Промени тема
Контакт

Наместо 60, туристите во Тајланд ќе можат да престојуваат 30 дена без виза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
thailand-20653761920-830x0-1

Тајланд ќе го скрати времетраењето на безвизниот престој за туристите од 93 земји од 60 на 30 дена, соопштија властите во земјата.

Министерот за надворешни работи Сихасак Фуангкеткеов изјави дека мерката е донесена со цел да се спречат криминални активности и злоупотреба на продолжениот престој.

— реклама —

Покрај тоа, тајландските власти ќе вршат дополнителни проверки и на другите видови визи за да се утврди дали лицата што влегуваат во земјата навистина ја исполнуваат целта за која визата е издадена.

Министерот не прецизираше кога новите правила официјално ќе стапат во сила.

— реклама —

Според агенцијата Ројтерс, мерките се насочени кон решавање на проблемот со злоупотреба на визите и учество на дел од туристите во нелегални активности.

— реклама —

Од почетокот на годинава, Тајланд го посетиле 12,4 милиони странски туристи, а туризмот останува еден од клучните двигатели на економијата на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryidm2586mhd6nefsNU0G

Татко и две деца исчезнале на море во Тајланд, спасувачите ги пронашле по 16 часа

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjgrj1sn63jq9cPnReFx

Тајланд привремено ги запира дозволите за оружје по масакрот во училиште

Свет | пред 2 седмици

media-librarys1l08j67t4gi9ogCBCf

(Видео) Поранешен тајландски пратеник осомничен за убиство: По пукањето се јавил во емисија во живо и признал што направил

Свет | пред 3 седмици

media-libraryjgrj1sn63jq9cPnReFx

Нови детали за масакрот во Тајланд: 14-годишник гледал насилни содржини и имал воздушен пиштол

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања