Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Најнови вести

4 мес.
media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

САД: Го уништивме седиштето на Иранската револуционерна гарда

Американската војска соопшти дека во напад во Техеран е уништено седиштето на Иранската револуционерна гарда.„Америка има најмоќна војска во светот, а ИРГЦ повеќе нема седиште“, објави CENTCOM на социјалните мрежи.Во објавата се наведува дека Иранската револуционерна гарда во изминатите 47 години убила повеќе од 1.000 Американци.„Вчерашниот обемен американски напад ѝ ја отсече главата на змијата“, се додава во соопштението.Засега нема официјална потврда од иранските власти за наводите на америка

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-librarycdtfoedkhub51MDUbBB

(Видео) Болницата „Ганди“ во Техеран мета на американско-израелски напади, објави Иранската новинска агенција

Иранската новинска агенција ISNA објави дека болницата „Ганди“ во северен Техеран била цел на американско-израелски воздушни напади.Во извештајот се наведува дека „техеранската болница ‘Ганди’ била нападната во ционистичко-американски воздушни удари“.Иранските агенции Fars и Mizan објавија видео за кое тврдат дека е снимено во внатрешноста на болницата, на кое се гледаат расфрлани остатоци по подот меѓу празни инвалидски колички.Според Reuters, очевидци потврдиле дека објектот бил погоден во нап

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-librarydgud809vm1v2dacKW01

Постои закана и сомнежи за чувствителни објекти како Музејот на холокаустот на Евреите, но тоа се следи, уверува претседателката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека во услови на зголемени тензии на глобално ниво, надлежните институции посветуваат посебно внимание на објекти кои потенцијално би можеле да бидат цел на закани, како што се синагогите, седиштата на еврејската заедница и Музеј на холокаустот на Евреите од Македонија.„Знаете ширум светот постои закана или сомнеж дека објекти од типот синагоги или седишта на Еврејската заедница, кај нас има Музеј на холокаустот дека може да бидат места на коишт

Македонија | пред 4 месеци

4 мес.
media-library82d3iife582qbXD4lG4

(Видео) Нема зошто да се грижиме во моментов, имаме резерви и систем за рано предупредување, рече Сиљановска по Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Совет за безбедност на Македонија соопшти дека институциите располагаат со информации за растечкиот број македонски државјани кои се наоѓаат во регионот погоден од безбедносната криза и дека тие се во постојан контакт со надлежните органи.Таа истакна дека, по апелот на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, граѓаните се јавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и се регистрираат со цел да бидат е

Настани | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryqga9ojubqcbb8RhMzIS

Белата куќа: Новото иранско раководство сигнализира подготвеност за преговори

Висок функционер од Белата куќа изјавил за тамошните медиуми дека потенцијалното ново раководство на Иран испратило сигнали за подготвеност за преговори со Соединетите Американски Држави.Истиот функционер, кој побарал да остане анонимен, навел дека Доналд Трамп е „евентуално“ подготвен за преговори, но нагласил дека воените операции засега ќе продолжат без прекин.Не било откриено кои се можните нови ирански челници со кои би можело да се води дијалог, ниту каков формат би имале евентуалните разг

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
izrael-napadnat

Нов ирански напад врз Израел, сирени низ целата земја

Во тек е нов ирански напад врз Израел, јавуваат израелски медиуми. Според информациите што ги пренесува Kanal 12, нападот се одвива во неколку бранови, при што се активирани широки зони на предупредување низ целата земја.Сирените за воздушна опасност се огласиле од северните до јужните делови на Израел, а граѓаните се повикани да побараат засолниште.Засега нема официјални извештаи за жртви или за поголема материјална штета, но надлежните служби остануваат во состојба на висока подготвеност додек

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

Иранската државна телевизија тврди дека дел од седиштето е погоден во нов бран напади

Иранската државна телевизија соопшти дека делови од нејзиното седиште биле погодени во нов бран напади, за кои ги обвини, како што наведе, „американско-ционистичките непријатели“.Во живо на информативниот канал ИРИНН, во 20:53 часот по локално време на 1 март, водителка изјави дека „пред неколку моменти“ делови од комплексот на Islamic Republic of Iran Broadcasting се нападнати.Таа нагласи дека емитувањето на програмата продолжува непречено и дека техничките служби ја проценуваат евентуалната шт

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryv4rp40j98l5517WCGVj

Судир меѓу Белата куќа и технолошка компанија поради воена употреба на вештачка интелигенција

Американската војска наводно го користела моделот за вештачка интелигенција „Клод“, развиен од компанијата Anthropic, за прибирање разузнавачки информации и поддршка при избор на цели во нападот врз Иран, иако претседателот Доналд Трамп само неколку часа претходно наредил прекин на соработката со компанијата.Според извештаи на странски медиуми, алатките биле користени за разузнавачки анализи, симулации на бојното поле и поддршка во процесот на таргетирање за време на заедничкото американско-изра

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

Техеран тврди дека се брани, но остава отворена врата за деескалација

Иран нема да си поставува „никакви ограничувања“ во правото да се брани од израелско-американските напади, изјави шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи во разговор за ABC News.„Се браниме, без оглед на цената, и не си поставуваме никакви ограничувања во одбраната и заштитата на нашиот народ. Никој не може да ни каже дека немаме право да се браниме“, изјави Арагчи. Тој нагласи дека, според Техеран, постои суштинска разлика меѓу, како што рече, „агресијата“ на САД и „одбранбените мерки“ што г

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-librarygl4n23a01b5a3Jeos8M

(Фото) Црн чад над Абу Даби: илјадници туристи блокирани на крузери

Густ црн чад денеска се издигаа над пристаништето во Абу Даби, по напад со беспилотни летала во близина на поморската база Ал Салам. Призорот од балкон на крузерот Mein Schiff 4 го снимила германска туристка, додека бродот бил укотвен во пристаништето Порт Зајед.Според соопштението на Министерство за одбрана на Обединетите Арапски Емирати, станува збор за напад со два ирански дрона кои погодиле складиште во поморската база, при што се запалиле два контејнера. Експлозијата одекнала околу пладне п

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Муцунски го осуди иранскиот напад врз Катар во разговор со катарскиот министер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи, информира Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.Во разговорот, Муцунски го осудил отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-library6j29nkh44eeibZGByrb

(Видео) „Ситуацијата во Дубаи е сериозна, експлозиите се од пресретнати проектили, животот продолжува“, вели Македонецот Јовановски кој живее таму

Македонецот Марио Јовановски, кој живее и работи во Дубаи, каде е сопственик на бренд за персонални фитнес-тренинзи, за „Скопје1“ говори за актуелната безбедносна состојба во градот и за, како што вели, ширењето на бројни дезинформации на социјалните мрежи.Тој посочува дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе експлозии над Дубаи, но објаснува дека станува збор за пресретнување на проектили и ракети што пристигнувале од правец на Иран. Според него, експлозиите што се слушаат се резултат на ак

Настани | пред 4 месеци

4 мес.
media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

(Видео) Нападнато седиштето на иранската државна телевизија

Според првичните извештаи, Израел извршил воздушен напад во Техеран насочен кон пропагандните структури на исламскиот режим.Цел на ударот на израелските воздухопловни сили било седиштето на иранската државна телевизија и радио.

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryjkofmm6s50kof2PN98O

(Видео) Американците објавија снимка: Со „невидливи“ бомбардери го нападнавме Иран

Американските воздухопловни сили синоќа извршиле напад врз ирански постројки за балистички проектили со стелт-бомбардери Б-2, соопшти Американската централна команда (CENTCOM) на платформата Икс.CENTCOM, заедно со видеоснимка од бомбардерите, објави дека „американски стелт-бомбардери Б-2, вооружени со бомби тешки 900 килограми, синоќа нападнале утврдени ирански постројки за балистички проектили“, додавајќи дека ниту една држава не треба да се сомнева во американската решителност.Соединетите Амер

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Полицијата спречи самоубиство на малолетник, откако била детектирана објава на социјални мрежи, велат од МВР

Секторот за компјутерски криминал при Министерство за внатрешни работи на Македонија информира дека во изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, била детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажувала на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник.Веднаш по добиените сознанија, институцијата постапила итно и координирано, при што биле преземени сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко

Македонија | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryijngr6udobhc20OnfSz

Иранската револуционерна гарда тврди дека уби и рани 560 американски војници

Иранската револуционерна гарда (IRGC) објави дека извршила напади на американски и британски цели на море и копно, тврдејќи дека погодиле три нафтени танкери и дека во нападите врз американските бази во регионот биле убиени или повредени 560 американски војници.Според тврдењата на гардата, нивните сили гаѓале три нафтени танкери за кои велат дека припаѓаат на САД и Велика Британија. „Со проектили погодивме три офанзивни нафтени танкери кои припаѓаат на САД и Британија во Заливот и Хормушкиот тес

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-library093jodaperk06n2YUWW

Страв и хаос во ОАЕ по иранските напади

Во ОАЕ минатата ноќ беше немирна, а стравот меѓу жителите и туристите се зголеми по 36 часа постојани ирански напади. Стотици ракети и дронови беа пресретнати во воздушниот простор на земјата, додека силни експлозии одекнуваа низ градовите. Граѓаните преку итни предупредувања на мобилните телефони беа повикани да побараат засолниште и да се држат подалеку од прозорците, додека предупредувањата тресеа градот три пати во интервал од само десет минути, во согласност со звукот на експлозиите.Додека

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-library04v0q7h3nsq6bIsLQz4

Убиен Али Хамнеи: Како САД и Израел изведоа воздушен напад во Техеран

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, беше убиен во саботата наутро во воздушен напад врз неговиот комплекс во центарот на Техеран. Според извори на The Telegraph, неговиот живот минатата година веќе висеше на конец за време на дванаесетдневниот конфликт со Израел, кога израелските власти имаа можност за атентат, но беа запрени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп, што принуди двете страни на неизвесно примирје.Осум месеци подоцна, преговорите за иранскиот нуклеарен и ракетен програм

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryc48idtleuk55cYtkBTi

Масовно пукање во Америка: Најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а 14 беа повредени во масовната пука во еден бар во Остин, Тексас, рано утрово, соопшти полицијата. Сите повредени се пренесени во болница, при што тројца се во критична состојба, објави Reuters.Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во престрелка со полицајци. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за нападот сè уште не се објавени од властите.

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран возврати напад: Иран испрати ракети кон ОАЕ и Кувајт – најмалку 12 загинати

Израелските итни служби денеска соопштија дека осум лица загинале во иранскиот ракетен напад врз градот Бејт Шемеш, додека Обединетите Арапски Емирати пријавија три жртви, а Кувајт една жртва во одмаздата на Иран.Иранската револуционерна гарда објави дека со четири балистички проектили ја гаѓала американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln, пренесуваат иранските државни медиуми. Според Агенцијата за поморска трговија на Обединетото Кралство, еден брод бил погоден со непознат проектил на 17

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryu2p91kvetonp59LETAZ

(Видео) Иран ја нападна француската морска база во Абу Даби

Иранскиот Корпус на чувари на Исламската револуција (IRGC) соопшти дека покренал нов бран проектили и дронови кон земјите во регионот.Од облаците чад се подигнуваат од област во близина на пристаништето во Абу Даби по силните детонации што се слушнале над градот.На снимките се гледа чад над пристаништето, додека жителите пријавиле дека слушнале летала над градот. Остатоците од ирански дрон погодиле седиште на израелската амбасада во Абу Даби. Иран тврди дека гаѓал и француска морска база.

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-librarys7umbsfbh93g1pRlduq

(Видео) Иран: Соборивме моќен американски дрон

Иран тврди дека неговите сили собориле американски беспилотен летач MQ-9. Американскиот MQ-9 Reaper е мултифункционален беспилотен летач кој го користат американското воено воздухопловство и други западни армии. Станува збор за голем воен дрон наменет за долготрајно набљудување, извидување и собирање разузнавачки податоци, како и за изведување прецизни воздушни напади. Летачот може да остане во воздух повеќе од 24 часа и да дејствува на големи височини, без пилот во кабина. Покрај сензорите за н

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryklkeu7adfdhke3yxzIk

Американската војска: Потопивме ирански воен брод

Американската војска објави нови информации за нападите врз ирански цели, тврдејќи дека погодила „иранска корвета од класата Џамаран“.„Бродот моментално тоне на дното на Оманскиот залив кај пристаништето Чах Бахар“, се наведува во соопштението. Исто така, упатена е порака до иранските сили, цитирајќи го американскиот претседател: „Како што претседателот рече, припадници на иранските вооружени сили, на Гардијците на исламската револуција и полицијата, мора да се предадете. Напуштете го бродот.“

Свет | пред 4 месеци

4 мес.
media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање, секогаш прави дефокус, Дубаи, Харис Џиновиќ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи  дека премиерот Христијан Мицкоски континуирано избегнува да даде конкретни одговори на клучните прашањата што ги поставува опозицијата, а се од интерес на јавноста. Како што кажа Филипче, одговорите на власта се секогаш сведени на дефокус.„На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор. Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето кое што јас го поставив кој е Душан Адемовиќ новопоставениот конз

Македонија | пред 4 месеци

4 мес.
media-libraryb43sb3hme96baBgRtOs

Иранска гарда тврди напад врз американски носач на авиони

Иранската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека лансирала четири балистички проектили кон американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln, јавија иранските државни медиуми. Станува збор за петти носач на авиони од класата Нимиц во составот на Американската воена морнарица.На Abraham Lincoln се наоѓаат најновите невидливи борбени авиони F-35, способни да избегнат непријателски радари. Ударната група на носачот ја сочинуваат три разурнувачи опремени со крстосувачки проектили Tomahawk за напад

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања