Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Народната банка ја задржа стапката на противцикличниот капитал на 2 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
nbrm-narodna-banka

Народната банка одлучи стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеноста на банките во земјава да остане 2 проценти. Стапката ќе се применува од четвртото тримесечје на 2027 година, а одлуката е донесена по редовната квартална оцена на системските ризици, врз основа на податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година.

— реклама —

Од Народната банка оценуваат дека сегашното ниво е соодветно на макрофинансиските услови и состојбите во банкарскиот систем. Според оцената, банкарскиот сектор е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат и резултатите од стрес-тестовите, како и соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.

— реклама —

Одлуката е поврзана и со макропрудентните мерки воведени на крајот од минатата година, како и со измените кај задолжителната резерва. Во билансите на банките се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на показателите ЛТВ и ДСТИ.

Кај депозитите на домаќинствата, пак, продолжуваат поволните промени во однос на нивната рочна и валутна структура.

— реклама —

Од Народната банка очекуваат ваквата поставеност на макропрудентните мерки да придонесе за ограничување на системските ризици и задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор во следниот период.

— реклама —

Висината на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе продолжи да се следи и преоценува на квартална основа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7713o7fs38p0ft7IdTv

Исплатени пензиите за 556 граѓани без платежни картички

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
nbrm-narodna-banka

Народната банка најостро ги отфрла манипулациите на СДСМ: Повторуваат веќе демантирани невистини и свесно ја поткопуваат довербата на штедачите

Македонија | пред 4 дена

mmf-1

Европската комисија со позитивна оценка за банкарскиот сектор и Народната банка

Македонија | пред 5 дена

media-library2big0ciuktk9eAJaQCz

Гувернерот Славески: 80 години централно банкарство – независност и интегритет за идни успеси

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања