Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Народната банка и гувернерот признаа дека банкарските провизии се превисоки“, велат од ЛДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Monika-Zajkova-potpretsedatelka-na-LDP

Либерално-демократската партија преку соопштение оцени дека најновите изјави на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, претставуваат потврда на долгогодишните предупредувања за високите банкарски провизии што ги плаќаат граѓаните.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека по најавите за зголемување на цените на банкарските услуги и ставот на гувернерот дека се потребни законски измени за ограничување на провизиите, станува јасно дека проблемот со високите банкарски трошоци повеќе не може да се игнорира.

— реклама —

ЛДП потсетува дека преку кампањата „Твоја сметка – твои пари“, како и преку законски иницијативи поднесени во Собранието од претседателката Моника Зајкова, со години се залага за намалување на банкарските надоместоци и поголема заштита на корисниците на финансиски услуги.

Од партијата очекуваат Владата и парламентарното мнозинство да покажат политичка волја и да ги поддржат реформите кои ќе овозможат пониски трошоци за граѓаните при користење на банкарските услуги.

— реклама —

Според ЛДП, пристапот до сопствената плата, пензија или заштеда не смее да претставува дополнителен извор на заработка преку високи провизии, туку банкарскиот систем треба да биде во функција на граѓаните и нивните потреби.

— реклама —

Партијата најавува дека ќе продолжи да се залага за фер, транспарентни и подостапни банкарски услуги, со цел средствата на граѓаните да останат кај граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања