Промени тема
Контакт

Најнови вести

7 год.
zaev-kasami

Заев попладне ќе го убедува Касами да му даде поддршка

На средбата најавена за попладне, премиерот Зоран Заев сака да слушне што ја загрижува Беса на Биљал Касами околу уставните измени. Заев вчера изјави дека ќе стори се за да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на уставните амандмани. Најави дека ќе има средба и со Зијадин Села од Алијансата на Албанците. Од двајцата рече дека очекува сериозност и одговорност. Беса предлага 4 уставни амандмани кои се однесуваат на тоа албанскиот јазик да биде службен во целата земја, државата да се грижи

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaveani

10 гранични полицајци шест дена звеани во Танушевци

10 гранични полицајци се завеани во Танушевци , во полициската станица која е на границата со Косово.Алсат објави дека дека нивната храна е при крај, додека движењето е невозможно заради фактот дека снегот достигна од 1.5 до 2.5 метри. Телефонските врски повремено не работат.Службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат.

Македонија | пред 7 години

7 год.
krazhba-na-kola

Тешка кражба во Скопје, СВР Скопје поднесе кривична пријава против 4 лица

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело - “тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.Имено, пријавените кривичното дело го сториле ноќта на 22 спроти 23.12.2018, на ул.“Беласица“, на паркинг просторот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со уп

Скопје | пред 7 години

7 год.
ogan-otvoreno

Апел од Град Скопје – да не се палат огнови на отворено

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zaev-odgovornost

Заев: Посакувам консензуален кандидат за претседател

„Сакам консензуален кандидат за претседател зад кој ќе застанеме сите. ДУИ не е единствениот коалиционен партнер, ги има повеќе. Верувам дека ќе изнајдеме сила да избереме кандидат, кој ќе биде прифатливо решение за мнозинството граѓани“, истакна премиерот Зоран Заев.Тој додае дека до сега немало разговори за името на консенсузалниот претседател. Според него оваа тема ќе се отвори откако ќе заврши процесот во парламентот поврзан со уставните измени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zaev

Заев: Оглaсите за вработување во админитрацијата се поради пополнување на испразнетите места од 2017 година

Во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација по потпишувње на договор меѓу ЕБРД и ЕЛЕМ за фотонапонска електрана Осломеј, премиерот истакна:„Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа година. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проц

Македонија | пред 7 години

7 год.
haker-frank

Најголем хакерски напад во Германија, украдени податоци од политичари, уметници, меѓу нив и од претседателот и канцеларката Меркел

Непознати хакери украле милиони податоци на германски политичари, новинари и познати личности, објави германскиот весник „Билд“, истакнувајќи дека ова можеби е најголемиот хакерски напад во историјата на Германија.Неколку илјади податоци се делумно лични информации објавени преку Интернет, а засега не е познато кој ги украл. Единствено познато е дека нападот е прекинат кон крајот на октомври, но не се знае кога почнал.Со хакерскиот напад се опфатени политичари од речиси сите политички партии, ос

Свет | пред 7 години

7 год.
bebe-vakcina

Викендов вакциналните пунктови ќе работат во две смени, во понеделник до 13 часот

Министерството за здравство информираат дека за време на викендот, на 5 и 6 јануари 2019 година, вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот.Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Стоилковски: Власта воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и вработени од зелените пазари

Однародената власт продолжува со својата елитистичка филозофија „поскап живот за најевтините“. Власта удри по една од најчесните, но најранливите категорија, воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.„Воведува високи лиценци- по текот едно лице една тезга, со што дури на една третина од трговците на зелените пазари законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари. Воведоа и казни од 1500 до 2000 евра! Без

Македонија | пред 7 години

7 год.
vakcina

Родители на невакцинирани деца се заканија: Нема да плаќаме даноци, и ќе отвориме градинки и училишта!

Од здружението Здравје со игла НЕ влегува денес на социјалната мрежа Фејсбук објавија статус во кој повикуваат на граѓанска непослушност, се заканија дека нема да плаѓаат даноци и ќе отворат градинки и училишта.Денес - гордите родители на невакцинираните деца од Македонија решија да станат и да му покажат среден прст на министерчето за болест на фашистичка Македонија, неговта платеничка малоумност некој си бричко од мизерно чиновниче (wanna be фашистички опресор поголем од Адолф).И му порачаа ис

Македонија | пред 7 години

7 год.
bolnica-1

Реконструкција на Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), каде се реконструраат речиси сите одделенија, но во етапи.Министерот Филипче имаше и средба со дел од медицинскиот персонал, каде се информираше за состојбата и условите за работа во болницата, но и ги информираше вработените за сите новини, кои ги спроведува Министерството за здравство, а се од полза за медицинскиот персонал и пациентите.Име

Скопје | пред 7 години

7 год.
thumb

Денеска до 11 часот вакцинирани 703 деца

Расте бројот на деца, кои деновиве ја примиле МРП вакцината. Во поликлиниките во Скопје, денеска до 11 часот вкупно се вакцинирани 703 деца.„Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда.Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат дека нивните деца имаат симптоми на морбили, може да ги носат во ГОБ „8 Септември“ или на Клиниката на инфективни и фебрилни состојби.Родителите кои

Македонија | пред 7 години

7 год.
48386635_519827275169320_4504456550655459328_n

Укината забраната за тешки моторни возила на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.„Снег со среден интензитет паѓа во Битола,К.Паланка,Делчево,Д.Капија,Удово,Гостивар, Крушево,Павлешенци,Кочани,Делчево,Смојмирово,Маврово и на планинските превои Стража,Ѓавато и Плетвар.На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.Забраната за тешки моторни возила за патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража с

Македонија | пред 7 години

7 год.
ol-about-02

„Охридско лето“ со концерт во спомен на покојниот градоначалник Стојаноски 

Фестивалот „Охридско лето“ на 12 јануари ќе организира концерт на класична музика на кој ќе настапат младите српски солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац заедно со Српскиот камерен оркестар. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот, а како што велат од оваа национална установа, ќе биде посветен на прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.Исклучително талентираната уметница Александра Петровиќ своето основно и средно музичк

Македонија | пред 7 години

7 год.
cedcb205b4474e3971430e040e9ttt

Завршен настан за одбележување на крајот на соработката на МИОА со Светска Банка во Вашингтон

2018 година беше клучна за зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност во Република  Македонија. Во таа насока е и партнерството на Министерството за информатичко општество и администрација со Светска Банка.  За да се одбележи успешната соработка во рамки на “Глобалната програма за градење на капацитети од областа на сајбер безбедност”, како и да се споделат искуства од земјите учеснички и партнери – поддржувачи на програмата, Светска Банка одржа завршен настан во Вашингтон, каде учествуваа

Македонија | пред 7 години

7 год.
ujp

УЈП разви модул за автоматски поврат на даноци

За редовен и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање. Ова беше истакнато денес при работната посета на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје.-Преку развојот на Модулот за автоматско пребивање се воспостави систем за неселективен и автоматски поврат на даноци кон даночните обврзници.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lorenco

Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија и против НАТО и ЕУ

Во суштина ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара кандидатот кој ќе застане рамо до рамо со Мицкоски, против НАТО и ЕУ, кој ќе тргне по антизападните стапки на Груевски, Мицкоски и Иванов, велат од СДСМ.„Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија, да го брани криминалот и да работи против западниот свет, НАТО и ЕУ?На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски, не иm е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на држав

Македонија | пред 7 години

7 год.
1

Ендуро Тим Водно од Скопје - Шампион во Ендуро

По извозени четри ендуро трки ,една во Берово,две во Скопје и една во Велес,клубот Ендуро Тим Водно во екипниот пласман успеа да го освои првото место во конкуренција од 7 Мото клубови и се закити со титулата Шампион за 2018 година.„Ендуро Тим Водно освен во Ендуро Шампионатот ја освои и Вице Шампионската титула во Мотокрос Шампионатот. Поточно во конкуренција од 8 Мото клубови Ендуро Тим Водно екипно го освои второто место.Клубот за оваа 2019 година го засили тимот со уште неколку возачи кој ке

Спорт | пред 7 години

7 год.
DSC09446-2-1

Реконструкција на Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), каде се реконструраат речиси сите одделенија, но во етапи.Министерот Филипче имаше и средба со дел од медицинскиот персонал, каде се информираше за состојбата и условите за работа во болницата, но и ги информираше вработените за сите новини, кои ги спроведува Министерството за здравство, а се од полза за медицинскиот персонал и пацие

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја донесе економијата пред целосен колапс, стандардот на граѓаните е се полош

СДСМ и Зоран Заев ја зацрнија државата. СДСМ ја донесе македонската економија пред целосен колапс и банкрот. Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат. Стандардот на граѓаните е се полош, а платите се далеку од ветените 500 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ лаже кога зборува за здравството во Македонија. СДСМ ги остави на цедило младите специјализанти исто како што ги остави докторите специјалисти од клиниките на кои напразно им ветуваше плата од 100.000

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Кривична пријава против скопјани, украле 350.000 денари до возило

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело - “тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари„Имено, пријавените кривичното дело го сториле ноќта на 22 спроти 23.12.2018, на ул.“Беласица“, на паркинг просторот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со уп

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: Објавуваме Јавен повик за избор на кандидат за Претседател на Македонија

Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е) од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ денес објавуваме Јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија за Претседателските избор 2019 година, изјави Димче Арсовски на денената прес-конференција.„Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови за ка

Македонија | пред 7 години

7 год.
133838480-184601

Наскоро истекуваат роковите за јавниот повик за доделување државно земјоделско земјиште

За неколку дена истекуваат роковите за доставување на документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и за јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Конкретно, за јавниот повик до 3 хектари рокот за поднесување документација е до 11.01.2019 година односно до следниот петок, а за јавниот оглас за давање државно земјоделско земјиште над 3 хектари рокот е до 17.01.2019 година, велат од МЗШВ.„Со јав

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: Девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак“

Во текот на изминатиот ден (03.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 10 лица се здобиле со телесни повреди.Од преземените мерки и активности констатирано е дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Нови пријави за каснување од куче

На 03.01.2019 година во 18,15 часот, во Полициската станица Аеродром Т.С.(24) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,00 часот на булевар “Видое Смилевски Бато“ била касната од куче сиктник во пределот на левата рака.На 03.01.2019 година во 17,30 часот во Полициската станица Карпош Е.Ј.(52) од Скопје, пријавила дека истиот ден на булевар “Партизански Одреди“ била нападната и касната од куче сопственост на З.Д.(38) од Скопје во пределот на десната надлактица. Против З.Д. ќе биде поднесен соо

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања