Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Напредок во преговорите меѓу САД и Иран за крај на војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp
The White House

Американски и ирански преговарачи постигнале напредок во денешните разговори и се приближиле до рамковен договор за завршување на војната, јавуваат американски извори за порталот Axios.

— реклама —

Според истите извори, преговорите се водат со посредство на Пакистан, Египет и Турција, додека двете страни се обидуваат да ги надминат преостанатите разлики пред истекот на примирјето на 21 април.

— реклама —

Пакистанска делегација, предводена од началникот на армијата, фелдмаршалот Асим Мунир, пристигнала во Техеран на разговори со иранските власти, како дел од дипломатските напори за приближување на ставовите.

Американските претставници наведуваат дека конечен договор сè уште не е загарантиран поради значајните разлики меѓу страните, иако комуникацијата преку посредници продолжува.

— реклама —

Во разговорите учествува и тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој преку телефонски и посреднички канали разменува предлози со иранската страна, при што дел од преговорите се водат и преку блискоисточни партнери.

Американските извори тврдат дека економскиот притисок врз Иран, вклучително и ограничувањата на извозот на нафта, дополнително ја зголемува подготвеноста за договор, додека се разгледува и можноста за продолжување на примирјето за финализирање на деталите од евентуален договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања