Промени тема
Контакт

Нападнати француски војници во Либан: Еден убиен, тројца ранети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Француски војник кој учествувал во меѓународната мировна мисија во Либан е убиен утринава на југот од земјата, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

Според објавата на платформата X, станува збор за штабниот наредник Флоријан Монторио од 17. падобрански инженериски полк од Монтабан. Во нападот биле ранети уште тројца француски војници, кои подоцна биле евакуирани.

Макрон изјави дека сè укажува оти за нападот е одговорен Хезболах и побара либанските власти веднаш да ги приведат одговорните.

— реклама —

Либанскиот премиер Наваф Салам остро го осуди нападот и најави итна истрага.

„Ваквото неодговорно однесување му нанесува голема штета на Либан и на односите со пријателските земји кои го поддржуваат“, порача Салам, без да посочи конкретен виновник.

Од УНИФИЛ соопштија дека нивна патрола, која отстранувала неексплодирани убојни средства во селото Гандурија, била изложена на оган од лесно оружје отворен од недржавни актери.

— реклама —

УНИФИЛ ја повика либанската влада итно да спроведе истрага и да ги идентификува и казни напаѓачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqf2ukouufkoq3tNGr7G

Либан доби нова воена опрема од Грција

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl

Ескалација на југот на Либан: Загинаа двајца израелски војници

Свет | пред 1 месец

11-izrael

Либан и Израел започнуваат нова рунда мировни преговори во Рим

Свет | пред 1 месец

napad-liban

Либан и Израел започнаа нов круг преговори во Вашингтон

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања