри.На реконструираниот стар Качанички пат ќе бидат поставени тротоари и канделабри долж улицата,со што се подобрува како сообраќајот така и безбедноста на пешаците во овој дел од Визбегово“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања